Ковачевски од Тетово: Советничката група на СДСМ ќе направи се за Тетово да добие нов градски парк
„Целосно застануваме зад иницијативата ‘Тетово сака парк’ и нашата советничка група ќе стори се за таа да се реализира и Тетово да добие нов градски парк. Како еден од приоритетите на нашите идни советници ќе биде решавањето на сообраќајниот хаос преку реконструкција на постојните и пробивање на нови улици и булевари“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на завршната конвенција пред локалните избори во Тетово. Тој додаде дека изградбата на мини спортси комплекс меѓу новиот базен и постојното фудбалско игралиште е исто така високо на листата на приоритети со цел да се добие една спортска целина со различни спортски објекти на едно место. „Долгогодишната заложба за ставање во функција на капелата на градските православни гробишта конечно ќе стане реалност. Ова се дел од определбите на листата на советници на СДСМ и коалицијата предводена од носителот и наш другар Глигорије Стојановски – Гиге. И Стојановски и сите други триесет кандидати за советници на нашата листа се докажани, угледни личности кои секојдневно придонесуваат Тетово да биде она што е – модерен, развоен и отворен град“ рече Ковачевски. Премиерот додаде дека на градоначалникот му е потребен Совет што ќе биде негов коректив и мнозинство составено од различни политички опеции, но со една цел – развој на на општината...
Бриф | 9 часа
Ковачевски: Она што го снајде Скопје со градоначалниците, да не му се случи на ниту еден друг град
Претседтелот на СДСМ вечерва од Тетово ја оцени работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Она што не снајде во Скопје да не му се случи на ниту еден друг град во држава. Ништо да не се инвестрира, ништо да не се прави, ништо да не се исчисти, тоа да не му се случи на ниту еден друг град во држават“ порача Ковачевски, додавајќи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 месеци потрошиле еден месец на сликање со проекти на СДСМ на останатите девет месеци ништо друго не сработеле....
Бриф | 9 часа
Ковачевски од Тетово: Европските бреднови да се произведуваат во Тетово и тука да ги носиме европските вредности – тоа е европско Тетово
„Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот. Европски брендови да се произведуваат во Тетово и тука да ги носиме европските вредности – ете на тоа мислиме кога зборуваме за европско Тетово“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на завршната конвенција пред локалните избори во Тетово. Тој додаде дека она што денес е камен-темелник во Тетово, утре ќе биде работно место за најмалку 900 лица од Тетово и околината. „Во изминатите четири и пол години, СДСМ преку централната власт, преку институциите, во Тетово вложи многу повеќе отколку за две децении претходно. Тетово веќе четири и пол години не е заборавена, изолирана општина, туку општина која се развива на секое поле. Досегашните влади предводени од СДСМ досега овде во Тетово реалзиираа и поддржа низа крупни проекти, кои го менуваат животот на тетовчани на подобро“ рече Ковачевски. Премиерот додаде дека Тетово доби нов затворен пливачки базен, се инвестираше и се поддржа изградба на студентски дом, се реконструира регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, се изгради нов училиштен објект во Мала Речица, се реконстурираше СОУ Кирил Пејчиновиќ и се изгради филтер станица на водоснабидетелн систем во градот....
Бриф | 9 часа
Ковачевски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ еден месец се сликаа со проекти на СДСМ а девет месеци не работат ништо
Претседателот на СДСМ и премиер на државата вечерва од Тетово порача дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ поминале десет месеци од мандат, без да сработат било што за општините. „Ги видовме градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во овие десет месеци. Еден месец седеа по скапи хотели, еден месец, во првиот месец од мандатот се сликаа со проекти почнати или предзавршување од градоначалниците од СДСМ, девет месеци никаде ги нема“ посочи Ковачевски, додавајќи дека тоа е најизразено во Градот Скопје....
Бриф | 9 часа
Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон. Но, според тамошната „ТВ3“, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид. По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса. Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период. MИА...
Бриф | 9 часа
Битиќи: Преговорите со ЕУ треба да се поттик да го напуштиме балансерот за вработување и да се фокусираме на систем на заслуги
„Преговорите со ЕУ треба да бидат поттик за сите нас да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти при вработувањето. Ќе се отвори дискусија, впрочем тоа е и предвидено во Стратегиајта за Едно општество за сите“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител. Тој додаде дека е време да почнеме да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер, да гледаме низ систем на заслуги за влегување во јавен сектор. „Сите укажуваме со прст дали вработените во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги за граѓаните. Мој личен став е дека е време по 20 години постоење на балансерот, да влеземе во нова ера“ рече Битиќи. МИА...
Бриф | 10 часа
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот. МИА...
Бриф | 10 часа
Битиќи: Сега е вистински момент за дебата за даночни реформи, граѓаните сами ќе го кажат прагот на оданочување
„Дискусија за даночни реформи мора да започнеме. Ова е вистинско време за дискусија и консултации. Сепак, даночните реформи треба да се случат заедно со стие други реформи во државата. Оптимално е да се разговара сега“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител. Тој додаде дека прогресивното оданочување е воведено пред три години, кога е одложено за да започне да се применува од 1 јануари 2023 година. „Даночното ослободување е дел од прогресивното оданочување. Ако во овој момент даночното ослободување на платите е на 8 илјади денари, може да го направиме да биде на 18 илјади, колку што е минималната плата. Тоа е праведно и правично. Бидејќи нема што да оданочуваме кај примателите на најниска плата, но треба да има скалила нагоре“ рече Битиќи. Вицепремиерот додаде дека исправно е тие што заработуваат повеќе да плаќаат повеќе данок, но кажа дека е и за целосни даночни ослободувања во одредени сектори, како што е ИТ секторот. „Останувам на тоа дека треба да има 0 отсто данок на личен доход во ИТ секторот, бидејќи вообичаено таму работат младите, а нам ни треба тие да останат во државата“ рече Битиќи....
Бриф | 10 часа
Османи: Жално е што европската перспектива граѓаните се става во функција на иднината на одредени политичари
СПреговорите за членство со ЕУ ги почнавме од дента на одржување на првата меѓувладина конференција, но не ќе можеме да го отвориме Поглавјето 23, доколку не го промениме Уставот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Скринингот ќе го завршиме, но Поглавјето 23 не можеме да го отвориме доколку не го смениме Уставот и тоа е компромисно решение, затоа што позицијата на Република Бугарија беше тврда до последниот момент дека нема почнување на преговори без воопшто да се направат тие уставни измени. И ние тоа не го прифативме. Ние го одбивме тоа решение кое што Бугарите го понудија – да добиеме почеток на преговори и скрининг, а во меѓувреме да се прави измена на Уставот, рече Османи при денешното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Телевизија Канал 5. Тој потенцира дека измената на Уставот подразбира внесување на хрватската, црногорската и бугарската заедница заедно со останатите шест заедници коишто се веќе наведени во текстот на Преамбулата. На прашањето дали стравува дека можеби нема не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, Османи потенцира дека во текот на разговорите со Бугарија комуницирал и со претставници на македонската опозиција и од ниедна партија не слушнал аргумент против внесување на Бугарите во Уставот – Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците, на македонскиот народ и на Република Северна Македонија, затоа што првпат институционално се дефинира однос помеѓу мнозинско македонско население и бугарската малцинска заедница. Првпат во историјата на односите имаме формално институционализирање на тој однос и го направи неповратлив и иреверзибилен. Јас ова сум го слушнал од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи. Според него, дури и од претставници на ВМРО-ДПМНЕ го слушнал мислењето дека се направило грешка што Бугарите не биле внесени во Уставот кога се направија уставните измени во 2001 година, а сега ова прашање се користи за дневна политика. – Жално е што европската перспектива, стратешките прашања на граѓаните, стандардот на граѓаните, нивната иднина, се ставаат во функција на политичката и партиската иднина на одредени политичари. Тоа е жално, изјави Османи. Според Османи, во претстојните „15 месеци додека трае скринингот“ и додека да стигнеме до Поглавјето 23, властите ќе се обидат да ги разобличат сите тие што сакаат нивните кариери да ги стават пред стратешките интереси на земјата. – Ќе одиме до секој граѓанин за да им кажеме кој е ризикот од промена на Уставот, што е лошо во тоа до Албанците, Турците, Србите, Ромите… да се внесат и Црногорците, Хрватите и Бугарите. Кој е тој ризик, а кои се бенефитите од таков процес. Ве уверувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ убедувањето е дека нема никаков ризик од таков процес, туку напротив има интерес државата тоа да го направи. Битно е да се најде начин, а јас сум сигурен дека кога ќе постави на маса, ќе има доволно пратеници коишто ќе ги потврдат. Нотарските изјави мислам дека се уште едни инструменти од тој партиско-политички фолклор, рече министерот Османи. Османи изјави дека не е за референдум за ова оваа прашање затоа што, како што рече, граѓаните се изјасниле по однос на европската перспектива. – Ако треба да има, прашањето треба да биде – Дали сте за ЕУ или не. Се друго апсолутно ќе биде манипулација на граѓаните. Така што мислам дека никој нема дилема дека оваа мала држава зависна од регионалните и европските процеси може да опстојува нормално и оптимално во Европската унија, рече тој. Во однос на тоа дека извештајот за транспарентност на Владата вели дека Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците биле едни од најтранспарентните, Османи истакна дека тоа се однесува на делот во однос на објавата на огласи, а не во комуникацијата со јавноста. – Слободно нека направи некој анализа по однос на тоа колку пати јас сум одржал брифинг, прес-конференција, комуникација, интервјуа на тема односи со Република Бугарија. Значи, нема прашање кое што не е разговарано десетици, десетици пати во текот на овој период. Меѓутоа, ние знаевме од почеток кои и да бидат решенијата од овој процес дека опозицијата е спремна да го искористи тоа во дневно-политичката борба и тие имаа сценарија. Сценарија од типот доколку не успее државата да ги почне преговорите, да почне кампања со протести за неспособна Влада која што еве не блокира за европскиот процес. Доколку успееме – ова е предавничка влада која што еве ги продаде интересите. Значи, воопшто ве уверувам дека ги немаат прочитано решенијата, го немаат прочитано „францускиот предлог“, ниту Протоколот, ниту овие решенија на Историската комисија. Се е партиска калкулација и тоа ме боли затоа што мислев дека има одредена граница до партиско-политички интерес и каде почнува еден државен интерес којшто треба да биде натпартиски. За жал, се уверив дека кај одредени политички партии таква граница воопшто нема, посочи Османи. Во однос на реакциите од граѓанскиот сектор против „францускиот предлог“, Османи истакна дека и тој сакал идеален чист европски процес. – Меѓутоа, за жал, реал политиката не е таква. „Францускиот предлог“ не е предлог којшто почнува од ништо. „Францускиот предлог“ е продолжение на неколку обиди на неколку претседателства. Така што, доколку се разбира би збореле од перспектива на некој идеален пуританистички концепт на европски интеграции – ОК, можеме да најдеме забелешки. Но, прашањето е дали почнавме преговори после 17 години? Да, почнавме преговори, исто како Албанија. Дали се загрозени националните, идентитетските прашања на било кој народ во Република Северна Македонија? Најодговорно тврдам – не. Тоа се лажни информации со кои се обидуваат да ги плашат граѓаните за да освојат некој политички поен повеќе, истакна Османи. MИА...
