На „Табановце” се чека 40 минути, на „Богородица” половина час
На „Табановце” се чека 40 минути, на „Богородица” половина час 19/08/2022 ЛОКАЛНО На ГП „Табановце” се чека од 30 до 40 минути, а на ГП „Богородица” околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.лв/ Скопје, 19 август 2022 (МИА) 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 40 минути
Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје
Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје 19/08/2022 СВЕТ Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје, како противтенковско оружје и минофрлачи, јави ДПА. Балтичката земја, исто така, планира да ја поддржи британската иницијатива за проширување на обуката на украинските вооружени сили и донирање втора теренска болница на Украина во соработка со Германија, соопшти естонското Министерство за одбрана. Талин веќе му обезбеди воена помош на Киев во износ од 250 милиони евра. Меѓу доставените оружја имало противтенковски мини и противтенковски ракети Џавелин, како и неколку хаубици од старите источногермански залихи во државата. зш/ 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 56 минути
„Отворен ден” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
„Отворен ден” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ. – „Отворениот ден на УКИМ” нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сè што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. „Отворениот ден на УКИМ” е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот, велат од УКИМ. ир/сп/ Скопје, 19 август 2022(МИА) 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 56 минути
НП „Маврово”: Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна
НП „Маврово”: Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 ВЕСТИ Националниот парк „Маврово” доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост, која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил. – Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, објавено е на Фејсбук страната на Националниот парк „Маврово”. Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП Маврово.вт/лв/ Дебар, 19 август 2022 (МИА) – 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 час
Бугарски историчари шират лажен триумфализам штетејќи им на добрите односи меѓу двата народа, порача македонскиот тим од Историската комисија
epa08441089 View of a monument depicting the Apostles Cyril (826-69 AD) and Methodius (815-85 AD) on the campus of the country's oldest and largest public university ? which is also named after them ? during the lockdown imposed due to the pandemic COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus in Skopje, North Macedonia, 24 May 2018. The Eastern Orthodox Church celebrates the feast of the two brothers on 24 May. Saints Cyril and Methodius are credited with evangelizing the Slavic tribes of Eastern Europe (conferring them the status of 'equal-to-apostles') and creating the Glagolitic script, a precursor to the modern Cyrillic script used in many present-day languages, including Macedonian, Russian, Bulgarian and Serbian. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Бугарски историчари шират лажен триумфализам штетејќи им на добрите односи меѓу двата народа, порача македонскиот тим од Историската комисија 19/08/2022 ВЕСТИ Во јавноста се создаде погрешна перцепција дека историчарите од бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања изразиле чувство на триумфализам во однос на усогласените решенија, оцени вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека станува збор за маргинална група историчари во Бугарија кои се на маргините на политичката дебата и се поставени провокативно кон овој процес. И членовите на македонскиот тим на Историската комисија нагласија дека „ликувањето” и „славењето победа” од страна на некои бугарски историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам, кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Според Османи, овие бугарски историчари намерно се обидуваат да ги поткопаат постигнатите решенијата на Комисијата договорени уште во 2019 година. – Во Република Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам, истакна Османи. Членовите на македонскиот дел од Комисијата посочуваат дека во утврдениот текст никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку дека тоа е обид на овие историчари да избегаат од фактот оти текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. – Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним, се посочува во пораката на македонските историчари. Членовите на македонскиот тим на Комисијата нагласуваат и дека средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Во реакцијата на македонскиот тим од Историската комисија се додава и дека по објавените решенија во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. – Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата, се додава во реакцијата. Според членовите на Комисијата, најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем, иако при секоја можност досега е наведувано дека заедничко чествување е една, а препораките за учебниците сосема друга тема на дискусија. – Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност, посочуваат од македонскиот тим на Комисијата. Тие потенцираат дека Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. – Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира”, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство, посочуваат членовите на Историската комисијата во реакцијата. Во овој контекст, шефот на дипломатијата Османи посочи дека негативните реакции во однос на договорените решенија на Комисијата за историски и образовни прашања се последица на намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри, со цел да се искористи дебата за дневно политичка борба. – Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести. Значи, можам најодговорно да кажам дека 95 проценти од сите шпекулации, од сите информации во врска со „францускиот предлог”, во врска со Протоколот, во врска со решенијата на Комисијата се намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри со цел да се искористи емотивниот карактер на оваа дебата во дневно политичката борба, истакна Османи. Според него, главен проблем е што одредени политичари по секоја цена дури и за прашања коишто се најсуштествени за државата, се калкулираат само од аспект дали се на власт или не. – Битно е да се слушаме. Мислам дека не се слушаме во оваа дебата. Мислам дека сме закотвени во нашите позиции, онака како ние мислиме дека е нашиот политички поглед по однос на тоа прашање и воопшто не ги слушаме аргументите. Денеска излегува Историската комисија и кажува – дајте аргументи за овие тези коишто ги кажувате против решенијата. Никој не дава аргументи. Дури и авторите на слични решенија се критични, бидејќи стана популарно да се биде критичен. Стана нов тренд и нова мода да се биде критичар. Но, реалноста не е тоа. За жал, проблемот е што не се слушаме, а не во тоа дека не говориме доволно, додаде шефот на дипломатијата. Портпаролот и заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев вчера на брифинг ја поздрави работата на Историската комисија, посочувајќи дека Бугарија ги охрабрува нејзините членови да продолжи уште поинтензивно во напорите „за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја”. сп/лв/ 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 час
Министерот Спасовски во посета на Крушево
Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 ЛОКАЛНО Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево. Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски. Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на ФИС „Ролер ски купот Тоше Проески”. фф/сп/ 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 час
Сончево и многу топло, кон крајот на денот услови за пороен дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло, кон крајот на денот услови за пороен дожд, грмежи и ветер 19/08/2022 СТИЛ Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 39 степени. Од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат. сп/лв/ 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 час
Соопштение за Програма на седмото издание на регионалниот книжевен фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА, под слоганот „Нова писменост“
Соопштение за Програма на седмото издание на регионалниот книжевен фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА, под слоганот „Нова писменост“ 19/08/2022 МАРКЕТИНГ Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ своето седмо издание годинава ќе го реализира на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони… Со 15 гости од регионот и исто толку домашни, ќе се обидеме да ги лоцираме современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараме за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираме исклучителни интердисциплинарни проекти кои ги шират перцепциите на културата… Главната награда оваа година ќе ѝ биде доделена на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, за нејзините вонредни остварувања во експерименталната проза. Разговорот со неа ќе го води Румена Бужаровска, а ќе бидат промовирани две нејзини нови книги на македонски. За творештвото на Угрешиќ ќе зборуваат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)… Фестивалот ќе го отвори Урош Крчадинац со самостојната трансдисциплинарна изложба „Бантустански мапи“ – илустрирани мапи од патописниот роман „Бантустан“. Изложбата ќе биде проследена со предавање на авторот. Своите творештва на фестивалот ќе ги претстават: Сенка Мариќ (писателка, поетеса и уредница), Срѓан Срдиќ (поет и уредник), Маша Сеничиќ (поетеса, сценаристка и уредница), Јана Букова (писателка и поетеса), Данило Лучиќ (поет и уредник). На фестивалот ќе гостува и словенечката пистелка за деца Јана Бауер, која беше лауреатка на фестивалот „Друга приказна“ во 2020 година. И годинава повторно ќе се одржи традиционалниот перформативен натпревар со „едноминутни новели“ насловен „Овде паѓаат крупни зборови“, на кој со своите кратки фикции ќе се натпреваруваат 12 странски и домашни писател(к)и. Ова е вообичаено најпопуларниот настан на фестивалот, а изминативе години победници на натпреварот беа угледни авторски имиња. Филмот „Долги реси“ на Драган Протиќ-Прота се фокусира на еден, денес заборавен дневен ритуал и преку духовито патување низ балканските дневни и спални соби, кројачки и куќни салони, ја оживејува „музиката“ на некогашните фабрики, заедници, естетски начела и ритуали. По проекцијата ќе следи разговор со авторот Протиќ. Излагања во кои ќе ја претстават својата работа во наставата по книжевност и работата со млади ќе имаат и Ана Фазекаш (критичарка, уредница, есеистка), Хелена де Карина (професорка), Ружица Марјановиќ (професорка и уредница на фестивалот „На пола пута“), Барбара Прегељ (универзитетска професорка и истражувачка). Ненад Тонкин ќе ја постави изложбата „Суштества страшни со фризури и машни“, скулптури со мал формат изработени од готови најдени предмети и рециклиран материјал. Мал концерт ќе одржи Димитра Цилевска. Влезот на сите настани е слободен. Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Северна Македонија 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 час
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување 19/08/2022 ВЕСТИ На аеродромите во државава има откажани летови, но процентот е мал и ситуацијата не е толку изразена како на европските, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем. Од ТАВ Македонија велат дека состојбата од европските аеродроми се прелева, но кај нас не е толку драматично и оти немаат проблеми со капацитетите на двата македонски аеродрома кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. – Откажани летови има, но процентот е мал, на пример во јули, од вкупно 1.572 планирани летови на скопскиот аеродром, 30 лета беа откажани, што претставува 1,9 проценти од вкупниот сообраќај. Значи дека откажувањата се случуваат, но ситуацијата не е толку изразена како на европските аеродроми, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем, изјавија за МИА од ТАВ Македонија. Над 75 проценти од патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми е концентриран кон дестинации во Европа, поради што, наведува концесионерот, нормално е дека состојбата со доцнењата и откажувањата на летовите која се случува на европските аеродроми, се прелева и на македонските, но, овде тоа не е толку драматично како што е случај со аеродромите на европските дестинации. Авијацијата, укажуваат од ТАВ Македонија, функционира како систем на врзани садови, авионите кои денеска треба да одлетаат од Скопје, претходно треба да дојдат од друг аеродром, од дестинациите со кои сме поврзани. Така што, ако авионот доцни на пристигнување во Скопје, автоматски ќе доцни и неговото поаѓање одовде и ние тука не можеме ништо да направиме, освен да се прилагодиме на ситуацијата која ни доаѓа однадвор. Доцнењата и откажувањата на летовите што се случуваат на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле” Охрид се одлука на авиокомпаниите. Според она што аеродромскиот оператор го добива како информација од нив, доцнењата и откажувањата се случуваат од различни причини, кои може да бидат или оперативни или пак поради неповолни временски услови. Ги советуваат патниците доколку имаат жалби и/или потреба да бараат некаков надомест во врска со неисполнети услови поврзани со нивниот лет, да се обратат кај авиокомпанијата. Кога патниците купуваат авионски карти од авиокомпанијата, тие практично склучуваат договор со неа, односно се согласуваат со правилата и условите на користење на услугата кои ги пропишува самата авиокомпанија. – Она што е важно за патниците и јавноста да знаат е дека ние како аеродромски оператор немаме проблеми со капацитетите на двата македонски аеродроми кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. Во ТАВ Македонија немаме недостиг на персонал. Работевме плански со цел да имаме доволно кадар да ги опслужи операциите со авиони, патници и багаж во оваа летна сезона, за која очекувавме дека ќе имаме зголемен авиосообраќај, имајќи предвид дека луѓето веќе од почетокот на пролетта почнаа поинтензивно да патуваат, како што ковид рестрикциите на странските држави за македонските граѓани се креваа, велат од ТАВ Македонија. Зголемени трошоци и за патниците и за авиоиндустријата И воздухопловниот, како и останатите сектори, се соочува со зголемени трошоци поради кризата со енергенсите, а тоа се одразува и на цените за патување. