Курти и Вучиќ единствено се договорија повторно да се сретнат
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Косово и Србија не постигнале договор за прашањето околу регистарските таблички и српските лични документи. Наместо тоа, страните се согласиле да продолжат со дискусиите и во следните денови затоа што, како што рече, сè уште има време и Брисел не се откажува од инсистирањето Приштина и Белград да дојдат до компромис за овие прашања.На крајот на јуни владата на Косово донесе одлука според која секое лице кое патува од Србија во Косово со документ за лична идентификација издаден од српските власти на граничните премини треба да потполни образец кој привремено ја заменува употребата на личната карта.Владата на Косово донесе и одлука за овозможување регистрација на возилата со регистарски таблички РКС за сите возила со српски регистарски ознаки кои се однесуваат на градови во Косово, како и решение за преминување на границата.Борел нагласи дека денешните средби во Брисел не биле вообичаени, туку биле средби за менаџирање со кризата. До дискусиите дојде три недели по тензиите во северно Косово кога Србите подигнаа барикади на 31 јули и 1 август за да се спротивстават на одлуката на Владата во Приштина за регистарските таблички и српските лични документи. Курти и Вучиќ со европско посредство денеска одржаа две средби, но не одржаа прес-конференција. Вучиќ најави обраќање за утре....
Алсат-М | 10 часа
Таравари: Експертска Влада за уставни измени и за средување на хаосот
Претседателот на државата има должност да ги свика политичките партии поради општиот хаос што владее во државата. Ова е мислење на потпретседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој предлага формирање на привремена експертска влада за која ќе треба да се договорат сите партии.„Мојот апел е политичките партии да понудат експерти кои за година или година и пол би ја подготвиле земјата за следните парламентарни избори кои треба да се одржат или следната 2023 или 2024 година. Овие имиња не треба да се имиња од политички партии, туку луѓе кои се познати како експерти во различни области, Албанци и Македонци, на кои сите политички партии би им верувале бидејќи имаат професионален кредибилитет“, вели Таравари.Во сегашната ситуација уставните измени се невозможни, па Таравари верува дека техничката влада би била решение.„Да средат малку во поглед на енергетските кризи, економските кризи, здравствените кризи, образовните кризи. Би се работело за стабилизација на земјата и подготовка за започнување на преговорите и за евентуалните уставни измени кои ѝ се неопходни на нашата земја“, додава Таравари.За идејата не се разговарало во рамките на Алијанса, ниту со други партии. Сепак Таравари смета дека треба сериозно да се разгледа во наредните денови. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори и што поскоро да ја преземе власта, а од СДСМ и ДУИ велат дека избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Ниту една од другите партии досега не ја коментираа идејата за експертска влада.Фатлуме Дервиши...
Алсат-М | 13 часа
Во Србија сите болни со мајмунски сипаници се машки лица
Во Србија се регистрирани 31 случај на заболени со мајмунски сипаници. Броењето почнало од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај, па сè до 17 август, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Тројца од нив се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување....
Алсат-М | 13 часа
Продолжува „сапуницата“ Русковска – Муареми, се чекаат нивни наследници
Владата сè уште не одлучила кој ќе го замени Арафат Муареми во Управата за Финансиска полиција, иако медиумите веќе почнаа да наведуваат можни имиња за оваа функција. Извршната власт ден претходно соопшти дека изборот на новиот директор ќе биде извршен во најбрз можен рок. Муареми поднесе оставка од функцијата на крајот на својот мандат, по јавните расправии со шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Русковска изврши претрес во канцелариите на Муареми, а тој се побуни дека имало прекршоци во текот на постапката, што го констатираше и главниот јавен обвинител Љубомир Јовески.Јовески одлучи привремено да ја суспендира Русковска од функцијата. Таа најави, но сè уште не ја доставила жалбата за ваквата одлука до Советот на обвинители. Има рок од осум дена. Русковска потоа може да ја образложи својата претставка пред советот, а советот ќе одлучи дали таа ќе биде евентуално привремено суспендирана до завршувањето на дисциплинската постапка што е покрената против неа.Паралелно со ова, посебна дисциплинска комисија во Јавното обвинителство ќе одлучува што ќе прави со Русковска и обвинителите против кои се води дисциплинска постапка, доколку се докаже дека ги прекршиле процедурите при претресот во Финансиската полиција. Оваа комисија може да ја ослободи Русковска од одговорност, да изрече дисциплински мерки или да ја разреши од обвинителската функција.Во меѓувреме, на чело на Обвинителството за организиран криминал привремено е седната поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова. Но, сè уште не се знае кој обвинител ќе го преземе случајот за тековните истраги во Финансиската полиција, поради кои почна судирот меѓу Русковска и Муареми.Фатлуме Дервиши...
Алсат-М | 13 часа
Утре кулминација на летната горештина, па невреме и заладување!
Земјава се наоѓа во портокалова фаза поради високите температури кои денеска достигнаа 39 степени. Лекарите апелираат до граѓаните што помалку да се изложуваат на сонце, особено во пладневните часови. Од Првата помош велат дека уште повнимателни треба да бидат граѓаните со хронични заболувања и постарите од 60 години.Поради високите температури, на компаниите им се препорачува да не ги изложуваат вработените на сонце напладне, да го намалат работното време, да ги ослободат од доаѓање на работа трудниците и хронично болните. Во спротивно може да им се изрече забрана за вршење на дејноста.Додека надлежните институции препорачуваат да се избегнува движење на сонце, а особено да не се работи на сонце, не сите компании ја почитуваат одлуката.Од трудовиот инспекторат велат дека од денеска се на терен и вршат контроли. Од Управата за хидрометеоролошки работи пак, најавуваат дека утре температурите насекаде ќе бидат над 35, а во југоисточниот дел од земјава ќе достигнат и до 42 степени. Потоа од викендов следува нестабилно време со пад на температурите.Мефаил Исмаили...
Алсат-М | 13 часа
УКИМ бара матурантите да пополнат изјава со кривична одговорност
Сите матуранти кои сакаат да аплицираат за студирање на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, не смее да се пријавиле на ниту еден друг универзитет во земјата или странство. За ова, апликантите треба да достават писмена изјава во која е нагласено дека може да сносат материјална и кривична одговорност. Оваа изјава загрижи некои идни студенти и нивните родители.Во изјавата која апликантите за упис мора да ја потпишат, стои:„…под морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека немам поднесено документи и не сум конкурирал за упис на друг универзитет во земјата или странство.“Покрај оваа изјава, идните студенти, особено оние на Архитектонскиот факултет на УКИМ во Скопје, мора да потпишат и изјава со која им се ограничува временското право за повлекување на поднесените документи.„Изјавувам дека доколку се запишам на факултет нема да ги барам оригинални документи (свидетелствата) најмалку три месеци.“Од просветниот инспекторат велат дека не се информирани оти Универзитетот и Архитектонскиот факултет бараат од апликантите за упис да ги потпишат горенаведените изјави. Велат и дека вакви изјави не се ни бараат во Законот за високо образование, па утре ќе извршат инспекција.„Во Законот за високо образование и во конкурсот што го објави универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за пријавување студенти во прва година за учебната 2022/’23 година, не постојат одредби со кои студентите можат да се обврзат во текот на уписот да пополнуваат изјави за неповлекување на документите во рок од три месеци, како и изјава дека не конкурирале на друг универзитет. Иако, во Државниот просветен инспекторат не пристигнале слични поплаки, ние како инспекторат врз основа на информирање од ваша страна, одредивме инспекција за утре со цел процесирање на случајот“, велат од Просветниот инспекторат.Инаку, во членот 27 од Законот за високо образование стои дека студентот има право истовремено да студира на повеќе студиски програми од различни специјализации и да учи различни предмети.Мефаил Исмаили...
Алсат-М | 13 часа
Во гостиварско Дебрештe ниту канализација, ниту асфалтиран пат
Иако беше ветено дека во текот на летово ќе се реализира проектот за канализација и асфалтирање на патот во селото Дебреште во Општина Гостивар, сепак летото веќе изминува, а патот и понатаму е во иста состојба, со дупки, без асфалт и со многу нечистотии како кал кога врне и прашина во топлите денови.Жителите се жалат дека покрај тоа што си ги уништуваат автомобилите, имаат проблем и со нечистотија, а децата не можат да излегуваат поради прашината и калта.„Овој пат стана ваков осум или повеќе месеци. Кога почнаа наводно да ја прават канализацијата, ја оставија на половина и ја направија оваа катастрофа, иако веќе беше оштетено, но сега е катастрофа. Се удавивме од менување автомобилски гуми. 75 евра е една гума. Од крстосницата до овде е катастрофа еден месец, два пати сменив гуми. Од општината не велат дека не го прават, велат ќе го направат следната недела и ништо…“„Од утро до вечер на овој пат имаме проблеми, нè уништија со овој пат. Прашај го соседот како сме, катастрофа е. Рекоа дека ќе направат канализација, па патот, но патот никаде го нема, само го изораа и го оставија така“, реагираат жителите.Алсат праша во јавното општинско претпријатие Гостивар зошто патот не е досега асфалтиран, но одговор не добивме. Побараа да им доставиме прашања на писмено и оти во текот на денот ќе ни одговорат. Но, не добивме ниту таков одговор. Инаку, канализацијата од околу еден километар почна да се прави уште среде кампањата на последните општински избори. Оттогаш состојбата остана ваква, а на места има и јами длабоки до еден метар.Башким Сулејмани...