Бриф | 10 часа
Битиќи: Ќе има доволно електрична енергија за цела грејна сезона, нема да има рестрикции
„Ние имаме калкулации и го знаеме енергетскиот биланс. Знаеме колку електрична енергија е потребно да се произведе и искористи за регулираниот пазар. Со растот на производството во спроедба со лани, уверени сме дека ќе имаме доволно електрична енергија за цела грејна сезона, до пролет, доколку не се случи хаварија“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител. Тој додаде дека минатата година бил врвот во последиците од недоговорното однесување со енергетскиот сектор години наназад, кога не се планирало што и какви инвестиции се потребни. „Донесовме одлука за нов ископ, како и одлука за набавки доколку немаме доволно висококалоричен јаглен од нашиот ископ. Ги ставивме во функција и ТЕЦ Неготино, по 12 години, како и РЕК Осломеј“ кажа Битиќи. Вицепремиерот додаде дека поради слабите врнежи последните три години производството на електрична енергија од хидроакумулациите не ни оди во прилог и е на пониско ниво. МИА...
Бриф | 10 часа
Битиќи: Ја повикувам Пазарната инспекција да објави кои компании ја злоупотребуваа кризата и продаваа поскапи производи
„Пазарната инспекција ги има сите податоци и ги поттикнувам да ги објават сите негативни појави што се случија од одредени субјекти. Знам дека ова е можеби лоша вест за некои субјекти, но потребни се транспарентност и отчетност и однесување спроед заеднички вредности“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител. Тој додаде дека имало компании кои продавале тестенини со преку 70 отсто маржа, а кажа и дека преку состаноци со производителите на леб ќе го испитува и растот на цената на овој производ. „Состојбата со цените на лебот и недоволното производство на житни култири, за жал, е последица на неодговорното однесување на сите нас и погрешните земјоделски политики“ рече Битиќи. Тој додаде дека ќе се разговара за реформи во земјоделието и начинот на субвенционирање, но дека тој процес е оддолжен поради ковид кризата....
Бриф | 10 часа
Министерот Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 во Словенија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 кој се одржува во Горна Радгона во Словенија. Како што информираат од МЗШВ, Саемот АГРА е еден од поголемите и позначајни меѓународни саеми за земјоделство и храна во централна Европа, на кој се претстават изложувачи од голем број држави во светот. Земја партнер на годинешното издание на саемот е Јапонија. Земјава на саемот АГРА 2022, ќе има организирана презентација на национален изложбен простор кој ќе биде дизајниран и опремен со карактеристични и препознатливи елементи од нашата држава. Изложбениот простор на земјава ќе презентира повеќе аспекти од земјоделството, економијата и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионт. Планирано е на македонскиот штанд да се одржи коктел за дегустација на македонските вина и земјоделски производи. Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението, министерот Николовски ќе оствари работна средба со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Ирена Шинко на која ќе разговараат за идните можности за продлабочување на и онака добрата соработка помеѓу нашите две држави во областа на земјоделството, шумарството и водите. Исто така, Николовски ќе присуствува и на приемот организиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и рибарство на Јапонија, Номура Тецуро. MИА...
Бриф | 13 часа
Утврдени неправилности во правен субјект за одгледување канабис за медицински цели од кумановско, следува кривична пријава
Полицијата во соработка со претставници на други надлежни институции денеска изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане и при контролата биле констатирано поголем број неправилности, поради кои се најавува и кривична пријава за одговорните лица, како и за самиот правен субјект. – При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, информираат денеска од МВР. За наодите бил известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги. Акцијата ја спровеле службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. MИА...
Бриф | 13 часа
Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба
Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во 06:00 часот во водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, наведуваат МВР во денешниот билтен. MИА...
Бриф | 13 часа
Oбратен гром, феномен што ги збуни и научниците
Громот не удира само „надолу“, понекогаш „бесот“ на облаците е насочен и нагоре, кон небото, а доказ за тоа е ретката атмосферска појава опишана со зборовите „обратен гром“. Научниците знаат како се појавува, но сè уште не се целосно усогласени околу тоа која е точната причина. Имено, голем млаз тргнува од горната површина на облакот и се празни нагоре, кон јоносферата, слој од атмосферата кој започнува на околу 48 километри над Земјата. Овие удари се толку моќни што понекогаш надминуваат 50 километри во домет, а со тоа го допираат самиот раб на вселената, кој е на 100 километри од нивото на морето на Земјата. Научниците утврдиле дека оваа појава често се случува над океанот, но и за време на бури над земјата каде што нема многу празнење на електрична енергија, односно громовите не удираат често. Тие веруваат дека можеби акумулираниот електрицитет бара каде да „избега“ и успева да го направи тоа кон вселената, наместо кон Земјата. Научниците сè уште се обидуваат да дознаат повеќе за овој феномен, но тоа што оваа појава е многу ретка им ја отежнува работата. Во проесек, од сите овие појави само пет пати годишно некој успева да документира нешто како „гром што удира нагоре“....
Бриф | 13 часа
Ковачевски – Лосон: Цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализацијата на стратешките цели и на политиките за развој
Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На средбата, како што информира владината прес-служба, е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната – како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. – На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. Притоа, е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот, се вели во сооштението од владината прес-служба. Во разговорите на Ковачевски и Лосон било истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички било констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. – Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад, рекол премиерот Ковачевски. На состанокот се разговарало и за надминувањето на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања и за регионот и за светот, предизвикани од војната во Украина и од пандемијата. /...
Бриф | 13 часа
Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. – ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски. Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница. На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори. MИА...
Бриф | 13 часа
Ковачевски го честита Денот на Армијата – 18 Август
Гордо и достоинствено го славиме Денот на Армијата – 18 Август. Го одбележуваме 30-годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО, истакна премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод јубилејот на Армијата. Ковачевски, кој денеска учествуваше на централната свеченост што се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје, се заблагодари на сите припадници на Армијата, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години. Најави продолжување на армиското модернизирање и најповолни услови за воениот и цивилниот персонал. -Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии. Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал. Нека е честит и вековит Денот на Армијата!, наведе премиерот Ковачевски во честитката објавена на „Фејсбук“. На свечената церемонија во касарната „Илинден“ се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата и на современи борбени возила со кои располага Армијата меѓу кои и новите оклопни возила со кои се претстави достигнувањето и извежбаноста на припадниците на Армијата. На централната свеченост беа и претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор, пензионирани припадници на Армијата и претставници на организации со кои соработува Армијата. Централната свеченост е една од завршните активности со кои се одбележуваше јубилејот 30 години од формирањето на Армијата меѓу кои беа реализирани: изложба по повод 30 годишниот јубилеј, отворениот настан за граѓаните, трибини, спортски натпревари, хуманитарни акции и прослави во единиците. MИА...
Бриф | 13 часа
Поетска ноќ во Велестово по 34. пат
Традиционално во Охридското село Велестово од утре до 21 август ќе се одржи 34-тата „Поетска ноќ“. Манифестацијата, како што најави денеска на прес-конференција програмскиот директор Јулијана Величковска, ќе почне на сред село-на чешма, а во фокусот ќе биде поетскиот портрет на македонската поетеса, есеистка, преведувачка и добитничка на бројни награди, Лидија Димковска. Во програмата се предвидени три поетски читања, на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата. – В сабота ќе се реализира проектот „Охрид поетски викенд и работилница за млади од регионот“ во чии рамки ќе се претстават пет поети од регионот, Селахатин Јолгиден од Турција, Мањола Наси од Албанија, Валентина Бактијаревиќ од Србија и Диме Данов и Јулијана Величковска од Македонија. Ќе имаме работилница наменета за млади, на која ќе учествуваат ученици од Охридската гимназија, а универзитетски професори, фотографи, филмаџии, актери… на младите ќе им го пренесат своето знаење и умеење како креативно да пишуваат и интерпретираат поезија, односно како поезијата може да се поврзе со другите уметности, истакна Величковска. Поетот Славе Ѓорго Димоски, кој е дел од организацискиот одбор изрази задоволство што манифестацијата влегла во, како што рече, една сериозна зрелост и искачување на некои висини. – Нашата „Поетска ноќ во Велестово“ веќе го зема приматот на најзначајните манифестации во Македонија. Уште од стартот се наметна со својата оригиналност и успеа да стане еден вид антологија на македонската поезија и сликарство. На својата 20 годишнина помина во интернационална манифестација, истакна Димоски. „Поетската ноќ во Велестово“, според него, има двојна улога, односно да се зашитити македонскиот јазик и да се пренесува надвор од границите. – Едната е да си го заштитме македонскиот јазик, а другата е преку гости однадвор да го пренесуваме јазикот надвор од нашите граници, бидејќи знаеме какви црни облаци ни се спуштаат. Мислам дека со убавиот збор, со поезијата, која претставува есенција на еден јазик ќе се зачува, ќе се одбрани и ќе се оди напред, нагласи Димоски. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, програмата на РЕАД и други спонзори и помагатели. МИА...
Бриф | 13 часа
Владата на Република Северна Македонија е 100% активно транспарентна
Владата на Република Северна Македонија има максимални 100% активна транспарентност од можни 100%, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации. Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25% транспарентност во 2016 година, денес, согласно рангирањето има целосна, односно 100% транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6% на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент. Според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73% и во однос на минатата година, кога изнесувала 63%, е подобрена за десет процентни поени. Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81% од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85%, а на општините 70%. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет. Владата на Република Северна Македонија продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено да ги објавува информациите од јавен карактер што е и еден од нашите врвни приоритети. Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција. -Влада на РСМ...
Бриф | 13 часа
НБ: Зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе го ублажи ценовниот раст
Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. -Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо, истакнува во интервјуто за „Пари.мк“ Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, како што посочува таа, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. -Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели Давидовска-Стојанова. MИА...
Бриф | 14 часа
Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(30) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 ст.3 од Кривичниот законик. При извршена контрола од страна на полициски службеници од Единицата, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини на подрачјето на Општина Шуто Оризари, пријавениот бил затекнат како неовластено тргува со отпад, без соодветна регистрација како правно лице во Централниот регистар и без да поседува дозвола за вршење на дејност за управување, собирање, складирање, преработка, рециклирање или транспортирање на отпад, соопшти полицијата....
Бриф | 14 часа
Нови 491 случаи на ковид, починаа 8 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година. Направени се 1.108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а бројот на активни случаи изнесува 3.483. MИА...
