Вилјареал пресилен за Хајдук, Партизан на чекор до групи во Конференциска
Поранешниот освојувач на Лига Европа, Вилјареал го победи Хајдук со 4-2 и шпанскиот тим покажа дека е пресилен за „билите“, колку тие и да се надеваа дека може да дојдат до чудо и да се борат за пласман во групната фаза во Конференциската лига. Иако Хајдук преку Биук дојде до предност после само две минути игра, до полувремето „жолтата подморница“ ги потпи сплиќаните со четири гола за убедлива предност од 4-1, откако Хосе Моралес даде два гола во 14-та и 36-та минута, Марко Ливаја си даде автогол во 19-та, а Жерар Морено погоди во 45-та. Фосати на пет минути до крајот даде втор гол колку Хајдук да си замине од Шпанија со чесен пораз и само два гола негатива. Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов влезе во игра во завршницата на пет минути пред крајот на регуларниот дел. Белградски Партизан направи голем чекор кон групите и Србија многу извесно ќе има повторно два претставници во групите во Европа, откако вечерва во белград со 4-1 црно-белите го размонтираа малтешки Хамрун и покажаа дека не се Левски за да испаднат од аутсајдерите. Партизан за пола час дојде до убедливи 3-0 со головите на Гомес (15-та), Урошевиќ (25-та) и Диабате (33-та), а откако Жилаумие во 52-та намали, за да ја задржат предноста од три гола се погрижи Андраде со гол на 13 минути пред крајот. Победа за надеж дека може да дојдат до групи запиша и босански Зрињски против Слован Братислава со триумфот со 1-0 со гол на Немања Библија во претпоследната минута, додека од екс-југословенските простори, уште Марибор одигра реми дома со Клуж. ЛИГА ЕВРОПА Хелсинки – Силкеборг 1-0, Ференцварош – Шамрок 4-0, Аполон – Олимпијакос 1-1, Малме – Сиваспор 3-1, Пјуник – Шериф 0-0, Цирих – Хартс 2-1, Лудогорец – Жалгирис 1-0, Днипро – АЕК Ларнака 1-2, Гент – Омонија 0-2, Австрија Виена – Фенербахче 0-2 КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА Раков – Славија Прага 2-1, ЦСКА Софија – Базел 1-0, Макаби Тел Авив – Ница 1-0, Молде – Волфсбергер 0-1, РФС – Линфилд 2-2, Словачко – АИК 3-0, Јанг Бојс – Андерлехт 0-1, Универзитатеа Крајова – Хапоел Бер Шева 1-1, Башакшехир – Антверпен 1-1, Вадуц – Рапид Виена 1-1, Зрињски – Слован Братислава 1-0, Марибор – Клуж 0-0, Келн – МОЛ Фехерват 1-2, ФЦСБ – Викинг 1-2, Лех Познан – Дуделанж 2-0, Вилјареал – Хајдук 4-2, Вест Хем – Виборд 3-1, АЗ Алкмар – Жил Висенте 4-0, Фиорентина – Твенте 2-1, Партизан – Хамрун 4-1, Шкупи – Балкани 1-2....
Спорт 1 | 7 часа
Седлоски: Подобриот не победи, пак ги правиме истите грешки!
Тренерот на македонскиот првак Шкупи, Гоце Седлоски посочи после поразот од Балкани со 1-2 во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза во Конференциската лига дека косовскиот првак не бил подобар на теренот, ама ги искористил грешките кои им се повторуваат на чаирчани. Балкани со пресврт дојде до победа со 2-1 и направи чекор поблизу до групите, па сега во Приштина за една недела на реваншот ќе им треба реми за историски прв настап на еден косовски тим во главната фаза во едно од натпреварувањата на УЕФА. „Подобриот денеска не победи, а сите видовте колку неискористени шанси имавме. Супер влеговме во мечот, а потоа примивме гол на кој ги предупредував играчите. Тој гол како да нѐ раздрма, а во послендите 20 минути фудбалерите дадоа сѐ, имавме многу шанси и не ги искористивме. Противникот од два шута ни даде два гола“, рече Седлоски. Тој посочи дека за поразите ја презема одговорноста, ама... „Има уште 90 минути, но не можам да им честитам на противниците, зашто не беа подобри. Сепак се бројат головите, а момците го дадоа максимумот, но тие грешкикои ги правиме се повторуваат. Шансите мора да се искористат, ако не противниците казнуваат. Јас ја сносам одговорноста, ама прашувам – кој нѐ надигра? Одиме во приштина да одиграме добар меч“, додаде Седлоски....
Спорт 1 | 7 часа
Групната фаза (пре)далечна за Шкупи: Косовски Балкани ги расплака чаирчани (ФОТО)
Групната фаза во Конференциската лига стана (пре)далечна за македонскиот првак Шкупи, кој наместо со предност на реваншот во плејофот во Приштина ќе оди со негатива од еден гол, откако чаирчани вечерва загубија со 1-2 од косовски Балкани во првиот меч од последната фаза во овие годинешни евроквалификации. Не беше косовскиот првак толку подобар, ама брутално ги казни чаирчани за лошата реализација на шансите, посебно таа на Реналдо Цепас после десетина минути во вториот дел, кога гостинскиот голман одбрани чист гол по соло акцијата, за Меритон Кореница во 68-та минута да го комплетира пресвртот со убав гол од 16 метри и да ги расплака чаирските навивачи, а Косовците да ги донесе на чекор до историја и прв настап на еден клуб од соседството во групна фаза во европските натпреварувања. Шкупи кој беше подобар во првиот дел, успеа да поведе преку Сандеј Адетунџи во 19-та минута по центаршут на Фреди Алварез, но само четири минути траеше радоста откако Албион Рахмани израмни по додавање на Арменд Таќи во 23-та, а гостинскиот голман одбрани тешки удари на Алварез и Хамиди, Адетунџи имаше шанса со глава по која биеше сантиметри крај дирекот до крајот на првиот дел. Во вториот, тргна Шкупи по втор гол, Цепас го имаше зицерот кој не го реализира, па дојде казната и потоа чаирчани тргнаа на сѐ или ништо, со тотална опсада на голот, успеаа да дадат еден, но од офсајд, а Балкани чекаше на контри за да ги загрози и да дојде до поубедлива победа, па Кристијан Наумовски еднаш спасуваше на 20-на минути пред крајот, а чаирчани не најдоа начин како да се спасат од пораз, а Цепас имаше нов зицер во 93-та минута, но од три метри биеше над голот. Последнаша шанса ја имаше Пепи Горгиев во мешаницата по која биеше со глава крај голот. Шкупи сега за една недела ќе брка негатива од еден гол најмалку за продолженија, а ќе му треба победа од два гола за пласман во групите....
Спорт 1 | 7 часа
Алиоски со победа дебитираше за Фенербахче – на чекор до групи во Лига Европа
Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски победнички тргна во авантурата со Фенербахче, откако денеска дебитираше за истанбуслкиот великан со победата со 2-0 во Виена против Австрија Виена и турскиот клуб направи голем чекор кон пласман во групите во Лига Европа. После нешто повеќе од две недели Алиоски конечно доби шанса од тренерот Жорге Жесус да заигра за новиот клуб, во кој дојде летово на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли и популарниот Џани беше стартер, а по пола час игра го доби и првиот жолт картон во дресот на турскиот гигант и играше до 79-та минута кога беше заменет. Фенербахче до победата дојде со голот во пет потега на Џошуа Кинг уште од осмата минута, а Сердар Дурсун на минута пред крајот ја дуплираше предноста, па сега во Истанбул за една недела, пред своите навивачи, турскиот клуб само формално со најмалку реми треба да го завери настапот во второто по ранг натпреварување....
Спорт 1 | 7 часа
Најубавата балканска атлетичарка стана европска шампионка! (ВИДЕО)
Најубавата балканска атлетичарка, Србинката Ивана Вулета стана европска шампионка во скок во далечина на Европското првенство кое се одржува во Минхен со скокот преку седум метри уште во првата серија. Вулета скокна 7,06 метри и за три сантиметри беше подобра од германската атлетичарка Малаике Михамбо, која до крајот со сите сили се обидуваше да ја надмине Србинката, ама сѐ што успеа беше најдолгиот скок од 7,03 сантиметри. До бронза дојде Британката Џезмин Сојерс која скокна 6,80 метри и за четири сантиметри во последната серија ја надмина Марина Бек-Романчук за да дојде до победничкиот пиедестал и медал од ЕП:...
Спорт 1 | 7 часа
Вардар нема да го брани пехарот во Струга, Целје оди во финалето
Екипата на Целје е првиот финалист на традиционалниот ракометен „Струшки турнир“. Ваквиот статус му го овозможи вечерашната победа над Вардар со 36-28, со која Словенците го освоија првото место во групата Б. Вардар добро го отвори натпреварот, играше дисциплинирана и цврста одбрана и со помош од Мартин Томовски успеа да води во добар дел од првото полувреме. Функционираше добро контра-нападот, па и позиционите акции, пред се водени од Филип Талески. Водството дојде до највисоки 14-10 во 20. минута, но во брзо темпо со многу трчање Целје, сепак, успеа да излезе од негативата и на пауза да се избори за 17-17. Во вториот дел македонскиот шампион беше рамноправен во првите десетина минути кога важеше 21-21, а потоа очекувано падна. Недостатокот на алтернативи за првата постава, заморот и безидејноста ги стигна во нападот, а Целје направи серија од 10-4, со која поита кон конечната победа. Филип Талески беше најефикасен со девет гола, но немаше поддршка од соиграчите, следен на листата со стрелци беше Куни Моралес со четири. Вардар ќе го освои второто место во групата Б и ќе се бори за третата позиција на конечниот пласман, со второпласираниот од групата А. Целје ќе игра финале со првиот оттаму, во обид да го повтори успехот од 2018 година, кога ја освои Струга. Кои ќе им бидат противниците ќе покаже утрешниот, последен ден од фазата по групи во кој на Пелистер му треба само да остане непоразен од АЕК (утре од 21.15 ч.) за да го потврди првото место и да оди во финалето. Тоа му го овозможи денешниот триумф над Татран Прешов со 25-24....
Спорт 1 | 7 часа
Фазлагиќ: Штом дојде понудата од Дунајска Стреда, веднаш прифатив!
Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ после осум месеци во Краков повторно се врати во Словачка, па Висла каде дојде зимоска од Жилина сега ја замени со Дунајска Стреда, која го зема фудбалерот за врка на едногодишен договор со опција за откуп. Фазлагиќ денеска беше промовиран за нов член на словачкиот тим и посочи дека доаѓа во добро познат клуб, чија понуда без размислување и двоумење ја прифатил кога стигнала до него. „Првите впечатоци се одлични, зашто имам тука играно мечеви и знам колку голем е ДАЦ (Дунајска Стреда – н.з.). Многу ми е драго што дојдов во овој клуб, кој е еден од најголемите во Словачка. Знам како функционира клубот, какви одлични навивачи има, има модерен стадион и веднаш штом дојде понудата, веднаш ја прифатив. Ќе дадам сѐ од себе на секој тренинг за да напредувам и ќе дадам сѐ на мечевите“, рече Фазлагиќ. Фазлагиќ зимоска потпиша за Висла за трансефр вреден 500.000 евра и потпиша четири ипол годишен договор, но полскиот тим испадна во Втората лига. Фазлагиќ во јуни годинава дебитираше за македонската А-репрезентација, откако претходно играше за сите младински селекции....
Спорт 1 | 8 часа
Пелистер ја доби драмата со Татран и зачекори кон финалето во Струга
Македонскиот вицепрвак Пелистер стигна до втората победа на струшкиот ракометен турнир после тесната и драматична победа со 25-24 против Татран Прешов во второто коло во групата А, со што зачекори кон финалето во битка за трофејот на јубилејното 50-то издание на овој ракометен турнир. На Пелистер му треба победа во последното коло против АЕК Атина за да го завери пласманот во финалето, а Вардар против Целје во директен дуел вечерва ќе се борат за првото место во групата Б и за пласман во финалето. Пелистер и Татран одиграа егал меч во кој нијанси решаваа, а максимум два гола разлика беше во текот на мечот, на стартот за Словаците (5-3), пред крајот за битолчани (22-20), а пет минути пред крајот Татран успеа да израмни на 23-23 со серија од два гола после негативата (21-23) и мечот да влезе во неизвесна завршница, во која Танковски донесе предност, Давидовиќ израмни, па Сари вторпат ги донесе битолчани на минимална предност. И во завршниот напад, екипата од Прешов не реализираше и Пелистер дојде до победата. Во првиот меч денеска домаќинот Струга со беше демолиран од АЕК Атина со 30-15....
Спорт 1 | 8 часа
Сензација во Конференциска: МОЛ Фехервар без Серафимов го победи Келн во Германија!
Унгарски МОЛ Фехервар, каде летово дојде македонскиот репрезентативец Никола Серафимов ја направи најголемата сензација во вечерашните први мечеви од плејофот во Конференциската лига, откако успеа да го победи бундеслигашот Келн среде Германија со 2-1 и сега на домашен терен ќе брка пласман за групната фаза. Серафимов кој одлично тргна во сезоната по трансферот од Залаегерсег, не е во комбинација за настап поради повреда, па и денеска не играше за унгарскиот тим, кој со пресврт во првиот дел дојде до водство и на крај до победа, искористувајќи ја и бројчаната надмоќ после исклчучувањето на Чабот по 20 минути игра. Келн поведе во 14-та преку Диетц, а откако „јарците“ останаа со десетмина, МОЛ Фехервар ги искористи последните 15 минути од првиот дел за да дојде до пресврт и на крај до победа. Зивзивадзе израмни во 32-та, а Дардаи на асистенција на стрелецот на првиот дел даде втор гол за МОЛ Фехервар....
Спорт 1 | 8 часа
АЕК Ларнака и Тричковски со една нога во Лига Европа
АЕК Ларнака, каде седум години игра поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски со една нога е во групите во Лига Европа, откако вечерва Кипарците со 2-1 славеа на гости против украински Днипро, па сега на домашен терен со огромна предност имаат голема шанса да го заверат настапот во второто по ранг натпреварување во Европа. Тричковски доби шанса за да настапи само во завршницата откако влезе во игра во 86-та минута, откако цел меч го преседе на клупата на минатонеделниот меч во Белград во ремито 2-2 со Партизан за пласман во оваа плејоф фаза. За половина час АЕК дојде до убедливата предност за победата која сега им дава голема комоција за рутински за седум дена да ја обезбедат визата за групите. Алтман во 16-та погоди за водство, а потоа Сваток си даде автогол во 29-та, но Сваток во 90-та се извади за автоголот за да ги остави какви-такви шансите на Днипро за реваншот на кој ќе мора да бркаат победа со два разлика за пласман во групите. За Тричковски и АЕК ова ќе биде вторпат да играат во групите во Лига Европа после сезоната 2018/19...
Спорт 1 | 8 часа
Левандовски застанал да се слика со навивачи, крадци од рака му го украле часовникот!?
Полската ѕвезда Роберт Левандовски, кој летово ја засили Барселона доживеал голема непријатност после неполн месец во Каталонија, откако крадци од рака му украле скапоцен часовник. Левандовски бил ограбен после дружење со навивачи на Барса пред тренинг-центарот на великанот, кога со автомобилот застанал за да се слика со приврзаниците на Каталонците, па двајца крадци на сила му го извадиле часовникот и побегнале. Полјакот како што објавуваат шпански медиуми тргнал да ги фати, но не успеал во обидот, но полицијата брзо потоа ги пронашла. Инаку часовникот кој го носел Полјакот вредел 75 илјади евра....
Спорт 1 | 9 часа
Алиоски дебитира во Виена – стартер за Фенербахче во битката за Лига Европа (ФОТО)
Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски вечерва дебитира за Фенербахче, откако се најде во стартниот тим на Жорге Жесус, после повеќе од две недели откако дојде на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли во истанбулскиот великан. Алиоски вчера првпат влезе во комбинација за настап на мечот, а Жесус му дава доверба од почеток на гостувањето кај Австрија Виена во првата пресметка од двомечот во плејофот за пласман во групите во Лига Европа. ? Austria Wien karşısında ilk 11'imiz! #AWvFB pic.twitter.com/CQmLZwJJh2 — Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 18, 2022...
Спорт 1 | 9 часа
Веќе се продадени 2,5 милиони билети за средбите на СП во Катар!
Фудбалските фанови ширум светот веќе на големо купуваат билети за претстојното Светско првенство (СП) во Катар, за што потврда дојде и од ФИФА која потврди дека досега се продадени вкупно 2,5 милиони влезници за натпреварите кон крајот на годината. Досега најголема побарувачка има за средбата помеѓу Бразил и Камерун, која на 2 декември ќе се одигра во Лусаил, а веднаш зад неа е пресметката на „Кариоките“ против Србија во меч од првото коло од групната фаза на Мундијалот. Од ФИФА соопштија дека најбројни купувачи биле фанови кои живеат во Катар, Саудиска Арабија, САД, Мексико, Обединетите Арапски Емирати, Англија, Аргентина, Бразил, Велс и Австралија....
Спорт 1 | 10 часа
ЖФК Љуботен убедливо поразен на дебито во Лигата на шампионите!
Македонскиот првак во женски фудбалер, екипата на ЖФК Љуботен, не се пласира во финалето од квалификациската група за пласман во Лигата на шампионите, која се игра во Скопје, откако убедливо загуби во денешната пресметка со австриски Сент Полтен (0-7). Мечот беше решен по првите десетина минути, во кои противникот веќе постигна три гола, додека уште четири реализираа во второто полувреме и тоа два во судиското продолжение. Сент Полтен за место во Лигата на Шампионите ќе игра со Динамо Мински, додека Љуботен во мечот за третото место на турнирот во Скопје ќе се соочи со бугарскиот состав Локомотива Стара Загора....
Спорт 1 | 10 часа
Репрезентативецот Фазлагиќ по осум месеци во Краков пак се врати во Словачка
Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ, кој во јуни годинава дебитираше за А-репрезентацијата, после само осум месеци во Висла Краков замина на едногодишен заем во словачка Дунајска Стреда, со опција словачкиот клуб да го откупи по завршување на сезонава. Фазлагиќ за Висла потпиша зимоска и тоа четири ипол годишен договор, но овој полски гигант испадна во Втората лига, па иако македонскиот репрезентативец од средниот ред ја почна новата сезона за актуелниот клуб, сепак си заминува. За него Висла плати пола милион евра за трансферот од Жилина. Фазлагиќ е поранешен фудбалер на Шкендија и екс-младински репрезентативец на Македонија, а Благоја Милевски во јуни годинава во циклусот за Лигата на нации првпат го повика за сениорскиот тим. ✍️ Welcome, Enis Fazlagić! DAC and @WislaKrakowSA have today agreed on a one-year loan of 22-year-old midfielder Enis Fazlagić. Our club also has the option to make the move permanent. pic.twitter.com/RePTqESoVp — DAC 1904 (@DAC_1904) August 18, 2022...
Спорт 1 | 10 часа
Урнебесно: Дончиќ сака да биде повисок, па кога се слика се крева на – прсти (ФОТО)
Словенечкиот кошаркарски мајстор, Лука Дончиќ, на синоќешната пријателска средба против Србија (97-92) уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите европски кошаркари во моментов, со многу маестрални потези со кои ги полудуваше противниците. Тој, истовремено, секогаш е расположен за шега и мајтап, па така беше и на синоќешното заедничко фотографирање, кога сакаше да им покаже на соиграчите дека може и да порасне и да биде висок како и центрите. Дончиќ иако има 201 сантиметри, на фотографијата беше речиси идентично висок како и Жига Димец и Мајк Тоби кои на хартија се десетина сантиметри. Тајната на ова беше откриена денеска, со детална анализа на фотографијата, на која се гледа дека ѕвездата на Далас се поткрева на прсти. Тоа, секако, не е направено од било каков комплекс, туку едноставно за кревање на атмосферата во словенечката селекција, која важи за најголем фаворит за златото на претстојното ЕП во Германија, Италија, Чешка и Грузија....
Спорт 1 | 12 часа
„Се врати како легенда, си заминува како кукавица која го напушта бродот што тоне!“
Кога Кристијано Роналдо минатото лето по 12 години се врати во Манчестер Јунајтед, најголем дел од навивачите, спортските вљубеници и медиумите се сложија дека тоа е една од најубавите фудбалски приказни на денешницата, која ќе го врати големиот клуб каде што и припаѓа – во англискиот и европскиот врв. Но, дури и тогаш имаше „неверници“ кои предупретуваа на тотално спротивно сценарио и гледано 365 дена подоцна - излегоа во право. Зад „ѓаволите“ е една од најлошите резултатски сезони во историјата, а ситуацијата со најпопуларниот фудбалер е ужасна, со оглед што Португалецот изминативе месеци ги мина во обиди присилно да си замине од „Олд Трафорд“. Со оглед на тоа што го прикажа на теренот, не е ни чудо што сака да си замине, бидејќи не беше ниту сенка од фудбалерот кој освои пет „Златни топки“ и кој талентираниот тим на Јунајтед го врати два чекори наназад. Кога на ова ќе се додаде и лошата енергија што ја прави во соблекуваната, тогаш слободно може да се каже дека составот од Манчестер стана роб на егото на Кристијано Роналдо. Целата анализа на проблемот наречен „Кристијан Роналдо“ може да ја прочитате ТУКА....
