30 години АРМ честитаме со објава за еден легендарен лик од Прилеп кој ја заслужува сета почит (Фото)
Едно големо браво и поклон до земја за ваквите луѓе Случајно на Фејсбук наидовме на еден интересен статус од Игор Јакимовски, македонски маратонец Игор Јакимовски и офицер во АРМ, кој сподели искуство од средбата со поранешниот артилериски механичар во ЈНА и АРМ од Прилеп, Иле Наумовски, со кого се запознал на денешното одбележување на јубилејот 30 години постоење на Армијата на Република Македонија. -Ова е човекот по кој највеќе ќе се сеќавам на јубилејот 30 години АРМ. Пензионерот Иле Наумовски од Прилеп, кој работел како цивилно лице во служба на ЈНА и АРМ на должност артилериски механичар. По завршувањето на централната манифестација во касарната Илинден по повод одбележување на нашиот голем јубилеј сосема случајно го забележав како стои сам под сенка на излезот од касарната. Претпоставив дека бил гостин на свеченоста и дека треба да замине дома. Го поздравив и го прашав да не му треба помош ?! Ме праша за превоз до главната железничка станица доколку јас се движам во твој правец. Му реков дека како лојален граѓанин на нашата Армија и гостин на свеченоста ќе ми биде особена чест да го превезам до било каде.Тргнавме заедно и ми кажа неколку емотивни работи за нашата заедничка институција за која цел живот сме врзани во срце и душа. Работел најпрво во ЈНА па потоа во АРМ како цивилно лице на должност артилериски механичар. По пензионирањето бил горд на својата АРМ и продолжил да ја сака како своја светост. Иако живеел скромно и имал деца со завршени факултети, но без работен ангажман, одвоил средства од својот скромна пензија за да си ја испочитува својата АРМ и да дојде со воз од Прилеп до Скопје за да присуствува на главната свеченост во касарната Илинден. Возот му бил за враќање во Прилеп во 14.00 часот и ми се заблагодари што го превезов на време за да се врати дома. Јас му се заблагодарив за неговата лојалност и пред се почит кон својата Армија. Му реков дека тоа е најмалку нешто што јас или бил кој мој колега може да го направи за неговата големина како човек. Моето прво заминување во Прилеп ќе биде во целост посветено за дедо Иле и се надевам дека тоа ќе биде наскоро. Нека му пренесат поздрав од мене оние кои ќе го препознаат од Прилеп и со Господ напред да го видам побргу. РЕСПЕКТ ГОСПОДИНЕ НАУМОВСКИ – пишува во својот Фејсбук статус Јакимовски. Наумовски иначе е почитуван и познат помеѓу своите сограѓани во Прилеп, а оваа наша објава е со цел да се заблагодариме на сите луѓе како него кои животот и кариерата ги посветиле на Армијата на Република Македонија. Нека е честит јубилејот – 30 години АРМ! Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 6 часа
(Фото) Кузманоски пречекан како икона во романски Одорхеи – Таму сега се врати како тренер на РК Скопје
Екс македонскиот репрезентативец и интернационалец, прилепчанецот Горан Кузманоски-Таста, по 4 години се врати во романскиот клуб Одорхеи, каде помина 7 години од својата б богата ракометна кариера. Овој пат Таста беше гостин заедно со клубот кој го предводи РК Скопје, а целта беше да се одигра пријателски натпревар на повторната промоција на Одорхеи во Супер лига. Кузманоски за романскиот клуб потпиша во 2010. Клубот во тоа време беше спонзориран од сенаторот во романскиот парламент Верестој Атила. Одорхеи е место во Трансилванија каде 90% од населението се Унгарци и зборуваат унгарски јазик. “Градот живееше за ракомет, без разлика дали беше првенствена утакмица, европски куп или пријателска средба, салата беше преполна. Картите беа продадени уште пред почетокот на сезоната. Секоја година Одорхеи играше во Европските купови, а во романското првенство за тие години додека бев, завршивме на второто и третото место. 2015 година ќе биде запомнета по првата европска титула – го освоивме Челинџ Купот, а јас како капитен имав можност да го кренам пехарот”, се потсетува Таста. Во 2018 година главниот финансиер на клубот починал, па клубот се растурил, а сите играчи биле слободни да си заминат. Сепак, после една година општината оформила клуб со истото име и се натпреварувале во Втора лига. Минатата сезона беше среќма, па Одорхеи после 4 години повторно се врати во Супер лигата. “После 4 години беше феноменално чувството да се вратиш повторно во град каде што си ги поминал најубавите години како играч. Луѓето, публиката, новиот клуб, ни направија голем пречек и бев изненаден и не очекував такво нешто. На 19 и 20 август РК Скопје е поканет и на CUPA POLI, каде ќе одигра натпревари со Темишвар, Металопластика и Турда”, вели Кузманоски. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 11 часа
Десет фирми на турски инвеститори ќе инвестираат во Индустриската зона во Новаци (Фото)
Десет турски инвеститори од Адапазари, Сакариа, Република Турција регистрираја фирми со седиште во Општина Новаци со цел да купат земјиште во Индустриската зона во Новаци на кое ќе изградат фабрики и ќе започнат свои бизниси. „ Денес во Општина Новаци имаме гости од Адапазари, Сакариа, Република Турција кои се заинтересирани да ги вложат своите пари во нашата општина во индустриската зона која започнавме да ја градиме. На денешниот состанок ги информиравме и им одговоривме на сите прашања кои ги имаа во врска со сообраќајната поврзанот на нашата општина со останатиот дел од државата, поврзаноста и граничните премини со соседните земји, близината до автопат, аеродром, состојбата со стручниот кадар со кој располага пазарот на трудот во овој момент, цената на струјата ,висината на просечната и минималната плата, можноста за користење на субвенции за странски инвеститори и сл.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. Индустриската зона Новаци е во завршна фаза со проектната документација. Потоа ќе следи фазата кога ќе започне да се продава земјиштето во зоната на заинтересираните инвеститори. „ Многу мие мило што сум денес во Новаци и претставници од нашата стопанска комора САСАИД во која вие бевте гости во месец март, веќе започнаа со отворање фирми со цел да инвестираат во Индустриската зона Општина Новаци.“ рече Умут Карајака, претседател на Стопанската Комора САСАИД, Адапазари, Сакариа, Р.Турција. Градоначалникот Стевановски ги информираше турските инвеститори дека на следната седница на Советот на Општина Новаци ќе се направи ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2022 година и ќе се измени Планот за Јавни набавки со цел да може до крајот на годината да се објави тендер и да се започне со изградба на еден крак од патната инфрастурктура во индустриската зона во Новаци. Денешните турски инвеститори имаат успешни фирми со долгогодишни традиции во Турција од сферата на производство на машини за обработка на млеко имлечни производи, производство на алуминиум, челик и прозорци, синџир на супермаркети и хотели, градежни компании, хортикултурно уредување, производство напластична амбалажа за пакување на месо, производство на памперси, влошки и други санитарни производи, компанија за изработка на накит, капи, чанти и сл. Делегација на Општина Новаци предводена од градоначалникот Стевановски во месец март беше во посета на неколку стопански комори во Адапазари, Сакариа, Турција со цел претставување на зоната, можностите за инвестирање и привлекување на странски инвеститори. Само неколку месеци потоа од таа посета веќе има конкретни резултати со регистрирање на турски фирми во Новаци кои по создавањето на соодветните преуслови ќе започнат да градат и свои фабрики. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 11 часа
Поразите во првите две кола го вклучија алармот во Победа: Денеска потпишаа двајца Нигеријци
После поразите во првите две кола од Првата фудбалска лига, Победа доведе две нови засилувања во своите редови. Првото име е 22-годишниот Нигериец Амос Губам Дадет, кој во редовите на црвено-белите од Прилеп пристигнува од словенечки Кршко. Дадет е играч од средината на теренот каде се очекува да донесе сигурност и брзина. Вториот е исто така од Нигерија, а ќе настапува на позициите во нападот. Амасихоху Џејмс Акугбе има исто така 22 години, а во минатото настапувал за белгиските клубови Остенде и УРСЛ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 14 часа
(Видео) Премиерката на Финска снимена на луда забава: Опозицијата бара да се направи дpoга-тест
Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром. На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за kokaин, пренесуваат финските медиуми. Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно. „Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер. На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико. This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool… maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8 — Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022 Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 14 часа
Цените на гopивата повторно се зголемуваат: Овие цени ќе важат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 15.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм) Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 %. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторната комисија. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 15 часа
Не стана градоначалник, ама ќе биде прв финансиски полицаец – Нов висок функционер од прилепско?