Алсат-М | 15 часа
Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи
Агенцијата за млади и спорт (АМС) со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Како што соопштија од Агенцијата, нема да се дозволи овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да престане да се одржува.„И годинава Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција…“, наведоа од АМС.Повеќе детали ќе бидат соопштени утре во Охрид. Инаку, од кабинетот на претседателот на државата, кој е покровител на настанот, вчера соопштија дека маратонот нема да се одржи поради тоа што пливачката федерација имала блокирана сметка. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, па локалните власти во Охрид соопштија дека тие ќе го организираат.„99% маратон ќе има. Разговарајќи со клубовите, ние имаме две-три години неисплатен награден фонд кон пливачите. И ние од сношти почнавме да пуштаме покани преку федерацијата…“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.…За една трка со 30 пливачи, потребно е да се ангажираат околу 200 луѓе. Охридскиот маратон се плива од Свети Наум до Охрид со должина од 30 километри. Традиционално се одржува последната недела од август.„….За 24 часа ние со Црвен крст можеме да го стокмиме маратонот утре да пливаме. Донесете вие пливачи и обезбедете ги средствата…“, рече Кочо Паскали-пливачки клуб Охридски бранови.Од возобновувањето на маратонот во 1992 година, редовно секоја година имало финансиски проблеми.„…Цела светска елита доаѓаше во Охрид. Но, имаше ред и поредок. Сметката на федерација е блокирана повеќе од 10 години…“, додава Паскали.Градоначалникот Пецаков вели дека за да се организира пристојна манифестација, потребни се најмалку 50.000 евра. Охридскиот маратон годинава слави јубилеј 60 години постоење….Мики Трајковски...
Алсат-М | 15 часа
Агенцијата за млади и спорт ќе го организира Охридскиот пливачки маратон
Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Како што соопштија од Агенцијата, нема да се дозволи овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине, па затоа ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот.„И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“, соопштија од Агенцијата за спорт и млади.Повеќе детали директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре во просториите на општина Охрид....
Алсат-М | 15 часа
Стопанството страда од скапата струја, помош од Владата или клуч на врата
Сметките за струја на компаниите се повисоки за 20 отсто во однос на минатиот месец, а на годишно ниво трошоците им надминале дури за 500 проценти. Од Организацијата на работодавачи за Алсат велат дека континуираниот раст на цената на електричната енергија им ја намалува ликвидноста и во прашање го доведува опстанокот на добар дел од помалите компании. Бизнисмените стравуваат дека сметките за струја кои ќе ги добијат во екот на грејната сезона ќе бидат кобни.„Многу пострашно е размислувањето на компаниите што ќе се случува од есен кога ќе имаме зголемена потрошувачка на електрична енергија, како за греење на просториите, за дополнително осветлување. Повеќето од компаниите размислуваат дали зимава ќе треба да ги затворат своите капацитети и вработените да бидат на товар на државата. Доколку Владата не смогне сили да помогне на компаниите, ситуацијата ќе биде алармантна“, рече Владанка Трајковска претседателка на Организација на работодавачи.Од Стопанската комора посочуваат дека доколку на слободниот пазар на струја остане актуелната цена или ако таа продолжи да расте зимата, Владата ќе треба да размисли за директна буџетска поддршка и за компаниите и за домаќинствата.„Бизнисот укажува дека треба да се мисли и на економијата бидејќи ако не се исплатат плати на работниците, ќе се изгубат работни места. Доколку цената на струјата на HUPEX берзата која сега изнесува 500 евра за мегават час продолжи да расте, а најавите се дека до крајот на годината може да достигне и 1.000 евра, компаниите размислуваат за намалување на бројот на работници до целосно затворање на капацитетите“, наведуваат од Стопанската комора.Бизнисмените предупредуваат дека доколку и натаму немаат финансиска помош од државата, македонската економија ќе стане неконкурентна во однос на земјите во окружувањето, бидејќи околните влади веќе им дале парична помош на тамошните претпријатија.Иле Петревски...
Алсат-М | 16 часа
Целата драма околу Охридскиот маратон е 50.000 евра!
Само еден ден по информацијата која ја споделија од кабинетот на претседателот на државата, Пендаровски, дека годинава нема да се одржи Охридски пливачки маратон, денеска локалните власти во Охрид, соопштија дека тие најверојатно ќе го организираат. Но, сè зависи од тоа кој ќе дојде да плива.„99% маратон ќе има. Разговарајќи со клубовите, ние имаме две-три години неисплатен награден фонд кон пливачите. И ние од сношти почнавме да пуштаме покани преку федерацијата. Првото и основно прашање е дали годинава ќе биде исплатен наградниот фонд. Пливаат заради одредена заработка“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.Претседателот на државата секоја година се јавуваше како покровител. Но, сега се откажа поради блокирана сметка на пливачката федерација и лошо финансиско работење. За една трка со 30 пливачи, потребно е да се ангажираат околу 200 луѓе. Охридскиот маратон се плива од Свети Наум до Охрид со должина од 30 километри. Традиционално се одржува последната недела од август.„….За 24 часа ние со Црвен крст можеме да го стокмиме маратонот утре да пливаме. Донесете вие пливачи и обезбедете ги средствата…“, рече Кочо Паскали-пливачки клуб Охридски бранови.Од возобновувањето на маратонот во 1992 година, редовно секоја година имало финансиски проблеми.„…Цела светска елита доаѓаше во Охрид. Но, имаше ред и поредок. Сметката на федерација е блокирана повеќе од 10 години…“, додава Паскали.Градоначалникот Пецаков вели дека за да се организира пристојна манифестација, потребни се најмалку 50.000 евра. Охридскиот маратон годинава слави јубилеј 60 години постоење. Алсат испрати прашање и во Владата дали планираат финансиски да го помогнат настанот. Одговор не добивме.Мики Трајковски...
Алсат-М | 16 часа
Бугарско МНР: Дебатите во Скопје се „за“ или „против“ членство во ЕУ
Софија ги регистрира критиките во македонската јавност на бугарска адреса, но засега нема да реагира за говор на омраза. Експертот од бугарското МНР, Жељазко Радуков, оцени дека, по објавувањето на Протоколот меѓу двете земји и препораките на историчарите, во јавната дебата во Македонија се користат многу аргументи и псевдо-аргументи. Според него, дебатата се одвива меѓу две сили кои се позиционираат во општеството – оние кои се за членство во Унијата и сакаат добрососедски односи и оние кои се против ЕУ и европските вредности.„Коментарите кои беа упатени по објавувањето на Протоколот и препораките на Историската комисија се од лица кои не се во раководството на Република Северна Македонија и се насочени во внатрешно-политички контекст. Ние внимателно го следиме ова прашање и ќе решиме дали и кога ќе реагираме, но не и во оваа етапа. Треба да им дадеме време на нашите пријатели од Република Северна Македонија да си ја разрешат дебатата – ќе влегуваме во Европската Унија или не?“, рече Жељазко Радуков – главен експерт во МНР на Бугарија.Радуков истакна дека со Протоколот потпишан минатиот месец меѓу Бујар Османи и Теодора Генчовска започнал процес на враќање на довербата. Тој очекува овој процес да биде бавен, но вели дека првите чекори се охрабрувачки и двете земји засега ги исполнуваат преземените обврски. Заменикот-министер за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев откри дека согласно Протоколот, веќе се работи и на подготовка на календар за заедничко чествување на петте историски личности, за кои Мешовитата комисија постигна согласност.„Министерството за надворешни работи ја поздравува досегашната работа на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и ја охрабрува да продолжи уште поинтензивно во своите напори, со цел завршување, колку што се може поскоро, на работата за сите периоди од нашата заедничка историја“, рече Костадин Коџабашев – заменик-министер за надворешни работи на Бугарија.Домашните власти пак, претходно информираа дека во МНР веќе се формирани работни групи чија задача е исполнување на договореното од билатералниот протокол.Лука Андреев...
Алсат-М | 16 часа
Од утре поскапува дизелот, Регулаторна го објави новиот ценовник
Со одлука на регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска, цената на дизел горивото се зголемува за два денара по литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)...
Алсат-М | 17 часа
Општина Охрид ќе го организира пливачкиот маратон
Градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука Општина Охрид да го организира овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Ова дојде по координативниот состанок кој беше одржан утрово. Пецаков за „А1он“ ја потврди информацијата.Маратонот ќе биде поддржан и од спонзори, како и Агенцијата за млади и спорт. По долги години традиција и организација на маратонот од страна на Македонската пливачка федерација, ова ќе биде првпат, целата организација да ја прави Општина Охрид. На овој начин се спасува одржувањето на манифестацијата, бидејќи Федерацијата е со блокирана сметка и не можеше да го организира маратонот....
Алсат-М | 17 часа
Заврши првата средба меѓу Курти и Вучиќ, најавени одвоени средби со европската страна
Во Брисел заврши првата рунда од таканаречената трилатерална средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со претставници на Европската унија како дел од дијалогот на највисоко политичко ниво. Како што дознава Радио Слободна Европа, ќе има одвоени билатерални средби меѓу лидерите на Косово и Србија со европската страна, со цел лидерите повторно да се соберат во текот на денот. Во зградата на ЕУ каде што се одржува дијалогот пристигна и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар. Американската страна не учествува во дијалогот, но САД целосно ги поддржуваат напорите на ЕУ во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово....
