Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“
Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“ 19/08/2022 07:34 Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов. Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска музика, детски песни, дела од класичната музика, хорски песни, но и на голем број популарни мелодии. Иницијатор е, и долгогодишен диригент на фестивалот на детски песни „Златно славејче“. За својата обемна творечка дејност во областа на музиката, маестро Џамбазов е добитник на бројни стручни награди. Со концертот посветен на маестро Џамбазов, „Охридско лето“ ќе ја заокружи музичката програма на годинешното 62-ро фестивалско издание. Фестивалот свечено ќе биде затворен утре со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар-Белград, Србија. Поврзани содржини Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик 19/08/2022 07:08 Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово 19/08/2022 07:08 Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:08 ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:08 Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | ново
Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик
Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик 19/08/2022 07:26 Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Школата се пристигнати шеесетина семинаристи од седумнаесет држави, што е најголем број учесници изминативе неколку години и ќе учествуват семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Кореја, Романија, Руската Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка. На свеченото отворање на Школата, предвидено е обраќања да имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во рамките на отворањето на Школата ќе се одржи промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот. Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Инаку, ова јубилејно издание на Школата е со најголем број семинаристи – странски македонисти и слависти изминативе години. По неколку години, на Школата, повторно има семинаристи и од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција. – Најголем број семинаристи на Школата има од Полска, меѓу коишто се и студенти на Факултетот за хуманистика во Сосновјец на Шлезискиот универзитет во Катовице, на којшто следната година ќе се одбележат 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик. Значајно е и што на Школата ќе има семинаристи и од високообразовните центри на коишто следната академска година, исто така ќе се случат значајни јубилеи за македонистиката – Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Франција, на којшто ќе се одбележи половина век од отворањето на лекторатот по македонски јазик и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека на којшто лекторатот по македонски јазик е отворен пред 15 години, соопштуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поврзани содржини Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово 19/08/2022 07:08 Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:08 ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:08 Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 22 минути
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување 19/08/2022 07:11 На аеродромите во државава има откажани летови, но процентот е мал и ситуацијата не е толку изразена како на европските, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем. Од ТАВ Македонија велат дека состојбата од европските аеродроми се прелева, но кај нас не е толку драматично и оти немаат проблеми со капацитетите на двата македонски аеродрома кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. – Откажани летови има, но процентот е мал, на пример во јули, од вкупно 1.572 планирани летови на скопскиот аеродром, 30 лета беа откажани, што претставува 1,9 проценти од вкупниот сообраќај. Значи дека откажувањата се случуваат, но ситуацијата не е толку изразена како на европските аеродроми, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем, изјавија за МИА од ТАВ Македонија. Над 75 проценти од патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми е концентриран кон дестинации во Европа, поради што, наведува концесионерот, нормално е дека состојбата со доцнењата и откажувањата на летовите која се случува на европските аеродроми, се прелева и на македонските, но, овде тоа не е толку драматично како што е случај со аеродромите на европските дестинации. Авијацијата, укажуваат од ТАВ Македонија, функционира како систем на врзани садови, авионите кои денеска треба да одлетаат од Скопје, претходно треба да дојдат од друг аеродром, од дестинациите со кои сме поврзани. Така што, ако авионот доцни на пристигнување во Скопје, автоматски ќе доцни и неговото поаѓање одовде и ние тука не можеме ништо да направиме, освен да се прилагодиме на ситуацијата која ни доаѓа однадвор. Доцнењата и откажувањата на летовите што се случуваат на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид се одлука на авиокомпаниите. Според она што аеродромскиот оператор го добива како информација од нив, доцнењата и откажувањата се случуваат од различни причини, кои може да бидат или оперативни или пак поради неповолни временски услови. Ги советуваат патниците доколку имаат жалби и/или потреба да бараат некаков надомест во врска со неисполнети услови поврзани со нивниот лет, да се обратат кај авиокомпанијата. Кога патниците купуваат авионски карти од авиокомпанијата, тие практично склучуваат договор со неа, односно се согласуваат со правилата и условите на користење на услугата кои ги пропишува самата авиокомпанија. – Она што е важно за патниците и јавноста да знаат е дека ние како аеродромски оператор немаме проблеми со капацитетите на двата македонски аеродроми кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. Во ТАВ Македонија немаме недостиг на персонал. Работевме плански со цел да имаме доволно кадар да ги опслужи операциите со авиони, патници и багаж во оваа летна сезона, за која очекувавме дека ќе имаме зголемен авиосообраќај, имајќи предвид дека луѓето веќе од почетокот на пролетта почнаа поинтензивно да патуваат, како што ковид рестрикциите на странските држави за македонските граѓани се креваа, велат од ТАВ Македонија. Зголемени трошоци и за патниците и за авиоиндустријата И воздухопловниот, како и останатите сектори, се соочува со зголемени трошоци поради кризата со енергенсите, а тоа се одразува и на цените за патување. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на трошоците за живот во воздухопловниот патнички транспорт во државава за 36 проценти во јули во однос на јуни годинава. Глобалните случувања и кризата со енергенси влијае и на работењето на аеродромскиот оператор. – Во ТАВ Македонија, како и секој бизнис, се соочуваме со зголемени трошоци за инпутите во нашето работење, бидејќи цените на енергенсите ги зголемија цените на речиси сите производи и услуги. Како пример, годинава плаќаме 4 пати повисока цена на електричната енергија за двата македонски аеродрома, споредено со 2021 година. Но, ги следиме глобалните случувања, економските проекции и ги прилагодуваме нашите бизнис-чекори согласно проекциите на добавувачите, велат од ТАВ. Се разгледува нов модел за субвенционирање авиолинии Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека закрепнувањето на македонскиот авиосообраќај кое почна лани, продолжи годинава. Сега сме на -18 проценти од патничкиот сообраќај во 2019 година, што се смета за референтна година во авијацијата, пред почетокот на кризата со Ковид-19. Аеродромскиот оператор моментно нема потврдени информации за отворање нови авиолинии на аеродромите во Скопје и во Охрид, но истакнуваат дека постојано работат на тоа и на привлекување нови авиокомпании кои би почнале да летаат од двата македонски аеродрома. Во државава од 2012 година се применува модел на субвенционирање на авиолинии од страна на Владата. Последниот од вкупно трите тригодишни договори што беа склучени со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“ истече на 1 март годинава. Министерството за транспорт и врски најави дека ќе распише нов тендер за таа намена, но, како што велат оттаму, се разгледува нов модел за распределба на поддршката од државата. – Со сегашниот модел имаме рекорден број патници, над два милиона. Поддршката даде резултати за што говорат податоците за зголемен бројот на патници од 600 000 до 800 000 пред субвенцинирањето на сегашните над два милиона. Со преземените активности придонесовме за развој на авиосообраќајот. По падот поради ковид пандемијата годинава има подобрување и сме излезени од кризата, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски. Според нивните податоци, по основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а годинава не се исплатени средства. Договорот беше суспендиран во период додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Во првите седум месеци од годинава (јануари-јули) на двата македонски аеродроми се опслужени вкупно 1,3 милиони патници (1 242 524) и 10.622 летови. Бројот на летови на сезонските авиолинии и на двата македонски аеродрома е зголемен во летната сезона (март-октомври), за разлика од лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, што е за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, додека пак на Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид годинава се реализирани 831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на лани, кога имало 352 сезонски лета. Зголемувањето е и поради промени во листите на дестинации, но особено поради зголемување на фрекфенцијата/честотата на летовите. Годинава сезонски дестинации до кои авиокомпаниите летаат од скопскиот аеродром се Анталија, Бодрум, Измир, Хургада, Базел, Џеда/Медина, Монастир (Тунис). Во 2021 од Скопје се леташе сезонски за Анталија, Бодрум, Хургада, Базел и Дизелдорф. Од охридскиот аеродром, пак, годинава се опслужуваат сезонски авиолинии и до Тел Авив и Амстердам, како и до Цирих, Ајндховен и Катовице, што беа на располагање и во минатата летна сезона. Поврзани содржини Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД 18/08/2022 22:08 Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:08 Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:08 Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:08 „Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:08 Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
Астрономски календар
Астрономски календар 19/08/2022 07:08 Денеска е петок, 19 август 2022 година, 226-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 139 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 19 часот и 30 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 23 часот и 23 минути, а ќе зајде во 13 часот и 53 минути. Поврзани содржини „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:08 Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:08 Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:08 Сончево и многу топло 19/08/2022 07:08 За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
Министерот Спасовски во посета на Крушево
Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:12 Фото: Б. Грданоски Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево. Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски. Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на ФИС „Ролер ски купот Тоше Проески“. Поврзани содржини „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:08 Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:08 Сончево и многу топло 19/08/2022 07:08 Астрономски календар 19/08/2022 07:08 За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово
Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово 19/08/2022 07:18 Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август. Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации во село Велестово и во Охрид. – Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата, информираат организаторите на Поетска ноќ. На отворањето, кое ќе почне со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, за нејзиното поетско творештво ќе беседи Сашо Огненовски. – Наши специјални гости и годинава ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, велат организаторите. По поетскиот портрет, истата вечер од 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“. Програмата ќе продолжи следниот ден, на 20 август, со проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“. Настаните ќе почнат од 11 часот во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид, за кога е предвидена работилницата за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и за други заинтересирани млади од регионот. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија). – А истиот ден, со почеток од 18 ч. во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат споменатите поети од проектот OH READ, но и другите поети учесници на фестивалот: Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи, известуваат од Поетска ноќ. Фестивалот ќе заврши в недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје, како и од програмата на РЕАД ‒ Регионална Мрежа за Културна Разновидност, поддржана од Европската Унија, и други спонзори и пријатели на манифестацијата. Поврзани содржини Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик 19/08/2022 07:08 Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:08 ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:08 Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:15 Фото: Б. Грданоски Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ. – „Отворениот ден на УКИМ“ нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сè што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. „Отворениот ден на УКИМ“ е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот, велат од УКИМ. Поврзани содржини Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:08 Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:08 Сончево и многу топло 19/08/2022 07:08 Астрономски календар 19/08/2022 07:08 За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна
Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:14 Националниот парк „Маврово” доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост, која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил. – Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, објавено е на Фејсбук страната на Националниот парк „Маврово”. Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП Маврово. Поврзани содржини „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:08 Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:08 Сончево и многу топло 19/08/2022 07:08 Астрономски календар 19/08/2022 07:08 За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
Сончево и многу топло
Сончево и многу топло 19/08/2022 07:09 Фото: Б. Грданоски Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 39 степени. Од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат. Поврзани содржини „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:08 Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:08 Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:08 Астрономски календар 19/08/2022 07:08 За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 30 минути
Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот
Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот Жестоките дождови доаѓаат во период со суша, топлотни бранови и шумски пожари низ Европа што научниците ги поврзуваат со климатските промени предизвикани од човекот 18/08/2022 23:48 Најмалку тринаесет лица загинаа во силните бури што денеска погодија делови од Европа. Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во јужна Австрија кога дрвја паднаа во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа кога дрво падна уште на север, во Долна Австрија. Во Штаерска, Корушка и Источен Тирол возовите мораа да застанат поради прекин на електричната енергија поради невремето, а паднатите дрвја блокираа и некои патишта, соопштија властите. Шест лица загинаа на Корзика, соопштија француските власти. Во кампот во Сагоне, на западниот брег на островот, дрво паднало врз 13-годишно девојче. На југот на островот, 72-годишна жена загинала кога покривот на куќа на плажа паднал врз нејзиниот автомобил. Загинаа и жена во кајак, рибар и уште две лица. Во невремето се повредени 12 лица, од кои едно потешко. Поради невремето без струја останаа 45.000 домаќинства. Силно невреме ги погоди и другите делови на Франција, поплавувајќи ги улиците на Марсеј и блискиот Касис. Две лица загинаа во невремето во Тоскана. Дрвја паднаа врз маж и жена. Пожарникарите имале 150 интервенции во Лигурија и Тоскана. Централниот регион Емилија Ромања исто така беше тешко погоден од невремето. Storm Forecast: Level 3 issued by Pucik for period Thu 18 Aug 2022 06:00 – Fri 19 Aug 2022 06:00 UTC – https://t.co/sG9nPpo50h – pic.twitter.com/p9LswmdtBF — ESTOFEX (@Estofex) August 17, 2022 Големо невреме на Корзика, Словенија… Силните грмотевици и ураганските ветрови оставија најмалку осум мртви во Франција и Италија во четвртокот, корнејќи дрвја во Тоскана и на францускиот остров Корзика. Сликата погоре покажува автомобил кој бил уништен кога врз него паднало дрво, во кампот во Сагоне, на островот Корзика. Силните грмотевици и ураганските ветрови оставија најмалку осум мртви во Франција и Италија во четвртокот, корнејќи дрвја во Тоскана и на францускиот остров Корзика и откорнаа парчиња тула од камбанаријата на базиликата Свети Марко во Венеција. Над 100 чамци во Средоземното Море повикале итна помош, соопштија властите. PAX Corsica pic.twitter.com/jAdNVPyxj3 — lucas.lta (@lucaslatocca) August 18, 2022 И Словенија попладнето ја зафати силна бура. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, беа однесени неколку покриви, а настрадаа многу дрвја, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал. Невремето почнало околу 15 часот кога кон Словенија дошло од северниот дел на Јадранот. Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина , ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд. Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута. Во Франција невремето произведе налети од над 220 км/ч во некои области, според националната метеоролошка агенција Метео Франс. Околу 45.000 домаќинства останаа без струја на Корзика, каде што десетици луѓе беа повредени, а 12 се хоспитализирани, од кои едно е во критична состојба, соопштија тамошните власти. Италијанските региони Тоскана и Венето прогласија вонредна состојба, бидејќи насилните бури на север беа во контраст со жешките температури кои беа до 43 Целзиусови степени во јужна Италија. Невремето ги зафати западноевропските земји во последните денови по летото со екстремни временски услови, додека соседните земји во Централна и Источна Европа сè уште страдаат од исклучителни топлотни бранови и суша. WATCH: Extreme thunderstorm slammed Corsica, Italy, and Austria. #Thunderstorm #Europe 🎥: @ScottDuncanWX pic.twitter.com/ZAUpB3VTdk — BNN Newsroom (@BNNBreaking) August 18, 2022 Двајца загинати во одделни инциденти во Италија Две лица загинаа во четвртокот во одделни инциденти во Тоскана, еден во близина на градот Лука и друг во близина на Карара, кога дрвјата беа откорнати од бура. Десетици беа пријавени повредени, вклучително и четири лица повредени од паѓање дрвја во кампот во близина на Карара. Во Венеција, силните ветрови одвоија парчиња тули од камбанаријата на базиликата Свети Марко, која стои пред познатата катедрала. Туристите беа евакуирани од структурата, која беше оградена. Невремето преврте столици и маси на плоштадот Свети Марко и на други места, а однесе и лежалки за плажа на блиското Лидо. Ветровите ненадејно се засилија, но се смирија за околу пет минути, изјави за Асошиетед прес Карло Алберто Тесерин, чуварот на базиликата и камбанаријата. „Ова не беа вообичаени ветрови за нас“, рече Тесерин. Силните ветрови ги запираат возовите Во северна Италија, невремето во текот на ноќта принуди да се исклучи железничката линија југоисточно од Џенова, откако силните ветрови донесоа конструкции од плажа на шините, оштетувајќи ги електричните кола. Невремето се појави за време на најпрометната недела на одмор на плажа во Италија. Градоначалничката на Сестри Леванте, Валентина Гио, апелираше до посетителите да се држат подалеку од плажите додека не поминат лошите временски услови. Град со големина на орев го погоди италијанскиот регион Лигурија со доволно сила да ги скрши прозорците на домовите и да ги оштети овоштарниците и градините. Северна Италија оваа година ја претрпе најголемата суша во последните неколку децении, но обилните дождови во последните денови донесоа врнежи од град, ветрови и поплави кои оштетија или уништија цели култури на овошје и зеленчук, заедно со лозја и маслинови насади, според италијанскиот земјоделско лоби Coldiretti. Спасувачките екипи пронашле тела на 62-годишен рибар и неидентификуван кајакар кај бреговите на Корзика, според француските поморски власти за Медитеранот. Се вели дека и двајцата загинале како резултат на ненадејната бура и дека повеќе од 100 приземјени, уништени или заглавени бродови во областа повикале итна помош. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин отпатува на островот во четвртокот за да ја провери штетата. Невремето конечно го прекина топлотниот бран во Париз, Франција, во вторникот, но врнежите беа толку силни што ги поплавија улиците и се слеваа во метро станиците во градот. Невреме со грмотевици во средата ги поплави париските станици на метрото и Старото пристаниште Марсеј, а ветрови со брзина над 100 километри на час беа забележани на врвот на Ајфеловата кула за време на поплавата во вторникот. Силните дождови доаѓаат во време на летната суша, топлотни бранови и шумски пожари низ Европа што научниците ги поврзуваат со климатските промени предизвикани од човекот. Потреба од дожд во Унгарија Сепак, на исток, на јужната голема рамнина во Унгарија, овчарот Шандор Калман може само да сонува за врнежи. Тој ги пасе овците на земји кои се исушени од силна топлина и слаби врнежи. „Во овој топлотен бран, оваа глинена почва всушност ги гори нозете на овците, толку е жешко“, рече тој, додавајќи дека и на неговите овчарски кучиња им е тешко да одат по исушената земја. „Имам 57 години, но никогаш не сум видел толку голема суша. Унгарските метеоролошки податоци оваа година покажуваат најголем недостиг врнежи од 1901 година. Нивото на водата на реката Дунав, еден од најголемите европски водни патишта, се намали за 1,5 метри за три недели во близина на Будимпешта, што доведе до тоа регионалното водостопанство да предупреди дека снабдувањето со вода за пиење може да биде загрозено. „Иднината е тешко да се предвиди, но прогнозите и климатските модели сугерираат дека се веројатни понатамошни тешки суши“, рече Клара Керпели од еколошката групација WWF Унгарија, предупредувајќи дека властите ќе треба да се подготват за почесто екстремни временски услови и да го преработат унгарскиот систем за задржување вода. Terrifying scenes as storm hits Piombinopic.twitter.com/Vw93MlxxiN — Wanted in Rome (@wantedinrome) August 18, 2022 Very heavy storm in my local area Carintia/Austria. Many trees broken. At a lokal lake 2 children dies while standing under a tree and some branches r broken. 3 people r missing. Firewatch diver search for missing. Wish condolence to the parents of the children pic.twitter.com/cSFithMag6 — Fiat Moneyeater (@FiatMoneyEater) August 18, 2022 Поврзани содржини Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021 18/08/2022 20:08 Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград 18/08/2022 19:08 Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео) 18/08/2022 15:08 Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил 18/08/2022 15:08 (Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста 18/08/2022 14:08 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 7 часа
Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД
Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД 18/08/2022 22:46 Природниот гас во Европа се тргува по цени еквивалентни на околу 70 долари за милион британски термални единици (BTU), приближно седум пати повисоки од цените во САД, објави CNN, цитирајќи анализа на нафтената сметководствена компанија Lipov. Oil Associates. Еден милион британски термални единици се еднакви на 293 киловат-часови (kWh) електрична енергија. На затворањето на американското тргување во вторникот, цената на гасот беше 9,33 долари за милион BTU, јавуваат американските медиуми, а пренесува Раша тудеј. Аналитичарите во САД велат дека европската криза со природен гас придонесува за растот на цените во Америка, но дека тоа не е главниот двигател на растот на цените, додава Си-Ен-Ен. „Повеќе глобални цени се прелеваат во САД“. Природниот гас стана глобална стока со појавата на течен природен гас (LPG)“, рече Роб Тамел, висок менаџер на портфолио во Tortiz Capital Advisors. Соединетите Американски Држави го зголемија извозот на LPG во Европа во обид да го ублажат влијанието на намалените испораки од Русија, главниот снабдувач на природен гас на континентот, се вели во извештајот, додавајќи дека секоја достапна молекула на гас се испраќа од САД во еврозоната. Цените на бензинот во Европа се зголемени за четири пати од почетокот на годината поради падот на руските текови. Цената на пазарот на фјучерси во центарот TTF во Холандија оваа недела надмина 2.600 долари за илјада кубни метри за прв пат од март, потсетува RT. „Газпром“ предвидува дека цената на гасот може да порасне за 60 отсто оваа зима, на повеќе од 4.000 долари за илјада кубни метри. Поврзани содржини Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување 19/08/2022 07:08 Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:08 Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:08 Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:08 „Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:08 Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 8 часа
Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона
Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона 18/08/2022 22:37 Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон. Но, според тамошната „ТВ3“, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид. По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса. Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период. Поврзани содржини Надал по поразот од Чориќ: Не одиграв најдобро 18/08/2022 09:08 Надал: Тажен сум поради тениското збогување на Серена Вилијамс 17/08/2022 18:08 Роналдо: Oд 100 вести во медиумите, само пет беа вистинити 17/08/2022 11:08 Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед 17/08/2022 08:08 Легендарниот Радивој Корач постхумно во „Куќата на славни“ 16/08/2022 20:08 Австралија без Кирјос на Дејвис купот 16/08/2022 17:08 (Фото) Мукаетов лично ги дочека и им честита на кадетите за успехот во Рига 16/08/2022 13:08 Надал за првиот турнир по Вимблдон: Не можам да очекувам да играм на неверојатно ниво од самиот почеток 15/08/2022 14:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 9 часа
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:40 Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите, вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуелното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот. Поврзани содржини Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување 19/08/2022 07:08 Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД 18/08/2022 22:08 Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:08 Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:08 „Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:08 Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 10 часа
Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021
Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021 18/08/2022 20:11 Вашингтон пост открива дека САД знаеле за рускиот план за инвазија врз Украина неколку месеци пред почетокот на војната, но не успеале да ги убедат земјите-членки на НАТО за неизбежноста на нападот, јави дописникот на МИА. Можеше ли да се избегне војната? Во октомври 2021 година, Џо Бајден одржува итен состанок во Овалната соба на Белата куќа со неговите воени и дипломатски советници. Шест месеци пред почетокот на руската инвазија на Украина, американските разузнавачи се сигурни дека Владимир Путин подготвува офанзива од големи размери во Украина, наведува Вашингтон пост. Според весникот Бајден ги предупредил најблиските сојузници на Вашингтон, Франција, Обединетото Кралство и Германија, на крајот на октомври во Рим, за време на самитот на Г-20. Неколку недели подоцна, директорката на американското разузнавање, Аврил Хејнс, ја претставува оваа тема пред неколку земји-членки на НАТО. Но, според Вашингтон пост, реакциите биле скептични. Француските и германските власти не разбраа зошто Путин ќе се обиде да изврши инвазија и окупација на голема земја со само 80.000 до 90.000 војници, пишува американскиот весник. Сателитските снимки, исто така, покажаа дека војниците се движат напред-назад од границата. Само балтичките земји и Британците ги поддржуваат САД во тој момент. Плашејќи се од политичка манипулација по грешките во анализата на Американците во времето на војната во Ирак и за време на падот на Авганистан, Германците и Французите одбиваат да ја потврдат верзијата на Вашингтон. Според Вашингтон пост, Емануел Макрон и Ангела Меркел не мислеле дека Путин може да направи нешто толку „ирационално“. Од ноември 2021 до февруари 2022 година, Американците ќе ги зголемат дискусиите зад сцената за да ги алармираат различните европски земји, но и да го зголемат своето присуство на Стариот континент, со пристигнувањето на многу војници во неделите пред почетокот на конфликтот. Но, и неколку дена пред почетокот на војната, многу Европејци не веруваа во можна инвазија врз Украина. Вклучувајќи ги и Емануел Макрон и неговите советници. Шефот на француската држава, кој требаше да влезе во својата изборна кампања, ги интензивираше дипломатските средби и телефонски разговори со Владимир Путин. На 20 февруари, по напната размена, тој веруваше дека добил договор од рускиот претседател за исклучителна средба со Џо Бајден. Емануел Бон, дипломатски советник на претседателот на Републиката, дури и танцуваше, според Вашингтон пост. Освен што од тоа не се случи ништо. Неколку часа откако ја спушти слушалката и му се заблагодари на Емануел Макрон на француски, Владимир Путин официјално призна две сепаратистички републики во источна Украина. Четири дена подоцна е објавена војната. Поврзани содржини Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот 18/08/2022 23:08 Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград 18/08/2022 19:08 Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео) 18/08/2022 15:08 Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил 18/08/2022 15:08 (Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста 18/08/2022 14:08 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
Османи: Нема триумфализам во Бугарија, „слави“ само една маргинална група
Османи: Нема триумфализам во Бугарија, „слави“ само една маргинална група 18/08/2022 20:10 Негативните реакции во однос на договорените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања се последица на намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри, со цел да се искористи дебата за дневно политичка борба, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести. Значи, можам најодговорно да кажам дека 95 проценти од сите шпекулации, од сите информации во врска со „францускиот предлог“, во врска со Протоколот, во врска со решенијата на Комисијата се намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри со цел да се искористи емотивниот карактер на оваа дебата во дневно политичката борба, истакна Османи во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5. Според него, главен проблем е што одредени политичари по секоја цена, дури и за прашања коишто се најсуштествени за државата, се калкулираат само од аспект дали се на власт или не. – Битно е да се слушаме. Мислам дека не се слушаме во оваа дебата. Мислам дека сме закотвени во нашите позиции, онака како ние мислиме дека е нашиот политички поглед по однос на тоа прашање и воопшто не ги слушаме аргументите. Денеска излегува Историската комисија и кажува – дајте аргументи за овие тези коишто ги кажувате против решенијата. Никој не дава аргументи. Дури и авторите на слични решенија се критични, бидејќи стана популарно да се биде критичен. Стана нов тренд и нова мода да се биде критичар. Но, реалноста не е тоа. За жал, проблемот е што не се слушаме, а не во тоа дека не говориме доволно, додаде шефот на дипломатијата. Според него, во јавноста се создаде погрешна перцепција дека историчарите од бугарската дел од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања изразиле чувство на триумфализам во однос на договорените решенија. – Тоа е една маргинална група на историчари во Република Бугарија кои се на маргините на политичката дебата и се поставени провокативно кон овој процес. Се обидуваат намерно да го направат токму тоа, бидејќи во Република Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам, истакна Османи. Тој нагласи дека решенијата на Комисијата што беа презентирани во јавноста оваа недела се договорени уште во 2019 година и се одобрени од претходниот министер за надворешни работи Никола Димитров. – Во меѓувреме немаше нови решенија. Тие се однесуваат на прашања од античкиот период за којшто немаше многу разлика помеѓу двете држави, додаде Османи. Околу преговорите за членство со ЕУ Османи рече дека , доколку не го промениме Уставот, нема да можеме да го отвориме Поглавјето 23. – Скринингот ќе го завршиме, но Поглавјето 23 не можеме да го отвориме доколку не го смениме Уставот и тоа е компромисно решение, затоа што позицијата на Република Бугарија беше тврда до последниот момент дека нема почнување на преговори без воопшто да се направат тие уставни измени. И ние тоа не го прифативме. Ние го одбивме тоа решение кое што Бугарите го понудија – да добиеме почеток на преговори и скрининг, а во меѓувреме да се прави измена на Уставот, рече Османи при денешното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Телевизија Канал 5. Тој потенцира дека измената на Уставот подразбира внесување на хрватската, црногорската и бугарската заедница заедно со останатите шест заедници коишто се веќе наведени во текстот на Преамбулата. На прашањето дали стравува дека можеби нема не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, Османи потенцира дека во текот на разговорите со Бугарија комуницирал и со претставници на македонската опозиција и од ниедна партија не слушнал аргумент против внесување на Бугарите во Уставот – Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците, на македонскиот народ и на Република Северна Македонија, затоа што првпат институционално се дефинира однос помеѓу мнозинско македонско население и бугарската малцинска заедница. Првпат во историјата на односите имаме формално институционализирање на тој однос и го направи неповратлив и иреверзибилен. Јас ова сум го слушнал од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи. Според него, дури и од претставници на ВМРО-ДПМНЕ го слушнал мислењето дека се направило грешка што Бугарите не биле внесени во Уставот кога се направија уставните измени во 2001 година, а сега ова прашање се користи за дневна политика. – Жално е што европската перспектива, стратешките прашања на граѓаните, стандардот на граѓаните, нивната иднина, се ставаат во функција на политичката и партиската иднина на одредени политичари. Тоа е жално, изјави Османи. Според Османи, во претстојните „15 месеци додека трае скринингот“ и додека да стигнеме до Поглавјето 23, властите ќе се обидат да ги разобличат сите тие што сакаат нивните кариери да ги стават пред стратешките интереси на земјата. – Ќе одиме до секој граѓанин за да им кажеме кој е ризикот од промена на Уставот, што е лошо во тоа до Албанците, Турците, Србите, Ромите… да се внесат и Црногорците, Хрватите и Бугарите. Кој е тој ризик, а кои се бенефитите од таков процес. Ве уверувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ убедувањето е дека нема никаков ризик од таков процес, туку напротив има интерес државата тоа да го направи. Битно е да се најде начин, а јас сум сигурен дека кога ќе постави на маса, ќе има доволно пратеници коишто ќе ги потврдат. Нотарските изјави мислам дека се уште едни инструменти од тој партиско-политички фолклор, рече министерот Османи. Османи изјави дека не е за референдум за ова оваа прашање затоа што, како што рече, граѓаните се изјасниле по однос на европската перспектива. – Ако треба да има, прашањето треба да биде – Дали сте за ЕУ или не. Се друго апсолутно ќе биде манипулација на граѓаните. Така што мислам дека никој нема дилема дека оваа мала држава зависна од регионалните и европските процеси може да опстојува нормално и оптимално во Европската унија, рече тој. Во однос на тоа дека извештајот за транспарентност на Владата вели дека Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците биле едни од најтранспарентните, Османи истакна дека тоа се однесува на делот во однос на објавата на огласи, а не во комуникацијата со јавноста. – Слободно нека направи некој анализа по однос на тоа колку пати јас сум одржал брифинг, прес-конференција, комуникација, интервјуа на тема односи со Република Бугарија. Значи, нема прашање кое што не е разговарано десетици, десетици пати во текот на овој период. Меѓутоа, ние знаевме од почеток кои и да бидат решенијата од овој процес дека опозицијата е спремна да го искористи тоа во дневно-политичката борба и тие имаа сценарија. Сценарија од типот доколку не успее државата да ги почне преговорите, да почне кампања со протести за неспособна Влада која што еве не блокира за европскиот процес. Доколку успееме – ова е предавничка влада која што еве ги продаде интересите. Значи, воопшто ве уверувам дека ги немаат прочитано решенијата, го немаат прочитано „францускиот предлог“, ниту Протоколот, ниту овие решенија на Историската комисија. Се е партиска калкулација и тоа ме боли затоа што мислев дека има одредена граница до партиско-политички интерес и каде почнува еден државен интерес којшто треба да биде натпартиски. За жал, се уверив дека кај одредени политички партии таква граница воопшто нема, посочи Османи. Во однос на реакциите од граѓанскиот сектор против „францускиот предлог“, Османи истакна дека и тој сакал идеален чист европски процес. – Меѓутоа, за жал, реал политиката не е таква. „Францускиот предлог“ не е предлог којшто почнува од ништо. „Францускиот предлог“ е продолжение на неколку обиди на неколку претседателства. Така што, доколку се разбира би збореле од перспектива на некој идеален пуританистички концепт на европски интеграции – ОК, можеме да најдеме забелешки. Но, прашањето е дали почнавме преговори после 17 години? Да, почнавме преговори, исто како Албанија. Дали се загрозени националните, идентитетските прашања на било кој народ во Република Северна Македонија? Најодговорно тврдам – не. Тоа се лажни информации со кои се обидуваат да ги плашат граѓаните за да освојат некој политички поен повеќе, истална Османи. Поврзани содржини Бујар Османи го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик 18/08/2022 20:08 Историската комисија реагира: Критиките кон нас се лаги и манипулации 18/08/2022 15:08 Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија 18/08/2022 12:08 МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово 18/08/2022 10:08 Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања 18/08/2022 07:08 Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД 17/08/2022 20:08 Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето 17/08/2022 20:08 „Медал за заслуги“ за Пендаровски од Националната Гарда на Вермонт 17/08/2022 14:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила
За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:19 Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции.Податоците со кои располага комисијата се загрижувачки. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку станува збор за 150 нови автомобили, додека државата не можеше да обезбеди соодветна заштита за сите граѓани. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија. „Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила“, рече Ивановска. Поврзани содржини „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:08 Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:08 Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:08 Сончево и многу топло 19/08/2022 07:08 Астрономски календар 19/08/2022 07:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври
Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:06 Законот 15 и Актот 16 се очекува да бидат изгласани кон средината на септември за интерконекторот Грција – Бугарија, а гасот да потече на 1 октомври, најави вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, по увидот на бугарскиот дел од меѓусистемскиот гас врска во областа на градот Хасково. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетно почнуваат преговорите со Азербејџан и турските компании снабдувачи на гас. Но, доколку е потребно, разговорите со „Газпром“ ќе бидат обновени, додаде тој. Воедно стана јасно дека гасоводот меѓу Грција и Бугарија од денеска е успешно поврзан со бугарската национална и транзитна мрежа за пренос на гас. Во близина на Стара Загора беше извршено поврзување на инфраструктурата на двата независни преносни оператори за Бугарија – ИЦГБ и „Булгартрансгаз“. Гасоводот ИГБ е веќе успешно поврзан со соседните оператори во Бугарија и Грција, со што физичкиот пренос на гас низ објектот е технички обезбеден. Поврзани содржини Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување 19/08/2022 07:08 Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД 18/08/2022 22:08 Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:08 Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:08 „Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:08 Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград
Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград 18/08/2022 19:56 Русија распореди три борбени авиони вооружени со хиперсонични ракети во руската енклава Калининград, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во Калининградската област распоредени се и три авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети Кинжал, како дел од стратешките мерки за одвраќање. Калининград е пристаниште, град и административен центар на Калининградската област; енклава на Русија лоцирана помеѓу Литванија и Полска. Ракетите Кинжал, што на руски значи бодеж, се невидливи за противвоздушната и противракетната одбрана на непријателот. Москва тврди дека овие проектили летаат со екстремно големи брзини, до 10 маха или 12.000 километри на час и дека во комбинација со маневарските способности, тие се исклучително тешки или невозможни за пресретнување. Поврзани содржини Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот 18/08/2022 23:08 Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021 18/08/2022 20:08 Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео) 18/08/2022 15:08 Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил 18/08/2022 15:08 (Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста 18/08/2022 14:08 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