Аднан Џаферовски најверојатно ќе биде предлогот на СДСМ до Владата, за в.д. директор на Управата за финансиска полиција, дознава „А1он“. Во внатрепартиските калкулации кој да го наследи Арафат Мауреми, откако тој и јавно обзнани дека се повлекува од функцијата, Џаферовски ја добил поддршката од сопартијците. Џаферовски беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент. Тој беше член и на Извршниот одбор на СДСМ. Џафероски беше и кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Долнени на локалните избори минатата година, кога беше поразен во вториот круг од кандидатот на ДУИ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 16 часа
Прилепчанец фатен на дело како огpaбyва автомобил
Денеска (18.08.2022) во 04.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп од полициски службеници е лишен од слобода Е.Ќ.(36) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од патничко возило, со прилепски регистарски ознаки. Е.Ќ. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 17 часа
Плаќајте си вие редовно сметки: Годишно во Скопје се кpaде cтpyja во вpeднocт од 50 милиони евpa
Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува порталот МКД.мк. И досега беа објавувани стотина новинарски приказни како контролорите на ЕВН едноставно немаат пристап до струјомерите од поедини домаќинства кои со години не платиле сметка за струја. Пишувавме и тоа дека често доаѓа и до физички пресметки. ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново… Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина. Целиот текст прочитајте го ТУКА Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 19 часа
Бpeмените жени и лицата над 60 години ослободени од работа: Македонија денеска во пopтокалова фаза
Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Овие препораки беа донесени на вчерашната седница на Владата откако УХМР ги информираше институциите дека денеска и утре територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза. Температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Владата ги донесе следните препораки: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението. Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. е Под влијание на топол бран денеска и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат. Минималните температури ќе се движат од 13 до 24 степени, а максималните од 28 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 8. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 19 часа
Тhe Hounds со маестрален концерт го промовираа својот втор албум и славеја 14-ти роденден (Фото/Видео)
Со маестрален концерт синоќа во Bross Burger, прилепскиот рок бенд The Hounds синоќа прослави 14 години постоење и го промовираше својот втор албум со авторска музика насловен како The Hounds – Самосвест. Гостите по којзнае кој пат уживаа во рок изведба каква само The Hounds можат да пружат. На дечките им го честитаме 14-от роденден и им посакуваме уште долги години да функционираат заедно и секогаш лудо да не’ забавуваат. Во продолжение само мал дел од атмосферата: Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 20 часа
АРМ денеска слави 30 години постоење
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето. По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На свеченоста претседателот Пендаровски ќе додели одликувања и ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин. Министерката Петровска на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт ќе му врачи признание за досегашната поддршка и соработка. Јубилејната свеченост ќе се реализира со свечено дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, а ќе бидат претставени и штотуку добиените лесни оклопни возила и други современи средства со кои располага Армијата. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 20 часа
21 век и уште вака: Оштетен кpcт од цpква во крушевско Пресил, Албанците на пpoтecт, еден вели “кpв ќе се пpoлee” (Видео)
Оштетен e крст во дворот во црква во селото Пресил близу Крушево. Во СВР Битола, Б.Б.(61) од Битола вчера во 10.50 часот, пријавил дека ноќта на 15/16 август е оштетен крстот во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија” во Пресил – пишува во полицискиот билтен со дневни настани на МВР. Жителите на населеното место Пресил, крушевско протестираа против поставувањето на крстот висок 30 метри во нивното село. Велат дека е провокација, бидејќи, како што додаваат, сите жители во селото се од исламска вероисповед, пренесува ТВ 21. На социјалните мрежи се појави и видео од протестот на селаните. Дел од нив се смеат, а пред нив стојат полициски службеници, а еден од селаните вели “крв ќе се пролее”… Албанци од крушевско Пресил протестираат против крст во селото, еден вели "Крв ќе се пролее"..За каков соживот зборуваме кога во 21 век уште со вакви работи се занимаваме? pic.twitter.com/hIhZ3YFR2V — Big Cojones (@BigCojones6969) August 17, 2022 Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Maма е поголем херој од мене: Фудбалер од Хрватска ја жpтвyваше кариерата за да и’ дониpa дел од црниот дроб на својата мајка
Напаѓачот на хрватскиот клуб Цибалија, Роберт Периќ-Комшиќ, повторно се врати на тренинзите со соиграчите, откако пред неколку месеци ги спакува куферите и замина за Истанбул, каде го чекаше животна утакмица – операција на црниот дроб на неговата тешко болна мајка Љиљана, на која Роберт и донираше дел од својот орган. За младиот фудбалер деновиве се пишува со воодушевување во медиумите вели: “Фала му на Бога се’ помина ОК. И операцијата и опоравувањето. Двајцата сме добро, ја сум целосно подготвен за враќање на терен, а мама после 13 години борба доби нов живот”, вели тој кој четири месеци после комплицираниот оперативен зафат вклучен е повторно во нормален тренажен процес. Преку операцијата на младиот фудбалер му биле отстранети дури 70% од црниот дроб, а притоа воопшто немало гаранција дека ќе може да се врати на кариерата во професионалниот фудбал. “Во тој момент воопшто не размислував, не размислував дали воопшто ќе можам да играм фудбал било кога. Имав јасна мисла, а тоа е мама да биде добро. Се’ останато беше споредно”, вели тој. “Мама е поголем херој од мене. Не дај Боже никому да му се случи она што таа го преживеа во последниве 13 години. Имаше три неуспешни трансплатации на црниот дроб од мртов донор. Пропадна идејата донор да и’ биде нејзиниот брат Ведран, чиј црн дроб беше замастен. Ризикот беше огромен, а на мама времето и’ изминуваше. Беше животно загрозена. Во моментот кога дознав дека сите опции се исцрпени, се спакував и заминав за Истанбул”, додава на крајот младиот хрватски фудбалер. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Синоќа апceње на две локации во Прилеп за пoceдyвање мapиxyaна
Извадок од дневниот билтен со настани на МВР -На 17.08.2022 во 00.30 часот во Прилеп на спортски терен на ул.„Димитар Влахов“ од полициски службеници од ОВР Прилеп – Одделение за недозволена трговија трговија лишени се од слобода А.М.(22) и А.С.(22), двајцата од Прилеп, бидејќи кај А.М. е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде изготвена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. -На 17.08.2022 во 01.05 часот во Прилеп во угостителски објект на ул.„Февруарски поход“ полициски службеници од ОВР Прилеп, Одделение за недозволена трговија го лишија од слобода Б.С.(33) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Пишале други изведувачи, а го планирале Аца Лукас? Крива Паланка остана без пари за фестивал – еве што се случило
