Околу 240 мигранти пристигнале на грчкиот остров Китира во рок од 24 часа
Уште еден мал брод со мигранти, трет по ред во рок од 24 часа пристигнал на грчкиот остров Китира, а според грчките медиуми, пренесувал околу 67 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Во двата одвоени случаи во текот на вчерашниот ден, со две едрилици, пристигнаа вкупно 170 мигратни, а биле уапсени вкупно пет криумчари За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни. Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата билÐ ° пронајдена на карпест брег. Втората едрилица била откриена во морскиот дел јужно од островот, а се пренесувале вкупно 73 лица, од кои 46 мажи, 21 дете и шест жени, а биле уапсени двајца криумчари . За третиот случај, грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека мал брод со 67 мигранти пристигнал на плажа во западниот дел на островот....
Сител | 8 часа
Социјалистите со законски измени се обидуваат да ги остават надвор од Парламентот Бериша и Мета
Албанските владејачки социјалисти ги подготвија измените на законот за декриминализација, кои, како што претходно најавија ќе бидат на дневен ред на Парламентот на почеток на следниот месец. Станува збор за законот „За гарантирање на интегритетот на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции“. Со овие измени социјалистите бараат во законот за декриминализација да се додаде член за забрана за кандидирање на лица прогласени за „нон грата“ од САД, Обединетото Кралство или други западни земји, како и оние што резултираат како соработници во досиејата на поранешната тајна служба ШИК. – Целта повеќе од очигледна е дека сакаат вон Собранието да ги остават поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша, кој непожелен е прогласен од САД И Обединетото кралство и доскорешниот шеф на државата и лидер на Партијата на слободата Илир Мета, кој наводно во досиеја се споменува како соработник на ШИК, јави АБЦ њуз. Според социјалистите, целта на овој закон е да се гарантира довербата на јавноста во функционирањето на избраните државни органи, независните институции и оние кои се основани со закон, на јавната администрација, преку спречување на нивниот избор или именување. Исто така се предлага отстранување од јавна функција на лица кои се осудени или против кои се преземени мерки на безбедност или со неправосилна одлука за сторени кривични дела, според овој закон, како и лица за кои е утврдено дека се соработници поранешна државна безбедност. По завршување на петгодишниот мандат како претседател, Мета се врати во политиката со остра реторика и тешки обвинувања кон премиерот Еди Рама, што во континуитет го прави Бериша. Двајцата најавија коалиција и апсолутна победа на локалните избори до година а Мета побара техничка влада и предвремени парламентарни избори....
Сител | 8 часа
Албанија: Трговскиот дефицит за седум месеци над 1,9 милијарди евра
Во изминатите седум месеци од годинава Албанија забележала трговски дефицит во износ од 235 милијарди лека или над 1,9 милијарди евра, што е зголемување за 8,3 отсто споредено со истиот период минатата година. – Во периодот од јануари до јули извозот на стоки достигнал вредност од 293 милијарди лека и бележи раст од 40,1 отсто, додека увозот достигнал вредност од 528 милијарди лека и бележи раст од 23,9 отсто во однос на истиот период лани, објави државниот завод за статистика, ИНСТАТ. Според истиот извор во месец јули трговскиот дефицит изнесува 42 милијарди лека и е зголемен за 6,9 отсто во однос на јули 2021 година и за 20,3 проценти во однос на јуни 2022 година. Во јули, извозот на стоки достигна вредност од 39 милијарди лека со зголемување од 23 отсто, во однос на истиот период од пред една година и намалување за 14,3 проценти во однос на јуни годинава. Во меѓувреме, увозот на стоки достигнал вредност од 82 милијарди лека со раст од 14,1 отсто во однос на една година и за 0,6 проценти во однос на јуни 2022 година....
Сител | 8 часа
Финска соопшти дека руски авиони влегле во нејзин воздушен простор
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад. Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури. Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал“ во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море....
Сител | 8 часа
Маричиќ: Mирот, стабилноста и безбедноста се обезбедени за нашата земја
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска ја предводеше владината делегација составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, која по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски. – Нивите дела и заложби се наш аманет и нè задолжуваат да продолжиме да ја развиваме нашата земја во мир, градејќи просперитетна Северна Македонија, со европска иднина на која сите ќе бидеме горди, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ. Маричиќ го честита Денот на Армијата на Република Северна Македонија, заблагодарувајќи се на припадниците на Армијата за нивната посветеност во извршувањето на сите зададени должности, за професионалниот и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, посочувајќи дека најважно е што Северна Македонија има обезбеден мир, стабилност и безбедност. – После 30 години развој и предизвици, денес Армијата е модерна и оспособена структура која со успех и високи оценки ги положи сите испити кои и беа поставени во процесот на евроатлантските интеграции. Денес македонската Армија рамноправно може да се носи со современите вооружени сили и партнери во најмоќниот воен сојуз – НАТО, стои во честитката на Маричиќ. Според вицепремиерот, денешниот ден е и можност да се потсетиме на сите оние кои во различни периоди, често положувајќи ги своите животи на олтарот на слобода, ги поставија темелите на македонската државност. Покрај владината делегација, венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, положија и делегации на Собранието, на министерството за одбрана, на Армијата на Република Северна Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини, како и делегација од кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов....
Сител | 9 часа
Тема на денот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Embedded video for Тема на денот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи...
Сител | 9 часа
Казнети 19 мотоциклисти за неносење на заштитна кацига
Во последната акција на полицијата по полошките сообраќајници, откриени се и санкционирани 19 лица поради неносење на заштитна опрема. Од СВР Тетово информираат дека во денешната акциска контрола вкупно биле откриени и санкционирани 23 прекршоци (на тетовското подрачје-8 и гостиварско-15). – Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење заштитна опрема (ТЕ-5 и ГВ-14), односно кациги. Двајца мотоциклисти управувале без положен возачки испит (ТЕ-1 и ГВ-1) и 2 (ТЕ) не поседувале осигурителни полиси. При контролата, исто така, санкционирани се и пет други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3), наведуваат од СВР Тетово. Оттаму апелираат до мотоциклистите задолжително да носат заштитна опрема, да не седнуваат зад волан без возачки дозволи и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли. Од СВР Тетово најавуваат дека до крајот на овој и наредниот месец се планирани засилени контролни активности на мотоциклистите во Полог, чиј број деновиве осетно е зголемен на тетовските и гостиварските улици, но и по околните регионални патишта....
Сител | 9 часа
Битиќи: Време е балансерот во јавната администрација да се замени со мерит-систем
Embedded video for Битиќи: Време е балансерот во јавната администрација да се замени со мерит-систем...
Сител | 9 часа
Утврдени неправилности во правен субјект за одгледување канабис за медицински цели од кумановско, следува кривична пријава
Полицијата во соработка со претставници на други надлежни институции денеска изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане и при контролата биле констатирано поголем број неправилности, поради кои се најавува и кривична пријава за одговорните лица, како и за самиот правен субјект. – При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, информираат денеска од МВР. За наодите бил известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги. Акцијата ја спровеле службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане....
Сител | 9 часа
Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба
Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во 06:00 часот во водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, наведуваат МВР...
Сител | 9 часа
Родот на овошките преполовен, пазарот смален, а откупот отежнат
Embedded video for Родот на овошките преполовен, пазарот смален, а откупот отежнат...
