Часовникот вреден 75.000 евра украден од Левандовски бил закопан близу базата на Барселона
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 75 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон. Но, според тамошната „ТВ3“, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид. По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса. Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период....
Прес 24 | 7 часа
Приказна на летото: Пред три години работеше во пекара, сега ќе игра во Премиерлигата
Вулверхемптон соопшти дека го доведе Матеус Нуњес од Спортинг Лисабон за сума од 45 милиони евра. Ова е рекордна сума за отштета што ја платил клубот, а 23-годишниот португалски играч за врска потпиша договор до 2027 година. Нунес е третиот играч кој летово пристигна во соблекувалната на тимот чиј тренер е Бруно Лаге. Пред него пристигнаа играчот од средниот ред Гонкало Гуедеш од Валенсија и дефанзивецот Нејтан Колинс од Барнли. Сепак, најновото име во соблекувалната ја има и најинтересната фудбалска приказна. Момчето кое порасна во фавелите на Рио де Жанеиро, идолизирајќи го Роналдињо, во Португалија и се придружи на мајка си и очувот кога имаше 13 години. Тој денес е одличен фудбалер, а пред само три години работеше во пекара и во слободно време играше фудбал, тренираше во академијата на Спортинг Лисабон и сонуваше дека ќе има голема кариера. „Имаше моменти кога немавме што да јадеме, а мајка ми никогаш не престана да работи. Таа е воин кој ми ја всади љубовта кон фудбалот. Немавме топка, но јас и моите браќа игравме со чорапи, важно беше само да се тркалаат. Мајка ми до денешен ден вели дека не знае како успеавме да не израснам во крадец или дилер“, раскажува Нуњес. Тој морал да работи за семејството да се прехрани. „Работев во пекара околу пет-шест месеци. Доаѓав наутро затоа што тренинзите и натпреварите беа попладне. Стоев на нозе пет-шест часа, а потоа морав да тренирам. Не можам да кажам дека беше лесно, немав возачка дозвола, па се будев наутро во пет часот, бидејќи на работа одев со велосипед“, се сеќава Матеус Нуњес. Сега веќе не мора да се грижи за егзистенцијата, ниту тој, ниту неговото семејство....
Прес 24 | 8 часа
Три растенија кои мора да ги има секоја куќа - го прочистуваат воздухот и со нивна помош ја снемува негативната енергија
Растенијата го облагородуваат секој простор, разубавуваат, се прекрасна декорација, а воедно и го прочистуваат воздухот. Некои се опасни за домашните миленици, но оние што ги одбравме за вас се сосема безопасни. Не само што се совршен украс за домот и градината, туку ја трошат негативната енергија и позитивно влијаат на расположението на домаќинството. БосилекОва растение е совршен додаток на секое јадење, а и прекрасно мириса и го украсува просторот. Пролетта е вистинско време за засадување на ова растение, а многумина веруваат дека тоа ги брка злите духови. Древните верувања велат дека ако запалите гранче босилек во вашиот дом, тој мириса прекрасно и ја брка негативната енергија. Босилекот е повеќенаменско растение и треба што поскоро да го набавите во вашиот дом. РузмаринОва растение не би било лошо да го имате доколку сте започнале нов бизнис или сте запознале нова љубов. Старите верувања велат дека го олеснува почетокот, привлекува љубов и страст, а пред сè, промовира добро расположение. Се препорачува да се одгледува рузмарин како домашно растение, кое има прекрасно стебло и прекрасен мирис. ЛавандаЕдно од најубавите растенија досега е лавандата. Плени со својот волшебен мирис, а воедно го зголемува и расположението. Поволно делува и против несоница, многумина го користат во борбата против депресијата и нервозата. Можете да го имате како домашно растение во текот на зимата, а во лето можете да го ставите надвор. Брзо се шири, па можете да го засадите и во земја....
Прес 24 | 8 часа
Утре е Преображение Господово: Ова овошје не заборавајте да го пробате штом станете
Православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на Преображение Господово. На Преображението, небото исто така трипати се преобразува во ноќта. Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава. Како што известуваат тројцата евангелисти, Христос со неколку свои ученици се повлекол да се помолат на гората Тавор. Во еден момент тој се преобрази, блескаше како сонце, а до него се појавија старозаветните пророци Мојсеј и Илија. Од небесата дојде чист глас „ова е мојот сакан син, од кого сум задоволен, слушај го“. „Тогаш Мојсеј и Илија им се јавија на Христа и на апостолите и зборуваа со Господа за неговата смрт во Ерусалим“, пишува во верските книги. Празнична трпеза богата со вино и риба Преображението секогаш паѓа за време на постот Богородица. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. Денеска на крајот од светата литургија се осветува грозје. Се дели и на гробиштата за упокојување на душите на починатите. Црковните служби се служат седум дена, при што се пеат песни посветени на овој евангелски настан. Иконата на Преображение често се среќава на иконостаси. Го прикажува Христос на планината, опкружен со светлина, со соговорниците Илија и Мојсеј, додека тројцата апостоли Петар, Јаков и Јован лежат на земја во страв. Народни верувања на овој празник. Кај народот постои верување дека на овој празник се преобразува целата природа, дека од утре ноќите ќе станат студени и дека следниот ден го најавува претстојното доаѓање на есента. Како што се верува, од утре дефинитивно не треба да пливате во отворени води, реки и море. На Преображение никогаш не треба да спиете преку ден, бидејќи кој спие тој ден ќе се преобрази, и ќе биде поспан и поспан цела година. Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е добро луѓето да го поминат цел ден во кафеана – да не стане навика и да се изгубат и да се налутат. Но, она што мора да го направите утре е да пробате грозје за прв пат! Некои семејства го слават Преображение. Празникот Преображение на Исток се празнува уште од седмиот век. Западната црква ја внела во својот календар дури во 1457 година, во чест на победата на христијанската војска над Турците кај Белград. Имено, Јанош Хуњади, кај нас познат како Јанко од Сибиња, унгарски магнат, заедно со фрањевецот Иван Капистрано ги спречиле Турците со војска да продрат на север. И двајцата починаа набргу по победата, првиот во Земун, вториот во Илок....
Прес 24 | 8 часа
(ВИДЕО) „Инстаграм“ наспроти реалност: Шијакоска преку видео ја долoвува драстичната разлика на прикажаното и вистинската слика
„Инстаграм“ наспроти реалност. Многупати јавните личности во светот, познатите лица во светот на модата, музиката и останатите професии, на социјалните мрежи како „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Јутјуб“ објавуваат видеа и фотографии на кои изгледаат совршено. Објавуваат перфектно обработени фотографии и тешко дека на некоја од нив би нашле некоја мана. Меѓутоа, македонската инфлуенсерка, Александра Шијакоска само пред некој ден објави видео на кое ја прикажува ситуација „Инстаграм“ наспроти реалноста. Имено, таа се разладува во базен, и додека испливува над површината на водата се обидува да изгледа добро, но косата и го покрива лицето и и' пропадна обидот да ја добие „совршената Инстаграм фотографија“. А веднаш потоа, во истото видео е прикажано како успешно ја добива посакуваната фотографија. View this post on Instagram A post shared by Aleksandra Shijakoska (@aleksandrashijakoska) Мал потсетник до сите, дека не секогаш она што го гледаме на социјалните мрежи е вистина и дека е перфектен животот на секого позади профилот со кој раководи. И познатите личности имаат лоши денови и други проблеми, само кој повеќе, а кој помалку споделува со својот аудиториум за личниот живот и предизвиците со кои се соочува во истиот....