Популарниот фолкер Аца Лукас доаѓа во Крива Паланка на 28-ми август и ќе има концерт во склоп на фестивалот „Џој фест 2022“, беше најавено во медиумите и на социјалните мрежи. Но, сепак, тоа нема да се случи бидејќи Крива Паланка остана без пари за овој фестивал. На министерството, не му се допадна изборот за Аца Лукас да биде изведувач бидејќи тоа не било пријавено од општината. Буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест“ од Крива Паланка, ќе бидат стопирани, бидејќи во апликацијата до Министерството за култура беа наведени други изведувачи, а не познат турбо-фолк пејач од Србија, соопшти Министерството. -Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства, велат од Министерството за култура. Оттаму велат дека кога Министерството за култура ги објави резултатите од Конкурсот во февруари годинава, појасни, дека предност имале проекти кои промовираат култура, посебно на домашните уметници. Тие велат дека Министерството за култура поддржува проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, а особено внимание е посветено на поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби. -„Џој фест“ е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ која ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Република Македонија, како и останати поддржувачи, се вели во соопштението. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Цел колектив го расчистуваше училишниот двор: Невремето во Неготино направи пycтош (Фото)
Вработените во ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – Неготино заедно со ЈКП “Комуналец” – Неготино, денеска го расчистуваа дворот на училиштето после вчерашното страшно невреме кое го погоди овој град и предизвика огромни штети. Од силниот ветер во училиштето беа паднати неколку дрва, кои предизвикаа штети во училишниот двор. Директорката на ООУ Гоце Делчев, Елена Стојанова информира дека уште во текот на вчерашниот ден сите вработени од нејзина страна се повикани во училиштето и работат на расчистување на настанатите штети предизвикани од невремето. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Битола ли е, Меделин кapтел ли e: Во градот на конзулите запленета дpoга во вpeднocт од 800.000 евpa
На 16.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со тимови од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола, лишени од слобода се пет лица, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра. Имено, по добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, објавена во „Службен весник“ бр.121 од 03.06.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.04.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување на канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска. Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Јунајтед го пушти Роналдо да си оди: Која ќе биде следната дестинација за Португалецот?
Како што пренесува talkSPORT, повикувајќи се на извори блиски до клубот, Манчестер Јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине. Португалецот имаше желба да го смени средниот ред за да игра во Лигата на шампионите. Поради ова, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната. Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше и враќање во Шпанија и Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека е одбиен од двата милански клуба, Интер и Милан. Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер Јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине. Прашањето е само каде може да оди и дали евентуално ќе оди. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Укpaдено бебе во Скопје: Мајка му го оставила пред маркет, друга жена го одземала
Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
120 години од раѓањето на Методија Андонов – Ченто
На 17 август 1902 во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Долги години по смртта, Методија Андонов-Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 1 ден
Maлер на колото: Атлетик Билбао му „зеде“ добивка од 4 милиони денари (Фото)
Обложувач од Пирок, Општина Боговиње својата среќа ја побара во составување на тикет со 17 парови фудбалски натпревари кој пред десет дена го уплати во обложувалницата Евротип, и беше во игра за добивка се до вчерашниот ден. Тикетот беше одигран со Евротип Клуб Картичка што ја направи неговата потенцијална добивка за 4 милиони денари поради ЕвроБонусот. Овај тикет можеше да биде еден од оние кои носат огромна добивка и шанса за голема среќа. Меѓутоа на патот до таа среќа и добивка застана шпанскиот Атлетик Билбао (особено голманот Рајковиќ) кој не успеа да слави победа на домашен терен против Мајорка, и со тоа одиграниот „кец“ остана единствениот промашен тип на тикетот. На нашиот играч од Пирок му посакуваме да продолжи со составувавање на вакви тикети и во иднина, кои сигурно во еден момент ќе му ја донесат посакуваната добивка. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
И магнетчиња за на фрижидер донеси од Париз
Јас идниот месец одам во Париз каде со францускиот колега ќе потпишам договор за купување систем за ПВО одбрана – истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во “Тема на денот” во дневникот на Сител ТВ. Тенковите кои се дел од трите одлуки за донација на воена помош и вооружување за Украина се транспортирани и со нивната донација не се нарушува борбената готовност на нашата Армија, информира вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа, во Тема на денот на ТВ „Сител“, изјави дека Министерството досега од почетокот на агресијата врз Украина донесе три политички одлуки во Владата што се уште се класифицирани заради безбедносни прашања, меѓутоа многу скоро, на предлог на министерката ќе бидат декласифицирани и во соодветна форма ќе и биде соопштено на јавноста што точно е тоа што сме го донирале. Петровска рече дека се работи за трета генерација неперспективна опрема, која за кусо време ќе требаше да биде предмет на уништување. Појаснувајќи зошто се класифицирани, Петровска рече дека на почетокот сите земји кои донираа објавуваа транспарентно, но потоа следувала замолница тоа да не биде толку транспарентно поради безбедносни причини. – Кога ќе ја донесете одлуката и кога ќе ја дадете содржината што се донирате потоа следи процесот на транспорт на таа опрема. И тоа се разбира може во вакви околности да претставува и безбедносен ризик. Тоа е единствената причина заради која што сметавме дека во тој момент, рече Петровска. Министерката појаснувајќи зошто донацијата не влијае на нашата Армија, нагласи дека во процесот на пристапување на нашата држава во НАТО правени се многубројни планови во однос на тоа каква ќе биде структурата на нашата Армија, но и за тоа што значи борбена готовност на нашата Армија и каков вид на вооружување ние треба да поседуваме. Во тие планови, како што додаде, е предвидено точно кои капацитети ние ќе ги развиваме и во таа насока се направени и сите останати планови за модернизација на Армијата, но и долгорочниот план за развој на одбранбените способности. – Не треба да заборавиме дека откако сме земја членка на НАТО нашата безбедност ја делиме заедно со останатите земји членки и ние сме дел од колективниот систем на безбедност, заклучи Петровска. Одговарајќи на прашање, Петровска најави дека ќе се набавуваат нови хеликоптери со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила. – Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Комедија, Владата до граѓаните: Туширајте се со малку вода, користете скали наместо лифт, загревајте се на сонце…
