Османи со „Deja Vu“ реторика за европската иднина на Македонија, дипломатски одговор за критиките од експертската јавност
Преговорите за членство со ЕУ ги почнавме од дента на одржување на првата меѓувладина конференција, но не ќе можеме да го отвориме Поглавјето 23, доколку не го промениме Уставот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Скринингот ќе го завршиме, но Поглавјето 23 не можеме да го отвориме доколку не го смениме Уставот и тоа е компромисно решение, затоа што позицијата на Република Бугарија беше тврда до последниот момент дека нема почнување на преговори без воопшто да се направат тие уставни измени. И ние тоа не го прифативме. Ние го одбивме тоа решение кое што Бугарите го понудија – да добиеме почеток на преговори и скрининг, а во меѓувреме да се прави измена на Уставот, рече Османи при денешното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Телевизија Канал 5. Тој потенцира дека измената на Уставот подразбира внесување на хрватската, црногорската и бугарската заедница заедно со останатите шест заедници коишто се веќе наведени во текстот на Преамбулата. На прашањето дали стравува дека можеби нема не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, Османи потенцира дека во текот на разговорите со Бугарија комуницирал и со претставници на македонската опозиција и од ниедна партија не слушнал аргумент против внесување на Бугарите во Уставот – Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците, на македонскиот народ и на Република Северна Македонија, затоа што првпат институционално се дефинира однос помеѓу мнозинско македонско население и бугарската малцинска заедница. Првпат во историјата на односите имаме формално институционализирање на тој однос и го направи неповратлив и иреверзибилен. Јас ова сум го слушнал од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи. Според него, дури и од претставници на ВМРО-ДПМНЕ го слушнал мислењето дека се направило грешка што Бугарите не биле внесени во Уставот кога се направија уставните измени во 2001 година, а сега ова прашање се користи за дневна политика. – Жално е што европската перспектива, стратешките прашања на граѓаните, стандардот на граѓаните, нивната иднина, се ставаат во функција на политичката и партиската иднина на одредени политичари. Тоа е жално, изјави Османи. Според Османи, во претстојните „15 месеци додека трае скринингот“ и додека да стигнеме до Поглавјето 23, властите ќе се обидат да ги разобличат сите тие што сакаат нивните кариери да ги стават пред стратешките интереси на земјата. – Ќе одиме до секој граѓанин за да им кажеме кој е ризикот од промена на Уставот, што е лошо во тоа до Албанците, Турците, Србите, Ромите… да се внесат и Црногорците, Хрватите и Бугарите. Кој е тој ризик, а кои се бенефитите од таков процес. Ве уверувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ убедувањето е дека нема никаков ризик од таков процес, туку напротив има интерес државата тоа да го направи. Битно е да се најде начин, а јас сум сигурен дека кога ќе постави на маса, ќе има доволно пратеници коишто ќе ги потврдат. Нотарските изјави мислам дека се уште едни инструменти од тој партиско-политички фолклор, рече министерот Османи. Османи изјави дека не е за референдум за ова оваа прашање затоа што, како што рече, граѓаните се изјасниле по однос на европската перспектива. – Ако треба да има, прашањето треба да биде – Дали сте за ЕУ или не. Се друго апсолутно ќе биде манипулација на граѓаните. Така што мислам дека никој нема дилема дека оваа мала држава зависна од регионалните и европските процеси може да опстојува нормално и оптимално во Европската унија, рече тој. Во однос на тоа дека извештајот за транспарентност на Владата вели дека Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците биле едни од најтранспарентните, Османи истакна дека тоа се однесува на делот во однос на објавата на огласи, а не во комуникацијата со јавноста. – Слободно нека направи некој анализа по однос на тоа колку пати јас сум одржал брифинг, прес-конференција, комуникација, интервјуа на тема односи со Република Бугарија. Значи, нема прашање кое што не е разговарано десетици, десетици пати во текот на овој период. Меѓутоа, ние знаевме од почеток кои и да бидат решенијата од овој процес дека опозицијата е спремна да го искористи тоа во дневно-политичката борба и тие имаа сценарија. Сценарија од типот доколку не успее државата да ги почне преговорите, да почне кампања со протести за неспособна Влада која што еве не блокира за европскиот процес. Доколку успееме – ова е предавничка влада која што еве ги продаде интересите. Значи, воопшто ве уверувам дека ги немаат прочитано решенијата, го немаат прочитано „францускиот предлог“, ниту Протоколот, ниту овие решенија на Историската комисија. Се е партиска калкулација и тоа ме боли затоа што мислев дека има одредена граница до партиско-политички интерес и каде почнува еден државен интерес којшто треба да биде натпартиски. За жал, се уверив дека кај одредени политички партии таква граница воопшто нема, посочи Османи. Во однос на реакциите од граѓанскиот сектор против „францускиот предлог“, Османи истакна дека и тој сакал идеален чист европски процес. – Меѓутоа, за жал, реал политиката не е таква. „Францускиот предлог“ не е предлог којшто почнува од ништо. „Францускиот предлог“ е продолжение на неколку обиди на неколку претседателства. Така што, доколку се разбира би збореле од перспектива на некој идеален пуританистички концепт на европски интеграции – ОК, можеме да најдеме забелешки. Но, прашањето е дали почнавме преговори после 17 години? Да, почнавме преговори, исто како Албанија. Дали се загрозени националните, идентитетските прашања на било кој народ во Република Северна Македонија? Најодговорно тврдам – не. Тоа се лажни информации со кои се обидуваат да ги плашат граѓаните за да освојат некој политички поен повеќе, истална Османи....
Макпрес | 45 минути
САД идната недела дистрибуираат 1.8 милиони вакцини против мајмунски сипаници
Службено лице од од Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска најави забрзан американски одговор на ширењето на мајмунските сипаници, по повиците за повеќе вакцини и третман на заразата. Како што јави С-Ен-Ен, ова вклучува и дополнотилени 1.8 милиони дози „Јунеос“ вакцини и забрзување на нивната дистрибуција од страна на Министерството за здравство. Објавата доаѓа откако најновите податоци на Центрите за контрола и превенција на заболувањата укажуваат дека досега во САД се регистрирани повеќе од 13,500 случаи на мајмунси сипаници, а заклучно среда, повеќе од 39,000 случаи се забележани низ целиот свет. Во САД досега не се забележани смртни случаи од оваа болест. Од ЦДЦ јавуваат дека сегашната епидемија на мајмунски сипаници најмногу е поврзана со полова активност. Според водичот на ЦДЦ, овие сипанци „може да ги добие секој… преку близок контакт, најчесто кожа на кожа, или преку интимен контакт што вклучува полов однос, гушкање, масирање и бакнување“. Според најновите сознанија, во САД, најранлива група се мажите кои имаат полов однос со мажи. Тие се со највисок ризик да бидат заразени. На брифингот денеска, министерот за здравство, Kсавиар Бесера, директорката на ЦДЦ, д-р Рошел Валенски и координаторот на Белата куќа за справување со мајмунските сипаници, Боб Фентон, изјавија дека „забрзана е четвртата фаза од нашата национална стратегоја за вакцини. Од идниот понеделник, 1.8 милиони дози ќе бидат на располагање на надлежните за порачување“. Со тоа државите и окрузите ќе имаат поголема прегледност колку вакцини можат да очекуваат за дистрибуција. На почетокот на месецов САД декларираа дека мајмунските сипаници се вонредна состојба во јавното здравство....
Макпрес | 45 минути
Зијадин Села: Алијансата за Албанците бара техничка влада
Алијанса за Албанците бара да има техничка влада, потврди претседателот на партијата Зијадин Села, откако потпретседателот Арбен Таравари преку социјалните мрежи вчера побара формирање на таква извршна власт за надминување на состојбите во државата. Според партискиот лидер, постојат повеќе аргументи зошто треба да се формира нова техничка влада за да ја води државата. – Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет, затоа што тој не е избран на избори. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи, порача Зијадин Села од Тетово. Партијата на Села во Тетово со отворање на нови канцеларии во центарот на градот ја заврши кампањата за вонредните избори за Совет на Тетово, што ќе се одржат во сабота. – Со овие избори се праќа порака, не се гласа само за Тетово, како општина, зошто Тетово има и други причини, Тетово е повеќе од град, Тетово е наш центар, во кој земаат сила политичките процеси. Тетово во сабота на 20 август има во рака, да даде сила на политичките промени, да и даде сила на Алијансата за Албанците зошто само така може да се постигне тоа што сите Албанци го очекуваат, на наредните парламентарни избори, демократија, слобода, на Албанците, ние сме подготвени, порача Села....
Макпрес | 45 минути
Поради штрајк британската железница работеше со само 20 отсто од капацитетите
Железницата во Велика Британија денеска работеше со само 20 отсто од капацитетите поради штрајкот на железничарите, јавува „Би-Би-Си“. Половина од железничките линии во земјата се затворени, бидејќи повеќе од 45 илјади железничари штрајкуваат изразувајќи незадоволство од ниските плати и лошите услови за работа. Вклучувањето на работниците од сигнализацијата низ Англија, Велс и Шкотска дополнително ја усложнува ситуацијата оттаму што без сигнализацијата железничкиот сообраќај практично е невозможен. На патниците им е препорачано да патуваат со воз само доколку немаат друг избор. Генералниот секретар на железничкиот, поморскиот и на транспортниот синдикат, Мик Линч предупреди дека спорот може да трае „неограничено“ долго време доколку не се постигне договор за платите. Тој ја обвини Владата дека ги користи парите на британските даночни обврзници за „да ги спаси приватните железнички компании, помагајќи им да избегнат одговорност за изгубениот приход поради штрајкот. Британското Министерство за транспорт пак соопшти дека синдикалните лидери не сакаат да преговараат, а наместо тоа „го нарушуваат секојдневниот живот на милиони луѓе“. За в сабота е закажан уште еден штрајк на британските железничари....