Сител | 9 часа
Приведен жител на тетовско откако одзел повеќе грла добиток поради долг
Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 11.00 часот го лишиле од слобода 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток. Како што информираат од МВР, одземениот добиток е пронајдeн и вратен му е на сопственикот, а по документирање на случајот на И.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок....
Сител | 13 часа
Бугарското МНР ја поздравува работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања
На брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, портпаролот и заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, изјави дека ја поздравуваат работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ја охрабруваат да продолжи уште поинтензивно во напорите за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја, јавува дописникот на МИА од Софија. Заменик министерот Коџабашев истакна дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Бугарија и на Република Северна Македонија практично ги прифатија предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничка историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, како и општите принципи и белешки за содржината на учебниците за 5 клас во Бугарија и 6 одделение во Република Северна Македонија поврзани со праисторијата и античката историја. Во согласност со Протоколот од 17 јули, пак, договорено е Бугарија и Северна Македонија да го објават Протоколот од 2019 година со сите негови анекси во рок од еден месец, потсети портпаролот на бугарското МНР. Објавувањето на предлозите за 2019 година, одобрени од владите на двете земји, посочува тој, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на Заедничката комисија. Според бугарското дипломатско одделение, ова ја создава потребната основа за да се продолжи со имплементација на уште еден важен договор од Протоколот според чл. 12 од 17 јули координација на календар на заеднички чествувања за периодот 2022 – 2023 година на петте заеднички историски личности, додава Коџабашев. -Во Протоколот од средбата на 17 јули, бугарската и македонската страна договорија механизам со конкретни рокови за објавување на сите идни резултати и препораки од активностите на Комисијата. Двете страни се обврзаа да го имплементираат овој механизам со добра волја, како и сите други одредби што се однесуваат на протоколите од 2019 и од 2022 година, заклучи Коџабашев....
Сител | 13 часа
Ковачевски: Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која АРМ го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој. „Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата - 18 август. Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО. Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години. Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии. Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал. Нека е честит и вековит Денот на Армијата!”, е наведено во честитката на премиерот Ковачевски....
Сител | 13 часа
Честитка од Спасовски повод „30 години Армија“
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе јубилејот „30 години Армија“ и 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Тој порача дека храброста, посветеноста и професионализмот се одликите што македонската Армија ги акумулира во тридецениското постоење и работење на Армијата, на жените и мажите војници кои низ годините бескомпромисно ги демонстрираа овие вредности во одбрана на татковината. -Првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“ од 1943 година служеше како патоказ за зачеток и развој на нашата Армија, за сигурен пат до целта – членството во НАТО, како дел од системот за колективна одбрана и конечно, како фактор за мир и стабилност во регионот, пишува Спасовски на својот Фејсбук-профил. Министерот во честитката додаде дека Армијата, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните и општествено одговорни граѓани, е секогаш во првите редови, во кризни ситуации и вонредни состојби. Упати посебно признание за севкупниот придонес за безбедноста на сегашните и идни генерации. – Нека е честит јубилејот 30 години Армија и за многу години Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август!, порача министерот Спасовски....
Сител | 13 часа
Мицкоски: Армијата е симбол на државноста на Македонија, заслужува поголемо внимание од Владата кое во овој момент го нема
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук го честита Денот на Армијата на Република Македонија. „Армијата претставува симбол на државноста на Македонија, институција која го штити територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните и затоа таа ужива доверба меѓу народoт. Припадниците на АРМ со својата лојалност и посветеност на работата се гордост за секој од нас како граѓанин на Република Македонија. Посебна почит изразувам кон оние припадници на АРМ кои ги положија своите животи за својата Татковина и на тој начин оставија вечен белег со својот патриотизам и пожртвуваност. Во исто време изразувам и огромна благодарност до сите војници кои во многу случаи и непогоди низ годините излегуваа несебично први во помош и заштитата на граѓаните и нивните имоти и на тој начин ја градеа довербата и угледот на АРМ. Армијата заслужува поголемо внимание од Владата, која во овој момент го нема. Армијата се темели на храброста на илинденците и партизаните, на имињата на Ченто, Апостолски, на пожртвуваноста на илјадници мажи и жени кои го даваа животот за нашата слобода. Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија Нека е вечна Македонија“. - напиша Мицкоски на Фејсбук....
Сител | 13 часа
Каевски: Постојано инвестираме во одбраната, денеска имаме силна и угледна Армија која е дел од НАТО
Нека е честит 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија. 30 години Армијата е столбот на одбраната и безбедноста на државата, на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите Две години нашата Армија е дел од НАТО, рамноправна со останатите 29 армии во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Како парламентарно мнозинство во изминативе години донесовме важни законски решенија кои значеа повеќе инвестиции во одбраната и подобри услови за работа на војниците. Последен од нив е Законот за служба во Армијата со кој обезбедивме дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната. Со измените, веќе од следниот месец следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата, а се воведуваат и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата. Во делот на пензионирање на војниците, на нивно барање обезбедивме значително подобри услови. Војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на нивната возраст. Со новиот Закон се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во службата. Тоа значи дека одредени војници можат да добијат отпремнина и до 20.000 евра. Сето ова значи вистинска грижа за Армијата, војниците и вработените во одбраната. Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводиме, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои градат силна, стабилна и достоинствена Армија. Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ Центар за комуникации на СДСМ...
Сител | 13 часа
Пецаков: Ќе направиме се што е и што не е во наша моќ да го организираме Охридскиот маратон
Општина Охрид ќе направи се, односно 99 отсто Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи, изјави денеска градоначалникот Кирил Пецаков по координативниот состанок со претставници на пливачкие клубови од градот. Најави дека локалната самоуправа дека ќе направи се од следната година, организацијата на манифестацијата да ја преземе во свои раце заедно со пливачките клубови. – За оваа година ќе направиме се што е и што не е во наша моќ да успееме да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што добив и веднаш одговор од Агенцијата за млади и спорт. Треба да пристигне директорот и да видиме на кој начин би учествувале тие во организацијата на маратонот. Начинот на раководење на маратонот години наназад и односот со него го гледам и по однос на посетеноста како од година во година се уништува и ќе мораме како Локална од наредната година да ги разгледаме сите опции, истакна Пецаков. Посочи дека наградниот фонд кон пливачите не бил исплатен последните две-три години, а се поставува прашањето дали и годинава ќе биде исплатен. – Не можам да сфатам како се доведуваме во ситуација да останеме без маратон, односно да поминеме со едно соопштение дека нема да се одржи поради блокирана сметка, состојба која трае долги години. Што правеле досега? За да поканите пливачи на маратонот потребно е месец дена однапред да се известат и да го потврдат нивното доаѓање. Сега се поставуваме во една временска крајна зона каде незнам колку би добиле позитивни одговори. Поканите се веќе испратени од вчера, сабајлево почнуваме да добиваме одговори, на кои потенцирам дека најбитно прашање е дали ќе има награден фонд, бидејќи наназад две три години не им се исплатени наградите на кои пливале, истакна Пецаков. Во однос на учеството на пливачи и краткиот временски период од нивната покана, рече дека ќе побараат помош од легендите во македонското пливање меѓу нив Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, преку својот личен интегритет и авторитет да го заложат да ги поканат пливачите, со цел годинава да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Во разговори со компании последните 12 часа, нагласи, дека успеале да обезбедат одреден фон, а по средбата со директорот на Агенцијата за млади и спорт и поддршката од нивна страна ќе направат финансиска конструкција со која би се одржал. – Од разговорот со Охридските клубови, кои всушност се организатори на настанот технички се спремни да го организираат, а околу финансиите потребни се околу 50 000 евра. Оваа година би можеле со толку да организираме и Општина Охрид е спремна сетоа тоа да го понесе, нагласи Пецаков. Претседателот на здружението „Охридски бранови“, Кочо Паскали рече дека се подготвени техничи да го оргнизираат маратонот. – За една трка од 29-30 пливачи, се ангажираат 200 луѓе за кајчиња, старт, патека…. Тоа е работа која сака студиозно и сериозно работење. „Охридски бранови“ има свои реквизити за старт, патека, цел, луѓе со кои соработува годините за пловни објекти, глисери, судии…. За 24 часа како клуб во соработка со Црвен крст – Охрид можеме да го организираме маратонот. Но проблем се пливачите и средставата, рече Паскали. Сметката на пливачката федерација, посочи, била блокирана повеќе од 10 години и за надминување на проблемот потребно било да се излезе со информација каде и колку се должи за да може да се раздолжат. Информацијата за неодржување на 60. издание на Охридскиот пливачки маратон вчера ја објави претседателот на државата Стево Пендаровски, под чие покровителство се одржува манифестацијата, по средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски....