Прес 24 | 8 часа
Зијадин Села: Алијансата за Албанците бара техничка влада
Алијанса за Албанците бара да има техничка влада, потврди претседателот на партијата Зијадин Села, откако потпретседателот Арбен Таравари преку социјалните мрежи вчера побара формирање на таква извршна власт за надминување на состојбите во државата. Според партискиот лидер, постојат повеќе аргументи зошто треба да се формира нова техничка влада за да ја води државата. – Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет, затоа што тој не е избран на избори. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи, порача Зијадин Села од Тетово. Партијата на Села во Тетово со отворање на нови канцеларии во центарот на градот ја заврши кампањата за вонредните избори за Совет на Тетово, што ќе се одржат во сабота. – Со овие избори се праќа порака, не се гласа само за Тетово, како општина, зошто Тетово има и други причини, Тетово е повеќе од град, Тетово е наш центар, во кој земаат сила политичките процеси. Тетово во сабота на 20 август има во рака, да даде сила на политичките промени, да и даде сила на Алијансата за Албанците зошто само така може да се постигне тоа што сите Албанци го очекуваат, на наредните парламентарни избори, демократија, слобода, на Албанците, ние сме подготвени, порача Села....
Прес 24 | 9 часа
(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ за 4,5 години за Тетово направи многу повеќе отколку другите за две децении претходно
Нашите заложби за Тетово како модерен, европски град ги исполнуваме на дело, порача на завршната конвенција пред вонредните избори за советници на општина Тетово, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ како централна власт, а до пред 10 месеци и како дел од локалната власт во Тетово реализирала и поддржала бројни проекти, за кои како што вели, го унапредиле квалитетот на живот за сите граѓани од оваа општина. „Пред само неколку денови бев овде и ја имав честа да учествувам во поставувањето на камен – темелникот на една од најважните инвестиции во Тетово но и во регионот и државата. Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот, рече Ковачевски, додавајќи дека она што денес е камен – темелник, утре ќе биде работно место за 890 работници. Во изминатите четири и пол години, СДСМ преку централната власт, преку институциите, во Тетово вложи многу повеќе отколку за две децении претходно, Тетово веќе четири и пол години не е заборавена, изолирана општина, туку општина која се развива на секое поле, со низа крупни проекти, кои го менуваат животот на тетовчани на подобро“, истакна Ковачевски. Меѓу поголемите проекти Ковачевски ги издвои новиот затворен пливачки базен, изградбата на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградбата на нов училиштен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово. „Реконструирани се бројни улици, булевари и локални патишта со цел да се подобри комуникацијата на градот со останатите населени места, речиси и да нема сегмент од секојдневното живеење во кој во изминатите четири и пол години не сме инвестирале, тоа е вистинска грижа за Тетово и неговите граѓани, конкретни дела и решенија наместо празни флоскули и ветувања, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Тетово....
Прес 24 | 9 часа
Ковачевски од Тетово: Ние сме коалицијата што обезбеди членство во НАТО и преговори со ЕУ
Коалицијата што ја презентираме тука и коалицијата на централнагта власт докажа дека коалиција која води напред и ги решава стратешките проблеми на државата, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на завршната конвенција пред изборите за советници на општина Тетово. „Ние сме коалицијата што ја внесе државата во НАТО, ние сме коалиција која донесе одлука за започнување на преговори со ЕУ, ние сме коалицијата којашто помогна да се реши прашањето на МПЦ. А што имаме од другата страна? Од другата страна ги имаме ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои не поддржа ниту една одлука за државата. Единствено што гледаме е сеење страв, обвинување без аргуметни, ширење лажни вести, за да шират страв кај граѓаните, за да можат да спечалат евтини политички поени. Граѓаните преку своите пратеници донесоа одлука донсеоа одлука за почнување на преговори со ЕУ, со чист македонски јазик и заштитен иденитет. И оттука враќање назад нема. Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, од тој пат, нема назад, нема лево, нема десно.“ порача Ковачевски. Се друго, порача Ковачевски ќе значи тапкање во место како што се случуваше 11 години во државата и како што се случува 10 месеци сего во Тетово. „Ние имаме концепт што гарантира развој, концепт на единство, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаков концепт на работа, Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ знаат само да правата блокади и деструкции, да сеат омраза и поделби, да работат за своите а не за интересите на граѓаните. Е такво однесување овде во Тетово нема да им помине. Знам дека тетовчани се мудри, искусни луѓе, еснафи кои си го сакаат градот и нема да дозволат тој да остане заглавен во безидејност и бесперспективност, затоа на 20 август сите масовно да застанеме зад советничката листа на СДСМ и коалицијата.“ порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Тетово....
Прес 24 | 9 часа
(ФОТО) Миа Костова со инспиративни комбинации за на плажа
Иако полека се приближуваме кон крајот на летната сезона, се' уште има време „да се разладите“ на овие горештини. За во текот на наредниот период синоптичарите најавија високи темпратури, па ако сте размислувале дали да одите на море или езеро, ова е вистинското време. Но, доколку Ви недостасува инспирација за модни комбинации за на плажа, ѕирнете низ галеријата на инфлуенсерката Миа Костова. Таа веќе неколку месеци е во Албанија и секојдневно на социјалните мрежи објавува фотографии на кои позира во различни модни комбинации за на плажа. View this post on Instagram A post shared by Mia Kostova (@miandrija) View this post on Instagram A post shared by Mia Kostova (@miandrija) View this post on Instagram A post shared by Mia Kostova (@miandrija) View this post on Instagram A post shared by Mia Kostova (@miandrija)...
Прес 24 | 9 часа
Ако немате потреба, не излегувајте од дома - утре температури до 42 степени
Утре ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат, велат од УХМР....
Прес 24 | 9 часа
Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам на чудо
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност. „Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“ – објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм. Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа. „Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)...
Прес 24 | 9 часа
Додека се дружел со фановите, на познат фудбалер му украле часовник вреден 75.000 евра
Новото засилување на Барселона, Роберт Левандовски, бил ограбен пред денешниот тренинг додека се дружел со навивачите на Барселона, пишуваат шпанските медиуми. Полскиот интернационалец застанал со својот автомобил да се фотографира со навивачите. Во тој момент крадците насилно му одзеле часовник вреден 75.000 евра и побегнале. Левандовски се обидел да ги фати, изјавија сведоци за Мундо Депортиво, но не успеал во својата намера. Подоцна крадците биле пронајдени од каталонската полиција, а часовникот наводно бил сокриен под дрво....
Прес 24 | 9 часа
ВИДЕО: Силно невреме во Љубљана, ветер со над 100 км/ч
Љубљана попладнето ја зафати силен бурен ветер. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал. Околу 15 часот кон Словенија дошло невреме од северниот дел на Јадранот. Околу 14:30 часот Љубљана ја зафатил силен ветер, а потоа бурата се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми. Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо), ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд. Денешното невреме траело кратко и немало многу врнежи. Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута. V Kranju je nevihtni veter odnesel streho večstanovanjske stavbe. Več https://t.co/V7DE8tcr6N BOBO pic.twitter.com/VNZTgZvNC8 — N1 Slovenija (@n1slovenija) August 18, 2022...