Макпрес | 45 минути
Зеленски: Нема мир со Русија додека не ги повлече војниците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли можноста за какви било мировни преговори со Москва без претходно повлекување на руските трупи од територијата на Украина. „Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и пукаат во нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, па ќе видиме, рече тој. На прес-конференцијата одржана во Лвов во западниот дел на Украина Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија“....
Макпрес | 45 минути
Ален Вајселберг ќе даде искази за дејностите на „Организација Трамп”
Поранешниот финансиски директор на семејниот бизнис на поранешниот претседател Доналд Трамп денеска се изјасни за виновен за тоа што во текот на 15 години му помагал на Трамп да затајува данок. Изјаснувањето е дел од договор со обвинителите со што тој може да се јави како сведок против компанијата на судењето што започнува наскоро. Финансискиот директор на „Организација Трамп” (Trump Organization) Ален Вајселберг се изјасни за виновен за сите 15 обвиненија. Тој беше обвинет за избегнување даноци за раскошните дополнителни бенефиции што ги добиваше од компанијата, вклучувајќи плаќања за закуп на луксузен автомобил, кирија за стан на Менхетен и школарина за приватни училишта за неговите внуци. Вајселберг е единствената личност која досега се соочува со кривична пријава во долготрајната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата. На самиот Трамп не му беа изречени обвиненија. „Ова изјаснување на вина директно докажува дека „Организација Трамп” се занимавала со широк спектар на злосторнички дејности и го обврзува Вајселберг да даде непроценливи искази во текот на судкскиот процес“, се вели во изјавата на окружниот обвинител на Менхетн, Елвин Брег. Договорот за признавање вина, исто така, бара од Вајселберг да сведочи вистинито како сведок на обвинителството кога на „Организација Трамп” ќе ѝ се суди во октомври за поврзани обвиненија. Компанијата е обвинета дека помагала на Вајселберг и на другите директори да избегнат даноци на приход со тоа што не ги пријавувале точниот износ на нивните плати до даночната служба на САД. Тој е обвинет дека сокрил даноци на доход во висина од 1.76 милиони долари. Со тоа што склучи зделка со обвинителство тој најверојатно ќе плати казна од 2 милиони долари како казнени поени, неплатени даноци и проценти, и пет години условно. Во случај да не склучеше договор тој ќе се соочеше со 15 години затворска казна. Организација Трамп се занимава со управување на голф клубови, хотели и друга недвижност. Ако биде осудена, компанијата ќе треба да плати виско парични казни и други казнени мерки. Вајселберг рабетл во компанијата околу половина век. Откако беше обвинет истапи од позицијата, но сеуште е во тимот на Трамп како постар советник...
Макпрес | 45 минути
Бугарија испраќа свои војници во мисијата Алтеа во БиХ
Сто и десет бугарски војници ќе се приклучат на операцијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Тие се дел од механизирана чета на меѓурегионалната резерва на операцијата на ЕУ во БиХ, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според соопштението, задачите што бугарската војска ќе ги извршува во рамките на операцијата Алтеа се патролирање, чување на базата и акции на формациите за брза реакција. Бугарскиот воен контингент беше одобрен за учество во привремената регионална резерва за воената операција на ЕУ во Босна и Херцеговина Алтеа во јуни. Бугарските војници прво ќе биде распоредени во привремената резерва на меѓународните сили, по што во јуни 2023 година ќе ги преземе задачите на своите бугарски колеги, кои во март беа прераспоредени во меѓународната база Бутмир во Сараево...
Макпрес | 1 час
33 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на СВР Битола
Денеска (18.08.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територија на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи. Од нив, 22 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта....
Макпрес | 1 час
Шкупи поразен од Балкани во плејофот за групната фаза во Лигата на Конференции
Македонскиот шампион Шкупи доживеа пораз со 1:2 вечерва во првиот натпревар од баражот со Балкани за групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Чаирчани имаа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата на гостинот од Сува Река кој задоволен ќе го чека реваншот на свој терен Шкупи прв дојде во водство на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје преку Сандеј Адетунџи во 19.минута. По само четири минути израмни Албион Рахмани, а Меритон Кореница во 67.минута ги постави конечните 2:1. Реваншот ќе се игра по седум дена во Косово....
Макпрес | 1 час
Данска инвестира 5,4 милијарди евра во поморската флота
Данска ќе инвестира 40 милијарди дански круни (5,4 милијарди евра) во својата поморска флота поради руската војна врз Украина и „новата безбедносна ситуација во Европа“, изјави денеска министерот за одбрана Мортен Бодсков. – Со рускиот напад врз Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани. Безбедноста на снабдувањето игра одлучувачка улога овде, посочи Бодсков. Данската премиерка Мете Фредериксен минатата недела објави дека Данска ќе даде уште 110 милиони евра финансиска помош за Украина за „оружје, опрема и обука“....
Макпрес | 1 час
Борел: Засега без договор, но разговорите Белград-Приштина продолжуваат наредните денови
Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел изјави дека делегациите на Белград и Приштина денеска не постигнале договор во дијалогот во Брисел, но оти е договорено разговорите да продолжат наредните денови. Тој истакна дека до 1 септември за кога беше одложена одлуката на Приштина за пререгистрација на возилата и личните документи, има уште време, нагласувајќи дека нема да се откаже од потрагата по решение. „Не постигнавме договор, но тука не е крајот на приказната. Двајцата лидери се согласија дека процесот треба да продолжи следните денови“, рече Борел на прес-конференцијата по денешните разговори во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, на кој учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти....
Макпрес | 1 час
„Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ нема да прави предизборна коалиција
Партија „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков на парламентарните избори на 2 октомври самостојно ќе настапи. Таквата одлука е донесена од Националниот совет на партијата, врз основа на темелни политички и социолошки анализи, објави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, од партијата посочија дека верува оти оваа формула на Бугарија ќе и го донесе коалициското мнозинство што ќе ја заврши работата што ја започна владата „Петков“. Исто така беше наведено и дека „Демократска Бугарија“ останува природен сојузник на „Продолжување на промените“ на патот кон промените во Бугарија. Во интервју за БНР, потпретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов прогнозира дека нема да има предизборен коалициски договор меѓу двете политички формации....
Макпрес | 1 час
Украден „фолксваген голф" пронајден во Битола
На 18.08.2021 на ул.„Девејани“ во Битола, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички полиција - Отсек за општ криминал пронајдено е одземено патничко возило "фолксваген голф", со битолски регистарски ознаки, кое неколку часа претходно беше пријавено за одземено од ул."Цане Василев" во Битола. Возилото е вратено на сопственикот С.Ж. (56) од Битола...
Макпрес | 1 час
Власта ја менува реториката, од „нема да има“ рестрикции за струја во „не би требало“ да има
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот...
Макпрес | 1 час
Османи вели дека политички центри пласирале лажни вести за историската комисија, ама не кажа што е „fake news“ за Цар Самоил и Св. Климент
Негативните реакции во однос на договорените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања се последица на намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри, со цел да се искористи дебата за дневно политичка борба, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести. Значи, можам најодговорно да кажам дека 95 проценти од сите шпекулации, од сите информации во врска со „францускиот предлог“, во врска со Протоколот, во врска со решенијата на Комисијата се намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри со цел да се искористи емотивниот карактер на оваа дебата во дневно политичката борба, истакна Османи во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5. Според него, главен проблем е што одредени политичари по секоја цена, дури и за прашања коишто се најсуштествени за државата, се калкулираат само од аспект дали се на власт или не. – Битно е да се слушаме. Мислам дека не се слушаме во оваа дебата. Мислам дека сме закотвени во нашите позиции, онака како ние мислиме дека е нашиот политички поглед по однос на тоа прашање и воопшто не ги слушаме аргументите. Денеска излегува Историската комисија и кажува – дајте аргументи за овие тези коишто ги кажувате против решенијата. Никој не дава аргументи. Дури и авторите на слични решенија се критични, бидејќи стана популарно да се биде критичен. Стана нов тренд и нова мода да се биде критичар. Но, реалноста не е тоа. За жал, проблемот е што не се слушаме, а не во тоа дека не говориме доволно, додаде шефот на дипломатијата. Според него, во јавноста се создаде погрешна перцепција дека историчарите од бугарската дел од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања изразиле чувство на триумфализам во однос на договорените решенија. – Тоа е една маргинална група на историчари во Република Бугарија кои се на маргините на политичката дебата и се поставени провокативно кон овој процес. Се обидуваат намерно да го направат токму тоа, бидејќи во Република Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам, истакна Османи. Тој нагласи дека решенијата на Комисијата што беа презентирани во јавноста оваа недела се договорени уште во 2019 година и се одобрени од претходниот министер за надворешни работи Никола Димитров. – Во меѓувреме немаше нови решенија. Тие се однесуваат на прашања од античкиот период за којшто немаше многу разлика помеѓу двете држави, додаде Османи....
Макпрес | 1 час
Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон. Но, според тамошната „ТВ3“, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид. По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса. Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период....