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. МИА ги објавува во целост донесените препораки на Владата за заштеда на електрична енергија до 15 отсто. Препораки за домаќинставата -Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока. -Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури. -Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом. -Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. – Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. -Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата. -Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија. -Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија. -Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив. -Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него. -Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони). -Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата – Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност. -Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом. -Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици. -Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила. -Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови. -Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост). -Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн). -При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност. – Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти. – Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина. -Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени. – Доколку е возможно инсталирајте колекторски системи за загревање на вода. – Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија, – Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво. – Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите -Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи. – Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја). 2. Препораки за бизнис заедницата – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти – Да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина. – Греење и ладење: во пр оизводните објекти, хали и канцеларии во сезона на ладење температурата на климатизерите да се подесува не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата со него. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – При градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари да се инсталира топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење па дури и за подготовка на топла вода. -Доколку компанијата има потреба од санитарна топла вода, да се инсталираат сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување во електромоторните погони. – Да се применуваат нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки. – Да се инсталира систем за управување со енергија во деловниот објект, како и во самиот технолошки процес. Задолженија за јавните институции (Министерства, Агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија 3.1 Задолженија за раководните лица во јавните институции и државните претпријатија Заради настанатите состојби поврзани со енормниот пораст на цената на електричната енергија на регионалните пазари и недостатокот на сопствено производство на електрична енергија потребно е во периодот од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година, сите раководни лица на јавните институции на централно ниво а превземат соодветни мерки за да се намали потрошувачката на електрична и топлниска енергија за 15% споредено о истиот период од 2021/2022 година. За да може да се спроведе штедењето потребно е сите раководни лица во јавните институции да ги превземат сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во соодветни услови со примена на задолжителните мерки и тоа: – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици – Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина – Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. – Јавните институции да целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија. – доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи. – Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година. – Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар. 3.2 Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија, – Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж. – Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина. – Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно. – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4. Препораки за општините и градот Скопје 4.1 Препораки за раководните лица во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици – Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина – Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. – Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија. – Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи. – Од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година. 4.2 Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија, – Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж. – Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина. – Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно. – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4.3 Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден; или 5. Препорака за ЈП Патишта Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Xaoc во Неготино: Heвpeме кopнеше кpoвови, уништени автомобили (Видео)
Големо невреме го зафати Неготино денеска од 16.00 до 16.30 часот. Пожарникарите се веќе на терен и интервенираат. Граѓаните почнале да ги пријавуваат штетите, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите снимки од хаосот во градот после големото невреме. На истите може да се забележат турнати кровови и големи материјални штети. Жителите бараат помош на ул.”Пиринска”, напоменувајќи дека штетите биле огромни. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Општина Битола започна да ги отстранува дивите гаражи – 85% од граѓаните гледаат позитивно на оваа одлука
Општина Битола ги носи своите програми за работа во согласност со потребите на жителите на општината, кои доаѓаат како резултат на нивни барања, општински анализи од страна на стручни лица во општинските одделенија и приоритети посочени од месните заедници. Една од применуваните алатки при донесувањето на клучни одлуки е испитувањето на јавното мислење, спроведено по пат на анкети – велат во денешното соопштение од општина Битола. По направеното испитување на јавното мислење, во однос на дивите гаражи во градот, на прашањето дали Ви пречат дивите гаражи, 85 % од анкетираните се изјасниле со да, а 15 % со не. Граѓаните беа запрашани и дали просторот од дивите гаражи треба да биде уреден за паркирање, на што 75 % се изјасниле со да, а 25 % со не. По сондирањето на јавното мислење, во мај оваа година, беше донесена Одлука на Совет за изведување на градежни работи за рушење на постоечки објекти, со која просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ од околу 1500 метри ќе биде преуреден. По донесувањето на одлуката, општинскиот инспекторат ги презеде потребните мерки и ги извести станарите за постапките кои ќе следуваат, со што се завршени потребните законски процедури за почеток на отстранувањето на гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ. Општина Битола, заедно со ЈП за паркирање, на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје. Интересите на граѓаните треба да бидат земени во предвид, но тоа мора да бидат интереси и на останатите жители во насока на правилен развој на градот, а не само на мал број привилегирани лица кои гравитираат околу посочената локација. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Рускоска е суспендирана! Кој и зошто го направил ова?