Прес 24 | 10 часа
Марс во Близнаци носи промени: 3 хороскопски знаци ги очекува богатство и магичен успех
Марс е планета на акција и страст, планета која не тера да дадеме се од себе за да го постигнеме она што го сакаме, велат астролозите. Оваа година тој влегува во Близнаци на 20 август 2022 година и ќе остане во овој знак цели седум месеци. Идеалното време во кое можете да добиете посебен енергетски поттик е до 30 октомври, кога тој ќе оди во ретроградна состојба. Затоа подгответе се за овој пресврт и искористете го максимумот од Марс во Близнаци.Без јасна насока и дисциплина, овој транзит може да донесе многу хаотични пресврти. Затоа, бидете внимателни ако имате тенденција да ја изгубите концентрацијата, ако лесно ви е здодевно. Охрабрете ја вашата љубопитност и обидете се да ги решите проблемите на нов начин. Три хороскопски знаци ќе добијат посебен излив на енергија. ОвенМарс е вашиот владетел, па неговото влијание ќе биде навистина опипливо. Обидете се секогаш да имате што да правите, инаку ќе станете раздразливи и многу немирни. Ако ги имате на листата на обврски и оние кои можат да се направат брзо и лесно, направете го тоа како ваша прва акција. На овој начин ќе заштедите сила за предизвиците кои ве очекуваат. БлизнациОва ќе биде вашето време, вашиот момент да блеснете. Дали сте чекале некое време да донесете одлука? Ова е транзит кој ќе ви помогне да направите важен чекор и може да ве доведе до магичен успех. Не бегајте од преземањето на сосема нови проекти, особено оние кои во вас будат вистинска страст. Ако срцето ви танцува, Марс ви вели да одите таму каде што ве носи тој ритам. ВодолијаДодека Марс се движи низ вашиот пријателски, воздушен знак, и вие ќе доживеете наплив на огромна креативност. Време е конечно да го заработите својот талент, имагинација, интелект, тоа не се квалитети кои другите така лесно ги расфрлаат. Дозволете им на другите да знаат дека треба повеќе да ги ценат вашите нови идеи и уникатен пристап. Финансиското задоволство дополнително ќе ја зајакне вашата мотивација....
Прес 24 | 10 часа
Љоренте ја отфрли понудата на Челзи од 60 милиони евра
Челзи понуди 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Маркос Љоренте. Самиот играч ја одбил понудата, објави на Твитер новинарот, Матео Морето. Дваесет и седумгодишниот Шпанец за мадридскиот клуб настапува од 2019 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година. Како дел од Атлетико, играчот од средниот ред стана шампион на Шпанија во сезоната 2020/21, а играше и во финалето на Европското младинско првенство 2017 година. Минатата сезона Љоренте запиша 40 настапи за клубот, креираше три асистенции. Според „Трансфермаркт“, играчот вреди 45 милиони евра....
Прес 24 | 10 часа
Ердоган: Никој не сака светот да доживее уште еден Чернобил
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по трилатералната средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека „никој не сака светот да доживее нов Чернобил“. Во украинскиот град Лавов, Ердоган изрази загриженост за борбите што се водат во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје, објави турската ТРТ. „Ќе ги оценам резултатите од сите наши денешни средби со господинот Путин“ рече Ердоган на заедничката прес-конференција со Гутереш и Зеленски, додавајќи дека би сакал да разговара со рускиот претседател и за прашањето за размена на затвореници меѓу Москва и Киев. Турскиот претседател посочи дека меѓу темите на трилатералната средба биле можните начини за ставање крај на конфликтот во Украина и додаде дека Анкара е подготвена да придонесе за обновување на преговарачкиот процес во Истанбул, во кој учествуваа претставници на Москва и Киев. Ердоган истакна дека и Зеленски и Гутереш се согласуваат со него дека ситуацијата во Украина мора да се реши на преговарачка маса. Зеленски, сепак, изјави дека преговорите меѓу Киев и Москва се можни само по повлекувањето на руските сили од териториите под контрола на руската армија....
Прес 24 | 10 часа
Османи: Ги осудувам свирежите на македонскиот јазик
Свирежите за македонскиот јазик се за осуда се за осуда, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Овој став го соопшти во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 ТВ. „Тоа сигурно е за осуда. Јас бев присутен на настанот и тоа го направи една група тинејџери. Според мене лично, реакцијата на поголемиот дел од присутните беше против реакцијата на тинејџерите“, објасни Османи....
Прес 24 | 11 часа
Османи: Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците
Преговорите за членство со ЕУ ги почнавме од дента на одржување на првата меѓувладина конференција, но не ќе можеме да го отвориме Поглавјето 23, доколку не го промениме Уставот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Скринингот ќе го завршиме, но Поглавјето 23 не можеме да го отвориме доколку не го смениме Уставот и тоа е компромисно решение, затоа што позицијата на Република Бугарија беше тврда до последниот момент дека нема почнување на преговори без воопшто да се направат тие уставни измени. И ние тоа не го прифативме. Ние го одбивме тоа решение кое што Бугарите го понудија – да добиеме почеток на преговори и скрининг, а во меѓувреме да се прави измена на Уставот, рече Османи при денешното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Телевизија Канал 5. Тој потенцира дека измената на Уставот подразбира внесување на хрватската, црногорската и бугарската заедница заедно со останатите шест заедници коишто се веќе наведени во текстот на Преамбулата. На прашањето дали стравува дека можеби нема не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, Османи потенцира дека во текот на разговорите со Бугарија комуницирал и со претставници на македонската опозиција и од ниедна партија не слушнал аргумент против внесување на Бугарите во Уставот – Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците, на македонскиот народ и на Република Северна Македонија, затоа што првпат институционално се дефинира однос помеѓу мнозинско македонско население и бугарската малцинска заедница. Првпат во историјата на односите имаме формално институционализирање на тој однос и го направи неповратлив и иреверзибилен. Јас ова сум го слушнал од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи. Според него, дури и од претставници на ВМРО-ДПМНЕ го слушнал мислењето дека се направило грешка што Бугарите не биле внесени во Уставот кога се направија уставните измени во 2001 година, а сега ова прашање се користи за дневна политика. – Жално е што европската перспектива, стратешките прашања на граѓаните, стандардот на граѓаните, нивната иднина, се ставаат во функција на политичката и партиската иднина на одредени политичари. Тоа е жално, изјави Османи. Според Османи, во претстојните „15 месеци додека трае скринингот“ и додека да стигнеме до Поглавјето 23, властите ќе се обидат да ги разобличат сите тие што сакаат нивните кариери да ги стават пред стратешките интереси на земјата. – Ќе одиме до секој граѓанин за да им кажеме кој е ризикот од промена на Уставот, што е лошо во тоа до Албанците, Турците, Србите, Ромите… да се внесат и Црногорците, Хрватите и Бугарите. Кој е тој ризик, а кои се бенефитите од таков процес. Ве уверувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ убедувањето е дека нема никаков ризик од таков процес, туку напротив има интерес државата тоа да го направи. Битно е да се најде начин, а јас сум сигурен дека кога ќе постави на маса, ќе има доволно пратеници коишто ќе ги потврдат. Нотарските изјави мислам дека се уште едни инструменти од тој партиско-политички фолклор, рече министерот Османи. Османи изјави дека не е за референдум за ова оваа прашање затоа што, како што рече, граѓаните се изјасниле по однос на европската перспектива. – Ако треба да има, прашањето треба да биде – Дали сте за ЕУ или не. Се друго апсолутно ќе биде манипулација на граѓаните. Така што мислам дека никој нема дилема дека оваа мала држава зависна од регионалните и европските процеси може да опстојува нормално и оптимално во Европската унија, рече тој. Во однос на тоа дека извештајот за транспарентност на Владата вели дека Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците биле едни од најтранспарентните, Османи истакна дека тоа се однесува на делот во однос на објавата на огласи, а не во комуникацијата со јавноста. – Слободно нека направи некој анализа по однос на тоа колку пати јас сум одржал брифинг, прес-конференција, комуникација, интервјуа на тема односи со Република Бугарија. Значи, нема прашање кое што не е разговарано десетици, десетици пати во текот на овој период. Меѓутоа, ние знаевме од почеток кои и да бидат решенијата од овој процес дека опозицијата е спремна да го искористи тоа во дневно-политичката борба и тие имаа сценарија. Сценарија од типот доколку не успее државата да ги почне преговорите, да почне кампања со протести за неспособна Влада која што еве не блокира за европскиот процес. Доколку успееме – ова е предавничка влада која што еве ги продаде интересите. Значи, воопшто ве уверувам дека ги немаат прочитано решенијата, го немаат прочитано „францускиот предлог“, ниту Протоколот, ниту овие решенија на Историската комисија. Се е партиска калкулација и тоа ме боли затоа што мислев дека има одредена граница до партиско-политички интерес и каде почнува еден државен интерес којшто треба да биде натпартиски. За жал, се уверив дека кај одредени политички партии таква граница воопшто нема, посочи Османи. Во однос на реакциите од граѓанскиот сектор против „францускиот предлог“, Османи истакна дека и тој сакал идеален чист европски процес. – Меѓутоа, за жал, реал политиката не е таква. „Францускиот предлог“ не е предлог којшто почнува од ништо. „Францускиот предлог“ е продолжение на неколку обиди на неколку претседателства. Така што, доколку се разбира би збореле од перспектива на некој идеален пуританистички концепт на европски интеграции – ОК, можеме да најдеме забелешки. Но, прашањето е дали почнавме преговори после 17 години? Да, почнавме преговори, исто како Албанија. Дали се загрозени националните, идентитетските прашања на било кој народ во Република Северна Македонија? Најодговорно тврдам – не. Тоа се лажни информации со кои се обидуваат да ги плашат граѓаните за да освојат некој политички поен повеќе, истална Османи....