Сител | 13 часа
Загина мотоциклист откако се судри со автомобил на патот Штип - Делчево
Вчера во 19.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани, информира МВР. МВР соопшти дека возачот на мотоциклот починал во болницата во Кочани, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на терен бил извршен од Јавен обвинител и екипа од ОВР Кочани....
Сител | 13 часа
Стоилковски: Куртовски делел општински плати на најблиско семејство
Криминалот и корупцијата на СДСМ не застанува. Медат Куртовски, од позиција прв човек во општината Маврово и ростуше именуван од владата, а сега и кандидат на СДСМ за градоначалник, дели буџетски, општински пари на приватни сметки на најтесното семејство. Куртовски, градоначалник, па повереник и сега кандидат на СДСМ, на својот шура му исплатил 60.000 денари. Овие 1.000 евра општински пари за Емсел Шабани следуваат само три недели кога преку училиштето во Скудриње на роднината на Куртовски му се исплатени дополнителни 15.000 денари. И ова не е прв пат, туку се работи за континуирано празнење на општинските пари на сметка на семејството на Куртовски, именуван од владата на Ковачевски да дели од општинската каса. Имено, преку училиштата во Скудриње и Ростуше континуирано му се исплаќаат пари на роднината на Куртовски, Емсел Шабани, преку директорот, поставен од Куртовски и којшто, повторно, има пошироки семејни врски со владиниот повереник на општинската каса, Куртовски. Општински пари добивал и дедото на Куртовски, Тасим Шабани, со иста шифра како и шурата. Во очи на датумот на избори за 17 октомври лани, пред да биде именуван за владин повереник за општината, Куртовски на 8 октомври на Тасим Шабани му исплаќа 57.000 денари! Се работи за очигледна континуирата пракса за делење на буџетот на сметки на членови на семејството на Куртовски, очигледно во предизборен период таа сметка расте. Почитувани, Криминалот и корупцијата се нераскинлив дел за СДСМ и нивните кандидати за функционери. Државата е во економски колапс, народот се плаши како ќе презими, ама буџетите на општините водени од СДСМ се трошат за сметките на роднини и блиски на партиските функционери на власта. Изборот на Куртовски во сабота е избор за криминалот и корупцијата во Маврово и Ростуше. Ова мора да има крај! Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуниакции на ВМРО-ДПМНЕ...
Сител | 13 часа
Стоилковски: СДСМ ја уништува секоја традиција во Македонија дури и Охридскиот маратон
СДСМ повторно го докажува стремежот да ја уништи секоја традиција поврзана со Македонија, било тоа да е и спортска манифестација како Охридскиот маратон, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција. -Поданички плашејќи се да не бидат поврзани со поддршка на било каква македонска традиција или манифестација, бесрамно се откажаа и од оваа меѓународна спортска манифестација, потенцираше Стоилковски. Тoј истакна дека ВМРО- ДПМНЕ е партија од народот и за народот, партија од Македонија и за Македонија, и нема да дозволи уништување на се што е македонско. -Градоначалникот Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид уште еднаш покажува како се работи и како се сака и почитува државата и традицијата во насока на градење на позицијата на една држава каква што заслужува да биде Македонија, нагласи Стоилковски. Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ...
Сител | 13 часа
Портокалова фаза во Македонија - Ослободувања од работа и препораки за заштита
Embedded video for Портокалова фаза во Македонија - Ослободувања од работа и препораки за заштита...
Сител | 13 часа
Приватниот сектор мака мачи со сметките за струја - Не можат да ги спроведат препораките на владата за штедење
Embedded video for Приватниот сектор мака мачи со сметките за струја - Не можат да ги спроведат препораките на владата за штедење...
Сител | 13 часа
3 години трае битката на 26 годишниот Хенри за добивање македонско државјанство
Embedded video for 3 години трае битката на 26 годишниот Хенри за добивање македонско државјанство...
Сител | 13 часа
Средба Ковачевски – Лосон
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната - како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. При тоа е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот. На средбата е истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички е констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. „Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад“, рече премиерот Ковачевски. На состанокот е разговарано и за надминувањето на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања и за регионот и за светот, предизвикани од војната во Украина и од пандемијата. Со почит, Сектор за односи со јавноста Генерален секретаријат...
Сител | 13 часа
Регистрирани се 491 нови лабораториски позитивни случаи на SARS-CoV-2
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година. Направени се 1.108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а бројот на активни случаи изнесува 3.483 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 158588, Активни 1422 Куманово 17920, Активни 150 Битола 17495, Активни 253 Прилеп 15225, Активни 150 Тетово 14344, Активни 118 Кавадарци 11819, Активни 134 Велес 10632, Активни 111 Гостивар 10198, Активни 84 Охрид 10034, Активни 208 Струмица 8684, Активни 85 Штип 8634, Активни 78 Кичево 6006, Активни 48 Кочани 5434, Активни 62 Струга 5122, Активни 64 Гевгелија 4756, Активни 61 Неготино 4085, Активни 80 Ресен 2980, Активни 24 Радовиш 2789, Активни 55 Свети Николе 2763, Активни 14 Крива Паланка 2595, Активни 32 Делчево 2108, Активни 69 Берово 1802, Активни 28 Дебар 1794, Активни 20 Валандово 1583, Активни 8 Виница 1459, Активни 27 Пробиштип 1296, Активни 4 Богданци 1085, Активни 22 Кратово 1081, Активни 14 Крушево 1008, Активни 21 Демир Хисар 911, Активни 11 Македонски Брод 784, Активни 9 Демир Капија 623, Активни 7 Македонска Каменица 533, Активни 3 Пехчево 505, Активни 7 Дојран 365, Активни 0 Со почит, Одделение за односи со јавност Министерство за здравство...
Сител | 13 часа
И Владата и општина Охрид ќе го спасуваат Охридскиот маратон
Embedded video for И Владата и општина Охрид ќе го спасуваат Охридскиот маратон...
Сител | 13 часа
Владата и денеска не открива дали ќе се менува балансерот
Embedded video for Владата и денеска не открива дали ќе се менува балансерот...
Сител | 13 часа
Антикорупциска отвора предмет за нерационално трошење во ек на пандемија
Embedded video for Антикорупциска отвора предмет за нерационално трошење во ек на пандемија...