Шефицата на обвинителстовото за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија. Русковска е суспендирана откако против неа, како и обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева, беше покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција. „Да времено сум отстранета од работно место“, потврдува таа за ТВ21. Суспензијата на Русковска доаѓа откако државниот обвинител Љубомир Јовески наложи ревизија на предметот која таа го водеше против шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми за рекетирање бизнисмени. Со суспензијата Русковска нема да може да го продолжи предметот против функционерот на СДСМ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Фатени двајца битолчани кои yкpaле чанта со пapи и картички од возило, па трошеле и од картичките
Денеска (16.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава од 02.30 часот од страна на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според која на 15.08.2022 околу 21.30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари. Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Македонија воведува мерки за штедење на cтpyja, еве што опфаќаат
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции. Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Математиката на министерот Алити: Во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци
Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци. Иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција. Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија. „Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Затоа помалку шетање
Рече еднаш еден мудрец…. ж Затоа деца, помалку шетање, а повеќе учење! Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Внимавајте: Водата од овие чешми во прилепско не е за пиење
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Веселчани – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с Алинци – Петрески Киро – водоводна мрежа, л.в.с. Воково – Мијаноски М. – водоводна мрежа, село Прилепец јавна чешма – водоводна мрежа, с. Волково – крајпатна чешма Св.Спас – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа не одговара за употреба. Исто така Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Загорани – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и л.в.с. Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа одговара за употреба. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Фатени двајца битолчани кои палеле автомобили
На 15.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М.(36) и Р.К.(26), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик. Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Откако ФБИ му влезе во имотот Трамп пpeдyпpeди: На Америка ќе ѝ се случат лоши работи
Пред една недела агенти на ФБИ ја „чешлаа“ куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Фокс“ кажа дека ќе се случат „ужасни работи“ ако не се намали фрустрацијата поврзана со потрагата. Бившиот претседател кажа дека понудил помош на американското Министерство за правда додека истрагата продолжува „зашто температурата мора да се спушти на земја“. „Ако не, ќе се случат ужасни работи“, кажа Трамп. Трамп претходно беше обвинет дека доверливи информации и документи му давал на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, но засега нема потврда за такво нешто. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Ни доаѓа вистински “пекол”: Oд утре температури до 40 степени во Македонија
По лошото време во последните денови повторно доаѓа период на стабилизирање. Од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 2 дена
Споменот за Нешкоски трае: Ракометни ентузијасти и годинава по седми пат го организираат меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”
Во знак на сеќавање на нашиот сограѓанин и спортски работник Миле Нешкоски оваа година по седми пат се организира традиционалниот меморијален меѓународен турнир во негова чест. Турнирот ќе трае од 26-28 август, а новина оваа година е што на турнирот ќе учествуваат две странски екипи, односно Дубочица од Лесковац, Србија и РК Паок од Солун, Грција. “Учесници се екипите на РК Прилеп, РК Паок, РК Струга, РК Дубочица, РК Скопје и РК Мулти Есенс. На 26.08. во петок од 16:30ч. имаме положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски пред Универзалната сала и свечено отварање на турнирот. После тоа во 18ч. го имаме првиот натпревар помеѓу екипите на домаќинот РК Прилеп и РК Паок. Во 20ч. играат РК Дубочица и РК Мулти Есенс. Во саботата натпреварите почнуваат во 10ч. и првиот натпревар го играат РК Паок и РК Струга. Во 12ч. играат РК Дубочица и РК Скопје, во 18ч. играат РК Прилеп и РК Струга, додека во 20ч. се РК Скопје и РК Мулти Есенс. После одигрувањето на натпреварите во група, во недела се игра разигрување за место, во 9ч. се игра за 5 место, во 11 се игра за 3 место, а во 12ч. е финалниот натпревар. Во 14:30ч. имаме свечено доделување на награди и затворање на турнирот”, истакна Рубинчо Седлоски, член на организациониот одбор на турнирот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
(Видео) Xaoc на седницата на Советот во општина Битола: Паднаа пцовски и клетви кон советниците
Советот на општина Битола денеска ја одржува 16-те седница. Пред почетокот на седницата имаше протест на пазарџии од пазарот во Нова Битола, пред зградата на општина Битола. Во еден момент пазарџиите влегоја во салата каде се одржуваше седницата и со клетви им се нафрлија на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Поинаку и ДОМ за време на седницата на Советот во Битола, откако гласаа воздржано по предложената точка од Левица пазарџиите да се вратат да продаваат на паркингтот зад новиот пазар. Општина Битола, по денешната реакција на пазарџиите со закупени тезги во Новиот реонски пазар, кои побараа промена на одлуката со цел да се вратат на претходната локација на паркинг просторот и таму да ги продаваат производите, ги известува пазарџиите и граѓаните дека во Новиот пазар веќе се преземени сите мерки за подобрување на условите и надминување на пречките за закуп на тезги. Во соопштението на општината се вели дека на 26 април Управниот одбор на ЈП Пазари донесе одлука со која што се укинува претходната одлука донесена од 2014 година и се носи одлука идентична со претходната, само се укинува продажбата на производи на паркингот од камион. На 29 април на седница на Совет истата одлука беше едногласно усвоена од страна на сите советници, со одредени забелешки, кои ЈП Пазари требаше да ги отстрани. Едно од барањата беше реорганизација на тезгите, која е комплетно завршена, според форма која е најфункционална и за пазарџиите и за купувачите. Нефункционалноста и нехигиената во тоалетите е отстранетa како забелешка, а се направи и соодветно обезбедување на влезови и излези на пазарот за слободен дотур на храна, со што сите забелешки се отстранети, а дополнително се набавени колички за дотур на стока. Ваквиот потег на ЈП Пазари, следуваше по големиот број на реакции од страна на граѓаните кои што живеат во околината на пазарот, реакциите од страна на дуќанџиите кои што имаат дуќани во пазарот и од страна на закупците во пазарот, пред сѐ на нехигиената која што беше составен дел од продажбата на паркинг просторот, без никакви хигиенско-технички услови за продажба на храна. ЈП Пазари континуирано работи на подобрување на условите за продавачите, така што се обезбеден, стои во соопштението на Општина Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Мицкоски: Ако еден пратеник на опозицијата гласа за промена на Уставот си заминувам од политика засекогаш
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од одморот во Крашиќи, Црна Гора во изјава за медиумите истакна дека доколку макар еден пратеник од опозијата гласа за пормена на Уставот и влез на Бугарите во истиот тој ќе си замине од политика. -Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам. Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот, вели Мицкоски. Според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката. – Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот – напомена Груби во одговорот на новинарско прашање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Младите македонски голмани направија растур на шампионатот во Рига, Летонија – Тренерот од Прилеп, Соколески горд на своите ученици