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на трошоците за живот во воздухопловниот патнички транспорт во државава за 36 проценти во јули во однос на јуни годинава. Глобалните случувања и кризата со енергенси влијае и на работењето на аеродромскиот оператор. – Во ТАВ Македонија, како и секој бизнис, се соочуваме со зголемени трошоци за инпутите во нашето работење, бидејќи цените на енергенсите ги зголемија цените на речиси сите производи и услуги. Како пример, годинава плаќаме 4 пати повисока цена на електричната енергија за двата македонски аеродрома, споредено со 2021 година. Но, ги следиме глобалните случувања, економските проекции и ги прилагодуваме нашите бизнис-чекори согласно проекциите на добавувачите, велат од ТАВ. Се разгледува нов модел за субвенционирање авиолинии Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека закрепнувањето на македонскиот авиосообраќај кое почна лани, продолжи годинава. Сега сме на -18 проценти од патничкиот сообраќај во 2019 година, што се смета за референтна година во авијацијата, пред почетокот на кризата со Ковид-19. Аеродромскиот оператор моментно нема потврдени информации за отворање нови авиолинии на аеродромите во Скопје и во Охрид, но истакнуваат дека постојано работат на тоа и на привлекување нови авиокомпании кои би почнале да летаат од двата македонски аеродрома. Во државава од 2012 година се применува модел на субвенционирање на авиолинии од страна на Владата. Последниот од вкупно трите тригодишни договори што беа склучени со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер” истече на 1 март годинава. Министерството за транспорт и врски најави дека ќе распише нов тендер за таа намена, но, како што велат оттаму, се разгледува нов модел за распределба на поддршката од државата. – Со сегашниот модел имаме рекорден број патници, над два милиона. Поддршката даде резултати за што говорат податоците за зголемен бројот на патници од 600 000 до 800 000 пред субвенцинирањето на сегашните над два милиона. Со преземените активности придонесовме за развој на авиосообраќајот. По падот поради ковид пандемијата годинава има подобрување и сме излезени од кризата, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски. Според нивните податоци, по основ на финансиска поддршка на „Виз Ер” во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а годинава не се исплатени средства. Договорот беше суспендиран во период додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Во првите седум месеци од годинава (јануари-јули) на двата македонски аеродроми се опслужени вкупно 1,3 милиони патници (1 242 524) и 10.622 летови. Бројот на летови на сезонските авиолинии и на двата македонски аеродрома е зголемен во летната сезона (март-октомври), за разлика од лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, што е за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, додека пак на Аеродромот „Свети Апостол Павле” Охрид годинава се реализирани 831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на лани, кога имало 352 сезонски лета. Зголемувањето е и поради промени во листите на дестинации, но особено поради зголемување на фрекфенцијата/честотата на летовите. Годинава сезонски дестинации до кои авиокомпаниите летаат од скопскиот аеродром се Анталија, Бодрум, Измир, Хургада, Базел, Џеда/Медина, Монастир (Тунис). Во 2021 од Скопје се леташе сезонски за Анталија, Бодрум, Хургада, Базел и Дизелдорф. Од охридскиот аеродром, пак, годинава се опслужуваат сезонски авиолинии и до Тел Авив и Амстердам, како и до Цирих, Ајндховен и Катовице, што беа на располагање и во минатата летна сезона. Лидија Велковска 2022-08-19 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 час
Данска инвестира 5,4 милијарди евра во поморската флота
Данска инвестира 5,4 милијарди евра во поморската флота 18/08/2022 СВЕТ Данска ќе инвестира 40 милијарди дански круни (5,4 милијарди евра) во својата поморска флота поради руската војна врз Украина и „новата безбедносна ситуација во Европа”, изјави денеска министерот за одбрана Мортен Бодсков. – Со рускиот напад врз Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани. Безбедноста на снабдувањето игра одлучувачка улога овде, посочи Бодсков. Данската премиерка Мете Фредериксен минатата недела објави дека Данска ќе даде уште 110 милиони евра финансиска помош за Украина за „оружје, опрема и обука”. ми/ Копенхаген, 18 август 2022 (МИА) 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 11 часа
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 ФИНАНСИИ Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот. сст/сп/ Скопје, 18 август 2022 (МИА) 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 11 часа
Констатирани неправилности во правен субјект од кумановско за одгледување на канабис во медицински цели, следува кривична пријава
Констатирани неправилности во правен субјект од кумановско за одгледување на канабис во медицински цели, следува кривична пријава 18/08/2022 ЛОКАЛНО На 18.08.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 13 часа
Министерот Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 во Словенија
Министерот Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 во Словенија 18/08/2022 ВЕСТИ Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 кој се одржува во Горна Радгона во Словенија. Како што информираат од МЗШВ, Саемот АГРА е еден од поголемите и позначајни меѓународни саеми за земјоделство и храна во централна Европа, на кој се претстават изложувачи од голем број држави во светот. Земја партнер на годинешното издание на саемот е Јапонија. Земјава на саемот АГРА 2022, ќе има организирана презентација на национален изложбен простор кој ќе биде дизајниран и опремен со карактеристични и препознатливи елементи од нашата држава. Изложбениот простор на земјава ќе презентира повеќе аспекти од земјоделството, економијата и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионт. Планирано е на македонскиот штанд да се одржи коктел за дегустација на македонските вина и земјоделски производи. Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението, министерот Николовски ќе оствари работна средба со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Ирена Шинко на која ќе разговараат за идните можности за продлабочување на и онака добрата соработка помеѓу нашите две држави во областа на земјоделството, шумарството и водите. Исто така, Николовски ќе присуствува и на приемот организиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и рибарство на Јапонија, Номура Тецуро. фф/сп/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 13 часа
Првата продавница на H&M конечно се отвори во Скопје!
Првата продавница на H&M конечно се отвори во Скопје! 18/08/2022 МАРКЕТИНГ Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во East Gate Mall во Скопје, овој четврток, 18 август во 10 часот. Еден од најголемите светски модни брендови го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат нивните омилени модни парчиња. Сите посетители добија до 50 проценти попуст на избраната облека и истата понуда ќе важи до недела, 21 август. Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите фанови застанаа во редицата. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 денари за третиот и по 1.000 денари за сите останати. „Го чекавме овој ден многу долго и воодушевени сме што видовме толку многу љубители на модата на отворањето на нашата прва продавница во Северна Македонија. Задоволство ни е да им посакаме добредојде на нашите клиенти и да им понудиме додадена вредност преку мода и квалитетот по најдобра цена, направена на одржлив начин. Исто така, многу сум горд на нашиот тим кој го овозможи ова и кој ќе обезбеди сите во нашата продавница да имаат најдобро можно шопинг искуство“, вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M. Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Северна Македонија со ВИП настан. Прославата обедини повеќе јавни личности и локални ѕвезди, модни ентузијасти, инфлуенсери и претставници на медиумите, кои имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање. Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг искуство. Нејзината огромна понуда ќе вклучува разновиден избор на облека за мажи, жени, тинејџери, деца и бебиња, како и широка понуда на модни додатоци. Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 16 часа
Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки ќе делува на ублажување на ценовниот раст
Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки ќе делува на ублажување на ценовниот раст 18/08/2022 ЕКОНОМИЈА Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, посочува во интервјуто за „Пари.мк” директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. „Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо”, вели Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. „Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута”, вели Давидовска-Стојанова. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 20 часа
Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро
Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро 18/08/2022 ЛОКАЛНО За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро. Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава. вј/бак/ Скопје, 18 август 2022 (МИА) 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 21 часа
МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово
МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово 18/08/2022 ВЕСТИ Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово и истиот нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 21 часа
Утре свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Утре свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ 18/08/2022 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА Утре, со почеток во 12 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје којашто ќе трае до 2 септември. На Школата веќе се пристигнати шеесетина семинаристи од седумнаесет држави, што е најголем број учесници изминативе неколку години. Учествуват семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република, што е уште еден показател за интересот за македонитиката на универзитетските центри ширум светот. На свеченото отворање на Школата, свечени обраќања ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во рамките на отворањето на Школата ќе се одржи промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото” (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје” (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка” (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот. Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Инаку, ова јубилејно издание на Школата е со најголем број семинаристи – странски македонисти и слависти изминативе години. По неколку години, на Школата, повторно има семинаристи и од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција. Најголем број семинаристи на Школата има од Полска, меѓу коишто се и студенти на Факултетот за хуманистика во Сосновјец на Шлезискиот универзитет во Катовице, на којшто следната година ќе се одбележат 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик. Значајно е и што на Школата ќе има семинаристи и од високообразовните центри на коишто следната академска година, исто така ќе се случат значајни јубилеи за македонистиката – Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Франција, на којшто ќе се одбележи половина век од отворањето на лекторатот по македонски јазик и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека на којшто лекторатот по македонски јазик е отворен пред 15 години. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 22 часа
Чесите ќе добијат компензација од државата, штом сметките надминат 30 отсто од приходите
Чесите ќе добијат компензација од државата, штом сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 ФИНАНСИИ Поради поскапените енергенси, чешкиот премиер Петр Фијала вети компензација за граѓаните преку станбен додаток, за сите оние чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом се над 35 проценти од приходите. – Владата нема да дозволи кој било да пропадне. За домување граѓаните ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, во Прага 35 проценти и тоа вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. За сите трошоци над 30 отсто од приходите, државата е подготвена да плати, истакна Фијала, јави телевизијата ЧТ. Станбениот додаток во Чешка не е новост. Досега беше вид социјална помош за најсиромашните семејства. Фијала сега апелираше граѓаните да не се срамат да го бараат и оние кои до зголемените трошоци за енергија годинава, немале право на додатокот, пренесе Бета. Во првата половина од годинава, државата преку станбен додаток исплати околу 208 милиони евра. Кон крајот на август ќе бидат познати и деталите за посебна поевтина тарифа за струја и гас за домаќинства, во чии рамки државата со 2,5 милијарди евра ќе ги субвенционира трошоците за идната грејна сезона на граѓаните за скапата енергија. Министерството за индустрија и трговија почнува со проверка на авансните плаќања што енергетските компании им ги испраќаат на потрошувачите, затоа што се множат информациите за злоупотреба на поскапувањето, потрошувачи плаќаат аванси повисоки од крајните трошоци. бд/зш/ Прага, 18 август 2022 (МИА) 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 22 часа
Русија бележи пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси оваа година, се наведува во владин документ
Русија бележи пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси оваа година, се наведува во владин документ 18/08/2022 СВЕТ Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми. Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите. Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите. „Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден”, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи. Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат. Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година. Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари. зш/ Москва, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 22 часа
Потпишување договор за соработка за адаптација на дел од објект на Дом за доенчиња во Битола