Алсат-М | 17 часа
Координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон.Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација.„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков.Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.„Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи, кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер“, стои во објавата на Пецаков.Реакцијата на Пецаков беше по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план.Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство....
Алсат-М | 18 часа
Александар Мирчевски ќе вози мотор, а Елена Јакимовска освои часовник во второто коло од наградната игра „Играј, собирај и освој“ на 2win.mk
Александар Мирчевски задоволен и среќен го подигна својот мотор скутер Piaqqio, наградата која ја освои учествувајќи во второто коло од наградната игра, во категоријата спортско обложување на играчката платформа 2win.mk. Тој сподели дека многу и се радува на наградата, а и во иднина ќе биде редовен играч на 2win.mkЕлена Јакимовска ја освои наградата рачен дигитален часовник Garmin SmartWatch Venu 2 Plus во второто коло од наградната игра во категоријата спортско обложување.Наградната игра ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ со вкупен фонд од 6.684.831,00 денари, донесе 240 награди во три кола за секоја категорија, како и главни награди, на крајот на наградната игра, за секоја категорија. Последното, трето коло заврши на 15.08.2022. Деновиве ги очекуваме и добитниците од ова коло, како и освојувачите на главната награда- 1 милион денари, која ќе биде доделена и во двете категории.#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИГРАЈСОБИРАЈИОСВОИ...
Алсат-М | 18 часа
Почна средбата меѓу Курти и Вучиќ во Брисел
Во Брисел е во тек заедничка средба меѓу премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со претставници на Европската унија како дел од новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград на највисоко политичко ниво. Домаќини на состанокот се високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Борел, кој пред дијалогот одделно се сретна со Курти и Вучиќ, напиша на Твитер дека очекува двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да постигнат заеднички став.„Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да најдат заеднички јазик“, напиша Борел пред средбата. По средбата со Борел, Вучиќ на Инстаграм напиша дека почнуваат разговори за „суштинските проблеми“ на Косово и дека се надева на некакво решение иако, како што наведе, „воопшто не верува во тоа“....
Алсат-М | 18 часа
Вооружен напад во Албанија, има жртви
Две лица се убиени, а сторителите се во бегство откако на патниот правец на излезот од село Панаја, недалеку од Валона, Албанија, отвориле оган врз возилото во кое биле жртвите.Автомобил тип „БМВ“ без регистарски таблички е пронајден во селото Червен, на патната оска Леван – Тепелен, за кој полицијата се сомнева дека е на напаѓачите.Според полициски извори, во возилото кое било опожарено, се пронајдени 3 автоматски, пушки кои можеле да бидат употребени при убиството.„Истражниот тим под раководство на Обвинителството на Судскиот округ на Валона е на местото на инцидентот, каде што продолжува работата за расветлување и целосно документирање на околностите на инцидентот, идентификација и фаќање на сторителите, како и идентификување на двајцата државјани пронајдени без знаци на живот.Полициските служби на ДВП Валона, Делта Форс, во соработка со ДВП Фиер, поставија контролни пунктови и го чешлаат теренот за да се овозможи фаќање на сторителите“ – велат од полицијата.Тешкиот инцидент се случил околу 09:50 часот, на излезот од село Панаја, при што во неразјаснети околности загинале две лица. Врз возилото со кое се движеле било пукано од задната страна, при што излетало од патот и завршило во канал.Сѐ уште нема други детали за инцидентот, а патот е блокиран....
Алсат-М | 18 часа
Над 20 загинати во експлозија во џамија во Кабул
Експлозија одекна во џамија преполна со верници за време на вечерната молитва во авганистанскиот главен град Кабул на 17 август, при што загинаа над 20 луѓе, а десетици беа ранети, соопштија болницата и официјални лица. Италијанската невладина организација Emergency, која управува со болница во Кабул, соопшти дека примила 27 жртви од експлозијата во северозападниот кварт на Кабул, вклучувајќи и три жртви. „Повеќето од пациентите што ги примивме по експлозијата во џамијата страдаат од повреди од гранати и изгореници“, соопштија од болницата.Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но локалната филијала на Исламска држава ги засили нападите откако Талибанците се вратија на власт во август минатата година по повлекувањето на силите предводени од САД. Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид потврди дека има мртви и ранети во експлозијата, но не прецизираше колку. „Убијците на цивили и сторителите наскоро ќе бидат казнети за нивните злосторства“, напиша тој на Твитер....
Алсат-М | 19 часа
Парламентот на Црна Гора утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ
Собранието на Црна Гора утре треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање се уште е неизвесен, пренесе Бета.Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора....
Алсат-М | 19 часа
Приведени дилери од Гостивар, пронајден хероин
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 15:15 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар ги лишиле од слобода К.С.(52) и М.А.(60) од Гостивар, затоа што при преглед кај К.С. биле пронајдени 34 пакувања хероин.Како што информираат од МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“....
Алсат-М | 19 часа
Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро
За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава....
Алсат-М | 19 часа
Без струја утре делови од општините Илинден и Кисела Вода
Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија.Од 08:15 до 15.15 часот без струја ќе бидат корисниците од населените места Текија, Дељадровце и Миладиновци во општината Илинден, а од 10 до 11 часот дел од корисницте од ул. „Ефтим Спространов“ од бр. 31 до бр. 50 во општината Кисела Вода.Причина за прекинот во снабдувањето со струја, како што се посочува, се закажани технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа....
Алсат-М | 20 часа
Хорор во Нов Зеланд: Во куфери купени на аукција, пронајдени остатоци од детски тела
Остатоците на две деца се пронајдени во куфери купени на аукција во магацин во Оукланд, Нов Зеланд, соопшти локалната полиција.Се верува дека жртвите се на возраст од пет до десет години.Куферите биле откриени меѓу предметите купени на големо во тој магацин.Истрагата е во тек, а полицијата работи на откривање на жртвите....
Алсат-М | 20 часа
По сообраќајката во Бугарија: Сопственикот на српскиот автобус доби 99, а закупецот четири казни за тешки прекршоци
Сопственикот на српскиот автобус кој падна во ендек на автопатот „Тракија“ во Бугарија на 14 август доби 99 казни за тешки прекршоци, а закупецот на автобусот е казнет со четири казни за тешки прекршоци, објавуваат српските медиуми.„Припадници на сообраќајната полиција извршија надзор над правното лице – сопственикот на тоа возило, како и претприемачот кој е корисник на автобусот по договор при што, правното лице – сопственик на возилото е констатирано дека сторил прекршоци од Законот за работното време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографите, за што му се изречени 99 прекршочни наредби со глоба во вкупен износ од 3 510 000 динари како и барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопштија од српското Министерството за внатрешни работи.Надзорот кај корисникот на возилото по договор за закуп, кој инаку поседува важечка дозвола за превоз на патници, констатирани се прекршоци од Законот за работно време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографи, за што му се изречени четири прекршочни казни со вкупна глоба од 420 000 динари, а поднесено е и барање за поведување прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Според Обвинителството техничкиот преглед е завршен и ништо не укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка....
Алсат-М | 20 часа
МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.Општите мерки кои треба да се почитуваат, поради портокалова фаза денеска и утре во целата држава, како што препорачуват од МТСП се ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението од МТСП.Оттаму потсетуваат дека согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките.-Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Оваа мерка да биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, велат од МТСП.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд....
Алсат-М | 20 часа
Јунајтед сака да ангажира тројца нови играчи?
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед сака да ангажира уште најмалку тројца играчи до крајот на преодниот рок. Јунајтед ќе тргне по играчот на Челзи, Кристијан Пулишиќ, голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Сомер и Бразилецот Касемиро од Реал, пренесуваат британските медиуми.Клубот од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок ги доведе Кристијан Ериксен, Тајрел Маласија и Лисандро Мартинез. Сепак, на англискиот клуб му требаат засилувања за да биде конкурентен во преостанатиот дел од сезоната.Британските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ на крајот од преодниот рок влегуваат во „панично купување“ откако тимот лошо ја стартуваше новата сезона и забележа два порази во Премиер лигата.Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг бара квалитетни решенија на средината на теренот, а раководството на англискиот клуб е подготвено да му понуди 60 милиони евра на Реал за Касемиро.Некои шпански и британски медиуми пренесуваат дека Реал за бразилскиот фудбалер би можел да бара 80 милиони евра.Манчестер јунајтед сака да го ангажира Кристијан Пулишиќ, бидејќи мали се шансите Френки де Јонг од Барселона да пристигне во тимот од „Олд Трафорд“.Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, не смета на американскиот репрезентативец во преостанатиот дел од сезоната, додека Пулишиќ бил подготвен да ги засили „црвените ѓаволи“.Манчестер јунајтед планира да го доведе Јан Сомер на позајмица, бидејќи тој треба да биде замена за првиот голман на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа.Извор: топ спорт...