Работата на прилепскиот тренер Ице Соколески со голманите на македонските машки ракометни репрезентации, уште еднаш се покажа на дело. Младите голами Иван Галевски и Давид Брестовац со нивниот извонреден ефект на младинскиот шампионат во Рига Летонија докажаа дека од нив можат да се очекуваат големи работи во иднина. Нашите голмани имаа најмногу одбрани од сите чувари на мрежите, остварувајќи ефект од 77 одбрани од 179 удари кон нивниот гол, или 43% успешност. Соколески не беше во Рига, но се виде неговата работа за време на подготовките. Следен предизвик за кадетите ќе биде настапот на Мундијалот во Хрватска следното лето, додека во 2024 година ќе играат на ЕП. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Толку од намалувањето: Од полноќ поскапување на цените на гopивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на одлуката од 11.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%, кај дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95- 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98- 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 90,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)-86,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС - 52,814 (денари/килограм) Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
(Видео) Застрашувачка глетка на Халкидики: Паника кај посетителите во познатото туристичко место
Застрашувачка глетка ги вознемири капачите на плажа на Халкидики! Туристите кои се одмараа на плажата Паљури на југот на Касандра беа вознемирени од огромното торнадо кое одеднаш се формираше недалеку од брегот. – Чест и познат временски феномен. Тоа се случува речиси секоја година, само што сега е малку поголемо. Опасност за чадорите. Нема врска со еколошка хистерија – додаде еден корисник. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Се продадовме на рати? Цар Самоил владеел со бугарското царство, но со центар во денешна Македонија
Објавени се препораки кои Комисијата ги усвои во текот на својата работа во последните 4 години. Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници. Има вкупно 5 препораки од македонска страна за бугарските учебници за 5-ти клас основно образование и исто толку препораки од бугарска страна за македонските учебници за 6-то одделение. Тоа се учебници кои го третираат античкиот период, а исто така објавени се и препораките за заедничко чествување на историски личности, пренесува Инфомакс. Вака првиот човек на Комисијата за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, ја започна денешната прес-конференција која следуваше веднаш по брифингот со новинарите. – Објавени се препораки за заедничкото чествување на Светите Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил. Тоа се текстови за заедничко чествување кои се идентични и со кои ние препорачуваме до двете влади на одредени годишници да се чествуваат заедно овие личности. Во однос на учебниците, усвоени се по 5 препораки. Нашата страна сметаше дека треба да има подорување во бугарските учебници за одредени теми, а истото го направи и бугарската страна. Овие препораки одат до Владата, која треба да ги усвои – рече Ѓоргиев. Целата статија можете да ја прочитате ТУКА. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Бугарско знаме на споменикот од Гоце Делчев во Градски парк во Скопје (Фото)
„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на бугарската фондација. Активисти на таканаречената фондација „Македонија“ поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Покрај овој споменик, тие најавија дека од денеска до 21 август ќе имаат нови активности во Македонија, меѓу другото и да „исчистат неколку споменици“. Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“. Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза. „Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија. Оваа фондација пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме биле еден народ со Бугарите. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Внимавајте како возите, полициjaта пpaви пapтал: Само во еден ден казнети 801 возач за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 801 возач. Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Проблеми и за родителите и за децата: Учебниците ќе доцнат на стартот од школската година?
Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. -На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници, велат од Министерството за образование. Во меѓувреме, во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците, а на 12 август беа отворени пристигнатите понуди. Од ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваат министерот за образование Јетон Шаќири на законската обврска учениците на 1 септември да добијат учебници. Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1 септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни. -За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра – вели Шаќири. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Денеска нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за два денари. Цените на дизел горивото и мазутот останаа непроменети. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм) Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
Избегната тепачка: Конте и Тухел за малку ќе се разменеа yдapи по натпреварт Челси-Тотенхем (Видео)
Тренерите на Челзи и Тотенхем, Антонио Конте и Томас Тухел за малку ќе се степаа на натпреварот од 2. коло на Премиер лигата. Првиот судир меѓу тренерите дојде откако играчот од средниот ред на Тотенхем Спарс, Емил Хојбјерг го израмни резултататот на 1:1. Конте притрча блиску до Тухел и почна да слави, по што Германецот го оттурна Италијанецот. Двајцата тренери добија опомена од судијата. Вториот конфликт се случи по натпреварот. Ракувањето на тренерот заврши така што Тухел не му ја пушти раката на Конте, туку почна да ја извртува, покажувајќи му на колегата да гледа во очи. Откако тренерите уште еднаш се пресметаа, мораше да ги раздели стручниот штаб и играчите на двата тима. Напуштајќи го теренот, Конте се скара со капитенот на „сините“ Цезар Аспиликуета. Подоцна, главниот судија на натпреварот Ентони Тејлор ги исклучи двајцата тренери. Натпреварот заврши нерешено – 2:2. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 3 дена
(Видео) На Плетвар се вози на англиски начин?
Револт кај патниците кои патуваат кон Прилеп, бидејќи сообраќајот не е добро регулиран. Поставени се семафори на две места кои ретко кој ги почитува, со што се прави животозагрозувачка ситуација. Дали тајмерот не е усогласен на двете ленти, или пак возачите кои слегуваат по Плетвар поминуваат на црвено, тоа треба да го утврди сообраќајната полиција… Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
(Видео) Куриозитет, стадионот “Гоце Делчев” остана без линии среде утакмица
Комична ситуација се случи денеска на натпреварот од второто коло во Првата лига помеѓу Победа и Тиквеш, на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, кога дождот во второто полувреме ги избриша линиите на теренот, па натпреварот мораше да биде прекинат за одново да се обележат. Победа за жал одново загуби. Кавадарчани со погодок во првото полувреме стигнаа до драгоцени три бода, што сигурно ќе им значат многу во борбата да останат во најелитното фудбалско друштво. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Пожap во хала за откуп на земјоделски производи помеѓу селата Крушеани и Обршани
Вчера вечерта околу 20:15ч. избyвнал пожap во хала за откуп на земјоделски производи на патот помеѓу селата Крушеани и Обршани. Од ТППЕ Прилеп испратено е 1ПП возило со 3 пожарникари и 1ПП возило и 3 пожарникари од ТППЕ Кривогаштани. Пожapoт за брзо време бил ставен под контрола и било спречено негово ширење. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Полни раце работа за полициjaта и инспекторите синоќа во Прилеп: Фатена дpoга, непријавени работници, неиздавање фискални и пиjaни возачи
Вчеравечер (13/14.08 2022), согласно планот „Безбедно лето 2022“ од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за униформирана полиција, СВР Битола-ОВР Прилеп во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола на подрачјето на Прилеп, со која беа опфатени повеќе угостителски објекти. При контролите од слобода се лишени М.Г.(18) и И.М.Т.(28), бидејќи при преглед кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.М.Т. прашкаста материја. Во угостителскиот објект на ул. „Орде Тутески“ во Прилеп во 00.40 часот биле затекнати и приведени двајца малолетници од Прилеп, кои биле предадени на родителите против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во угостителските објекти констатирани се и низа неправилности од страна на инспекторатите: неиздавање фискални сметки, непријавени работници, немање дозвола за работа на тераси во објектите и друго, за што ќе бидат изречени глоби. Во текот на изминатата вечер беше спроведена и акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, шест за возење без возачка дозвола, еден за измината важност на возачката дозвола и еден за возење без дозвола. При контролата констатирани се и четири останати прекршоци, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Карчески асистира и Победа губи на полувреме