Макпрес | 1 час
Гутереш: Оштетување на нуклеарката „Запорожје“ би било самоубиство
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека какво било оштетување на украинската нуклеарна централа во Запорожје би било „самоубиство“. „Мораме да кажеме како што е: секоја потенцијална штета во Запорожје би била самоубиство“, рече Гутереш за време на посетата на Лвов во западниот дел на Украина. Тој го повтори претходниот повик за „демилитаризација“ на областа околу централата што е под контрола на руската армија. Гутереш претходно овој месец ги повика руските сили да се повлечат од објектот на „безбедно демилитаризирано растојание” што денеска беше одб иено од Русија. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за неодамнешното гранатирање на електраната, што предизвика стравувања од сериозна несреќа....
Макпрес | 1 час
Љоренте ја отфрли понудата на Челзи од 60 милиони евра
Челзи понуди 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Маркос Љоренте. Самиот играч ја одбил понудата, објави на Твитер новинарот, Матео Морето. Дваесет и седумгодишниот Шпанец за мадридскиот клуб настапува од 2019 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година. Како дел од Атлетико, играчот од средниот ред стана шампион на Шпанија во сезоната 2020/21, а играше и во финалето на Европското младинско првенство 2017 година. Минатата сезона Љоренте запиша 40 настапи за клубот, креираше три асистенции. Според „Трансфермаркт“, играчот вреди 45 милиони евра....
Макпрес | 1 час
,,Форест Фест” викендов по шести пат во Малешевијата
Викендов во Пехчево ќе се одржи 6-тото издание на фестивалот „Форест Фест 2022“. Настанот е во организација на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а активностите започнуваат во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево. -Во рамки на настанот предвидена е богата едукативна програма и рекреативни активности во прекрасните предели на Малешевијата. Негрево ќе биде местото каде ќе се одржи настанот, како алтернатива после пожарите кои ја зафатија Малешевијата во изминатите години. Во рамки на настанот ќе имаме неколку предавања на тема Заштита од пожари, но исто така ќе ја опфатиме и темата за санација на опожарени површини, бидејки за неа се помалку се зборува, велат организаторите. Во рамки на настанот ќе бидат посетени и опожарени површини на сопственици на приватни шуми, а како што додадоа организаторите ќе се разговара и на теми кои се од витално значење за сопствениците на шуми. Во сабота (20.08.2022) како дел од ,,Форест фест“ со почеток од 9 часот се организира и велосипедска тура со вкупна должина од 40 километри во чии рамки предвидено е искачување до најисточната точка во Македонија, врвот Ченгино Кале, преку Равна Река и попатно по течението и изворот на река Брегалница....
Макпрес | 1 час
Целје прв финалист на Струшкиот ракометен турнир
Целје е првиот финалист на 50. јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, откако вечерва го совлада македонскиот шампион Вардар со 36:28 (17:17). Претходно екипата на Еурофарм Пелистер минимално го победи Татран Прешов со 25:24 (11:10) и во утрешниот натпревар со реми или победа против грчкиот вицешампион АЕК ќе игра во саботното финале на турнирот. Во мечот меѓу АЕК и РК Струга, грчкиот тим убедливо го совлада домаќинот Струга со 30:15 (15:5). Најефикасен кај грчкиот претставник беше Живковиќ со шест погодоци, кај домаќинот на турнирот најпрецизни беа Бобан Блажески и Петар Маркоски со по три погодоци. На Меѓународниот ракометен турнир во Струга денеска присустуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски....
Макпрес | 1 час
Зеленски за посетата на Ердоган: Силна порака за поддршка од силна држава
„Силна порака за поддршка од силна држава“, така украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша денешната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Украина. Зеленски денеска оствари билатерален разговор со својот турски гостин, по што се одржа трилатерална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Средбата на тројцата лидери траеле околу 40 минути, а во моментов се одржува заедничка конференција за медиумите. Според турската телевизиска станица „НТВ“, Зеленски посочил дека со турскиот претседател разговарал за можностите за надградба на иницијативата за извоз на жито преку украинските пристаништа, како и за ситуацијата околу нуклеарната централа „Запорожје“. „Зајакнувањето на нашата соработка ќе доведе до зајакнување на двете земји“, истакнал украинскиот претседател. На средбата во Лвов бил потпишан договор меѓу Турција и Украина за реконструкција на инфраструктурата оштетена во војната, наведува „НТВ“. Телевизијата наведува дека на билатералната средба претседателите разговарале за сите аспекти на односите меѓу Анкара и Киев на стратешко ниво. На трилатералната средба Зеленски-Ердоган-Гутереш од турска страна во Лвов присуствувале уште и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, шефот на разузнавачката служба МИТ Хакан Фидан и портпаролот на претседателот и советник Ибрахим Калан....
Макпрес | 1 час
Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021
Вашингтон пост открива дека САД знаеле за рускиот план за инвазија врз Украина неколку месеци пред почетокот на војната, но не успеале да ги убедат земјите-членки на НАТО за неизбежноста на нападот, јави дописникот на МИА. Можеше ли да се избегне војната? Во октомври 2021 година, Џо Бајден одржува итен состанок во Овалната соба на Белата куќа со неговите воени и дипломатски советници. Шест месеци пред почетокот на руската инвазија на Украина, американските разузнавачи се сигурни дека Владимир Путин подготвува офанзива од големи размери во Украина, наведува Вашингтон пост. Според весникот Бајден ги предупредил најблиските сојузници на Вашингтон, Франција, Обединетото Кралство и Германија, на крајот на октомври во Рим, за време на самитот на Г-20. Неколку недели подоцна, директорката на американското разузнавање, Аврил Хејнс, ја претставува оваа тема пред неколку земји-членки на НАТО. Но, според Вашингтон пост, реакциите биле скептични. Француските и германските власти не разбраа зошто Путин ќе се обиде да изврши инвазија и окупација на голема земја со само 80.000 до 90.000 војници, пишува американскиот весник. Сателитските снимки, исто така, покажаа дека војниците се движат напред-назад од границата. Само балтичките земји и Британците ги поддржуваат САД во тој момент. Плашејќи се од политичка манипулација по грешките во анализата на Американците во времето на војната во Ирак и за време на падот на Авганистан, Германците и Французите одбиваат да ја потврдат верзијата на Вашингтон. Според Вашингтон пост, Емануел Макрон и Ангела Меркел не мислеле дека Путин може да направи нешто толку „ирационално“. Од ноември 2021 до февруари 2022 година, Американците ќе ги зголемат дискусиите зад сцената за да ги алармираат различните европски земји, но и да го зголемат своето присуство на Стариот континент, со пристигнувањето на многу војници во неделите пред почетокот на конфликтот. Но, и неколку дена пред почетокот на војната, многу Европејци не веруваа во можна инвазија врз Украина. Вклучувајќи ги и Емануел Макрон и неговите советници. Шефот на француската држава, кој требаше да влезе во својата изборна кампања, ги интензивираше дипломатските средби и телефонски разговори со Владимир Путин. На 20 февруари, по напната размена, тој веруваше дека добил договор од рускиот претседател за исклучителна средба со Џо Бајден. Емануел Бон, дипломатски советник на претседателот на Републиката, дури и танцуваше, според Вашингтон пост. Освен што од тоа не се случи ништо. Неколку часа откако ја спушти слушалката и му се заблагодари на Емануел Макрон на француски, Владимир Путин официјално призна две сепаратистички републики во источна Украина. Четири дена подоцна е објавена војната....
Макпрес | 1 час
Начаев: Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како последно средство
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Нечаев изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како последно средство. – Руската воена доктрина дозволува употреба на нуклеарно оружје само како одговор на заканата од масовно уништување или кога е загрозено самото постоење на државата, посочи Начаев. Тој додаде дека „употребата на нуклеарниот арсенал е можна само како во самоодбрана и само во кризни ситуации“...
Макпрес | 1 час
Двајца стружани вршеле јавен превоз без лиценца
Таксисти со нови жолти регистарски таблици / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца стружани за вршење јавен превоз без лиценца, соопшти Министерството за внатрешни работи. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Струга и И.Ј.(51) од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. При контрола извршена на 12.6.2022 година кај селото Подмолје, полициските службеници го затекнале првопријавениот при управување такси возило, сопственост на второпријавениот, без соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници издадена од надлежен државен орган“, посочуваат од МВР....
Макпрес | 1 час
Финска соопшти дека руски авиони влегле во нејзин воздушен простор
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад. Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури. Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал“ во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море....
Макпрес | 1 час
Христов: Интерконекторот со Грција ќе стартува од 1 октомври
Законот 15 и Актот 16 се очекува да бидат изгласани кон средината на септември за интерконекторот Грција – Бугарија, а гасот да потече на 1 октомври, најави вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, по увидот на бугарскиот дел од меѓусистемскиот гас врска во областа на градот Хасково. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетно почнуваат преговорите со Азербејџан и турските компании снабдувачи на гас. Но, доколку е потребно, разговорите со „Газпром“ ќе бидат обновени, додаде тој. Воедно стана јасно дека гасоводот меѓу Грција и Бугарија од денеска е успешно поврзан со бугарската национална и транзитна мрежа за пренос на гас. Во близина на Стара Загора беше извршено поврзување на инфраструктурата на двата независни преносни оператори за Бугарија – ИЦГБ и „Булгартрансгаз“. Гасоводот ИГБ е веќе успешно поврзан со соседните оператори во Бугарија и Грција, со што физичкиот пренос на гас низ објектот е технички обезбеден....