Алсат-М | 21 часа
Ердоган, Зеленски и Гутереш на средба во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган и шефот на ОН Антонио Гутереш ќе се сретнат денеска во украинскиот град Лвив, Гутереш утре ќе го посети украинското пристаниште Одеса на Црното Море, од каде што повторно се извезува жито. Извозот беше запрен поради петмесечната инвазија на земјата од страна на Русија. Освен од Одеса, жито се извезува уште од две пристаништа. Првиот брод изнајмен од ОН, натоварен со жито, ја напушти Украина во вторникот и замина за Африка. Украина и Русија, се меѓу најголемите извозници на жито во светот. „На покана на претседателот Володимир Зеленски, генералниот секретар в четврток ќе биде во Лвив за да присуствува на трилатерален состанок со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и украинскиот лидер“, рече портпаролот на Гутереш Стефан Дужарик на брифинг со новинарите во вторникот во Њујорк....
Алсат-М | 21 часа
Состојба на границите – еве каде се чека најмногу денеска
На сите гранични премини, освен на Табановце, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.На Табановце времето на чекање и за влез и за излез од државата е околу 30 минути.Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот само во работни денови.Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови.Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен....
Алсат-М | 21 часа
Казни за 167 возачи во Скопје, 53 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции.Како што соопшти МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за непрописно престигнување и обиколување…Засилените акциски контроли продолжуваат....
Алсат-М | 21 часа
Почесна артилериска стрелба по повод јубилејот 30 години од формирањето на Армијата
По повод централната свеченост за одбележување на Денот на Армијата и 30 годишниот јубилеј, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, денеска, со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на три плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата.Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот на Армијата....
Алсат-М | 22 часа
Македонија денеска и утре во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран
Владата поради топлотниот бран најавен за денеска и утре донесе препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, како и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници....
Алсат-М | 22 часа
Курти: Косово може да се откаже од документите доколку Србија го стори истото
Косовскиот премиер Албин Курти во пресрет на бриселскиот дијалог со претседателот на Србија не ја исклучи можноста косовската Влада да се откаже од издавањето привремени документи за српските државјани доколку од тоа се откаже и официјален Белград. „Можно е да не издаваме документи на 1 септември, бидејќи и Србија ќе се откаже од издавањето документи на граничните премини со Косово. Сакаме односи на реципроцитет“, рече Курти. Тој вчера во Брисел се состана со претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак и со претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. И српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел имаше средби и со Лајчак и Ескобар. Курти и Вучиќ претходно се сретнаа со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одвоени средби во Брисел....
Алсат-М | 22 часа
Вилма Русковска пишува жалба за суспензијата
Суспендираната претседателка на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители поради нејзиното оддалечување од функцијата од страна на републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Таа ја потврди информацијата за медиумите, откако ја прими писмената одлука. Започнатите случаи и материјалите на кои работеше ќе му бидат оставени на друг обвинител. Допрва ќе треба да се бира нов прв човек на Обвинителството за организиран криминал. Инаку и против заменичката на Русковска, Ивана Трајчева, се води дисциплинска постапка за истиот случај, односно за претресот во Финансиската полиција.Суспендирањето на Русковска и дисциплинските мерки против другите три обвинителки за организиран криминал уследија по кривичната пријава на директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми. Обвинителките на 18 јули извршија упад во канцелариите на Муареми под сомнение дека крие случаи за кои обвинителството не е информирано. Муареми ја обвини Русковска за кршење на процедурите за време на претресот, а Русковска се пожали на притисоци од Муареми. Јавното обвинителство на Љубомир Јовески подоцна излезе со извештај во кој се констатирани прекршоци од тимот на Русковска при претресот. Врз основа на пријавата на Јовески, Муареми поднесе кривична пријава против Русковска и другите две обвинителки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева.Мандатот на Русковска требаше да ѝ заврши во ноември.Од друга страна, Владата наскоро ќе назначи друг директор на Финансиската полиција, откако Арафат Муареми вчера се повлече. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека мандатот на Муареми, всушност, завршил. Тој не го коментираше суспендирањето на Русковска, велејќи дека со таа работа треба да се занимава главниот јавен обвинител.Муареми рече дека се повлекува од функцијата за да нема ни најмал сомнеж за интегритетот и непристрасноста на истражната постапка која и понатаму ја води Обвинителството за организиран криминал.Фатлуме Дервиши...
Алсат-М | 1 ден
Хелсиншки: „Одбележувањето на Охридскиот договор, повод за ширење етничка омраза“
Од Хелсиншкиот комитет велат дека одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, наместо да има обединувачки карактер, било уште еден повод за ширење на етничка омраза и нетрпеливост. Во соопштението стои дека „обраќањето на водителката на македонски јазик, која присутните ја исвиркаа, директно се коси со идејата за мултикултурен фестивал и предизвикува омраза меѓу етничките заедници во земјата. Уште повознемирувачко е неказнувањето од страна на Владата, што дополнително влијае на поларизацијата во општеството. Без јасна осуда, очигледно е бесмислено да се слави Охридскиот договор, чиј дух содржи соживот, мир и инклузивност во општеството. Политичарите да не го нормализираат јазикот на омразата, бидејќи на тој начин самите придонесуваат за подгревање на атмосферата на поделби, тензии и дестабилизација“, велат од Хелсиншкиот комитет. На прославата на 21-годишнината од Охридскиот договор на плоштадот Скендербег, водителката беше исвиркана во моментот кога почна да ја чита програмата на македонски јазик....
Алсат-М | 1 ден
Лица со посебни потреби ја обвинуваат општина Чаир за негрижа
Членовите на Здружението на лица со посебни потреби, СОС ВИТА во Скопје, ја обвинуваат општина Чаир дека околу една година ги оставила неасфалтирани патиштата по кои секојдневно поминуваат 245 нејзини членови, главно лица со посебни потреби во инвалидски колички. Директорот на Здружението, Ертан Шаќири, вели дека секој ден поминуваат низ прашина и дупки, а кога врне дожд поминуваат низ кал.„Се молев, во текот на оваа недела ако ова срце не стане хумано за лицата со посебни потреби, ќе излеземе пред општината и ќе протестираме и ќе ги бараме нашите права. Во 21 век, да имаме катастрофални патишта е голем срам за нас како граѓани. Особено за лицата со посебни потреби. Би го замолил од сè срце градоначалникот на Општина Чаир, г. Ганиу, да биде хуман и да им помогне на лицата со посебни потреби, бидејќи секојдневно се соочуваат со предизвици, електричните колички се расипуваат затоа што оваа улица не ја средуваат една година“, рече Шаќири.Од СОС ВИТА најавуваат дека доколку во рок од една недела не се асфалтираат патиштата во населбата Серава што водат до канцеларијата на здружението, тогаш ќе протестираат пред општината и пред другите институции. Од општина Чаир велат дека во проектот за санирање на патиштата во областа каде што е здружението СОС ВИТА е вклучено и поставување на водовод и канализација. Тоа било завршено па тврдат дека од утре ќе почнат со асфалтирање.Мефаил Исмаили...
Алсат-М | 1 ден
Поголемиот број автобуси и комбиња во Полог расипани и без дозволи
И покрај трагедијата со автобусот во Бугарија каде животот го загубија над четириесет лица и онаа во Ласкарци каде имавме луѓе кои ги загубија животите, транспортните возила како автобуси, комбиња и такси возила и понатаму сообраќаат по патиштата во нашата земја кои освен што се без лиценца за работа, имаат и големи технички дефекти, велат податоците од СВР.За осум месеци, тетовската полиција од извршените проверки наишла на 174 возила од јавниот превоз со дефекти, поголемиот дел имале проблеми со сопирачки, од кои 68 во Тетово и 106 во Гостивар. Дури 39 превозници работеле на црно, односно без лиценца за јавен превоз.„Во случај на констатирање технички неправилности, автомобилот веднаш се исклучува од сообраќај со одземање на регистарските таблички, со соодветна потврда, додека на возачот му се изготвува соодветна глоба врз основа на член 44 од Законот за транспорт. Доколку возилото е во сопственост на правно лице, соодветна претставка се подготвува и против правното лице и одговорното лице на компанијата“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.Во Тетово пак, околу 70-80 отсто од превозниците се без лиценца за работа.„Вкупниот број на контроли, во просек имаме 20-30 контроли месечно. Од овие контроли, само 20 до 30 отсто се опремени со документација и поседуваат лиценци или документација согласно законот“, изјави Бујамин Фејзулаху, инспектор за транспорт на Општина Тетово.Според Инспекторатот, но и полицијата на Тетово, незаконското работење може да се искорени доколку јавниот превоз меѓу општините во полошкиот регион го организираат самите општини. Инаку, освен неправилностите, по нашите патишта сообраќаат и возила во јавниот превоз кои се стари повеќе од 30 години.Башким Сулејмани...
Алсат-М | 1 ден
Со владините мерки за штедење струја – црно ни се пишува!