Бриф | 14 часа
Триесет години Армијата гарант за безбедноста и економскиот развој на државата
Без разлика дали Армијата е голема или мала, важно е дека таа е гарант за сигурноста на граѓаните, за економскиот развој на државата и безбедноста на институциите и тие да знаат дека постои Армија што е нивен заштитник, е пораката што денеска беше испратена од централната свеченост по повод 30 години од создавањето на македонската Армија. Формирана во исклучително сложен, геополитички и безбедносен амбиент во екот на крвавиот распад на Југославија и на крајот на Студената војна, како што нагласи претседателот и врховниот командант на вооружените сили Стево Пендаровски, Армијата ги споделуваше сите предизвици на младата македонска држава. – Започнавме скромно, со оскудни воени резерви, но, со обучени и посветени патриоти, старешини и војници кои ги полнеа македонските касарни од првиот ден, истакна претседателот Пендаровски, поздравувајќи го првиот регрут во македонската Армија Панче Јамандиев од Велес. Потсетувајќи дека Армијата била ангажирана во справувањето со клучните предизвици на државата како Косовската криза во 1999-та, воениот конфликт во 2001-та и мигрантската криза во 2015-та година, Пендаровски посочи дека Армијата прерасна во кохезивна сила на македонското општество. Порача дека важен дел од трансформацијата на Армијатаи понатаму треба да биде сè поголемата вклученост на припадниците на немнозинските етнички заедници и на жените во сите армиски структури, вклучително и во специјалните единици. Осврувајќи се на актуелниот руско-украински конфликт, Пендаровски рече дека уште од првиот ден како држава ја осудивме агресијата и се солидаризиравме со украинскиот народ. – Таа солидарност не е само вербална, туку конкретна, за што сведочи и помошта, вклучително и воена, што како НАТО-членка и во нашите можности ја дадовме на Украина, нагласи шефот на државата, додавајќи дека во новиот геополитички контекст ја поддржавме и одлуката за проширување на Алијансата и меѓу првите ги ратификувавме договорите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Според Пендаровски, треба да се продолжи со вложувањата во одбраната и како што рече не подоцна од 2024 година да го постигнеме стандардот на изводјување на најмлаку 2 проценти од БДП. Министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека треба да се сочува и надоградува се она што е постигнато во изминатите три децении. -На сите нас ни стои обврската, се што е постигнато во изминатите три децении да биде чувано и надополнувано со поголеми резултати, кои во иднина ќе сведочат за успесите на припадниците на Армијата со кои ќе се гордеат и следните генерации. Република Северна Македонија денес има современ безбедносен систем оспособен да одговори на сложени безбедносни ризици. Систем кој постојано се модернизира и приспособува, рече Петровска, нагласувајќи дека македонската Армија покажа дека е достоинствен партнер во меѓународните мисии. Денес, како што додаде, македонската Армија ги вградува стандардите на НАТО и се гради според национални потреби и колективниот систем за одбрана. – Република Северна Македонија денес има современ безбедносен систем оспособен да одговори на сложени безбедносни ризици. Систем кој постојано се модернизира и приспособува.Нашата Армијата докажа и покажа дека е достоинствен партнер во меѓународните мисии за што Република Северна Македонија стана земја за почит, го подобри нашиот углед кај земјите членки и на НАТО и на ЕУ, нагласи Петровска. Модернизацијата, развојот на човечките и материјални капацитети, одржливоста, доброто управување и прецизната регулација, според министерката за одбрана остануваат императивна цел за заштита на безбедноста и стабилност. -Министерството за одбрана останува посветено во спроведувањето на сите мерки и активности кои се предвидени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, но и Стратешкиот концепт на НАТО како и Концептот МКД Одбрана 2030. Наша обврска е да останеме постојан и кредибилен партнер на НАТО, но пред се и над се со целосна отеченост пред граѓаните со цел да ја оправдаме највисоката доверба која ја имаме од нив како Армија бидејќи во неа нема место за партизација и тесни интереси на поединци, групи и било која политичка партија, порача министерката за одбрана. Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се потсети на почетоците од формирањето на Армијата, опишувајќи ги како тешки, со скромни материјални ресурси, вооружување и опрема. – Тоа беа тешки почетоци кои ги надминавме со пожртвуваноста на армиските припадници и првите регрути преку кои се воспостави еден од носечките столбови на државната самостојност и независност Многу генерации на вработени во Министерството за одбрана и Армијата, војници, старешини и цивилни лица, но и општествени работници активно се вложија во три деценискиот развој на Армијата, истакна Ѓурчиновски во своето обраќање. Додаде дека со нивните достигнувања и ефикасност, Армијата ги остварила стремежите и заветите на нашите великани на Илинден и АСНОМ. -Овој ден го посветуваме на идеалите и пожртвуваноста на сите наши херои и великани за вековната борба за слобода и мир. Наша обврска е да продолжиме по зацртаниот пат на нашите дејци, Јане Сандански, Питу Гули, Гоце Делчев, Вангел Дину, Страшо Пинџур, Чеде Филиповски Даме, Лиман Каба, Кузман Јосифовски Питу, Ибе Паликуќа, Михајло Апостолски и многу други наши великани, порача началникот на Генералштабот. На свеченоста, Ѓурчиновски потсети на визионерскиот говор на првиот претседател и врховен командант Киро Глигоров. „Каква Македонија ќе изградиме таква ќе ја имаме, а вие припадниците на Армијата имате историска улога во создавањето во тоа време на Република Македонија“. MИА...
Бриф | 14 часа
Од полноќ дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот останува иста
Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства поскапуваат за два денара од ноќеска на полноќ, а нема промени кај цените на бензините и на Мазутот М-1 HC, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Новата цена на дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 92 денари по литар, на Екстра лесното 88,5 денари по литар, а килограм Мазут М-1 HC ќе се продава за 52,814 килограми. За литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се плаќа по 88,5 денари , а 91 денар за ЕУРОСУПЕР БС – 98. Со одлуката на РКЕВУ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 процент во однос на одлуката од 15. месецов. -Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179 проценти, кај дизелот за 3,807 проценти, кај екстра лесното масло за 3,803 проценти и кај мазутот намалување во просек за околу 1,76 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 проценти, информира РКЕВУ. MИА...
Бриф | 15 часа
Кумановка измамена при набавка на огревно дрво
Кумановка пријавила во полиција дека била измамена при набавка на огревно дрво, соопшти денеска СВР Куманово. Седумдесет и шестгодишната жена, вчера во 17:15 часот пријавила во СВР Куманово, дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. -Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва за поевтина цена на што таа се согласила и му дала половина од договорената сума, а другиот дел се договориле да му ги исплати откако ќе ги донесе дрвата. Лицето ги земало парите, но дрва не ѝ донело, соопшти кумановската полиција. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. МИА...
Бриф | 15 часа
Просечната активна транспарентност на институциите во 2022 изнесува 73 проценти
Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 проценти, што е подобрување за десет процентни поени во однос на минатата година кога изнесувало 63 отсто, покажува најновото рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер на Центарот за граѓански комуникации. Рангирањето се објавува еднаш годишно од 2016 година и во него се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 процент од институциите. Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 отсто, а на општините 70 проценти. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10. Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 проценти, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност. Потоа следуваат Министерството за локална самоуправа со активна транспарентност од 95,5 проценти, па Министерството за финансии – 94,4 отсто, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука сите со по 91,7 проценти активна транспарентност и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 91,3 проценти. Најмала активна транспарентност имат Министерството за политички систем и односи со заедниците – 54,3 проценти и Министерството за надворешни работи – 60,9 отсто. Потоа следуваат Министерството за транспорт и врски – 75 проценти, Министерството за култура – 77,1 отсто, Министерството за економија – 81,3 проценти, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика со по 83,3 отсто и Министерството за информатичко општество и администрација со активна транспарентност од 89,6 процнти. Од општините три се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 проценти исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери – Битола, Валандово и Карпош. Најслаба транспарентност од општините имаат Арачиново со 8,7 проценти и Зелениково со 17,4 отсто активна транспарентност. Меѓу регионите, на првото место е Југоисточниот Регион со 84 проценти активна транспарентност, додека на последно место останува Скопскиот Регион со 56 отсто активна транспарентност. Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите, само 56 проценти од можни 100 отсто кај општините и 82 проценти од можни 100 отсто кај министерствата. Од Центарот за граѓански комуникации, информираат дека на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините во просек одговарале за 12 дена, што е подобрување во однос на минатата година кога тоа било за 17 дена. Кај министерствата овој рок е 16 дена и нема помрднување во однос на лани кога, исто така било за 16 дена. Во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена одговориле 93 проценти од институциите. MИА...
Бриф | 15 часа
Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол
Јапонската Влада е финансиски погодена од необичен проблем – младите луѓе не пијат доволно алкохол. Јапонија, заедно со неколку други земји во Азија, задржа строги ограничувања во текот на поголемиот дел од пандемијата, затворајќи ги јавните простори и намалувајќи ги работните часови за рестораните. Затоа, баровите во земјата и другите угостителски простории што продаваат алкохол се тешко погодени од ограничувањата за Ковид-19, кои предизвикуваат пад на продажбата – и на приходите од даноци за алкохол. Владиното решение се нови начини да се поттикнат младите да пијат повеќе алкохол. На кампањата „Саке вива!”, под раководство на Националната даночна агенција, ги поканува учесниците да поднесат идеи за тоа како да се „стимулира побарувачката кај младите“ за алкохол преку нови услуги, промоции, производи, дизајни, па дури и користејќи вештачка интелигенција или метаверс, според официјална страница на натпреварот. Победникот ќе добие поддршка за комерцијализација на неговиот план. Но, не сите го поддржуваат тоа, бидејќи конкуренцијата и даночната агенција добиваат критики од сѐ повеќе луѓе на интернет и во јавноста. Јапонија ја укина вонредната состојба во октомври 2021 година, дозволувајќи им на рестораните повторно да продаваат алкохол и да останат отворени до подоцна, но во некои делови од земјата, ограничувањата останаа во сила до март годинава. Закрепнувањето на земјата оттогаш е побавно од очекуваното, попречено и од зголемената инфлација, економското влијание на војната во Украина, како и неодамнешните Ковид-бранови што доведоа до продолжени ограничувања. MИА...
Бриф | 15 часа
Бројот на загинати при нападот врз џамијата во Кабул се зголеми на 21 лице
Бројот на загинати при нападот врз џамијата во Кабул се зголеми на 21 лице. Според авганистанската полиција, животот го изгуби најмалку 21 лице, а повредени се 33 луѓе. Меѓу повредените има и неколку деца. Очевидец тврди дека загинат е и свештеникот мула Амир Мохамед Кабули. Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот, што се случил за време на синоќешната молитва MИА...
Бриф | 15 часа
Руските власти најавуваат затворање на НЕ „Запорожје“ доколку украинските сили продолжи со гранатирање
Претставник на руското Министерство за одбрана денеска објави дека нуклеарната централа Запорожје може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на областа на централата, што Киев негира дека го прави. Игор Кирилов, шефот на руските сили за заштита од радиоактивни, хемиски и биолошки напади, рече дека украинските напади ги оштетиле системите за поддршка на нуклеарната централа и дека во случај на нуклеарна несреќа, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка. Кирилов рече и дека акциите на украинските вооружени сили на територијата на нуклеарната централа може да доведат до ситуација слична на нуклеарната несреќа во Фукушима. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска објави тврдења дека Украинците утре планираат да извршат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол. МИА...