Бујар Османи го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик
Бујар Османи го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик 18/08/2022 20:02 Сигурно е за осуда, јас бев таму и тоа беше една група на тинејџери, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод Рамковниот договор. „Политичарите сакаат да им внесат страв, народот не може да се асимилира.Беше тоа група на млади лица кои се обидуваат да злоупотребат. На тоа претходеа и некои пејачи кои одбиваа да настапуваат“, рече Османи во „Жешко политичко лето“. Поврзани содржини Османи: Нема триумфализам во Бугарија, „слави“ само една маргинална група 18/08/2022 20:08 Историската комисија реагира: Критиките кон нас се лаги и манипулации 18/08/2022 15:08 Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија 18/08/2022 12:08 МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово 18/08/2022 10:08 Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања 18/08/2022 07:08 Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД 17/08/2022 20:08 Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето 17/08/2022 20:08 „Медал за заслуги“ за Пендаровски од Националната Гарда на Вермонт 17/08/2022 14:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
Утврдени неправилности во правен субјект за одгледување канабис за медицински цели од кумановско
Утврдени неправилности во правен субјект за одгледување канабис за медицински цели од кумановско 18/08/2022 19:51 Полицијата во соработка со претставници на други надлежни институции денеска изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане и при контролата биле констатирано поголем број неправилности, поради кои се најавува и кривична пријава за одговорните лица, како и за самиот правен субјект. – При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, информираат денеска од МВР. За наодите бил известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги. Акцијата ја спровеле службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прeтходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. Поврзани содржини Во Кондово залутан куршум повреди момче, а во Љубин оштети шофершајбна 17/08/2022 17:08 Обвинителството отвори истрага и бара притвор за скопјанката која грабна бебе во ГТЦ Скопје 17/08/2022 16:08 На патот за Центар Жупа се запали автомобил во движење, нема повредени 17/08/2022 14:08 Во Битола запленета дрога во вредност од околу 800.000 евра, приведени пет лица 17/08/2022 14:08 Драма во Скопје: Одземала бебе оставено пред маркет во ГТЦ, полицијата ја пронашла во Ѓорче Петров 16/08/2022 21:08 Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија 16/08/2022 16:08 Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието 16/08/2022 13:08 Тешко повредена 23 годишна девојка-пешак во која удрило возило „БМВ“ 16/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 11 часа
Поетска ноќ во Велестово по 34. пат
Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:14 Традиционално во Охридското село Велестово од утре до 21 август ќе се одржи 34-тата „Поетска ноќ“. Манифестацијата, како што најави денеска на прес-конференција програмскиот директор Јулијана Величковска, ќе почне на сред село-на чешма, а во фокусот ќе биде поетскиот портрет на македонската поетеса, есеистка, преведувачка и добитничка на бројни награди, Лидија Димковска. Во програмата се предвидени три поетски читања, на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата. – В сабота ќе се реализира проектот „Охрид поетски викенд и работилница за млади од регионот“ во чии рамки ќе се претстават пет поети од регионот, Селахатин Јолгиден од Турција, Мањола Наси од Албанија, Валентина Бактијаревиќ од Србија и Диме Данов и Јулијана Величковска од Македонија. Ќе имаме работилница наменета за млади, на која ќе учествуваат ученици од Охридската гимназија, а универзитетски професори, фотографи, филмаџии, актери… на младите ќе им го пренесат своето знаење и умеење како креативно да пишуваат и интерпретираат поезија, односно како поезијата може да се поврзе со другите уметности, истакна Величковска. Поетот Славе Ѓорго Димоски, кој е дел од организацискиот одбор изрази задоволство што манифестацијата влегла во, како што рече, една сериозна зрелост и искачување на некои висини. – Нашата „Поетска ноќ во Велестово“ веќе го зема приматот на најзначајните манифестации во Македонија. Уште од стартот се наметна со својата оригиналност и успеа да стане еден вид антологија на македонската поезија и сликарство. На својата 20 годишнина помина во интернационална манифестација, истакна Димоски. „Поетската ноќ во Велестово“, според него, има двојна улога, односно да се зашитити македонскиот јазик и да с епренесува надвор од границите. – Едната е да си го заштитме македонскиот јазик, а другата е преку гости однадвор да го пренесуваме јазикот надвор од нашите граници, бидејќи знаеме какви црни облаци ни се спуштаат. Мислам дека со убавиот збор, со поезијата, која претставува есенција на еден јазик ќе се зачува, ќе се одбрани и ќе се оди напред, нагласи Димоски. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, програмата на РЕАД и други спонзори и помагатели. Поврзани содржини Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик 19/08/2022 07:08 Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово 19/08/2022 07:08 ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:08 Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 12 часа
Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица
Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:05 Фото: Б. Грданоски Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случај со КОВИД-19, тројца починати (по еден од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г)) и 595 оздравени пациенти. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани пет починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година, соопшти Министерството за здравство. Од 491 новозаболен од Скопје се 203, Битола 38, Куманово 31, Прилеп и Охрид по 24, Кавадарци 22, Тетово 21, Струмица 17, Неготино 16, Кочани 12, Делчево 11, Гостивар и Штип по 10, Гевгелија 9, Крива Паланка 6, Велес, Струга, Берово и Дебар по 5, Свети Николе 4, Виница и Богданци по 3, Пехчево 2 и Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија по 1. Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје 231, Охрид 74, Куманово 32, Битола 28, Струга 27, Кавадарци 26, Струмица 21, Прилеп 18, Гостивар и Штип по 17, Кочани 16, Тетово и Велес по 12, Неготино и Дебар по 9, Гевгелија 8, Свети Николе и Радовиш по 6, Ресен и Кратово по 5, Берово и Кичево по 4 и Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица по 1. Направени се 1.108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а на активни случаи изнесува 3.483 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 158588, Активни 1422 Куманово 17920, Активни 150 Битола 17495, Активни 253 Прилеп 15225, Активни 150 Тетово 14344, Активни 118 Кавадарци 11819, Активни 134 Велес 10632, Активни 111 Гостивар 10198, Активни 84 Охрид 10034, Активни 208 Струмица 8684, Активни 85 Штип 8634, Активни 78 Кичево 6006, Активни 48 Кочани 5434, Активни 62 Струга 5122, Активни 64 Гевгелија 4756, Активни 61 Неготино 4085, Активни 80 Ресен 2980, Активни 24 Радовиш 2789, Активни 55 Свети Николе 2763, Активни 14 Крива Паланка 2595, Активни 32 Делчево 2108, Активни 69 Берово 1802, Активни 28 Дебар 1794, Активни 20 Валандово 1583, Активни 8 Виница 1459, Активни 27 Пробиштип 1296, Активни 4 Богданци 1085, Активни 22 Кратово 1081, Активни 14 Крушево 1008, Активни 21 Демир Хисар 911, Активни 11 Македонски Брод 784, Активни 9 Демир Капија 623, Активни 7 Македонска Каменица 533, Активни 3 Пехчево 505, Активни 7 Дојран 365, Активни 0. Поврзани содржини „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 19/08/2022 07:08 Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна 19/08/2022 07:08 Министерот Спасовски во посета на Крушево 19/08/2022 07:08 Сончево и многу топло 19/08/2022 07:08 Астрономски календар 19/08/2022 07:08 За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 12 часа
Танц со ѕвездите: 7 танцови движења на светските лидери (рангирање)
Танц со ѕвездите: 7 танцови движења на светските лидери (рангирање) Врвните политичари ги користат официјалните меѓународни патувања, како и кампањите, но понекогаш немаат никаква причина да ги покажат своите таленти за танцување 18/08/2022 17:23 Не сите политичари можат да го повторат танцувањето како финската премиерка Сана Марин. 36-годишната лидерка се најде на удар на критиките во четвртокот откако протекоа видеа на кои таа бујно танцува со неколку познати фински лица. Со текот на годините, шефовите на држави и влади користеа конференции, официјални меѓународни патувања, кампањи, а понекогаш и воопшто немаа причина да ја покажат својата танцувачка способност – или недостаток на тоа. Жирито на „Политико“ ги рангира танцовите движења на политичките лидери, од најдобрите до најнезгодните. Сана Марин На скала од 1 до 5, премиерот на Финска е првиот избор за жирито за забава на „Политико“. На видео снимката што протече, 36-годишната лидерка се гледа како танцува воодушевено на хитовите на финските ѕвезди Петри Нигард и Анти Туиску. Марин го „скина“ подиумот, со супериорни потези и ентузијазам, а жирито на „Политико“ сметаат дека таа заслужува врвни оценки. Видеата, каде што финските медиуми објавија дека луѓето во позадина може да се слушнат како викаат за наркотици, поттикна еден од нејзините коалициски партнери да ја повика премиерката да направи тест за дрога. Марин возврати на критиките и рече дека „нема што да крие“. 5/5 Тереза Меј Движењата на поранешната британска премиерка Тереза Меј станаа озлогласени откако таа се придружи на „Dancing Queen“ на ABBA додека одеше на сцената на конференцијата на партијата на Ториевците во 2018 година, и повторно за време на патувањето во Најроби. Движењето со потпис на „Мајбот“ се состои од еден вид незгоден танц на роботи, но таа продолжи со самодоверба – двапати – дури и нудеше совети на професионални изведувачи за тоа како се прави тоа. Жирито на „Политико“ ѝ даде 3 поени од можни 5 за нејзините (наводно) спонтани настапи. 3/5 Борис Елцин За време на кампањата во 1996 година, поранешниот руски претседател Борис Елцин изгледаше како да прави рана верзија на „Гангнам стајл“, како што пишува Вашингтон пост. Сличноста е впечатлива. Силно тресење на раката, движење на рамената: сè е таму. Ќе му дадеме 3 од 5 за иновација и можна инспирација за Псај (Psy) да создаде корејска верзија, која стана голем хит 15 години подоцна. 3/5 Борис Џонсон Џонсон, кој ќе ја напушти Даунинг стрит во септември, откако беше сменет како британски премиер од колегите од Ториевската странка, беше виден како „разбива“ потег на видеото од крајот на јули за време на задоцнетата забава по повод неговата венчавка. „Политико“ му даде 2 поени од можни 5: За прв свадбен танц, би очекувале поголема координација. Заедно со неговата сопруга Кери, парот го имаше својот прв танц на караоке класиката на Нил Дајмонд „Слатка Керолајн“, неофицијална химна на англиските фудбалски навивачи за време на турнирот Евро 2020, а веројатно и одавање почит на целото име на Кери, Керолин. 2/5 Дмитри Медведев Дмитри Медведев беше вест во 2011 година кога на YouTube беше објавено видео од него на забава како танцува на „American Boy“ на рускиот поп бенд Комбинација. Неговите потези дури инспирираа песна „Do the Medvedev“. Во видеото, поранешниот руски претседател незгодно се грчи од една на друга страна и бесцелно мавта со рацете. Танцот е малку вкочанет, но несомнено подобар од неговиот сегашен препознатлив потег: се заканува на светот со нуклеарно уништување. 2/5 Емануел Макрон За време на посетата на Лагос во 2018 година, францускиот претседател Емануел Макрон беше поканет на сцената од афробит музичарот Феми Кути. Не изгледа како да го видел тоа. Кути игра живописно, додека Макрон целосно го користи својот единствен танцов потег: трапаво стои наоколу, кима со главата и плеска со рацете. 2/5 Доналд Трамп Кога Доналд Трамп се спушти по ескалаторот на Трамп Тауер во 2015 година и објави дека се кандидира за претседател на Соединетите Држави, тој сигурно не мислеше дека тоа ќе вклучува учество во саудиски церемонијален танц со меч. Трамп не танцува толку со мечот колку што го држи додека се движи наоколу со целосно непочитување на синхроничноста или ритамот. Му даваме еден поен затоа што случајно не осакати или обезглави никого. 1/5 (Политико) Поврзани содржини Ени Лебовиц на удар на јавноста – критикувана за чудните портрети на судијката Кетанџи Браун Џексон 18/08/2022 12:08 Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол 18/08/2022 11:08 Сушата ја загрозува иднината на традиционалните англиски градини 18/08/2022 08:08 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:08 Џиновската ракета на НАСА висока 98 метри подготвена за првата вселенска мисија 17/08/2022 12:08 Од Џејмс Бонд до „Војна на ѕвездите“: Класични филмски плакати вредни над 400.000 долари на аукција 17/08/2022 11:08 Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор 17/08/2022 09:08 Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој 16/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 13 часа
За ВИП и за фанови – се отвори првата продавница на H&M во Скопје
За ВИП и за фанови – се отвори првата продавница на H&M во Скопје 18/08/2022 17:00 Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во Ист гејт мол во Скопје. За ВИП гости со шампањско и за фанови со добра журка. Еден од најголемите светски модни брендови од Шведска денес, од 10 часот го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат нивните омилени модни парчиња. Сите посетители добија до 50 проценти попуст на избраната облека и истата понуда ќе важи до недела, 21 август. Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите фанови застанаа во редицата. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 денари за третиот и по 1.000 денари за сите останати. „Го чекавме овој ден многу долго и воодушевени сме што видовме толку многу љубители на модата на отворањето на нашата прва продавница во Северна Македонија. Задоволство ни е да им посакаме добредојде на нашите клиенти и да им понудиме додадена вредност преку мода и квалитетот по најдобра цена, направена на одржлив начин. Исто така, многу сум горд на нашиот тим кој го овозможи ова и кој ќе обезбеди сите во нашата продавница да имаат најдобро можно шопинг искуство”, вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M. Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Македонија со ВИП настан. Гостите беа канети со покани доставени на рака, а имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање. Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг искуство. Нејзината огромна понуда ќе вклучува разновиден избор на облека за мажи, жени, тинејџери, деца и бебиња, како и широка понуда на модни додатоци. Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот. Поврзани содржини Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ 18/08/2022 13:08 Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона? 18/08/2022 12:08 Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед 18/08/2022 11:08 Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:08 Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:08 Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 14 часа
Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации
Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:34 Владата на Македонија има максимални 100% активна транспарентност од можни 100%, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации. Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25% транспарентност во 2016 година, денес, согласно рангирањето има целосна, односно 100% транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6% на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент. Според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73% и во однос на минатата година, кога изнесувала 63%, е подобрена за десет процентни поени. Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81% од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85%, а на општините 70%. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет. -Владата продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено да ги објавува информациите од јавен карактер што е и еден од нашите врвни приоритети. Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција, порачаа од оваа институција. Поврзани содржини За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 15 часа
Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво
Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:36 Годишната стапка на инфлација во јули достигна ново рекордно ниво во ЕУ и во еврозоната, поттикната од континуираниот силен раст на цените на енергијата и храната, покажа во четвртокот извештајот на Евростат. Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јули изнесуваше 9,8 отсто, што е ново највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да објавува извештаи во 2001 година. Во јуни таа изнесуваше 9,6 отсто. Во еврозоната, годишната стапка на инфлација во јули беше за 0,3 процентни поени повисока отколку во јуни и изнесуваше 8,9 отсто, достигнувајќи исто така ново највисоко ниво откако Евростат почна да го следи овој индикатор во 1996 година. Во јули минатата година потрошувачките цени на ниво на Унијата се повисоки за 2,5 отсто во однос на истиот месец претходната година, а во еврозоната за 2,2 отсто. Рекордните стапки на инфлација во голема мера го одразуваат континуираниот силен раст на цените на енергијата, за 39,6 отсто во областа на примената на заедничката европска валута, покажуваат податоците на Европскиот завод за статистика. Силно пораснале и цените на свежата храна, за 11,1 отсто во однос на ланскиот јули. Најголем скок на Балтикот Меѓу земјите од ЕУ, највисоки стапки на раст на потрошувачките цени повторно забележаа во јули балтичките земји – Естонија со 23,2 отсто, Летонија со 21,3 отсто и Литванија со 20,9 отсто. Во Германија, најголемата европска економија, цените се зголемија за 8,5 отсто во јули во споредба со истиот месец претходната година. Блиску е и Италија, третата по големина економија во еврозоната, со пораст на потрошувачките цени од 8,4 отсто. Во Хрватска, годишната стапка на инфлација, мерена со ХИЦП, во јули достигна рекордни 12,7 отсто. Во јуни беше 12,1 отсто, а во јули лани 2,7 отсто. Најблиску до Хрватска во јули годинава се Словачка со годишна стапка на инфлација од 12,8 отсто и Романија каде таа изнесува 13 отсто. Словенија во јули имаше годишна инфлација од 11,7 отсто. Најблаг раст на потрошувачките цени во јули забележаа Франција и Малта, од 6,8 отсто. Следува Финска со пораст на потрошувачките цени од осум отсто и Шведска каде цените пораснале за 8,3 отсто. Во споредба со јуни, годишната стапка на инфлација е повисока во 18 земји-членки на ЕУ, пониска во шест и непроменета во три. Поврзани содржини Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД 18/08/2022 22:08 Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:08 Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:08 „Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:08 Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 15 часа
„Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници
„Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:15 Неколку големи европски банки одлучија да го следат примерот на Волстрит дозволувајќи им на клиентите повторно да тргуваат со руски државни обврзници, објави Фајненшл тајмс (ФТ), повикувајќи се на добро информирани извори. Швајцарската UBS, британската Barclays и германската Deutsche Bank повторно им дозволуваат на клиентите да ги продаваат своите руски обврзници, по слични потези на американските банки JPMorgan, Bank of America, Jefferies и Citigroup, се наведува во текстот. Други европски банки, вклучувајќи ги Credit Suisse и HSBC, досега се воздржуваа од повторно влегување на рускиот должнички пазар поради нивниот низок праг на толеранција на ризик, изјавија за ФТ извори запознаени со нивните активности. Според изворите на лондонскиот бизнис дневник, одлуките за рестартирање на тргувањето со руски обврзници не се мотивирани од напорите да се заработат пари од повторното отворање на овој пазар, туку од намерата да им се овозможи на клиентите да ја намалат својата изложеност, а во согласност со правилата за санкции, јавува Раша тудеј. Во јули, американското Министерство за финансии објави упатства кои им овозможуваат на американските банки да го олеснат клирингот и трансакциите со руските хартии од вредност доколку им помогне на американските сопственици на руски обврзници постепено да се ослободат од нив. Пред тоа, повеќето американски и европски банки престанаа да работат со руски хартии од вредност, откако властите воведоа забрана за трансакции со руски средства како дел од економските санкции против Москва. Поврзани содржини Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД 18/08/2022 22:08 Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:08 Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:08 Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:08 Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 15 часа
Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео)
Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео) 18/08/2022 15:59 Научници од Украинскиот хидрометеоролошки институт симулирале ширење на радијација во случај на нуклеарна катастрофа во електраната Запорожје, најголемиот нуклеарен реактор во Европа. Тие открија дека во случај на временските услови од претходните неколку дена, радиоактивниот материјал може да достигне северно дури до Балтичкото Море, а патем да се надвисне над Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Белорусија. На запад би стигнал до Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Унгарија и Чешка, пишува The Guardian, пренесува Индекс.хр. Русија се закани дека ќе ја затвори нуклеарната централа Истото го тврди и Русија, која предупреди дека би можела да ја затвори нуклеарната централа Запорожје доколку Украина продолжи да ја гранатира централата. Шефот на руските сили за радиоактивна, хемиска и биолошка одбрана изјави дека во претходните напади биле оштетени помошните системи за одржување на електраната. Тој додаде дека во случај на несреќа радиоактивен материјал ќе ги покрие Полска, Германија и Словачка. Нуклеарната централа, окупирана од Русите, но управувана од украински персонал, неодамна беше место на често гранатирање, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за нападите. Поврзани содржини Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот 18/08/2022 23:08 Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021 18/08/2022 20:08 Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград 18/08/2022 19:08 Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил 18/08/2022 15:08 (Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста 18/08/2022 14:08 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 15 часа
ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда
ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:53 Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” на Горјан Тозија бидејќи бил „на чело на разорните процеси“ во филмската индустрија. -Горјан Тозија беше филмски работник кој рушеше сѐ, само за да биде видлив. Беше видлив кога го уништи Вардар филм. Беше видлив кога го рушеше законот за филмска дејност, беше видлив и кога најавуваше бројач пред порта Македонија.Филмот и културата жестоко се цензурираат во континуитет и се урива дигнитетот на филмската дејност. Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси. Наместо „Големата ѕвезда на македонскиот филм”да се даде на вистинските филмски творци и еминентни професионалци во македонската кинематографија, Здружението во чија надлежност е доделувањето на ова признание одлучи тоа да се додели на оној кој ги урна сите надежи на филмската дејност во Македонија. ДФРМ го одбра кафанскиот човек кој само умееше да плете површни кафански приказни, користеше уцени, закани задкулисни мрачни методи. Дали тој заслужува да го добие аплаузот од ИФКК Браќа Манаки? Македонија стана пазар, па и македонскиот филм стана заробеник на политички исфрустрираните луѓе кои генерациски владеат со фелата, стои во реакцијата на опозициската партија. Поврзани содржини Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:08 Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:08 Четврти копродукциски форум во рамки на „МакеДокс“ од 22 до 24 август 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 15 часа
Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк
Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:17 Во рамките на Годишната програма на активностите на „Заедница на Хрвати во Македониј“, а во соработка со Град Скопје, во недела, на 21 август, во Градски парк – во „Школка“ во 21 часот, ќе се одржи концерт на фолклорна секција и тамбурашки оркестар на Културно уметничко друштво „Св. Јурај“„ од Драганиќ, Карловачка Жупанија, Република Хрватска. Концертен настап во народни носии, е со цел презентација на традициското наследство на тој дел од Република Хрватска, додека Тамбурашки оркестар се состои од членови на различити генерации но од ист музички опсег во изведби на тамбурашки мелодии, кои ќе го освежат културниот простор на настани во Скопје, ова лето. Поврзани содржини За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила 18/08/2022 20:08 Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 16 часа
Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил
Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил 18/08/2022 15:28 САД– Почина 52-годишниот Ден Рапопорт, жесток критичар на Владимир Путин и инвестициски банкар во егзил. Полицијата потврди дека Рапопорт починал во Вашингтон откако ја напуштил Русија. Нешто пред 18 часот бил пронајден пред луксузна станбена зграда во Џорџтаун. Пред тоа полицијата добила дојава дека некој скокнал од зградата, пишува Индипендент. Итниот персонал на Рапопорт му дал прва помош на местото на настанот и тој бил пренесен во болница. Таму подоцна бил прогласен за мртов. Смртта на Ден Рапопорт останува под истрага, изјави портпаролката на Метрополитен полицијата. Индипендент го добил полицискиот извештај во кој се наведува дека Рапопорт во моментот на смртта имал скршен мобилен телефон, очила, возачка дозвола и 2.620 долари во готовина. Јунија Пугачева, поранешна уредничка на руското списание Татлер, на Телеграм ја објави веста за смртта на Рапопорт. Пугачева тврди дека неговото куче било пронајдено во близина на неговиот дом во Вашингтон со пари и проштална белешка. Вдовицата на Ален Рапопорт наводно негираше дека нејзиниот сопруг се самоубил. Таа за руската новинска агенција РБЦ изјави дека истрагата за смртта на нејзиниот сопруг е во тек и дека нема пораки или самоубиство. За жал, сопругот и таткото на нашата ќерка повеќе не се со нас“, изјави вдовицата за РБЦ. Рапопорт ја напушти Русија во 2012 година поради неговата поддршка на продемократскиот активист и противник на Путин, Алексеј Навални. После тоа купил недвижен имот во Вашингтон, кој подоцна и го продал на Иванка Трамп. По продажбата на недвижниот имот, Рапопорт се преселил во Киев и таму ја запознал својата идна сопруга Алена, украински виролог. Таа вели дека со својата ќерка требало да се сретне со сопругот во САД. Истакнатиот критичар на Путин, Бил Браудер, се огласи на Твитер за смртта на Рапопорт. „Ова е многу вознемирувачка вест. Тој беше еден од првите финансиери од Москва што ги познавав, кој јавно го поддржуваше Навални. Почивај во мир, Ден“, објави Браудер на Твитер. Very upsetting news. Exiled Putin critic Dan Rapoport has died by suicide in Washington DC at 52. He was one of the first Moscow based financiers I knew who publicly supported Alexei Navalny. RIP Dan https://t.co/eIsaC8T6d4 — Bill Browder (@Billbrowder) August 16, 2022 Ден Рапопорт е роден во Латвија додека таа сè уште беше дел од Советскиот Сојуз. Неговото семејство добило политички азил во САД во 1980 година. Рапопорт студирал на Универзитетот во Хјустон, а во текот на 90-тите се преселил во Русија каде што работел во гасната индустрија и се занимавал со финансии,пренесе Индекс.хр. Поврзани содржини Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021 18/08/2022 20:08 Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград 18/08/2022 19:08 Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео) 18/08/2022 15:08 (Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста 18/08/2022 14:08 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 САД ќе почнат трговски преговори со Тајван 18/08/2022 07:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 16 часа
Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува
Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:21 Фото: Б. Грданоски Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот. Од вечерва по полноќ, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – Еуросушер БС – 98 – 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм) Поврзани содржини Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата 18/08/2022 20:08 Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе стартува од 1 октомври 18/08/2022 20:08 Инфлацијата во ЕУ и во еврозоната на ново рекордно ниво 18/08/2022 16:08 „Фајненшл тајмс“: Европските банки го обновуваат тргувањето со руски обврзници 18/08/2022 16:08 Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја 18/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 16 часа
Историската комисија реагира: Критиките кон нас се лаги и манипулации
Историската комисија реагира: Критиките кон нас се лаги и манипулации Според Комисијата препораките се пораз на историските митови во двете држави - и така треба да се читаат. 18/08/2022 15:26 Македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања излезе со реакција по многуте напади, спорења, па и проблематизирања на нивната стручност во јавноста. Во неа тие ги нарекуваат „произволни, нестручни и селективни толкувањата“ на историјата од страна на тие критичари. Во реакцијата, што ја пренесуваме интегрално стои: -На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата. Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност. Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство: Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители“, а словенската писменост како „старобугарска“. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект. Самоил е бугарски цар. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад. Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување? Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.“ Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.“ Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира“ Македонците? Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…“, каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица“ (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.). На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец“, во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес? Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“ (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале? Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ? Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината“ (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација“ објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја“. Притоа, некои од „традиционалните учени“ се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство“. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија“ (Стојко Стојков, цит. труд, 119). Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување. Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство. Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски. Поврзани содржини Османи: Нема триумфализам во Бугарија, „слави“ само една маргинална група 18/08/2022 20:08 Бујар Османи го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик 18/08/2022 20:08 Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија 18/08/2022 12:08 МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово 18/08/2022 10:08 Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања 18/08/2022 07:08 Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД 17/08/2022 20:08 Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето 17/08/2022 20:08 „Медал за заслуги“ за Пендаровски од Националната Гарда на Вермонт 17/08/2022 14:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 16 часа
Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници
Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници 18/08/2022 15:06 Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Регистрираните случаи се од Белградскиот (27), Јужнобачки (1), Јужнобанатски (1), Сремски (1) и Нишавски (1) округ. Тројца од нив се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување. Поврзани содржини Газдата на автобусот што се преврте во Бугарија ќе одговара за 99 прекршоци 18/08/2022 12:08 На 48 години почина Мислав Баго, истакнат хрватски новинар 18/08/2022 11:08 Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство 18/08/2022 11:08 Вучиќ и Курти денеска во нова рунда од дијалог во Брисел 18/08/2022 07:08 Две од децатa повредени во несреќата во Бугарија со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија 17/08/2022 19:08 Во Грција пристигнаа 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници 17/08/2022 11:08 Повредените две српски деца во сообраќајката во Бугарија се стабилни, но во тешка состојба 17/08/2022 11:08 Хрватските пожарникари го гаснат пожарот кај Шибеник 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 16 часа
(Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста
(Видео) Премиерката на Финска на забава, видеото ја бранува јавноста 18/08/2022 14:37 Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром. На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми. Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно. „Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер. На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико. „Танцував, пеев, славев, правев легални работи“, рече премиерката и додаде дека не пиела многу. Таа ја коментираше и објавената снимка. „Верував дека бидејќи видеата се приватни нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени“, изјави Марин. This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool… maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8 — Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022 Снимката наиде на различни реакции на интернет, при што некои критичари ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други гледаат потенцијален поттик за популарноста на 36-годишниот премиер. Поврзани содржини Русија распореди борбени авиони со хиперсонични ракети во Калининград 18/08/2022 19:08 Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео) 18/08/2022 15:08 Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил 18/08/2022 15:08 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 САД ќе почнат трговски преговори со Тајван 18/08/2022 07:08 Гутереш пристигна во Украина, ќе се сретне со Зеленски и со Ердоган 17/08/2022 19:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 17 часа
Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон
Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:43 Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Откако претседателот Стево Пендаровски објави дека маратонот нема да се одржи бидејќи била блокирана сметката на Пливачката федерација на Македонија, почна политичката трка кој ќе застане зад традиционалната манифестација. „Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“, стои во соопштението од Агенцијата. Овој спорт едно пет години пливаше во немирни и нејасни води со две паралелни федерации – eдната под името Пливачка федерација на Македонија во која прв човек беше Александар Маленко, а другата а Национална пливачка федерација. Маленко тврдеше дека валидна институација е само таа тој што ја води со тврдење дека е признаена од ФИНА (Светска пливачка федерација), а неговите противници се повикуваа на тоа дека е нивната е пријавена во централен регистар, па се препукуваа преку медиуми. Маленко, кој живее во Словенија, се јави со долга реакција преку социјалните мрежи. Тој вели дека додека маратонот го организирал во негов мандат, не добил ни денар од држата и претседателот и објаснува дека од оваа година има ново правило. „Одекна во јавност, нормално за кај нас со непроверени информации, како е ред во светот на олимписки спорт дека оваа година НЕМА да се одржи традиционалниот меѓународен Охридски пливачки маратон -Св.Наум -Охрид 25км !? Па следеа разноразни изјави од некомпетентни личности и разноразни политичари и политички чиновници од политички партии – НЕБИТНИ во светот на Олимписки спорт… Е сега вака, ќе одиме со ред (кратко и јасно) а документирано до запирка исклучиво на СУД (согласно закон и ред) во Македонија. Македонија со одлука на Влада од 1993 година како национален интерес го финансира Меѓународен охридски пливачки маратон како дел од ФИНА светска серија за секоја календарска натпреварувачка сезона и генерален покровител е институција Претседател на држава. До 2018 година државата преку институции Агенција за млади и спорт (годишна програма на пливачка федерација за меѓународни активности и манифестации од национален интерес) добивала 1.200.000 денари за организација, а награден фонд беше обезбедуван од „Телеком“ дивиденда и генерален покровител – претседател на Држава – 20.000 долари!!! Од 2018 година до 2021 година беа организирани три меѓународни традиционално Охридски пливачки маратони во ФИНА светска серија – 25км (2018, 2019, 2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018, 2019, 2021г) и ФИНА супер финале 2021 година – 10 километри. За волја на вистината, еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од генерален покровител – претседателот на државата за 2018, 2019, 2021 година на Пливачка федерација, а добиени се највисоки награди во историја на олимписки спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА – 9 плакети и Лен – 3 плакети на технички организатор Пливачка федерација и нејзино раководство период 2018-2021 година!!! За волја на вистината, постојат видео и аудио материјали, постојат фотографии од дотичните претседатели на држава и нивни помошници, директори на Агенција за млади и спорт период 2018-2021 година кои присуствувале на доделување награди (без НИКАКОВ ФИНАНСИСКИ УДЕЛ ОБЛИГАТОРЕН ПО ЗАКОН). За крај, најмалку е битно кој е раководство во федерација, туку битно е господа политичари и ваши полтрони во спортот да разберете дека со олимписки спорт и федерација не се игра, а најмалку се замајува јавност преку медиуми и ваши медиумски грачала за ефтини политички поени пред граѓани со лажни резултати и селски приредби кои си ги правите редовно со перење на државни и локални буџети за ваш личен интерес, а во реалноста – ДНО ДНА!!! Од 2022 година ФИНА одлучи дека нема повеќе во светот никаде, светска серија на 25 километри маратони под ФИНА, а секоја држава и федерација може да си организира локална или било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност!!! Постои олимписка дисциплина – 10км далечинско пливање која е во официјална светска серија ФИНА и ЛЕН Европски куп – 10 км олимписка дисциплина. Бујрум, направете ако Ве бива официјален пливачки маратон, НИКОЈ НЕ ВЕ СПРЕЧУВА, ама за официјален да ви биде во Европа и светот, ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред, онака како што Јас ставив потпис и спроведов докрај заедно со мој професионален тим, БЕЗ ВИЕ ДА ДАДЕТЕ ДЕНАР КАКО Е ПО ЗАКОН И ПРОГРАМА ОБЛИГАТОРНО, ама затоа сте на суд (до последен со име и презиме) и досега за сите клевети, лаги кон мене лично и неисплатени финансии од ваша страна – 30.000.000 ден за пет години, имате две правосилни неспроведени пресуди и ве чекаат во септември уште минимум две!!! Ама Господ е еден и тој заедно со мене ќе Ви суди и во Лозана (Спортски арбитражен суд-ЦАС) а од таму нема бегање од пресуда и исплата до последен денар!- порачува Маленко. Поврзани содржини Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 17 часа
Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка
Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:44 Четириесет и пет филмови ќе се прикажат во четирите натпреварувачки програми на 13. издание на фестивалот на креативен документарен филм Македокс во Скопје, што се отвора вечерва во 21 часот со проекцијата на индиско-британскиот филм „Сè што дише“ во Куршумли ан. Ќе се одржува до 25 август на четири локации (Куршумли ан, платото на Куршумли ан, МКЦ и Европска куќа Скопје), а мотото на годинашниот фестивал е „Лупење идеи“. Меѓу деветте наслови во главната програма кои ќе се борат за наградата Кромид е и „Вознемирена земја“, што го режираа Кумјана Новакова и Шпанецот Гилермо Карерас-Канди, што ќе биде негова македонска премиера. Земја во фокус е Чешка и оваа програма содржи осум долгометражни и неколку кратки, анимирани и докуанимирани филмови, преку кои ќе се претстави најновата чешка документаристичка сцена. Почесна гостинка на фестивалот притоа ќе биде познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова. Оваа програма почнува утре. Последниот филм во програмата на 13. МакеДокс ќе биде аргентинскиот „Трње“, на 25 август од 23 часот. Поврзани содржини Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:08 ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:08 Четврти копродукциски форум во рамки на „МакеДокс“ од 22 до 24 август 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 17 часа
Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата
Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата Трагичното украинско искуство покажува дека освен традиционалните воени закани, се поприсутни се и новите, асиметрични и хибридни закани кои не смееме да ги игнорираме 18/08/2022 13:53 Фото: Б. Грданоски Претседателот Стево Пендаровски на прославата на 30-годишниот јубилеј на Армијата порача дека по украинското искуство стана јасно дека мора да вложуваме во нејзино унапредување и до 2024 година процентот за издвојување за неа да стигне до НАТО стандардот од 2 отсто, па и повеќе. „Последниве години, и ние, но и Европа и светот минуваме низ цела серија на турбулентни настани и процеси. Заедно со нашите сојузници се соочуваме со нестабилност предизвикана од војната во Украина, од геополитички тензии во различни делови на светот, економски и енергетски шокови, ограничување на човековите слободи и нарушување на владеењето на правото, како врвни демократски вредности. Уште од првиот ден ја осудивме незаконската агресија на Русија врз Украина и се солидализиравме со украинскиот народ. Таа солидарност не е само вербална, туку и конкретна, за што сведочи и помошта, вклучително и воена, што, како НАТО членка и во рамките на нашите можности, ѝ ја даваме на Украина. Во новиот геополитички контекст, ја поддржавме и стратешката одлука за проширување на Алијансата, со тоа што, меѓу првите, ги ратификувавме во македонскиот парламент, договорите за прием на Финска и Шведска во НАТО. Трагичното украинско искуство покажува дека освен традиционалните воени закани, се поприсутни се и новите, асиметрични и хибридни закани кои не смееме да ги игнорираме. Тука спаѓаат и кампањите за дезинформации преку лажните вести што имаат за цел да ја поткопаат довербата на граѓаните во институциите и да го дестабилизираат демократскиот поредок. За да ги неутрализираме сите овие закани, треба да продолжиме да вложуваме во одбраната и, не подоцна од 2024 година да го постигнеме стандардот на издвојување на најмалку 2% од БНП. Тоа е предуслов за натамошна модернизација на армијата и имплементација на реформите, со што, директно го јакнеме и целокупниот македонскиот безбедносен систем“, порача Пендаровски на свеченоста. Зборувајќи за историското значење на Армијата, тој порача дека не постои постои поцврста врска од таа на војникот со државата. „Како што во Втората светска војна, војската ја создаде државата, во 1992-та, независната македонска држава создаде своја Армија. 18-ти Август е симбол на историскиот континуитет, затоа што вие, припадниците на Армијата сте наследници на славната антифашистичка генерација чија цел беше слободна држава во свет ослободен од фашизмот. Формирана во исклучително сложен геополитички и безбедносен амбиент, на крајот на Студената војна и во екот на крвавиот распад на Југославија, Армијата ги споделуваше сите предизвици на младата македонска држава. Започнавме скромно, со оскудни воени резерви, но, со обучени и посветени патриоти, старешини и војници, кои ги полнеа македонските касарни од првиот ден. Сакам, во оваа пригода, денес, на овој голем јубилеј, посебно да го поздравам првиот регрут во македонската армија – Панче Јамандиев од Велес. Низ годините, Армијата забрзано се модернизираше следејќи ги најновите стандарди и трендови во одбраната. Беше вложувано во образованието на кадрите, пред сé, на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, но, и на воено-образовните установи во земјите-членки на НАТО. Значајно искуство се стекнуваше и преку активно учество во мировните мисии предводени од НАТО, од Европската Унија, од Обединетите нации и од нашите стратешки партнери. Сепак, на овој ден, треба да се потсетиме не само на формирањето и развојот на армијата, туку и на основната причина за нејзиното постоење, а тоа е правото на секоја држава на самоодбрана. Армијата го брани нашиот суверенитет, територијален интегритет и уставен поредок, но и нашето национално достоинство и чест. Во овој контекст, Армијата беше ангажирана во справување со клучните предизвици на државата, од Косовската криза во 1999-та, преку воениот конфликт во 2001-та, па се до мигрантската криза во 2015-та година. Армијата ја црпи својата сила и идентитет од народот, од граѓаните. Оттука, не постои поцврста врска од онаа меѓу војникот и неговата држава“, рече Пендаровски. Министерката за одбрана Славјанка Петровска, говорејќи на настанот, рече дека мора да се потсетиме на сите оние кои како припадници на Армијата ги дадоа своите животи за нашата земја. „Тоа е највисоката цена, што некој може да ја плати и ние сме им благодарни. Нека им е вечна славата! Тоа не е форма, не е само реченица – тоа е реалност со вечна благодарност и спомен за нив“ изјави таа. Според неа Армијата била и останува носечки елемент во системот на национална безбедност и одбрана и дел од колективните системи за етаблирање и за развој на обраната, пробивот во меѓународната безбедност и реалните дострели, додаде Петровска. „Заслуженото место што денес Армијата го има дома и во НАТО Алијансата е постигнување за кое се имаат заложено многу поединци, поранешните претседатели, влади, министри за одбрана, началници на Генералштабот, старешини, војници и вработени“ вели таа. Фото: Б. Грданоски Според неа, Армијата се покажа на највисоко ниво на подготвеност и во сите елементарни и други непогоди, кои и се случија на оваа држава, се покажаа достоинствено во заштитата на нашите државни граници од 1990 година па се до примопредавање на должноста на полицијата. Поврзани содржини Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 17 часа
Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината
Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:04 На денешниот координативен состанок кој го свика градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, донесена е одлука да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Маратонот ќе биде поддржан од спонзори и од Агенцијата за млади и спорт. Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на претседателот на државата, но од неговиот кабинет вчера стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата.Градоначалникот Кирил Пецаков синоќа на социјалните мрежи напиша дека Охрид бил целосно подготвен за одржување на пливачкиот маратон. „Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков. Денешната одлука на координативното тело значи дека Општина Охрид целосно ќе ја преземе организацијата. Пецаков најави исто така дека ќе се најде начин да им се исплатат и наградите што три години не им биле дадени на пливалчите. „Начинот на раководење со маратонот го гледаме и со посетеноста и како од година во година се уништува. Како локална самоуправа мора да ги разгледаме сите опции. За оваа година ќе направиме се што е во наша моќ, за да успееме да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата. Веќе разговаравме со Агенцијата за млади и спорт. Да видиме како и тие ќе учествуваат во оваа приказна. Општина Охрид мора да ги преземе одговорностите како главен организатор. Ние ќе го поканиме да биде покровител претседателот на Македонија, но главната организација ќе гледаме да го преземеме ние, со охридските клубови“, кажа Пецаков. Пецаков е дециден дека нема да дозволи да нема награден фонд за пливачите. „Како градоначалник не можам да сфатам како се доведуваме да останеме без маратон односно да поминеме со штуро соопштение од страна на претседателот на Македонија. Што правеле до сега? За да поканите пливачи на маратонот треба месец дена, а сега се ставаме во една временско крајна зона, кога не знаеме колку позитивни одговори ќе добиеме. Испратени се поканите. Добиваме одговори, а најбитно прашање е дали ќе има награден фонд, а зошто, затоа што две или три години не им е исплатен тој награден фонд“, додаде Пецаков. Поврзани содржини Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи 18/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 18 часа
Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери
Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:05 Фото: Б. Грданоски Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери. Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Република Северна Македонија. Логистичката база при Армијата е одликувана за нејзиниот особен, стратешки и долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба. Логистичката база, како што беше посочено на централната свеченост, својата подготвеност ја покажа и со низата активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на КОВИД-19. Со Орден за воени заслуги е одликувана и Организацијата на резервни офицери за нејзиниот особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија. Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Поврзани содржини Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени пет починати лица 18/08/2022 18:08 Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 18 часа
Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“
Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ 18/08/2022 13:15 Месец Август секогаш со себе ги носи најубавите летни попусти на сите фаворити од колекциите пролет-лето ‘22! И оваа сезона вашите омилени брендови од Fashion group со неодоливи дополнителни попусти кои се причина плус за уште едно неверојатно шопинг искуство во нашите продавници и online shop! Пред завршување на летната сезона и почеток на новата, сега е совршено време да си ги набавиме сите парчиња што толку ги посакувавме по цени како никогаш досега. Финалното сезонско намалување е како создадено за нова тренди чанти од Guess по неодолива цена, најубавите street style комбинации од SuperDry, безвременските парчиња од Mango за целото семејтво и чевлите од Geox кои ќе ве одведат на најубавите летни дестинации со кои ќе ја заокружиме најстилската летна сезона досега. Мажите и овој пат уживаат во класиците на нивниот апсолутен фаворит брендот Boss. Како и досега така и овојпат, брендовите Bitsiani и Dan John ќе ви ја олеснат потрагата за вашиот изглед да не остане незабележан на најубавите настани кои толку многу ги сакаме. Ве очекуваме во продавниците на Fashion&Friends и online shop заедно да ги создадеме сите модерни и кул комбинации сега на дополнителни намалувања! Воедно, овој период од годината е совршена прилика да ги подготвите вашите најмили со сите удобни и кул комбинации од Okaidi, за сите предизвици кои ги очекуваат! И за крај не заборавајте да ги пронајдете сите Women’secret костими за капење сега на супер попуст со кои ќе заокружиме уште едно модерно и тренди лето со Fashion Group! ПР објава Поврзани содржини За ВИП и за фанови – се отвори првата продавница на H&M во Скопје 18/08/2022 17:08 Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона? 18/08/2022 12:08 Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед 18/08/2022 11:08 Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:08 Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:08 Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 18 часа
Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме
Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:11 Едно од највлијателните дела во светската книжевност „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој беше поставено синоќа на сцената Долни Сарај во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“. Вечно актуелниот универзум во извонредна режија на Борис Лијешевиќ го донесоа врвните актери од Народниот театар Белград, Србија преку тричасовната игра. За Народниот театар во Белград новата драматизација на ова ремек дело ја направи писателот и драматург Федор Шили во соработка со режисерот Лијешевиќ. Во самиот избор на актерската екипа, покрај веќе познати и докажани актери продефилираа и млади актери чии ликови се први нивни креации. Уметничкиот тим го сочинуваат соработници со кои режисерот има долгогодишна соработка. -Тешко е од ваков роман да се издвои едно нешто. Тука има многу работи. Размислувањата на ликовите за Бога, за вечноста, за љубовта како поглед на светот, за љубовта како начин на живот… Има многу работи за клучните моменти во животот, кога човекот ја согледува и допира суштината која всушност е и тука, која сето време била тука пред неговите очи. Оваа суштина е всушност мир, која не можел да се согледа поради војната, вели режисерот Лијешевиќ. Според него, човекот постојано води битка со самиот себе, со околината, со животот, со Господ… -Мирот всушност е светот. Војната и мирот, како принципи по кои функционира животот и светот се како две сили кои го движат светот и историјата, но пред сѐ човекот. Војната и мирот, како неразделна целина се нешто што не можеме да го разбереме. Како мапа по која се движиме, тркало во чија внатрешност се движиме како циркуски глувци. Војната и мирот заедно ја сочинуваат целината на нашите животи, додава Лијешевиќ. Неговото долгогодишно театарско творештво резултира со многу успешни и повеќе наградувани театарски претстави, а претставата „Војна и мир“ на големата сцена на Народниот театар Белград е негово најфасцинантно театарско остварување досега. Поврзани содржини Поетска ноќ во Велестово по 34. пат 18/08/2022 18:08 ВМРО-ДПМНЕ како да е од 1945-та, кажува кој треба да добие културна награда 18/08/2022 15:08 Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:08 Четврти копродукциски форум во рамки на „МакеДокс“ од 22 до 24 август 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 18 часа
Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона?
Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона? За да изградите таков бизнис [сега], прво треба да имате културно влијание. Публиката е крал. Содржината е крал. Производот повеќе не е единствениот крал 18/08/2022 12:46 САД– Ралф Лорен, Дона Каран и Келвин Клајн владееја со Седмата авенија од високо. Може ли Ким Кардашијан или Ријана да го заземат нивното место? Ралф, Дона и Калвин изградија брендови кои беа синоним на американската мода. Тие ја имаа топлината, досегот и личноста на брендот за да градат мегабизниси, поставувајќи ги трендовите што ја ставаат американската мода на мапата и марширајќи во повеќе категории производи низ целиот свет. Тие брендови – и нивните истоимени основачи – не само што ја водеа модата, туку служеа како аспиративна цел. Тие беа дизајнерите кои другите дизајнери сакаа да бидат со бизнисите кон кои се стремат другите брендови. Како што Ралф, Дона и Калвин се развиваа со текот на годините, тие станаа дел од основата на модата. Тие веќе не се новите брендови кои ги преземаат, туку естаблишментот што следната генерација сака да го собори или да се натпреварува. Постојат и други дизајнерски брендови со размер и профил што го следеа тоа водечко трио – од Томи Хилфигер до Мајкл Корс и Тори Бурч. Сите се етаблирани, од слично слично. Но, каде е следната генерација? И Кардашијан со Skims и Ријана со Fenty x Savage направија големи успеси во сè уште многу фокусирани понуди. Дали или не можат да станат навистина големи – и да останат големи – е прашањето. „Овие денови каде што распространетиот бренд од повеќе категории ќе добие глобална привлечност се бројат“, рече експертот за брендирање Мартин Линдстром. „Како што се брои идејата за вистински глобални модели, бендови или уметници. Екстремната медиумска фрагментација и музичката индустрија каде што Millennials едвај ги познаваат уметниците кои стојат зад автоматски генерираните плејлисти емитувани од Spotify – каде што лојалноста е повеќе кон платформата или агрегаторот на плејлистите отколку вистинските уметници, се рашири на секој агол. на трговијата“. Линдстром го посочи рангирањето на FashionUnited на највредните светски модни брендови, кое беше предводено од Најк, Луј Витон и Хермес, но во топ 30 беше вклучен само еден бренд помлад од 20 години, германскиот играч за е-трговија Заландо. „Да се остане млад е тешко – да се биде помлад е уште потешко“, рече тој. „Концептот на светските брендови доживува егзистенцијална криза. Премногу е тешко за еден бренд да воспостави вистинска глобална привлечност пловејќи низ тешките води на аспирациите, расата, сексуалните преференции, полот, возраста, користењето на медиумите, националноста – сето тоа истовремено останувајќи релевантно. Линдстром рече дека Ким или Ријана можеби ќе успеат, но дека малку актери, реалити ѕвезди и изведувачи навистина ќе успеат. „Повеќето не успеваат да ја преведат својата глобална привлечност „на сцена“ во нова категорија на [комерцијален производ] – многу потешко отколку да се префрлат од микрофонот пред камерата“, рече тој. И додека Ким и Ријана и другите имаат огромни мегафони на социјалните мрежи, тие викаат во сè попреполн и конкурентен простор, каде што опсегот на вниманието на потрошувачите е особено тенок. Според сите сметки, облеката за обликување Skims и долната облека Fenty растат со неверојатна брзина. Но, во исто време тие се борат со мноштво други брендови кои се прославуваат, од ThirdLove до Parade и EBY на Софија Вергара и мноштво линии од добро познати имиња, вклучувајќи го и лидерот на американскиот пазар Victoria’s Secret, кој се врати на вистинскиот пат по неговите претходни сопнувања. Низ убавината, готовата облека, пливањето и пошироко, приказната е иста. „Лесно е да се започне бренд денес, можете да започнете еден, јас би можел да започнам еден, бариерите за влез се релативно ниски“, рече Патрис Луве, претседател и главен извршен директор на корпорацијата Ралф Лорен. „Очигледно е дека постои можност, вие би можеле да го продавате вашиот производ онлајн, би можеле да имате пристап до производство релативно лесно, би можеле да се рекламирате онлајн релативно едноставно“. Така, Луве рече дека пазарот е „супер фрагментиран“. „Многу брендови доаѓаат и си одат“, рече тој. „Има многу брендови кои веројатно можат да достигнат неколку 100 милиони долари, но тогаш, кога треба да се свртите до 1 милијарда долари, треба да инвестирате во физичко присуство, мора да инвестирате во дигитален капацитет. Овде зборуваме за големи долари“. Многу брендови значат многу конкуренција – за потрошувачки долари и споделување на размислување на потрошувачите. А потоа, за да се изгради бренд како Ралф или Дона или Калвин, не треба само да се пробие, туку да се остане на врвот. Размислете за дизајнерите кои требаше да бидат следната генерација по тие големи три: Мајкл Корс призна дека неговиот бизнис не „блескаше“ до моментот кога беше купен од Лоренс Строл и Силас Чоу во 2003 година и повторно изграден. Бизнисот на Исак Мизрахи штотуку беше продаден на фирмата за управување со брендови WHP Global по проценка од 68 милиони долари, додека Марк Џејкобс забележа години на подеми и падови, иако сега се врати на патеката на раст под матичната компанија LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton. Дури и Дона Каран се бореше по нејзиното ИПО и стекнувањето од LVMH, на крајот таа беше продадена на G-III Apparel Group, која престана да ја произведува високата линија за колекција, но повторно го воспостави бизнисот. Има многу други имиња кои дојдоа и поминаа низ 80-тите, 90-тите и Aughts. Луве рече дека Ралф, Калвин и Дона имаат „многу уникатна безвременска гледна точка“. Тоа е редок квалитет и на кој е потребно време за навистина да се покаже. „Дали позиционирањето на Supreme е безвременско или вредностите што го поткрепуваат брендот се широко привлечни и безвременски? – се запраша Луве. „Дали е јасноста на целта на тој бренд таму? Тој го остави тоа како отворено прашање, но јасно стави до знаење дека навистина сака да има уште еден мегабренд. „Всушност се надеваме дека тоа е можно“, рече Луве. „Ние веруваме во претприемништвото. Ние веруваме во иновации. Ние веруваме во постојано носење интересни работи до клиентите, но тоа е потешко“. Да им се донесе на клиентите интересни работи значи повеќе од само интересен производ. „Мислам дека Ралф понекогаш е поблизок со филмски режисер отколку со традиционален дизајнер на облека“, рече Луве. „Започнува со приказна, а потоа производот е опфатен во таа приказна, речиси реквизит во таа приказна за да се оживее приказната“. Некогаш беше полесно да се слушне таа приказна. „Во времето кога Ралф и Калвин и Дона ги градеа своите бизниси, па дури и кога Мајкл [Корс] и Тори [Берч] ги градеа своите бизниси, немаше социјални медиуми, тие доминираа со печатот“, рече Гери Васнер, извршен директор на Хилдун Корп. „Размислете за Брук Шилдс и Келвин Клајн, ние веќе немаме ни супермодели“, рече тој (иако сестрите Хадид сигурно се рангираат таму). „Социјалните медиуми ставаат толку многу пред нас што префрламе од еден на друг и многу е тешко да се задржи таа позиција на социјалните мрежи засекогаш. Не беше тешко кога можеше да доминираш со печатот. Беше централизирано. Имавме вратари кои се погрижија тие брендови да бидат напред и центар, тие вратари ги нема. „Мислам дека нема да создаваме мегабрендови во скоро време, мислам дека сакаме да изградиме брендови до 250 милиони долари, 300 милиони долари, можеби 500 милиони долари“, рече Васнер, кој неодамна започна да работи со компанија за приватен капитал Brand Velocity Group. Брендовите од следната генерација на многу начини играат многу поинаква игра. „На американска мода можеби нема да видиме друг Ралф, Калвин или Дона и Томи во блиска иднина“, рече Роберт Бурк, извршен директор на Роберт Бурк Асошиејтс. „Традиционалниот модел на малопродажба/големопродажба е целосно променет… истиот пат што го користеа овие големи момци повеќе не функционира“. Бурк укажа на домаќинот њујоршки дизајнери кои ја направија сцената од 2000 и 2010 година, лансирање во rtw, додавање на втора линија, поставување додатоци, а потоа обувки, а потоа и мирис. „Беше премногу брзо за нив, како и за клиентот“, рече тој. „Никој од нив не излезе на нивото на големите момци. Во исто време, големите брендови како [оние во ] LVMH [Moët Hennessy Louis Vuitton], Kering и Prada станаа многу посилни во нивната врска меѓусебно, а исто така и концесиите со стоковните куќи и нивната сопствена малопродажба“. Мишел Клуз, партнер во потрошувачките практики на Керни, која го лансираше луксузниот бренд за активна облека Urban Savage, рече дека следниот потенцијален Ралф или Дона речиси мора да бидат влијателни личности пред да можат да размислуваат за пристап со повеќе категории. Тоа е пресврт од 80-тите, кога Ралф, Дона и Калвин ги зголемија своите бизниси и, од тоа, стекнаа културно влијание, рече таа. „За да изградите таков бизнис [сега], прво треба да имате културно влијание“, рече таа. „Публиката е крал. Содржината е крал. Производот повеќе не е единствениот крал. Ким и Ријана имаат кликови и врски со нивните следбеници, но сè уште го немаат сето тоа. Поврзани содржини Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ 18/08/2022 13:08 Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед 18/08/2022 11:08 Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:08 Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:08 Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Џоли го тужела ФБИ за да дознае зошто Бред Пит не бил уапсен поради семејно насилство 17/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 18 часа
Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата
Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:59 Премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на централната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Македонија го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој. За овој повод тој испрати јавна честитка: „Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата – 18 август. Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО. Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години. Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии. Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал”, е наведено во честитката на премиерот Ковачевски. На свечената церемонија се одржа дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, и на современи борбени возила со кои располага Армијата меѓу кои и новите оклопни возила со кои се претстави достигнувањето и извежбаноста на припадниците на Армијата. На централната свеченост покрај премиерот Ковачевски присутни беа и претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор, пензионирани припадници на Армијата и претставници на организации со кои соработува Армијата. Од СДСМ пак порачаа дека 30 години Армијата е столбот на одбраната и безбедноста на државата, на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. „Две години нашата Армија е дел од НАТО, рамноправна со останатите 29 армии во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Како парламентарно мнозинство во изминативе години донесовме важни законски решенија кои значеа повеќе инвестиции во одбраната и подобри услови за работа на војниците. Последен од нив е Законот за служба во Армијата со кој обезбедивме дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната.Со измените, веќе од следниот месец следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата, а се воведуваат и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата. Во делот на пензионирање на војниците, на нивно барање обезбедивме значително подобри услови. Војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на нивната возраст. Со новиот Закон се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во службата.Тоа значи дека одредени војници можат да добијат отпремнина и до 20.000 евра“, соопштија од СДСМ. Поврзани содржини Владата е 100 отсто транспарентна според Центарот за граѓански комуникации 18/08/2022 16:08 Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи 18/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 18 часа
Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата
Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:41 Според статистичките анализи на Европската комисија македонските граѓани се најмалку подготвени од целиот Балкан да се борат за својата држава, без оглед што е многу силна патриотската реторика и на неа водат политика многумина во Македонија. Според овие податоци само 55 отсто од граѓаните кај нас се подготвени да се борат ако е загрозена државата, наспроти 87 отсто во Грција, 77 отсто во Бугарија, речиси 70 отсто во Србија, 87 отсто во Словенија, 85 отсто во Албанија… Поврзани содржини Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк 18/08/2022 15:08 Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи 18/08/2022 11:08 МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население 18/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 19 часа
Ени Лебовиц на удар на јавноста – критикувана за чудните портрети на судијката Кетанџи Браун Џексон
Ени Лебовиц на удар на јавноста – критикувана за чудните портрети на судијката Кетанџи Браун Џексон 18/08/2022 12:12 САД – Славната фотографка Ени Лебовиц повторно се соочува со бурни реакции откако го сними слабо осветлениот портрет на судијката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави, Кетанџи Браун Џексон, на споменикот на Линколн во Вашингтон, Д.Ц. дека не знае да користи соодветно осветлување кога снима црномурести личности. Портретот на Џексон беше објавен во магазинот Вог. Stop letting Annie Leibovitz photograph Black women challenge https://t.co/YgQWhkoQ42 — celia (@_celia_bedelia_) August 17, 2022 Слична контроверзност се појави во 2020 година кога Лебовиц ја сними фотографијата на Симон Билс. [email protected]_Biles stars on the cover of our August issue! With the 2020 Olympics postponed and a shadow hung over American gymnastics, Biles–who is widely regarded as the greatest gymnast of all time—has had to be resilient as never before. (1/5) https://t.co/fPoNKoDNwD pic.twitter.com/6y4RxtMYAf — Vogue Magazine (@voguemagazine) July 9, 2020 Критичарите сега повторно ги појавуваат истите прашања што се појавија на фотографијата на Билс и другите портрети кои исто така беа критикувани за лошото осветлување. Портретот на Џексон, објавен во септемвриското издание на Вог, доаѓа еден месец откако таа положи заклетва како прва црномуреста судијка на Врховниот суд. „Потребни беа 232 години и 115 претходни состаноци за една црномуреста жена да биде избрана да служи во Врховниот суд на САД“, рече Џексон по нејзината потврда, според Индипендент. „Но, успеавме“. Annie, I know you’re famous, but you’ve proven time and time and TIME again that you don’t know and don’t care to learn how to photograph Black people. How to appropriately use lighting. You CAN say no. You CAN recommend talented Black photographers who will do better than you. https://t.co/I1XSBr5UjI — Amanda (@EruditeElf) August 17, 2022 Лебовиц ја имаше можноста последна да го фотографира Џон Ленон на денот на неговата смрт. Фотографиите биле користени во наредните два албума што биле објавени постхумно. Таа е и првата жена што одржала изложба во Лондонската државна галерија. Се занимава со фотографирање портрети, а во својата кариера успеала да фотографира многу славни личности, како што се членовите на „Ролинг стоунс“, Кира Најтли, Скарлет Јохансон, Анџелина Џоли, Вуди Ален, Сузан Сарандон итн. Последната славна фотосесија беше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена за „Вог“ која наиде на мешани критики во јавноста. Поврзани содржини Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол 18/08/2022 11:08 Сушата ја загрозува иднината на традиционалните англиски градини 18/08/2022 08:08 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:08 Џиновската ракета на НАСА висока 98 метри подготвена за првата вселенска мисија 17/08/2022 12:08 Од Џејмс Бонд до „Војна на ѕвездите“: Класични филмски плакати вредни над 400.000 долари на аукција 17/08/2022 11:08 Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор 17/08/2022 09:08 Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој 16/08/2022 10:08 САД ги чекаат екстремни горештини со температура до 51 степен 16/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 19 часа
Газдата на автобусот што се преврте во Бугарија ќе одговара за 99 прекршоци
Газдата на автобусот што се преврте во Бугарија ќе одговара за 99 прекршоци 18/08/2022 12:08 Во врска со сообраќајната несреќа што се случи на автопат во Бугарија на 14 август, во која учествуваше автобус од Србија и кога беа повредени 28 српски државјани, припадници на сообраќајната полиција на МВР, по наредба на министерот за внатрешни работи Александар Вулин извршиле надзор над правното лице – сопственик на возилото, како и претприемачот кој е корисник на автобусот според договорот за закуп, јавува „Танјуг“. Прекршоци од Законот за работно време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографите се констатирани кај правното лице – сопственик на возилото, за што се изготвени 99 прекршочни налози за што е изречена глоба во вкупен износ од 3.510.000 динари (околу 30.000 евра), а едно барање за поведување прекршочна потапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. При надзор на корисникот на возилото по договор за изнајмување, кој вообичаено има важечка лиценца за превоз на патници, утврдени се прекршоци од Законот за работното време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографите, па се донесени четири прекршочни наредби за кои е предвидена вкупна глоба од 420.000 динари, а поднесено е и барање за поведување прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Поврзани содржини Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници 18/08/2022 15:08 На 48 години почина Мислав Баго, истакнат хрватски новинар 18/08/2022 11:08 Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство 18/08/2022 11:08 Вучиќ и Курти денеска во нова рунда од дијалог во Брисел 18/08/2022 07:08 Две од децатa повредени во несреќата во Бугарија со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија 17/08/2022 19:08 Во Грција пристигнаа 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници 17/08/2022 11:08 Повредените две српски деца во сообраќајката во Бугарија се стабилни, но во тешка состојба 17/08/2022 11:08 Хрватските пожарникари го гаснат пожарот кај Шибеник 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 19 часа
Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед
Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед 18/08/2022 11:55 Србија– Славната бразилска манекенка и некогашен ангел на „Викторија Сикрет“, Алесандра Амброзио, по одморот со семејството во Будва, на црногорското приморје пристигна во Србија. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Во Белград моментално престојува во луксузен хотел, а се прошетала по „Кнез Михајлова“ која важи во регионот за модна писта, поради убавите и дотерани Србинки. Алесандра за оваа лежерна прошетка избрала фустан со ефектен дезен т.н. „пејсил- дезен во орнаментален стил“ со розови и бели детали, и чантичка на „Шанел“, пишуваат српските медиуми. По 17 ревии за американскиот моден бренд за долна облека “Викторијас сикрет“, топ-манекенката во 2017 година засекогаш ги симна ангелските крилја. Последен пат настапи на најскапата ревија на светот, на 20 ноември, за прв пат во Шангај, Кина, и се збогува со колешките од модната писта Андриана Лима, Кендис Сванепул, Лили Олдриџ… Првата ревија ја брендот ја носеше во 2000-та и стана едно од најпрепознатлиовите лица на “Викторијас сикрет“. Најскапиот градник “Фантази бра“ што е престиж за секој ангел, го носеше два пати, беше на писта и кога беше бремена со второто дете, и ги носеше најтешките изработени крила за ревијата, кои тежеа 13 килограми. Алесандра отиде во ангелска пензија за да се посвети на други проекти: модната линија на костими за капење со нејзин потпис, и на актерската кариера. Годинава беше дел од кампањата „Икони“ на брендот на Ким Кардашијан SKIMS заедно со Хајди Клум, Тајра Бенкс и Кендис Свонепул. Поврзани содржини Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ 18/08/2022 13:08 Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона? 18/08/2022 12:08 Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:08 Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:08 Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Џоли го тужела ФБИ за да дознае зошто Бред Пит не бил уапсен поради семејно насилство 17/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 19 часа
Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи
Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи Станарите не се согласуваат да им се рушат гаражите, бараат сообраќајно решение од градоначалникот Коњановски и проект како ќе го уредува просторот, затоа што на локацијата е предвидена катна гаража Анета Блажевска 18/08/2022 11:37 БИТОЛА – Почна отстранувањето на гаражите во строгиот центар на Битола, локалната власт ветува уредeни простори и паркиралишта, но жителите се собраа со негодување и побараа сообраќајно решение и проект, па рушење. Станува збор за гаражите зад позната зграда „ЈАТ“, околу седумдесеттина на број, каде општината констатирала дека во најголем дел се нелегални и на општинско земјиште. Гаражите во најголем дел се лимени, но има и цврста градба. По два часа разговор на градоначалникот Тони Коњановски со станарите, работниците почнаа да ги отстрануваат лимените делови од првата нелегална гаража. Имаше и станари кои со столчиња застанаат пред времените објекти, но до инцидент не дојде. Во постапката асистираа двајца полицајци. Најавите на општина Битола за големата слика на градот е дека сите гаражи, времени објекти кои го узурпирале општинското земјиште ќе бидат неселективно отстранети, оваа постапка се темели на одлуката донесена на седница на Совет во мај годинава. Станарите од зградата „ЈАТ“ не се согласуваат да им се рушат гаражите, бараат сообраќајно решение од градоначалникот Коњановски и проект како ќе го уредува просторот, затоа што на локација е предвидена катна гаража. „Дајте ни проект, техничко решение, сообраќајно решение, ако правите паркинг, каде ќе се движат автомобилите, каде ќе има дрво, каде клупа? Одложете додека тоа не го средите. Вака не знаеме што ќе се гради на просторот на гаражите“, рече Александар Литовски станар во зградата „ЈАТ“. Она што ги загрижува станарите е дали новите паркиралишта дополнително ќе го нарушат нивното секојдневие со голема фреквенција на возила, а со тоа и дополнително загадување на воздухот. Признаваат дека гаражите во најголем дел се на диво поставени на општинско земјиште, во јавен паркинг не гледаат решение. „На оваа локација каде е зградата ние имавме куќа, ни ја рушија куќата, но ни дадоа и гаража. Плаќам данок. Да се рушат гаражите нема да дозволиме. Ова е како котел, од сите страни заградено, ве молам да ми кажете каков воздух ќе дишеме. Не може да биде подобро кога ќе ни го земете воздухот. Катна гаража според никој закон не можете да направите. Овде нема улица за движење на возилата. Пасажите се наши на станарите“, рече Славе Котевски, пензионер, кој пред градоначалникот покажа дека е еден од малкутемина кои имаат документ за гаражата и за која уредно плаќа данок. Градоначалникот Коњановски им даде до знаење на станарите дека нема да се оди на сила и да се прават инциденти, туку дека станува збор за јавна површина за која има обврска пред граѓаните да ја уреди. „Тука сум да ви кажам дека Општина Битола во соработка со Советот на општината, од мај годинава ги започна сите законски предвидени постапки, почнувајќи од донесување на потребните одлуки од Советот и спроведување на административните процедури, во една комуникација со јавноста, со цел соодветно уредување на овој јавен простор во строгиот центар на градот. Мора да се елиминира досегашната пракса за узурпирање на јавна површина во интерес на поединци, а се создава можност за функционално уредување во интерес на сите граѓани на општина Битола“, се обрати Коњановски пред насобраните станари, убедувајќи дека за конкретниот случај, на оваа локација запазени се сите постапки, така што од страна на Општинскиот инспекторат, известени се станарите и за сите објекти донесени се решенија за отстранување, на кои станарите не се пожалиле и тие решенија во моментот се правосилни. Коњановски им вети на станарите дека иако според деталниот урбанистички план, е предвидена катна гаража, општината ќе ја почитува волјата на граѓаните да не се гради катна гаража, туку целосно нов партерно уреден паркинг. „Нарачан е сообраќаен проект со што ќе биде соодветно регулиран влезот и излезот во паркингот, додека со донесувањето на програмата за времени објекти, точно се дефинира и намената на просторот. Ќе биде поставена соодветната подземна инфраструктура, знам дека нема каде да се слива водата после секој дожд, тоа ќе се среди. Ќе имаме и проект за партерно уредување на просторот“, рече градоначалникот. Коњановски накрај уште еднаш им порачува на битолчани дека „во согласност со законите ќе ги расчистува сите гаражи, гулабарници, кучкарници и кокошарници во градот“, особено како што вели што граѓани се дрзнале во гаражи во градот да чуваат и живина. Поврзани содржини Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон 18/08/2022 14:08 Пендаровски: Нема поцврста врска од таа на војникот со државата 18/08/2022 13:08 Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери 18/08/2022 13:08 Охридски пливачки маратон ќе има, ќе го организира општината 18/08/2022 13:08 Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население 18/08/2022 10:08 На Табановце се чека 30 минути за влез и излез, од денеска градежни работи на патот Охрид – Ресен преку Галичица 18/08/2022 07:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 19 часа
Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија
Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија 18/08/2022 12:01 Во националистичките кругови во Бугарија и денес владее воодушевеност од препораките на Историската комисија, иако веќе почнаа да се читаат ставовите и меѓу редови и да се открива дека што и да пишува во нив, историскиот наратив во Македонија останува ист. Меѓу егзалтираните е бугарскиот националистички политичар Александар Јорданов кој за „Труд“ оцени дека – Бугарите ќе гледаат уште сеир во однос на Македонија. Според него, клучно ќе биде Македонците да признаат дека нивните претци биле Бугари. -Северномакедонците конечно се огласија и го препознаа она што е познато во светот веќе 1000 години, а тоа е дека кралот Самуил е бугарски крал, т.е. крал на бугарското кралство, на бугарската држава. Останува да го признаат попознатиот факт, дека нивните предци во текот на сите овие 1000 години и многу пред тоа биле Бугари. Секако, оставија и дупка за повеќе аргументи. Признаваат дека Самоил бил крал на бугарската средновековна држава, но решиле да се тегнат како магариња на мост по две прашања: Првото е од која етничка припадност е овој крал и второто, какви етникуми живееле во неговото кралство. Тие веруваат дека ако запнат на овој мост, од некаде ќе скокне зајак, т.е. етнички Македонец. Така, ќе има уште гледање сеир, напиша Александар Јорданов за „Труд“. Во истиот медиум, во авторски коментар, пак , се тврди дека Бугарија добила „нешто што е ништо“, пред се бидејќи Историската комисија дава препораки кои немаат императивен тон кон авторите на учебниците. -Необјаснива воодушевеност владее веќе неколку дена. Првите препораки на комисијата кои се заеднички за двете земји се однесуваат на учебникот по историја на Бугарија за 5-то одделение и на учебникот по историја на Македонија за 6-то одделение. Интересно е што треба да смениме во учебниците за 5-то одделение, со оглед на тоа што таму се застапува ставот, што го потврдува и Историската комисија. Можам да ви кажам – веќе нема да пишуваме јасно и категорично, туку детално, спомнувајќи ја формулацијата „со центар на територијата на денешна Република Северна Македонија“. Како и тоа дека забелешките за бугарскиот учебник се однесуваат на изразот „бугарски земји“, се препорачува да се сменат во „денешни бугарски земји“ или „територија на модерна Бугарија“. Како што велат од комисијата, во бугарските учебници терминот „бугарски земји“ се користел уште во античко време, а преку мапите младите чувствуваат дека има бугарски земји кои денес не се дел од Бугарија. Дали сте уште среќни?- стои во коментарот на „Труд“. Според текстот, во Скопје тврдоглаво продолжуваат да инсистираат дека Самоил е македонски крал на македонско кралство. -И ова им пишува во учебниците за четврто, шесто и седмо одделение. „Цар Самуил е основачот на македонската кралска династија, кој заедно со неговите тројца браќа – Давид, Арон и Мојсеј, во 969 година крена востание против бугарската власт, го отфрли и создаде македонско кралство.За светите браќа Кирил и Методиј, историската комисија наведува дека „нивното творештво се развивало во книжевните центри на Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓале услови за работа“. Ова, според историчарите, дава причина современите земји заедно да го слават денот на Кирил и Методиј. Но, според учебниците во Скопје, глаголицата била дело на Светите браќа Кирил и Методиј за „лесно христијанизирање на македонските Словени околу Солун“, а потоа словенското писмо се проширило и во другите соседни земји – вклучително и Бугарија. Најважно е што историската комисија едноставно дава препораки кои немаат императивен тон кон авторите на учебниците, туку треба да се разгледуваат како предлози, напишани многу умерено. Тоа е, нешто како ништо. Македонскиот историски наратив нема да се менува затоа што целта на комисијата не е да одредува како да се чита македонската или бугарската историја. Односно, што различно и какво добро, за нас, се случи. Ништо! Само што продолжува да доминира реченицата – „голем дел од модерната историска наука“. Има дури и сламка за да се фатат Македонците, бидејќи овој израз значи токму тоа – дека не постои консензус меѓу научниците. Никој ништо не спомнува притоа за учебниците во РСМ, повторно во речиси сите паралелки, во кои пишува дека „Бугарите се „монголско татарско племе од турската група на народи“. Сепак, во нашите медиуми недостасува нешто многу важно, се надевам не намерно. Македонците од историската комисија, цитирани од многу медиуми во Македонија, велат : „Претстојните разговори, особено за периодот од 19 век, ќе бидат многу тешки, но на дневен ред ќе бидат и Втората светска војна и холокаустот, а Бугарите ќе мора да се соочат со своите трауми“…Да не заборавиме што изјави пред еден месец копретседавачот на македонската страна Драги Георгиев: „Периодот на Втората светска војна е многу јасен, нема што да се дебатира. Има документи од бугарските архиви, од бугарската влада, дека се подготвуваат да ја извршат окупацијата на Македонија. Има еден куп документи за нашата борба во Втората светска војна, за идеите за кои се борат Македонците“. Да резимираме во една реченица – Бугарите се фашистички окупатори, стои во коментарот на „Труд“, па заклучува: -И денес скокаме од радост што Историската комисија постигна договор и што Македонците се „советувани“ да ги сменат учебниците по историја (само) за 6-то одделение. Поврзани содржини Историската комисија реагира: Критиките кон нас се лаги и манипулации 18/08/2022 15:08 МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово 18/08/2022 10:08 Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања 18/08/2022 07:08 Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД 17/08/2022 20:08 Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето 17/08/2022 20:08 „Медал за заслуги“ за Пендаровски од Националната Гарда на Вермонт 17/08/2022 14:08 Хелсиншкиот комитет бара јасна осуда за исвиркувањето на македонскиот јазик 17/08/2022 13:08 Одржана комеморацијата за Илинка Митрева -„лавицата“ на македонската дипломатија 17/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 19 часа
Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст
Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:01 Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, посочува во интервјуто за „Пари.мк“ директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. „Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо“, вели Давидовска-Стојанова. Билјана Давидовска-Стојанова, директорка на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. „Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута“, вели Давидовска-Стојанова. Поврзани содржини Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува 18/08/2022 15:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја 18/08/2022 09:08 Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок 18/08/2022 07:08 Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината 17/08/2022 20:08 Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви 17/08/2022 19:08 Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја 17/08/2022 19:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 19 часа
На 48 години почина Мислав Баго, истакнат хрватски новинар
На 48 години почина Мислав Баго, истакнат хрватски новинар 18/08/2022 11:14 Тој беше повеќекратно наградуван новинар, известувач и политички коментатор Линк до целиот текст на Глориа.хр тука Поврзани содржини Газдата на автобусот што се преврте во Бугарија ќе одговара за 99 прекршоци 18/08/2022 12:08 Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство 18/08/2022 11:08 Вучиќ и Курти денеска во нова рунда од дијалог во Брисел 18/08/2022 07:08 Две од децатa повредени во несреќата во Бугарија со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија 17/08/2022 19:08 Во Грција пристигнаа 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници 17/08/2022 11:08 Повредените две српски деца во сообраќајката во Бугарија се стабилни, но во тешка состојба 17/08/2022 11:08 Хрватските пожарникари го гаснат пожарот кај Шибеник 17/08/2022 11:08 КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 20 часа
Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите
Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:05 Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски. –Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, “Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени, вели Митовски. Фестивалот основан како рок-фестивал, „Џој Фест“, годинава, по две години пауза поради Ковид-19 пандемијата, ќе се одржи по деветти пат. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка. Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните. Митовски нагласува дека Аца Лукас не е дел од фестивалската програма, туку ќе пее по повод празникот на градот, прогласен за неработен ден во општината, прославата на патронот на познатиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ и Денот на рударите. – Концертот на Аца Лукас е за празникот на градот, за „Св. Јаким Осоговски“, кога е славата на манастирот и кога традиционално градот го посетуваат луѓе од целата држава и за Денот на рударите. Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето. По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која и реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се спонзорства. Концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е и самиот рудник во Крива Паланка, „Булмак 2016“, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба, изјави Митковски. Митовски нагласува дека настапот на Лукас е по желба на граѓаните, на нивно барање. Поврзани содржини Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ 18/08/2022 13:08 Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона? 18/08/2022 12:08 Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед 18/08/2022 11:08 Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:08 Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Џоли го тужела ФБИ за да дознае зошто Бред Пит не бил уапсен поради семејно насилство 17/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 20 часа
Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео)
Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:31 САД- Колдплеј моментално е на нивната светска турнеја Music of Spheres и поканија изненадувачки гости за да и оддадат почит на покојната Оливија Њутн-Џон. Пејачката/актерката почина на 8 август 2022 година, на 73-годишна возраст поради постојана битка со ракот на дојка. Британскиот поп-рок бенд свиреше на стадионот Вембли на 16 август, каде што ги пречека Наталија Имбурља и Џејкоб Колиер на сцената за да ја отпеат „Summer Nights’“ од филмот „Grease“ од 1975 година, во изведба на Њутн-Џон која глумеше во филмот. За да и оддаде почит, Имбруља го отпеа делот на покојната актерка, додека Крис Мартин го презеде делот на Џон Траволта, кој го играше нејзиниот дечко, Дени Зуко. Колиер ги придружуваше двајцата , како вокална придружба и на пијано. Толпата навиваше за пејачите пред да почнат да ја свират песната, а набргу потоа стадионот кој полни 90.000 луѓе пееше во дует со Мартин и Имбруља, предизвикувајќи нешто што изгледаше како магичен момент во историјата. За време на турнејата на бендот во Атланта во јуни, тие ја пречекаа Кели Роланд на сцената за да ја изведат хит песната на Дестинис Чајлд, „Independent Women Part 1“. Потоа, бендот имаше две концерти на Метлајф стадионот во Њу Џерси, каде што ги изненадија фановите со Кајли Миног додека ја пееја нејзината мелодија „Can’t Get You Out of My Head“. Втората вечер, бендот го изведе Брус Спрингстин од Њу Џерси да свири изведба на „Working on a Dream“ и „Dancing in the Dark“. Колдплеј моментално е на делот од нивната турнеја во Велика Британија, која ќе заврши во Глазгов, Шкотска, на 24 август. Бендот ќе заврши во Јужна Америка во ноември. Поврзани содржини Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ 18/08/2022 13:08 Дали Ким Кардашијан и Ријана се новите Келвин, Ралф и Дона? 18/08/2022 12:08 Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед 18/08/2022 11:08 Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:08 Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Џоли го тужела ФБИ за да дознае зошто Бред Пит не бил уапсен поради семејно насилство 17/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 20 часа
Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол
Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол 18/08/2022 11:25 Јапонската Влада е финансиски погодена од необичен проблем – младите луѓе не пијат доволно алкохол. Јапонија, заедно со неколку други земји во Азија, задржа строги ограничувања во текот на поголемиот дел од пандемијата, затворајќи ги јавните простори и намалувајќи ги работните часови за рестораните. Затоа, баровите во земјата и другите угостителски простории што продаваат алкохол се тешко погодени од ограничувањата за Ковид-19, кои предизвикуваат пад на продажбата – и на приходите од даноци за алкохол. Владиното решение се нови начини да се поттикнат младите да пијат повеќе алкохол. На кампањата „Саке вива!”, под раководство на Националната даночна агенција, ги поканува учесниците да поднесат идеи за тоа како да се „стимулира побарувачката кај младите“ за алкохол преку нови услуги, промоции, производи, дизајни, па дури и користејќи вештачка интелигенција или метаверс, според официјална страница на натпреварот. Победникот ќе добие поддршка за комерцијализација на неговиот план. Но, не сите го поддржуваат тоа, бидејќи конкуренцијата и даночната агенција добиваат критики од сѐ повеќе луѓе на интернет и во јавноста. Јапонија ја укина вонредната состојба во октомври 2021 година, дозволувајќи им на рестораните повторно да продаваат алкохол и да останат отворени до подоцна, но во некои делови од земјата, ограничувањата останаа во сила до март годинава. Закрепнувањето на земјата оттогаш е побавно од очекуваното, попречено и од зголемената инфлација, економското влијание на војната во Украина, како и неодамнешните Ковид-бранови што доведоа до продолжени ограничувања. Поврзани содржини Ени Лебовиц на удар на јавноста – критикувана за чудните портрети на судијката Кетанџи Браун Џексон 18/08/2022 12:08 Сушата ја загрозува иднината на традиционалните англиски градини 18/08/2022 08:08 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:08 Џиновската ракета на НАСА висока 98 метри подготвена за првата вселенска мисија 17/08/2022 12:08 Од Џејмс Бонд до „Војна на ѕвездите“: Класични филмски плакати вредни над 400.000 долари на аукција 17/08/2022 11:08 Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор 17/08/2022 09:08 Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој 16/08/2022 10:08 САД ги чекаат екстремни горештини со температура до 51 степен 16/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 20 часа
Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“
Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва на „Охридско лето“ 18/08/2022 11:33 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва е на класичниот репертоар на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Членовите на овој состав, виолинистите Петер Олафсон и Пер Оман, Тони Бауер на виола и Матс Олофсон на виолочело ќе концертираат во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Основан во 1995 година, квартетот „Стенхамар“ низ годините се профилира како еден од најинтересните и многу респектирани квартети во Скандинавија. Нивното енергично, а истовремено технички рафинирано музицирање придонесува тие редовно да бидат присутни на фестивали за камерна музика не само во Шведска, туку и во Англија, Полска, Германија, Данска, Финска, Алжир, Индија и Јапонија. Нивниот репертоар во голема мера се фокусира на делата на Стенхамар и на дела од шведски композитори, но тие не ги занемаруваат делата од други, значајни композитори кои твореле за ваков состав, ставајќи посебен акцент на современата музика. Досега имаат нарачано и премиерно изведено повеќе од 30 дела од современи композитори. Во 2021 квартетот дебитира во „Бетовен хаус“ во Бон и на фестивалот во Оксфорд. Од 2017 тие имаат уметничка резиденција на Универзитетот во градот Оребро. Поврзани содржини Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка 18/08/2022 13:08 Белградски актери со „Војна и мир“ на „Охридско лето“ – Толстој се уште не тера да размислуваме 18/08/2022 13:08 Народниот театар од Белград сo „Војна и мир“ гостува на „Охридско лето“ 17/08/2022 14:08 Зошто машките уметници се подобро платени од женските уметници? 17/08/2022 13:08 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:08 Четврти копродукциски форум во рамки на „МакеДокс“ од 22 до 24 август 17/08/2022 13:08 Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола со најмногу жени кинематограферки 17/08/2022 13:08 Полскиот писател Миколај Гринберг ќе гостува на промоцијата на неговата книга „Еврејска работа“ 17/08/2022 12:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 20 часа
Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство
Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство 18/08/2022 11:07 Кипар – Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба. Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството. Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август. Поврзани содржини Газдата на автобусот што се преврте во Бугарија ќе одговара за 99 прекршоци 18/08/2022 12:08 На 48 години почина Мислав Баго, истакнат хрватски новинар 18/08/2022 11:08 Вучиќ и Курти денеска во нова рунда од дијалог во Брисел 18/08/2022 07:08 Две од децатa повредени во несреќата во Бугарија со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија 17/08/2022 19:08 Во Грција пристигнаа 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници 17/08/2022 11:08 Повредените две српски деца во сообраќајката во Бугарија се стабилни, но во тешка состојба 17/08/2022 11:08 Хрватските пожарникари го гаснат пожарот кај Шибеник 17/08/2022 11:08 КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови 15/08/2022 11:32...
Независен | 20 часа
МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово
МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово 18/08/2022 10:20 Фото: Б. Грданоски Согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово. Овој ден, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик. Поврзани содржини Јорданов: Ќе гледаме уште сеир во Македонија 18/08/2022 12:08 Учебниците по историја треба да се сменат до учебната 2024/25, опозицијата обвинува дека историските прашања се предмет на договарања 18/08/2022 07:08 Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД 17/08/2022 20:08 Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето 17/08/2022 20:08 „Медал за заслуги“ за Пендаровски од Националната Гарда на Вермонт 17/08/2022 14:08 Хелсиншкиот комитет бара јасна осуда за исвиркувањето на македонскиот јазик 17/08/2022 13:08 Одржана комеморацијата за Илинка Митрева -„лавицата“ на македонската дипломатија 17/08/2022 12:08 Маричиќ го повика ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и еднаш да гласа за стратешките цели 17/08/2022 11:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 21 часа
Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите
Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:01 Поради поскапените енергенси, чешкиот премиер Петр Фијала вети компензација за граѓаните преку станбен додаток, за сите оние чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом се над 35 проценти од приходите. – Владата нема да дозволи кој било да пропадне. За домување граѓаните ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, во Прага 35 проценти и тоа вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. За сите трошоци над 30 отсто од приходите, државата е подготвена да плати, истакна Фијала, јави телевизијата ЧТ. Станбениот додаток во Чешка не е новост. Досега беше вид социјална помош за најсиромашните семејства. Фијала сега апелираше граѓаните да не се срамат да го бараат и оние кои до зголемените трошоци за енергија годинава, немале право на додатокот, пренесе Бета. Во првата половина од годинава, државата преку станбен додаток исплати околу 208 милиони евра. Кон крајот на август ќе бидат познати и деталите за посебна поевтина тарифа за струја и гас за домаќинства, во чии рамки државата со 2,5 милијарди евра ќе ги субвенционира трошоците за идната грејна сезона на граѓаните за скапата енергија. Министерството за индустрија и трговија почнува со проверка на авансните плаќања што енергетските компании им ги испраќаат на потрошувачите, затоа што се множат информациите за злоупотреба на поскапувањето, потрошувачи плаќаат аванси повисоки од крајните трошоци. Поврзани содржини Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја 18/08/2022 09:08 Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок 18/08/2022 07:08 Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината 17/08/2022 20:08 Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви 17/08/2022 19:08 Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја 17/08/2022 19:08 ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија 17/08/2022 16:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 21 часа
Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна
Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:10 Научниците од Универзитетот Рутгерс во американската сојузна држава Њу Џерси спроведоа истражувања коишто покажаа дека Австралија и Аргентина, во случај на хипотетичка нуклеарна војна и апокалипса, најдобро би се справиле со нејзините последици. Списанието „Нејчр фуд“ (Nature Food) објави сценарио за судир каде што би се користело нуклеарно оружје… Според научниците, атомските бомби фрлени врз град и индустриски центри, ќе предизвикаат пожари, а атмосферата ќе биде загадена и поради честички од огнот. Последици на сѐ тоа ќе бидат климатски промени и намалување на залихите на храна на копното и во океаните. „Доколку повеќе од 150 тераграми (150 милијарди килограми) чад се испушти во атмосферата, употребата на жито ќе се намали за околу 90 насто во рок од три до четири години по апокалипсата“, предвидуваат експертите. Мапите објавени од научниците покажуваат дека Австралија и Аргентина ќе може да одржуваат оптимален внес на храна и килокалории по глава на жител на ден, дури и со најголема количина на загадувања со чад и штетни гасови во атмосферата. Стручњаците ги пресметале и последиците од хипотетички воени судири меѓу конкретни земји. Така на пр., во случај на војна меѓу Русија и САД, повеќе од пет милијарди луѓе би можеле да загинат, додека планетата би се соочила со тн. „нуклеарна зима“. Во написот се наведува дека и Нов Зеланд ќе биде меѓу најмалку погодените. Сепак, според научниците, доколку навистина се случи вакво сценарио, овие области ќе се соочат со наплив на бегалци од Азија и други земји кои ќе страдаат од недостиг на храна. Поврзани содржини Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 САД ќе почнат трговски преговори со Тајван 18/08/2022 07:08 Гутереш пристигна во Украина, ќе се сретне со Зеленски и со Ердоган 17/08/2022 19:08 Калифорнија ќе штеди струја 17/08/2022 18:08 СЗО: Во светот регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници 17/08/2022 17:08 Назначен е нов командант на руската Црноморска флота на Крим 17/08/2022 16:08 „Доаѓаме по вас“: По експлозиите на Крим, Киев со порака до Москва 17/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 21 часа
Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси
Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:55 Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми. Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите. Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите. „Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи. Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат. Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година. Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари. Поврзани содржини Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја 18/08/2022 09:08 Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок 18/08/2022 07:08 Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината 17/08/2022 20:08 Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви 17/08/2022 19:08 Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја 17/08/2022 19:08 ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија 17/08/2022 16:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 21 часа
МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население
МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население 18/08/2022 10:03 Фото: Б. Грданоски Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението. Општите мерки кои треба да се почитуваат, поради портокалова фаза денеска и утре во целата држава, како што препорачуват од МТСП се ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. -Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението од МТСП. Оттаму потсетуваат дека согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. -Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Оваа мерка да биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, велат од МТСП. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд. Поврзани содржини Ковачевски го честиташе јубилејниот 30-ти роденден на Армијата 18/08/2022 12:08 Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата 18/08/2022 12:08 Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи 18/08/2022 11:08 На Табановце се чека 30 минути за влез и излез, од денеска градежни работи на патот Охрид – Ресен преку Галичица 18/08/2022 07:08 Централна свеченост по повод Денот на Армијата 18/08/2022 07:08 Портокалово ниво на опасност, денеска и утре температури и над 40 степени 18/08/2022 07:08 Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити 18/08/2022 07:08 Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено 18/08/2022 07:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04 Министерството за култура ги стопира средствата за „Џој Фест“ поради српски турбо фолк пејач 17/08/2022 13:27...