Мерките кои ги објави Владата за соочување со најтешката енергетска зима, како што ја најавуваат од Илинденска број два, не може да се сфатат сериозно, вели еден од најискусните енергетичари во Македонија Константин Димитров. За справување со кризата одамна требаше да се донесат реални мерки и одлуки. Вака со некористење на лифтовите во институциите, со исклучување на компјутери по крај на работниот ден или со принтање на само дел од документите, црно ни се пишува, додава тој.„Јас верувам дека ќе има проблеми, според искуството, како работи ЕСМ, со оглед на хидрографската состојба, јас се сомневам дека ќе имаме доволна количина на електрична енергија од сопствено производство. И во најдобар случај, во Македонија ора да увезуваме 30 отсто електрична енергија“, рече Димитров.Министерот за економија, Крешник Бектеши, на неколку пати во текот на оваа енергетска криза уверуваше дека рестрикции на струја ќе нема. Вчера тој најави дека во мерките е предвидено уличното осветлување да биде намалено, како на локалните така и на автопатиштата, а дел да биде и исклучено.„Не очекуваме да има рестрикции во Северна Македонија. Сега да даде Господ, да не ни се случи некоја хаварија“, рече Бектеши.Мерките за државните институции предвидуваат да бидат исклучени сите декоративни осветлувања на фасадите на објектите, како и на културните споменици. Исто така рационално користење на осветлувањето во внатрешниот дел на просториите, но и подомаќинско користење на климатизерите во лето и во зима. Доколку нема резултати, односно институциите не заштедиле струја во однос на истиот месец лани, владата предвидела и казни за раководителите.Иле Петревски...
Алсат-М | 1 ден
Зелената еко-агенда црнее преку 950.000 тони јаглен за РЕК Битола и Осломеј
Државните електрани на два тендери ќе набавуваат вкупно 950 илјади тони јаглен. Според информациите, поголемото количество, односно 600 илјади тони ќе бидат резервирани за најголемиот енергетски производствен капацитет во Македонија, РЕК Битола. Останатите 350 илјади треба да завршат во печките во РЕК Осломеј. Надлежните уверуваат дека по 50 илјади тони ќе бидат испорачувани секој месец во битолската електрана.Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски соопшти дека во моментов струја не се увезува, но континуирано, државната фирма купува јаглен и мазут за производство на струја. Според надлежните, самиот план за производство на електрична енергија за годинава е проектиран за 20 отсто повеќе од лани. Во него се наведува дека ќе се зголеми ископот на јаглен и ќе се зголеми количеството на увоз на овој енергенс за што поголемо производство во Битола и во Осломеј.„Досега се набавени 550 илјади тони јаглен за РЕК Битола, а во тек е отворена набавка за уште 600 илјади тони за наредниот период за РЕК Битола“, рече Ковачевски.Пред неколку дена од Косово стаса информација дека тамошната државна компанија КЕК, ќе распише тендер за продажба на јаглен, а веќе интерес имале пројавено токму Државните електрани на Македонија.Иле Петревски...
Алсат-М | 1 ден
Се спрема нова концесија за риболов на Охридското езеро
Рекреативните риболовци бараат Охридското езеро да не се издава под концесија за стопански риболов во наредните најмалку 10 години за да се спаси она што остана од рибниот фонд во него. Но, државата не мисли така. Се подготвува езерото повторно да го издаде под концесија, откако договорот на претходниот концесионер му беше прекинат поради неправилности во работењето.„Постапката за доделување на езерото на концесија за вршење стопански и организирање рекреативен риболов на риболовното подрачје и рекреативната зона Охридско езеро е во тек. Јавниот повик ќе биде распишан по формирање на комисија на седница на Владата“, наведуваат од Министерството за земјоделство.„Како рекреативни риболовци не сме за доделување на концесија за стопански риболов, затоа што популацијата на пастрмката и белвицата е драстична намалена, дури постои опасност и од нејзино целосно исчезнување…“, рече Радован Димитриевски- здружение на рекреативни риболовци.Езерото нема концесионер, но затоа цвета рибокрадството.„Од она што го гледаме на самиот терен, нон-стоп се фрлаат километри мрежи во Охридско езеро и никој не го штити“, вели Димитриевски.Спортските риболовни здруженија бараат пред било какво ново издавање на концесија, државата прво да го смени Законот за рибарство и да се изврши скенирање на популацијата со пастрмка и белвица. Димитриевски вели дека некои од претходните концесионери пријавувале смешни количини на уловена риба, односно околу 500 килограми и тоа за период од неколку години. Но, само низ угостителските објекти во Охрид и Струга, вели тој, дневно се трошат од 500 килограми до еден тон риба.На Охридското езеро нема концесионер уште од јануари 2020 година. На фирмата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја прекина концесијата. Евидентираше дека не вршеле заштита на рибите, не воделе точна евиденција на уловената риба и имале нерегуларности во пријавувањето на вработените.Мики Трајковски...
Алсат-М | 1 ден
Бугарски историчари: „Без спроведување на договореното, следуваат непријатни последици“
Работата на Мешовитата комисија е незадоволителна, оцени нејзиниот заменик-претседател од бугарска страна, Наум Кајчев. Историчарот очекува досега усвоените препораки да бидат имплементирани и во Македонија и во Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање на БТВ, Кајчев вели дека доколку Скопје не го спроведе она што е договорено, постои механизам да се попречи преговарачкиот процес со ЕУ, но таквата одлука е во рацете на политичарите.„Тогаш веќе должност на другата страна е да каже дека – еве тука не се имплементирани решенијата на Меѓувладината комисија, што значи дека Договорот не се исполнува. Така, би следувале непријатни последици за имплементирањето на Договорот, што пак си носи други последици“, рече Наум Кајчев – бугарски историчар.Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ исто така рече дека она што е договорено меѓу историчарите треба да се исполни, на база на реципроцитет, односно во истиот момент кога тоа ќе го стори и Софија. За таа цел, додава Маричиќ, во МНР веќе се формирани работни групи што се задолжени за имплементација на препораките на историчарите.„Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати, да ги спроведат. Секако, тоа оди во фази и оди низ филтрите на институциите. // Нам ни е важно да тече таа дискусија и да има можност резултатите од работата на Историската комисија да бидат преточени во општеството без да се загрози нашиот идентитет и сигурен сум дека е тоа можно“, рече Маричиќ.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека сепак историските прашања станале ултиматум во процесот.„Со оглед на тоа дека ситуацијата покажува дека бугарските историчари слават, а нашите секојдневно критикуваат и даваат милион образложенија зошто не треба да се почне со оваа тема, повеќе од јасно зборува дека Договорот е штетен“, рече Гордана Димитриеска-Кочоска – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Претходно, историчарите што се членови во Комисијата од македонска страна истакнаа дека имплементацијата на нивните препораки сега е во рацете на Владата и образовните институции. Тие брифираа дека автономијата на Комисијата е запазена и тие не подлегнале на политички сугестии, а препораките, заедно со бугарските колеги, ги донеле откако утврдиле фактографски грешки и пропусти во учебниците.Лука Андреев...
Алсат-М | 1 ден
Позната состојбата со новозаболени и починати од Ковид во последниве 24 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19: Скопје – 201, Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.Регистрирани сe 485 оздравени пациенти од: Скопје – 187, Битола – 35, Тетово – 31, Куманово – 27, Кавадарци – 22, Гостивар – 20, Кочани и Прилеп – по 18, Кичево – 17, Велес , Штип и Струмица – по 16, Ресен – 10, Берово – 9, Неготино – 8, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Делчево – 4, Демир Хисар – 3, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Пробиштип – по 2, Струга ,Радовиш, Виница, Пехчево, Македонски Брод , Демир Капија и Крушево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин е регистрирано едно починато лице од Кичево (74г) ,починато во болнички услови.Лицето е пријавено за починато на 05.08.2022 година....
Алсат-М | 1 ден
Австралиските научници планираат да „вратат во живот“ животно кое изумрело пред речиси 100 години
Тие веруваат дека за десет години би можеле да го добијат првото живо бебе на исчезнатиот тасманиски тигар.Австралиските научници веруваат дека се на пат да го вратат изумрениот вид тасмански тигар и велат дека би можеле да го добијат првото живо младенче во следната деценија.Општо се верува дека торбарскиот тасмански тигар или волк со глава на куче, чие научно име е Thylacinus, исчезнал од австралиското копно пред 2.000 години. Последниот познат примерок починал во 1936 година во заробеништво во зоолошката градина Бомарис во Хобарт во австралиската островска држава Тасманија.Наликува на куче, со тело долго околу еден метар (без опашка), сиво-кафеава боја со 12 до 14 црни попречни ленти на грбот. Женката раѓала 2 до 4 младенчиња кои би останале во треперката околу три месеци. Живеел во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја.Ендрју Паск од Универзитетот во Мелбурн во вторникот рече дека најавеното партнерство помеѓу неговата Интегрирана истражувачка лабораторија за генетска реставрација Thylacinus (TIGRR) и Colossal Biosciences со седиште во САД ќе им овозможи на научниците да преземат „големи чекори кон зачувување на загрозените торбари (торбата на стомакот на женката) во Австралија и да го преземат големиот предизвик за враќање на изумрените видови“.The return of the thylacine begins today. Learn about reviving the next wave of wild: https://t.co/HGp2jfOikn #itiscolossal #deextinction pic.twitter.com/AHVnQtplf8— Colossal Biosciences (@itiscolossal) August 16, 2022...
Алсат-М | 1 ден
Новата џиновската ракета на НАСА подготвена за лансирање
Огромната месечева ракета на НАСА, „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System) го почна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа денеска додека се подготвува нејзиното прво пробно испраќање на Месечината за нешто помалку од две седмици.Ракетата висока 98 метри треба да отпатува на својата прва вселенска мисија на Месечината без екипаж на 29 август, во рамки на програмата „Артемис“ на НАСА. Тоа е проект на Соединетите Американски Држави вреден повеќе милијарди долари, со цел враќање на луѓето на површината на Месечината, како подготовка за идните мисии на Марс.„Системот“, чијшто развој беше предводен од „Боинг“ изминатово десетлетие, излезе од својот погон за изградба во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида. На врвот на ракетата се наоѓа капсулата „Орион“, дизајнирана да носи и луѓе на Месечината.За мисијата на 29 август, наречена „Артемис 1“, капсулата само ќе ја заобиколи Месечината пред да се врати на Земјата и слета во океанот 42 дена подоцна.Ако можно лошо време или технички проблеми предизвикаат одложување на лансирањето на 29 август, НАСА има и првични резервни датуми за полетување – 2 и 5 септември....