Бриф | 15 часа
Министерството за одбрана на прво место со 100 процентна активна транспарентност според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Министерството за одбрана на прво место со 100 процентна активна транспарентност според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации Министерството за одбрана продолжува да биде лидер во активната транспарентност, според Индексот за активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации. Ова е трета година по ред одбраната да биде рангирана на првото место, а втора година со освоени максимални 100 проценти. Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата, на локално и на централно ниво од 2016 година, а Министерството за одбрана од 45-тото место со 47,6% на почетокот на мерењата, достигна прво место со максимален процент. Како што се наведува во истражувањето, „министерството се наоѓа на 1-та позиција не само меѓу министерствата, туку и меѓу вкупно 98 рангирани институции втора година последователно. Ова министерство особено ја подобрува својата активна транспарентност од 2018 година наваму“. Министерката Петровска од самиот почеток посочи дека отвореноста на одбраната и активната транспарентност на Министерството продолжува да биде една од врвните приоритети на нејзиниот мандат и дека одбраната ќе продолжи да биде во служба на јавниот интерес и отвореноста кон граѓаните. Изминатиот период, Министерството постави нов дизајн на веб-страницата, со што првенствено драстично ја подобри безбедноста на веб-страницата, а ја подобри и функционалноста и достапноста на поставените информации. На веб-страницата можат да се најдат видат сите документи за работата на министерството кои се од јавен интерес, како јавните набавки, буџетот, стратегиските документи, платите на функционерите и раководството на институцијата и сите информации од јавен карактер, поставени на посебната подстраница на веб-страната под наслов „Јавноста има право да знае“....
Бриф | 16 часа
Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро
За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро. Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава. MИА...
Бриф | 16 часа
Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон
„Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон“, објави ТВ21. Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид. Извор: TВ21...
Бриф | 16 часа
Петровска од свеченоста за Денот на Армијата: Tриесет години посветено ги поместуваме границите на невозможното
Петровска од свеченоста за Денот на Армијата: триесет години посветено ги поместуваме границите на невозможното Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се обрати на Централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, фокусирајќи се на достигнувањата во триесет годишното постоење на Армијата, клучните одлуки донесени во овој изминат период, местото на Армијата во општеството како институција со најголема доверба, како и процесите на развој на одбраната, модернизацијата на Армијата и развојот и мотивацијата на сите армиски припадници и службеници во одбраната. „Денес 18 ти Август одбележуваме триесет години и од формирањето на Армијата, нејзиното организациско поставување и делување со голема чест но и благодарност говорам за резултатите на сите изминати генерации – вработени, војници, офицери, подофицери, генерали, началници, Врховни команданти и Министри за одбрана. На почетокот мора да се потсетиме на сите оние кои како припадници на Армијата ги дадоа своите животи за нашата земја“, рече министерката Петровска на Централната свеченост за Денот на Армијата. Таа истакна дека тоа е највисоката цена, што некој може да ја плати и „Ние сме им благодарни. Нека им е вечна славата!“ Министерката Петровска рече дека ова не е форма, не е само реченица – тоа е реалност со вечна благодарност и спомен за нив. „Триесет години постоење е долг период во кој сите ние го паметиме како време во кое трудољубиво се поместувани границите на сопствените достигнувања. Армијата на Република Северна Македонија била и останува носечки елемент во системот на национална безбедност и одбрана и дел од колективните системи за етаблирање и за развој на обраната, пробивот во меѓународната безбедност и реалните дострели. Заслуженото место што денес Армијата го има дома и во НАТО Алијансата е постигнување за кое се имаат заложено многу поединци, поранешните Претседатели, Влади, Министри за одбрана, Началници на Генералштабот, старешини, војници и вработени“, истакна Петровска и додаде дека тоа не би било возможно, ниту пак доволно, без патриотизмот на тогашните први регрути и идеите и иницијативите на првите стратешини, без поддршката и плодната соработка со првиот состав на Собранието, Владата, Министерствата, Генералштабот, како и без добрaта интеракција со сите војници офицери и подофицери. „Армијата е еден од столбовите и чувар на државниот суверенитет сиве години, секогаш кога за тоа има потреба, беше со граѓаните, но и во поддршка на институциите. Нашата држава како и во сите други области и во безбедноста по три децении го заокружи процесот на формирање на безбедносната заедница според моделите на модерните европски држави. На сите нас ни стои обврската, се што е постигнато во изминатите три децении да биде чувано и надополнувано со поголеми резултати, кои во иднина ќе сведочат за успесите на припадниците на Армијата со кои ќе се гордеат и следните генерации“, рече Петровска. „Република Северна Македонија денес има современ безбедносен систем оспособен да одговори на сложени безбедносни ризици. Систем кој постојано се модернизира и приспособува. Нашата Армијата докажа и покажа дека е достоинствен партнер во меѓународните мисии за што Република Северна Македонија стана земја за почит, го подобри нашиот углед кај земјите членки и на НАТО и на ЕУ. Армијата се покажа на највисоко ниво на подготвеност и во сите елементарни и други непогоди, кои и се случија на оваа држава, се покажаа достоинствено во заштитата на нашите државни граници од 1990 година па се до примопредавање на должноста на полицијата“, истакна Петровска. „Пред 30 години првите луѓе на тогашното државно раководство, на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата го направија тоа што од нив се бараше. Ја формираа Армијата што многу и беше потребна на оваа држава. Тоа го направија со мудрост и без пролеана капка крв. Тогаш а и денес не е битно дали Армијата е таа голема или мала, она што е важно дека таа е гарант за сигурноста на граѓаните, сигурноста за економскиот развој на државата и безбедноста на институциите и така тие знаат дека постои Армија што е нивен заштитник. Формирањето на Армијата и нејзиното издигнување се поврзува и со фактичкото профункционирање на македонската независност. Таа се формираше во еден исклучително сложен амбиент кој се менуваше на дневна основа со високи амплитуди на промени. Македонската војска пред 30 години се градеше според тогашните политичко – воени состојби пред се на Балканот, потоа ни и спрема можностите и безбедносните потреби на земјата. Денес македонската Армија ги вградува стандардите на НАТО Алијансата и се гради според национални потреби и колективниот систем за одбрана“, кажа Петровска во својот говор. „Довербата и интегритетот на Армијата кај граѓаните за нас е “јавното добро” што грижливо и одговорно го чуваме, и правиме тоа да биде неисцрпливо. Модернизацијата, развојот на човечките и материјални капацитети, одржливоста, доброто управување и прецизната регулација, како и растечката и императивна цел за заштита на безбедноста и стабилноста, се суштински елементи за неопходното зајакнување на довербата. Во таа насока, нашата агенда е јасен отсјај на целта кон која сме свртени, но и поттик за важноста од интегрирање на факторите во безбедносно одбранбениот систем. Силната корелација помеѓу безбедносните ризици и закани, состојбата во регионот и на европскиот континент, треба добро да се искористи. Министерството за одбрана останува посветено во спроведувањето на сите мерки и активности кои се предвидени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, но и Стратешкиот концепт на НАТО како и Концептот МКД Одбрана 2030. Наша обврска е да останеме постојан и кредибилен партнер на НАТО, но пред се и над се со целосна отеченост пред граѓаните со цел да ја оправдаме највисоката доверба која ја имаме од нив како Армија бидејќи во неа нема место за партизација и тесни интереси на поединци, групи и било која политичка партија“, рече министерката за одбрана. На крајот таа им се обрати на припадниците на Армијата. „Денес е вашиот ден, но не само денес, за нас, за мене како министерка за одбрана, најважен е секој припадникот на Армијата и секој службеник во Министерството за одбрана. Мотивацијата кај вработените значи и силна институција, подготвена да се справи со сите предизвици. Го вративме достоинството на „луѓето во униформа“ и ги направивме достојни за нивното место во општеството како лица во кои граѓаните имаат најголема доверба. Денес го развиваме најважното – човечките капацитети во системот за одбраната! Сите права кои досега ги добивте се заслужени тие не се изнудени затоа што без вас нема Армија и нема одбрана! И затоа и во иднина дијалогот со вас ќе продолжи за поголемо унапредување на вашата положба. Вие продолжете да ја чувате државата, а ние посветено уште повеќе ќе се грижиме за сите вас“, порача Петровска. „Денот на Армијата ги обединува историјата на создавањето на Македонската државност. Да ни е вечна Армијата! Да живее Република Северна Македонија“, порача на крај Петровска....
Бриф | 16 часа
Асен Меџидиев: Децата повредени во несреќата со српскиот автобус на автопатот „Тракија“ можат безбедно да се превезат
Нема опасност по животот на децата. Тие можат безбедно да се транспортираат, изјави денеска бугарскиот министерот за здравство Асен Меџидиев. Тој додаде дека напладне се очекува да биде во Белград. – Повеќето оперативни интервенции на едно од децата веќе се направени. Состојбата на другото дете е подобрена, контактибилно, секојдневно се подобрува. Прогнозата е добра и за двете деца, посочи министерот. Според него, трите деца примени во болницата во Стара Загора се во многу добра состојба, најверојатно утре ќе бидат пренесени до српската граница. Меџидиев објасни дека состојбата и на повредените возрасни е добра. – Човекот со ампутирана нога, можеби ќе го држиме уште малку додека се заврш и постоперативната работа, рече тој. Претпладнево на аеродромот во Софија слетаа два српски хеликоптера што треба да превезат во Србија две од повредените деца во автобуската несреќа на автопатот Тракија на 14 август. MИА...
Бриф | 16 часа
Митовски: Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите
Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски. –Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, “Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени, вели Митовски. Фестивалот основан како рок-фестивал, „Џој Фест“, годинава, по две години пауза поради Ковид-19 пандемијата, ќе се одржи по деветти пат. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка. Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните. Митовски нагласува дека Аца Лукас не е дел од фестивалската програма, туку ќе пее по повод празникот на градот, прогласен за неработен ден во општината, прославата на патронот на познатиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ и Денот на рударите. – Концертот на Аца Лукас е за празникот на градот, за „Св. Јаким Осоговски“, кога е славата на манастирот и кога традиционално градот го посетуваат луѓе од целата држава и за Денот на рударите. Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето. По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која и реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се спонзорства. Концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е и самиот рудник во Крива Паланка, „Булмак 2016“, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба, изјави Митковски. Митовски нагласува дека настапот на Лукас е по желба на граѓаните, на нивно барање. MИА...
Бриф | 16 часа
Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери
Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери. Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Република Северна Македонија. Логистичката база при Армијата е одликувана за нејзиниот особен, стратешки и долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба. Логистичката база, како што беше посочено на централната свеченост, својата подготвеност ја покажа и со низата активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на КОВИД-19. Со Орден за воени заслуги е одликувана и Организацијата на резервни офицери за нејзиниот особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија. Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. МИА...
Бриф | 17 часа
(ВИДЕО) Ковачевски: Гордо и достоинствено славиме 30 години јубилеј на Армијата која е столб на безбедноста, стабилноста и достоинството
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.„Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата – 18 август. Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО. Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години. Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии. Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал. Нека е честит и вековит Денот на Армијата!”, е наведено во честитката на премиерот Ковачевски. На свечената церемонија на која присуствуваше премиерот се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, и на современи борбени возила со кои располага Армијата меѓу кои и новите оклопни возила со кои се претстави достигнувањето и извежбаноста на припадниците на Армијата. На централната свеченост покрај премиерот Ковачевски присутни беа и претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор, пензионирани припадници на Армијата и претставници на организации со кои соработува Армијата. Централната свеченост е една од завршните активности со кои се одбележуваше јубилејот 30 години од формирањето на Армијата меѓу кои беа реализирани: изложба по повод 30 годишниот јубилеј, отворениот настан за граѓаните, трибини, спортски натпревари, хуманитарни акции и прослави во единиците....
Бриф | 17 часа
Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници
Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Регистрираните случаи се од Белградскиот (27), Јужнобачки (1), Јужнобанатски (1), Сремски (1) и Нишавски (1) округ. Тројца од нив се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување. MИА...