Сител | 13 часа
Бугарското МНР ги поздрави препораките на историската комисија
Embedded video for Бугарското МНР ги поздрави препораките на историската комисија...
Сител | 13 часа
Блинкен ги осуди руските акции во зоната на нуклеарната централа Запорожје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ги осуди „руските акции во и околу украинската нуклеарна централа Запорожје“, повторувајќи го продолжувањето на американската помош за одбранбените потреби на Украина, соопшти Стејт департментот. Блинкен, како што изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, потврди дека САД ќе продолжат да повикуваат на „запирање на сите воени операции во или во близина на украинските нуклеарни постројки, да се вратат тие капацитети под целосна украинска контрола и да ја повикаат Москва да стави крај на војната против својот суверен сосед“. Американскиот државен секретар ги пофали украинските власти и операторите (на нуклеарни постројки) за нивната посветеност на нуклеарната безбедност и безбедност под сегашните услови. Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, е под контрола на руската армија и во изминатите неколку дена, според руската страна, режимот во Киев извршил неколку напади врз областа на нуклеарната централа користејќи беспилотни летала, тешка артилерија и повеќеракетни фрлачи. Некои од проектилите ја погодија инфраструктурата на нуклеарната централа, вклучително и капацитетите за складирање на нуклеарен отпад....
Сител | 14 часа
Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство
Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба. Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството. Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август....
Сител | 14 часа
Русија бележи пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси оваа година, се наведува во владин документ
Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми. Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите. Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите. „Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи. Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат. Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година. Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари....
Сител | 14 часа
Повеќе од 150 деца ги загубија животите во епидемија на сипаници во Зимбабве
Најмалку 157 деца починаа како резултат на појава на сипаници во Зимбабве, а повеќе од 2.000 инфекции се пријавени низ целата земја, соопшти владата на таа држава. Случаите рапидно се зголемија во јужноафриканската нација откако властите соопштија дека првата инфекција била регистрирана претходно овој месец, при што пријавените смртни случаи речиси се удвоиле за помалку од една недела. „Од 15 август, кумулативниот број низ целата земја се искачи на 2.056 случаи и 157 смртни случаи“, рече министерката за информации Моника Муцвангва на брифинг. Муцвангва рече дека владата ќе ги интензивира вакцините и се повика на специјални закони кои и дозволуваат да повлече пари од националниот фонд за катастрофи „за справување со итни случаи“. Таа рече дека владата треба да се ангажира со традиционалните и верските водачи за да ја добие нивната поддршка за кампањата за вакцинација, додавајќи дека повеќето од жртвите не биле вакцинирани. Министерството за здравство претходно ги обвини собирите на црковните секти за избувнувањето на епидемијата. Во април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека Африка се соочува со експлозија на болести што може да се спречат поради доцнење со вакцинирањето на децата, при што бројот на случаи на морбили се зголеми за 400 проценти....
Сител | 14 часа
Премиерката на Финска во центарот на скандал поради објавени видеа од забава | ВИДЕО
Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром. На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми. Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно. „Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер. На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико. „Танцував, пеев, славев, правев легални работи“, рече премиерката и додаде дека не пиела многу. Таа ја коментираше и објавената снимка. „Верував дека бидејќи видеата се приватни нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени“, изјави Марин. Снимката наиде на различни реакции на интернет, при што некои критичари ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други гледаат потенцијален поттик за популарноста на 36-годишниот премиер. This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool... maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8 — Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022...
Сител | 14 часа
Во напад врз џамија во Кабул загинаа најмалку 10 лица
Во бомбашки напад врз џамија во авганистанската престолнина Кабул за време на синоќешна молитва загинаа најмалку десетмина, вклучувајќи и свештеник, а повредени се 27 лица. Меѓу повредените има и неколку деца. Според очевидец, загинатиот свештеник е мула Амир Мохамед Кабули. Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец. Досега никој не презеде одговорност за нападот. Локалниот огранок на екстремистичката група ИД ги засили нападите на талибанците и цивилите од нивното преземање на власта минатиот август, додека американските и трупите на НАТО беа во завршна фаза на повлекување од земјата. Минатата недела, ИД презеде одговорност за убиството на истакнат талибански свештеник во неговиот верски центар во Кабул....
Сител | 14 часа
Парламентот на Црна Гора утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ
Собранието на Црна Гора утре треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање се уште е неизвесен, пренесе Бета. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба. За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници и чие претседателство денеска треба да одлучува за ова. Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември. Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, вчера изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија....
Сител | 14 часа
Италијанска туристка убиена во Хрватска
Во раните утрински часови кај Умаг, Хрватска, се случило злосторство. Полицијата во 4.55 часот добила пријава од Брза помош дека пронашле тешко повредена 40-годишна жена од Италија. Несреќната жена по еден час го загубила животот поради тешките повреди кои ги имала, а првите информации се дека станува збор за кривично дело во стан во кој рпестојувале гости, 40-годишна жена и 30-годишен пријател кои се карале во претходните денови. Полициската управа на Истра соопшти дека уапсила 30-годишен италијански државјанин кој е поврзан со трагедијата и во моментов се води истрага....
Сител | 14 часа
Меџидиев: Прогнозата е добра и за двете деца повредени во автобуската несреќа
Нема опасност по животот на децата. Тие можат безбедно да се транспортираат, изјави денеска бугарскиот министерот за здравство Асен Меџидиев. Тој додаде дека напладне се очекува да биде во Белград. – Повеќето оперативни интервенции на едно од децата веќе се направени. Состојбата на другото дете е подобрена, контактибилно, секојдневно се подобрува. Прогнозата е добра и за двете деца, посочи министерот. Според него, трите деца примени во болницата во Стара Загора се во многу добра состојба, најверојатно утре ќе бидат пренесени до српската граница. Меџидиев објасни дека состојбата и на повредените возрасни е добра. – Човекот со ампутирана нога, можеби ќе го држиме уште малку додека се заврш и постоперативната работа, рече тој. Претпладнево на аеродромот во Софија слетаа два српски хеликоптера што треба да превезат во Србија две од повредените деца во автобуската несреќа на автопатот Тракија на 14 август....
Сител | 14 часа
Во Србија 31 случај на мајмунски сипаници, сите се мажи на возраст од 21 до 44 години
Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Регистрираните случаи се од Белградскиот (27), Јужнобачки (1), Јужнобанатски (1), Сремски (1) и Нишавски (1) округ. Тројца од нив се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување....
Сител | 14 часа
Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач
Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор. 40-годишниот Србин е возачот на автобусот кој се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија. Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни. Делото е оквалификувано по член 343 став 3 б „а“ во врска со член 342 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот. За 28 дена ќе заборавите на болки во зглобовите или ‘рбетот:гарантирани успеси со сигурни медицински тестови Акциите за увидот се во тек....
Сител | 14 часа
Брнабиќ: Протерување на Србите од Косово е нивната цел
Српската премиерка, Ана Брнабиќ кажа дека Србија има за цел да го зачува мирот и стабилноста во регионот. „Мислам дека во Брисел се разговара за мирот и тема на разговор се некои работи, како табличките и личните карти за кои косовскиот премиер Албин Курти постојано провоцира, а на нас останува да го спречиме тоа што се подготвуваше на 31 јули, а тоа е физички напад и протерување на Србите“, кажа Брнабиќ. Србите на Косово и Метохија сакаат присуство на КФОР бидејќи ја обезбедува нивната сигурност, кажа српската премиерка....