Спорт 1 | 12 часа
Вајлдер се враќа во рингот на 15 октомври (ФОТО)
Поранешниот светски првак во тешка категорија, Деонтај Вајлдер ќе се врати во рингот по една година пауза, откако загуби од Тајсон Фјури. Вајлдер потврди дека ќе се бори против Роберт Хелениус на 15 октомври во Бруклин, па ќе се обиде да запише триумф на враќањето во рингот. „Многу пати размислував дали да се вратам во рингот, но сепак видов дека луѓето ме сакаат и затоа решив да се вратам. Мојата работа не е завршена“, кажа боксерот. View this post on Instagram A post shared by Deontay Wilder (@bronzebomber)...
Спорт 1 | 13 часа
„Дали фудбалерите можат лесно да добијат девојка? Да, погледнете колку сум грд“
Легендарниот италијански фудбалер Џорџо Кјелини неодамна потпиша договор со Лос Анџелес и последните месеци во професионалната кариера ги минува во САД. Кјелини знае често да се шегува, а тоа го потврди во една емисија каде што гостуваше и доби прашање дали фудбалерите благодарение на популарноста можат лесно да добијат девојка. „Дали фудбалерите можат лесно да однесат девојка во кревет? Погледнете ме колку сум грд. Значи, можат“, кажа Кјелини....
Спорт 1 | 13 часа
Тите му одговори на Мбапе: Ние во Јужна Америка не играме против Азербејџан!
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе пред неколку дена кажа дека квалификациите за Светското првенство (СП) се потешки во Европа, отколку во Јужна Америка. Ѕвездата на ПСЖ доби брз одогвор од селекторот на Бразил, Тите, кој му одржа лекција на младиот напаѓач на Франција. „Можеби Мбапе мислеше на пријателските натпревари кои ги игра со европски репрезентации. Или на Лига на нации, но секако не за квалификациите за Мундијалот. Со голема почит, но ние не играме против екипи како Азербејџан. Немаме противници кои ни дозволуваат да се опуштиме“, кажа Тите....
Спорт 1 | 14 часа
„Ѕвездите на ПСЖ се вознемирени од моќта на Мбапе, а тој се чувствува разочарано во Париз“
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе е разочаран од раководството на гигантот затоа што не му биле исполнети ветувањата. Бразилски „ТНТ Спорт“ објави дека во клубот од Париз владее драматична атмосфера, која кулминираше по мечот меѓу ПСЖ и Монпелје. Нејмар и Мбапе на мечот се скараа за тоа кој да изведува пенал, а раководството на тимот потоа ги повикало на состанок на кое се смириле односите. „Моќта која му е доделена ги вознемири некои фудбалери во ПСЖ. Мбапе се чувствува во моментов како да е отфрлен од екипата. ПСЖ во новиот договор му вети некои работи на Мбапе, кои не беа исполнети. Тој требаше да биде изведувач на пенали, а Нејмар го спречи на дуелот со Монпелје“, открива извор близок до клубот....
Спорт 1 | 14 часа
Се јави и АМС: Ние и Владата ќе го организираме Охридскиот маратон!
Агенцијата за млади и спорт (АМС) објави дека заедно со Владата ја преземале организацијата на Охридскиот маратон, иако претходно градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кажа дека општината ќе го организира маратонот, откако вчера откажаа претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и првиот човек на Националната пливачка федерација (ПЛФ), Горан Стојановски. Државните институции почнаа голема борба за тоа кој да биде спасител, откако претходно се доведе во опасност организирањето на престижната традиционална манифестација, па така преку соопштение АМС сега се наметна како организатор на пливачкиот маратон. „Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан. Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид“, соопштија од АМС....
Спорт 1 | 14 часа
Роналдо нема многу опции: Последна надеж за настап во ЛШ му е - Дортмунд!?
Кристијано Роналдо не е среќен во Манчестер јунајтед и преку неговиот менаџер Жорж Мендеш бара нов клуб, иако Португалецот неколку пати кажа дека сака да остане во премиерлигашот, но сепак сега како негова следна дестинација се споменува германскиот гигант Борусија Дортмунд. Роналдо беше понуден на многу европски гиганти, меѓу кои Челси, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Јувентус и други, но никој од нив не сакаше да испрати официјална понуда за еден од најдобрите фудбалери во историјата. Медиумите пишуваат дека последна надеж за Роналдо да заигра во Лигата на шампиони (ЛШ) му е Дортмунд, но засега не е познато дали постои интерес од страна на германскиот гигант да го купи Португалецот. Borussia Dortmund is Cristiano Ronaldo’s last hope of a #MUFC exit this summer with Jorge Mendes still pushing for an offer. A move to Sporting was never on. No appetite at Ronaldo’s end despite #UCL football and pushback from Ruben Amorim. Atleti option 100% off the table. https://t.co/vaI3aj0BNP — Ben Jacobs (@JacobsBen) August 18, 2022...
Спорт 1 | 15 часа
Шкупи тргнува по групна фаза: Ќе ја искористат ли чаирчани шансата што не се пропушта?
Македонскиот првак Шкупи дојде до последниот чекор пред групите во Конференциската лига и милионска заработка од три милиони евра и вечерва (21 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува косовски Балкани во првата пресметка од двомечот со голем влог, шанса за чаирчани која не се пропушта. Среќата на ждрепката уште од стартот, на Шкупи да му го додели најпосакуваниот од фаворитите во првото коло во ЛШ, Линколн на „гулабите“ им обезбедија долго лето до самиот крај, а таа среќа ги посака и за плејофот за да добијат противник по мерка, кој не е непобедлив и да пробаат да стигнат до европска есен во главната фаза од европските натпреварувања, што за клубот би бил историски, а за Македонија втор најдобар резултат после настапот на Вардар во групите во Лига Европа пред пет години. Пред Шкупи вечерва и за една недела во Приштина е голем предизвик и голема шанса која треба да се искористи, зашто Балкани е далеку од квалитет и реноме на европскиот крем и далеку од реномето и квалитетот на еден Фенербахче преку кој Вардар пред пет години успеа да го мине за историски успех. Но, за да се стигне до групите, „гулабите“ ќе мора да одиграат мечеви без грешка, поучени од искуството од претходните рунди дека во денешниот фудбал и најситните грешки се казнуваат и скапо се плаќаат, посебно од двомечот со ирски Шамрок во минатата трета рунда во Лига Европа. „Спремни сме и јас верувам дека можеме да го одиграме најдобриот меч, но ќе мора да сме трпеливи и паметни и пред сѐ да одиграме како што знаеме, а да не ги правиме грешките во зони каде што најтешко се корегираат. Балкани е квалитетен противник, штом дошол до тука, но ние сме подготвени и јас сум убеден дека фудбалерите ќе го дадат максимумот и ќе ги исполнат сите задачи на теренот“, рече Гоце Седлоски, предводникот на чаирчани. И за Шкупи и за Балкани ова е историска шанса за групите, а гостите од Косово амбициозно најавуваат дека доаѓаат по добар резултат кој ќе им го отвори портите од Конференциската лига, а идниот четврток на домашен терен ќе го заверат пласманот, па сега пред Шкупи е предизвик тие планови да им ги расипат и Македонија вторпат да има клуб во главната фаза во едно од трите европски натпреварувања. Пласманот во Конференциската лига, колку и да е неастрактивна како најново натпреварување, кое минатата година ја имаше својата прва сезона, освен слава за клубови како Шкупи носи и сериозна заработувачка од три милиони евра со самото учество, плус што чаирчани ќе имаат шанса да заработат и од продадени билети за три меча во групите, од дополнителни спонзори, но и од маркет-пулот за ТВ-правата и маркетингот на УЕФА за натпреварувањето, па севкупно заработката може да им биде четири милиони евра, пари кои за македонски услови се вистинско богатство. Чаирчани летово запишаа само една победа и тоа воведната со Линколн од 3-0, која им го обезбеди долгото лето, по што успеаа само уште еднаш да останат непоразени (2-2 во Загреб) со Динамо, а загубија четирипати во овие шест меча, по еднаш од Линколн (0-2) и Динамо (0-1), а двапати од Шамрок (1-3, 1-2)....
Спорт 1 | 15 часа
„Маленко е виновен за сѐ – остави голем долг по ланскиот Охридски маратон!“
Шпанската сапунска серија со (не)одржувањето на годинешното издание на Охридскиот маратон продолжува со жестокиот напад на претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Горан Стојановски, кон неговиот претходник, Александар Маленко, кој, наводно бил виновен за блокираната сметка и за многуте долгови останати од ланската трка. Тој од февруари годинава е на чело на македонското пливање, кое изминатиов период беше жртва на голема борба за превласт, па долго време функционираа две паралелни федерации. Стојановски потенцира дека Маленко оставил куп неплатени фактури и неисплатени награди. „Сметката на НПФ е блокирана околу десет години, тоа не е ништо ново. Станува збор за сума од околу 100.000 евра, проблем кој мора да се реши. Не е сѐ изгубено, најмалку што сакам е да ми остане оваа дамка, дека во мојот мандат се прекинала децениска традиција. Верувам дека државата ќе ни излезе во пресрет, бидејќи ова е настан од интернационален интерес. Од ланскиот маратон, кога претседател на НПФ беше Маленко, имаме неплатена фактура од хотелот каде што беа пливачите и раководството и тоа околу два милиони денари! Имаме неплатен долг за ковид-тестови, кон печатница и кон ФИНА од 5.000 долари за неисплатени награди на пливачи! Се надевам дека државата ќе го спаси пливањето! Со маратонецот Томи Стефановски се трудиме да дадеме максимум, но мора да се игра со отворени карти кон јавноста. Овие проблеми не може вечно да се туркаат под тепих, треба да се знае со што се соочуваме. Не е се изгубено, од институциите зависи како ќе заврши оваа приказна, која ја разочара македонската јавност и љубителите на пливањето“, изјави Стојановски за „Фокус“. Последна информација е дека Охридски маратон ќе се одржи во организација на општината Охрид, но кој и кога ќе плива дополнително ќе се објави. Проблемот е што маратонот не е во календарот на ФИНА и што најдобрите светски маратонци во следните најмалку две недели ќе бидат во далечната Канада....
Спорт 1 | 15 часа
Лејкерс ќе го повлече дресот со број 16 поради Пау Гасол
Поранешниот НБА-шампион Лос Анџелес Лејкерс реши да го повлече дресот со број 16, кој во минатото го носеше легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол. Церемонијата е закажана за 7 март 2023 година, кога Лејкерс ќе го пречека Мемфис, исто така тим за кој играше Гасол во богатата кариера. „Шампион, легенда, засекогаш член на нашето семејство“, соопштија од екипата. Гасол му помогна на Лејкерс да освои два шампионски прстени, и тоа во 2009 и 2010 година, кога беше втора голема ѕвезда во тимот кој го предводеше Коби Брајант....