Бриф | 17 часа
(ГАЛЕРИЈА) Триесет години Армијата гарант за безбедноста и економскиот развој на државата
Без разлика дали Армијата е голема или мала, важно е дека таа е гарант за сигурноста на граѓаните, за економскиот развој на државата и безбедноста на институциите и тие да знаат дека постои Армија што е нивен заштитник, е пораката што денеска беше испратена од централната свеченост по повод 30 години од создавањето на македонската Армија. Формирана во исклучително сложен, геополитички и безбедносен амбиент во екот на крвавиот распад на Југославија и на крајот на Студената војна, како што нагласи претседателот и врховниот командант на вооружените сили Стево Пендаровски, Армијата ги споделуваше сите предизвици на младата македонска држава. – Започнавме скромно, со оскудни воени резерви, но, со обучени и посветени патриоти, старешини и војници кои ги полнеа македонските касарни од првиот ден, истакна претседателот Пендаровски, поздравувајќи го првиот регрут во македонската Армија Панче Јамандиев од Велес. Потсетувајќи дека Армијата била ангажирана во справувањето со клучните предизвици на државата како Косовската криза во 1999-та, воениот конфликт во 2001-та и мигрантската криза во 2015-та година, Пендаровски посочи дека Армијата прерасна во кохезивна сила на македонското општество. Порача дека важен дел од трансформацијата на Армијатаи понатаму треба да биде сè поголемата вклученост на припадниците на немнозинските етнички заедници и на жените во сите армиски структури, вклучително и во специјалните единици. Осврувајќи се на актуелниот руско-украински конфликт, Пендаровски рече дека уште од првиот ден како држава ја осудивме агресијата и се солидаризиравме со украинскиот народ. – Таа солидарност не е само вербална, туку конкретна, за што сведочи и помошта, вклучително и воена, што како НАТО-членка и во нашите можности ја дадовме на Украина, нагласи шефот на државата, додавајќи дека во новиот геополитички контекст ја поддржавме и одлуката за проширување на Алијансата и меѓу првите ги ратификувавме договорите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Според Пендаровски, треба да се продолжи со вложувањата во одбраната и како што рече не подоцна од 2024 година да го постигнеме стандардот на изводјување на најмлаку 2 проценти од БДП. Министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека треба да се сочува и надоградува се она што е постигнато во изминатите три децении. -На сите нас ни стои обврската, се што е постигнато во изминатите три децении да биде чувано и надополнувано со поголеми резултати, кои во иднина ќе сведочат за успесите на припадниците на Армијата со кои ќе се гордеат и следните генерации. Република Северна Македонија денес има современ безбедносен систем оспособен да одговори на сложени безбедносни ризици. Систем кој постојано се модернизира и приспособува, рече Петровска, нагласувајќи дека македонската Армија покажа дека е достоинствен партнер во меѓународните мисии. Денес, како што додаде, македонската Армија ги вградува стандардите на НАТО и се гради според национални потреби и колективниот систем за одбрана. – Република Северна Македонија денес има современ безбедносен систем оспособен да одговори на сложени безбедносни ризици. Систем кој постојано се модернизира и приспособува.Нашата Армијата докажа и покажа дека е достоинствен партнер во меѓународните мисии за што Република Северна Македонија стана земја за почит, го подобри нашиот углед кај земјите членки и на НАТО и на ЕУ, нагласи Петровска. Модернизацијата, развојот на човечките и материјални капацитети, одржливоста, доброто управување и прецизната регулација, според министерката за одбрана остануваат императивна цел за заштита на безбедноста и стабилност. -Министерството за одбрана останува посветено во спроведувањето на сите мерки и активности кои се предвидени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, но и Стратешкиот концепт на НАТО како и Концептот МКД Одбрана 2030. Наша обврска е да останеме постојан и кредибилен партнер на НАТО, но пред се и над се со целосна отеченост пред граѓаните со цел да ја оправдаме највисоката доверба која ја имаме од нив како Армија бидејќи во неа нема место за партизација и тесни интереси на поединци, групи и било која политичка партија, порача министерката за одбрана. Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се потсети на почетоците од формирањето на Армијата, опишувајќи ги како тешки, со скромни материјални ресурси, вооружување и опрема. – Тоа беа тешки почетоци кои ги надминавме со пожртвуваноста на армиските припадници и првите регрути преку кои се воспостави еден од носечките столбови на државната самостојност и независност Многу генерации на вработени во Министерството за одбрана и Армијата, војници, старешини и цивилни лица, но и општествени работници активно се вложија во три деценискиот развој на Армијата, истакна Ѓурчиновски во своето обраќање. Додаде дека со нивните достигнувања и ефикасност, Армијата ги остварила стремежите и заветите на нашите великани на Илинден и АСНОМ. -Овој ден го посветуваме на идеалите и пожртвуваноста на сите наши херои и великани за вековната борба за слобода и мир. Наша обврска е да продолжиме по зацртаниот пат на нашите дејци, Јане Сандански, Питу Гули, Гоце Делчев, Вангел Дину, Страшо Пинџур, Чеде Филиповски Даме, Лиман Каба, Кузман Јосифовски Питу, Ибе Паликуќа, Михајло Апостолски и многу други наши великани, порача началникот на Генералштабот. На свеченоста, Ѓурчиновски потсети на визионерскиот говор на првиот претседател и врховен командант Киро Глигоров. „Каква Македонија ќе изградиме таква ќе ја имаме, а вие припадниците на Армијата имате историска улога во создавањето во тоа време на Република Македонија“. Фото: Бриф Текст МИА...
Бриф | 18 часа
МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово
Согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово. Овој ден, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик. MИА...
Бриф | 21 часа
(ВО ЖИВО) Централна свеченост на Армијата по повод 30 години
Централна свеченост на Армијата по повод 30 години...
Бриф | 21 часа
Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство
Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба. Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството. Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август. МИА...
Бриф | 22 часа
Џона Хил нема да ги промовира своите филмови, поради пробеми со психичкото здравје
Американскиот комичар Џона Хил објави отворено писмо во коешто вели дека повеќе нема јавно да ги промовира своите филмови, во догледна иднина, за да поработи на своето психичко здравје. Претстојните негови проекти се документарен филм што тој го режираше, со наслов „Текови“ (Sputz) и комедијата на Нетфликс – „Вие, луѓе“ (You People), којшто Хил го напиша заедно со режисерот Кенија Барис. Во филмов чиешто објавување е најавено за годинава, Хил ќе глуми покрај Еди Марфи, Џулија Луис-Драјфус, Моли Гордон, Мајк Епс, Наја Лонг и Дејвид Духовни. „Преку ова патешествие на самооткривање во рамките на филмот, разбрав дека скоро 20 години доживувам напади на анксиозност, што се влошуваат со појавувањата во медиумите и настаните во коишто се соочувам со јавноста“, напиша Хил пред документарецот „Текови“ да се појави на претстојните есенски филмски фестивали. Документарецот го прикажува Хил и неговиот терапевт отворено разговараат за неговите проблеми со менталното здравје. „Нема да ме видите како го промовирам овој филм или некој од моите претстојни филмови, додека го преземам овој важен чекор за да се заштитам себеси. Ако излегувањето на сцената промовирајќи го тоа ми наштети, нема да бидам верен ни кон себе, ниту кон филмот“, продолжи Хил. Тој додаде дека овие чекори се важни за луѓето да ги разберат нивните проблеми појасно. МИА...
Бриф | 22 часа
Почесна артилериска стрелба по повод јубилејот 30 години од формирањето на Армијата
По повод централната свеченост за одбележување на Денот на Армијата и 30 годишниот јубилеј, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, денеска, со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на три плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот на Армијата. МИА...
Бриф | 22 часа
Триесет години Армија, 30 години мир и стабилност
Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА. Клучната улога во обезбедувањето на територијата на државата, по заминувањето на војската на Југославија, ја имала добро организираната Територијална одбрана која прва ги превзема испразнетите касарни, а веднаш потоа и целосно, во рок од 10 дена ги обезбедува границите, односно ги превзема караулите. Со договорот потпишан на 21 февруари 1992 година, помеѓу гeнералот на ЈНА, Благоја Аџиќ, и претседателот, Киро Глигоров, беше определен и крајниот рок 15 април 1992 година за повлекување на ЈНА од државата. На 11 март 1992 година, единиците на Територијалната одбрана на Крива Паланка ја презедоа првата караула „Рамна Нива”. Истиот ден, на свечен начин беа преземени и соседните караули „Деве Баир” и „Коприва” на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Набргу потоа беа преземени сите караули на македонската граница, односно на 21 март е предадена и последната македонска карула „Јован Вукотиќ” во близина на преминот Меџитлија. Претседателот Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац, на 27 март 1992 година, во Собранието на Република Македонија го потпишаа завршниот акт од Договорот за повлекувањето на единиците на ЈНА од Македонија. Со тоа целосно било спроведено одбранбеното одвојување од ЈНА и од СФРЈ и осамостојување. Со превземањето на последната караула била воспоставена целокупната организација, чување и обезбедување на границата и територијалниот интегритет и суверенитет со војници и старешини од единиците на територијалната одбрана кои таа должност ја вршеа во првите неколку месеци сè до пристигнувањето на првиот редовен регрутен контингент на АРМ. Согласно тогашниот „Закон за одбрана”, чл. 3, од 14 февруари 1992 година, воената обврска на граѓаните е општа и на воената обврска подлежат сите граѓани на Република Македонија од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот. За само 17 дена, со огромен ентузијазам и ангажирање на старешините и на граѓанските лица, касарните во Скопје „Маршал Тито”, во Битола „Стив Наумов”, во Штип „4 јули” и во Охрид „Михајло Апостолски” биле подготвени да ги примат првите македонски регрути. Првиот регрут на Армијата, Панче Јамандиев од Велес, роден 1970 година, пристигнал во гарнизонот во Охрид на 14 април 1992 година. Регрутите главно, биле младинци родени во 1973 година, кои во септември истата година требало да заминат во составот на тогашна ЈНА, а со одлука на Владата биле повикани да служат во редовите на АРМ. Според податоците на АРМ до кои дојде МИА, програмата за обука на македонските регрути опфаќала две и пол месечна обука, а потоа најголем дел од нив биле упатени да ги пополнат граничните единици, додека помал дел од нив се подготвувале за пополнување на единиците на воената полиција и за вршење на останатите служби и должности. По извршените обуките, на 9 мај 1992 година во Скопје во тогашната касарна „Маршал Тито” сега „Илинден“, во Битола „Стив Наумов” на 10 мај, во Штип „4 јули” на 16 мај и во Охрид на 17 мај, првите македонски регрути дадоа свечена обврска и отпочнаа со своите активности. Денеска Армијата одбележува 30 години од формирањето од како со одлука, Владата од 3 јуни 1993 година, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” 18 август 1943 година на Славеј Планина, го прогласи за Ден на АРМ. Истата година Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир” по што во март следната година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка. На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната на државата. Армиските специјалци „Скорпии“ во 1996 година првпат учествуваа на воена вежба на НАТО – „Мировен орел” која се одржа во Република Албанија. Истата година се одржа и првата