Прес 24 | 11 часа
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот....
Прес 24 | 11 часа
Гренел: Курти ја отфрли секоја идеја што ја предложија САД
Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина – Ричард Гренел потсети дека Албин Курти ја отфрлiл секоја идеја предложена од Соединетите Американски Држави. „Да ве потсетам, Курти ја отфрли секоја идеја предложена на Косово од американските претседатели. И демократска и републиканска“ – напиша Гренел на Твитер. „Тоа едноставно е факт“ – додаде тој. Reminder, @albinkurti has rejected every idea that U.S. Presidents have given Kosovo. Both Democrat & Republican Presidents. This is just a fact. — Richard Grenell (@RichardGrenell) August 18, 2022...
Прес 24 | 11 часа
Државните институции во време на пандемија купиле 150 луксузни автомобили
Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку станува збор за 150 нови автомобили, додека државата не можеше да обезбеди соодветна заштита за сите граѓани. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија. „Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила“, рече Ивановска....
Прес 24 | 11 часа
Османи: Политички центри пласираат лажни вести за решенијата на Историската комисија за дневно политичка борба
Негативните реакции во однос на договорените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања се последица на намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри, со цел да се искористи дебата за дневно политичка борба, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести. Значи, можам најодговорно да кажам дека 95 проценти од сите шпекулации, од сите информации во врска со „францускиот предлог“, во врска со Протоколот, во врска со решенијата на Комисијата се намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри со цел да се искористи емотивниот карактер на оваа дебата во дневно политичката борба, истакна Османи во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5. Според него, главен проблем е што одредени политичари по секоја цена, дури и за прашања коишто се најсуштествени за државата, се калкулираат само од аспект дали се на власт или не. – Битно е да се слушаме. Мислам дека не се слушаме во оваа дебата. Мислам дека сме закотвени во нашите позиции, онака како ние мислиме дека е нашиот политички поглед по однос на тоа прашање и воопшто не ги слушаме аргументите. Денеска излегува Историската комисија и кажува – дајте аргументи за овие тези коишто ги кажувате против решенијата. Никој не дава аргументи. Дури и авторите на слични решенија се критични, бидејќи стана популарно да се биде критичен. Стана нов тренд и нова мода да се биде критичар. Но, реалноста не е тоа. За жал, проблемот е што не се слушаме, а не во тоа дека не говориме доволно, додаде шефот на дипломатијата. Според него, во јавноста се создаде погрешна перцепција дека историчарите од бугарската дел од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања изразиле чувство на триумфализам во однос на договорените решенија. – Тоа е една маргинална група на историчари во Република Бугарија кои се на маргините на политичката дебата и се поставени провокативно кон овој процес. Се обидуваат намерно да го направат токму тоа, бидејќи во Република Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам, истакна Османи. Тој нагласи дека решенијата на Комисијата што беа презентирани во јавноста оваа недела се договорени уште во 2019 година и се одобрени од претходниот министер за надворешни работи Никола Димитров. – Во меѓувреме немаше нови решенија. Тие се однесуваат на прашања од античкиот период за којшто немаше многу разлика помеѓу двете држави, додаде Османи....
Прес 24 | 11 часа
Финска соопшти дека руски авиони влегле во нејзин воздушен простор
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад. Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури. Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал“ во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море....
Прес 24 | 11 часа
Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба
Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во 06:00 часот во водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, наведуваат МВР...
Прес 24 | 11 часа
Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД
Природниот гас во Европа се тргува по цени еквивалентни на околу 70 долари за милион британски термални единици (BTU), што е приближно седум пати повисоки од цените во САД, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи ја анализата на нафтената сметководствена компанија Lipov Oil Associates. Еден милион британски термални единици се еднакви на 293 киловат-часови (kWh) електрична енергија. На затворањето на американското тргување во вторникот, цената на гасот беше 9,33 долари за милион BTU, јавуваат американските медиуми. Аналитичарите во САД велат дека европската криза со природен гас придонесува за повисоки цени во Америка, но дека тоа не е главниот двигател на растот на цените, додава Си-Ен-Ен. „Повеќе глобални цени се прелеваат во САД. Природниот гас стана глобална стока со појавата на течен природен гас (ТНГ)“ – рече Роб Тамел, висок менаџер на портфолио во Tortiz Capital Advisors. Соединетите Држави го зголемија извозот на TPG во Европа во обид да го ублажат влијанието на намалените испораки од Русија, главниот снабдувач на природен гас на Стариот континент додавајќи дека секоја достапна молекула на гас се испраќа од САД во еврозоната. Цените на бензинот во Европа се зголемени за четири пати од почетокот на годината поради намалувањето на руските текови. Цената на пазарот на фјучерси во центарот TTF во Холандија надмина 2.600 долари за илјада кубни метри оваа недела за прв пат од март, потсетува RT. „Газпром“ предвидува дека цената на гасот може да порасне за 60 отсто оваа зима, на повеќе од 4.000 долари за илјада кубни метри....
Прес 24 | 11 часа
Македонскиот тим од историската комисија: Најголема лага е дека текстовите за заедничко чествување ќе се применат во образованието
Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања упати реакција во врска со објавените решенија на комисијата, усвоени во 2018 и 2019 година. Реакцијата ја објавуваме во целост: „На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата. Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до Владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност. Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство: 1. Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители“, а словенската писменост како „старобугарска“. 2. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа. 3. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид. 4. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект. 5. Самоил е бугарски цар. 6. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад. Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување? Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.“ Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.“ Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира“ Македонците? Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…“, каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица“ (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.). На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец“, во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес? Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“ (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале? Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ? Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината“ (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација“ објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја“. Притоа, некои од „традиционалните учени“ се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство“. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија“ (Стојко Стојков, цит. труд, 119). Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување. Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство. Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски“...
Прес 24 | 12 часа
Погоден е станбен блок: Ракетни напади врз Хрков - загинаа најмалку 12 лица
Изминатите неколку часа интензивирани се ракетните напади врз Харков, а вкупно од синоќа загинаа најмалку 12 луѓе. При нападите повредени се најмалку 20 луѓе. Во денешните напади погоден е и станбен блок....