Потпишување договор за соработка за адаптација на дел од објект на Дом за доенчиња во Битола 18/08/2022 ЛОКАЛНО Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, денеска во Битола ќе потпишат Договор за соработка. Договорот за соработка, како што информираат од МТСП, се однесува на адаптација на дел од објект на Дом за доенчиња и мали деца во Битола во детска градинка која ќе биде во состав на ЈОУДГ Мајски цвет-Битола. дма/вг/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Портокалово ниво на опасност, денеска и утре температури и над 40 степени
Портокалово ниво на опасност, денеска и утре температури и над 40 степени 18/08/2022 СТИЛ Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафати земјава денеска и утре. На целата територија на државата ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи. Иако кај нас е застапена умерено-континентална и субмедитеранска клима, според синоптичарите, временските прилики кои ги имаме ова лето – високи температури и врнежи, наликуваат на тропски климатски услови. Тропската клима се карактеризира со високи температури кои достигнуваат до 40 степени Целзиусови. Врне секој ден, претежно во попладневните часови, а честопати има и невреме. Денот во кој температурата на воздухот е повисока од 30 Целзиусови степени е тропски ден. Тоа е карактеристично за подрачја со тропска и суптропска клима, но во текот на летото вакви денови бележат и региони со умерено-континентална клима. Во случај температурата на воздухот да остане или да биде повисока од 25 степени во текот на ноќта, тогаш тоа е тропска ноќ, појаснуваат синоптичарите. Екстремни топлотни бранови годинава ја зафатија северната земјина хемисфера, а особено Европа, која преживува едно од најтоплите лета, уривајќи ги долгогодишните температурни рекорди. Според информативната мрежа за временска прогноза и клима Climatebook, јуни годинава бил втор најтопол јуни во Европа и трет најтопол јуни на глобално ниво од 1981 година. Месечното температурно отстапување во Европа изнесувало +2,04°C во однос на просечната вредност во периодот 1981-2010 година и +1,57°C во однос на периодот од 1991 -2020 година. Соодветните глобални вредности беа +0,48°C и +0,30°C. Во Европа топлотниот бран се смета како најлош во последните 200 години, предизвикувајќи пожари во Шпанија, Португалија, Франција, Грција. Температурни рекорди од над 40 степени забележаа Франција и Велика Британија. Во Обединетото Кралство и умерените климатски региони на Европа, дури и престојот во затворен простор летово не е доволен за да се избегнат опасно високите температури. Домовите во овие области се дизајнирани да одржуваат топлина во текот на зимата и немаат климатизација. Во Велика Британија, според извештаите на тамошните метеоролошки служби, секој петти дом се прегреал во текот на летото. Топлотните бранови во Европа ја влошуваат и состојбата со енергетската криза. Како што домаќинствата и деловните субјекти ги вклучуваат своите климатизери, побарувачката за електрична енергија се зголемува, а растат и цените на струјата во услови на ограничен пристап до енергенси поради војната во Украина. Топлото време е проследено и со суша која се шири низ Европа, што предизвикува проблеми во земјоделството, речниот сообраќај и производството на хидроенергија. са/бак/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити
Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити 18/08/2022 ВЕСТИ Во текот на претходниот месец во земјава се пријавени вкупно 607 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хепатит Б и Ц и ХИВ. Првите две најчести заболувања се овчи сипаници и ентероколити, кои учествуваат со 90,4 проценти во вкупниот број на заболени, а со 91,9 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во јули, покажуваат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје. Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 298 пријавени лица. Во однос на јуни има намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 3,9 проценти, а во споредба со јули лани зголемување од 3,7 проценти. На второ место по бројот на пријавени заболени во јули се ентероколитите, со 251 случај. Во однос на јуни се регистрира зголемен број на заболени лица од ентероколити за 36,4 проценти, а во однос на јули минатата година има намалување од 31,4 проценти. Во однос на поделбата на акутни заразни заболувања по групи, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број се за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени по 4 случаи на инфективна мононуклеоза и скарлатина и по еден случај на заразни заушки, легионерска болест и пневмококна инфекција. Во јули пријавени се 279 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца чинат пријавите за ентероколити. Пријавени се 16 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и 12 случаи на салмонелоза. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани три заболени лица, односно два случаи на хламидија и еден случај на вирусен хепатит Ц. Во групата на зоонози пријавени се шест заболени лица, по два случаи на бруцелоза и ехинококоза и по еден случај на лајм борелиоза и лајшманиоза. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јули се регистрирани десет случаи, од кои седум случаи на шуга, два случаи на вирусен менингит и еден случај на вирусен енцефалитис. Во Билтенот се наведува дека во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол. Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје. Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА. До ИЈЗ во јули пријавена е и епидемија на заразна болест Toxoinfectio alimentaris, заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка во Штип. – Се работи за појава на заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка. Од експонираните 100 лица, заболеле вкупно 7 лица, од кои 2 лица биле хоспитализирани во КБ Штип, испишани се во добра општа состојба, информираат од Институтот. ки/бак/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Триесет години Армија, 30 години мир и стабилност
Триесет години Армија, 30 години мир и стабилност 18/08/2022 ВЕСТИ Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА. Клучната улога во обезбедувањето на територијата на државата, по заминувањето на војската на Југославија, ја имала добро организираната Територијална одбрана која прва ги превзема испразнетите касарни, а веднаш потоа и целосно, во рок од 10 дена ги обезбедува границите, односно ги превзема караулите. Со договорот потпишан на 21 февруари 1992 година, помеѓу гeнералот на ЈНА, Благоја Аџиќ, и претседателот, Киро Глигоров, беше определен и крајниот рок 15 април 1992 година за повлекување на ЈНА од државата. На 11 март 1992 година, единиците на Територијалната одбрана на Крива Паланка ја презедоа првата караула „Рамна Нива”. Истиот ден, на свечен начин беа преземени и соседните караули „Деве Баир” и „Коприва” на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Набргу потоа беа преземени сите караули на македонската граница, односно на 21 март е предадена и последната македонска карула „Јован Вукотиќ” во близина на преминот Меџитлија. Претседателот Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац, на 27 март 1992 година, во Собранието на Република Македонија го потпишаа завршниот акт од Договорот за повлекувањето на единиците на ЈНА од Македонија. Со тоа целосно било спроведено одбранбеното одвојување од ЈНА и од СФРЈ и осамостојување. Со превземањето на последната караула била воспоставена целокупната организација, чување и обезбедување на границата и територијалниот интегритет и суверенитет со војници и старешини од единиците на територијалната одбрана кои таа должност ја вршеа во првите неколку месеци сè до пристигнувањето на првиот редовен регрутен контингент на АРМ. Согласно тогашниот „Закон за одбрана”, чл. 3, од 14 февруари 1992 година, воената обврска на граѓаните е општа и на воената обврска подлежат сите граѓани на Република Македонија од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот. За само 17 дена, со огромен ентузијазам и ангажирање на старешините и на граѓанските лица, касарните во Скопје „Маршал Тито”, во Битола „Стив Наумов”, во Штип „4 јули” и во Охрид „Михајло Апостолски” биле подготвени да ги примат првите македонски регрути. Првиот регрут на Армијата, Панче Јамандиев од Велес, роден 1970 година, пристигнал во гарнизонот во Охрид на 14 април 1992 година. Регрутите главно, биле младинци родени во 1973 година, кои во септември истата година требало да заминат во составот на тогашна ЈНА, а со одлука на Владата биле повикани да служат во редовите на АРМ. Според податоците на АРМ до кои дојде МИА, програмата за обука на македонските регрути опфаќала две и пол месечна обука, а потоа најголем дел од нив биле упатени да ги пополнат граничните единици, додека помал дел од нив се подготвувале за пополнување на единиците на воената полиција и за вршење на останатите служби и должности. По извршените обуките, на 9 мај 1992 година во Скопје во тогашната касарна „Маршал Тито” сега „Илинден”, во Битола „Стив Наумов” на 10 мај, во Штип „4 јули” на 16 мај и во Охрид на 17 мај, првите македонски регрути дадоа свечена обврска и отпочнаа со своите активности. Денеска Армијата одбележува 30 години од формирањето од како со одлука, Владата од 3 јуни 1993 година, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” 18 август 1943 година на Славеј Планина, го прогласи за Ден на АРМ. Истата година Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир” по што во март следната година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка. На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната на државата. Армиските специјалци „Скорпии” во 1996 година првпат учествуваа на воена вежба на НАТО – „Мировен орел” која се одржа во Република Албанија. Истата година се одржа и првата мултинационална воена вежба на просторот од нашата држава „Спасител ’96”, а во мај следната година вежбата „Спасител ’97”. Веќе во 1998 година се одржа и најголемата мултинационална вежба според бројот на земјите учеснички „Најдобар кооперативен зафат ’98”. Следеа бурните настани и ангажираноста на АРМ, особено на граничните состави во „Косовската бегалска криза” од 1999 година. По создадените услови за преструктуирање на одбранбениот систем и реформа на Армијата, заради постигнување интероперативност според стандардите на НАТО, на 3 мај 2000 година, од страна на Алијансата беше прифатен Акциониот план за подготовки за членство во НАТО, со што широко, како што велат од АРМ, се отворија портите за целосна структурна реформа на Армијата. Во започнатиот процес на реформи и преструктуирање, нашата војска во 2001 година се соочи со вистински воен конфликт, иако не беше прогласена воена состојба. Република Северна Македонија прв пат испрати свои мировници во мисијата ИСАФ (Интернатионал Стабилизатион Авган Форцес – ИСАФ) во Авганистан во 2002 година, а даде и поддршка на операцијата предводена од САД, „Слобода за Ирак” во мисијата во Ирак. Нашите армиски состави продолжија со учество и во мисијата ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, „УНИФИЛ” во Либан и во последната со директно учество- мисијата на НАТО-КФОР во Косово. За бригадата за североисточна Европа СЕЕБРИГ деклариравме и сеуште учествуваме со чета за мировни операции, инженериски патен вод и национален елемент за поддршка за чета, а од пред две години сме домаќини на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово. Покажаниот висок професионален ангажман и посветеноста на нашите војници во тие мисии придонесе за јакнење на меѓународниот кредибилитет на Република Северна Македонија и за нејзино дефинирање како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување. Армијата секогаш прва се вклучувала во помош на граѓаните и локалните самоуправи како во гасење пожари, санирање на последици од поплави, доставување храна во непристапни терени итн. За време на поплавите во скопскиот регион 2016 година Армијата учествуваше со вкупно 5878 работни ангажирања, во просек 345 припадници дневно, 384 моторни возила, а употребени се вкупно службени кучиња во 21 случај. Вкупно 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти се чистени од наноси. Извршена е дизинфекција на 1014 куќи. Во минатогодишните гасења на пожарите на 13 локации во Кочани, Берово, Делчево, Куманово и секаде каде што беа потребни, од копно и од воздух се вклучија припадниците на Армијата, при што беа ангажирани 2243 припадници и исфрлени 472 тони вода од хеликоптерите. Ангажирањето на Армијата продолжува во асистенција на институциите во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, а воените сили се вклучени и во справување со мигрантската криза и асистенцијата на граничната полиција, почнувајќи од 2015 година. Армиските припадници постојано учествуваат и во хуманитарни и крводарителни акции. Вообичаено тоа се работи на наша иницијатива за организирање на ваква акција, пред се поврзана со некој повод како прослава на ден на единиците и Ден на АРМ. Во просек секоја година се организираат помеѓу 15-20 вакви акции каде се собираат помеѓу 700-900 крвни единици. Политиката на национална безбедност на Република Северна Македонија се темели на „активно и реално вклучување во меѓународните напори за креирање и подобрување на мирот и безбедноста”, е запишано во Националната концепција за безбедност и одбрана. Стратегискиот одбранбен преглед од 2019 година ги даде јасните и конкретни насоки за трансформација на одбраната на Република Северна Македонија, а како нејзин составен дел е и трансформацијата на Армијата, која доби една заокружена целина. Транформацијата се уште трае, а постепената и планска модернизација и опремување на оперативните состави според динамичниот план за опремување е составен дел од неа. Обуката, покрај модернизацијата и опремувањето, има приоритет како значаен сегмент во одбраната и истата постепено се приспособува на потребите на командите и единиците на Армијата за потребите на одбраната на земјата и за учеството во меѓународни мировни мисии. По воената интеграција во НАТО во 2020 година, се склучи договор за чување на суверенитетот на македонското небо преку концептот на Air Policing. Армијата на Република Северна Македонија во изминатите 30 години од статична, а гломазна Армијата се трансформира во мала, мобилна и ефикасна Армија, способна да се соочи со сите предизвици, оспособена рамноправно да се носи со другите армии на земјите членки на Алијансата. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Трајан Гоцевски за МИА: Армијата – дипломат од највисок ранг во етаблирањето на Северна Македонија во евроатлантската безбедносна зона