мултинационална воена вежба на просторот од нашата држава „Спасител ’96”, а во мај следната година вежбата „Спасител ’97”. Веќе во 1998 година се одржа и најголемата мултинационална вежба според бројот на земјите учеснички „Најдобар кооперативен зафат ’98”. Следеа бурните настани и ангажираноста на АРМ, особено на граничните состави во „Косовската бегалска криза” од 1999 година. По создадените услови за преструктуирање на одбранбениот систем и реформа на Армијата, заради постигнување интероперативност според стандардите на НАТО, на 3 мај 2000 година, од страна на Алијансата беше прифатен Акциониот план за подготовки за членство во НАТО, со што широко, како што велат од АРМ, се отворија портите за целосна структурна реформа на Армијата. Во започнатиот процес на реформи и преструктуирање, нашата војска во 2001 година се соочи со вистински воен конфликт, иако не беше прогласена воена состојба. Република Северна Македонија прв пат испрати свои мировници во мисијата ИСАФ (Интернатионал Стабилизатион Авган Форцес – ИСАФ) во Авганистан во 2002 година, а даде и поддршка на операцијата предводена од САД, „Слобода за Ирак“ во мисијата во Ирак. Нашите армиски состави продолжија со учество и во мисијата ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, „УНИФИЛ“ во Либан и во последната со директно учество- мисијата на НАТО-КФОР во Косово. За бригадата за североисточна Европа СЕЕБРИГ деклариравме и сеуште учествуваме со чета за мировни операции, инженериски патен вод и национален елемент за поддршка за чета, а од пред две години сме домаќини на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово. Покажаниот висок професионален ангажман и посветеноста на нашите војници во тие мисии придонесе за јакнење на меѓународниот кредибилитет на Република Северна Македонија и за нејзино дефинирање како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување. Армијата секогаш прва се вклучувала во помош на граѓаните и локалните самоуправи како во гасење пожари, санирање на последици од поплави, доставување храна во непристапни терени итн. За време на поплавите во скопскиот регион 2016 година Армијата учествуваше со вкупно 5878 работни ангажирања, во просек 345 припадници дневно, 384 моторни возила, а употребени се вкупно службени кучиња во 21 случај. Вкупно 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти се чистени од наноси. Извршена е дизинфекција на 1014 куќи. Во минатогодишните гасења на пожарите на 13 локации во Кочани, Берово, Делчево, Куманово и секаде каде што беа потребни, од копно и од воздух се вклучија припадниците на Армијата, при што беа ангажирани 2243 припадници и исфрлени 472 тони вода од хеликоптерите. Ангажирањето на Армијата продолжува во асистенција на институциите во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, а воените сили се вклучени и во справување со мигрантската криза и асистенцијата на граничната полиција, почнувајќи од 2015 година. Армиските припадници постојано учествуваат и во хуманитарни и крводарителни акции. Вообичаено тоа се работи на наша иницијатива за организирање на ваква акција, пред се поврзана со некој повод како прослава на ден на единиците и Ден на АРМ. Во просек секоја година се организираат помеѓу 15-20 вакви акции каде се собираат помеѓу 700-900 крвни единици. Политиката на национална безбедност на Република Северна Македонија се темели на „активно и реално вклучување во меѓународните напори за креирање и подобрување на мирот и безбедноста”, е запишано во Националната концепција за безбедност и одбрана. Стратегискиот одбранбен преглед од 2019 година ги даде јасните и конкретни насоки за трансформација на одбраната на Република Северна Македонија, а како нејзин составен дел е и трансформацијата на Армијата, која доби една заокружена целина. Транформацијата се уште трае, а постепената и планска модернизација и опремување на оперативните состави според динамичниот план за опремување е составен дел од неа. Обуката, покрај модернизацијата и опремувањето, има приоритет како значаен сегмент во одбраната и истата постепено се приспособува на потребите на командите и единиците на Армијата за потребите на одбраната на земјата и за учеството во меѓународни мировни мисии. По воената интеграција во НАТО во 2020 година, се склучи договор за чување на суверенитетот на македонското небо преку концептот на Air Policing. Армијата на Република Северна Македонија во изминатите 30 години од статична, а гломазна Армијата се трансформира во мала, мобилна и ефикасна Армија, способна да се соочи со сите предизвици, оспособена рамноправно да се носи со другите армии на земјите членки на Алијансата. MИА...
Бриф | 22 часа
Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа, поради високите температури да се избегнува престој на отворено
Поради топлотен бран во земјава денеска и утре бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Овие препораки беа донесени на вчерашната седница на Владата откако УХМР ги информираше институциите дека денеска и утре територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза. Температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Владата ги донесе следните препораки: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението. Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. е Под влијание на топол бран денеска и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени. Како што соопшти УХМР, за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат. Минималните температури ќе се движат од 13 до 24 степени, а максималните од 28 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 8. МИА...
Бриф | 23 часа
Армијата заедно со граѓаните го прославува 30-годишниот јубилеј
Со традиционално испукување на плутони, прикажување на најновата воена опрема, показни вежби и со концерт на воениот оркестар и со музички ѕвезди, Армијата на Република Северна Македонија заедно со граѓаните вечерва на Воениот стадион во Скопје го прослави 30-годишниот јубилеј. На манифестацијата присуствуваа mинистерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, како и други гости. На настанот организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ се прикажа најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, вештините на армиските специјалци, како и презентација на вежба со армиски кучиња. – Овој настан замислен е како начин на кој што го прославуваме Денот на Армијата кој всушност е утре, меѓутоа ова е ден специјално за граѓаните. Затоа е и направен овде на Воениот стадион затоа што е лесно достапен и сите граѓани може да дојдат. Изложена е најголем дел од опремата која ја поседува нашата Армија, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на вечерашната изјава за медиумите. Додаде дека станува збор за модерна софистицирана опрема, и дека досега се доставени вкупно шест возила. – Тие се дел од големите планови за модернизација на нашата Армијата. Тоа се лесни оклопни возила кои се составен дел на вооружувањето на нашата Армија, изјави Петровска. Таа информираше дека до крајот на оваа година ќе стигнат уште 27 исти вакви возила, а до 2028 треба да се испорачаат сите, со коишто ќе се заокружи комплетната бројка од 96 возила. По презентацијата на воената опрема и воените вештини следуваше концерт на Воениот оркестар како и богата музичка програма каде што настапуваа Кики, Пере, Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио. MИА...
Бриф | 1 ден
Северна Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД
Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Северна Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година. Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Северна Македонија. Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Северна Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември. -Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Северна Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Северна Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“, се вели во Законот. MИА...
Бриф | 1 ден
Битиќи: Оваа година ќе имаме историски најголемо жнеење на житни култури
„Оваа година ќе имаме историски најголемо жнеење на житни култури, но не може да се справиме со последиците од лошите политики од изминатите 30 години со мерките кои денес ги носиме. Овие мерки ќе дадат ефект за некоја година“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Тој додаде дека во изминатите 30 години се креирани земјоделци и земјоделски сектор зависен од субвенции, без да се гледа дали расте или се намалува, како што е случај кај нас, земјоделското производство. „Ние сме рекордери во користење на субвенции во земјдоелитето. Над една милијарда искористени земјоделски субвенции, а нашето земјоделско производство опаѓа“ рече Битиќи. Вицепремиерот додаде дека веќе е започната јавната дебата за промени на моделот на субвенционирање и ги увери земјоделците дека тие кои реално произведуваат ќе добиваат достоинствени субвенции, додека тие кои профотираат на нивниот грб треба да бидат загрижени. МИА...
Бриф | 1 ден
Битиќи: Јавните институции мора да се пример за совесно користење на ресурсите, ќе има казни за раководителите кои нема да штедат
„Сите подеднакво треба да го сносиме товарот од пребродувањето на енергетската криза, но јавните институции мора да се пример за сите други. Совесното користење на ресурсите треба да биде императив за сите кои водат институции, не само во криза туку и во нормални услови“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Тој додаде дека ќе следуваат казни и санкции согласно законите за сите раководители кои нема да се придржуваат до препораките од владата, а доколку не се постапува согласно владините заклучоци можно е и губење на работните места. „Рестрикции не се предвидени и нема да има. Како влада обезбедивме доволно ресурси, електрична енергија за граѓаните, домаќинствата и сите на регулираниот пазар. Струја ќе има во целиот период кој е пред нас, во целата зимска сезона. Но сите треба да знаеме влегуваме во енергетска криза во која сите треба поодговорно да се однесуваме“ рече Битиќи. Вицепремиерот додаде дека препораките за штедење се за да не се направи хаварија во системот од преголема потрошувачка, а не поради капацитетите за производство....
Бриф | 1 ден
Северна Македонија во четврток и во петок во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран
Владата на денешната 70. седница поради топлотниот бран најавен за четврток и петок донесе препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, како и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Како што се наведува во соопштението, Владата на Република Северна Македонија преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржа 70. седница на која, беа донесени препораки за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена, четврток и петок (18 и 19 август 2022 година). На укажување од министерот за здравство, дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза, Владата ги донесе следните препораки: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот, се наведува во соопштението. Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Оваа мерка ќе биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување. Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, се наведува во сопштението од Владата. MИА...
Бриф | 1 ден
Од залутани куршуми повредено момче и оштетена шофершајбна
МВР соопшти дека вчера се забележани два инцидента од залутани куршуми – едниот во Кондово каде е повредено момче, а другиот во село Љубин каде е оштетена шофершајбна на возило „шкода октавија“. -На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.Р. (28) од село Кондово. Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во село Кондово. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува МВР во денешниот билтен. Во 21.30 часот, пак, како што се додава во билтенот, Е.Б.(50) од село Љубин пријавил дека пред неговиот дом од залутано зрно била оштетена шофершајбната од возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот. МИА...