Независен | 21 часа
Сушата ја заострува енергетската криза
Сушата ја заострува енергетската криза Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи 18/08/2022 09:53 Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, и до загуби од 5 милијарди евра. Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија. Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите се загрижени и брзаат да преземат мерки, а од Рајна до Дунав и По, реките пресушуваат. Ова значи дека Европа ризикува да биде лишена од клучниот извор на енергија среде енергетската криза, да ги изгуби водните патишта кои се важен дел од трговијата, вклучувајќи го и транспортот на гориво, и да настрадаат дури и во специјализираните сектори како туризмот и гастрономијата. Иронично е што реките и каналите се вклучени во плановите на ЕУ. Најгласните ѕвона за аларм се стигнаа оваа недела од Норвешка, кога министерот за енергетика и нафта Терге Осланд објави дека резервите на вода во хидроелектраните се толку намалени што земјата мора да го прекине извозот на енергија во ЕУ, со цел да обезбеди доволно електрична енергија за своите домаќинства и деловни субјекти. За разлика од многу европски земји, Норвешка забележа зголемување од 25% на домашната потрошувачка на електрична енергија бидејќи е ограничена употребата на фосилни горива и се охрабрува преминот кон електрични возила. Веста се совпадна со двојните и подеднакво застрашувачки најави на француската енергетска компанија Electricite de France и германската Uniper. Француската енергетска компанија соопшти дека ќе го намали производството во своите нуклеарни централи во близина на реките Рона и Гарона, бидејќи нивото на водата се намали и нејзината температура се зголеми, што ја прави несоодветна за ладење на нуклеарните реактори. Новата пречка доаѓа во време кога околу половина од француските нуклеарни реактори се надвор од функција. Истиот ден, германскиот Uniper објави дека најверојатно ќе биде принуден да го намали производството во две од своите централи на јаглен бидејќи транспортот преку Рајна е прекинат поради големото намалување на нивото на водата. Недостигот на вода го собори на колена италијанскиот аграр Несомнено, прекинот на речната трговија преку Рајна ќе влијае многу на економиите особено на Германија, но и на Холандија и Швајцарија. Во исто време, намалувањето на нивото на водата во реката По на најниските нивоа забележани во последните 70 години влијае на економијата на Италија и на нејзиното земјоделско производство, туризмот, па дури и на нејзината гастрономија. Првенствено затоа што долината на По сочинува околу 30% од земјоделското производство во земјата и сега е погодена од екстремни високи температури и суша. Резултатот е дека приносите на пченка и сончоглед се намалуваат, а земјоделците се принудени да ја ограничат сеидбата бидејќи нема доволно вода од По за наводнување. Во делтата формирана од реката јужно од Венеција, недостатокот на вода предизвика и овенување на алгите. Но, најлошото е што нема доволно вода или доволно кислород за школките и другиот жив воден свет. И како што нагласуваат земјоделците и рибарите од регионот, со намалувањето на школките и другиот воден свет, на Италијанците и на туристите ќе им недостигаат познатите тестенини со морски плодови, едно од најпознатите и најпопуларните јадења на италијанската кујна, шпагети „але вонголе“. Според рибарите од околината, од почетокот на летово изгубени се околу 30 отсто од школките, а најмалку 2.300 рибари и други работници поврзани со одгледување школки се во опасност да останат без работа. Затоа синдикатите на овие работници во актуелната исклучително тешка политичка ситуација бараат владина интервенција. Туристите, од друга страна, само молат за дожд, бидејќи и туризмот е погоден од падот на нивото на водата во реките и каналите во Европа. Проблемот се почувствува неодамна во баварскиот град Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи Дунав формира делта таму, спојувајќи ги водите на Ин од југ и Илз од север. Градот сега е во опасност да го загуби угледот и туристичкиот гламур. На крајот на јули, брод за крстарење долг 135 метри со повеќе од 130 патници, кој вообичаено треба да плови во водите на трите реки, заринка поради нискиот водостој. Така туристите беа принудени со авион да заминат за Букурешт. Аларм во Германија, загрозен е транспортот на суровини и гориво преку Рајна „Европските реки не само што ќе добијат лоша репутација како транспортни канали, туку ќе бидат помалку сигурни водни патишта во иднина“. Тоа е предвидување на Фред Хатерман, експерт за хидроклиматски ризици од Институтот за климатски истражувања во Потсдам. Застрашувачка и загрижувачка прогноза, бидејќи европските реки носат приход од 80 милијарди евра главно како водни патишта за транспорт, бидејќи преку нив се транспортираат тони стоки. Несомнено, Рајна е најважната река во Европа, а за Германците речиси има димензија на митолошки симбол. Таа е столб на економијата на Германија, Холандија и Швајцарија со векови Рајна игра клучна улога во транспортот на јаглен до германските електрани и е врска до мрежата на европските внатрешни водни патишта. Околу 58 милиони луѓе живеат во пошироката област на Рајна и ја користат како вода за пиење, за наводнување, за преработка и производство на енергија. Пред сè, таа е незаменлива за некои индустрии, како што се челичарницата Тисенкруп и хемискиот гигант БАСФ, бидејќи е воден пат низ кој горивото, дизелот, јагленот и суровините се транспортираат до нивните капацитети. Рајна исто така има незаменливо транспортно значење, со оглед на веќе застарената инфраструктура на Германија, нејзината вообичаено преоптоварена железничка мрежа, сообраќајниот хаос и подеднакво преоптоварената патна мрежа во земјата. Во моментов водите на Рајна се на пониско ниво од пред четири години, летото 2018. Според Економскиот институт во Кил, тогашниот прекин на трговијата на реката чинеше околу 0,4% од вкупниот германски БДП. Според Нилс Јансен, економист од Институтот во Кил, уште денеска може да се почне да се пресметуваат штетите што ќе ги претрпат германската и европската економија поради падот на нивото водите и пресушувањето на Рајна. Сфаќајќи ја сериозноста на проблемот, Тисенкруп формира тим за одговор на кризи кој секојдневно ја проценува ситуацијата, додека БАСФ бара алтернативни канали за транспорт на суровини и гориво во своите погони. Поврзана со Дунав со канал, Рајна е долга 1.287 километри и минува низ индустриските зони на Швајцарија и Германија пред да се влеее во Северното Море во големото пристаниште Ротердам во Холандија. Што се однесува до Дунав, падот на неговите води предизвика тревога во Бугарија, Романија и Србија. Во трите земји итно се ангажираат багери, се вршат мерења на дното и длабочината за да се утврди можноста за пловидба на бродовите. Резултатот засега е дека бродовите чекаат во ред со денови. Осло е загрижен Истакнувајќи ја загриженоста на Норвешка поради влијанието на се помалите резерви на вода, министерот за нафта и енергија Терге Осланд на почетокот на неделава истакна дека „владата дава приоритет на полнење на хидроенергетските капацитети и ќе го запре извозот на енергија кога резервите ќе се смалат на многу ниско ниво“. Србија Загрижен за нивото на водата во Дунав, српскиот министер за инфраструктура истакна дека „од клучно значење за снабдувањето со енергија е Дунав да остане пловен, бидејќи товарните бродови низ реката превезуваат јаглен за работа на термоелектраните кога е намалено производството во хидроцентралите“. Во Франција Претходно оваа недела, францускиот енергетски гигант EdF објави дека привремено го намалува производството во своите нуклеарни централи на реките Рона и Гарона, бидејќи зголемените температури на водата ги прават несоодветни за ладење на нуклеарните реактори. (Катимерини) Поврзани содржини Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:08 САД ќе почнат трговски преговори со Тајван 18/08/2022 07:08 Гутереш пристигна во Украина, ќе се сретне со Зеленски и со Ердоган 17/08/2022 19:08 Калифорнија ќе штеди струја 17/08/2022 18:08 СЗО: Во светот регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници 17/08/2022 17:08 Назначен е нов командант на руската Црноморска флота на Крим 17/08/2022 16:08 „Доаѓаме по вас“: По експлозиите на Крим, Киев со порака до Москва 17/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 21 часа
Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја
Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја 18/08/2022 09:10 И додека поради актуелната енергетска криза во регионот веќе се воведуваат мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија (Косово, Северна Македонија), а другите земји како Србија и Албанија даваат огромни суми пари за увоз, Босна и Херцеговина е во прилично добра ситуација со овој извор на енергија и остварува добар профит од извозот. Босна и Херцеговина е единствената земја во регионот која има вишоци и која изобилно извезува струја, а само во првата половина од годинава по овој основ се добиени 701,4 милиони конвертибилни марки, покажуваат податоците на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Босна и Херцеговина го продава овој стратешки производ најмногу на своите соседи – извоз во вредност од 307,1 милиони КМ во Србија и 210,8 милиони КМ во Хрватска. Минатата година билансниот вишок изнесувал околу 4.900 гигават часови од вкупно околу 17.000 гигавати произведена електрична енергија. Благодарение на овие можности, цените на струјата за домаќинствата се непроменети, додека за индустриските потрошувачи во ФБиХ поскапувањето е ограничено на максимални 20 проценти. Секако дека не многу земји можат да си дозволат толку добра ситуација за потрошувачите во актуелната криза. На пример, Србија до крајот на годината ќе потроши милијарда евра за увоз на струја и јаглен, од кои околу 530 милиони евра по несреќата во ТЕ „Костолац“ во декември минатата година. Досега оваа година Албанија беше принудена да увезува повеќе од половина од потребната количина електрична енергија за да ги задоволи потребите поради помалото производство во хидроелектраните, кои се главни производители, а тоа значи „шокантна сметка“ од 600 милиони евра годинава. Но, и покрај тоа што увезува огромни количини струја, Албанија излезе во пресрет на Косово, кое исто така е во големи проблеми и од понеделник воведе прекини во снабдувањето со струја на потрошувачите. По постигнатиот договор меѓу двете земји, прекините на струјата засега се откажани. Во Северна Македонија одлучија да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто од 1 септември преку заштеда, бидејќи оваа земја, која активираше и некои претходно стопирани термоблокови, не може да обезбеди доволно струја за своите потреби. И во Хрватска се загрижени, па се најавуваат можни прекини на струјата. Владата најверојатно ќе мора да направи некои потези, според експертите, поради зголемената цена на струјата на пазарот што е голем товар за добавувачите, особено за ХЕП кој држи голем дел од малопродажниот пазар во земјава, и разлика во однос на цената за домаќинствата што некој ќе треба да ја плати, пишува Индикатор. Во Босна и Херцеговина ситуацијата е многу подобра отколку во соседните земји, иако Електропривреда ХЗБХБ, чие производство во целина се заснова на обновливи извори на енергија, пред се хидроцентрали, неодамна побара поддршка од Владата како превентивна мерка во случај компанијата да се соочи тешкотии во снабдувањето на потрошувачите. Мостарското електростопанство поради сушата има потешка ситуација од сараевското и е принудено да увезува одредени количини струја на пазарот по пазарни цени. Електричните компании во Босна и Херцеговина ги чувствуваат последиците од сушата, што се потврдува и со намаленото производство на електрична енергија, особено во хидроцентралите во вториот квартал од годинава. Така, производството на електрична енергија во Босна и Херцеговина во мај изнесува 1.269 гигават часови, што е најниско во последните неколку месеци и е за 13,5 отсто помалку од април. Во април, во однос на март, производството исто така е намалено за 2,2 отсто. Производството во хидроцентралите падна на најниско ниво во мај од само 367 GWh по 477 GWh во април и учествуваше со само 28,9 отсто од вкупното производство на електрична енергија. Сепак, и покрај тоа, Босна и Херцеговина има доволно струја за да ги задоволи своите потреби и не е принудена да прибегнува кон некои мерки кои одамна се преземени на други места, како што се гасење светла во градовите и слично. Товарот на состојбата во која пазарната цена на струјата се искачи на „небесни височини“ и остана ниска за потрошувачот засега го носат електрокомпаниите, па добивката на Електропривреда БиХ, по ланските 45,3 милиони, се стопи на 219 илјада КМ во првата половина од годинава. Придобивките од овој развој секако најмногу ги чувствува економијата, која е заштитена од големи ценовни шокови благодарение на владината мерка за ограничување на цената на електричната енергија. Дали вака ќе остане и следната година во ситуација кога сите се плашат од претстојната зима, засега е рано да се каже. Претежно евтината струја е секако конкурентна предност на Босна и Херцеговина, бидејќи економијата главно ја користи за снабдување, а троши гас само во помала мера. Евентуалните проблеми со испораката на гас во претстојната зима на тој начин би зафатиле помал дел од компаниите, а од друга страна, евтината и достапна струја би можела да и обезбеди на економијата зголемување на обемот на бизнисот од ЕУ, каде што значителен број од земјите очекуваат потешкотии во снабдувањето со енергија. Сепак, прилично добрата состојба со електричната енергија во БиХ не треба да ги затишува властите, кои би морале да се грижат за енергетската состојба и да донесат соодветни мерки во тој поглед. Фактот дека веќе се започнати постапки за поскапување на струјата во Република Српска укажува дека сегашната состојба е тешко одржлива. Во оваа година, поради изборите, надлежните очигледно не сакаат да носат одлуки за поскапување на струјата за домаќинствата, но тоа секако треба да се очекува по изборите. Поврзани содржини Зголемувањето на каматите на централните банки ќе го „скроти“ ценовниот раст 18/08/2022 12:08 Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок 18/08/2022 07:08 Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината 17/08/2022 20:08 Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви 17/08/2022 19:08 Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја 17/08/2022 19:08 ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија 17/08/2022 16:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 22 часа
Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата
Соланж Ноулс напиша композиција за Њујоршкиот балет – и влезе во историјата 18/08/2022 09:06 САД– По-пејачката Соланж Ноулс, сестра на пославната Бијонсе Ноулс, ќе додаде уште еден импресивен засек во кариерата кога ќе дебитира како композитор оваа есен во Њујоршкиот балет. Со овој подвиг, таа исто така станува првата црномуреста и трета жена што напишала оригинална партитура за престижнниот балет. Според Њујорк Тајмс, Соланж ќе го напише ненасловениот проект кој треба да биде кореографија на Џана Рајсен со костими на Алехандро Гомез Паломо од Паломо, Шпанија. Делото ќе биде прикажано како дел од годишната есенска модна гала на балетот во Њујорк, што ќе се одржи на 28 септември. Делото на Соланж ќе го изведе оркестарот на Градскиот балет како и солист од нејзиниот сопствен ансамбл. Претставите се очекува да започнат овој октомври и следниот мај. „Јас сум многу горда на Соланж! Таа секогаш ги урива бариерите за другитеобоени уметници напиша мајката на Соланж, Тина Ноулс, во објава на Инстаграм. Поврзани содржини Колдплеј и Наталија Имбруља ја почестија Оливија Њутн-Џон со песна од „Grease“ (видео) 18/08/2022 11:08 Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите 18/08/2022 11:08 Дрејк ги надмина „Битлси“ по бројот на песни во топ 5 на Билборд ? 17/08/2022 13:08 Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“, „Троја“ и „ Ер Форс 1“ 17/08/2022 11:08 Џоли го тужела ФБИ за да дознае зошто Бред Пит не бил уапсен поради семејно насилство 17/08/2022 09:08 Ајде да ја менуваме модата- во Ист гејт мол се отвора првата продавница на H&M 16/08/2022 16:08 Холивуд ѝ се извини на Домородната Американка која беше понижена на „Оскарите“ 1973 година 16/08/2022 10:08 Уште два дена од Garage sale во Рамстор! 16/08/2022 10:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 22 часа
Надал по поразот од Чориќ: Не одиграв најдобро
Надал по поразот од Чориќ: Не одиграв најдобро 18/08/2022 09:08 САД – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го загуби првиот меч одигран по закрепнувањето од повредата на стомачните мускули. На турнирот во Синсинати (САД) Надал загуби од Борна Чориќ со 6:7 (9:11), 6:4 и 3:6. – Тоа не беше мојот најдобар натпревар. Овој турнир традиционално е тежок за мене. Освен тоа, се враќам по тежок период. Поради ова, лесно го прифаќам овој пораз и му честитам на Борна за тоа што одигра подобро, изјави тенисерот на прес-конференција по мечот одигран ноќеска. Надал (Хрватска) додаде дека направил премногу сериозни грешки и дека допрва треба да работи напорно и да ја врати формата. Следен противник на Чориќ ќе биде Шпанецот Роберто Баутиста Агут. Поврзани содржини Надал: Тажен сум поради тениското збогување на Серена Вилијамс 17/08/2022 18:08 Роналдо: Oд 100 вести во медиумите, само пет беа вистинити 17/08/2022 11:08 Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед 17/08/2022 08:08 Легендарниот Радивој Корач постхумно во „Куќата на славни“ 16/08/2022 20:08 Австралија без Кирјос на Дејвис купот 16/08/2022 17:08 (Фото) Мукаетов лично ги дочека и им честита на кадетите за успехот во Рига 16/08/2022 13:08 Надал за првиот турнир по Вимблдон: Не можам да очекувам да играм на неверојатно ниво од самиот почеток 15/08/2022 14:08 Халеп победничка на турнирот во Торонто 15/08/2022 09:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 22 часа
Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал
Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал 18/08/2022 08:28 САД- Човекот обвинет за прободување на Салман Ружди на сцената за предавање во западен Њујорк, во интервју изјави дека бил изненаден кога дознал дека успешниот автор го преживеал нападот. Зборувајќи за Њујорк Пост од затвор, Хади Матар рече дека решил да се види со Ружди во институцијата Чаутауква, откако минатата зима видел твит за планираниот настап на писателот. „Не ми се допаѓа личноста. Мислам дека не е многу добра личност“, изјави Матар за весникот. „Тој е некој што го нападна исламот. Тој ги нападна нивните верувања, системите на верување“. Матар (24) рече дека го сметал починатиот ирански водач, ајатолахот Рухолах Хомеини за „голема личност“, но не сакаше да каже дали ја следи фатвата или указот, издаден од Хомеини во Иран во 1989 година, кој повикуваше на смрт на Ружди откако авторот објави „ Сатанските стихови“. Иран негираше вмешаност во нападот. Матар, кој живее во Фервју, Њу Џерси, рече дека немал никаков контакт со иранската Револуционерна гарда. Тој изјави за Пост дека прочитал само „неколку страници“ од „Сатански стихови“. Ружди (75) се здобил со оштетен црн дроб и отсечени нерви на раката и окото, според неговиот агент, во нападот во петокот. Неговиот агент Ендрју Вајли изјави дека неговата состојба е подобрена и дека е на пат кон закрепнување. Матар, кој е обвинет за обид за убиство и напад, изјави за Пост дека отишол со автобус до Бафало еден ден пред нападот, а потоа со Lyft до Chautauqua, околу 64 километри. Тој купил пропусница до просториите на институцијата Чаутаука, а потоа спиел на тревата ноќта пред планираниот разговор на Ружди. Матар е роден во САД. но има двојно државјанство во Либан, каде што се родени неговите родители. Неговата мајка им кажа на новинарите во интервјуата дека Матар се вратил сменет од посетата за да го види својот татко во Либан во 2018 година. После тоа, тој станал нерасположен и се повлекол од семејството, рече таа. (АП) Поврзани содржини Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна 18/08/2022 10:08 Сушата ја заострува енергетската криза 18/08/2022 09:08 САД ќе почнат трговски преговори со Тајван 18/08/2022 07:08 Гутереш пристигна во Украина, ќе се сретне со Зеленски и со Ердоган 17/08/2022 19:08 Калифорнија ќе штеди струја 17/08/2022 18:08 СЗО: Во светот регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници 17/08/2022 17:08 Назначен е нов командант на руската Црноморска флота на Крим 17/08/2022 16:08 „Доаѓаме по вас“: По експлозиите на Крим, Киев со порака до Москва 17/08/2022 15:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 23 часа
Сушата ја загрозува иднината на традиционалните англиски градини
Сушата ја загрозува иднината на традиционалните англиски градини 18/08/2022 08:03 Поради невидената суша, компаниите за водоснабдување во Англија воведуваат забрани за наводнување на градините. Денеска тоа го стори и главниот водоснабдувач на метрополата Лондон и околината. Линк до целиот текст на Дојче веле тука Поврзани содржини Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол 18/08/2022 11:08 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:08 Џиновската ракета на НАСА висока 98 метри подготвена за првата вселенска мисија 17/08/2022 12:08 Од Џејмс Бонд до „Војна на ѕвездите“: Класични филмски плакати вредни над 400.000 долари на аукција 17/08/2022 11:08 Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор 17/08/2022 09:08 Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој 16/08/2022 10:08 САД ги чекаат екстремни горештини со температура до 51 степен 16/08/2022 10:08 Истражување: Вегетаријанките имаат поголеми шанси да скршат колк 16/08/2022 08:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 23 часа
На Табановце се чека 30 минути за влез и излез, од денеска градежни работи на патот Охрид – Ресен преку Галичица
На Табановце се чека 30 минути за влез и излез, од денеска градежни работи на патот Охрид – Ресен преку Галичица 18/08/2022 07:38 На ГП Табановце утрово се чека околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови. Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Поврзани содржини Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи 18/08/2022 11:08 МТСП: Се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население 18/08/2022 10:08 Централна свеченост по повод Денот на Армијата 18/08/2022 07:08 Портокалово ниво на опасност, денеска и утре температури и над 40 степени 18/08/2022 07:08 Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити 18/08/2022 07:08 Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено 18/08/2022 07:08 Астрономски календар 18/08/2022 07:08 (Галерија) АРМ заедно со граѓаните го прослави 30-годишниот јубилеј 18/08/2022 00:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 23 часа
Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок
Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок 18/08/2022 07:29 Фото: Б. Грданоски Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. Посочува дека ова е отворено прашање во концептот за даночна реформа и дека низ отпочнатата дебата треба да се дојде до најоптималното решение. – Прво, сметам дека за оваа тема вреди да се дебатира, па после да дојдеме до предлог затоа што има разни решенија. Од аспект на правичност на даночниот систем има различни концепти. Еден е прогресивниот данок што сега постои како решение и треба да стапи на сила од 2023 година и што како решение го има во други земји, а другиот концепт е т.н. концепт на оптимален даночен систем. Тоа е еден друг модел за кој во 1996 година, James A Mirrlees има доделено Нобелова награда. Навидум тоа изгледа како рамен данок, една даночна стапка, а во суштина ќе добијат повеќе тие што имаат пониски примања. Тоа е преку т.н. даночно ослободување. Но, оставаме ова да оди на дебата, да видиме кој би бил најоптималниот модел за нашето стопанство, истакнува Бесими. Тој верува во отпочнатиот процес на даночни реформи и смета дека е добро да се отвори дебата за даночните реформи чија цел, како што вели, е забрзан економски раст и подобар квалитет на живот на граѓаните. – Дебата е клучна за да ги подобриме решенијата. Партиципативноста и инклузивноста на самиот процес е исклучително важен. Никој нема монопол над вистината. Ниту тоа што ние го презентираме како концепт, имаме право да кажеме дека е апсолутната вистина. Слушаме разни идеи и ќе дојдеме до некое решение кое сметам дека би било најоптимално во оваа фаза, вели министерот за финансии во интервјуто за МИА. Поврзани содржини Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите 18/08/2022 10:08 Москва се пофали со пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси 18/08/2022 09:08 Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја 18/08/2022 09:08 Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината 17/08/2022 20:08 Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви 17/08/2022 19:08 Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја 17/08/2022 19:08 ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија 17/08/2022 16:08 Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје 17/08/2022 13:08 Најчитани Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат 17/08/2022 11:19 Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани 13/08/2022 17:33 Ова се најбогатите земји во светот 15/08/2022 16:29 На Ѓоковиќ му истекува времето 11/08/2022 17:20 „Нема да се збогати, ама ќе живее независен живот“. Се разведоа Џери Хол и Руперт Мардок 11/08/2022 14:56 Причината за смртта на принцезата Дaјана била толку „ретка“ што лекарите се чуделе – еве како починала 17/08/2022 16:04...
Независен | 1 ден