Алсат-М | 1 ден
Нов овошен инстант лоз на Државна лотарија – „Фрути“
Државна лотарија ја збогати палетата на инстант лотарија со нов инстант лоз „ФРУТИ“, којшто нуди освежителна забава, 15 премии од по 400 000 денари и многу други парични добивки.Трагачите по забава, добивки и возбуда ги очекува нов летен инстант лоз „ФРУТИ“ наменет да го освежи буџетот во летните денови, а потоа и да ви го продолжи летото и во останатиот дел од годината.Играта е едноставна и брза. Сè што треба да се направи е да се изгребат 5-те полиња со „фрути броеви“ и 20-те полиња со „твои броеви“, а потоа да се пронајде барем еден пар истоветни броеви. Кога еден „твој број“ ќе ист како некој „фрути број“, се освојува добивката што ти ја носи „твојот број“.Во полињата „твои броеви“, може да се открие и дополнителна можност, доколку се пронајдете симбол „2Х“ или „5Х“, со што ќе се помножи добивката назначена под „твој број“.Новиот инстант лоз „ФРУТИ“ нуди 15 главни премии по 400 000 денари, како и добивки од 50 000 денари, 30 000 денари, итн.Не пропуштајте да го пробате новиот овошен инстант лоз – „ФРУТИ“ на Државна лотарија.Инстант лозот „ФРУТИ“ е веќе на продажни места на Државна лотарија ширум Републиката....
Алсат-М | 1 ден
Нуклеарна војна би предизвикала глобален глад и смрт на милијарди луѓе, покажува истражување
Повеќе од 5 милијарди луѓе би умреле од глад по евентуалната нуклеарна војна меѓу САД и Русија, а дури и ограничен нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан би го десеткувало земјоделското производство и би резултирало со масовна глад во светот, покажува глобалната студија што ја изработија научници од американскиот Универзитет Рутгерс во соработка со повеќе други универзитети.Научниците ги пресметале ризиците од шест можни нуклеарни сценарија: пет помали индиско-пакистански војни и голем конфликт меѓу САД и Русија, врз основа на големината на нуклеарниот арсенал на секоја земја.Дури и релативно помал конфликт меѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан може да предизвика глад на повеќе од милијарда луѓе и уништување на земјоделските култури. Само од експлозиите на нуклеарните бомби ќе умрат меѓу 50 до 100 милиони луѓе.Локален судир меѓу Индија и Пакистан би предизвикал пад на приносите во глобалното земјоделство за околу 7 проценти во рок од пет години, додека американско-руската војна би предизвикала за 90 отсто во рок од три до четири години.Овие промени ќе предизвикаат катастрофално нарушување на глобалните пазари на храна, а повеќе од 75 отсто од жителите на планетата би гладувале две години.Нуклеарните војни би донеле и други последици – озонската обвивка ќе биде уништена со загревањето на стратосферата, создавајќи повеќе ултравиолетово зрачење на површината, што ќе има катастрофални последици.Прашината и саѓите од експлозиите ќе предизвикаат затемнување и „нуклеарна зима“. Во годините веднаш по нуклеарниот конфликт, 5 милијарди луѓе би можеле да умрат од глад предизвикан од прашината во атмосферата, што би ја блокирало сончевата светлина, што веројатно многу би ги надминало жртвите предизвикани од самите експлозии.– Податоците ни кажуваат една работа: мораме да спречиме нуклеарна војна никогаш да не се случи. Забраната на нуклеарното оружје е единственото долгорочно решение. Петгодишниот Договор на ОН за забрана на нуклеарно оружје е ратификуван од 66 земји, но ниту една од деветте нуклеарни држави. Нашата работа јасно покажува дека е време тие девет држави да ја слушаат науката и остатокот од светот и да го потпишат овој договор, вели Алан Робок, професор по климатски науки на Рутгер и еден од авторите на студијата.Во студијата предводена од Рутгерс, учествувале научници и од Универзитот во Барселона, Државниот универзитет во Луизијана, Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, Институтот за вселенски студии НАСА Годард, Универзитетот Колумбија, Националниот центар за атмосферски истражувања, Универзитетот во Колорадо и Универзитетот за технологија во Квинсленд....
Алсат-М | 1 ден
Тешко повредените деца од српскиот автобус се стабилни, но остануваат на интензивна нега во Софија
Двете потешко повредени деца од несреќата со српскиот автобус на автопатот „Тракија“ ноќта ја поминаа релативно мирно и остануваат на интензивна нега, изјави директорот на „Пирогов“, д-р Валентин Димитров, пренесува дописникот на МИА од Софија.Според Димитров, денеска треба да се извршат високоспецијализирани прегледи на едното дете од Србија заради прецизирање и поставување конечна дијагноза.На другото дете му претстои сериозна операција, со цел да се стабилизираат скршениците на карлицата. Двете повредени деца од Србија се на Одделот за детска реанимација во болницата во Софија.„Нема директна опасност по животот, но тие се во тешка состојба, времето е прекратко за да имаме некоја поголема промена“, рече Димитров.Директорот на болницата „Пирогов“ вчера се сретна со роднините на повредените деца и со привремената управителка на Амбасадата на Србија во Бугарија, Славица Паниќ, за да ги информира за преземеното лекување....
Алсат-М | 1 ден
Од утре сончево и многу топло, викндов облачно со пороен дожд и грмежи
Под влијание на топол бран утре и в петок температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат.Минималните температури ќе се движат од 13 до 24 степени, а максималните од 28 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 8....
Алсат-М | 1 ден
Маричиќ кажа кога би можело да се очекува собраниска постапка за уставните промени
Запрашан кога би можело да се очекува почеток на собраниската процедура уставните измени и дали ја очекува потребната поддршка за нивна ратификација, вицепремиерот Бојан Маричиќ рече:„Скринингот ни дава доволно време да ги спроведеме уставните измени…нема да биде едноставно, токму поради овој притисок и премногу пропаганда и поли-вести или лажни вести поврзани со договорот со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ и г-динот Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели…се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури во рамки на партијата да дадат поддршка за овој процес. Секако, процедурата во Собрание ќе започне во некоја понатамошна фаза. Сега мислам дека е рано да се зборува за тоа“, рече Маричиќ....
Алсат-М | 1 ден
За овие хороскопски знаци 20 август ќе биде вистинска пресвртница
За четирите знаци од хороскопот 20 август ќе биде вистинска пресвртница, а еве што им велат ѕвездите! Овенот, Ракот, Вагата и Јарецот ќе доживеат големи промени во љубовта, работата и нивните најдлабоки чувства.ОВЕН Сабота, 20 август е денот кога ќе откриете „нова“ работа за себе. Не, вие не сте натприродно суштество и нема смисла да очекувате нереални достигнувања од себе. Дојде време да ја прифатите сопствената човечност, да разберете кои се вашите ограничувања и да престанете да си ги припишувате себеси како маани или слабости. Вашиот круг на пријатели ќе ви помогне да дојдете до тоа откровение. Ќе се изненадите колкава промена ви доаѓа кога ќе престанете да се обвинувате себеси за се.РАК Доаѓаат подобри времиња за вас по тежок период, а 20 август е денот кога тоа сигурно ќе го сфатите! Хороскопот открива дека конечно ќе успеете да се ослободите од некој голем товар од минатото, кој со години го носите со себе и кој не ви дозволува да напредувате. Ќе ја почувствувате најголемата промена во работата.ВАГА За вас, космичката промена ќе се одрази во форма на голема верба во себе! Ќе престанете да се сомневате во вашите способности, конечно ќе се разбуди вашето внатрешно, непогрешливо чувство и ќе следи период за вас во кој ќе се чувствувате како магионичар! Проблемите исчезнуваат, луѓето кои ве нервираат конечно ве оставаат на мира, а во љубовта пристигнува ново познанство кое ќе ве собори од нозе!ЈАРЕЦ Хороскопот за 20 август предвидува промена која ќе ве придвижи на акција. Поминавте долг период размислувајќи, вагајќи, стратегизирајќи го секој дел од вашиот живот, сега на тоа му се ближи крајот. Конечно се префрлате од фазата на размислување во фазата на акција, а добрите работи ви доаѓаат за само неколку недели – но клучно е да ги започнете на 20 август!...
Алсат-М | 1 ден
Потпретседателот на АА, Таравари бара формирање техничка влада
Потпретседателот на политичката партија Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар во последниот осврт, објавен на неговиот фејсбук профил, за надминување на состојбата во земјава, бара итно формирање техничка влада.– Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните, пушува Таравари.Тој во оценката каде е потребна стручна интервенција како жаришта ги посочува корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата.Таравари оценува дека сме мали во географска смисла, но „гиганти“ во однос на корупцијата.– Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се „таргетираат“ овие пет невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот, коментира Таравари.Според него, техничка влада ќе мора како приоритет за излез од кризата на историските дилеми да работи на усогласување на владиниот и ЕУ – календарот и во неа да членуваат експерти од нивните области без политички врски.– Токму во такво „руво“ Владата би дала пример за сите други, идни влади, работејќи и не очекувајќи пофалби и комплименти, туку успешно завршувајќи ги своите задачи. Сега е време на сите оние дами и господа кои се истакнаа во аулите на домашните и меѓународните универзитети, кои си ја сакаат земјата и народот, да дојдат до израз. Сега е време да владеат експерти, заклучува Таравари....