Трајан Гоцевски за МИА: Армијата – дипломат од највисок ранг во етаблирањето на Северна Македонија во евроатлантската безбедносна зона 18/08/2022 ВЕСТИ Актуелните случувања во светот во овој период на геополитички тензии и воени конфликти, покажаа колкава е потребата од кредибилна Армија и од членството во НАТО, кои денес претставуваат важен стабилизирачки фактор за Република Северна Македонија, вели во интервји за МИА поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски. 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања
Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања 18/08/2022 ВЕСТИ Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Северна Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна. Опозицијата, пак, обвинува дека историските прашања се предмет на договарања. – Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и Северна Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи, рече Маричиќ. Во однос на содржината на договореното, рече дека тоа останува на историчарите, но напомена дека е вредно да се спомене дека во Комисијата членуваат седум врвни историчари, кои ние како држава сме ги поставиле, вклучувајќи ги и оние коишто, вели, во меѓувреме заминаа од таа Историска комисија, а кои се согласиле околу текстот за цар Самоил. – Ние целосно ја поддржуваме работата на Комисијата, и се што можеме како институција ќе помогнеме. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму, а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во МОН и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано, значи се она што ние ќе го направиме би очекувале да го направи и Софија, рече тој. Тој оцени и дека евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. -Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Северна Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество, вели тој. Тој потсети на порано презентираниот календар, кој е заеднички подготвен со Брисел, според кој скринингот ќе започне на 15 септември, а ќе трае до крајот на 2023 година. Во тек е интензивна комуникација со Брисел и се прават забрзани подготовки и во тренинг центарот на СЕП. Тој кажа дека процедурата за уставни измени во Собрание ќе почне во некоја понатамошна фаза и оти сега е рано да се зборува за тоа, бидејќи скринингот ни дава доволно време да ги изведеме уставните измени. – Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието, рече Маричиќ во однос на можните опции за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата. Според него, тоа нема да биде едноставно, токму заради, како што рече, „овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија”. – ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури да дадат поддршка за овој процес, ние се уште немаме временска рамка, скринингот ни остава доволно простор да делуваме. Ќе работиме на ова интензивно, потенцира вицепремиерот Маричиќ. Опозицијата денеска повторно го повтори ставот дека власта нема неопходни 80 пратеници за уставните измени. Според ВМРО-ДПМНЕ, сепак историските прашања се предмет на договарања. -Брзо се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ биле во право кога говореа дека Ковачевски и владата прифатија штетен предлог во кој обврските од Протоколот и историската комисија ќе доведат во ситуација државата или да се соочува со вечни преговори или со асимилација по бугарски диктат. Историската комисија пред два дена објави пакет одлуки со кои неколку историски личности, Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски се поврзуваат со средновековната бугарска држава, а дополнително за Македонија се предвидува минимализирање на конекциите со антиката на сметка на зголемено изучување на античките Дарданци и Тракијци. Со ова безмалку целата средновековна историја на Македонија се поврза со средновековна Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Заедничката мултидисциплинарна македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања усогласи препораки што се однесуваат на заедничко чествување на пет историски личности – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Комисијата усогласи и по пет препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, што се однесуваат на периодот на антиката. Препораките се објавени на веб-страницата на македонското МНР. Усогласувањето на препораките доаѓа еден месец по потпишувањето на Протоколот од страна на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска на 17 јули 2022 година, во кој е предвидено во рок од еден месец од потпишувањето на документот, двете држави да ги објават на интернет-страниците на двете влади веќе усвоените препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања. Копретседателот на македонскиот тим од Комисијата Драги Ѓоргиев во понеделникот на брифинг со новинарите рече дека препораките не допираат во идентитетските прашања, и истите се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период на двете страни и да се избегне денешната национална перспектива. Ѓоргиев, во однос на учебниците, рече дека препораките се однесуваат на некои структурални недоследности во лекциите, потоа на фактографски грешки, историската географија, односно како се претставени одредени географски реони, бидејќи, како што рече, во тие сегменти забележавме најмногу пропусти и во двата образовни система. нд/вг/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
САД ќе почнат трговски преговори со Тајван
САД ќе почнат трговски преговори со Тајван 18/08/2022 СВЕТ Американската влада најави дека ќе почне преговори со Тајван за склучување трговски договор. Информацијата беше објавена од американското Tрговскo претставништво откако Пекинг спроведе воени вежби што вклучуваа истрелување проектили во водите околу Тајван во обид да се заплаши островот по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси. Во денешното соопштение не се спомнуваат тензиите со Кина, но се вели дека разговорите биле насочени кон зајакнување на соработката меѓу Вашингтон и Тајпеј за трговијата и регулативите, чекор што ќе доведе до поблиска интеракција меѓу официјалното ниво. САД немаат официјални односи со островот, но одржуваат контакти преку Американскиот институт во Тајван. Со федералниот закон од Вашингтон се бара да се погрижи островот да има доволно средства за да се заштитува. зш/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок
Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок 18/08/2022 ФИНАНСИИ Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. Посочува дека ова е отворено прашање во концептот за даночна реформа и дека низ отпочнатата дебата треба да се дојде до најоптималното решение. – Прво, сметам дека за оваа тема вреди да се дебатира, па после да дојдеме до предлог затоа што има разни решенија. Од аспект на правичност на даночниот систем има различни концепти. Еден е прогресивниот данок што сега постои како решение и треба да стапи на сила од 2023 година и што како решение го има во други земји, а другиот концепт е т.н. концепт на оптимален даночен систем. Тоа е еден друг модел за кој во 1996 година, James A Mirrlees има доделено Нобелова награда. Навидум тоа изгледа како рамен данок, една даночна стапка, а во суштина ќе добијат повеќе тие што имаат пониски примања. Тоа е преку т.н. даночно ослободување. Но, оставаме ова да оди на дебата, да видиме кој би бил најоптималниот модел за нашето стопанство, истакнува Бесими. Тој верува во отпочнатиот процес на даночни реформи и смета дека е добро да се отвори дебата за даночните реформи чија цел, како што вели, е забрзан економски раст и подобар квалитет на живот на граѓаните. – Дебата е клучна за да ги подобриме решенијата. Партиципативноста и инклузивноста на самиот процес е исклучително важен. Никој нема монопол над вистината. Ниту тоа што ние го презентираме како концепт, имаме право да кажеме дека е апсолутната вистина. Слушаме разни идеи и ќе дојдеме до некое решение кое сметам дека би било најоптимално во оваа фаза, вели министерот за финансии во интервјуто за МИА. бак/ац/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено
Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено 18/08/2022 ВЕСТИ Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Овие препораки беа донесени на вчерашната седница на Владата откако УХМР ги информираше институциите дека денеска и утре територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза. Температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Владата ги донесе следните препораки: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението. Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. е Под влијание на топол бран денеска и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат. Минималните температури ќе се движат од 13 до 24 степени, а максималните од 28 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 8. ев/вг/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Северна Македонија денес и утре во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран
Северна Македонија денес и утре во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран 18/08/2022 ВЕСТИ Владата на вчерашната 70. седница поради топлотниот бран најавен за четврток и петок донесе препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, како и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Како што се наведува во соопштението, Владата на Република Северна Македонија преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржа 70. седница на која, беа донесени препораки за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена, четврток и петок (18 и 19 август 2022 година). На укажување од министерот за здравство, дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза, Владата ги донесе следните препораки: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението. Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Оваа мерка ќе биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. ев/дма/ 2022-08-18 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Лозари од Тиквешко најавуваат протест, незадоволни се од откупните цени
Лозари од Тиквешко најавуваат протест, незадоволни се од откупните цени 17/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Лозари од Тиквешко најавуваат дека претстојниов викенд ќе одржат предупредувачки протест зашто не се задоволни од откупните цени. Протестот, велат, ќе се одржи на влезот во Неготино од страната на автопатот Скопје – Гевгелија. -Протестот ќе трае од 10 до 15 часот во сабота и недела. Со тоа ќе го изразиме својот револт од незадоволителните цени кои пред претстојниот гроздобер ги нудат најголемиот дел од винарските визби. Очекуваме нашиот глас да го слушнат откупувачите и надлежните во државата кои се посредници помеѓу лозарите и винариите. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека првично објавените цени ќе се корегираат, рекоа организаторите на протестот. Според нив, најголем дел од винариите повторно манипулирале со тоа што нуделе помалку пари за килограм грозје, доколку исплатата ја извршат веднаш по откупот. свд/мч/ Кавадарци, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија
ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија 17/08/2022 СВЕТ Во јули, увозот на руски природен гас во Европска Унија е намален за околу 70 отсто на годишно ниво, со просечни дневни количини под 100 милиони кубни метри, се наведува во денешното соопштение на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Во јули минатата година гасот увезен од Русија во Европа изнесуваше околу 300 милиони кубни метри дневно, а експертите на ИЕА за останатите месеци од 2022 година прогнозираат пад под нивото од 80 милиони кубни метри дневно. Земјите-членки на ЕУ во првите седум месеци од минатата година увезувале околу 400 милиони кубни метри руски гас дневно, додека во истиот период од тековната година количините се веќе 240 милиони кубни метри дневно. ми/ Париз, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Зголемен увозот на Грција од Русија, намален од Украина
Зголемен увозот на Грција од Русија, намален од Украина 17/08/2022 ЕКОНОМИЈА Трговското салдо на Грција со Русија е негативно, а со Украина позитивно во првата половина од 2022 година, додека пак во месец јуни увозот од Русија бележи раст од 86,3 отсто, а од Украина пад од 40,9 проценти, согласно привремените податоци објавени од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците за трговската размена во периодот јануари – јуни 2022 година дефицитот од трговското салдо на Грција со Русија изнесува 3.400,9 милиони евра, а со Украина суфицитот достигна 56,1 милиони евра. Поконкретно за Русија, во јуни годинава вредноста на грчкиот увоз од земјата изнесува 625,3 милиони евра, што бележи зголемување за 86,3 отсто во однос на ланскиот јуни, а вредноста на извозот во Русија за истиот период изнесува 12,7 милиони евра и бележи намалување од 26,9 проценти. Во првата половина од годинава, вредноста на увозот на Грција од Русија е 3.461,1 милиони евра со пораст од 112,3 отсто во однос на истиот период лани, а вредноста на грчкиот извоз во Русија во истиот периодот е намален за 30,3 проценти. Масла од нафта, нафтени гасови и гасовити јаглеводороди се главните производи кои Грција ги увезува од Русија, а во јуни 2022 година во Русија извезувала електрични машини и уреди, маслиново масло, овошни џемови, желеа, мармалади и слични производи од варено овошје. Во однос на Украина, во јуни 2022 година вредноста на грчкиот увоз била 8,5 милиони евра, за 40,9 отсто помалку во споредба со јуни 2021 година, а вредноста на извозот на Грција изнесува 86,0 милиони евра и бележи зголемување од 148,9 отсто во однос на ланскиот јуни. Во периодот јануари- јуни 2022 година, вредноста на увозот е намалена за 14,9 проценти, а на грчкиот извоз во Украина зголемена за 28,6 отсто. Меѓу главните производи кои биле увезени од Украина во јуни годинава се феролегури, пченка, стаклени шишиња и останати садови од стакло, а Грција извезувала масла од нафта, кајсии, цреши, праски, сливи и керамички производи. ср/зш/ Атина, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
МЗШВ: Започнува исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства
МЗШВ: Започнува исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства 17/08/2022 ВЕСТИ Започна исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства. Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), досега се исплатени 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда до близу 9.700 корисници. -Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла говеда, прецизираат од МЗШВ. Потсетуваат дека е извршена и исплата на финансиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до 5.877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. -Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства, велат од МЗШВ. Нагласуваат дека со донесениот ребаланс на буџетот за 2022 година се обезбедени 2,7 милијарди денари финансиски средства со кои оваа година, како што посочуваат, комплетно ќе ги расчистат заостанатите обврски кон земјоделците, а ќе почне и авансната исплата на земјоделците. -Подготвивме план и динамика за исплата кој со реализација започнува од овој месец со исплатата на субвенциите за говеда и пчели. Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. Согласно динамиката до крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците. Парите се тука, обезбедени и земјоделците ќе ги добијат своите заслужени средства, порачуваат од МЗШВ. вј/бак/ Скопје, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Ставени во функција новите смарт апарати за контрола на паркирање во Скопје
Ставени во функција новите смарт апарати за контрола на паркирање во Скопје 17/08/2022 ЕКОНОМИЈА ЈП „Градски паркинг“ – Скопје набави нови 70 апарати (смарт телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање. Денес овие апарати им беа презентирани на вработените контролори кои ќе раководат со нив и истите се пуштени во функција. За разлика од старите апарати кои беа досега во функција, новите смарт телефони се со побрз андроид оперативен систем и со подобри перформанси и истите се прилагодливи на нови технологии, односно надградба на целосниот систем. Преку нив може да се врши контрола за тоа дали возилото е соодветно паркирано, дали се почитуваат местата обележани за лица со попреченост, како и дали е извршена соодветна наплата за паркирањето. 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Центар ги додели субвенциите за поправка и санација на лифтови и покриви на згради во општината
Центар ги додели субвенциите за поправка и санација на лифтови и покриви на згради во општината 17/08/2022 ЛОКАЛНО Врз основа на јавниот повик за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар, оваа година одобрени се субвенции за реконструкција на 9 лифтови и 1 покрив на колективни станбени објекти постари од 15 години. Вкупната сума обезбедена за јавниот повик изнесуваше 3.000.000 денари, а искористени се 1.873.394 денари. Заедниците на станари аплицираа за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и кровни покривки е наменета за замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под условите што беа наведени во јавниот повик. Оваа година ќе се изврши поправка и санација на лифтовите на следните згради: ул. „Орце Николов“ бр. 98; ул. „Народен Фронт“ бр.7, бр.11, бр.5/37, бр. 23 влез 2 и бр. 27; булевар „Кочо Рацин“ бр. 8; ул. „Козара“ бр. 64 влез 3 и булевар „Партизански одреди“ бр. 7/1 влез 1, а субвенции за поправка на покривот добија станарите на зградата на ул. „Народен Фронт“ бр.23 влез 1. Ова е петта година по ред како Општина Центар ја реализира програмата за субвенционирање на поправка и санација на лифтови и кровни конструкции, а досега реконструирани се вкупно 102 лифтови и кровни конструкции на колективни станбени објекти во општината. 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Инфлацијата и стравот од рецесија ја анулираа заработката на норвешкиот пензиски фонд
Инфлацијата и стравот од рецесија ја анулираа заработката на норвешкиот пензиски фонд 17/08/2022 ФИНАНСИИ Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. Најголемиот пензиски фонд во светот „тежок” околу 1,3 трилиони долари во периодот од јануари до јуни годинава бележи 14,4-отстотен негативен поврат на инвестициите. „Пазарот беше обележан со раст на каматните стапки, висока инфлација и војна во Европа. Особено лошо минаа акциите во технологијата со негативен поврат од минус 28 проценти”, изјави извршниот директор на фондот Николај Танген. Негативни приноси од акциите во првото полугодие се регистрирани во сите сектори, со исклучок на енергетскиот каде е забележан поврат од 13 проценти, поттикнат од растот на цените на енергенсите поради војната во Украина. Повратот на вложувањата во акции во првото полугодие е минус 17 отсто, а повратот на вложувањата во обврзници минус 9,3 отсто. Фондот бележи и негативен поврат на инвестициите во инфраструктурата за обновливи извори на енергија од минус 13,3 отсто. Вложувања во недвижности што не котираат на берзата забележале добивка, со принос од 7,1 отсто. На крајот на јуни, 68,5 отсто од средствата со кои управува фондот се инвестирани во акции, а 28,3 отсто во обврзници. Уделот на инвестиции во недвижности што не котираат на берзата е три проценти, додека учеството инвестиции во инфраструктурата за обновливи извори на енергија е 0,1 отсто. Фондот е основан во 1996 година со цел да ги инвестира остварените приходите од продажбата на нафта и гас за обезбедување пензии за граѓаните на Норвешка. Во моментов има акции во повеќе од 9.300 компании ширум светот. аб/ Осло, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје
Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје 17/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел по три,… Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни. Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, Струга 26,.. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (47,7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција. Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти. лв/бак/ Скопје, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
АД ЕСМ: Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 проценти зголемено производство
АД ЕСМ: Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 проценти зголемено производство 17/08/2022 ВЕСТИ РЕК „Битола” и РЕК „Осломеј” произведоа за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1914, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија”. Според нив, зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите. Во истиот период, наведуваат од ЕСМ, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25 проценти и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија. АД ЕСМ во сопштението ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека тие ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси. Владата вчера донесе мерките што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец. За домаќи ствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. лв/сп/ Скопје, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
M6 Едукативен центар – официјален партнер на Адижес Институтот
M6 Едукативен центар – официјален партнер на Адижес Институтот 17/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма. Adizes Online е целосно дигитализирана програма со онлајн содржина која се стреми кон развивање на вештини и континуирано учење, според основите на методологијата на Адижес, а обезбедува бројни обуки како што се: Управување со животниот циклус на организацијата, ДНК на организацијата, Лидерски стилови, Како да се имплементира одлука, Водење на лидерите, Формулата за успех во секоја организација и други. Преку партнерството со престижниот Адижес Институт, М6 Едукативен центар се профилира како предводник на трансформацијата на организациите и на општеството во целина, во земјава и регионот. Со следење на онлајн програмата преку М6, се добива пристап до повеќе од 300 часа предавања, електронски книги, квизови и задачи преку кои ќе може да се совладуваат темите кои се обработуваат, а програмата овозможува и вмрежување и дискусија со останати нејзини корисници. Обуките се достапни на индивидуално и на ниво на компанија, при што одговорните лица можат да го следат напредокот на своите вработени и имаат можност за директни консултации со Адижес Институтот. По успешно завршување, корисниците на програмата се стекнуваат со престижен сертификат од Адижес Институтот. Адижес Институтот е водечка консултантска организација од областа на менаџментот, рангирана од страна на Executive Excellence меѓу десетте најдобри консултантски куќи во светот. Институтот е основан во 1971 година и од тогаш соработува со бизнис лидери од сите индустрии во светот, овозможувајќи им да се справат со клучни предизвици во раководењето на компаниите и организациите и да ги идентификуваат своите потенцијали и можности. Во својата богата историја Институтот има работено и со „Fortune 500“ компании и со старт-апи. Основач на Институтот е проф. д-р Исак Адижес, роден во 1937 година во Скопје. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји. M6 Едукативниот центар е водечка институција во земјава за трансформации и општествен развој која преку врвни програми за образование, иновации, креативност и култура во професионалниот и секојдневниот живот поттикнува предизвици за развој и промени за постигнување на извонредност и успех во работењето. Сите заинтересирани ќе може да добијат повеќе информации и да се пријават преку веб-страницата на М6 Едукативен центар, www.m6.edu.mk 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра
epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра 17/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Компанијата „Унипер” што е најголемиот увозник на гас во Германија, во првото полугодие оваа година забележала загуби во износ поголем од 12 милијарди евра, од кои половината се последица на проблемите во снабдувањето гас од Русија. Приближно 6,5 милијарди евра од тие средства се последица на прекините во испораките гас од Русија како последица на војната во Украина, соопштено е денеска од компанијата. Статистиката покажува дека 2,7 милијарди евра од загубите се резултат на откажувањето од изградбата на гасоводот Северен поток 2, огромен инфраструктурен зафат што беше стопиран неколку дена по почетокот на рускиот напад врз Украина. „За наредната 2023 година очекуваме подобрување, а од 2024 дури и да ги анулираме загубите, изјави финансиската советничка на „Унипер’ Тина Туомела. „Унипер” се обидува да се справи со неповолната ситуација настаната поради тоа што компанијата е приморана да обезбедува гас по повисока цена, по намалувањето на испораките од Русија. Компанијата се соочува со проблем во ликвидноста бидејќи разликата во цената не може во целост да ја префрли врз потрошувачите. аб/ Дизелдорф, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Маричиќ: Се подобро ги искористуваме ЕУ фондовите, на почеток од 2023. нова инвестициска офанзива со европски пари
Маричиќ: Се подобро ги искористуваме ЕУ фондовите, на почеток од 2023. нова инвестициска офанзива со европски пари 17/08/2022 ВЕСТИ Се подобро ги искористуваме фондовите на Европската Унија, но има простор за подобрување и ќе продолжиме. На почеток од 2023 година следува нова инвестициска офанзива со европски пари, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата. Маричиќ појасни дека на тековниот повик за инвестициски грантови, Северна Македонија учествува со три нови проекти во вкупен износ од околу 53 милиони евра и тоа два проекта од областа на енергетиката – реновирање на шест хидроцентрали и изградба на ветернички парк во Богданци и еден од областа на заштитата на животната средина – изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југозападен и Југоисточен регион. – Работиме на спроведување на инвестициска агенда на земјата и аплицираме за големи стратешки проекти кои се влог за иднината на нашите деца. Преку инвестициската рамка за Западен Балкан која Северна Македонија веќе ја користи се финансираа стратешките приоритети од економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан промовиран во октомври 2020 година. Тогаш еврокомесарот Вархеји најави 9 милијарди евра за периодот од 2021-2027 година, инвестиции кои треба да привлечат дополнителни 20 милијарди евра заеми од меѓународните финансиски институции, информира Маричиќ. Северна Македонија, како што посочи, учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум за инвестициски грантови, по одобрени 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра за вкупна вредност на инвестиција од 421,4 милиони евра надополнети со заеми од околу 600 милиони евра. – Доаѓаме до скоро 230 евра по глава на жител што ја става Северна Македонија на второ место по искористеност на европски средства на инвестицискиот фонд за Западен Балкан веднаш после Црна Гора. На крајот на јули оваа година, ЕУ ги одобри првите проекти за спроведување на економскиот инвестициски план за Западен Балкан. Ние аплициравме со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив во износ од 225,6 милиони евра, рече Маричиќ. Одобрените прокети на последниот повик, како што појасни, се следни: за проектот изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридор 8 секција Крива Паланка – граница со Бугарија доделен е грант во износ од 149, 2 милиони евра, за проект за набавка на опрема за Осломеј 1 Фотоволтаична станица 1,6 милиони евра, за проект за набавка на опрема за фотоволтаичните централи Осломеј 2 и Битола грант во износ од 5 милиони евра, како и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје грант од 69,8 милиони евра. Вицепремиерот додаде дека во рамки на шестиот повик за инфраструктирни грантови одобрени се грантови од 1,1 мјилијарди евра за сите шест земји од регионот, а проектите од Северна Македонија учествуваат со 20,5 проценти од овој одобрен износ. Дополнително, како што најави Маричиќ, во соработка со Германската развојна банка КФВ ќе се работи на енергетска ефикасност на сите студентски домови во државна сопственост. Во однос на ИПА 3 кој е нов концепт на ЕУ во однос на претпристапната поддршка на земјите од Западен Балкан, во јули оваа година СЕП го доставил првиот нацрт ревидиран стратешки одговор до ЕК прилагодувајќи со последните новости од ИПА 3 прозорците. вг/мс/ Скопје, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата, уверува Бесими
Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата, уверува Бесими 17/08/2022 ФИНАНСИИ Буџетот е добро позициониран за да може да ја издржи кризата. Подготвени сме навремено да одговориме на секој предизвик. Кризата е сериозна и може да потрае со оглед на она што се случува во Украина и на светско ниво што значи дека мораме да се подготвиме за маратон, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. Вели дека се подготвуваат таргетирани антикризни мерки, не сакајќи да прејудицира кога би почнала нивната имплементација, но смета дека најважни се последниот квартал од годинава и наредниот квартал од следната година. – Не би сакал да прејудицирам со датуми, но она што сите го очекуваат е кога ќе биде најважно. Тоа е последниот квартал од годината и наредниот квартал на годината. Мислам дека ги правиме сите неопходни чекори не само од аспект на мерки, туку и од аспект на заштеда на енергија, вели Бесими. Додава дека зимата ќе биде тешка и дека е важно да се обезбедат доволни количини на електрична енергија и храна за да може да се преброди овој период и од следната година да имаме стабилна основа за раст. бак/ац/ Скопје, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