Спорт 1 | 15 часа
Салах донирал 156.000 долари за обнова на црква во Гиза
Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет, Мохамед Салах реши да донира 156.000 долари за обнова на црква во Гиза. Во пожар кој ја зафати црквата во неделата загинаа 41 лица, а најмалку 16 се повредени, па сега Салах реши да им помогне на неговите сонародници. Неговиот хуман потег беше поздравен од светската јавност и тој уште еднаш докажа зошто е омилен на многу навивачи. Mo Salah has donated $156,634 to help rebuild a church in Giza, Egypt where a fire killed 41 people on Sunday pic.twitter.com/ibpdeUETWl — B/R Football (@brfootball) August 16, 2022...
Спорт 1 | 15 часа
Легендарните Стефановски и Поп Ацев ќе канат пливачи за „новиот“ Охридски маратон!
Општина Охрид ќе го спаси годинешното издание на Охридскиот маратон, откако градоначалникот Кирил Пецаков на прес-конференција ја потврди информацијата, а исто така кажа дека во организацијата ќе помогнат и легендите на македонското пливање Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев. Пецаков кажа дека очекуваат финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт за да се одржи пливачкиот настан, иако најверојатно ќе има локален карактер. „Очекуваме поддршка од Агенцијата за млади и спорт да го поддржи маратонот, но сепак без пливачи настан - нема. Тоа е главна борба за која од легендите во македонско пливање, Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев ќе побараме личниот интегритет и авторитет да го заложат и да поканат пливачи со цел да се спаси настанот“, кажа Пецаков. Градоначалникот на Охрид, исто така, кажа дека за организирање на пливачкито маратон потребни се околу 50.000 евра, а за тоа повеќе прочитајте ТУКА....
Спорт 1 | 16 часа
Градоначалникот на Охрид ќе го спасува маратонот, ама кој ќе плива и кога – никој не знае!
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, е херојот кој ќе го спаси годинешното издание на Охридскиот маратон, е главната вест денеска во македонските медиуми, откако самиот тој ја потврдил информацијата по координативниот состанок одржан утринава. Оваа манифестација ќе биде поддржана од спонзори и од Агенцијата за млади и спорт (АМС), но не и од Националната пливачка федерација (НПФ) чија сметка е блокирана. „Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација зашто маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодржување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша синоќа Пецаков. Но и покрај ова „херојско“ преземање на организацијата, главното прашање е кога охридската општина ќе го организира маратонот и кој ќе плива на него. Малкумина знаат, а тоа лесно може да се провери на интернет-страницата на Светската пливачка федерација (ФИНА), дека Охридскиот маратон годинава не е во нејзиниот календар бидејќи повеќе нема светска серија на трки со должина од најмалку 25 километри (прочитај ТУКА). Најдобрите светски пливачи во следните десетина дена ќе се наоѓаат во Канада, каде што од 25 до 27 август ќе се одржи маратон од официјалната серија на 10 километри, поради што дури и да се најде начин да се има манифестација во Охрид, нејзиниот квалитет нема да биде како досегашните, ниту ќе биде најголема спортска меѓународна манифестација во Македонија, како што напиша градоначалникот Пецаков....
Спорт 1 | 17 часа
Не е до парите: Охридскиот маратон не се одржува зашто - нема кој да плива!
Неодржувањето на традиционалниот Охридски маратон поради, барем според официјалните изјави, блокираната сметка на Националната пливачка федерација (НПФ) донесе голем револт во спортската јавност и предизвика политичка кавга помеѓу партиите за тоа кој е виновен за ваквата ситуација и тоа на 60-годишнината од првата вистинска маратонска трка на македонскиот езерски бисер. Но, последните информации велат дека приказната со блокираната сметка е само параван за вистината, а тоа е дека Охридскиот маратон каков што го знаевме во последните 50. издание повеќе не е во календарот на Светската пливачка федерација (ФИНА). Тоа не е поради долгата борба за власт во македонското пливање туку поради фактот што ФИНА ја укина маратонската дисциплина за пливање на најмалку 25 километри и поддржува само трки на 10 километри на отворено. А, Охридски маратон не е во календарот за Светското првенство во оваа категорија, поради што луѓето од НПФ процениле дека подобро е воопшто да нема настан. „ФИНА од годинава одлучи да нема повеќе светска серија на маратони на 25 километри маратони, а секоја држава и федерација може да си организира локална или било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност! Постои олимписка дисциплина – 10 километри далечинско пливање, која е во официјална светска серија ФИНА и ЛЕН Европски Куп. Бујрум, направете ако ве бива официјален пливачки маратон, ама за да ви биде официјален ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред, онака како јас ставив потпис и спроведов докрај заедно со мој професионален тим“, го потврдува ова и досегашниот прв човек на НПФ, Александар Маленко. Најголемиот проблем за организаторот на годинешното издание на Охридски маратон, без разлика кој да биде тоа со оглед што политичарите веќе почнаа да се „тепаат“ во борбата за поени, е фактот што ниту еден од најдобрите светски пливачи нема да бидат во Европа во следниот период. Причина за тоа трката од Светската маратонска серија закажана за периодот од 25-27 август во Канада, каде што ќе настапат сите што вредат во оваа пливачка дисциплина. Токму ова е најголемата причина за вчерашното соопштение на првиот човек на НПФ со претседателот Стево Пендаровски по кој беше објавена непријатната вест....
Спорт 1 | 17 часа
Гигс се расплакал во судница, обвинет е за семејно насилство!
Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс се расплакал во судница за време на судскиот процес кој се води против него поради семејно насилство. Гигс е обвинет за физички напад на својата девојка и нејзината сестра, но и за психичка тортура врз поранешната избраничка, која ја уценувал со провокативни фотографии. Поранешниот фудбалер се расплакал во судница за време на сослушувањето додека зборувал за најтешката ноќ, кога беше уапсен во ноември 2020 година, па ја помина ноќта зад решетки. Гигс, исто така, кажал дека не ја удрил поранешната девојка со глава, туку според неговата верзија тие двајца се судриле со главите при караница во кујната....
Спорт 1 | 17 часа
Дончиќ и Ѓоковиќ во прегратка откако Словенија ја совлада Србија (ВИДЕО)
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ синоќа од првите редови го следеше пријателскиот дуел помеѓу кошаркарските репрезентации на Словенија и Србија одигран во салата „Стожице“ во Љубљана. Домашните славеа со 97-92 по продолжението и тоа најмногу благодарение на фантастичната партија на Лука Дончиќ, кој постигна 34 поени. По натпреварот, словенечката кошаркарска ѕвезда имаше мала средба со Ѓоковиќ, кој е негов голем подржувач. Оваа прегратка предизвика еуфорија низ цела поранешна Југославија. Just @DjokerNole and @luka7doncic sharing some thoughts. 🔥 pic.twitter.com/GcOXjzgIEM — Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) August 17, 2022...
Спорт 1 | 18 часа
Најдоброто од Македонија тренира во сала во која нема услови за - елитна кошарка!
Македонската кошаркарска репрезентација по враќањето од Бар, каде што убедливо загуби од Црна Гора (53-89), продолжи со подготовките за стартот на претквалификациите за ЕП 2025 и тоа со тренинзи во сала која е под стандардите за најдоброто што го има нашата држава во овој спорт. Избраниците на селекторот Александар Јончевски во следниот период ќе работат во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“, каде што условите се далеку под тие на кои се навикнати репрезентативците. Причина за ова, пред сѐ, се малите димензии, односно фактот што кошевите се „закачени“ на двете страни од салата поради што има многу мал простор од теренот до ѕидовите. Тоа, пак, претставува голема опасност за работа со максимална брзина, каква што секако е потребна при подготвувањето на најдобрата сениорска селекција, бидејќи може да дојде до несакан судир и „не дај боже“ некаква повреда на репрезентативците, без разлика што ѕидовите се обложени со душеци. Поради сето ова, малата сала во „Борис Трајковски“ нема дозвола за прволигашки натпревари, па во неа најчесто се играат мечеви од младинските конкуренции и тоа со голема внимателност. Ваквото избор за сала за тренинг на македонската национална селекција би се рекло дека е принудно, со оглед на зафатеноста на главната арена „Борис Трајковски“ како и матичната на КФМ сала „СРЦ „Кале“ со средби од кадетското ЕП, кое ќе заврши в недела. Салите во СРЦ „Јане Санднаски“, кои дефинитивно се адекватни и достојни за работа на нашата репрезентација и кои биле користени во минатото, сега се надвор од конкуренција, а причина за тоа, секако неофицијално според информации од кошаркарските кругови, се лошите односи помеѓу првите луѓе на КФМ и на Македонскиот олимписки комитет (МОК), кој стопанисува со спортскиот комплекс во Аеродром. Сето ова не ги спречува кошаркарските репрезентативци да тренираат максимално напорно и да дадат се од себе. Од денеска тие се посилни за Ненад Димитријевиќ, кој, конечно, реши да се појави во дресот на Македонија, макат и во тој за тренинг, по одбивањето да го прифати селекторскиот повик во последните неколку репрезентативни акции. Македонија првиот меч од претквалификациите за ЕП 2025 ќе го одигра на гости кај Данска (25 август), а три дена подоцна ќе ја пречека Словачка. Конкурент ни е уште и Норвешка, а пласман во квалификациите ќе обезбеди само најдобрата селекција од групата....
Спорт 1 | 18 часа
Манчестер Сити одби 80 милиони евра за Бернардо Силва
Бернардо Силва не е на продажба, па Манчестер сити лесно одби понуда од 80 милиони евра од ПСЖ. Португалецот привлекуваше интерес и од Барселона, но парижаните ја испратија првата понуда. Англискиот шампион го проценува својот фудбалер на 100 милиони евра, но и да пристигне ваква понуда, тој дефинитивно не е на продажба. Интересот од ПСЖ доаѓа најмногу поради новиот спортски директор на клубот, Луис Кампос. Токму овој човек го доведе Силва од Бенфика во Монако, каде блесна на фудбалската сцена. Силва има договор со Сити до јуни 2025 година....
Спорт 1 | 18 часа
Официјално: Синот на Диего Симеоне му стана соиграч на Елмас
Џовани Симеоне е нов фудбалер на Наполи, објави клубот од југот на Италија. Аргентинецот доаѓа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ како позајмен фудбалер од Верона. „Наполитанците“ ќе платат 3,5 милиони евра за едногодишната позајмица, а идното лето имаат опција да го откупат неговиот договор за 12 милиони евра. Тренерот Лучијано Спалети беше во потрага по нов голгетер, кој треба да биде резерва на Виктор Озимен, откако Андреа Петања замина во Монца. Вчера Наполи го договори и Танги Ендомбеле од Тотнем на едногодишна позајмица, а наскоро ќе го промовира и Џакомо Распадори од Сасуоло....