После 12 години Победа денеска игра прволигашки фудбал на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Гостува лутиот ривал од Кавадарци, екипата на Тиквеш, која со погодок во 45-та минута поведе со 0:1 на полуврмето. Асистент за погодокот беше Даниел Карчески, прилепчанецот кој минатата година играше во редовите на ФК Победа. Прилепчани имаат силна поддршка од трибините и сите очекуваат позитивен резултат од денешниот натпревар. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Кој е најдобриот ланец од маркети во Прилеп? Одговорот е јасен
Пазарев во Футура, нема што нема, а и евтино како нигде на друго место, имаше акција на еден куп производи – ова најчесто ќе ви го каже секој од Прилеп кога ќе го прашате од каде испазарил намирници за дома. А богами нема да ве излаже, затоа што прилепскиот бренд “ФУТУРА” е меѓу првите компании кои отворија големи маркети во градот. Со чесно и домаќинско работење компанијата во изминатите години ја освои довербата на прилепчани и жителите на околните општини. Дека тоа е така говори и фактот што во 2020 година компанијата беше помеѓу најуспешните и најпрофитабилните компании во Прилеп, рамо до рамо со другите гиганти од прилепската економија. Во “ФУТУРА” прилепски кажано ќе најдете од пиле млеко. Подредени рафтови како во аптека, се на свое место, чисто, стокмено. За тоа секако најзаслужни се вработените, кои се секогаш тука да излезат во пресрет на муштериите. Затоа прилепчани секојдневно пазарт во нивните супер маркети кои ги има во секој дел од градот. Ако доаѓате од друг град и имате потреба да си ги наполните торбите, а притоа да заштедите, распрашајте каде е најблискиот “ФУТУРА” маркет и пазарете без грижи. За крај само ќе потсетиме уште и дека се работи за една од најголемите општествено одговорни компании, чии сопственици довербата од граѓаните секогаш ја возвраќаат каде што е најпотребно, што секако е за пофалба. Посетете ја нивната Фејсбук фан страна и уверете се во ниските цени и широкиот асортиман на производи со кои располагаат. Бидете во тек со редовните промоциски и акциски цени и побрзајте до вашиот најблизок Футура маркет. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Teшка cooбpaќajка во Битола помеѓу 16-годишник на мопед и автомобил
На 14.08.2022 во 01.02 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Солунска“ и ул.„Никола Тесла“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43), двајцата од Битола. Во несреќата возачот на мопедот се здобил тешки телесни повреди, а неговиот сопатник В.М.(28) со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Битола – информираат од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Акциска на полициjaта во Битола: Уaпceн жител на САД со престој во Прилеп и 24-годишен прилепчанец
На 14.08.2022 во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции при извршена акциска контрола во угостителски објект на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, лишени од слобода Љ.Н.(36) од САД со привремен престој во Прилеп, И.Т.(22) од Скопје и Г.С.(24) од Прилеп, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. Од слобода се лишени и И.Ј.(38) и Х.К.(24) од Битола, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и П.Ѓ.(24) од Битола, кој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Cooбpaќajка помеѓу две возила синоќа во строгиот центар на Прилеп (Фото)
Синоќа околу 1 часот по полноќ на улицата “Јане Сандански” во центарот на Прилеп, се cлyчила cooбpaќajна незгода во која учествувале две возила, “фолсваген” и “хјундаи”. Од фотографиите кои ги добивме од наши читатели се гледа дека е причинета поголема материјална штета на возилата, а засега не е познато дали има повредени лица. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Во 17ч. сите на Градски: Гостува лутиот ривал на Победа – максимална поддршка за 3 бода
По стартниот неуспех во Струга, фудбалерите на Победа денеска, со почеток од 17 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, во премиерниот меч на свој терен по враќањето во Првата лига ќе го пречекаат Тиквеш. Децении наназад комшиските дуели на двата клуба предизвикувале посебен интерес кај љубителите на фудбалот. Клубовите се спортски пријатели, но и лути ривали. Се чини подобра увертира за отворање на прволигашката сезона и не можеше да се посака. Сигурно од натпреварувачки аспект бодовите се потребни за двата тима, а црвено-белите како домаќини и повратници во елитната конкуренција сигурно ќе ги посакуваат повеќе. Гостите имаат поискусен, на хартија можеби и поквалитетен состав, но избраниците на Бабунски со своето максимално залагање, ќе треба да го наметнат и на теренот да го спроведат на дело она што од нив ќе го бара Стручниот штаб. Несомнено на теренот ќе се води беспоштедна битка, но можеби пресудна да биде поддршката која победашите треба, и сигурно ќе ја имаат од трибините. -Ако на решавачките мечеви во Втората лига имаше по 4-5 илјади гледачи, тогаш на овој дуел во Првата лига црвено-белите треба да имаат поддршка од побројна и погласна публика во текот на сите 90 минути, дотолку повеќе што по пауза од 12 години ќе се игра прволигашки фудбал на Градски – велат од клубот. Бидејќи мечот е прогласен од висок ризик и вратите на стадионот ќе се затворат во време на почетокот (17 ч,) ФК Победа ги повикува љубителите на фудбалот на стадион да дојдат порано од вообичаено, и сите да си набават влезница по симболична цена од 100 денари, со што на директен начин скромно ќе помогнат во финансирањето на клубот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 4 дена
Навивачите нajaвyвaaт бojкот: Тренерот на Манчестер откри што им рекол на играчите откако примија 4 гола за 35 минути
Манчестер Јунајтед сруши неколку негативни рекорди по денешниот убедлив пораз кај Брентфорд од 4:0. Новиот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг по катастрофалното издание им се извини на навивачите и објасни што се случило. -Ова не е пораз само поради индивидуални грешки, воопшто не се обидувавме тимски да им пристапиме на проблемите и не делувавме како еден. Овој тим мора да преземе одговорност. Жал ми е за нашите навивачи. На полувремето во соблекувалната им реков дека не ми се верува како може Манчестер Јунајтед да прими четири гола за 35 минути. Не’ чека напорна недела, вели Тен Хаг по натпреварот. Манчестер Јунајтед во следното коло од Премиер лигата го очекува големото дерби со Ливерпул на Олд Трафорд. Навивачите најавуваат протести и празни трибини. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
(Легендарно видео) Македонски господин “пошљакал” бугарски новинар како никогаш досега
На социјалните мрежи се шири видео, снимено во Скопје во 2013 година, но коешто е актуелно во денешно време поради содржината. На видеото се гледа како еден повозрасен господин одговара на анкета што ја прави бугарски новинар, за серија историски личности, за коишто се спори и денес. Во своите одговори, господинот мнпогу елегантно му објаснува на бугарскиот новинар зошто ликовите од македонската историја не се Бугари. "Шљакање" на бугарски ТВ репортер, Скопје, 2013г. pic.twitter.com/nXfK6O1w0Z — Alex (@ekakodane) August 12, 2022 Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Пожap кај прилепско Тројкрсти: Гopеше железничката пpyга Прилеп-Битола
На 12.08.2022 во 12.50 часот во Полициска канцеларија Тополчани било пријавено дека покрај пругата во с.Тројкрсти, прилепско, настанал пожар во кој биле опожарени сува трева и прагови од железничката пруга Битола-Прилеп. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Полициjaта и УЈП влегле во обложувалниците во Прилеп: Затекнале само едно малолетно лице
На 11.08.2022 година во периодот од 17-22:00 часот во рамките на aкцијата “Безбедно лето” беше спроведена акциска контрола на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи Битола со цел утврдување на присуство на малолетни лица во објекти за игри на среќа. При контролата е затекнато едно малолетно лице по што ќе следат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Прилеп и Битола ќе почекаат за автопат – можеби и неколку години?