Сител | 14 часа
Поскапува дизелот
Од вечерва на полноќ дизелот поскапува за два денари, и ќе се продава 92 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕРОТ 95 и ЕУРОСУПЕРОТ 98 останува иста, односно 88,5 и 91 денар. Непроменета останува и цената на мазутот 52,8 денари, а се зголемува цената на екстралесното масло од 86,5 на 88,5 денари по литар....
Сител | 14 часа
Поднесени над 50 барања за проценка на штети по невремето во Неготино
Поднесени се над 50 барања за проценка на штети по невремето што го зафати Неготино во вторникот попладне, информираат од неготинската локална самоуправа. -Страшното невреме што ја зафати нашата општина предизвика големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини. Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општината Неготино формираше комисија за проценка на штети која работи на терен, соопштуваат од локална самоуправа Неготино. Во невремето проследено со силен ветер и дожд, настрадаа повеќе кровови од семејни куќи во градот и селото Тимјаник....
Сител | 20 часа
МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението. Општите мерки кои треба да се почитуваат, поради портокалова фаза денеска и утре во целата држава, како што препорачуват од МТСП се ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. -Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението од МТСП. Оттаму потсетуваат дека согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. -Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Оваа мерка да биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, велат од МТСП. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд....
Сител | 20 часа
ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија
Во јули, увозот на руски природен гас во Европска Унија е намален за околу 70 отсто на годишно ниво, со просечни дневни количини под 100 милиони кубни метри, се наведува во денешното соопштение на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Во јули минатата година гасот увезен од Русија во Европа изнесуваше околу 300 милиони кубни метри дневно, а експертите на ИЕА за останатите месеци од 2022 година прогнозираат пад под нивото од 80 милиони кубни метри дневно. Земјите-членки на ЕУ во првите седум месеци од минатата година увезувале околу 400 милиони кубни метри руски гас дневно, додека во истиот период од тековната година количините се веќе 240 милиони кубни метри дневно....
Сител | 20 часа
Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод Денот на Армијата
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до началникот на генералштабот на Армијата, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски и до припаднците на Армијата по повод 18 Август, Денот на Армијата. -Во име пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани на Република Северна Македонија, се вели во честитката од Џафери. Во овие 30 години, се нагласува, припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата. -Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на Евро – Атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам, посочува Џафери во честитката. Нагласува дека подготвеноста и посветеноста на нашата Армија ги препозна и светот, преку рамноправното учество на нашите војници во меѓународните мировни мисии, успешната меѓународна соработка на Армијата во време на бегалската криза, па се до нашето долгопосакувано полноправно члество во НАТО во 2020 година, со што Армијата официјално го доби заслуженото место на активен чувар на светскиот мир....
Сител | 20 часа
Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР го зголеми присуството и патролирањето во Северно Косово
Loading Video......
Сител | 20 часа
Гутереш и Ердоган на средба со Зеленски во Украина
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Лавов, град во западна Украина, речиси шест месеци по руската инвазија врз таа држава. Тројцата лидери ќе разговараат за неодамнешниот договор за извоз на украинско жито, но и за „потребата од политичко решение на конфликтот“, најави портпаролот на ОН Стефан Дужарик. „Не се сомневам дека ќе се допираат нуклеарната централа (Запорожје) и други теми. Зеленски вчера рече дека Гутереш „веќе пристигнал во Украина. Работиме заедно за да ги постигнеме потребните резултати за Украина“. Генералниот секретар треба да разговара и со Зеленски на посебна средба. Потоа в петок треба да отпатува за Одеса, едно од трите пристаништа наменети за извоз на жито според постигнатиот договор, по што ќе ја посети Турција, особено Заедничкиот координативен центар (ЦКЦ) кој го надгледува договорот. Податоците на ОН покажуваат дека од 1 до 15 август 21 превозник на големо добиле одобрение за испловување. Тие превезле вкупно 563.317 тони земјоделски производи, од кои 451.481 тони пченка....
Сител | 20 часа
Вучиќ и Курти денеска во нова рунда од дијалог во Брисел
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти денеска се среќаваат во Брисел во нова рунда дијалог за нормализација на односите, со посредство на ЕУ, по повеќе од една година, пренесе Бета. Состанокот започнува во 10:30 часот, а домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак. Борел ќе има одвоени средби и со Вучиќ и Курти, соопшти Европската служба за надворешни работи, а на крајот од средбата ќе се обрати и пред медиумите. Неколку дена пред состанокот, Европската комисија објави дека „мора да има и ќе има дискусија“ за сите отворени прашања, нагласувајќи дека „најважно е двете страни да престанат со непријателствата, со запалливи пораки и тензии и да се дејствуваат одговорно“....
Сител | 20 часа
Бугарија: Запленети 100 кг хероин во автомобил на 38-годишен маж во кој биле и неговата жена и малолетните деца
Бугарската царина запленила 106 килограми хероин во вредност од околу 5 милиони евра пронајден во автомобил управуван од 38-годишен маж со француско и турско државјанство. Со пријавениот Х.А во автомобилот биле неговата сопруга, нивните две малолетни деца, како и нивните две кучиња. Според методот „анализа на ризик“, автомобилот е пренасочен на детален царински преглед. Цариниците пронашле вкупно 210 пакети сокриени во подот под предното седиште и во резервната гума на автомобилот. Од нив 209 содржеле прашкаста материја со светло беж боја која при тестирање со наркотест на терен реагирала на хероин, додека супстанцијата од последното пакување на хашиш. Човекот е приведен, а како што соопштија бугарските обвинители, тој може да заврши зад решетки до 20 години поради трговија со дрога....
Сител | 20 часа
Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок
Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. Посочува дека ова е отворено прашање во концептот за даночна реформа и дека низ отпочнатата дебата треба да се дојде до најоптималното решение. – Прво, сметам дека за оваа тема вреди да се дебатира, па после да дојдеме до предлог затоа што има разни решенија. Од аспект на правичност на даночниот систем има различни концепти. Еден е прогресивниот данок што сега постои како решение и треба да стапи на сила од 2023 година и што како решение го има во други земји, а другиот концепт е т.н. концепт на оптимален даночен систем. Тоа е еден друг модел за кој во 1996 година, James A Mirrlees има доделено Нобелова награда. Навидум тоа изгледа како рамен данок, една даночна стапка, а во суштина ќе добијат повеќе тие што имаат пониски примања. Тоа е преку т.н. даночно ослободување. Но, оставаме ова да оди на дебата, да видиме кој би бил најоптималниот модел за нашето стопанство, истакнува Бесими. Тој верува во отпочнатиот процес на даночни реформи и смета дека е добро да се отвори дебата за даночните реформи чија цел, како што вели, е забрзан економски раст и подобар квалитет на живот на граѓаните. – Дебата е клучна за да ги подобриме решенијата. Партиципативноста и инклузивноста на самиот процес е исклучително важен. Никој нема монопол над вистината. Ниту тоа што ние го презентираме како концепт, имаме право да кажеме дека е апсолутната вистина. Слушаме разни идеи и ќе дојдеме до некое решение кое сметам дека би било најоптимално во оваа фаза, вели министерот за финансии во интервјуто за МИА....
Сител | 21 часа
На Табановце се чека 30 минути за влез и излез
На ГП Табановце утрово се чека околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови. Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови....