Спорт 1 | 18 часа
Семејството Глејзер ќе бара неверојатна сума за да го продаде Манчестер јунајтед
Почнаа да кружат гласини дека Манчестер јунајтед наскоро може да има промена во сопственичката структра. Вчера Сер Џим Ретклиф преку еден до своите портпароли и официјално потврди дека би бил заинтересиран да ги купи акциите во премиерлигашот, ако семејството Глејзер се реши на такво нешто. Најновите информации во англиските медиуми се дека Американците би се согласиле на продажба на клубот за сума од 5,9 милијарди евра. Тоа ќе биде убедливо најголемата трансакција во историјата на фудбалот, доколку навистина се реализира. Милијардерот Ретклиф пред неколку месеци испрати понуда да го купи Челси, но не успеа во намерата. Англиската јавност вели дека овој потег на Ретклиф бил само да покаже дека е подготвен да влезе во англискиот фудбал. Англичанецот веќе поседува два фудбалски клуба, Ница во Франција и Лозана во Швајцарија, тој исто така има и велосипедски тим, а го спонзорира и Форумула 1 тимот Мерцедес....
Спорт 1 | 18 часа
Челси испрати официјална понуда за Обамејанг
По неколкудневни шпекулации Челси започна преговори со Барселона за трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг. „Сините“ се во потрага по нов напаѓач по заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер ова лето. Според информациите во шпанските медиуми, премиерлигашот испратил понуда од 27 милиони евра за Габонецот. Обамејанг пристигна во Барселона во јануари оваа година и тоа како слободен агент откако Арсенал му го раскина договорот. Напаѓачот имаше солидни настапи за Каталонците, но се чини дека неговата кариера на „Камп Ноу“ ќе биде кратка, бидејќи клубот летово го ангажираше Роберт Левандовски. На Барселона и се потребни финансиски приливи од продажба на играчи за да може да го регистрира Жил Кунде....
Спорт 1 | 19 часа
Aлександар Мирчевски ќе вози мотор, а Елена Јакимовска освои часовник во второто коло од наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ на 2win.mk
Наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ која Видеолотарија Касинос Австрија ја реализира на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава- 2win.mk, е комплетирана. Додека ги очекуваме добитниците на наградите од последното коло, во Видеолотарија, пристигнаа Александар Мирчевски кој освои мотор и Елена Јакимовска која освои часовник во второто коло. Александар Мирчевски задоволен и среќен го подигна својот мотор скутер Piaqqio, наградата која ја освои учествувајќи во второто коло од наградната игра, во категоријата спортско обложување на играчката платформа 2win.mk. Тој сподели дека многу и се радува на наградата, а и во иднина ќе биде редовен играч на 2win.mk Елена Јакимовска ја освои наградата рачен дигитален часовник Garmin SmartWatch Venu 2 Plus во второто коло од наградната игра во категоријата спортско обложување. Наградната игра ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ со вкупен фонд од 6.684.831,00 денари, донесе 240 награди во три кола за секоја категорија, како и главни награди, на крајот на наградната игра, за секоја категорија. Последното, трето коло заврши на 15.08.2022. Деновиве ги очекуваме и добитниците од ова коло, како и освојувачите на главната награда- 1 милион денари, која ќе биде доделена и во двете категории. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИГРАЈСОБИРАЈИОСВОИ...
Спорт 1 | 19 часа
Mozzart повторно го поддржа Меѓународниот ракометен турнир во Струга
Компанија Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани кои се организираат во државата. Деновиве во Струга се одржува јубилејното 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир, а Mozzart како повеќегодишни пријатели на реномираниот настан и оваа година се појавија како спонзори и го поддржаа турнирот. „Голема благодарност до компанијата Mozzart што и оваа година понуди поддршка на турнирот. Особено сме горди што славиме јубилеј од 50 години и се надеваме дека традиционално ќе продолжиме со организација на турнирот, а општествено одговорните компании како Mozzart ќе продолжат и понатаму да го препознаваат реномето на настанот и да придонесуваат кон неговата организација“ - изјавија организаторите на турнирот. Инаку, во 2018 година компанија Mozzart го реконструираше ова игралиште на „Женската плажа“ во Струга и постави специјална подлога за спортски игралишта. Струга тогаш доби терен како што прилега на богатата ракометна традиција на овој град, со надеж дека од таму ќе излезат уште многу генерации на врвни ракометари. „Секогаш ни претставува вистинско задоволство да ги помагаме домашните спортски настани и да го промовираме спортот. Продолжуваме да го помагаме овој струшки турнир кој оваа година го реализира своето јубилејно 50-то издание. Посакуваме уште многу успешни турнири одржани на обновеното игралиште со најмодерна подлога, кое беше целосна донација од компанијата Mozzart во 2018 година.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart. Овогодинешниот ракометен турнир стартуваше со натпреварот помеѓу бранителот на титулата Вардар и дебитантот Алкалоид. Инаку, на турнирот учествуваат осум екипи, од кои три од странство. Екипите се поделени во две групи: Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК и словачки Татран Прешов, додека во групата Б се Вардар, Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје....
Спорт 1 | 19 часа
ФИБА го казни: Македонски репрезентативец доби забрана за - правење трансфер(и)!
Натурализираниот Американец со македонски пасош, Џордан Теодор (33 години), летово тешко ќе може да најде нов клуб, откако се најде на црната листа на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) на која се кошаркари на кои им е забранет интернационален трансфер. Искусниот плејмејкер од пред само неколку дена е во ова лошо друштво, но без дополнително објаснување зошто се случило тоа. Најчесто, Арбитражниот суд на ФИБА (БАТ) носи ваква одлука која кошаркарот загубил спор со клубот или, поверојатно, со својот менаџер, па се додека не го направи тоа што се бара од него, казната ќе остане на сила. Пред десетина години во слична ситуација беше неговиот репрезентативен колега, Предраг Самарџиски, кога имаше проблеми со менаџерската агенција која го застапуваше. Теодор важи за можеби најлошиот Американец кој настапил за македонската репрезентација. Тој беше дел од нашата национална селекција во претквалификациите за СП 2019 година, кога Македонија не успеа да ја мине ниту првата фаза во која се најде со Естонија и Косово. Тој минатата сезона ја заврши во италијанска Венеција, а каде и дали воопшто ќе игра во следната зависи од тоа дали ќе ги исполни барањата од ФИБА....
Спорт 1 | 20 часа
Ван-Бисака се враќа во Палас, Манчестер јунајтед носи нов десен бек
Манчестер јунајтед во летото 2019 година плати неверојатни 50 милиони фунти за Арон Ван-Бисака од Кристал Палас. Десниот бек не покажа апсолутно ништо изминативе три сезони со кои би оправдал барем дел од вложените пари. Менаџерот Ерик тен Хаг не смета на неговите услуги на стартот од сезоната и бара офанзивен десен бек, кој може да помогне во нападот, а не само во одбраната. Последните шпекулации велат дека Ван-Бисака ќе се врати во редовите на Кристал Палас летово и тоа само за 10 милиони фунти обештетување. Јунајтед е пред потпис со Томас Мение од Борусија Дортмунд. Белгиецот е расположен да ја продолжи кариерата во Премиерлигата и да го напушти стадионот „Сигнал Идуна Парк“. Тој е поранешен фудбалер на ПСЖ, каде играше од 2016 до 2020 година....
Спорт 1 | 20 часа
Официјално: Вулверхемптон го сруши клупскиот трансфер рекорд за Нунес
Матеуш Нунес утринава беше промовиран во дресот на Вулверхемптон по трансферот од 50 милиони евра од Спортинг Лисабон. Фудбалерот, кој е роден во Рио, Бразил, но игра за португалската репрезентација е најскапиот трансфер во историјата на премиерлигашот, кој продолжува да биде португалска колонија. Нунес има 23 години и игра како офанзивен играч за врска. Веќе настапи и осум пати за сениорската португалска репрезентација. Во минатото Манчестер сити покажуваше сериозен интерес за овој фудбалер. „Навистина сум возбуден. Менаџерот Бруно Лаге навистина ме сакаше, но и јас сакав да дојдам во Премиерлигата. Мислам дека ова е вистинскиот чекор за мене“, рече Нунес. Тој ќе биде вкупно 11-тиот Португалец во редовите на Вулверхемптон....
Спорт 1 | 20 часа
Шок во Синсинати: Хрват го спречи Надал пак да стане најдобар тенисер во светот!
Големо изненадување се случи на стартот од мастерсот во Синсинати, откако Хрватот Борна Чориќ уште на стартот од турнирот сензационално го совлада Рафал Надал (7-6, 4-6, 6-3), со што го спречи да се врати на врвот од АТП-листата. Шпанецот имаше шанса по пауза од две ипол години пак да стане најдобар на светот, но наместо тоа му се случи прв пораз против тенисер надвор од првите 150 на листата во последните 16 години. Последен пат тоа му се случи во 2006 година кога загуби од Јоаким Јохансон, по што имаше скор 47-0 против оваа категорија тенисери. Надал следна шанса да се најде на врвот од АТП ќе ја има на „Ју-Ес опен“, каде што актуелниот светски тениски лидер, Андреј Медведев, ја брани шампионската титула. Разликата помеѓу двајцата е 1..265 бодови, со тоа што Шпанецот се што освои ќе му биде додадено со оглед што не играше лани во Њујорк, а Русинот најмногу што може е да да ја одбрани „илјадарката“ од ланското издание на овој гренслем....
Спорт 1 | 20 часа
Најлудото првенство е во Уругвај – табелата е урнебес и досега невидена на свет! (ФОТО)
Не е нешто невообичаено некој клуб поради разни проблеми да се откаже од натпреварувањето, како тетовска Ренова во македонската Прва лига пред стартот, па така и во Уругвај во третолигашката конкуренција еден клуб се откажа, а федерацијата зашто не најде замена направи таков урнебес по кој табелата во моментов е за – анали и фудбалска историја. Во третолигашката конкуренција во Уругвај се играат две групи, секој по 11 меча, а потоа доаѓа до спојување. Арно ама во едната група, клубовите одиграа по десет меча, а за да се израмнат бодовно, во федерацијата смислија луд потег – сѐ се множи со коефициент 1,1. И така после математичките операции излегоа бројки кои се жив циркус. Лидерите имаат по 27,5 бода, а гол-разликата е спектакл. Првиот има 26,4-11, вториот 22-11, ама подолу на табелата, настрана бодови како 20,9 или 18,7 гол-разликите се хаос. Еден има15,4-6,6, друг 16,4-7,7 итн. Првите десет ќе разигруваат за две директни места за пласман во Втората лига и две места за баражот (третиот и четвртиот), а со овие бројки можеби ќе решава пола бод или гол разлика за 0,1....