Прес 24 | 12 часа
Спасовски: Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа
Членот на ЦО, Оливер Спасовски денеска се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски. "Скудриње знае дека најдобариот избор за Маврово и Ростуше е Медат Куртовски. Медат тука ја донесе првата градинка, асфалтирани улици, реконструиран е локалниот пат во должина од 2.5 километри, изграден е дел од канализациона мрежа изработени се и шахти за приклучок на мрежата, извршена е санација на доводната цевка која поминува низ река Радика обезбеден е сигурен проток на водата до Скудриње и многу други проекти. Медат работи вредно и домаќинско. Не ги дели граѓаните, туку ги сполотува, правејќи улици кои ги поврзуваат населените места. Таков градоначалник му треба на Маврово и Ростуше", рече Куртовски. „Во Скудриње е изграден е и потпорен ѕид на локалниот на местото каде што се појави свлечиште. Со ова е зголемена безбедноста иа жителите и возилата. Во наредниот период, предвидена е да се изградат улици во населбата Падина и Шуплица. Скудриње ќе добие и нов паркинг простор, а ќе се уреди и паркингот во месноста Бигорец. За најмалите ќе се уреди детско игралиште, а ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Жителите на Маврово и Ростуше знаат дека со Медат Куртовски ќе продолжи развојот на општината со секое населено место. СДСМ е гарант дека ветеното се исполнува, граѓаните ја препознаваат разликата и затоа в сабота, на 20 август, нивната поддршка и доверба е за Медат Куртовски“, стои во соопштението на СДСМ доставено до медиумите....
Прес 24 | 12 часа
Ковачевски се сретна со Метју Лосон: Гo потврдивме големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство
Премиерот Димитар Ковачевски се сретна денеска со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната – како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. При тоа е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот. На средбата е истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички е констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. „Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад“, рече премиерот Ковачевски....
Прес 24 | 12 часа
Бременоста ја држеше во тајност: Пејачката Симона стана мајка по вторпат (ФОТО)
Поп-пејачката и докторка Симона Поповска вчера се породи со своето второ дете. Убавата Симона роди син, а среќната вест, преку честитки од нејзините блиски, ја сподели на својата инстаграм-приказна. Симона и втората бременост, како и првата, ја држеше во „тајност“. View this post on Instagram A post shared by (@simonapopovskaofficial)...
Прес 24 | 12 часа
СВР Тетово: Казнети 19 мотоциклисти - не носеле кацига
Во последната акција на полицијата по полошките сообраќајници, откриени се и санкционирани 19 лица поради неносење на заштитна опрема. Од СВР Тетово информираат дека во денешната акциска контрола вкупно биле откриени и санкционирани 23 прекршоци (на тетовското подрачје-8 и гостиварско-15). – Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење заштитна опрема (ТЕ-5 и ГВ-14), односно кациги. Двајца мотоциклисти управувале без положен возачки испит (ТЕ-1 и ГВ-1) и 2 (ТЕ) не поседувале осигурителни полиси. При контролата, исто така, санкционирани се и пет други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3), наведуваат од СВР Тетово. Оттаму апелираат до мотоциклистите задолжително да носат заштитна опрема, да не седнуваат зад волан без возачки дозволи и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли. Од СВР Тетово најавуваат дека до крајот на овој и наредниот месец се планирани засилени контролни активности на мотоциклистите во Полог, чиј број деновиве осетно е зголемен на тетовските и гостиварските улици, но и по околните регионални патишта....
Прес 24 | 12 часа
Превезувале патници без лиценца - ќе одговараат кривично
СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца стружани за вршење јавен превоз без лиценца, соопшти Министерството за внатрешни работи. – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Струга и И.Ј.(51) од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 12.06.2022 година кај селото Подмолје, полициските службеници го затекнале првопријавениот при управување такси возило, сопственост на второпријавениот, без соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници издадена од надлежен државен орган, посочуваат од МВР....
Прес 24 | 12 часа
Во Грција потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници
Во Грција се потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници, два повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдените случаи се мажи од 19 до 59 години, односно просечната возраст е 36 години, а 16 од заразените (32 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Исто така се додава дека во Европа, до 16 август 2022 година, регистрирани се 18.960 случаи на мајмунски сипаници во 43 земји. Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни. Како што вчера објави МИА, министерот за здравство на Грција Танос Плеврис соопшти дека во вторникот во земјата пристигнале околу 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници, а следната седмица Комисијата за имунизација ќе одржи состанок за начинот и условите за вакцинација. Паралелно освен вакцините, Грција е во координација со Европската комисија за набавка на 100 терапии....
Прес 24 | 13 часа
Водителката Лила со другарките во Грција: Сите погледи вперени во четирите грации (ФОТО)
Водителката Лила Стојановска заедно со уште три другарки, ги спакуваа куферите и решија среде работна недела да се разладат во Грција. Таму е веќе неколку денови заедно со колешката водителка Јована Стојменовиќ, но и Бојана Стојменовиќ и Сузана Митревска. Уживаат на плажа и решија да ги одбележат моментите поминати заедно. Водителката Стојановска на својот профил, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија на која позираат четирите грации во бикини. „Вештерките на Олимп“, напиша Лила во описот на објавената фотографија. View this post on Instagram A post shared by Lila (@lilafilipovska) Иако фотографијата е објавена само пред неколку часови, следбениците не губеа време и веднаш го искажаа своето мислење за нивниот изглед во делот за коментари, а исто така фотографијата има илјадници допаѓања („лајкови“). Четирите грации исто така позираа и со зајдисонцето, а Лила со „селфи“ го овековечи и тој момент. Кога станува збор за избор на бикини, Лила денеска се одлучи за едноделен костум за капење, кој го разоткрива нејзиното богогато деколте. Изгледот го докомплетира со големи црни очила за сонце и елегантно ланче. Како ќе ги поминат останатите денови во Грција четирите убавици останува да видиме. Но, едно е сигурно, сите погледи се вперени во овие четири грации кои навистина знаат да уживаат во целост....
Прес 24 | 13 часа
НБ: Зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе го ублажи ценовниот раст
Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо, истакнува во интервјуто за „Пари.мк“ Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, како што посочува таа, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. -Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели Давидовска-Стојанова....
Прес 24 | 13 часа
МТСП: Обезбедивме летување за 250 деца од семејства во социјален ризик
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата-корисници на бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права за 2022 година во одморалиштето „Шула Мина“ во Крушево. Како што информира МТСП, годинава обезбедиле летување за 250 деца родени во периодот од 2008 до 2011 година кои се редовни ученици во основно училиште, од семејства во социјален ризик (детски додаток, образовен додаток и гарантирана минимална помош), како и деца корисници на посебен додаток до 26 години. Во моментов во тек е летувањето на втората група на деца со околу 125 корисници. Министерката истакна дека реализацијата на овој проект е овозможена со поддршка на Црвениот Крст кој обезбеди волонтери кои се присутни за време на летувањето на планираните групи и се грижат за реализација на активностите во рамките на проектот, како и за безбедноста и добросостојбата на корисниците. Услугата опфаќа престој од шест полни пансиони со три оброци во денот кој што се однесуваат и на придружникот кој што е присутен тука заедно со корисникот. Активностите кои што се дел од летувањето се од едукативен карактер. – Ова претставува активен одмор за децата во кој се вклучени воспитно – образовни, спортско-рекреативни и културно-забавни активности. Социјализацијата на децата е една од најбитните компоненти за среќни детски мигови, токму ваквата иницијатива и нејзината реализација ќе придонесе кон исполнување на ваквата цел. Министерството продолжува со унапредување на квалитетот на живот на децата и овозможување на еднакви можности каде што во фокус се децата од социјален ризик, рече Тренчевска. Министерката информираше дека Министерството за труд и социјална политика во својата агенда го има и планот за зимување. –Задоволството на детските лица уште еднаш покажа дека зголемувањето на обемот на социјални услуги директно влијае и го унапредува квалитетот на живот на нашите граѓани. Како министерка уште еднаш ги потврдувам нашите заложби за овозможување на еднакви можности на лицата со попреченост и лицата во социјален ризик, порача Тренчевска од Крушево. Бесплатната услуга за одмор и рекреација се реализира по две години пауза поради пандемијата со Ковид-19. За нејзина реализација од буџетот на Министерството беа наменети два милиони денари....