Макпрес | 1 час
Депај пред преселба во Јувентус
Мемфис Депај е се поблиску до преселба во Јувентус од Барселона. Дваесет и осумгодишниот напаѓач на репрезентацијата на Холандија ќе го раскине договорот со Каталонците и како слободен играч ќе се пресели во Италија. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марцио, Јуве ќе се откаже од дел од бонусите кои ги должат Каталонците за настапите на играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ во составот на Барса. Депај и Јувентус се уште не постигнале целосен договор за договорот, иако претходно се пишуваше за двегодишен договор и плата од шетс милиони евра годишно...
Макпрес | 1 час
Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба
Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во 06:00 часот во водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, наведуваат МВР во денешниот билтен...
Макпрес | 1 час
Во ракетните напади врз Харков загинаа најмалку 12 луѓе
Изминатите неколку часа интензивирани се ракетните напади врз Харков, а вкупно од синоќа загинаа најмалку 12 луѓе. При нападите повредени се најмалку 20 луѓе. Во денешните напади погоден е и станбен блок....
Макпрес | 1 час
Социјалистите со законски измени се обидуваат да ги остават надвор од Парламентот Бериша и Мета
Албанските владејачки социјалисти ги подготвија измените на законот за декриминализација, кои, како што претходно најавија ќе бидат на дневен ред на Парламентот на почеток на следниот месец. Станува збор за законот „За гарантирање на интегритетот на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции“. Со овие измени социјалистите бараат во законот за декриминализација да се додаде член за забрана за кандидирање на лица прогласени за „нон грата“ од САД, Обединетото Кралство или други западни земји, како и оние што резултираат како соработници во досиејата на поранешната тајна служба ШИК. – Целта повеќе од очигледна е дека сакаат вон Собранието да ги остават поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша, кој непожелен е прогласен од САД И Обединетото кралство и доскорешниот шеф на државата и лидер на Партијата на слободата Илир Мета, кој наводно во досиеја се споменува како соработник на ШИК, јави АБЦ њуз. Според социјалистите, целта на овој закон е да се гарантира довербата на јавноста во функционирањето на избраните државни органи, независните институции и оние кои се основани со закон, на јавната администрација, преку спречување на нивниот избор или именување. Исто така се предлага отстранување од јавна функција на лица кои се осудени или против кои се преземени мерки на безбедност или со неправосилна одлука за сторени кривични дела, според овој закон, како и лица за кои е утврдено дека се соработници поранешна државна безбедност. По завршување на петгодишниот мандат како претседател, Мета се врати во политиката со остра реторика и тешки обвинувања кон премиерот Еди Рама, што во континуитет го прави Бериша. Двајцата најавија коалиција и апсолутна победа на локалните избори до година а Мета побара техничка влада и предвремени парламентарни избори...
Макпрес | 1 час
Нов помор на риби во кумановско
Повторно е регистриран помор на риби на вливот на река Кумановка со Пчиња под Искрин Мост, соопштија денеска надлежните од Државниот инспекторат за животна средина. Поморот, како што наведуваат од инспекторатот го пријавиле рибарите во текот, вчера попладне. Бојата на реката била видно заматена соопштуваат надлежните. – На самото место при првичниот увид бил присутен директорот на ДИЖС м-р Сретен Стојковски при што во вечерните часови се земени повеќе мостри на вода од разни локации пред и по пречистителна станица за третман на отпадни води во село Доброшане, а направени се и фотодокументација и видеоснимки од страна на неколкуте присутни рибари. Реализиран е и контакт и со директорот на ЈП Водовод Куманово кој беше присутен на локацијата, а по неговото пристигнување ДИЖС е информиран дека е настанат краткотраен проблем со довод на електрична енергија околу 18 часот кога станицата не била во редовна функција. Мострите вода се доставени до акредитирана лабораторија за животна средина заради лабораториски анализи, соопштија од инспекторатот. Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија Крива Паланка направил вонреден инспекциски надзор при што е подготвен записник за констатација и врз основа на анализите ќе се води понатамошна инспекциска постапка со соодветни мерки и санкции....
Макпрес | 1 час
Во Грција потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници
Во Грција се потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници, два повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдените случаи се мажи од 19 до 59 години, односно просечната возраст е 36 години, а 16 од заразените (32 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Исто така се додава дека во Европа, до 16 август 2022 година, регистрирани се 18.960 случаи на мајмунски сипаници во 43 земји. Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни. Како што вчера објави МИА, министерот за здравство на Грција Танос Плеврис соопшти дека во вторникот во земјата пристигнале околу 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници, а следната седмица Комисијата за имунизација ќе одржи состанок за начинот и условите за вакцинација. Паралелно освен вакцините, Грција е во координација со Европската комисија за набавка на 100 терапии....
Макпрес | 1 час
За македонските пингпонгари заврши ЕП во Германија
Македонските репрезентативци го завршија настапот на Европското првенство во пинг-понг во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки и микс двојки што се одржува во Минхен, Германија од 13 до 21 август. Нашата репрезентација ја сочинуваа Филип Младеновски од екипата ППК Шампион Фа од Штип кој настапи во конкуренција машки поединечно, машки двојки и микс двојки и Амелија Николов од екипата ППК Шампион Фа од Штип која настапи во конкуренција женски поединечно, женски двојки и микс двојки. Младеновски и Николов имаа симболичен настап и не успеаа да се пласираат на главната табела на првенството....
Макпрес | 1 час
Во фирма за канабис во Куманово, во сеф-собата пронајдени неевидентирани 185 семки од канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис
На 18.08.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност - Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги....
Макпрес | 1 час
Лидс нуди пет милиони евра за најмладиот голгетер во италијанската репрезентација
Лидс е во преговори за ангажирање на напаѓачот на Цирих, Вилфрид Гнонто. Според новинарот Николо Шира, англискиот клуб понуди пет милиони евра за 18-годишниот Италијанец и ги договори условите на личниот договор со играчот. „Transfermarkt.com“ го процени Гнонто на 10 милиони евра. Во јуни, Гнонто дебитираше за италијанската репрезентација. Тој на 14 јуни постигна гол во натпреварот од Лигата на нации со Германија (2:5) и стана најмладиот голгетер во историјата на националниот тим....
Макпрес | 1 час
Околу 240 мигранти пристигнале на грчкиот остров Китира во рок од 24 часа
Уште еден мал брод со мигранти, трет по ред во рок од 24 часа пристигнал на грчкиот остров Китира, а според грчките медиуми, пренесувал околу 67 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Во двата одвоени случаи во текот на вчерашниот ден, со две едрилици, пристигнаа вкупно 170 мигратни, а биле уапсени вкупно пет криумчари За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни. Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата била пронајдена на карпест брег. Втората едрилица била откриена во морскиот дел јужно од островот, а се пренесувале вкупно 73 лица, од кои 46 мажи, 21 дете и шест жени, а биле уапсени двајца криумчари . За третиот случај, грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека мал брод со 67 мигранти пристигнал на плажа во западниот дел на островот....
Макпрес | 1 час
Казнети 19 мотоциклисти за неносење на заштитна кацига
Во последната акција на полицијата по полошките сообраќајници, откриени се и санкционирани 19 лица поради неносење на заштитна опрема. Од СВР Тетово информираат дека во денешната акциска контрола вкупно биле откриени и санкционирани 23 прекршоци (на тетовското подрачје-8 и гостиварско-15). – Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење заштитна опрема (ТЕ-5 и ГВ-14), односно кациги. Двајца мотоциклисти управувале без положен возачки испит (ТЕ-1 и ГВ-1) и 2 (ТЕ) не поседувале осигурителни полиси. При контролата, исто така, санкционирани се и пет други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3), наведуваат од СВР Тетово. Оттаму апелираат до мотоциклистите задолжително да носат заштитна опрема, да не седнуваат зад волан без возачки дозволи и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли. Од СВР Тетово најавуваат дека до крајот на овој и наредниот месец се планирани засилени контролни активности на мотоциклистите во Полог, чиј број деновиве осетно е зголемен на тетовските и гостиварските улици, но и по околните регионални патишта....
Макпрес | 1 час
Албанија: Трговскиот дефицит за седум месеци над 1,9 милијарди евра
Во изминатите седум месеци од годинава Албанија забележала трговски дефицит во износ од 235 милијарди лека или над 1,9 милијарди евра, што е зголемување за 8,3 отсто споредено со истиот период минатата година. – Во периодот од јануари до јули извозот на стоки достигнал вредност од 293 милијарди лека и бележи раст од 40,1 отсто, додека увозот достигнал вредност од 528 милијарди лека и бележи раст од 23,9 отсто во однос на истиот период лани, објави државниот завод за статистика, ИНСТАТ. Според истиот извор во месец јули трговскиот дефицит изнесува 42 милијарди лека и е зголемен за 6,9 отсто во однос на јули 2021 година и за 20,3 проценти во однос на јуни 2022 година. Во јули, извозот на стоки достигна вредност од 39 милијарди лека со зголемување од 23 отсто, во однос на истиот период од пред една година и намалување за 14,3 проценти во однос на јуни годинава. Во меѓувреме, увозот на стоки достигнал вредност од 82 милијарди лека со раст од 14,1 отсто во однос на една година и за 0,6 проценти во однос на јуни 2022 година....
Макпрес | 1 час
Ковачевски – Лосон: Цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализацијата на стратешките цели и на политиките за развој
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната - како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. При тоа е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот. На средбата е истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички е констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. „Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад“, рече премиерот Ковачевски. На состанокот е разговарано и за надминувањето на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања и за регионот и за светот, предизвикани од војната во Украина и од пандемијата....