Спорт 1 | 21 часа
Најконтроверзниот човек во фудбалот ќе градел мега-стадион, само уште ФЦСБ да игра ЛШ?!
Најконтроверзниот човек во светскиот фудбал во новиот милениум, Романецот Џиџи Бекали, кој беше газда на Стеауа, па после загубениот спор за брендот го води ФЦСБ повторно крена прашина со мегаломанска најава дека планира во Букурешт да гради стадион за – 100.000 луѓе. Тоа би бил најголемиот стадион во Европа и еден од најголемите на светот. Бекали, кој едно време мина и во затвор за корупција, ги шокираше сите во Романија, па и во европскиот фудбал со најавата за ваков стадион. Пречка засега е само една – ФЦСБ треба да заигра во Лигата на шампионите. „Знаете што ми падна на памет? Да влеземе во ЛШ и после тоа да изградиме стадион за 100.000 луѓе. Кај нас во Стеауа не може да поминеме со 50.000. На мечевите за ЛШ сакаат 400.000 да дојдат – најмалку! Јас имам каде да го изградам стадионот, само прво да влеземе во ЛШ да заработиме 40-50 милиони евра од тоа и после лесно е“, рече Бекали. ФЦСБ пред една деценија додека сѐ уште беше Стеауа играше во ЛШ, но потоа го загуби приматот во романскиот фудбал, а и квалитетот во последниве години е сериозно паднат во споредба со периодот од пред пет-шест години. И прво Бекали ќе мора да изгради сериозен тим за да ги оствари главните амбиции, а после да мисли на стадион, иако овој клуб лани пред Еуро 2020 на кој играше Македонија и тренираше на истиот нов модерен дом на романскиот гигант....
Спорт 1 | 22 часа
Стоичков сѐ уште пати за Марадона: Жал ми е што не го спасив од – лешинарите!
Повеќе од година ипол изминаа од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, за која во Аргентина веќе има судска постапка против дузина лекари и медицински лица за „убиство од небрежност“ и сериозни пропусти во лекувањето на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, а бугарската легенда Христо Стоичнов сѐ уште не може да го преболи предвременото заминување на Аргентинецот. Стоичков и Марадона беа големи пријатели, иако во кариерата не играа заедно. Марадона беше во Барселона на почетокот на 80-те, а потоа замина во Наполи, пред Стоичков да дојде во Каталонија. Но, приватно дружеа во Барселона, каде и двајцата многу често доаѓаа и по завршувањето на кариерата. Стоичков сега во интервју посочи дека пати зашто повеќе не се заангажирал за Диего за да го оттргне од лешинарите и веројатно така ќе му го спасел животот. „Јас ги имав неговите броеви и последен пат разговаравме во февруари 2016 година. После тоа ми се јави да ми честита роденден (8 февруари – н.з.) и после тоа скоро да не можевме да поразговараме. Или постојано спиеше, се одмараше или се забавуваше, шеташе... Тогаш последен пат го чув неговиот глас, а се си мислам дека не ми беше дозволувано да разговарам со него. Се чувствувам виновен што не го оттргнав од лешинарите. Секогаш велам – лешинари! Требаше да инсистирам да бидеме почесто заедно, во почест контакт зашто бевме пријатели. Понекогаш дома размислувам дали можев да направам нешто повеќе. И се чувствувам виновен. Ме налути тоа што се опкружи со луѓе во одела и кравати, а гледав дека пати. Сега нека почива во мир. Диего никогаш не се оддалечуваше од пријателите“, рече Стоичков....
Спорт 1 | 22 часа
Габриел Жесус: Во Сити бев робот, сега пак играм фудбал насмеан!
Бразилецот Габриел Жесус кој за 50 милиони евра летово се пресели од Манчестер сити во Арсенал, откако „граѓаните“ го купија Ерлинг Браут Халанд, излезе полн погодок за „топчиите“ зашто и во предсезоната, а и на стартот на Премиерлигата се изнадава голови и сега првпат самиот признава – конечно играм фудбал насмеан. Жесус мина пет години во Сити, Микел Артета кој му беше помошник на Пеп Гвардиола на „Итихад“ добро ги знаеше неговите квалитети и кога се отвори шанса без размислување го ангажираше, а Бразилецот како најистурен во триото во офанзива брзо се вклопи со Букајо Сака и сонародникот Габриел Мартинели. „Во последно време во Сити, а и во репрезентацијата играв како крило, а почнав да мислам дека повеќе не можам да играм како 'деветка'. А, јас всушност сум 'деветка'. Но, сега сѐ се промени, добив на самодоверба и повторно сум насмеан додека играм фудбал. Сега повторно сум тоа што некогаш бев, не сум повеќе робот каков што бев во Сити. Сега влегувам во шанси, мое е да реализирам и да му помогнам на тимот“, вели Жесус....
Спорт 1 | 22 часа
И Распадори ќе му стане соиграч на Елмас во Наполи
Италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори ќе му стане соиграч на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас и ќе дојде во Наполи откако после повеќе од еден месец, наполитанците и Сасуоло конечно го договорија трансферот. После Тангеј Ндомбеле кој доаѓа на едногодишен заем за еден милион евра со опција за откуп идното лето за 30 милиони евра, Наполи го добива и офанзивецот Распадори, исто така на едногодишен заем кој ќе го платат пет милиони евра, ама за една година ќе мора да доплатат уште 25 милиони евра поради условот задолжителен откуп. Италијанскиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор и ќе има плата од 2,5 милиони евра, а доаѓа да ја пополни офанзивната линија на тимот за која за еден милион евра беше купен Квича Кваратсхелија како замена за Лоренцо Инсиње, а Распадори ќе биде опција за десната странична позиција откако Дрис Мертенс си замина. Во Наполи веќе дојде Кореецот Ким, како замена за Калиду Кулибали, кој си замина во Челси за 40 милиони евра, а Ндомбеле доаѓа да го пополни местото на Фабијан Руиз, кој веќе го договори трансферот во ПСЖ за 25 милиони евра. Плус синот на Диего Симеоне, Џовани ќе го засили нападот покрај Виктор Осимен, после заминувањето на Андреа Петања во Монца....
Спорт 1 | 22 часа
Вардар убедлив против Бутел: Со Целје ќе води битка за финале во Струга
Вардар останува со максимален ефект по два натпревари на традиционалниот струшки ракометен турнир откако денеска го совлада скопскиот ривал Бутел со 32-30. „Црвено-црните“ денеска беа далеку поефикасни и подобри во однос на вчерашната пресметка против Алкалоид, кога славеа тесно со само два гола разлика. Веќе на полувремето избраниците на тренерот Владо Недановски имаа двоцифрена предност 18-8. Второто полувреме беше само рутина за македонскиот шампион кој дури и ја зголеми предноста и дојде до поубедлива победа од 32-20. Вардар во последното коло од својата група Б, утре (21:15 часот) ќе игра против Целје, кој исто така има две победи. Победникот од оваа средба ќе се пласира во големото финале. Во рами на групата А, Татран Прешов славеше против АЕК Атина со 25-21....
Спорт 1 | 1 ден
Звезда се враќа со гол негатива од Израел, Бенфика со „една нога“ во ЛШ
Во Лигата на шампиони вечерва се одиграа три натпревари од плејофот за пласман во групната фаза. Српскиот првак Црвена Звезда загуби на гостувањето кај Макаби Хаифа со 3-2. Францди Пиерот ги донесе Израелците во водство од 1-0 во 18-тата минута. Српскиот шампион до крајот на првиот дел направи пресврт со головите на Александар Пешиќ и Гуелор Канга. Потоа следуваше нов пресврт па со вториот гол на Пиерот Макаби израмни на 2-2. Победничкиот гол за домашниот тим го постигна Тџарон Чери во 61.минута. Бенфика славеше со 2-0 на гостински терен против Динамо Киев, но украинскиот тим поради војната беше домаќин во Полска. Жилберто и Гонсало Рамос беа стрелци на головите за португалскиот шампион, кој идната недела ќе има рутинска задача на домашен терен во Лисабон на „Естадио да Луж“. Карабах и Викторија Плзењ одиграа без голови на првата средба од плејофот....
Спорт 1 | 1 ден
Дончиќ и Словенија по продолжение ја срушија Србија во „Стожице“ (ВИДЕО)
Кошаркарската репрезентација на Словенија славеше со 97-92 против Србија по продолжението на пријателски натпревар одигран вечерва во Љубљана во салата „Стожице“. Двете репрезентации прикажаа одлична кошарка како подготовка пред стартот на Европското првенство. Очекувано главни играчи на натпреварот беа првите ѕвезди Лука Дончиќ кај Словенија и Никола Јокиќ кај Србија. Za marsikoga poteza kariere, za @luka7doncic še en navaden večer. 😜 pic.twitter.com/g2QAfena5v — Sportklub Slovenija (@Sport_Klub_Slo) August 17, 2022 Кошаркарот на Далас реализираше 34 поени, 9 асистенции и 6 скока, додека МВП-то во НБА-лигата, Јокиќ имаше 26 поени и 12 скока. Takole je @KlemenPrepelic @DjokerNole ob polčasu "pospremil" iz dvorane. 💥💥💥 pic.twitter.com/DfOc5vQD3p — Sportklub Slovenija (@Sport_Klub_Slo) August 17, 2022...
Спорт 1 | 1 ден
Се појави потенцијален купувач на Манчестер јунајтед: Време е за ресет!
Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф е подготвен да го купи Манчестер јунајтед од семејството Глејзер, кое го поседува клубот уште од 2005 година. Американските сопственици се под постојан притисок од навивачите, кои често организираат протести пред „Олд Трафорд“. Дека бизнисменот Ретклиф е подготвен да го преземе клубот потврдува и неговиот портпарол. „Ако клубот е на продажба, Џим дефинитивно ќе биде потенцијален купувач. Ако нешто вакво е можно, тогаш сме заинтересирани за разговори за долгорочно раководење со клубот. Ова не е за пари кои се потрошени или не се потрошени. Џим гледа што може да биде направено сегаи знаејќи колку е важен клубот за градот, постои чувство дека сега е моментот за целосен ресет“, изјави портаролот на милијардерот. Ретклиф, кој ја поседува компанијата „Инеос“ веќе е инволвиран во фудбалот. Тој во 2019 година го купи францускиот клуб Ница. Пред неколку месеци се обиде да го купи и Челси, но неговата понуда беше одбиена. Поседува велосипедистички тим и е еден од главните спонзори на Формула 1 тимот Мерцедес. Британецот има 69 години и неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари....
Спорт 1 | 1 ден
Леброн Џејмс останува во Лејкерс од крајот на кариерата?