АСО: Решени 31 процент повеќе претставки во корист на осигуреници, парични казни за две осигурителни компании
АСО: Решени 31 процент повеќе претставки во корист на осигуреници, парични казни за две осигурителни компании 17/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Во првото полугодие годинава најбројни се претставките исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите, покажуваат анализите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Оттаму денеска информираа дека добиле 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителните компании и брокерските друштва во првите шест месеци од годинава, а бројот на претставки по кои постапувале се зголемил за 65 проценти во споредба со истиот период лани. Врз основа на обработените претставки, утврдиле пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрекле и парични казни. Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилската одговорност и од осигурување имот. -Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување. Во корист на осигуреници се решени четири претставки за осигуран имот, две претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување, стои во соопштението. Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи, АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки. Според АСО, што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. Од оваа класа осигурување, АСО обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај. Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто. Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки. Најголем раст на поплаките се заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само четири такви претставки. Бројот на осигуреници- физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106. Во овој период, 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто. Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. Од Агенцијата потсетуваат дека не разледуваат анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка. лв/бак/ Скопје, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Црна Гора: Учебната година да почне на 5 септември
Црна Гора: Учебната година да почне на 5 септември 17/08/2022 СВЕТ Министерството за образование на Црна Гора предлага новата учебна година да започне на 5 септември 2022 година, со првиот работен ден од седмицата. „Верувам дека тие дополнителни денови ќе придонесат за подобра подготовка за новите училишни обврски, од една страна, а од друга – за продолжување на распустот, т.е. да продолжи успешната туристичка сезона во нашата земја”, изјави ресорниот министер Миомир Војновиќ. Традиционално наставата во Црна Гора почнува на 1 септември, што оваа година паѓа во четврток. аб/ Подгорица, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Шеесет странски слависти и македонисти од седумнаесет држави денес ќе пристигнат во Охрид – започнува јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Шеесет странски слависти и македонисти од седумнаесет држави денес ќе пристигнат во Охрид – започнува јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ 17/08/2022 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА Шеесет странски слависти и македонисти од седумнаесет држави денес ќе пристигнат во Охрид. Со нивното доаѓање започнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто ќе трае до 2 септември. Се очекуваат семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република. Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и нови, млади кадри коишто искажуваат подготвеност да остварат влог за македонистиката во светот. Сите тие доаѓаат со цврста решеност да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура и да продолжуват со мисијата за афирмација на македонистиката. Според програмата, по пристигнувањето на семинаристите и по отпочнувањето со лекторската настава, на 19 август (петок), со почеток во 12 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свеченото отворање на јубилејното издание на овој стожерен настан за македонистиката и нејзината афирмација во светот. На отворањето, обраќања ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во рамките на отворањето на Школата е најавена и промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото” (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје” (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка” (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот со предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот. Инаку, оваа Школа е со најголем број учесници последниве години што е и потврда за зголемениот интерес за македонистиката во меѓународната академска заедница. Па така, по неколку години, на Школата, повторно ќе има семинаристи од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција. Најголем број семинаристи на Школата ќе има од Полска. Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава и веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 34. издание на традиционалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово”. Како што веќе беше соопштено, јубилејот 55 години непрекинато одржување на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ е исклучително значаен не само за македонскиот јазик, литература и култура, туку и за нашата држава воопшто, затоа што токму на оваа Школа се изнедруваат нашите најголеми поддржувачи и културни амбасадори во светот – странски македонисти. 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари 17/08/2022 ФИНАНСИИ И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. – Ние имаме законски решенија кои стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година – тоа е прогресивниот данок каде што над милион денари годишно се одданочуваат со 18 проценти и 15 проценти е ставка на сите други доходи врз основа на данокот на личен доход – дали од капитал или од добивка или други основи. Тоа е законското решение. И да не отвориме дебата, тоа стапува на сила. И кога зборуваме за данокот на камати на депозити, сакам да кажам дека и да немавме дебата и ако ништо не правевме како Министерство, од 1 јануари 2023 година тоа стапува на сила. Имаме законско решение кое уште во 1996 година е донесено во нашето законодавство за да се оданочуваат каматите на депозитите. Тоа неколку пати е прологирано и сегашното решение од јануари 2023 година стапува на сила. Но, ние сакаме да се дискутира за тоа и затоа го ставаме на маса, вели Бесими. Во однос на предлогот да се оданочуваат каматите на депозитите, Бесими појаснува дека предлогот е да се оданочуваат само орочените депозити на 12 месеци, притоа посочувајќи дека се работи за мала сума на пари. – Предлог решението за каматите за депозитите се однесува само на орочените депозити на 12 месеци. И во другите земји во Европа и регионот тоа се оданочува. На пример, во Хрватска со 10 проценти, во Словенија со 27 проценти, во Унгарија и во Словачка со 18 и со 20 проценти. Се работи за мал износ на средства. Така, ако некој има депозит од 100 илјади денари орочен на 12 месеци, тогаш на каматата од 1000 денари, данокот би бил 100 денари. Значи, на 100 илјади депозит годишно, оданочувањето би било 100 денари, појаснува Бесими. Со ваквиот предлог, Бесими не очекува да дојде до одлевање на депозитите од банките. За прогресивниот данок, вели, дека јавната дебата е клучна за да се дојде до најдобро решение, притоа не сакајќи да прејудицира дали лично смета дека треба да се воведе ваков данок. – Бидејќи сега имам улога во Владата и одговорност пред граѓаните, не сакам да дадам мислење уште пред дебатата, но сметам дека за оваа тема вреди да се дебатира, а потоа да се носи предлог затоа што има различни решенија. Во однос на оваа тема не сум да одиме со триумфално решение, туку за решение прифатливо од сите, вели Бесими, прашан дали како прв човек на Министерството за финансии смета дека е потребно да се воведе прогресивен данок. Нагласува дека остануваат отворени за предлози и аргументирани решенија кои би произлегле од дебатата со цел да се подобри квалитетот на овој сет на реформи. бак/ фото: Дарко Попов 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
За 10 години Gree во Македонија грее и лади повеќе од 100 000 домови
За 10 години Gree во Македонија грее и лади повеќе од 100 000 домови 17/08/2022 МАРКЕТИНГ Водечки бренд во глобалната индустрија за разладни тела и клима уреди Gree веќе десет години успешно работи во Македонија. Производите на Грее важат за предводници во имплементација на најновите технолошки пронајдоци и иновации за енергетска ефикасност и за заштеда на искористената енергија. Економичноста и мултифункционалноста се едни од главните карактеристики на овие клима уреди, за што сведочат и големиот број корисници. Според бројот на инсталирани клима уреди, производите на Грее се користат во над 100 000 домови и деловни објекти низ Македонија или секоја трета клима во земјава е Грее. Компанијата започнува со работа во 2012 година, со Греемак за набрзо потоа да продолжи со Греемак Груп. Денеска Грее во Македонија директно вработува 27 лица, односно уште 100 лица од овластените партнерски центри за монтажа и продажба. Со продажни салони во скоро сите градови низ земјава, климите на Грее се достапни насекаде, а од периодот на Ковид пандемијата со цел да бидат што поблиску до купувачите отворена е и онлајн продавница. Од компанијата велат дека освен врвниот квалитет на клима уредите, еднакво важни за досегашниот успех и довербата од купувачите се и големата достапност и услугата. Така што, освен овластените монтери, од 2021 година функционира и специјализираниот сервис GT Control, којшто е 100% посветен на брендот GREE. Во склоп на компанија вработени се и проектанти за изработување наменски решенија за големи комерцијални објекти. Потврда за квалитетот на Грее климите е и десетгодишната гаранција со редовна годишна проверка. Во овие десет години постоење на македонскиот пазар, Грее има воспоставено редовна општествена одговорност преку донации и помош на ранливи категории и семејства во социјален ризик. За својот начин на работа како и за односот и грижата кон заедницата и потрошувачите, компанијата е добитник и на многу признанија, меѓу кои и признанието од Сојузот на Стопански комори. 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Официјален состанок на Управата на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје и Државниот дуален универзитет за соработка од Баден-Виртемберг
Официјален состанок на Управата на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје и Државниот дуален универзитет за соработка од Баден-Виртемберг 17/08/2022 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА На денешниот датум, 16 август 2022 година, Деканатскиот одбор и претставниците на Институтот за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, остварија официјален состанок со претставници од седиштето на Дуалниот државен универзитет за соработка од Баден-Виртемберг (DHBW) во Штутгарт и DHBW Манхајм. Целта на состанокот беше виртуелно „здружување” или кооптирање на IBMHS и DHBW, каде се разговараше за сите релевантни прашања во врска со влезот на дуалните студии на DHBW Манхајм на платформата на германскиот институт ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје (или т.н. проект „Германија дома”). Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ беше претставуван од: проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Управниот одбор на IBMHS, извршен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент и професор на Универзитетот во Хајделберг, Германија, д-р Бриџит Спилман (член на УО на IBMHS), проф. д-р Роналд Глеих (член на УО на IBMHS и академски директор на Центарот за управување и контрола на перформансите на Франкфуртската школа за финансии и менаџмент) и проф. д-р Синиша Наумоски (претставник на УО на Институтот во Скопје). Од седиштето на DHBW во Штутгарт присуствуваше потпретседателот на управта, Питер Ветерлајн, заедно со ректорот на DHBW Манхајм, проф. д-р Георг Наглер. IBMHS го информираше DHBW за завршената летна работна агенда, која овозможува: • Доволен број компании кои се запознаени со германскиот модел на дуално високо образование и се подготвени да ги поддржат процесите; • Доволен број професори според германските прописи: Веќе постоечкото портфолио од 50+ професори, подготвени за изведување на дуалните студии, под надзор на професори од DHBW, кои исто така ќе бидат вклучени во предавањата и испитните процеси; и • Изградена инфраструктура – училници за теоретскиот дел во седиштето на IBMHS во Скопје и второ, во Охрид. DHBW го изрази својот оптимизам во приближувањето кон следните чекори од соработката, не гледајќи никакви суштински проблеми. Ова е првпат, еден германски државен дуален универзитет да ги трансферира своите уникатни германски дипломи и знаења, преку најстариот и единствен во свет дуален високообразовен модел, директно во регионот на Западен Балкан. Од една страна, тоа е пилот-проект на германската Влада на Баден-Виртемберг, заедно со DHBW, за пренесување на уникатниот модел од Манхајм и Штутгарт, директно преку платформата на IBMHS до сите македонски граѓани. Од друга страна, моделот во Скопје ќе постави модел за проширување на истата практика во остатокот од регионот, почнувајќи од Хрватска, потоа Словенија и земјите од Западен Балкан. ❓Што е СЛЕДНО? За околу еден месец од денес, на 22 септември 2022 година, во Манхајм, IBMHS и DHBW ќе ја имаат втората заедничка работилница посветена на приближување на концептите на дуално универзитетско образование, помеѓу С.Р. Германија и Р.С. Македонија. Овде, многу важно за македонските млади лица е податокот дека и официјално ќе се потпише договор помеѓу ПНУ Институтот за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје и главното седиште на Дуалниот државен универзитет за соработка од Баден-Виртемберг (DHBW) во Штутгарт. Со тоа, Институтот во Скопје, после заедничкото официјализирање на договорот од страна претседателот Цајтел и потпретседателот Ветерлајн, ќе биде одговорен за развој на студиите на DHBW – Манхајм, во Скопје (подоцна и во Охрид). 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 1 ден