Алсат-М | 1 ден
Шолц: Важно е да имаме директни контакти со Путин
Директните контакти со рускиот претседател Владимир Путин се многу важни, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Н1.„Колку и да е тешко, директниот контакт е важен, особено во време на криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до Путин“,изјави Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс нихетер“. Тој рече дека на овој начин сака да му ја претстави позицијата на Западот на рускиот претседател во однос на операцијата на руската армија во Украина.Шолц оцени и дека нормализацијата на билатералните односи со Москва не е можна во блиска иднина.Претходно на прес-конференција Шолц зборуваше за можноста за посета на Путин на Германија, за која услов би бил завршување на операцијата во Украина и мировен договор меѓу Киев и Москва....
Алсат-М | 1 ден
Опожарена нискостеблеста шума и сува трева во липковско Виштица
Нискостеблеста шума и опожарена сува трева на површина од околу четири хектари гореле вчера во липковското село Виштица, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.Пожарникарите го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а во интервенцијата помогнале и вработени од подружницата на „Национални шуми“ Куманово.Пожарот избувнал по 14.30 часот. – Поради непристапен терен заради лошата конфигурација на теренот, гаснењето беше отежнато и се вршеше со грби пумпи. Пожарот беше локализиран во 18:00 часот, соопштија од РЦУК Куманово.Причината за избувнувањето на пожарот засега е непозната....
Алсат-М | 1 ден
(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот
Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.Во еден момент машиновозачот го запрел возот во обид да се врати назад, кога видел дека е опасно да продолжат.Голем број патници ги фатила паника од страв од пожар, па решиле да ги скршат стаклата и да скокнат од возот.Train from Madrid to Galicia stopped on the tracks for a few minutes this morning. Passengers surrounded by wildfire. “Moments of panic”, reports @PacoSeoanePerez. Then the train continued on its journey.pic.twitter.com/2xytTNL6eL— Matthew Bennett | The Spain Report (@matthewbennett) July 18, 2022Двајцата најтешко повредени се евакуирани со хеликоптер, додека останатите патници, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, се пренесени во локалните болници.Varios heridos cuando un tren ha quedado atrapado en el #IFBejís.Los heridos están siendo atendidos en la estación de #Caudiel están siendo por efectivos de @GVAsanitat, @CruzRojaCS y @UMEgob pic.twitter.com/7XGoFKdgze— NoMePisesLaManguera (@PlinioElGuapo) August 16, 2022Во моментот на инцидентот во возот имало 48 патници, а според локалните власти, најсериозни изгореници има 58 годишна жена.– Кога видоа дека се опколени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со тешки изгореници – изјавил портпаролот на железничката компанија, пишува Гардијан....
Алсат-М | 1 ден
Холандски суд ќе објави пресуда за соборувањето на авионот над Украина во 2014 година
Холандскиот суд кој го води судскиот процес против четворицата осомничени за соборувањето на авионот на летот MH17 на Малезија ерлајнс над Украина во 2014 година денеска треба да ја донесе својата пресуда. Обвинителите велат дека еден Украинец и тројца руски обвинети, кои сите се на слобода, помогнале во снабдувањето со ракетен систем што сепаратистите поддржани од Русија го користеле за да истрелаат ракета врз авионот на 17 јули 2014 година. Сите 298 лица во авионот загинале. Обвинителството бара доживотни казни за сите осомничени. Во почетокот на годинава Австралија и Холандија започнаа заедничка правна постапка во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство против Русија поради соборувањето на летот МХ17 на Малезија ерлајнс....
Алсат-М | 1 ден
ВМРО-ДПМНЕ: Немаат 80 пратеници за уставни измени
Вистинината испадна на виделина, СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за Уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Пропаднаа лагите на СДСМ дека уставни измени ќе има, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Во партиското соопштение е додава:„Димитар Ковачевски ја одби понудата од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае дека нема доволно пратеници за промена на Уставот.Нека не се плаши Ковачевски. На првата наредна седница нека ги стави Уставните измени на дневен ред во Собранието за да се соочи со реалноста дека нема пратеници за промена на Уставот. Ама ден потоа нека си поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори, за да го слушне и види мислењето на граѓаните за националните предавства кои ги направи на Македонските граѓани и Македонија.Соочен со реалноста и исплашен од предвреми парламентарни избори, Ковачевски бара начин како да избегаа од соочување со граѓаните. Стравот е голем бидејќи знае дека ќе доживее катастрофален пораз.Уставни измени нема да има, и за тоа се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат заплашувањата и заканите на СДСМ. Нека собере храброст Димитар Ковачевски и нека се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори“....
Алсат-М | 1 ден
Вучиќ и Курти денеска ќе остварат средби со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска, на одделни средби во Брисел ќе разговараат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ден пред новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, а потоа и со Курти, а по одвоените разговори најавени се прес-конференции за Столтенберг и Вучиќ во 15 часот и 30 минути, а Столтенберг и Курти во 17 часот.Вучиќ претходно изјави дека ќе разговара со Столтенберг поради улогата на НАТО и КФОР во Косово.„Тоа ќе бидат понатамошни разговори за воспоставување добра соработка, добра комуникација, што е многу важно во моменти на криза. Се надевам дека ќе имаме добар разговор. Веќе имавме телефонски разговор и се договоривме да седнеме и да разговараме за сите проблеми во Косово, особено на север”, кажа Вучиќ.За утре е најавена нова рунда од дијалогот Косово-Србија, а ЕУ соопшти дека ќе се разговара за сите отворени прашања, повторувајќи дека за Брисел најважно е двете страни да ги прекинат непријателствата, со запаливи пораки и тензии и да постапуваат одговорно....
Алсат-М | 1 ден
Арафат Муареми се повлече од директор на Финансиската полиција
Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми се повлече од функцијата. Ова следува само неколку часа откако денеска беше суспендирана и обвинителката Вилма Русковска поради грешки при претресот во неговата канцеларија, по пријава за евентуален криминал.„Ваквата одлука ја носам за во јавноста да нема ниту малку сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката којашто и понатаму останува да се води во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал“, напиша Муареми во соопштение за медиумите.Според него, денешната одлука на Јовески дала јасна порака дека законите мора да ги почитуваат сите и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви....
Алсат-М | 1 ден
АКО ПАТУВАТЕ: Еве колку се чека на Табановце и Богородица
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце и на на ГП Богородица се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози....
Алсат-М | 1 ден
Денеска сончево со слаб ветер и температура до 37 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.Како што соопшто УХМР, од денеска следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде в четврток и петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.Од петок од крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно....
Алсат-М | 1 ден
Одбележување на јубилејот „30 години АРМ”
Одбележувањето на три-деценискиот јубилеј на Армијата ќе биде со неколку настани. Денеска во 18.30 часот на Воениот стадион е предвидено заедничко дружење со граѓаните при што ќе биде презентирана најновата опрема, новите оклопни транспортери, вештините на армиските специјалци, а тоа ќе биде проследено и со музички изведби на воениот оркестар и повеќе изведувачи. Министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод јубилејот изјави дека Армијата е национална гордост, дел од најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО.„Тоа е Армија која забрзано се модернизира и тоа веќе станува видливо. Во среда на Воениот стадион, ќе бидат изложени првите 6 нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на подобрувањето на борбената готовност на Армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана нова пратка, од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно договорот. Продолжуваме и со набавка на други системи кои ни се потребни, набавка на специјални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против-воздушен одбранбен систем, а во наредниот период ќе започнеме и со обнова на нашата воздухопловна компонента“....
Алсат-М | 1 ден
Реконструкција на Владата во септември?
Дали спорот со Бугарија ги ниша темелите на Владата и дали коалициските партнери ќе му останат лојални на премиерот Димитар Ковачевски до крајот на мандатот? Овие дилеми засега остануваат без потврдени одговори. Гласините за можна реконструкција на владиниот кабинет во текот на следниот месец, се шпекулации, велат од СДСМ.Стабилноста на мнозинството и владиниот кабинет беше доведена во прашање кога неколку помали партии од мнозинската коалиција признаа дека имаат дилеми за содржината на преговарачката рамка со ЕУ, за прашањата поврзани со Бугарија. Прв беше лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, но тој денеска беше недостапен за коментар во врска со евентуалната реконструкција на владата на Ковачевски. Дали Трајанов ќе остане дел од мнозинството и дали евентуално ќе бара министерска функција, останува нејасно. Алсат контактираше со министерот за локална самоуправа Горан Милески, претседател на Либерално-демократската партија.„Немам информации за можна реконструкција на Владата во септември. Тоа се шпекулации. ЛДП јасно кажа дека нема да ја загрозува стабилноста на парламентарното мнозинство или да ја напушта Владата“, рече Милески.Владата на Ковачевски е во функција од јануари годинава и досега нема претрпено промени во составот.Фатлуме Дервиши...