Најголемиот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс се согласи на продолжување на договорот со Лос Анџелес лејкерс на уште две години. Актуелната соработка на Џејмс со Лејкерс истекуваше во летото 2023 година, но двете страни се согласија на нов договор вреден 97,1 милион долари за две сезони, кој има опција за уште една година. Кошаркарот, кој наскоро ќе наполни 38 години следната сезона ќе инкасира 44,5 милиони долари од претходниот договор. Со новата соработка Џејмс ќе инкасира фантастични 532 милиони долари во кариерата само од договорите со своите тимови (Кливленд, Мајами и Лејкерс)....
Спорт 1 | 1 ден
По многуте „корпи“, Манчестер јунајтед тргнува со сите сили по Милинковиќ-Савиќ
Манчестер јунајтед освен што не може да победи никого на фудбалскиот терен на стартот на сезоната, никако не може да „победи“ и на трансфер-пазарот. Само тројца нови играчи пристигнаа на „Олд Трафорд“ летово иако беше и повеќе од очигледно дека треба да дојде речиси целосно нов тим. По Лисандро Мартинез, Кристијан Ериксен и Тајлер Маласиа, нема нови играчи во тимот. Во последните неколку денови клубот се поврзуваше со огромен број играчи, но голем дел ги одбија понудите, а истото важи и за клубовите. Јунајтед итно бара играч од средниот ред, а откако пропадна трансферот на Адриен Рабио од Јувентус, сега менаџерот Ерик тен Хаг ќе се обиде да го доведе Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио. Србинот веќе долго време е поврзуван со трансфер во голем клуб, а тоа конечно може да се реализира ова лето. „Ѓаволите“ прво го исконтактирален менаџерот на Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман за да се распрашаат околу личните услови под кои Србинот би потпишал за премиерлигашот. Потоа ќе следуваат преговорите со Лацио за обештетувањето кое сигурно ќе биде преку 70 милиони евра....
Спорт 1 | 1 ден
ПСЖ по стапките на Роналдо: Забрани Кока Кола иако е спонзор на клубот
Новиот директор на ПСЖ, Луис Кампос освен што имплементираше нов систем на трансфери во клубот, сега воведе и нови правила околу исхраната. На инсистирање на новиот нутриционист на парижаните, ангажиран токму од Португалецот, во клупскиот тренинг-центар, односно во кантината се забранети Кока Кола и било какви други газирани пијалоци и леден чај. Интересно е тоа што Кока Кола е еден од спонзорите на ПСЖ, а фудбалерите нема да смеат го пијат популарниот сок во своите простории....
Спорт 1 | 1 ден
„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“
Денешната информација дека годинава нема да се одржи традиционалниот Охридски маратон поради блокирана сметка на Националната пливачка федерација предизвика огромен револт во македонската не само спортска јавност. Бизарното неодржување доаѓа на 60-годишнината од одржувањето на првиот вистински маратон во езерскиот бисер далечната 1962 година. Меѓу тие што жестоко реагираа беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. „Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков. Охридскиот маратон е под покровителство на претседателот на државата, но ниту тоа не ги спречи срамот и бруката....
Спорт 1 | 1 ден
Ѓоковиќ од прв ред го гледа дуелот помеѓу Дончиќ и Јокиќ (ФОТО)
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ бидејќи не настапува на мастерс турнирите во Северна Америка пред почетокот на Ју-Ес Опен има малку повеќе слободно време. Тој реши да замине во Љубљана за да го гледа пријателскиот натпревар помеѓу кошаркарските репрезентации на Словенија и неговата Србија. Тој е во првиот ред во арената „Стожице“ за да ги гледа моментално најголемите кошаркарски ѕвезди во светот Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Dobrodošel v Stožicah, @DjokerNole! #mojtim 🏀🇸🇮💪 pic.twitter.com/29sSKCQLHj — Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) August 17, 2022 Ѓоковиќ е голем љубител на кошарката, а често го гледа во живо и својот омилен тим Црвена Звезда во Евролигата и АБА-лигата....
Спорт 1 | 1 ден
Милан го најде наследникот на Кеси и тоа во Митјиланд
По реализацијата на трансферот на Шарл де Кетелар од Бриж, Милан беше тивок на трансфер-пазарот. Паоло Малдини сега работи на засилување на средниот ред, каде остана сериозна „дупка“ по заминувањето на Франк Кеси во Барселона. „Росонерите“ веќе одредено време се во контакт со челниците на Митјиланд за младиот Рафаел Онједика. Се работи за играч од средниот ред, кој има само 21 година. Нигериецот преферира трансфер во Милан, бидејќи е подготвен за поголем предизвик во кариерата. Проблем за италијанскиот шампион може да биде тоа што данскиот тим бара многу повеќе пари од она што Милан првично го нуди. Тоа е четири милиони евра обештетување плус бонуси, додека Митјиланд бара 10 милиони обештетување. Првична трансфер-цел на „росонерите“ беше Ренато Санчез, но Португалецот се пресели во ПСЖ, кој му понуди далеку поголеми лични услови....
Спорт 1 | 1 ден
Огромен успех: Кадетите ја прегазија Данска и опстанаа во европската елита (ФОТО)
Кадетската репрезентација на Македонија со вечерашниот триумф над Данска (83-64), втор на Европското првенство (ЕП) во Скопје, ја оствари зацртаната цел и обезбеди опстанок во друштвото на најдобрите европски селекции. Жолто-црвените ќе играа за пласмам од 9. до 12. место на континенталниот собир, но што е најважно избегнаа да се најдат во друштво на најзагрозените четири селекции, кои до крајот на шампионатот ќе пробаат да ги избегнат трите последни места кои водат во дивизијата Б. Избраниците на селекторот Андреј Апостолски-Лечиќ почнаа силно и брзо дојдоа до двоцифрена предност (16-6), која им овозможи да играат како што планираа. Клучната разлика ја направивме во финишот од првото полувреме, кога со серија 13-1 дојдовме до плус 18 (49-31), кои ни гарантираа мирен втор период. Македонските таленти точка на средбата ставија со тројката набрзо по стартот на третата четвртина, со која дојдовме до највисоката предност од 23 поени (59-36), со што ги урнавме сите надежи на противникот за некаков пресврт. Никола Јаничиќ беше убедливо најдобриот поединец кај нашите кадети со 20 поени, , одлични беа Димитар Зетов со 15 поени и Марко Луканоски со 10 поени и 14 скока, а за одбележување е и настапот на Стефан Стојковиќ со девет поени. Наш следен противник во борбата за што подобар пласман на ЕП ќе биде подобриот од вечерашниот меч помеѓу Србија и Летонија (21 часот). Мечот ќе се одигра задутре со почеток во 18.45 часот во салата СРЦ „Кале“....
Спорт 1 | 1 ден
Атлетико одби неверојатна понуда од Манчестер јунајтед за Жоао Феликс
Манчестер јунајтед е во паника и до крајот на преодниот рок сериозно ќе се расфрли со пари за да доведе квалитетни играчи, кои ќе му помогнат да излезе од дното на Премиерлигата. По шпекулациите за Касемиро од Реал Мадрид, шпанските медиуми велат дека „црвените ѓаволи“ испратиле фантастична понуда од 130 милиони евра за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Шпанскиот тим не бил расположен за преговори и веднаш ја одбил понудата. Од Мадрид црврсто стојат дека Феликс не е на продажба освен ако некој клуб не понуди 350 милиони евра колку што изнесува неговат откупна клаузула....
Спорт 1 | 1 ден
Победа без многу мака за Шкендија – Скопје одолеа само шест минути! (ВИДЕО)
После киксот со примен гол во 91-та минута во недела против Силекс, бившиот македонски првак Шкендија дојде до првата прволигашка победа во новата сезона откако без премногу мака го совлада Скопје со 2-0 во Струга, во одложениот меч од првото коло во новата сезона. Само шест минути „пиратите“ успеаа да одолеат на Шкендија, откако Бразилецот Вагнер од слободен удар со помош на живиот ѕид го измами гостинскиот голман, а потоа за четири минути на средина од првиот дел, скопјани направија два црвени картони за прашањето за победникот да биде решено, а единствената неизвесност со два фудбалери повеќе да остане со колку разлика ќе слават тетовци. Годријан Христовски во 33-та минута доби директен црвен картон, па еден од најискусните Христијан Кировски за 120 секунди доби два жолти, прво за приговор во 35-та, па за опасен старт во 37-та, по што Скопје воопшто не можеше да ѝ парира на Шкендија на теренот за да се избори за барем реми во својот прв меч сезонава, откако викендов беа слободни. Сабит Билали во 62-та минута ја дуплираше предноста за Шкендија и ја осигура победата, па до крајот сѐ беше само чиста формалност. Шкендија со четири бода од два меча сега дојде до третото место на табелата, колку што има и Силекс на втората позиција. Од воведното прво коло, остана да се одигра уште мечот Тиквеш – Шкупи, кој е презакажан за почетокот на септември, а беше одложен како и овој на тетовци поради настапите во еврокуповите на двата македонски прволигаши....
Спорт 1 | 1 ден
Лазаров и Тоскиќ исклучени по вербална војна, Целје едвај го доби Алкалоид!
Македонскиот селектор Кирил Лазаров, тренер на Алкалоид и бившиот вардаров пикер Алем Тоскиќ, сега кормилар на словенечки Целје предвреме беа испратени да ги оладат главите после денешниот меч во второто коло на струшкиот турнир, откако влегоа во жестока „вербална војна“ на дуелот кој на крајот го добија Словенците со 29-28. Лазаров и Тоскиќ разменија еден куп пцовки на три минути пред крајот на полувремето, па експресно беа исклучени и воопшто не дојдоа во близок контакт еден со друг, во период кога жестока и израмнета битка се водеше меѓу двата клуба, па на паузата се замина со егал 15-15. Алкалоид во завршните десет минути влезе со два гола предност (24-22), но Словенците направија пресврт со серија од 4-1 за да дојдат до предност, а во самата завршница на 20 секунди пред крајот, со пенал Целје дојде до победата. Александар Стојков со пет гола и Мартин Серафимов со четири беа најдобри поединци кај Алкалоид, а Тилен Стрмљан со пет беше најефикасен кај Целје. За Алкалоид ова е втор пораз после вчерашниот од Вардар со 22-24, додека Целје стигна до победа со 30-20 против Бутел. Вечерва Вардар го игра мечот од ова второ коло во групата Б против Бутел и ако слават црвенп-црните, во следното трето коло ќе се води битката за финале во меѓусебната пресметка на македонскиот првак и Словенците....
Спорт 1 | 1 ден
Рома чека понуда од 60 милиони евра за Заниоло, ако нема – ќе го задржи до 2027 година!