Сител | 21 часа
Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити
Во текот на претходниот месец во земјава се пријавени вкупно 607 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хепатит Б и Ц и ХИВ. Првите две најчести заболувања се овчи сипаници и ентероколити, кои учествуваат со 90,4 проценти во вкупниот број на заболени, а со 91,9 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во јули, покажуваат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје. Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 298 пријавени лица. Во однос на јуни има намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 3,9 проценти, а во споредба со јули лани зголемување од 3,7 проценти. На второ место по бројот на пријавени заболени во јули се ентероколитите, со 251 случај. Во однос на јуни се регистрира зголемен број на заболени лица од ентероколити за 36,4 проценти, а во однос на јули минатата година има намалување од 31,4 проценти. Во однос на поделбата на акутни заразни заболувања по групи, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број се за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени по 4 случаи на инфективна мононуклеоза и скарлатина и по еден случај на заразни заушки, легионерска болест и пневмококна инфекција. Во јули пријавени се 279 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца чинат пријавите за ентероколити. Пријавени се 16 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и 12 случаи на салмонелоза. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани три заболени лица, односно два случаи на хламидија и еден случај на вирусен хепатит Ц. Во групата на зоонози пријавени се шест заболени лица, по два случаи на бруцелоза и ехинококоза и по еден случај на лајм борелиоза и лајшманиоза. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јули се регистрирани десет случаи, од кои седум случаи на шуга, два случаи на вирусен менингит и еден случај на вирусен енцефалитис. Во Билтенот се наведува дека во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол. Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје. Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА. До ИЈЗ во јули пријавена е и епидемија на заразна болест Toxoinfectio alimentaris, заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка во Штип. – Се работи за појава на заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка. Од експонираните 100 лица, заболеле вкупно 7 лица, од кои 2 лица биле хоспитализирани во КБ Штип, испишани се во добра општа состојба, информираат од Институтот....
Сител | 21 часа
Триесет години Армија
Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА. Клучната улога во обезбедувањето на територијата на државата, по заминувањето на војската на Југославија, ја имала добро организираната Територијална одбрана која прва ги превзема испразнетите касарни, а веднаш потоа и целосно, во рок од 10 дена ги обезбедува границите, односно ги превзема караулите. Со договорот потпишан на 21 февруари 1992 година, помеѓу гeнералот на ЈНА, Благоја Аџиќ, и претседателот, Киро Глигоров, беше определен и крајниот рок 15 април 1992 година за повлекување на ЈНА од државата. На 11 март 1992 година, единиците на Територијалната одбрана на Крива Паланка ја презедоа првата караула „Рамна Нива”. Истиот ден, на свечен начин беа преземени и соседните караули „Деве Баир” и „Коприва” на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Набргу потоа беа преземени сите караули на македонската граница, односно на 21 март е предадена и последната македонска карула „Јован Вукотиќ” во близина на преминот Меџитлија. Претседателот Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац, на 27 март 1992 година, во Собранието на Република Македонија го потпишаа завршниот акт од Договорот за повлекувањето на единиците на ЈНА од Македонија. Со тоа целосно било спроведено одбранбеното одвојување од ЈНА и од СФРЈ и осамостојување. Со превземањето на последната караула била воспоставена целокупната организација, чување и обезбедување на границата и територијалниот интегритет и суверенитет со војници и старешини од единиците на територијалната одбрана кои таа должност ја вршеа во првите неколку месеци сè до пристигнувањето на првиот редовен регрутен контингент на АРМ. Согласно тогашниот „Закон за одбрана”, чл. 3, од 14 февруари 1992 година, воената обврска на граѓаните е општа и на воената обврска подлежат сите граѓани на Република Македонија од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот. За само 17 дена, со огромен ентузијазам и ангажирање на старешините и на граѓанските лица, касарните во Скопје „Маршал Тито”, во Битола „Стив Наумов”, во Штип „4 јули” и во Охрид „Михајло Апостолски” биле подготвени да ги примат првите македонски регрути. Првиот регрут на Армијата, Панче Јамандиев од Велес, роден 1970 година, пристигнал во гарнизонот во Охрид на 14 април 1992 година. Регрутите главно, биле младинци родени во 1973 година, кои во септември истата година требало да заминат во составот на тогашна ЈНА, а со одлука на Владата биле повикани да служат во редовите на АРМ. Според податоците на АРМ до кои дојде МИА, програмата за обука на македонските регрути опфаќала две и пол месечна обука, а потоа најголем дел од нив биле упатени да ги пополнат граничните единици, додека помал дел од нив се подготвувале за пополнување на единиците на воената полиција и за вршење на останатите служби и должности. По извршените обуките, на 9 мај 1992 година во Скопје во тогашната касарна „Маршал Тито” сега „Илинден“, во Битола „Стив Наумов” на 10 мај, во Штип „4 јули” на 16 мај и во Охрид на 17 мај, првите македонски регрути дадоа свечена обврска и отпочнаа со своите активности. Денеска Армијата одбележува 30 години од формирањето од како со одлука, Владата од 3 јуни 1993 година, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” 18 август 1943 година на Славеј Планина, го прогласи за Ден на АРМ. Истата година Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир” по што во март следната година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка. На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната на државата. Армиските специјалци „Скорпии“ во 1996 година првпат учествуваа на воена вежба на НАТО – „Мировен орел” која се одржа во Република Албанија. Истата година се одржа и првата мултинационална воена вежба на просторот од нашата држава „Спасител ’96”, а во мај следната година вежбата „Спасител ’97”. Веќе во 1998 година се одржа и најголемата мултинационална вежба според бројот на земјите учеснички „Најдобар кооперативен зафат ’98”. Следеа бурните настани и ангажираноста на АРМ, особено на граничните состави во „Косовската бегалска криза” од 1999 година. По создадените услови за преструктуирање на одбранбениот систем и реформа на Армијата, заради постигнување интероперативност според стандардите на НАТО, на 3 мај 2000 година, од страна на Алијансата беше прифатен Акциониот план за подготовки за членство во НАТО, со што широко, како што велат од АРМ, се отворија портите за целосна структурна реформа на Армијата. Во започнатиот процес на реформи и преструктуирање, нашата војска во 2001 година се соочи со вистински воен конфликт, иако не беше прогласена воена состојба. Република Северна Македонија прв пат испрати свои мировници во мисијата ИСАФ (Интернатионал Стабилизатион Авган Форцес – ИСАФ) во Авганистан во 2002 година, а даде и поддршка на операцијата предводена од САД, „Слобода за Ирак“ во мисијата во Ирак. Нашите армиски состави продолжија со учество и во мисијата ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, „УНИФИЛ“ во Либан и во последната со директно учество- мисијата на НАТО-КФОР во Косово. За бригадата за североисточна Европа СЕЕБРИГ деклариравме и сеуште учествуваме со чета за мировни операции, инженериски патен вод и национален елемент за поддршка за чета, а од пред две години сме домаќини на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово. Покажаниот висок професионален ангажман и посветеноста на нашите војници во тие мисии придонесе за јакнење на меѓународниот кредибилитет на Република Северна Македонија и за нејзино дефинирање како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување. Армијата секогаш прва се вклучувала во помош на граѓаните и локалните самоуправи како во гасење пожари, санирање на последици од поплави, доставување храна во непристапни терени итн. За време на поплавите во скопскиот регион 2016 година Армијата учествуваше со вкупно 5878 работни ангажирања, во просек 345 припадници дневно, 384 моторни возила, а употребени се вкупно службени кучиња во 21 случај. Вкупно 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти се чистени од наноси. Извршена е дизинфекција на 1014 куќи. Во минатогодишните гасења на пожарите на 13 локации во Кочани, Берово, Делчево, Куманово и секаде каде што беа потребни, од копно и од воздух се вклучија припадниците на Армијата, при што беа ангажирани 2243 припадници и исфрлени 472 тони вода од хеликоптерите. Ангажирањето на Армијата продолжува во асистенција на институциите во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, а воените сили се вклучени и во справување со