Украински генерал: Русите напредуваат во Донбас, испукуваат до 60.000 парчиња муниција дневно
epa09870878 Smoke after shelling rises from a residential area as Russia's attack on Ukraine continues, in Kharkiv, northeast Ukraine, 04 April 2022. Kharkiv, Ukraine's second-largest city of 1.5 million people, which lies about 25 miles from the Russian border, and its area around have been heavily shelled by Russian forces for over a month, with many civilians killed, following the invasion on 24 February. EPA-EFE/ROMAN PILIPEY Украински генерал: Русите напредуваат во Донбас, испукуваат до 60.000 парчиња муниција дневно 17/08/2022 СВЕТ Генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, призна дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но рече дека ситуацијата е под контрола. – Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана, изјави Залужни по средбата со канадскиот генерал Вејн Доналд Ер. Залужни додаде дека „непријателот продолжува да напредува по целата линија на фронтот. Во исто време, непријателот секојдневно извршува околу 700-800 гранатирања на нашите позиции, користејќи од 40 до 60.000 парчиња муниција”. Таа проценка е во согласност со проценките на многу западни аналитичари за количината на муниција што ја користат руските сили, по релативното затишје на почетокот на јули. – Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Доњецк. Најинтензивна ситуација сега е на линијата Авдивка-Писки-Маринка”, рече Залужни. Тоа е борбен фронт западно од Доњецк, долг 25 километри. ссм/ Киев, 17 август 2022 (МИА) 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино
Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино 17/08/2022 ЛОКАЛНО Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино, проследено со силен ветер и поројни дождови. -Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со три ПП возила од ТППЕ Неготино и шест пожарникари со 2ПП возила и две пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, информираат утрово од ЦУК. Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.свд/са/ 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути
На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути 17/08/2022 ЛОКАЛНО Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце и на на ГП Богородица се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“
Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“ 17/08/2022 ВЕСТИ Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија” ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба” на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски. Одбележувањето ќе започне со традиционалното испукување на плутони. Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња. Јубилејот на Армијата ќе биде прославен со настап на Воениот оркестар, по што следува богата музичка програма со настапите на Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио. ев/са/ 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Мерки за штедење струја, нема рестрикции, ќе се зголемува производството
Мерки за штедење струја, нема рестрикции, ќе се зголемува производството 17/08/2022 ВЕСТИ Мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто ќе стапат во сила од 1. следниот месец. Одлуката ја донесе Владата вчера на седница и со неа за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. На наредната владина седница треба да биде донесена и одлука за прогласување кризна состојба во енергетиката. Засега нема најава за рестрикции на струја, а од Владата најавуваат зголемување на производството. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост, рече вчера на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции. На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,… За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,… Ако не се постигне целта за 15 проценти заштеда на струја, Бектеши најави дека ќе следуваат санкции за раководителите на институциите согласно со етичкиот кодекс. На 15.ти секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштедата. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија. Најавената кризна состојба за електрична и за топлинска енергија ќе важи во текот на наредниот месец. Регулативата предвидува кризата состојба да трае 30 дена, поради што во меѓувреме, до Собранието ќе се испрати барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона и тоа да ја донесе одлуката. Како што најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, со планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе се направи обид да не се прават класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку тие да се вршат во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација. Сите вработени, информира Ковачевски, се во функција, а ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен. АД ЕСМ, соопшти директорот, работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона. Според Ковачевски, моментно има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што, како што рече, целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени. Во првите седум месеци од годинава ЕСМ произвело 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени 1.914 гигават часови. Целиот план за производство на електрична енергија за годинава е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани. Планот се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји.ТЕЦ Неготино работи со еден котел согласно со потребите на ЕСМ, а се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба. -Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, информираше Ковачевски. Во делот на топлинската енергија веќе се формирани компаниите од страна на ЕСМ. На наредната седница на Владата ќе биде објавен јавниот повик на кој, како што рече Ковачевски, најверојатно ќе конкурира ЕСМ иако тоа можеше да го направи и Град Скопје, но најверојатно тие сега веќе немаат ни компанија за таа намена. лв/нд/ 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Русковска суспендирана додека трае постапката по поднесена кривична пријава, Муареми се повлече
Русковска суспендирана додека трае постапката по поднесена кривична пријава, Муареми се повлече 17/08/2022 ВЕСТИ Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата, а Арафат Муареми вчера се повлече од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Рускоска и Муареми претходно јавно разменија меѓусебни обвинувања откако Oбвинителството изврши претрес во Управата за финансиска полиција. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Јовески поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопштија од Јавното обвинителство. Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми, пак, вчера информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. – Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција. Од Управата, исто така, посочија дека одлуката на јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. Муареми на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување на службената исправа”, откако беше извршен претрес во Финансиската полиција. По оваа најава шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Русковска ги повика сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави”. Русковска во реакцијата наведе дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласи тогаш, меѓу другото, Русковска. Таа воедно побара и европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откако е таа на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми. На повикот на Русковска реагираа Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ во Скопје. -Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив. Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, истакна американската Амбасада за Тв Телма. Упатување прашањето да го решат надлежните органи изнесе и Делегацијата на ЕУ во земјава. -Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Се додава дека спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за ЕУ. -Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ, наведуваат од Делегацијата на Унијата. Во одговорот се посочува дека постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. На повикот на Русковска тогаш реагираше и Муареми, кој побара од неа доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не да изнесува „празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува”. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош” – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми во реакцијата. Тој на брифинг со новинари на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против трите обвинителки за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување на службената исправа”, појаснувајќи дека претставки до јавниот обвинител, до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет поднел поради начинот и незаконитоста во постапувањето на ОЈО ГОКК. Според него, ОЈО ГОКК во барањето до Судот навело дека сторил кривично дело и оти располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело, а на денот на претресот заедно со наредбата за претрес му било врачено и барање за доставување податоци за тоа колку анонимни пријави се доставени до управата почнувајќи од 2018 година до денот на давањето на одговорот. Муареми тврдеше дека претресот во Финансиската полиција бил исклучиво и со цел да му се наруши личниот углед, угледот на Управата и да се попречи неговото работење. ев/нд/ 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева
Комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева 17/08/2022 ВЕСТИ Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години. – Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир, објави СДСМ. Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови. Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година. Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година. мд/са/ 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Сончево со слаб ветер и температура до 37 степени
Сончево со слаб ветер и температура до 37 степени 17/08/2022 СТИЛ Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. Како што соопшто УХМР, од денеска следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде в четврток и петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Од петок од крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно. мд/са/ 2022-08-17 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Русковска суспендирана од работното место
Русковска суспендирана од работното место 16/08/2022 ВЕСТИ Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за МИА потврди дека е суспендирана од функцијата. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што претходно денеска информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Републичкиот јавен обвинител, се вели во соопштението од ЈОРМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство. ки/аа/ Скопје, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Ковачевски: Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе за 15 отсто повеќе струја од истиот период лани
Ковачевски: Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе за 15 отсто повеќе струја од истиот период лани 16/08/2022 ВЕСТИ АД ЕСМ работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона, порача денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски. Во моментов, потенцира, има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени. Нагласи дека во првите седум месеци од годинава ЕСМ произведе 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени 1.914 гигават часови, а целиот план за производство на електрична енергија за 2022 година е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани. -Зголеменото производство годинава се должи, пред се, на зголемувањето на производството на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека кај хидроелектраните има значајна заштеда на вода и намалување на производството за 25 проценти во споредба со првите седум месеци лани. Планот за производство, како што посочи, се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји. -Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, посочи Ковачевски. ТЕЦ Неготино, како што кажа, работи со еден котел согласно потребите на ЕСМ, а се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба. Во РЕК Осломеј се реализираат ремонтни активности за да биде подготвен за грејната сезона. Воедно се врши и набавка на јаглен за неговите потреби.вј/лв/ Скопје, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Санкции за раководителите на институциите што нема да заштедат 15 отсто струја
Санкции за раководителите на институциите што нема да заштедат 15 отсто струја 16/08/2022 ЛОКАЛНО На 15 секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштеда до 15 отсто. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија. -Јавноста ќе има увид која институција колку струја потрошила. Секој месец ќе се објавуваат извештаите за потрошувачката на државните институции, и за сегашната и за претходната година, за да се согледа споредбата. Раководителите ќе бидат одговорни за мерките, но и јавноста ќе има пристап, односно увид во потрошувачката. Така ќе видиме како постапиле раководителите. Ако не водат сметка и не ги реализираат препораките за заштеда до 15 отсто, ќе сносат последици, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции. На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,… За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,… Препораките и задолженијата ќе бидат во сила од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. мч/лв/ Скопје, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
„Газпром” најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа
epa09872276 The Logo of the Gazprom Germania in Berlin, Germany, 05 April 2022. German Federal Network Agency on 04 April announced that it has taken over control of Russian gas company German subsidiary Gazprom Germania. The Agency will be used as a trustee until 30 September to ensure proper management of the company. EPA-EFE/FILIP SINGER „Газпром” најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа 16/08/2022 ВЕСТИ Рускиот производител на гас „Газпром” денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри. Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина. Производството на „Газпром” од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува „Газпром” на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти. Рускиот весник „Комерсант” објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на „Газпром”. – Цената на гасот во Европа вчера се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е сè поскап поради високите температури на воздухот и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река. Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производните капацитети, се наведува во текстот на „Комерсант”. ми/ Москва, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M, големо отворање на 18-ти август 2022
Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M, големо отворање на 18-ти август 2022 16/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 шведскиот моден бренд ќе и се претстави на македонската потрошувачка публика со најновите колекции за деца и тинејџери, мажи и жени. ,,Возбудени сме што конечно можеме да му посакаме добредојде на H&M во семејството на Ист Гејт Мол. Од денес Скопје се наоѓа на мапата на светските метрополи каде H&M има свои продавници. Ќе биде прекрасен ден на отворање на првата и единствена продавница на H&M во Македонија. Отворањето ќе биде вистински убав настан за лансирање на брендот на нашиот пазар, по примерот на останатите светски метрополи. На денот на отворањето, брендот ќе подели многу подароци вклучувајќи и попусти до 50% на селектирана облека и обувки. Со отворањето на H&M, во комбинација со останатиот бренд микс, Ист Гејт Мол се позиционира како водечки трговски центар на пазарот, каде потрошувачите можат да уживаат во сосема поинакво потрошувачко искуство” – изјави Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков. Ист Гејт Мол е единствениот трговски центар на пазарот каде водечките модни брендови, како H&M, Индитекс и ЛПП се присутни со своите целосни портфолија, најнови концепти и најголеми формати на продавници. Овие модни брендови во комбинација со над 200 останати, го позиционираат Ист Гејт Мол како најголем трговски центар во нашата земја. Ист Гејт Мол е трговски центар од последната генерација на трговски центри, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување. Бидете во „Ист Гејт Мол“! 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Зголемени вкупните приходи во државниот буџет на Грција
Зголемени вкупните приходи во државниот буџет на Грција 16/08/2022 СВЕТ Во првите седум месеци од годинава, вкупните приходи во грчкиот државен буџет изнесуваат 36.846 милиони евра, зголемени за 5.556 милиони евра, односно за 17,8 отсто повеќе од поставената цел, според привремените податоци за извршување на државниот буџет, кои денеска ги соопшти Министерството за финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. За периодот јануари – јули 2022 година даночните приходи изнесуваат 31.094 милиони евра, што е зголемување за 5.167 милиони евра или 19,9 проценти во однос на целта вклучена во извештајот за Буџетот за 2022 година, додека пак дефицитот изнесува 4.591 милиони евра наспроти целта за дефицит од 9.180 милиони евра. Алтернативниот министер за финансии на Грција Теодорос Скилакакис рече дека добриот тек на јавните приходи продолжува и во месец јули. ср/ Атина, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Бектеши: Нема да има рестрикции ако сé оди според планот на ЕСМ
Бектеши: Нема да има рестрикции ако сé оди според планот на ЕСМ 16/08/2022 ВЕСТИ Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат. -Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши. Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство. – ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски. мч/вј/ Скопје, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Пратениците да го усвојат законот за заштита на потрошувачите, апелира Бектеши
Пратениците да го усвојат законот за заштита на потрошувачите, апелира Бектеши 16/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите за да се овозможат поригорозни мерки за трговците кои ја користат кризната ситуација за воено профитерство и манипулации, апелира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Очекувам и ги молам пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите кој веќе 2,5 месеца е во процедура. Тогаш ќе се зголеми можноста на инспекциите да преземат поригорозни мерки за тие што го користат моментот за воено профитерство и прават манипулации со клинетите и потрошувачите, рече Бектеши на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање зошто трговците постојано ги покачуваат цените и покрај замрзнатите маржи. мч/вј/ Скопје, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Министерката Петровска по повод свеченоста „Златни значки за 30 години активна служба во Армијата”: Вие ја градевте, вие ја изградивте, вие бевте професионалците кои заедно со вашите колеги создадовте историја која ќе ја паметиме и иднина која ја посакуваме
Министерката Петровска по повод свеченоста „Златни значки за 30 години активна служба во Армијата”: Вие ја градевте, вие ја изградивте, вие бевте професионалците кои заедно со вашите колеги создадовте историја која ќе ја паметиме и иднина која ја посакуваме 16/08/2022 ВЕСТИ Во рамки на одбележувањето на јубилејот „30 години Армија на Република Северна Македонија”, денеска во Касарната Илинден – Скопје се одржа свеченост на која беа доделени златни значки за 30 години активна служба за припадниците на Армијата. На свеченоста присуствуваше и се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска која најнапред упати голема благодарност до сите припадници за нивната посветеност, за целиот труд и напорна работа во изградбата на Армијата, достојна за почит и со највисока доверба кај граѓаните. „Кога велиме дека Армијата започнавме да ја градиме од самиот темел, мислиме на вас. Вие ја градевте, вие ја изградивте, вие бевте професионалците кои заедно со вашите колеги создадовте историја која ќе ја паметиме и иднина која ја посакуваме. Вашиот вложен труд и енергија вродија со големи резултати, вклучувајќи го и нашето историското членство во Алијансата. Сите вие, кои учествувавте во овие процеси со гордост може да кажете дека сте биле дел од овој успех. Вие знаете најдобро што значи да се биде дел на еден тим, на едно семејство кое си ја сака татковината и работи за неа – бескомпромисно и без задршка”, истакна Петровска. Министерката Петровска упати порака до припадници на Армијата кои добија златна значка да продолжат да го споделуваат своето знаење со помладите колеги кои ќе продолжат да ја градат оваа институција, институција која е почитувана и посакувана. „Сето она што го направивме досега покажува дека силно го вреднуваме вашиот придонес кон одбраната и татковината и затоа денеска ми е и чест и задоволство што на секој од вас лично му ја доделив значката за 30-годишна служба во Армијата”, рече министерката Петровска. На денешната свеченост министерката Петровска додели 281 златна значка на припадниците на армијата и тоа на 145 офицери, 69 подофицери и 67 цивилни лица. Златна значка му беше доделена и на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски. 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
НА 28-миот Сараево Филм Фестивал наградени серии на Телеком Србија
НА 28-миот Сараево Филм Фестивал наградени серии на Телеком Србија 16/08/2022 МАРКЕТИНГ Со освојувањето на наградата на овогодишниот Сараево филм фестивал, компанијата Телеком Србија се здоби со уште една потврда за квалитет од регионот кога станува збор ѕа продукција на сериска и филмска содржина. Квалитетот на содржините на Телеком Србија препознаен е преку 27 номинации во различни категории, а регионалниот продукциски лидер ги претстави и своите идни проекти кои ја одушевија публиката. „Телеком Србија ја продолжува мисијата на интернационализација на своите серии и популаризација на домашната кинематографија. Фактот дека креираме серии кои се гледани на пет континенти ни дава ветар во грб и поттик за да бидеме уште подобри и покреативни и секоја година да ги поместиме границите на квалитетот на продукцијата промовирајќи го на тој начин нашиот регион како плодна почва за создавање квалитетни содржини“, изјави Владимир Лучиќ, генерален директор на компанијата Телеком Србија. За Срцето на Сараева, главната награда на фестивалот, беа номинирани дури седум проекти на Телеком Србија во сите категории – „Беса 2“, „Убијците на мојот татко 5“, „Чудни љубови“, „Блок 27“, „Сложни браќа 2“, „Мочуриште 2“ и „Црна свадба“. Најголемиот број номинации, во досега најсилната конкуренција, е само една од потврдите за највисок квалитет на продукцијата Телеком Србија. Телеком Србија продолжува со производство на врвна содржина, па претставничките на оваа компанија Марина Гаровиќ и Јасмина Лакобрија со авторите на сериите во салата на фестивалскиот центар претставија некои од идните проекти на продукцијата Телеком Србија, како што се сериите „Волјата на синот“, „Бунар“, „Прошетка со лав“, „Посета“, „Пасјача“ и „Немирни“. Позитивните реакции на публиката недвосмислено укажуваат дека со нетрпение ги очекуваат новите проекти и дека во иднина некои од нив можеби ќе бидат главни претенденти за наградите на овој фестивал. Давесет и осмиот по ред Сараево филм фестивал и оваа година ги собра најуспешните претставници на филмската индустрија од регионот и светот, со цел меѓународна промоција на регионалните остварувања, таленти и идни проекти. Во текот на осумте дена на фестивалот во Сараево, повеќе стотици медиумски и телевизиски експерти и критичари сведочеа за големиот успех на продукциската куќа Телеком Србија и уживаа во најновите достигнувања на регионалната и светската кинематографија. 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите препораки, за институциите конкретни задолженија
Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите препораки, за институциите конкретни задолженија 16/08/2022 ВЕСТИ Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции. Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. мч/вј/ Скопје, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Рекорден пад на реалните плати во Велика Британија
Рекорден пад на реалните плати во Велика Британија 16/08/2022 ВЕСТИ Реалните плати на работниците во Велика Британија забележаа пад во тримесечниот период, заклучно со јуни, најсилно откако одделението за статистика почна со објавување податоци. Во периодот од април до јуни платите пораснале за 4,7 отсто, објави Канцеларијата за национална статистика во текот на вчерашниот ден. Инфлацијата во јуни достигна 9,4 отсто, највисоко ниво во 40 години, а својот врв би требало да го достигне кон крајот на годинава. Тогаш, се очекува да изнесува 11 проценти. Тоа значи дека реалните плати паднале за 4,1 отсто, што е најсилно откако Канцеларијата за национална статистика почна да евидентира податоци во 2001 година. бд/зш/ Лондон, 16 август 2022 (МИА) 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена
Претставник на Бимилк на престижен тренинг во Израел – Технологија и безбедност на храна во време на глобални промени
Претставник на Бимилк на престижен тренинг во Израел – Технологија и безбедност на храна во време на глобални промени 16/08/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Вложувањето во едукацијата на вработените е една од континуираните активности со кои Бимилк ги зголемува експертизата и професионалноста кај своите кадри. Со цел зголемување на знаењата соодветно најновите трендови во прехранбената и млечната индустрија, Бимилк испрати свој претставник на тринеделниот тренинг за млади професионалци на тема Исхрана на иднината: Технологија и безбедност на храна во време на глобални промени. Тренингот беше во организација на Агенцијата за меѓународна развојна соработка на Израел – MASHAV и Еврејскиот Универзитет од Ерусалим-Факултет за агрикултура, храна и животна средина кој има 7 факултети и повеќе од 100 истражувачки центри. На престижниот едукативен настан, каде меѓу 27 магистри и доктори на науки од 19 земји, единствен учесник од нашата земја беше м-р Александра Гроздановска задолжена за развој на квалитетни и безбедни производи за потрошувачите на Бимилк, беа презентирани најновите заклучоци во преработката на храна и безбедноста при овој процес. Со посетата на овој семинар таа се стекна со знаење за нови технологии и пристапи во безбедноста на храната и патот на производите уште од самиот почеток на синџирот на исхрана – од одгледување и берба на храна за молзните животни, преку добивање на квалитетно сурово млеко, до производство на квалитетни и безбедни млечни производи. „Посетата на Израел беше едно извонредно искуство – пред сè од професионален аспект, а и од аспект на запознавање со нова култура и начин на живот во земја со ограничени природни ресурси што е доказ дека сè може да се постигне со работа и труд. Во земја без извор на вода и без плодна почва успеале да овозможат производство на храна со рационално искористување на ресурсите, со огромна дисциплина и со практична примена на научните истражувања. На тренингот, кој траеше три недели имав можност да слушнам и да видам практична примена на знаењата од областа на биолошки и хемиски штетности кај храната, нивно откривање и спречување, како и влијанието на пакувањето врз самиот производ. Предавањата беа од страна на врвни професори од универзитетот со повеќе од 40 години работно искуство, а практичниот дел се одвиваше на различни локации во истражувачките центри на универзитетот. Овие три недели беа од огромно значење за мене и за мојот професионален развој. Благодарна сум и ми претставува чест што бев избрана да учествувам и да ја претставувам компанијата и државата“, вели Гроздановска за искуствата од тринеделниот тренинг. Во однос на реализација на инвестиции и на воведување стандарди за безбедноста на храната Бимилк уште од 2010 година се стекна со престижниот сертификат ISO 22000 – Систем за управување со безбедност на храна. Покрај овој сертификат, Бимилк поседува и сертификати ISO 9001-Систем за управување со квалитет, ISO 14001- Систем за управување со животна средина и ISO 45001-Систем за управување со безбедност и здравје при работа. Во моментот тимот на Бимилк работи и на имплементирање на ISO 50001-Систем за управување со енергија со што дополнително ќе го зголеми својот придонес во заштита на животната средина и управување со обновливи извори на енергија. Од Бимилк велат дека во основата на работата на млекарницата е грижата за испорака на квалитетни производи до потрошувачите, процес што започнува од првата фаза во производниот ланец и каде главната и најодговорна функција ја имаат токму вработените кои се носители на знаењата и вештините во создавање и доставување квалитетен и безбеден производ. 2022-08-16 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn...
Бизнис вести | 2 дена