Херојот на Рома од европското финале во Конференциската лига, Николо Ѕаниоло, репрезентативец на Италија е многу поблизу да остане дел од „волчицата“ и тоа до 2027 година, одошто да си замине, иако беше актуелен во последниов месец со евентуален трансфер во Тотнем или Јувентус. Рома за Ѕаниоло бара 60 милиони евра, но како што објави „Кориере дело Спорт“ останува отворен калчолигашот за трансфер ако се исполни финансиското барање, но иако се најавуваше сериозен интерес, во клубот официјално не дошла ниту една понуда. Затоа римјаните и Жозе Мурињо сега донеле одлука да го сочекаат крајот на преодниот рок и да видат дали некој воопшто ќе проба да го купи за таа цена, ако не офанзивецот ќе добие нов договор. Според најавите Рома веќе ја подготвила подобрената понуда со годишна плата за Ѕаниоло за да потпишат нова петгодишна соработка, а младиот фудбалер сега многу повеќе е за останување во Рим одошто за заминување, посебно откако Пауло Дибала и Џорџино Вајналдум дојдоа во клубот и „волчицата“ склопи тим за високи цели, пред сѐ пласман во ЛШ во идната година....
Спорт 1 | 1 ден
Загреб на пет секунди пред крајот обезбеди фајнлфор во СЕХА-лигата
ППД Загреб е втор полуфиналист на фајнлфорот во СЕХА-лигата после унгарски Веспрем, откако „плинарите“ денеска во многу траматичен меч на пет секунди пред крајот дојдоа до победата со 24-23 против Војводина. Звонимир Срна беше јунакот со голот во завршницата, откако загрепчани прокоцкаа плус четири од полувремето, а плус три во завршниот период во кој за две минути српскиот првак дојде до израмнување 23-23 на 16 секунди пред крајот. Откако сѐ искомпликуваа, на крај спасуваа жива глава и успеаа да дојдат до победа за да го заверат местото меѓу најдобрите четири. Екс-вардарецот Иван Чупиќ беше најефикасен со шест гола, а Срна додаде пет, додека Милош Грозданиќ и Барис Пуховски погодија по четирипати за Војводина. Фајнл-форот ќе се игра од 2 до 4 септември во Загреб, а идната недела Вардар против Нексе и Пелистер против Мешков Брест ќе се борат за последните две визи за завршницата во регионалното натпреварување....
Спорт 1 | 1 ден
Ндомбеле во Наполи на заем за еден милион евра
Французинот Тангеј Ндомбеле, кого Тотнем го купи за 60 милиони евра од Лион, па пролетоска го даде на шестмесечен заем, утре после лекарските прегледи ќе стане нов соиграч на Елиф Елмас во Наполи, каде доаѓа по ептен багателна цена. Наполи го зема Ндомбеле на едногодишен заем со право на откуп идното лето, а со лондончани се договориле за годинешниот заем да платат ептен смешна сума на пари – еден милион евра. Дури Тотнем ќе му исплаќа поголем дел од осумте милиони евра годишна плата која ја има, а помал дел од само третина ќе биде обврска на Наполи. Ако идното лето се решат да го задржат, зашто Французинот нема иднина на „Вајт Харт Лејн“ и е пречкртан од Антонио Конте, Наполи ќе треба да издвои 30 милиони евра. Ндомбеле е втор од петмината пречкртани кои наоѓа нов клуб на заем, откако Аргентинецот Џовани Ло Селсо и во оваа сезона ќе игра за шпански Вилјареал....
Спорт 1 | 1 ден
Роналдо доби само предупредување од полицијата за инцидентот во април со Евертон
Кристијано Роналдо мина само со предупредување од полицијата откако во април годинава му го скрши телефонот на навивач на Евертон на „Гудисон парк“, на пат кон соблекувалната. Роналдо му го скрши телефонот на аутистичниот 14-годишник Џејкоб, по што веднаш после инцидентот се извини. Џејкоб првпат дошол на меч и ги снимал сите фудбалери за спомен, но односот на Роналдо предизвика бура на Островот откако му го турна и скрши телефонот. „Потврдуваме дека 37-годишниот маж доброволно присуствуваше на разговорот околу обвиненијата за напад и казнено дело. Инцидентот се случи после мечот Евертон – Манчестер јунајтед на 'Гудисон парк' на 9 април. Случајот е решен со условно предупредување и истиот е затворен“, објави полицијата. Cristiano Ronaldo has been cautioned by police after knocking a phone from a supporter's hand at Everton in April. (🎥 @Evertonhub) pic.twitter.com/MY3vVjq5mm — ESPN FC (@ESPNFC) August 17, 2022...
Спорт 1 | 1 ден
Јунајтед нуди 80 милиони евра за Касемиро и 20 милиони евра годишна плата!
Манчестер јунајтед е подготвен да плати 80 милиони евра за да го земе Бразилецот Касемиро од Реал Мадрид, откако „црвените ѓаволи“ сега се фокусираа на овој фудбалер откако пропадна обидот да го купат Адриен Рабио од Јувентус, поради алчните барања на мајката на францускиот фудбалер, која му е и менаџерка. Јувентус на сите страни е растрчан за да најде засилувања откако „црвените ѓаволи“ имаат срамен старт со два порази и последно место во Премиерлигата, па сега според последните информации се спремни за Касемиро да извдојат вистинско богатство. Јунајтед планира да даде 80 милиони евра само за отштета, а на Бразилецот му нудат дупло поголема плата од таа што ја има на „Сантјаго Бернабеу“, односно дури 20 милиони евра по сезона, со цел да го привлечат. Останува Касемиро да реши за својата иднина, иако прашање е и дали Карло Анчелоти ќе сака да се откаже од својот стандарден првотимец од „бермудскиот триаголник“ во средниот ред заедно со Тони Крос и Лука Модриќ. Касемиро има договор со Реал до 2024 година, а Орелиен Чуамени, младата француска ѕвезда летово е донесена да биде негова замена во иднина, откако ќе го стекне потребното искуство и ќе се воигра со тимот. Од Шпанија доаѓаат информации дека Јунајтед планира да потроши и 15-на милиони евра за да го купи Сержињо Дест како засилување за десната бековска позиција и многу извесно е дека до таков трансфер ќе дојде, зашто овој фудбалер е вишок на „Камп Ноу“, а Барса планира да се ослободи од сите за да го олабави буџетот после низата џиновски засилувања....
Спорт 1 | 1 ден
Усик направи шоу: Во украинска носија пееше после соочувањето со Џошуа (ВИДЕО)
Украинецот Олександр Усик, светскиот боксерски првак во верзиите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО во сабота во Саудиска Арабија ќе се соочи со Ентони Џошуа од кого пред една година ги презема шампионските појаси после изненадувачката победа, па на првото соочување пред спектаклот Украинецот направи вистинско шоу. Усик од почетокот на годинава дебитираше како фудбалер за еден матичен клуб, па замина на фронт да ја брани Украина после руската агресија, по што доби дозвола од својата земја да се повлече од фронтот и да се подготвува за својата борба за да го одбрани шампионските појаси. Anthony Joshua vs Oleksandr Usyk intense face-off ahead of their rematch on Saturday night with Usyk putting on a show straight afterwards… [📽️ @MatchroomBoxing] pic.twitter.com/srJ4BKig2G — Michael Benson (@MichaelBensonn) August 17, 2022 Сега на првото соочување, Украинецот се појави во народна носија на Украина, а откако безмалку минута се гледаа со Џошуа, откако Британецот си замина, украинскиот боксер почна да пее. Усик нема пораз во 19 борби, додека Џошуа има скор од 24-2....
Спорт 1 | 1 ден
Голем јубилеј: Адеми дојде до 350 меча за Динамо, втор по број на настапи во историјата (ФОТО)
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб и најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот дојде до втор по број на настапи во историјата на загрепскиот великан, откако вчерашниот меч со Бодо Глимт му беше 350-ти во кариерата. Адеми влезе во златната историја на Динамо како еден од најголемите играчи на клубот и еден од најверните, зашто со овие 350 меча во 12-годишната кариера во дресот на „модрите“ откако како тинејџер дојде од Шибеник, сега само легендарниот Дражен Ладиќ е пред него на вечната листа со 468 меча во дресот на загрепчани. „Капа доле капетану. Ти благодариме на овие неверојатни бројки, сјајните резултати, силната енергија, трудот, емоциите и посветеноста кон динамовиот дрес“, објави Динамо. ⚽ ARIJAN ADEMI 💙3️⃣5️⃣0️⃣ ➡️ 12 godina ➡️ 350 utakmica ➡️ 21 osvojeni trofej ➡️ 39 golova ➡️ 11x skupina UEFA natjecanja ➡️ 3x proljeće u Europi ➡️ 1x četvrtfinale Europa lige Kapa dolje kapetane! 💪🏻🤝🏻😎🔥#dinamozagreb ⬇️⬇️https://t.co/rn4LBbEtFP pic.twitter.com/uolbOQAybT — GNK Dinamo (@gnkdinamo) August 17, 2022 Адеми е рекордер по освоени трофеи, вкупно 21 во кариерата и рекордер по број на европски мечеви за Динамо. Има 97 настапи во Европа, идната недела ќе го запише 98-от, а без одлед каде ќе игра Динамо, дали во ЛШ или во Лига Европа, есенва секако ќе дојде до јубилејната „стотка“, нешто што никој досега не успеал да го направи за загречани. Инаку Динамо кој има сигурен пласман во групите, истиот за Адеми ќе биде 11-ти во кариерата како игра групи во Европа. А, сите овие бројки можеа да бидат и поголеми, ако не беше несреќниот случај со допингот кој му зема две години на бескомпромисниот борец....
Спорт 1 | 1 ден
Алиоски чека деби во Виена: Жорге Жесус конечно го стави во конкуренција за настап (ФОТО)
Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски конечно ќе има шанса за деби за турскиот великан Фенербахче, откако влезе во тимот кој конкурира за утршениот меч во Виена против Австрија Виена во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Европа. Алиоски пред две недели потпиша за Фенербахче на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли, но поради тоа што многу доцна ги почна подготовките за новата сезона после продолжениот одмор поради настапите за Македонија и завршницата од сезоната во Саудиска Арабија, не конкурираше за настап во пресметките со Словачко и во воведните две кола во турската Суперлига. Левиот бек сега е на списокот на Жорге Жесус за пресметката со Австрија Виена, па македонскиот репрезентативец чека шанса за деби. Алиоски попладнево со тимот замина за австриската престолнина, каде утре од 21 часот ќе го игра првиот меч од „битката за Лига Европа“. Вчера Енис Барди дебитираше за Трабзон во првиот меч од плејофот за ЛШ во поразот во Копенххаген со 1-2. ? Austria Wien maçı kamp kadromuz. #AWvFB pic.twitter.com/HQ62DhnOsY — Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 17, 2022...
Спорт 1 | 1 ден