мигрантската криза и асистенцијата на граничната полиција, почнувајќи од 2015 година. Армиските припадници постојано учествуваат и во хуманитарни и крводарителни акции. Вообичаено тоа се работи на наша иницијатива за организирање на ваква акција, пред се поврзана со некој повод како прослава на ден на единиците и Ден на АРМ. Во просек секоја година се организираат помеѓу 15-20 вакви акции каде се собираат помеѓу 700-900 крвни единици. Политиката на национална безбедност на Република Северна Македонија се темели на „активно и реално вклучување во меѓународните напори за креирање и подобрување на мирот и безбедноста”, е запишано во Националната концепција за безбедност и одбрана. Стратегискиот одбранбен преглед од 2019 година ги даде јасните и конкретни насоки за трансформација на одбраната на Република Северна Македонија, а како нејзин составен дел е и трансформацијата на Армијата, која доби една заокружена целина. Транформацијата се уште трае, а постепената и планска модернизација и опремување на оперативните состави според динамичниот план за опремување е составен дел од неа. Обуката, покрај модернизацијата и опремувањето, има приоритет како значаен сегмент во одбраната и истата постепено се приспособува на потребите на командите и единиците на Армијата за потребите на одбраната на земјата и за учеството во меѓународни мировни мисии. По воената интеграција во НАТО во 2020 година, се склучи договор за чување на суверенитетот на македонското небо преку концептот на Air Policing. Армијата на Република Северна Македонија во изминатите 30 години од статична, а гломазна Армијата се трансформира во мала, мобилна и ефикасна Армија, способна да се соочи со сите предизвици, оспособена рамноправно да се носи со другите армии на земјите членки на Алијансата....
Сител | 21 часа
Казни за 167 возачи во Скопје, 53 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции. Како што соопшти МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за непрописно престигнување и обиколување… Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР....
Сител | 21 часа
Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено
Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Овие препораки беа донесени на вчерашната седница на Владата откако УХМР ги информираше институциите дека денеска и утре територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза. Температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Владата ги донесе следните препораки: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението. Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. е Под влијание на топол бран денеска и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат. Минималните температури ќе се движат од 13 до 24 степени, а максималните од 28 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 8....
Сител | 21 часа
Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања
Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Северна Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна. Опозицијата, пак, обвинува дека историските прашања се предмет на договарања. – Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и Северна Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи, рече Маричиќ. Во однос на содржината на договореното, рече дека тоа останува на историчарите, но напомена дека е вредно да се спомене дека во Комисијата членуваат седум врвни историчари, кои ние како држава сме ги поставиле, вклучувајќи ги и оние коишто, вели, во меѓувреме заминаа од таа Историска комисија, а кои се согласиле околу текстот за цар Самоил. – Ние целосно ја поддржуваме работата на Комисијата, и се што можеме како институција ќе помогнеме. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму, а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во МОН и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано, значи се она што ние ќе го направиме би очекувале да го направи и Софија, рече тој. Тој оцени и дека евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. -Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Северна Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество, вели тој. Тој потсети на порано презентираниот календар, кој е заеднички подготвен со Брисел, според кој скринингот ќе започне на 15 септември, а ќе трае до крајот на 2023 година. Во тек е интензивна комуникација со Брисел и се прават забрзани подготовки и во тренинг центарот на СЕП. Тој кажа дека процедурата за уставни измени во Собрание ќе почне во некоја понатамошна фаза и оти сега е рано да се зборува за тоа, бидејќи скринингот ни дава доволно време да ги изведеме уставните измени. – Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието, рече Маричиќ во однос на можните опции за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата. Според него, тоа нема да биде едноставно, токму заради, како што рече, „овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија“. – ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури да дадат поддршка за овој процес, ние се уште немаме временска рамка, скринингот ни остава доволно простор да делуваме. Ќе работиме на ова интензивно, потенцира вицепремиерот Маричиќ. Опозицијата денеска повторно го повтори ставот дека власта нема неопходни 80 пратеници за уставните измени. Според ВМРО-ДПМНЕ, сепак историските прашања се предмет на договарања. -Брзо се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ биле во право кога говореа дека Ковачевски и владата прифатија штетен предлог во кој обврските од Протоколот и историската комисија ќе доведат во ситуација државата или да се соочува со вечни преговори или со асимилација по бугарски диктат. Историската комисија пред два дена објави пакет одлуки со кои неколку историски личности, Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски се поврзуваат со средновековната бугарска држава, а дополнително за Македонија се предвидува минимализирање на конекциите со антиката на сметка на зголемено изучување на античките Дарданци и Тракијци. Со ова безмалку целата средновековна историја на Македонија се поврза со средновековна Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Заедничката мултидисциплинарна македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања усогласи препораки што се однесуваат на заедничко чествување на пет историски личности – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Комисијата усогласи и по пет препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, што се однесуваат на периодот на антиката. Препораките се објавени на веб-страницата на македонското МНР. Усогласувањето на препораките доаѓа еден месец по потпишувањето на Протоколот од страна на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска на 17 јули 2022 година, во кој е предвидено во рок од еден месец од потпишувањето на документот, двете држави да ги објават на интернет-страниците на двете влади веќе усвоените препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања. Копретседателот на македонскиот тим од Комисијата Драги Ѓоргиев во понеделникот на брифинг со новинарите рече дека препораките не допираат во идентитетските прашања, и истите се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период на двете страни и да се избегне денешната национална перспектива. Ѓоргиев, во однос на учебниците, рече дека препораките се однесуваат на некои структурални недоследности во лекциите, потоа на фактографски грешки, историската географија, односно како се претставени одредени географски реони, бидејќи, како што рече, во тие сегменти забележавме најмногу пропусти и во двата образовни система....
Сител | 21 часа
СДСМ: Домашното производство на електрична енергија е зголемено, јавните институции ќе ја намалат потрошувачката на струја за 15% месечно
Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи. АД ЕСМ во првите седум месеци од 2022 година произведе за 15 проценти повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани. Зголеменото производство се должи на зголемувањето на производството од термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј од 40 отсто, додека целиот план за производство за 2022 година е направен со 20 отсто. И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја. Во пресрет на прогнозираната најтешка зима на енергетски план во Европа, а со цел непречено снабдување со струја и пониски сметки, министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима“. Во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување и мора да ја намалат потрошувачката на струја за 15 проценти споредено со истиот месец од минатата година. Мерките кои важат од први септември годинава до 31 март 2023 година, меѓудругото предвидуваат да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да не се мести пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. Мерките вклучуваат и препораки за заштеда на електрична енергија за приватните компании и за домаќинствата. Со почитување на овие задолженија и препораки ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, ќе се намалат сметките за струја и нема да дојде до загрозување на редовното снабдување на електричната енергија. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ...