Алсат-М | 2 дена
Мицкоски побара седница за Бугарите, па се разболе од корона
ВМРО-ДПМНЕ со нова понуда за власта – да тестира дали има поддршка од 80 пратеници за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски е убеден во ставот на неговите пратеници.Во меѓувреме, Мицкоски денеска повторно се разболе со корона вирусот. Излезе позитивен на брзиот тест, па ги откажа сите политички ангажмани во пресрет на локалните избори во Маврово-Ростуше следниов викенд. За СДСМ, барањата на ВМРО за уставни промени или избори, се конфузни.„Оваа понуда на Мицкоски е еднаква на уцена. Но, по сите лаги што ги кажа во овој период и за кои јавноста дозна, тој нема легитимитет за такво барање. Парламентарни избори ќе има во редовниот рок, во 2024 година“, рекоа од СДСМ.ВМРО најави дека ќе иницира референдум за преговарачката рамка со ЕУ, поточно за прашањата поврзани со дијалогот со Бугарија. Консултациите во партијата продолжуваат, додека деталите за најавената иницијатива ќе бидат познати веднаш штом Собранието се врати на работа. Опозицијата не исклучува продолжување на протестите по годишните одмори како начин да се убеди власта да прифати нови избори.Фатлуме Дервиши...
Алсат-М | 2 дена
Администрацијата ќе се грее со елечиња, далечинското за климата во фиока кај шефот?
Владата одобри одлуката за заштеда на струја до 15 отсто во зимскиот период. На последната седница ги задолжи државните и јавните институции, а им препорача на домаќинствата и стопанствениците, да штедат струја поради енергетската криза што се очекува да следи во текот на претстојната зима.Министерот за економија, Крешник Бектеши, претставувајќи ги мерките, објасни дека државните институции се обврзани да ги исклучат украсните светла на фасадите и на спомениците, да не палат светло преку денот, кога е топло, климите да бидат ставени на 27 степени, а во грејна сезона не повеќе од 20. После работа, компјутерите треба да се гаснат, редовно да се менуваат филтрите на грејните уреди, да се печатат само неопходните документи, да се сменат старите прозорци со нови енергетско ефикасни и други мерки. Бектеши рече дека не се предвидуваат рестрикции на струја.Мерките им се препорачуваат и на општинските институции во кои централната власт нема ингеренции да се меша. Мерките стапуваат во сила од 1 септември и ќе важат до 31 март. Од државните електрани пак, тврдат дека произведуваат доволно енергија за домаќинствата и ги зголемуваат производните капацитети.ЕСМ планира да го зголеми производството за 20% од пред една година. Владата на следната седница ќе донесе одлука и за прогласување на енергетска криза.Мефаил Исмаили...
Алсат-М | 2 дена
Арафат Муареми се повлече од директор на Финансиската полиција
Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми се повлече од функцијата.Ова следува само неколку часа откако денеска беше суспендирана и обвинителката Вилма Русковска поради грешки при претресот во неговата канцеларија, по пријава за евентуален криминал.„Ваквата одлука ја носам за во јавноста да нема ниту малку сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката којашто и понатаму останува да се води во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал“, напиша Муареми во соопштение за медиумите.Според него, денешната одлука на Јовески дала јасна порака дека законите мора да ги почитуваат сите и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви....
Алсат-М | 2 дена
Русковска суспендирана поради претресот кај Арафат Муареми
Републичкиот обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал. Русковска за дел од медиумите потврди дека денеска добила решение за оддалечување од функцијата. Според образложението на Основното јавно обвинителство, Јовески се решил на ваков чекор поради фактот што против обвинителката во моментов трае кривична постапка, откако против неа била поднесена кривична пријава. Инаку, кривична пријава против Русковска неодамна поднесе првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми.Покрај суспензијата на Русковска, според информациите на Алсат, Обвинителството покренало и дисциплинска постапка против неа, како и нејзините две колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, кои го спроведоа претресот во Управата за финансиска полиција.„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда“, наведоа од ОЈО Скопје.Директорот на Финансиската полиција неодамна се одлучи по судски пат да докаже дека претресот во неговата канцеларија, спроведен од Русковска, Трајчева и Јосифовска, бил незаконски. Неговите обвинувања за пропусти при претресот ги потврди и надзорот спроведен од Обвинителството на Јовески. Надзорот покажа дека Русковска не ги дала на располагање бараните информации, била ненадлежна да постапува, но и не го поткрепила барањето на претрес. Муареми во пријавата истакна дека трите обвинителки ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале службена исправа. Против трите тој поднесе и претставки до Советот на јавни обвинители.Веднаш откако Муареми ги најави пријавите, Русковска обвини дека ѝ се врши притисок од власта. Претресот се случи на 18-ти јули, по добиена, како што велат од Обвинителството за организиран криминал, анонимна кривична пријава против Муареми. Според изјавата на Русковска, таа барала да ѝ бидат доставени предмети од Управата кои веќе биле затворени, па се одлучила за претрес.Лука Андреев...
Алсат-М | 2 дена
Министерството за правда подготви нов предлог-закон за помилување
По острата реакција на јавноста со барања за помилување од осудените за случајот „27 април“, односно за упадот во Парламентот во 2017 година, Министерството за правда подготви драфт на новиот закон со кој ќе се регулираат многу прашања. За прв пат, предлозите за помилување ќе поминат претходни филтри, пред да стигнат кај претседателот на државата. Тоа досега го немаше. Според појаснувањата, во новиот закон:Предлог-закон за помилување:Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата, ги доставува до Претседателот.Се скратуваат роковите за секоја институција вклучена во постапката за помилување.Предвидена е и одговорност за лицата кои ќе работат на овие предмети, но и нивните раководители, како што се министерот за правда, членовите на комисијата за помилување, како и директорите на казнено-поправните установи.Со овие измени, комисијата на Министерството за правда, која до вчера не ја вршеше својата работа и улога, сега ги има овие обврски дефинирани со закон, вклучително и рокови за разгледување на предметите кои му се испраќаат на претседателот. Од друга страна, шефот на државата нема да може да помилува лица кои се под истрага или кривично гонење, како што се случи со поранешниот претседател Иванов за предметите што ги разгледуваше Специјалното обвинителство. Исто така, нема да може да помилува групно, туку само поединечно, со разгледување една по една молба.Последната реакција на јавноста во однос на помилувањата дојде кога на списокот беа додадени имиња како Нинџа, Бобан Илиќ, Сеад Кочан. Министерството за правда тогаш образложи дека нејзината комисија наводно немала право да ги разгледува предлозите, туку само да ги испрати во пакет кај претседателот на државата. Сепак, Министерството го повлече списокот. За прв пат по независноста на С Македонија, претседателот не го искористи своето право на групно помилување, што доведе до иницирање на нов нацрт-закон. Во моментов се чекаат мислењата на кабинетот на претседателот за потоа предлог-законот да биде пуштен во собраниска процедура.Мефаил Исмаили...
Алсат-М | 2 дена
Мицкоски позитивен на Ковид-19, откажана посетата на општина Маврово-Ростуше
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посретата на општина Маврово-Ростише, поради појава на симптоми на КОВИД-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест.-Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19....
Алсат-М | 2 дена
Во власта нема едногласност за историските препораки со Бугарија
Нема едногласност во владината коалиција околу усвоените препораки на Мешовитата историска комисија за учебниците и заедничкото чествување на историски личности со Бугарија. Од партијата на Павле Трајанов, слично како и опозицијата, обвинија дека се отвора процес на бугаризација на Македонија. Според Демократски сојуз, треба да се преиспитаат ризиците од прифаќањето на препораките на историчарите.„Ваквите решенија не водат кон нормализирање и унапредување на соработката меѓу двата народа и двете држави, што е наш заеднички интерес. Напротив, тие ќе ја продлабочат недовербата во целиот процес и ќе отворат многу други болни прашања на внатрешен план. Инаку, само носители на политички и државни функции, без национална свест и интегритет, како и со лукративни цели, можат да не водат сметка за македонските национални и државни интереси“, наведоа од ДС.Но, СДСМ и ВМРО – Народна на Љубчо Георгиевски, го поздравија решението на историчарите.„Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада. Препораките се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и тие воопшто не ги допираат идентитетските прашања“, рече Даниела Николова – пратеник на СДСМ.„Во заедничкиот договор се изнесени многу добро познати факти за целата светска и балканска византологија и медиевистика, а оние кои гласно се чудат треба да се запрашаат, не за фактите, туку за тоа што некој ги манипулирал и ги учел со лажни податоци. Прашањето е дали некој сака да се соочи со фактите или да живее во лаги“, велат од ВМРО-НП.Опозициските партии од македонскиот блок претходно обвинија дека власта врши национално предавство. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта се откажала од сè што е македонско, прифаќајќи дека цар Самоил бил бугарски цар. Од Левица пак, обвинија дека Мешовитата историска комисија е – како што велат, продолжена рака на владејачкиот режим.Инаку, меѓу договореното е и тоа дека царството на Цар Самоил, според поголемиот дел од современата историска наука, било бугарско, а се наоѓало на територијата на Македонија. Скопје во учебниците треба да смени некои карти од античкиот период, додека бугарските институции би требало да поправат некои лекции каде што пишува за бугарските земји.Лука Андреев...
Алсат-М | 2 дена