Граѓаните ќе почекаат уште неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потенцираат дека Владата местејќи го тендерот за надзор вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници. – Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните. Научени се само да крадат, никако нешто да изградат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапка во место и еден километар асфалт немаат поставено, истакнуваат тие. Оттаму посочуваат дека реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови. – Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип. Најголема штета заради криминалот на власта на Ковачевски трпат фирмите, бизнисите но и граѓаните, а Ковачевски мува не го лази. За целиот грабеж и за секој криминал ќе има одговорност. За многу брзо тендер владата на Ковачевски ќе замине во историјата како најнеуспешна влада, стои во соопштението. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Неодоливо: Слатко момче објаснува зошто најмногу од се сака да јаде пченка (Видео)
Видео во кое едно симпатично момче објаснува зошто сака пченка стана хит на социјалните мрежи. Водителот Џулијан Шапиро-Барнум интервјуира момче на кое му недостасува предниот заб, но може да џвака пченка без никакви проблеми, па ги сподели своите размислувања за оваа храна. „Многу сакам пченка. Од кога ми кажаа дека постои пченка, таа ми е омилена. Кога ја пробав со путер, сè се смени! Обожавам пченка!”, вели момчето. „Секој треба да се обиде да јаде пченка, иако не секој може да ја сака толку многу како мене.“ Видеото досега е прегледано 12 милиони пати на „Тик-ток“. „Ова момче е толку паметно“, „Преслатко“, „Опседнато сум со ова видео“, „Го сакам“, „Каков крал“, „Зошто децата се толку смешни?“, „Ова дете е икона“, се само дел од коментарите под видеото. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Денеска е еден од нajцpните датуми во македонската историја: Ден кога се cтpeлани струмичките студенти и загинале двајца вojводи
Тринаесетти август, во нашата историја е запишан како еден од црните денови за Македонија. На овој ден се случиле најмалку три погибија: херојската смрт на Мечкин Камен на војводата Питу Гули, неговите знаменосци и 40-тина македонски комити, на планината Кожув загинувањето на војводата Лука Иванов во борба со грчките андарти, а за време на СФРЈ во 1951 година ликвидацијата на петте струмички студенти на планината Беласица, членови на ВМРО. Од поновата историја 13 август е запишан како ден на потпишувањето на Охридски договор, во Скопје, со кој беше завршен конфликтот меѓу бранителите на Македонија и терористичката ОНА. На денешен ден во 1903 година во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распореди својот одред и со куршуми ги пречекуваше јуришите на османлиската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Смугре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во 1865 година во Крушево. Во 1906 година кај Влашките колиби на планината Кожуф, во борба против андардите, загина Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. Роден е во Панаѓуриште, денешна Бугарија, во 1880 година. Во 1951 година кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната комунистичка власт дека сакаат да бегаат преку граница во Грција, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО. Убиени беа Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. Нивната вина била само тоа што биле патриоти и си ја сакале Македонија, некои од нив студирале во Загреб и биле популарни меѓу младите во Струмица. На денешен ден во 1995 година во Софија починал Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје и голем родољуб, кој меѓу другото испеал и повеќе македонски песни со родољубива тематика. Роден е во Солун во 1941 година. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Битола: Се точело на алкохол на малолетници кои биле присутни и по полноќ
На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите. Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности во врска со почитување на работното време на угостителските објекти, точење алкохол на малолетни лица, пронаоѓање на лица кои се бараат со потерница, пронаоѓање на предмети кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела и др. При контрола во угостителски објекти беа затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен, а против лицето ќе следува поднесок по Закон за оружје. За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 5 дена
Уапceн битолчанец за кpaжба: Го фатиле додека го товарал пленот
На 11.08.2022 на патот за с.Брусник, битолско од страна на полициски службеници од СВР Битола поради извршена кражба лишен е од слобода Г.Т. (44) од Битола додека ги внесувал украдените предмети во неговото патничко моторно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки. По документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 6 дена
Трајанов: Не очекувам двотретинско мнозинство за уставните измени
Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов вечерва изјави дека не очекува дека ќе се обезбеди поддршка од 80 пратеници за уставните измени и оти неговата поддршка за промена на Уставот е условена со признавање на правата на Македонците во Бугарија. – Мислам дека тие најави дека дел од пратениците дека ќе се премислат од опозицијата се шпекулации и не очекувам дека во овој парламентарен состав ќе се случат тие промени, верјанто ќе се одржат предвремени избори, рече Трајанов во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ. Според Трајанов, пак, регистрацијата на здруженија кои носат имиња на докажани фашисти е на штета на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија. – Мислам дека одговорноста лежи кај државните институции кои дозволуваат регистрација на здруженија на граѓани со различни имиња кои апсолутно не се прифатливи за граѓаните, за јавноста, бидејќи се работи за поранешни соработници на Хитлер, на фашизмот, или, пак, во тоа време извршувале високи државни функции во Бугарија, рече Трајанов. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 6 дена
И Владо Јаневски им откажа на Груби и Д У И: Немало да пее на прославата за Рамковниот договор
Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби, во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор. Јаневски се огласи преку Инстаграм, објавувајќи дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“. Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација. Фестивалот ќе се одржи утре на полштадод Скендербег во Скопје. Вкупните трошоци за одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на амнковниот договор, државата ќе ја чинат 70.000 евра. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 6 дена
Бранко се враќа и ќе формира нова партија „За наша Македонија“
NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид. Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 6 дена
Гимназијата доби нов директор
Ве известуваме дека за в.д директор на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ е назначена М-р Лидија Споа, дипломиран психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија, вработена во училиштето. Лидија Споа, доаѓа на местото на директорката Фани Наумовска, која од директорската позиција, поднесе оставка на 10.08.2022 – стои во соопштението од општина Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Маркукуле | 6 дена