Прес 24 | 13 часа
Скок на транспарентноста на Владата: Од 25% на 100%
Владата има максимални 100 проценти активна транспарентност од можни 100 отсто, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска владината Прес-служба. – Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25 отсто транспарентност во 2016 година, денес согласно рангирањето има целосна, односно 100 отсто транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент, се наведува во соопштението. Од владината Прес-служба посочуваат дека според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто и во однос на минатата година, кога изнесувала 63 проценти, е подобрена за десет процентни поени. – Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 отсто од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85 проценти, а на општините 70 отсто. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет, се додава во соопштението. Владата посочува дека продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено објавување на информациите од јавен карактер, како еден од нејзините врвни приоритети. – Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција, се додава во соопштението....
Прес 24 | 13 часа
Маричиќ: Mирот, стабилноста и безбедноста се обезбедени за нашата земја
Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска ја предводеше владината делегација составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, која по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски. -Нивите дела и заложби се наш аманет и нè задолжуваат да продолжиме да ја развиваме нашата земја во мир, градејќи просперитетна Северна Македонија, со европска иднина на која сите ќе бидеме горди, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ. Маричиќ го честита Денот на Армијата на Република Северна Македонија, заблагодарувајќи се на припадниците на Армијата за нивната посветеност во извршувањето на сите зададени должности, за професионалниот и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, посочувајќи дека најважно е што Северна Македонија има обезбеден мир, стабилност и безбедност. -После 30 години развој и предизвици, денес Армијата е модерна и оспособена структура која со успех и високи оценки ги положи сите испити кои и беа поставени во процесот на евроатлантските интеграции. Денес македонската Армија рамноправно може да се носи со современите вооружени сили и партнери во најмоќниот воен сојуз – НАТО, стои во честитката на Маричиќ. Според вицепремиерот денешниот ден е и можност да се потсетиме на сите оние кои во различни периоди, често положувајќи ги своите животи на олтарот на слобода, ги поставија темелите на македонската државност. Покрај владината делегација, венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, положија и делегации на Собранието, на министерството за одбрана, на Армијата на Република Северна Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини, како и делегација од кабинетот на поранешниот претседател Иванов....
Прес 24 | 14 часа
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан
„ВМРО-ДПМНЕ никако да се откаже од деструкциите и од неодговорното однесување“. Ова го потенцираат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите. Од владејачката партија велат дека од ВМРО-ДПМНЕ денеска се обиделе да политизираат врвен спортски настан, алудирајќи на Охридскиот маратон. „Колку оваа партија предводена од Христијан Мицкоски е заглавена во сопствената деструктивност, говори тоа што денеска ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан како што е Охридскиот маратон и истиот да го злоупотреби во дневнопартиски цели. Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт ја преземаа организацијата на Охридскиот пливачки маратон и тој оваа година ќе се одржи како што се одржува секоја година шест децении наназад. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски изгубија секаков компас во нивното политичко дејствување откако им пропаднаа сите обиди за дестабилизација, сите крвави сценаријa“, стои во реакцијата на владејачката партија....
Прес 24 | 14 часа
Kaj Св.Николе пронајдени скоро 60 мигранти
На 17.08.2022 во 20.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и ОВР Свети Николе во атарот на с. Стањевци, Светиниколско, пронашле 57 лица мигранти од Сирија, Пакистан и Конго, информираат од МВР. Лицата се пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка....
Прес 24 | 14 часа
Oбвинителството во Бугарија бара траен притвор за српскиот возач
Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор. 40-годишниот Србин е возачот на автобусот кој се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија. Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни. Делото е оквалификувано по член 343 став 3 б „а“ во врска со член 342 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот. За 28 дена ќе заборавите на болки во зглобовите или ‘рбетот:гарантирани успеси со сигурни медицински тестовиАкциите за увидот се во тек....
Прес 24 | 14 часа
Скопје: 30-годишник истепал вработен во Одделение за управни работи
На 17.08.2022 околу 16.20 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ф.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што околу 15.30 часот физички нападнал вработен во Одделението за управни работи Скопје на подрачјето на Центар, информираат од МВР. Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок....
Прес 24 | 14 часа
Шолц: Секој обид да се негира Холокаустот е неприфатлив
Германскиот канцелар Олаф Шолц јасно му рекол на израелскиот премиер Јаир Лапид во телефонски разговор дека секој обид за минимизирање или негирање на Холокаустот е неприфатлив, изјави портпаролот на германската влада. Двајцата лидери се договорија наскоро да се сретнат во Берлин, рече портпаролот. За време на заедничката прес-конференција со Шолц во вторникот, палестинскиот претседател Махмуд Абас го обвини Израел дека извршил „50 холокаусти“, запрашан за коментар за претстојната 50-годишнина од нападот на палестинските милитанти врз израелскиот тим на Олимписките игри во Минхен. Германските медиуми го критикуваа Шолц што веднаш не ја осудил изјавата на Абас за време на прес-конференцијата, пренесува „Ројтерс“....
Прес 24 | 14 часа
Скопјанец тешко повреден, паднал од електричен тротинет
Вчера во 08.00 часот било пријавено дека на ул.„Георги Димитров“ во Скопје, Н.М.(38) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот, велат од МВР. „Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје....
Прес 24 | 14 часа
Млад Косовец примен во болница, бил претепан од неколку лица
Денеска во 00.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен повреден Л.Г. (20) од Косово. „Лицето било нападнато во близина на Железничката станица од неколку лица кои употребиле тврди предмети“, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот....
Прес 24 | 14 часа
Рачна бомба пронајдена на охридска плажа
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека околу 06.00 часот во водите на Охридското езеро била пронајдена рачна бомба. „Во водите на Охридско езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период“, информираат од полицијата. МВР соопшти дека бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка....
Прес 24 | 14 часа
Премиерот Ковачевски се сретна со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон
Премиерот Димитар Ковачевски се сретна денеска со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната – како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. При тоа е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот. На средбата е истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички е констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. „Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад“, рече премиерот Ковачевски....
Прес 24 | 14 часа
Заменик директор истепал директор во скопско училите
Вчера во 11.15 часот било пријавено дека во с. Буковиќ, скопско, се случила тепачка во основно училиште. „Во основно училиште по претходна расправија М.Б.(63) од с.Буковиќ (заменик директор во училиштето) физички го нападнал Ш.Д.(50) од с.Чајлане (директор во училиштето)“, информираат од МВР. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок....
Прес 24 | 14 часа
Мистериозна смрт на жесток критичар на Путин, полицијата го истражува случајот
Почина 52-годишниот Ден Рапопорт, жесток критичар на Владимир Путин и инвестициски банкар во егзил. Полицијата потврди дека Рапопорт починал во Вашингтон откако ја напуштил Русија. Нешто пред 18 часот бил пронајден пред луксузна станбена зграда во Џорџтаун. Пред тоа полицијата добила дојава дека некој скокнал од зградата, пишува Индипендент. Итниот персонал на Рапопорт му дал прва помош на местото на настанот и тој бил пренесен во болница. Таму подоцна бил прогласен за мртов. Смртта на Ден Рапопорт останува под истрага, изјави портпаролката на Метрополитен полицијата. Индипендент го добил полицискиот извештај во кој се наведува дека Рапопорт во моментот на смртта имал скршен мобилен телефон, очила, возачка дозвола и 2.620 долари во готовина. Јунија Пугачева, поранешна уредничка на руското списание „Татлер“, на Телеграм ја објави веста за смртта на Рапопорт. Пугачева тврди дека неговото куче било пронајдено во близина на неговиот дом во Вашингтон со пари и проштална белешка. Вдовицата на Ален Рапопорт наводно негираше дека нејзиниот сопруг се самоубил. Таа за руската новинска агенција РБЦ изјави дека истрагата за смртта на нејзиниот сопруг е во тек и дека нема пораки или самоубиство. За жал, сопругот и таткото на нашата ќерка повеќе не се со нас“, изјави вдовицата за РБЦ. Рапопорт ја напушти Русија во 2012 година поради неговата поддршка на продемократскиот активист и противник на Путин, Алексеј Навални. После тоа купил недвижен имот во Вашингтон, кој подоцна и го продал на Иванка Трамп. По продажбата на недвижниот имот, Рапопорт се преселил во Киев и таму ја запознал својата идна сопруга Алена, украински виролог. Таа вели дека со својата ќерка требало да се сретне со сопругот во САД. Истакнатиот критичар на Путин, Бил Браудер, се огласи на Твитер за смртта на Рапопорт. „Ова е многу вознемирувачка вест. Тој беше еден од првите финансиери од Москва што ги познавав, кој јавно го поддржуваше Навални. Почивај во мир, Ден“, објави Браудер на Твитер....