Макпрес | 12 часа
И денес околу 500 нови граѓани позитивни на Ковид, тројца пациенти починаа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година. Направени се 1.108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а бројот на активни случаи изнесува 3.483 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 158588, Активни 1422 Куманово 17920, Активни 150 Битола 17495, Активни 253 Прилеп 15225, Активни 150 Тетово 14344, Активни 118 Кавадарци 11819, Активни 134 Велес 10632, Активни 111 Гостивар 10198, Активни 84 Охрид 10034, Активни 208 Струмица 8684, Активни 85 Штип 8634, Активни 78 Кичево 6006, Активни 48 Кочани 5434, Активни 62 Струга 5122, Активни 64 Гевгелија 4756, Активни 61 Неготино 4085, Активни 80 Ресен 2980, Активни 24 Радовиш 2789, Активни 55 Свети Николе 2763, Активни 14 Крива Паланка 2595, Активни 32 Делчево 2108, Активни 69 Берово 1802, Активни 28 Дебар 1794, Активни 20 Валандово 1583, Активни 8 Виница 1459, Активни 27 Пробиштип 1296, Активни 4 Богданци 1085, Активни 22 Кратово 1081, Активни 14 Крушево 1008, Активни 21 Демир Хисар 911, Активни 11 Македонски Брод 784, Активни 9 Демир Капија 623, Активни 7 Македонска Каменица 533, Активни 3 Пехчево 505, Активни 7 Дојран 365, Активни 0...
Макпрес | 12 часа
Тупанчески: АРМ е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбрана на мирот, безбедноста и демократијата
Во изминатите 30 години изградивме добро обучена, моќна и силно почитувана Армија, која беше извор на безбедност и стабилност, како во државата така и во регионални и во светски рамки, напиша на Фејсбук министерот за правда Никола Тупанчески по повод 18 август – Денот на АРМ. Како важен столб на нашата независност, Армијата како што посочува Тупанчески, ја отсликува реалната структура на македонското општество чувајќи ја нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски. -Со својата реформска посветеност, професионализам во извршувањето на одговорните задачи и постигнатите резултати во мировните мисии, АРМ е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбрана на големите вредности-мирот, безбедноста и демократијата. Ваквите резултати не се случајни, ниту пак стекнати преку ноќ. За нив беа потребни долги години посветена работа, голем влог и визија на офицерите,старешините и генералите за што ја изразуваме наштата благодарност и огромна почит, напиша министерот Тупанчески....
Макпрес | 14 часа
ЕУ ќе продолжи да ги финансира палестинските невладини организации
ЕУ оцени дека обвинувањата на Израел против низа палестински невладини организации не се издржани, и ќе продолжи да ги финансира, јави дописничката на МИА од Брисел. Израел обвини повеќе палестинските невладини организации дека биле „терористички“ организации. Во некои од нив се извршени полициски упади од страна на израелските власти, а Тел Авив обвинува дека организациите ги злоупотребуваат ЕУ фондовите што ги добиваат и бараат од ЕУ да престане да ги финансира. На денешниот редовен брифинг во Европската Комисија, портпаролката Набила Масрали изјави дека ЕУ не нашла докази за обвинувањата на израелската држава. -Палестинските граѓански организации играат важна и суштинска улога, изјави Масрали, и додаде дека обвинувањата на израелските власти дека палестинските организации злоупотребувале ЕУ фондови не се издржани. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува граѓанските организации. -Тие играат улога во промоцијата на меѓународното права, човековите права и вредности, рече Масрали, додавајќи дека поддршката на ЕУ за овие организации е во согласност со меѓународното право како и клучен елемент во делот на поддршката на ЕУ за решението со две држави помеѓу Израел и Палестина....
Макпрес | 14 часа
Реакција на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања
На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата. Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до Владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност. Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство: 1. Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители“, а словенската писменост како „старобугарска“. 2. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа. 3. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид. 4. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект. 5. Самоил е бугарски цар. 6. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад. Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување? Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.“ Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.“ Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира“ Македонците? Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…“, каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица“ (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.). На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец“, во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес? Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“ (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале? Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ? Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината“ (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација“ објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја“. Притоа, некои од „традиционалните учени“ се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство“. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија“ (Стојко Стојков, цит. труд, 119). Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување. Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство. Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски. Македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања...
Макпрес | 14 часа
ЖРСМ Инфраструктура и ИНФРАКОС ќе аплицираат за грант од 700.000 евра за прекугранична соработка
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ и Косовската железничка инфраструктура ИНФРАКОС АД ќе работат на заеднички проекти од значење за пограничниот појас на двете држави, ќе воспостават заедничка погранична станица и ќе разменуваат искуства. Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец и заменик директорот на ИНФРАКОС АД Џеват Рамосај денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка што ќе биде основа на идните активности. -Прва активност ќе биде апликација за 700.000 евра грант од Фондот на Европската унија за прекугранична соработка, најави Локвенец. Рамката за соработка помеѓу двете институции се поставува врз основа на Законот за ратификација на Спогодбата помеѓу владите на двете држави за регулирање на железничкиот сообраќај....
Макпрес | 14 часа
ВМРО-ДПМНЕ: Владата и МОН ги укинаа стипендиите на македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на најдобрите 100 светски универзитети
Владата им наштети на младите македонски интелектуалци, укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети. Министерството за образование и наука предводено од кадар на ДУИ одлучи да ги укине стипендиите за македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на додипломски, магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа. Мерка која беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ уште пред повеќе од 10 години и која беше одлична можност за стекнување знаења и искуства од најдобрите професори во светот и нивно пренесување во сопствената земја. Отсега таа можност, за жал, новите генерации нема да ја имаат, а причината за нејзино укинување, не е објаснета. Дали тоа е поради колапсот на државниот буџет како резултат на неговото лошо менаџирање? Дали е желба на Ковачевски и дружината кои и онака го урнисуваат образовниот систем во сите негови сегменти водејќи се по логиката колку понеедуциран народ, толку полесно се владее со државата? Што со оние студенти кои токму поради објавените конкурси за доделување на овие стипендии на почетокот на годината, аплицирале на некој од најдобрите универзитети во светот каде и се примени и за тоа очекувале поддршка од државата? Дали сте свесни како тие се чувствуваат и како им е на нивните родители? Има пари за нови автомобили за функционерите, за ресторани, бифтеци, за златни лажици и виљушки и што ли уште не, а нема пари за поддршка на младината која успева да се пробие во светот на академското знаење и науката. Одамна вашите чувства кон народот и кон обичниот граѓанин се изгубени. Затоа и водите политика која ги полни само вашите џебови, ги остварува вашите желби и потреби, а не го јакне стандардот на граѓаните. Но, затоа и рејтингот ви е нула и затоа брзо ќе бидете сменети. Нова народна Влада ќе го врати тоа што вие им го одземавте на граѓаните, а најпрво достоинството!...
Макпрес | 14 часа
Русија го отфрли предлогот на ОН за демилитаризација на областа околу Запорожје
Руското Министерство за надворешни работи денеска го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје, што е под контрола на руските сили. Портпаролот на МНР, Иван Нечајев изјави дека предлогот е „неприфатлив“. Нуклеарната централа Запорожје беше заземена од руските сили во март. Таа е лоцирана во близина на првите линии на фронтот и изминатите денови често беше под оган, што предизвика многумина да стравуваат дека може да се случи нуклеарна катастрофа. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на електраната....
Макпрес | 14 часа
Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач
Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор, јави дописникот на МИА од Софија. Српскиот 40-годишниот возач на автобусот е обвинет дека ги прекршил сообраќајните правила и од невнимание нанел умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни. Веднаш по несреќата, на обвинетиот возач по наредба на надзорниот обвинител му е одредена мерка притвор до 72 часа. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот. Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи на 14 август сè уште е во тек....
Макпрес | 14 часа
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Погрешна е одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм" на Горјан Тозија
Горјан Тозија беше филмски работник кој рушеше сѐ, само за да биде видлив. Беше видлив кога го уништи Вардар филм. Беше видлив кога го рушеше законот за филмска дејност, беше видлив и кога најавуваше бројач пред порта Македонија. Филмот и културата жестоко се цензурираат во континуитет и се урива дигнитетот на филмската дејност. Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм" токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси. Наместо „Големата ѕвезда на македонскиот филм"да се даде на вистинските филмски творци и еминентни професионалци во македонската кинематографија, Здружението во чија надлежност е доделувањето на ова признание, одлучи тоа да се додели на оној кој ги урна сите надежи на филмската дејност во Македонија. ДФРМ го одбра кафанскиот човек кој само умееше да плете површни кафански приказни, користеше уцени, закани задкулисни мрачни методи. Дали тој заслужува да го добие аплаузот од ИФКК Браќа Манаки? Македонија стана пазар, па и македонскиот филм стана заробеник на политички исфрустрираните луѓе кои генерациски владеат со фелата. Да живее Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“! Да живее Битола! Да живее филмот! Но, животот што го ветуваа не доаѓа со вакви нејасни потези, одлуки и пазари. Не доаѓа за сите!!!...