Бриф | 1 ден
Литовски: Ако се тргне лажниот бугарски триумфализам, ќе се види дека препораките се во согласност со историската наука
Ако се тргне лажниот бугарски триумфализам и политиканството кое го презентираат некои македонски „експерти“ кои се на иста линија со бугарските ставови, тогаш лесно ќе се види дека препораките се во целосна согласност со методолошките правила на историската наука воопшто и во целосна согласност со сознанијата на македонската историографија од последните седумдесеттина години, вели за „Локално“ историчарот Александар Литовски, откако пред два дена беа усвоени заклучоците на македонско-бугарската историска комисија. Според него препораките за заедничко чествување сами по себе, „никако не влијаат врз историскиот наратив“. Впрочем, како смислено да се заборава дека „заедничко чествување“ нема да се случи „денес или утре“ заради работата на Комисијата за историски и образовни прашања, туку тоа е востановена пракса долги години наназад, а сепак историскиот наратив ниту во Македонија, ниту во Бугарија не се промени, смета тој. Содржината на усогласените препораки на Комисијата предизвика бројни реакции, откако триумфалистички беа поздравени од платформата Национален круг „За Македонија“. Сметате ли дека презентираните препораки се „победа за бугарската историска наука“, како што ја опишуваат бугарските професори? -Не може да стане збор за некаква „победа“ во ниту една точка од „препораките“. На пример, тие велат дека се прифатило оти „Цар Самуил е бугарски цар…“, а ако го погледнете текстот во препораката такво тврдење нема никаде, туку стои: „Цар Самуил е владетел на голема средновековна држава…“ Кога би било по бугарските желби и во согласност со бугарскиот триумфализам за некаква победа, би требало да пишува „Цар Самуил е владетел на голема средновековна БУГАРСКА држава“. Оттука, ако се тргне лажниот бугарски триумфализам и политиканството кое го презентираат некои македонски „експерти“ кои се на иста линија со бугарските ставови, тогаш лесно ќе се види дека препораките се во целосна согласност со методолошките правила на историската наука воопшто и во целосна согласност со сознанијата на македонската историографија од последните седумдесеттина години. Според вас, дали формулациите за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, и препораките за менување на учебниците во двете земји кои ги усогласила Заедничката комисија, директно го менуваат историскиот наратив во полза на бугарската национална и етничка кауза во Македонија? -Апсолутно не. Се работи само за препораки за заедничко чествување кои, сами по себе, никако не влијаат врз историскиот наратив. Впрочем, како смислено да се заборава дека „заедничко чествување“ нема да се случи „денес или утре“ заради работата на Комисијата за историски и образовни прашања, туку тоа е востановена пракса долги години наназад, а сепак историскиот наратив ниту во Македонија, ниту во Бугарија не се промени. Колку за илустрација и потсетување: во 2014 година во Рим заеднички чествуваа делегации на Македонија и Бугарија. Во состав на државната делегација за молебенот на традиционалната манифестација во чест на основачите на првата словенска азбука светите Кирил и Методиј, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, беа и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и амбасадорите на Македонија во Рим и во Ватикан Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски. На молебенот на гробот на свети Кирил, присуствуваа амбасадорите на Бугарија во Рим и во Ватикан, Марин Рајков и Кирил Топалов, кој попатно кажано денес е во „бугарската комисија“ и е гласен негатор на македонскиот национален идентитет. Освен тоа, на чествувањето на бугарската делегација присуствуваат македонските амбасадори Шамбевски и Јанкулоски. Освен тоа, во препораките за Кирил, Методиј, Климент и Наум, се зборува исклучиво за „сесловенски просветители“, што е апсолутно спротивно од „желбите“ на бугарските историчари и политичари нив да ги прогласуваат за „бугарски просветители.“ Погледнато од тој аспект, „препораките“ значат пораз на националистичката и ненаучна бугарска историографија. Што се однесува до досегашните препораки за менување на учебниците во двете земји тие воопшто не се однесуваат на корекции во историскиот наратив, туку се обидуваат да корегираат конкретни непрецизности во историската фактографија. Впрочем, може да се забележи дека до сега е расправано за „бенигни“ проблеми и анационални прашања низ учебниците за полетните одделениа во двете земји. Не само што би било добро, туку нужно е, македонскиот дел од „Комисијата“ во идната работа да ги отфрли како неприфатливи за дискусија сите прашања кои тангираат некакви идентитетски сидра врз кои се темели македонскиот национален идентитет и македонската историографија. Договорот за добрососедство од 2017 година, на македонската страна тоа ѝ го овозможува затоа што се темели врз принципите на паритет и рамноправност. Сметате ли дека Протоколот потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји кој е и составен дел на Преговарачката рамка, Бугарија може да ги користи за уцени и блокирање на евроинтеграциските процеси на Македонија? -Што се однесува до Протоколот, може да се каже дека врз основа на досегашното искуство со бугарската дипломатија и бугарската официјална политика, сосема е извесно дека Бугарија ќе го користи за уцени и блокирање на евроинтеграциските процеси на Македонија. Работа на македонската политика и македонската дипломатија е, бескомпромисно, да ги одбијат сите атаци врз македонскиот идентитет и македонската државност. Тие во секој момент мора да имаат предвид дека македонската историја и македонскиот литературен јазик се темелите на македонскиот национален идентитет и со нив не смее да се прави никаква „политика“, не смее да има никакви отстапки и компромиси. Сето спротивно на тоа е чин на национално и државно предавство. Дали овие решенија водат кон нормализирање и унапредување на соработката меѓу двата народа и двете држави, што е наш заеднички интерес? -Низ историјата може да се забележи дека не постојат меѓународни „решенија“ кои водат кон „нормализирање и унапредување на соработката“ меѓу две држави и народи, ако зад нив не стојат добри и искрени намери. А, сосема е очигледно дека не само бугарската политика, туку и бугарското општество е заглавено во деветнаесет вековната „санстефанска фикција“, која произведува бесен бугарски националшовинизам и стремеж кон уништување на одделниот македонски национален идентитет. Таквата фашизоидна бугарска политика, во никој случај, не може да доведе до меѓусебно почитување и соработка, ниту до остварување на некаков заеднички интерес. Многу е поверојатно дека бугарските националистички провокации ќе предизвикуваат натамошни конфронтации и меѓусебна национална нетрпеливост. Извор: Локално...
Бриф | 1 ден
Петровска – Најт: Северна Македонија и Вермонт покажаа како се создава вистинско сојузништво
Република Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајот Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт, кој допатува во Скопје по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“. -Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт, рече Петровска. Министерката посочи дека нема подобар пример за заедништво од она на кое сите бевме сведоци во текот на месец мај, кога армиските припадници и припадниците на Националната гарда на Вермонт заеднички се обучуваа на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на досега најголемата вежба реализирана во Северна Македонија, „Swift Response 22“. Петровска упати благодарност до генералот Најт и Националната гарда и за континуираната поддршка во развојот на капацитетите на армиската единица за АБХО. На средбата, министерката Петровска се осврна и на идните планови во соработката – реализацијата на вежбата „Defender 23“ следната година, можностите за проширување на соработката преку трилатерално партнерство помеѓу Северна Македонија, Вермонт (САД) и Австрија, како и развојот на капацитетите за сајбер одбрана и развојот на подофицерскиот кор, кој е столбот на Армијата. Генералот Најт порача дека Националната гарда на Вермонт останува силно посветена на партнерството со Северна Македонија, кое може да послужи како одличен пример како заеднички се развива интероперабилноста која е клучна во НАТО – Алијансата. Програмата за партнерство со Националната гарда на Вермонт е иницирана во 1994 година, а досега повеќе од 7.000 припадници на Армијата биле дел од заедничките активности. На Националната гарда на Вермонт доделен и е Орден за заслуги, а годинава министерката Петровска на генералот Најт ќе му додели плакета по повод 30-годишниот јубилеј и долгогодишната успешна соработка. МИА...
Бриф | 1 ден
Запленети 250 килограми дрога вредна 800.000 евра, приведени пет лица
МВР соопшти дека вчера, при претрес во правен субјект во Битола се запленети 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра, а лишени се од слобода и пет лица. -По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.05.2021 за одземање дозвола за одгледување канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите се затекнати две женски лица во момент на обработка и пакување сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина сув цвет од канабис, информира МВР. Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава. МИА...
Бриф | 1 ден
Регистрирани 521 случај на КОВИД-19, починати се три лица
Во изминатите 24 часа направени се 1.231 тестирање, а регистрирани се 521 случај на КОВИД-19, од кои 120 се реинфекции. Оздравени се 485 пациенти, а пријавени се три починати лица. Во моментов активни се 3.595 случаи на КОВИД-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените, најголем број се во Скопје-201, од Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Регистрирани се 485 оздравени пациенти од: Скопје – 187, Битола – 35, Тетово – 31, Куманово – 27, Кавадарци – 22, Гостивар – 20, Кочани и Прилеп – по 18, Кичево – 17, Велес, Штип и Струмица – по 16, Ресен – 10, Берово – 9, Неготино – 8, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Делчево – 4, Демир Хисар – 3, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Пробиштип – по 2, Струга,Радовиш, Виница, Пехчево, Македонски Брод, Демир Капија и Крушево – по 1. Во изминатите 24 часа се пријавени две починат лица од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кичево (74г),починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5 август 2022 година. Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429. МИА...
Бриф | 1 ден
Се бара човек кој ќе пие вино, плата: 240 евра
Дали виното е повкусно кога го пиете од убава чаша на тераса во хотел со прекрасен поглед или сте дома, со филџан и пред телевизорот? Британскиот синџир продавници за вино „Маџестик“ (Majestic) со намера да го дознае токму тоа, е во потрага по човек кому ќе му плати 240 евра за да биде дел од ова уникатно истражување. Избраниот „практикант“ прво ќе оди на Пиринејскиот Полуостров на три дена, со платени летови и сместување. Тој / таа ќе добие кутија вина произведени во Шпанија и Португалија. По тоа патување, ќе го добие истото вино за да го проба дома, па да види дали може да вкуси и искуси некаква разлика. „Не е потребно претходно искуство, само отворен ум, љубов кон убавото шише и пасош“, велат од „Маџестик“. Заинтересираните ќе треба да пополнат апликација на страницата на споменатата продавница за вино, којашто е отворена само за жителите на Велика Британија. Како што се наведува, пријавувањето трае до 19 август, а среќникот ќе го почне своето патешествие во септември. М ИА...
Бриф | 1 ден
Целта е Северна Македонија да биде дел од првото наредно проширување на ЕУ и тоа е достижно, вели Маричиќ
Евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Северна Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. -Ако ги гледате извештаите на ЕК, Северна Македонија анализирано по кластери стои подобро или еднакво добро во најголем дел од кластерите со државите кои веќе преговараат 10 години. Тоа значи дека ние не сме го изгубиле времето во чекална и дека сме работеле интензивно на усогласување и на прописите и на праксата, на нивно имплементирање. Секако дека имаме многу работа, далеку од тоа дека работата е завршена но треба да си поставиме амбициозни цели за да можеме да исполниме во некој реален рок. Гледано, најоптимистички оваа рамка за претпристапна помош завршува 2027 година и ние треба да работиме и да се бориме наредната претпристапна рамка да важи за што помалку држави, односно да бидеме држава членка, вели Маричиќ запрашан за оптимизмот на премиерот Ковачевски дека очекува побрза интеграција по примерот со НАТО. Тој потсети на порано презентираниот календар, кој е заеднички подготвен со Брисел, според кој скринингот ќе започне на 15 септември, а ќе трае до крајот на 2023 година. Во тек е интензивна комуникација со Брисел и се прават забрзани подготовки и во тренинг центарот на СЕП. -Планираме заедно со претставниците во Брисел по летните одмори веднаш да започнеме со обука на нашата администарција и на оние кои ќе учествуваат во првиот кластер – темелни вредности, да започнеме и со објаснување на методологијата и со објаснување на процесот на скрининг. Тоа ќе биде тековна работа на Тренинг центарот се до завршување на преговорите, рече Маричиќ. MИА...