Прес 24 | 15 часа
Нови 491 позитивни случаи на ковид-19, починаа осум лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на Ковид-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година. Направени се 1.108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а бројот на активни случаи изнесува 3.483 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 158588, Активни 1422Куманово 17920, Активни 150Битола 17495, Активни 253Прилеп 15225, Активни 150Тетово 14344, Активни 118Кавадарци 11819, Активни 134Велес 10632, Активни 111Гостивар 10198, Активни 84Охрид 10034, Активни 208Струмица 8684, Активни 85Штип 8634, Активни 78Кичево 6006, Активни 48Кочани 5434, Активни 62Струга 5122, Активни 64Гевгелија 4756, Активни 61Неготино 4085, Активни 80Ресен 2980, Активни 24Радовиш 2789, Активни 55Свети Николе 2763, Активни 14Крива Паланка 2595, Активни 32Делчево 2108, Активни 69Берово 1802, Активни 28Дебар 1794, Активни 20Валандово 1583, Активни 8Виница 1459, Активни 27Пробиштип 1296, Активни 4Богданци 1085, Активни 22Кратово 1081, Активни 14Крушево 1008, Активни 21Демир Хисар 911, Активни 11Македонски Брод 784, Активни 9Демир Капија 623, Активни 7Македонска Каменица 533, Активни 3Пехчево 505, Активни 7Дојран 365, Активни 0...
Прес 24 | 15 часа
Подзнакот во хороскоп е важен: Овие работи ги кажува за вашиот знак
Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите. Доколку не го знаете вашиот подзнак, проверете го со помош на калкулатор, за кој ќе ви треба точното време и местото на вашето раѓање. Овен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно. Бик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено. Близнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни. Рак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно. Лав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно. Девица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно. Вага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно. Скорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно. Стрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво, и искрено. Јарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите. Водолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски. Риби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо....
Прес 24 | 15 часа
„Блиц“: Нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Курти одбива компромис
Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи приштинскиот премиер Албин Курти одбива каков било компромис, пишува српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на свои извори од Брисел. Како што наведува весникот, во текот на вечерта или утре во текот на денот се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата. Претходно денеска претседателот на Србија од Брисел закажа средба со Србите од Косово, која ќе се одржи во недела во 11 часот во палатата „Србија“. На средбата беа поканети сите политички и институционални претставници на Србите во Косово, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници. „Поканата на Вучиќ до Србите на средба е сигнал за лоши вести од Брисел“, вели изворот на „Блиц“. Вучиќ и Курти со претставници од ЕУ разговараа речиси два часа....
Прес 24 | 16 часа
(ВИДЕО) Премиерката на Финска била на луда забава, опозицијата бара да прави тест за дрога
Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром. На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми. Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно. „Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер. На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико. This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool... maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8 — Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022...
Прес 24 | 16 часа
Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон
Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. „Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот“, велат од Агенцијата. Со тоа, и годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан, велат од Агенцијата....
Прес 24 | 16 часа
Утре се празнува Преображението на Господ Исус Христос на Тавор
Според Календарот на МПЦ утре се празнува Преображението на Господ Исус Христос на Тавор. Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија. Но додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Зашто Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Когошто тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да н ? научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мосјесј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Еремија или некој друг – затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мосеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа. ТропарСи се преобразил на Гората, Христе Боже, Ти, Кој на учениците им ја покажа Твојата слава, колку што поднесуваа. Да ни засветли и нам, грешните, Твојата вечна светлина, по молитвите на Богородица, Дарителу на Светлината, слава Ти. КондакНа гората си се преобразил, Христе Боже, и Твоите ученици ја видоа Твојата слава колку што поднесуваа; та, кога ќе Те видат како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдање е доброволно, и на светот да му проповедаат дека си Ти, навистина, Светлина на Отецот....
Прес 24 | 16 часа
Вучиќ од Брисел закажал сoстанок со Србите од Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажал средба со Србите од Косово од Брисел, пишуваат српските медиуми. Средбата треба да се одржи в недела во 11 часот во палатата „Србија“. Според „Новости“, на средбата биле поканети политички и институционални претставници на Србите од Косово и Метохија, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници. Вучиќ денеска е во Брисел на средба со косовскиот премиер, Албин Курти....
Прес 24 | 17 часа
Столтенберг: Ќе го зголемиме бројот на војници ако ескалираат односите помеѓу Косово и Србија
НАТО ќе го зголеми бројот на војници во Косово доколку дојде до ескалација на тензиите со соседна Србија, рече шефот на алијансата Јенс Столтенберг, во пресрет на разговорите меѓу лидерите на двете земји, пренесува „Еурактив“. „Сега имаме значајна мисија, воено присуство на Косово близу 4.000 војници“, рече Јенс Столтенберг на прес-конференција по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, кој стоеше покрај него. „Доколку е потребно, ќе придвижиме сили, ќе ги распоредиме таму каде што е потребно и ќе го зголемиме нашето присуство. Веќе го зголемивме присуството на север. Подготвени сме да направиме повеќе“. Тензиите меѓу Србија и Косово се разгореа овој месец кога Приштина рече дека ќе ги обврзе Србите кои живеат на северот, кои се поддржани од Белград и не ги признаваат косовските институции, да почнат да користат таблички на автомобили издадени во Приштина....
Прес 24 | 17 часа
Туристка убиена во Хрватска
Во раните утрински часови кај Умаг, Хрватска, се случило злосторство. Полицијата во 4.55 часот добила пријава од Брза помош дека пронашле тешко повредена 40-годишна жена од Италија. Несреќната жена по еден час го загубила животот поради тешките повреди кои ги имала, а првите информации се дека станува збор за кривично дело во стан во кој рпестојувале гости, 40-годишна жена и 30-годишен пријател кои се карале во претходните денови. Полициската управа на Истра соопшти дека уапсила 30-годишен италијански државјанин кој е поврзан со трагедијата и во моментов се води истрага....
Прес 24 | 17 часа
Дел од општина Карпош утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 19.08.2022 година (петок), поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Леринска бр. 1 во нас.Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Леринска и дел од ул. Ловќенска. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на работите. Овие улици се во општина Карпош....
Прес 24 | 17 часа
(ВИДЕО) Три лица загинаа во силно невреме во Корзика
Три лица, од кои едно дете, загинаа, а најмалку 12 се повредени кога денеска силно невреме го погоди францускиот остров Корзика, оставајќи 45.000 домаќинства без струја, соопштија денеска локалните власти. Град, силен дожд и ветрови со брзина од над 220 километри на час ја погодија Корзика, додека другите делови на Франција, погодени од серија топлотни бранови и силна суша, забележаа повеќе дождови во последните неколку часа отколку во изминатите неколку месеци. , пренесува Ројтерс. На Корзика загина 13-годишно девојче кога врз неа падна дрво во камп, како и 72-годишна жена во нејзиниот автомобил кога врз неа се урна покрив од колиба....