Макпрес | 14 часа
МТСП и Општина Битола потпишаа договор за соработка за адаптација на дел од објект на Домот за доенчиња во Битола
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, потпишаа Договор за соработка со што се овозможува почнување на адаптација на дел од објектот на Дом за доенчиња и мали деца во Битола во детска градинка. Новиот сместувачки капацитет за деца ќе работи во состав на ЈОУДГ Мајски цвет-Битола, истакнаа министерката Тренчевска и градоначалникот Коњановски на прес конференција во Битола. -Со потпишувањето на Договорот ја продлабочуваме соработката и во наредниот период ќе почнеме со реализација и финансирање на активности за адаптација на дел од објектот Дом за доенчиња и мали деца во Битола во детска градинка, со што ќе го зголемиме опфатот за сместување со можност за 80 деца кои ќе може да престојуваат во градинката. Средствата за адаптација на објектот се обезбедени и тоа 70 насто од буџетот на РСМ, а 30 проценти од буџетот на Општина Битола. Оваа инвестиција и беше потребна на Општина Битола и на овој начин ја покажуваме грижата кон најмалите, бидејќи ние како Министерство се залагаме за што поголема соработка со општините, истакна министерката Тренчевска. Во изјава за медиумите,Тренчевска потсети дека во изминатиот период е зголемена платата на воспитувачите и негувателите со што како што рече се потврдува грижата за воспитанието на дечињата во државата, како и за стручните кадри во детските градинки. -Детската заштита и високо на агендата на МТСП и ги охрабрувам и другите општини да доставуваат проекти за изградба, доградба или адаптација на објекти како што тоа го направи Општина Битола за да можеме да го зголемиме опфатот на децата во предучилишното образование и воспитание, и да ги намалиме листите на чекање, особено во општините каде се соочуваме со вакви проблеми, нагласи Тренчевска. Со потпишувањето на двата договори со Министерството за труд и социјална политика, Општина Битола обезбедува подобра иднина за сограѓаните и сместување на деца во детска градинка, истакна градоначалникот Коњановски. -Општина Битола со години има долги листи со деца кои чекаат сместување во детските градинки. Како локална самоуправа се залагаме да се изнајдат законски решенија со кои ќе биде надминат овој горлив проблем. Очекуваме да продолжи постапката и за изградба на нова детска градинка во Битола, посочи Коњановски. Адаптацијата на дел од објектот Дом за доенчиња и мали деца во Битола во детска градинка се очекува да заврши за 10 месеци....
Макпрес | 14 часа
Мали инциденти при празнење на бегалски камп во Атина
Мали инциденти се случија рано утрово во бегалскиот камп Елеонас во општина Атина, во обидот да се испразни и да се затвори центарот, а бегалците и мигрантите да бидат префрлени во други кампови, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, процесот на празнење започнал околу четири часот утрово, под силно полициско присуство, помала група во знак на поддршка и солидарност за бегалците одржала протест, а се случиле и мали инициденти. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис преку Твитер коменитираше дека „за жал мала група бегалци и солидарни лица се обидува да го поткопа префрлувањето“. Тој објасни дека во соработка со општина Атина кампот се празни, бидејќи напредува надградбата на конкретната област и бидејќи има слободни места во другите центри. Пред неколку месеци Митаракис го најави затворањето на кампот, а во изминатиот период се одржаа протести од Невладини организации и здруженија кои ги поддржуваат бегалците и се против конкретната одлука....
Макпрес | 14 часа
Министерството за одбрна на прво место според Индексот за активна транспарентност
Министерството за одбрана трета година по ред е рангирано на прво место според Индексот за активна транспарентност од Центарот за граѓански комуникации, со освоени максимални 100 проценти. –Изминатиот период, Министерството постави нов дизајн на веб-страницата, со што првенствено драстично ја подобри безбедноста на веб-страницата, а ја подобри и функционалноста и достапноста на поставените информации. На веб-страницата можат да се најдат видат сите документи за работата на министерството кои се од јавен интерес, како јавните набавки, буџетот, стратегиските документи, платите на функционерите и раководството на институцијата и сите информации од јавен карактер, поставени на посебната подстраница на веб-страната под наслов „Јавноста има право да знае“, информираат од Министерството за одбрана. Како што се наведува во соопштението, министерката Петровска од самиот почеток посочила дека отвореноста на одбраната и активната транспарентност на Министерството продолжуваат да бидат врвни приоритети на нејзиниот мандат и дека одбраната ќе продолжи да биде во служба на јавниот интерес и отвореноста кон граѓаните. Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата, на локално и на централно ниво од 2016 година, а Министерството за одбрана од 45-тото место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, достигна прво место со максимален процент. Како што се наведува во истражувањето, „Министерството се наоѓа на првата позиција не само меѓу министерствата, туку и меѓу вкупно 98 рангирани институции втора година последователно. Ова Министерство особено ја подобрува својата активна транспарентност од 2018 година наваму“....
Макпрес | 14 часа
Во Алжир во пожар загинаа најмалку 26 луѓе
Најмалку 26 луѓе загинаа во шумскиот пожар во источниот дел на Алжир. Според алжирското Министерство за внатрешни работи најголемиот број на жртви се пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени 24 безживотни тела. Во Алжир минатата година загинаа 104 лица, меѓу кои 33 војници....
Макпрес | 14 часа
„Адидас“ ги претстави новите сончеви блутут-слушалки
Компанијата „Адидас“ ги претстави новите блутут-слушалки „РПТ-02 СОЛ“, коишто користат сончева енергија за полнење на батеријата. Сончевите уреди не се новост. Многу компании имаат такви производи, но сончевите слушалки сѐ уште се реткост. Блутут-слушалките на „Адидас“ се поврзуваат со други уреди преку блутут и имаат вградени „Пауерфојл“ ќелии за сончева енеригија. Уредот е водоотпорен, има микрофон, како и „УСБ-Ц“ приклучок за дополнително полнење. Самите слушалки се направени од рециклирана пластика. А, нудат и 80 часа „резервна“ енерегија во батеријата дури и во темна просторија каде што воопшто не би биле изложени на сончева светлина. Цената на слушалките е 230 долари. На пазарот има и други слични производи коишто користат иста технологија. Меѓу нив се „Урбаниста Лос Анџелес“, како и слушалките „Блу тајгер“ чија цена е 220 долари....
Макпрес | 14 часа
„Американ ерлајнс“ порача 20 суперсонични патнички „Овертур“ авиони
Една од најголемите светски авиокомпании, „Американ ерлајнс“ порача 20 суперсонични патнички авиони „Овертур“ (Overture) од технолошката компанија „Бум“. Тој број би можел да се зголеми за уште 40 повеќе, доколку сѐ оди според планот. „Бум“, инаку, лани се обврза да изгради до 50 суперсонични авиони и за „Јунајтед ерлајнс“. Но, „Бум“ допрва треба да произведе функционален суперсоничен патнички авион… Првото летало треба да биде завршено до 2026 година. Изградбата на производниот погон се очекува да почне годинава. За самиот суперсоничен авион, се тврди дека ќе достигне брзина од 1,7 маха и на пр., од Сан Франциско до Токио ќе стига за околу шест часа. Исто така, компанијата нагласува дека леталото ќе користи 100 отсто одржливо воздухопловно гориво....
Макпрес | 14 часа
Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. – ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски. Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница. На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори....
Макпрес | 14 часа
На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути
На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути, а на ГП „Богородица“ околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Макпрес | 14 часа
Сведоштво на Раша за ужасите во Сирија
Две години по нејзината репатријација од Сирија, Флореша Раша одлучила да зборува и да соработува со албанските правосудни органи. Нејзиното сведочење се смета за клучна точка за истрагите на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, за да се открие како Албанците се регрутираат и испраќаат во Сирија, каде што им се придружуваат на борците на терористичката група Исламска држава. – Неодамна е обелоденето сведочењето на Флореша Раша, вдовицата на Лавдерим Мухаџери, од Качаник,еден од лидерите во ИД и познат како „касапот од Качаник“ во кое оваа мајка на три деца ги раскажала траумите што ги доживеала таа и другите албански семејства. По речиси две години престој во еден центар во Драч, Флореша и нејзините три малолетни деца минатиот месец биле префрлени во тајна база, каде и биле испрашувани од антитерористичките агенти, објавија албанските медиуми. Таа за СПАК раскажа како побегнала во Сирија. – Шест месеци откако мојот прв сопруг Дијамант отиде во Сирија, ме молеше да одам таму со децата. Ме убеди Генц Бала, (самопрогласениот имам на новата џамија во Тирана, осуден и е на издржување казна затвор за тероризам). За Сирија отпатував од Приштина со двете малолетни деца. По шест месеци откако отидов таму, мојот сопруг со кого имав ќерка и син, беше убиен. Потоа се омажив повторно, со Лавдерим Мухаџери. Во три години брак родив две деца, од кои едното почина, а ќерката преживеа. Мухаџери беше убиен од воздушен напад, по што бев принудена на брак со борец во Сирија по потекло од Иран, со кого родив дете, изјави Раша. Во исказот додала дека во кампот во Сирија пристигнувале многу Албанци. – Многу Албанци дојдоа во кампот. Одевме во близина на кампот на ИД и таму добивавме по 50 долари по човек и со тие пари преживувавме. Кога се случи последната битка и требаше да бидеме префрлени во логорот Ал Хол, ми ја убија ќерката што ја имав од бракот со Диамант. Во Сирија се убиени многу деца и други албански државјани, посведочи таа. Бидејќи била во брак со Лавдерим Мухаџери, тоа се смета за клучно сведоштво и доказ за албанското обвинителство, бидејќи ги имало имињата на сите Албанци кои биле таму. Раша раскажа и за улогата на жените во сириските логори, како и за Алрмира Кастрати, снаата на Генц Бала. Таа додаде дека Кастрати имала клучна улога да ги убеди жените и девојките Албанки да останат во тамошните кампови и да не се враќаат во Албанија, наведувајќи конкретни имиња и помагајќи во истрагата за ова прашање....