Сител | 21 часа
ВМРО-ДПМНЕ: Јасно е дека СДСМ нема пратеници за уставни измени, а Ковачевски бега од избори како ѓавол од темјан
СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот. Тоа е веќе јасно. Свесни се дека ако се постави и одбие, тогаш следниот чекор се предвремени парламентарни избори. А СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот како ѓавол од темјан. Рејтингот на Ковачевски е во рамки на статистичка грешка, а рејтингот на СДСМ е во слободен пат и тие тоа го знаат. Затоа СДСМ и Ковачевски бегаат и се кријат, манипулирајќи и одложувајќи ги процесите само за да добијат некој ден повеќе на власт. Е тој ден повеќе на власт го користат за криминални тендери, коруптивни зделки, лично богатење и грабеж на народните пари. Оваа власт нема никакви европски вредности, ниту пак принципи, туку се поврзани само со лични криминогени интереси. Оваа мала група криминалци ја држи во заложништво и СДСМ и Владата, но за жал ја држи во заложништво Македонија. Во интерес на државата е што поскоро на предвремени избори овие луѓе да бидат поразени и тргнати од политичката сцена. Тие може ќе бегаат, ќе се кријат, ќе манипулираат, ќе оддолжуваат, но народната казна ќе ги стаса. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ...
Сител | 21 часа
Портокалово ниво на опасност, денеска и утре температури и над 40 степени
Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафати земјава денеска и утре. На целата територија на државата ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи. Иако кај нас е застапена умерено-континентална и субмедитеранска клима, според синоптичарите, временските прилики кои ги имаме ова лето – високи температури и врнежи, наликуваат на тропски климатски услови. Тропската клима се карактеризира со високи температури кои достигнуваат до 40 степени Целзиусови. Врне секој ден, претежно во попладневните часови, а честопати има и невреме. Денот во кој температурата на воздухот е повисока од 30 Целзиусови степени е тропски ден. Тоа е карактеристично за подрачја со тропска и суптропска клима, но во текот на летото вакви денови бележат и региони со умерено-континентална клима. Во случај температурата на воздухот да остане или да биде повисока од 25 степени во текот на ноќта, тогаш тоа е тропска ноќ, појаснуваат синоптичарите. Екстремни топлотни бранови годинава ја зафатија северната земјина хемисфера, а особено Европа, која преживува едно од најтоплите лета, уривајќи ги долгогодишните температурни рекорди. Според информативната мрежа за временска прогноза и клима Climatebook, јуни годинава бил втор најтопол јуни во Европа и трет најтопол јуни на глобално ниво од 1981 година. Месечното температурно отстапување во Европа изнесувало +2,04°C во однос на просечната вредност во периодот 1981-2010 година и +1,57°C во однос на периодот од 1991 -2020 година. Соодветните глобални вредности беа +0,48°C и +0,30°C. Во Европа топлотниот бран се смета како најлош во последните 200 години, предизвикувајќи пожари во Шпанија, Португалија, Франција, Грција. Температурни рекорди од над 40 степени забележаа Франција и Велика Британија. Во Обединетото Кралство и умерените климатски региони на Европа, дури и престојот во затворен простор летово не е доволен за да се избегнат опасно високите температури. Домовите во овие области се дизајнирани да одржуваат топлина во текот на зимата и немаат климатизација. Во Велика Британија, според извештаите на тамошните метеоролошки служби, секој петти дом се прегреал во текот на летото. Топлотните бранови во Европа ја влошуваат и состојбата со енергетската криза. Како што домаќинствата и деловните субјекти ги вклучуваат своите климатизери, побарувачката за електрична енергија се зголемува, а растат и цените на струјата во услови на ограничен пристап до енергенси поради војната во Украина. Топлото време е проследено и со суша која се шири низ Европа, што предизвикува проблеми во земјоделството, речниот сообраќај и производството на хидроенергија....
Сител | 21 часа
Курти: Одлуката за регистрациите на возилата е во согласност со Уставот на Косово
Премиерот на Косово, Албин Курти, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, каде ја бранеше одлуката со која се бара од српските жители на Косово да ги сменат регистарските таблици на возилата, јави дописничката на МИА од Брисел. Регистарските таблици и личните документи беа меѓу главните причини за ескалацијата на тензиите во Косово на крајот на јули. Одлуката ја донесе косовската влада согласно својот Устав и закони. Запрашан дали е подготвен да ја промени одлуката за таблиците, Албин Курти објасни дека таа е легитимна и легална и прифатлива за Србија. Старите регистарски таблици датираат од крајот на деведесеттите, рече Курти, но од јануари 2018 Белград се заложил дека ќе прекине со производство на српски регистрации за жителите на Косово. Косовската влада бара од сите жители на Косово да ги регистрираат своите возила со РКС. -Започнавме кампања за да ги информираме сите српски граѓани, создадовме и финансиски поволности, кога ги менуваат регистарските таблици тие не треба да платат акцизи, ниту ДДВ, ние ќе продолжиме со кампањата и ќе продолжиме со промената на таблиците. Самата Србија се согласи со ова во јануари 2018 кога рече дека нема повеќе да произведува вакви таблици веќе и нема да ги присилува Србите да ги користат, рече косовскиот премиер. Тој додаде дека оваа одлука се носи во согласност со законот и Уставот на неговата земја, како и согласно ветувањата на Србија. -Не гледаме начин да се заобиколи ова, ова е во полза на сите, да се направи сѐ легитимно и легално во нашата земја, изјави Курти. Што се однесува до српските обвинувања за селективно прогонување на српски жители на Косово под превез на организиран криминал, косовскиот премиер ги отфрли овие наводи и истакна дека косовската полиција работи професионално и гони организиран криминал без разлика на етничката припадност, бидејќи гонети и апсени се и етнички Албанци во акциите против организиран криминал, рече тој. Курти повтори дека неговата земја сака да стане членка на НАТО Алијансата, но и дека е свесен оти четири земји членки на Алијансата не го признаваат Косово. -Знам дека има четири земји кои не ја признаваат независноста, јас секогаш работам макотрпно и инсистирам на она што е праведно и потребно, истакна премиерот Курти. За време на прес конференцијата тој го нарече однесувањето на Србија деструктивно. Косово, рече тој, е демократска земја која работи на усогласување со сите професионални стандарди на НАТО. -Заканите и ризиците со кои се соочува НАТО се чувствуваат и во нашата земја, тоа е причина да се биде внимателен кон деструктивниот пристап на северниот сосед во регионот под влијание на Русија, изјави тој. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од своја страна, повтори дека НАТО е подготвен да интервенира на Косово доколку дојде до ескалација, но дека во моментов ситуацијата е мирна. Тој ги повика двете страни да се воздржат од провокации и запалива реторика. Српскиот претседател и косовскиот премиер овие два дена престојуваат во Брисел каде ќе одржат нова рунда преговори под покровителство на ЕУ, неколку недели по ескалацијата и тензиите на северот на Косово....
Сител | 1 ден
МВР: Продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајот
Embedded video for МВР: Продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајот...
Сител | 1 ден
Ако не добијат одговор до крајот на август матичните лекари најавуваат нов штрајк
Embedded video for Ако не добијат одговор до крајот на август матичните лекари најавуваат нов штрајк...
Сител | 1 ден
Невремето во Неготино направи големи штети за граѓаните
Embedded video for Невремето во Неготино направи големи штети за граѓаните...
Сител | 1 ден