Прес 24 | 17 часа
Украинките повикани на воена служба од 1 октомври
Украинките кои се регрути мора да се пријават за воена служба од 1 октомври, но нема веднаш да се применат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на украински медиуми. „Жените регрути ќе мора да се пријават за воена служба од 1 октомври. Тоа се државјани на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применуваат за жените кои не се пријавиле“, објави агенцијата УНИАН, повикувајќи на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина. Претходно, Генералштабот на украинската армија соопшти дека жените ќе бидат вклучени во воената евиденција само со нивна согласност, пренесе Танјуг....
Прес 24 | 17 часа
Малолетничка со автомобил удрила во виљушкар
Малолетничка се здобила со повреди откако управувајќи автомобил удрила во паркиран виљушкар. „Несреќата се случила во кругот на гостиварска фабрика на излезот од Гостивар.Со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот 18-годишен сопатник, а двајцата биле пренесени во гостиварската Општа болница 'Ферид Мурад'“, соопшти МВР. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар....
Прес 24 | 18 часа
Тетовец му го украл добитокот на сограѓанин поради долгови
Maж од Тетовско му го украл добитокот на сограѓанин поради нерасчистени долгови, соопшти МВР. „Полициски службеници од Тетово вчера го привеле 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток“, информираа од полицијата. Одземениот добиток е пронајдeн и вратен на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок....
Прес 24 | 18 часа
Ново поскапување: Овие цени на горивата ќе важат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 15.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар)– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар)– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм) Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 %. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторната комисија....
Прес 24 | 18 часа
Пецаков: Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд
Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд, обзнани градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Тој посочи дека им испратиле покани, а тие прашале дали ќе им биде исплатена награда. Пецаков кажа дека е разговарано со спонзори и со Агенцијата за млади и спорт, со цел, да се обезбедат пари. Според него, случувањата во пливачката федерација покажуваат дека таа е несериозна и додаде: „Тоа се смешки живи, за тоа што се случувало години наназад“. „Начинот на раководење со маратонот го гледаме и со посетеноста и како од година во година се уништува. Како локална самоуправа мора да ги разгледаме сите опции. За оваа година ќе направиме се што е во наша моќ, за да успееме да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата. Веќе разговаравме со Агенцијата за млади и спорт. Да видиме како и тие ќе учествуваат во оваа приказна. Општина Охрид мора да ги преземе одговорностите како главен организатор. Ние ќе го поканиме да биде покровител претседателот на Македонија, но главната организација ќе гледаме да го преземеме ние, со охридските клубови“, кажа Пецаков. Пецаков е дециден дека нема да дозволи да нема награден фонд за пливачите. „Како градоначалник не можам да сфатам како се доведуваме да останеме без маратон односно да поминеме со штуро соопштение од страна на претседателот на Македонија. Што правеле до сега? За да поканите пливачи на маратонот треба месец дена, а сега се ставаме во една временско крајна зона, кога не знаеме колку позитивни одговори ќе добиеме. Испратени се поканите. Добиваме одговори, а најбитно прашање е дали ќе има награден фонд, а зошто, затоа што две или три години не им е исплатен тој награден фонд“, додаде Пецаков....
Прес 24 | 18 часа
Трипуновски: Итно прогласување кризна состојба за да се спречи ширењето на Африканската чума
Состојбата со африканска чума кај свињите станува се по драматична. Од ден на ден болеста галопира во внатрешноста на државата загрозувајќи ги стотиците милиони евра вложени инвестиции во свињарскиот сектор. На почетокот на годината болеста беше регистрирана во пограничниот регион на Општина Делчево, денес истата е регистрирана во Општините Македонска Каменица, Виница, Кочани, Чешино – Облешево, со силна тенденција на ширење и во останатите делови на Македонија. Ова е само поради тоа што власта не реагираше на време со соодветни мерки за спречување на влез и ширење на болеста, изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство ја покажува неспособноста, нефункционалноста и негрижата кон овој сектор во Македонија. Наместо итна реакција, власта формираше координативно тело за справување со болеста, без притоа да ја информира јавноста кои мерки ги донесе ова тело и уште поважно, дали се имплементираат на терен. Додека свињарскиот сектор е под сериозна закана, додека е можна загуба на стотици илјади евра, додека болеста галопира, министерот Љупчо Николовски од партиските активности во Маврово Ростуше, директно замина на службено патување во Словенија, немајќи слух за проблемите на граѓаните на кои единствена егзистенција им е токму одгледување на свињи. Поради фактот дека власт не знае како да се справи со ова, не е способна да предложи мерки, ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме до владата во најкус временски рок да донесе одлука за прогласување на кризна состојба поради епидемија на заразната болест Африканска чума кај свињите поради неспособноста на директорот и менаџментот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Според Трипуновски оваа одлука ќе овозможи, активирање и насочување на сите материјално-технички ресурси во спречување и ограничување на ширење болеста и намалување на штетите кои ќе бидат од огромни размери. Воедно јавно ве предупредуваме, доколку не се донесе оваа одлука, прашање на време е, кога за жал ќе бидат зафатени поголеми свињарски капацитети што ќе однесат милионски штети на и онака разнишаниот свињарски сектор во Македонија, изјави Трипуновски....
Прес 24 | 18 часа
Каевски: Постојано инвестираме во одбраната, денеска имаме силна и угледна Армија која е дел од НАТО
30 години Армијата е столбот на одбраната и безбедноста на државата, на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. Две години нашата Армија е дел од НАТО, рамноправна со останатите 29 армии во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Како парламентарно мнозинство во изминативе години донесовме важни законски решенија кои значеа повеќе инвестиции во одбраната и подобри услови за работа на војниците. Последен од нив е Законот за служба во Армијата со кој обезбедивме дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ. Тој додаде дека со измените, веќе од следниот месец следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата, а се воведуваат и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата. Во делот на пензионирање на војниците, на нивно барање обезбедивме значително подобри услови. Војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на нивната возраст, истакна Каевски. Каевски наведе дека со новиот Закон се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во службата.Тоа значи дека одредени војници можат да добијат отпремнина и до 20.000 евра. Сето ова значи вистинска грижа за Армијата, војниците и вработените во одбраната....
Прес 24 | 18 часа
Ковачевски: Гордо и достоинствено славиме 30 години јубилеј на Армијата
Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски учествуваше на централната свеченост организирана во касарната „Илинден“ во Скопје по повод 30 години од формирањето на Армијата. Ковачевски испрати порака преку неговиот профил на Фејсбук и го честиташе денот на Армијата – 18 август. „Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата - 18 август. Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО. Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години. Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии. Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал. Нека е честит и вековит Денот на Армијата“, напиша Ковачевски....
Прес 24 | 18 часа
Пецаков: Општина Охрид ќе го организира пливачкиот маратон
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков одржа прес-конференција на која кажа дека Охридскиот маратон ќе се одржи, а од следната година Општина Охрид ќе ја преземе организацијата. „Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите. Начинот на водење на овој маратон од година в година се уништува. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го организираме годинешниот маратон, а од следната година ја преземаме организацијата“, кажа Пецаков. Оваа информација доаѓа откако претходно беше објавено дека маратонот нема да се одржи поради финансиски проблеми....
Прес 24 | 18 часа
Автобус удрил пешак на автобуска постојка во Скопје
Вчера во 16.10 часот на автобуска постојка на ул. Димитрие Чуповски, автобус управуван од В.Б. (52) од Скопје удрил во 70-годишно лице, информира МВР. МВР соопшти дека Р.С. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Екипа на СВР Скопје извршила увид на терен....
Прес 24 | 18 часа