Макпрес | 14 часа
Вселенското излегување на космонаутот Олег Артемиев прекинато поради проблем со костимот
Излегувањето во вселенското пространство на рускиот космонаут Олег Артемиев беше прекинато поради проблеми со неговиот вселенски костим. Контролата на мисијата на Артемиев му наредила да се врати во Меѓународната вселенска станица откако проблемот бил забележан. Подробности сѐ уште не се соопштуваат, но според американската вселенска агенција НАСА, забележана е „мала флуктуација“ во батеријата на оделото. Космонаутот потоа безбедно се вратил во МВС, приклучен на напојувањето на Станицата и продолжил со операциите. НАСА соопшти дека Артемиев „не е во опасност“ и покрај непредвидената појава. Тој и неговиот колега Денис Матвеев работеа на опремување на роботската рака на Европската вселенска агенција (ЕСА) со камери и друга опрема. Иако се чини дека станува збор за помал инцидент, сепак сѐ тоа враќа непријатни спомени… Италијанскиот астронаут Лука Пармитано доживеа проблем со костум за време на две вселенски излегувања во јули 2013 година, а првото вклучуваше „протекување“ кое мина незабележано. Поради сѐ ова, НАСА тогаш привремено ги суспендираше сите неитни излегувања во вселенското пространство....
Макпрес | 14 часа
Поетска ноќ во Велестово по 34. пат
Традиционално во Охридското село Велестово од утре до 21 август ќе се одржи 34-тата „Поетска ноќ“. Манифестацијата, како што најави денеска на прес-конференција програмскиот директор Јулијана Величковска, ќе почне на сред село-на чешма, а во фокусот ќе биде поетскиот портрет на македонската поетеса, есеистка, преведувачка и добитничка на бројни награди, Лидија Димковска. Во програмата се предвидени три поетски читања, на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата. – В сабота ќе се реализира проектот „Охрид поетски викенд и работилница за млади од регионот“ во чии рамки ќе се претстават пет поети од регионот, Селахатин Јолгиден од Турција, Мањола Наси од Албанија, Валентина Бактијаревиќ од Србија и Диме Данов и Јулијана Величковска од Македонија. Ќе имаме работилница наменета за млади, на која ќе учествуваат ученици од Охридската гимназија, а универзитетски професори, фотографи, филмаџии, актери… на младите ќе им го пренесат своето знаење и умеење како креативно да пишуваат и интерпретираат поезија, односно како поезијата може да се поврзе со другите уметности, истакна Величковска. Поетот Славе Ѓорго Димоски, кој е дел од организацискиот одбор изрази задоволство што манифестацијата влегла во, како што рече, една сериозна зрелост и искачување на некои висини. – Нашата „Поетска ноќ во Велестово“ веќе го зема приматот на најзначајните манифестации во Македонија. Уште од стартот се наметна со својата оригиналност и успеа да стане еден вид антологија на македонската поезија и сликарство. На својата 20 годишнина помина во интернационална манифестација, истакна Димоски. „Поетската ноќ во Велестово“, според него, има двојна улога, односно да се зашитити македонскиот јазик и да с епренесува надвор од границите. – Едната е да си го заштитме македонскиот јазик, а другата е преку гости однадвор да го пренесуваме јазикот надвор од нашите граници, бидејќи знаеме какви црни облаци ни се спуштаат. Мислам дека со убавиот збор, со поезијата, која претставува есенција на еден јазик ќе се зачува, ќе се одбрани и ќе се оди напред, нагласи Димоски. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, од Општина Охрид, програмата на РЕАД и други спонзори и помагатели....
Макпрес | 14 часа
Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон
Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Македонија и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот, објави попладнево АМС. Од Агенцијата додаваат дека на сите пријавени учесници ќе им биде овозможено учество и со тоа маратонот ќе продолжи да биде атракција, како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан. Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, на прес-конференција (10 часот) во просториите на општината Охрид....
Макпрес | 14 часа
ДКСК не може да утврди коруптивни елементи при јавните набавки во време на КОВИД поради системски слабости и вонредни услови
Најголем дел од јавните набавки за стоки и услуги во време на КОВИД-пандемијата биле спроведени со преговарање без објавување оглас поради итност. Антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска на седница одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат пред се на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет. Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), образложувајќи го предметот соопшти дека во нивната анализа избрале одредени јавни набавки на неколку институции – Владата на РСМ – Генерален секретаријат, Град Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, ЈЗУ Клиничка болница Штип, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Општина Бутел, УКИМ – Медицински факултет. Од нив побарале и добиле документација за набавките, а од Државниот завод за ревизија побарале ревидирање на постапките за да се утврди незаконитост при спроведувањето и ДЗР го објавил извештајот на неговата веб-страница. Извештајот нотира бројни слабости при реализација на договорите за набавките и не е обезбедена задоволителна транспарентност, посочи Николовска. Поради итност на набавките не е вршено квалитетно планирање на набавките и покани за преговарање се доставени до помал број економски оператори и без анализа на количините на средства и опрема што се потребни. Дел од тендерските документации не им обезбедувале на економските оператори целосни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките и не е обезбедена конкурентност за економските оператори. При анализата ДКСК предвид ги имала и полугодишните извештаи од мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации кои, како што рече Николовска, постојано укажуваат на огромни разлики во цените за набавка на ист производ. -Проценетите вредности на набавките и натаму се многу високи од цените добиени на тендерите што може да упатува на ризик од намерно оставање простор за склучување договори по висока вредност за да има доволно место за коруптивни елементи. При набавка на реагенси, посебно во здравството, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата, што, пак, содржи ризик од плаќање високи цени за реагенси и можности од корупција. Овие наоди и состојби тешко дека можат да се поврзат со коруптивно постапување или да се квалификуваат како злоупотреба на службена должност туку упатуваат на системски слабости во законите, но и на неспособност на државните органи, пред се на Владата и Министерството за здравство, да воспостават систем на ефикасни јавни набавки за време на посебни услови, истакна Николовска. Посочи на вонредните услови во кои се правеле набавките и пречките со кои се соочувале економските оператори – зависност од увоз поради немање сопствено производство, обезбедување на транспортот врз кој влијаело и затворените граници итн. -Во една таква хаотична ситуација која владееше не само во Македонија, туку во целиот свет, кога побарувачката за овие стоки беше изместена од нормала на светско ниво, сметам дека е прилично големо постигнување да се обезбедат потребните средства, па дури и во поголеми количини за да се спасат човечки животи, рече Николовска. Постојниот закон за јавни набавки, посочи таа, предвидува спроведување централизирани јавни набавки преку одредено тело – механизам кој не бил искористен во услови на вонредна состојба. Не е искористена можноста Министерството за здравство да биде тело за централизирани набавки или да изготвува единствени технички спецификации со утврдени норми за квалитет за заштитни маски, мантили, скафандери, визири, ракавици, каљачи, средства за хигиена за сигурност на персоналот, спецификации што ќе се користат од сите јавни здравствени установи. -Се увидоа слабостите во Законот за јавни набавки и нужно се наметна потребата од дополнување и измени, но и одредби кои ќе ги дефинираат постапувањата на органите во време на вакви големи ситуации. Од сето ова произлегува дека во анализираните постапки ДКСК не можеше да потврди дека постојат коруптивни активности, иако е возможно, зашто секогаш постои воено профитерство, но битно е што треба да направиме во иднина за да не ни се случи истото, рече Николовска во заклучокот да се запре постапката за јавните набавки во време на КОВИД-пандемијата. Според ДКСК, треба да се воведе база на референтни цени и така да се надмине шареноликоста на цените за ист производ што го набавуваат различни институции. На седницата на Антикорупциската беше укажано и на проблемот од тоа што голем број договорни органи ангажираат надворешни фирми (правни лица) за спроведување на јавните набавки наместо за тоа да бидат задолжени лица од вработените. -Ова е голем простор за корупција бидејќи немаме увид кои фирми се ангажирани, на кој начин се поврзани со договорните органи, рече Николовска. Проблем и натаму се јавните набавки на добра кои не може да се класифицираат како неопходни во услови на КОВИД, а и во сегашната економска криза. Тука беа посочени набавките на возила во рангот на луксузни. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска соопшти дека се набавени 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, рече, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на КОВИД. -Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила, рече Ивановска. Меѓу предметите за кои денеска расправаше ДКСК беше и анонимна пријава против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за злоупотреба на средства и ресурси при организација и посета на настан во јануари во Бугарија за заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија. На предлог на Владимир Георгиев, член и потпретседател на ДКСК, беше заклучено пријавата заедно со наводите и документите што ги прибрала ДКСК при постапувањето да се проследат до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска зашто, како што рече, има елементи што упатуваат на повреда на Кодексот за етичко однесување на членови на Владата. СОЗР во соработка со МНР била задолжена за координација на превоз на новинари и сместување за наведениот настан. Според пријавата, вработени во СОЗР за хотелско сместување биле пријавени како новинари. Во пријавата против директорот на СОЗР имало и други наводи за можни злоупотреби за други патувања во странство и користење службени возила за приватни цели. Во однос на предметот од непознат пријавувач дека судијата и претседател на Управниот суд Бурим Сејдини ја злоупотребил службена положба со изборот на Муамед Сејдини за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Антикорупциската утврди дека нема елементи на непотизам помеѓу двете лица и ја запре постапката. Имено, тие се трети братучеди што е шести степен роднини по крв од странична линија и не е повреден член од законот за спречување корупција и судир на интереси кој опфаќа лица во брачна заедница и роднини по крв од странична линија до четврти степен....