Бриф | 1 ден
Свечен собир и признанија за вработените во Армијата и Министерството за одбрана
Во рамки на активностите со кои Армијата го одбележува својот 30-годишен јубилеј, денеска се одржа свечен собир на вработените во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. На собирот, како што информира Министерството за одбрана, беа доделени голем број признанија за остварените резултати и за придонесот за Армијата. Во повисок чин беа унапредени припадниците на Армијата кои ги исполнуват условите. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски доделија признанија и на претставници од институциите со кои соработуваат Министерството за одбрана и генералштабот. Министерката за одбрана Петровска нагласи дека денешниот јубилеј не е само бројка, туку дека 30 години Армија значи 30 години сигурност, безбедност и државност. Подвлече дека секој припадник на Армијата, секој вработен во одбраната има свој удел во создавањето на армија со препознатлив имиџ за професионалност, дисциплина, мотивација и успех и дека токму со нивната енергија и посветеност ја остваривме нашата клучна стратешка цел – членството во НАТО. -Бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на НАТО. Армијата има за што да биде горда пред своите граѓани затоа што вие чесно, мотивирано и професионално си ги извршувате своите задачи, но и многу повеќе од тоа. Кога дојдов на позицијата министерка за одбрана, првото нешто што го реков е дека од ниту еден вработен во Министерството и во Армијата не барам ништо повеќе од она што го имам зацртано за себе. А, првенствено, тоа е посветеноста кон одбраната и татковината, истрајноста која носи видливи резултати и амбицијата која отвора нови можности за подобра Армија, задоволни армиски припадници и побезбедна држава, рече Петровска. Способностите на Армијата, како што рече, не се само зборови на хартија, туку вештини на дело. -Армијата на дело покажа дека е способна и мотивирана. Дека функционира според највисоките НАТО стандарди. Нашиот Лесен пешадиски баталјон е првата поголема единица која неодамна беше оценувана според стандардите за оценување на борбена подготвеност на НАТО. Можеме да одиме со исправена глава, зашто покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО цели на способности. Тоа првенствено е ваша заслуга, изјави министерката Петровска и додаде дека Министерството инвестира во кадар, опрема и модернизација кои ја зацврстуваат Армија. Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски честитајќи го јубилејниот празник на сите припадници на Армијата, како и на унапредените, пофалените и штотуку пензионираните, упати порака да се продолжи со уште поголемо залагање и динамика во остварување на поголеми резултати, како што доликува на Армија членка на НАТО. Најави дека приоритети во понатамошниот период ќе бидат реформите, трансформацијата, модернизацијата, како и постигнување на поголема психофизичка способност и обученост со цел оправдување на големиот рејтинг и почит која ја ужива Армијата кај граѓаните и во државата. Покрај министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски пред присутните се обратија и поранешните началници на ГШ, генералите Горанчо Котески и Методија Величковски, кои оваа година ги исполнија законските услови за заминување во пензија. За дадениот придонес во развојот на Армијата во текот на вршењето на должноста им беа врачени соодветни признанија. Генералите Величковски и Котески, како што се наведува, го истакнаа своето задоволство што беа дел од Армијата за овие триесет години и учествуваа во нејзиниот развој, притоа посакувајќи уште поголеми успеси во понатамошниот период. Во рамки на церемонијата од страна на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кој присуствуваше на прославата во рамки на дводневната официјална посета на државата, исто така се доделија признанија на припадници од Армијата за нивното залагање за извршување на задачите во текот на најголемата меѓународна вежба „Swift Response” која беше реализирана оваа пролет на АП Криволак. По завршување на собирот, министерката за одбрана Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и присутните ја посетија изложбата на фотографии по повод јубилејот „30 години Армија“ во холот на Домот на Армијата. Изложбата ќе биде отворена за посетителите во следниот период. Собирот е дел од завршните планирани активности со кои се одбележува јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, во чии рамки вечер, со почеток во 18.30 часот, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се реализира отворен настан за граѓаните. Централната свеченост по повод одбележување на јубилејот ќе се реализира утре, 18 Август, во касарната „Илинден“ во Скопје. Во останатите гарнизони каде се сместени командите и единиците на Армијата, воени свечености се реализираа во текот на денешниот ден. MИА...
Бриф | 1 ден
Поради сушата употребата на вода во Лондон е ограничена
Во Лондон се воведуваат мерки за ограничување на користењето на водата, од 24 август, соопшти денеска најголемата водоводна компанија во Велика Британија „Темза Вотер“. На речиси 15 милиони луѓе во главниот град и во областа Оксфорд на запад им е забрането да ги полеваат своите градини, да полнат мали и големи базени, да ги мијат автомобилите, прозорците и дворовите со црева, соопшти компанијата. За првпат по 10 години, таквите мерки за ограничување на користењето на водата го погодија Лондон, каде сушата во последните месеци ги претвори парковите во суви места. Неколку водоводни компании веќе најавија слични забрани, главно на југот на земјата, но и во Јоркшир. Во случај на повеќекратно непочитување на забраната на прекршителите им се заканува кривично гонење, а само еднаш се издава предупредување. MИА...
Бриф | 1 ден
Обвинителството отвори истрага и бара притвор за скопјанката која грабна бебе во ГТЦ Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – „грабнување“ и доставил предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје. -На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче старо само седум дена. На родителите на бебето осомничената им се понудила да им помогне да стигнат до Поликлиниката Бит Пазар. Во Градскиот трговски центар тие ја замолиле осомничената да го причува бебето додека да купат за јадење, по што таа се оддалечила со него. Со такси тргнала кон Ѓорче Петров, а потоа и кон нејзиниот дом, каде полициски службеници успеале да ја пронајдат и лишат од слобода. Со ваквите дејствија осомничената ги спречила родителите да бидат со своето новороденче повеќе од четири часа, а предизвикала и опасност за загрозување на здравјето на бебето, се наведува во соопштението од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор на осомничената, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и страв дека ќе се обиде да ги прикрие трагите на кривичното дело и да ја попречува истрагата. MИА...
Бриф | 1 ден
Симовски: Единствена валидна категорија е резидентно население
Единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на прашање од МИА, за тоа кои податоци треба да се користат од Министерството за информатичко општество и администрација при усогласување на податоците за алатката „Балансер“. – Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население, изјави Симовски. На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор. – МИОА не контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски. За тоа дали биле прашани како да се користат податоците за граѓаните кои беа попишани преку регистрите, Симовски рече дека и за тоа им дале јасен одговор. – Прашаа и добија одговор. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие седум проценти се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати, нагласи Симовски. Симовски, исто така, појасни дека граѓаните и по Устав имаат право да не одговорат за етничката припадност. – И на крајот Вие по Устав имате право да не се изјасните. Никој со сила не може да Ве натера да се изјасните. Ние ги импутиравме податоците за кои има во регистрите документирана информација, ама никако не смееме да помислиме, а камоли да направиме импутирање на податоци за чувство. Тоа си е лично и е апсолутно забрането, изјави Симовски. Од МИОА, за МИА вчера изјавија, дека при усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица. Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување. Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност. MИА...
Бриф | 1 ден
МЗШВ: Започнува исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства
Започна исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства. Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), досега се исплатени 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда до близу 9.700 корисници. -Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла говеда, прецизираат од МЗШВ. Потсетуваат дека е извршена и исплата на финансиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до 5.877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. -Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства, велат од МЗШВ. Нагласуваат дека со донесениот ребаланс на буџетот за 2022 година се обезбедени 2,7 милијарди денари финансиски средства со кои оваа година, како што посочуваат, комплетно ќе ги расчистат заостанатите обврски кон земјоделците, а ќе почне и авансната исплата на земјоделците. -Подготвивме план и динамика за исплата кој со реализација започнува од овој месец со исплатата на субвенциите за говеда и пчели. Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. Согласно динамиката до крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците. Парите се тука, обезбедени и земјоделците ќе ги добијат своите заслужени средства, порачуваат од МЗШВ. МИА...
Бриф | 1 ден
АД ЕСМ: Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 проценти зголемено производство
РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ произведоа за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1126, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија“. Според нив, зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите. Во истиот период, наведуваат од ЕСМ, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25 проценти и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија. АД ЕСМ во сопштението ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека тие ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси. Владата вчера донесе мерките што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец. За домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. MИА...
Бриф | 1 ден
Започнува кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“
Во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип ќе бидат пошумени 10 хектари слободна површина, како дел од кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“, проект на „ДМ-Дрогерие маркт“ во соработка со ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за образование и наука и Факултетот за шумарство. Локацијата е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП „Национални шуми“ и Факултетот за шумарство. – Се работи за огромен простор во кој ќе бидат засадени 10.000 багреми и 17.000 чемпреси. Дел од донацијата е наменета за опрема, што Претпријатието ќе ги употребува понатаму. Ќе добиеме десет дупчалки за земја, сврдли и акумулатори и батерии за полнење на истите, соопшти директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски на денешната прес-конференција. Груевски соопшти дека се работи за најголема донација што ЈП „Национални шуми“ ја има добиено, во вредност од еден милион денари. MИА...
Бриф | 1 ден
Инфлацијата и стравот од рецесија ја анулираа заработката на норвешкиот пензиски фонд
Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. Најголемиот пензиски фонд во светот „тежок“ околу 1,3 трилиони долари во периодот од јануари до јуни годинава бележи 14,4-отстотен негативен поврат на инвестициите. „Пазарот беше обележан со раст на каматните стапки, висока инфлација и војна во Европа. Особено лошо минаа акциите во технологијата со негативен поврат од минус 28 проценти“, изјави извршниот директор на фондот Николај Танген. Негативни приноси од акциите во првото полугодие се регистрирани во сите сектори, со исклучок на енергетскиот каде е забележан поврат од 13 проценти, поттикнат од растот на цените на енергенсите поради војната во Украина. Повратот на вложувањата во акции во првото полугодие е минус 17 отсто, а повратот на вложувањата во обврзници минус 9,3 отсто. Фондот бележи и негативен поврат на инвестициите во инфраструктурата за обновливи извори на енергија од минус 13,3 отсто. Вложувања во недвижности што не котираат на берзата забележале добивка, со принос од 7,1 отсто. На крајот на јуни, 68,5 отсто од средствата со кои управува фондот се инвестирани во акции, а 28,3 отсто во обврзници. Уделот на инвестиции во недвижности што не котираат на берзата е три проценти, додека учеството инвестиции во инфраструктурата за обновливи извори на енергија е 0,1 отсто. Фондот е основан во 1996 година со цел да ги инвестира остварените приходите од продажбата на нафта и гас за обезбедување пензии за граѓаните на Норвешка. Во моментов има акции во повеќе од 9.300 компании ширум светот. MИА...
Бриф | 1 ден
На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека до 40 минути
На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 30 до 40 минути за влез во државата, а на преминот „Богородица“ околу 40 минути за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се посочува, е зголемен. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. MИА...
Бриф | 1 ден
Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје
Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел по три,… Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни. Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, Струга 26,.. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (47,7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција. Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти. MИА...
Бриф | 1 ден
Прашањето за договорите на дело останува отворена тема за дебата, вели Бесими
Прашањето за договорите на дело е исклучително важна тема која останува отворена за дебата во рамки на даночните реформи, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во интервјуто за МИА, министерот посочува дека се работи за комплексна тема која опфаќа широк спектар на граѓани. Веќе имаме искуство дека една иницијатива не успеа, вели Бесими, додавајќи дека целта е да се слушнат размислувања и предлози од различни интересни групи за да се дојде со најдоброто решение. – Се работи за тема којашто опфаќа многу широк спектар на граѓани или физички лица кои се во економска активност во тој дел. За жал, во пракса сме виделе дека дел од тоа се манипулира. Имаме ситуација во која намерно се пријавуваат најниски социјални давачки, а потоа разликата се дава со договор на дело. На овој начин, директно губат вработените, затоа што во иднина ќе имаат пониски пензии. Има и ситуации во кои некои воопшто не се пријавуваат, а користат социјални здравствени услуги од Агенцијата за невработени. Ова е исто така дел од сивата економија, вели Бесими. Прашан дали во секој случај со даночната реформа ќе бидат опфатени договорите на дело, Бесими со став дека не сака ништо да прејудицира и дека најважно е да се дебатира за ова. MИА...
Бриф | 1 ден