Макпрес | 14 часа
Почна средбата Зеленски – Ердоган во Лвов
Во украинскиот град Лвов во тек е средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот Володимир Зеленски, што е прва нивна средба од почетокот на војната. По средбата е предвиден трилатерален состанок со учество и на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Од кабинетот на Ердоган е соопштено дека тројцата соговорници ќе разговараат за можните дипломатски чекори што би можеле да бидат спроведени за запирање на руско-украинската војна, како и за зајакнување на активностите по однос воспоставениот механизам за извоз на украинското жито и храна на светскиот пазар....
Макпрес | 14 часа
Историчарите од комисијата се жалат на клевети против нив, велат дека тие се во право а јавноста и експертите погрешно толкувале
По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања усвоени во 2018 и 2019 година во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците, се наведува во денешната реакција на македонскиот тим на Комисијата. – Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата, се наведува во реакцијата. Според членовите на Комисијата, најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем, иако при секоја можност досега е наведувано дека заедничко чествување е една, а препораките за учебниците сосема друга тема на дискусија. – Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност, посочуваат од македонскиот тим на Комисијата. Во однос на Св. Кирил и Методиј, членовите на Комисијата посочуваат дела во текстот никаде не се толкува дека тие се „бугарски словенски просветители“ и дека „словенската писменост старобугарска“. – Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.“ Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.“ Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира“ Македонците?, велат во реакцијата членовите на македонскиот тим на Историската комисија. Тие посочуваат дека во однос на Климент и Наум доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис, по што „Климент во 886 година официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…“, каде што се наоѓал Охрид. – Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица“ (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.), се додава во реакцијата, при што се посочува дека и врз основа на извори се споменува дека Наум и Климент дејствувале во рамките на бугарската држава. Според членовите на Комсијата, сето ова, вклучително и фактот што во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на царот Борис, сепак тоа не им дава бугарски предзнак ниту на духовни, ниту на материјални дела на Климент и Наум. – На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес?, прашуваат членовите на Комисијата. Тие посочуваат и дека уште поинтересно е што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование, меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“. – Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале?, се додава во реакцијата. Од Комисијата посочуваат и дека имало обвинувања оти се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. – Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ?, велат од македонскиот тим на Историската комисија. Тие додаваат дека и во однос на Цар Самоил со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале, бидејќи македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што го нотирала Комисијата. – Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината“. Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација“ објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја“. Притоа, некои од „традиционалните учени“ се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство“. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија“, се посочува во реакцијата. Членовите на македонскиот тим на Комисијата прашуваат и како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци. – По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување, се нагласува во реакцијата. Македонските историчари потенцираат дека Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. – Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство, посочуваат членовите на Историската комисијата во реакцијата. Тие при тоа им се обраќаат и на нивните колегите историчари во Бугарија, нагласувајќи дека „ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам, кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. – Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним, се посочува во пораката на историчарите до нивните бугарски колеги. Членовите на македонскиот тим на Комисијата нагласуваат и дека средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период „исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил, додавајќи дека затоа сметаат оти препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. – На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски, се наведува во реакцијата на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања....
Макпрес | 14 часа
Нани го поддржува Роналдо во неговата желба да го напушти Манчестер јунајтед
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Луиш Нани искажа поддршка за својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо кој сака да го напушти „Олд Трафорд“. Причината е желбата на 37-годишниот Португалец да игра во Лигата на шампионите. – Не сме играле заедно долго време. Кристијано повеќе не е дете. Времињата се менуваат, а може да се променат и реакциите и ставовите. Но, гледаме дека Роналдо го прави истото. Не сака да губи. Тој се врати во Манчестер јунајтед, а претходно играше добро во различни тимови. Сега е во тим каде тренерите се обидуваат да создадат силен состав, но не е лесно, потребно е време. Но, Роналдо не сака да губи време. Тој сака да остане на врвот, да постигнува голови и да биде на врвот, изјави Нани, за „А Bola“. Вчера Роналдо реагираше на трансфер гласините поврзани со неговото име. Според фудбалерот, целата вистина за неговата ситуација ќе биде позната кон крајот на август, кога ќе биде објавено интервју со него. Роналдо се врати во Манчестер јунајтед во август 2021 година, откако претходно играше за англискиот тим од 2003 до 2009 година. Минатата сезона Португалецот постигна 24 гола и три асистенции на 39 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра....
Макпрес | 14 часа
Завршена реконструкцијата на испуст за атмосферска вода по дел од ул.Беласица
Заврши реконструкцијата на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст. Со оваа инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст во висина од 1.024.697,00 денари, се овозможија услови за непречено одводнување на атмосферската вода во овој дел од градот. На потегот од крстосницата на бул.Гоце Делчев, ул.Беласица и новоизведениот бул.АСНОМ (кај East Gate) кон реката Вардар, односно кон новиот мост кој води кон Железничка станица, постоеше атмосферски колектор со дијаметар 1200/1800мм кој завршуваше во Вардар со испуст чиј дијаметар беше 900мм . Долгогодишното искуство во одржувањето на градскиот канализационен систем покажа дека во услови на обилни врнежи токму овој испуст е со тесно грло. Со изведбата на оваа реконструкција, за што е добиена согласност од Министерството за животна средина – Сектор за води, се прошири постоечката шахта и се оформи уште еден излез од истата покрај постоечкиот. Новиот испуст е со дијаметар на цевка од 1200мм, во должина од 30м. Реализацијата на оваа реконструкција претставува реализација на уште една инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје во насока на подобрување на условите и услугите за граѓаните на град Скопје....
Макпрес | 15 часа
МНР на Софија задоволна од договореното меѓу историчарите на Македонија и Бугарија
На брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, портпаролот и заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, изјави дека ја поздравуваат работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Македонија и ја охрабруваат да продолжи уште поинтензивно во напорите за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја, јавува дописникот на МИА од Софија. Заменик министерот Коџабашев истакна дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Бугарија и на Република Македонија практично ги прифатија предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничка историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, како и општите принципи и белешки за содржината на учебниците за 5 клас во Бугарија и 6 одделение во Република Македонија поврзани со праисторијата и античката историја. Во согласност со Протоколот од 17 јули, пак, договорено е Бугарија и Македонија да го објават Протоколот од 2019 година со сите негови анекси во рок од еден месец, потсети портпаролот на бугарското МНР. Објавувањето на предлозите за 2019 година, одобрени од владите на двете земји, посочува тој, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Македонија со резултатите од работата на Заедничката комисија. Според бугарското дипломатско одделение, ова ја создава потребната основа за да се продолжи со имплементација на уште еден важен договор од Протоколот според чл. 12 од 17 јули координација на календар на заеднички чествувања за периодот 2022 – 2023 година на петте заеднички историски личности, додава Коџабашев. -Во Протоколот од средбата на 17 јули, бугарската и македонската страна договорија механизам со конкретни рокови за објавување на сите идни резултати и препораки од активностите на Комисијата. Двете страни се обврзаа да го имплементираат овој механизам со добра волја, како и сите други одредби што се однесуваат на протоколите од 2019 и од 2022 година, заклучи Коџабашев....
Макпрес | 16 часа
Во Србија 31 случај на мајмунски сипаници, сите се мажи на возраст од 21 до 44 години
Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Регистрираните случаи се од Белградскиот (27), Јужнобачки (1), Јужнобанатски (1), Сремски (1) и Нишавски (1) округ. Тројца од нив се хоспитализирани додека останатите се на домашно лекување....
Макпрес | 16 часа
Руските власти најавуваат затворање на „Запорожје“ доколку украинските сили продолжи со гранатирање
Претставник на руското Министерство за одбрана денеска објави дека нуклеарната централа Запорожје може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на областа на централата, што Киев негира дека го прави. Игор Кирилов, шефот на руските сили за заштита од радиоактивни, хемиски и биолошки напади, рече дека украинските напади ги оштетиле системите за поддршка на нуклеарната централа и дека во случај на нуклеарна несреќа, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка. Кирилов рече и дека акциите на украинските вооружени сили на територијата на нуклеарната централа може да доведат до ситуација слична на нуклеарната несреќа во Фукушима. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска објави тврдења дека Украинците утре планираат да извршат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол....
Макпрес | 16 часа
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
Дизелот и екстра лесното масло за домаќинства поскапуваат за два денара од полноќ, а нема промени кај цените на бензините и на мазутот М-1, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за два денари и ќе се продава 92 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕРОТ 95 и ЕУРОСУПЕРОТ 98 останува иста, односно 88,5 и 91 денар. Непроменета останува и цената на мазутот 52,8 денари, а се зголемува цената на екстралесното масло од 86,5 на 88,5 денари по литар. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%....
Макпрес | 16 часа
Стоилковски: СДСМ ја уништува секоја традиција во Македонија дури и Охридскиот маратон
СДСМ повторно го докажува стремежот да ја уништи секоја традиција поврзана со Македонија, било тоа да е и спортска манифестација како Охридскиот маратон, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција. -Поданички плашејќи се да не бидат поврзани со поддршка на било каква македонска традиција или манифестација, бесрамно се откажаа и од оваа меѓународна спортска манифестација, потенцираше Стоилковски. Тoј истакна дека ВМРО- ДПМНЕ е партија од народот и за народот, партија од Македонија и за Македонија, и нема да дозволи уништување на се што е македонско. -Градоначалникот Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид уште еднаш покажува како се работи и како се сака и почитува државата и традицијата во насока на градење на позицијата на една држава каква што заслужува да биде Македонија, нагласи Стоилковски....
Макпрес | 16 часа