УТРЕ E ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО: Ова овошје не заборавајте да го пробате штом станете, а една работа никако не треба да ја правите!
Православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на Преображение Господово. На Преображението, небото исто така трипати се преобразува во ноќта. Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава. Како што известуваат тројцата евангелисти, Христос со неколку свои ученици се повлекол да се помолат на гората Тавор. Во еден момент тој се преобрази, блескаше како сонце, а до него се појавија старозаветните пророци Мојсеј и Илија. Од небесата дојде чист глас „ова е мојот сакан син, од кого сум задоволен, слушај го“. „Тогаш Мојсеј и Илија им се јавија на Христа и на апостолите и зборуваа со Господа за неговата смрт во Ерусалим“, пишува во верските книги. Празнична трпеза богата со вино и риба Преображението секогаш паѓа за време на постот Богородица. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. Денеска на крајот од светата литургија се осветува грозје. Се дели и на гробиштата за упокојување на душите на починатите. Црковните служби се служат седум дена, при што се пеат песни посветени на овој евангелски настан. Иконата на Преображение често се среќава на иконостаси. Го прикажува Христос на планината, опкружен со светлина, со соговорниците Илија и Мојсеј, додека тројцата апостоли Петар, Јаков и Јован лежат на земја во страв. Народни верувања на овој празник. Кај народот постои верување дека на овој празник се преобразува целата природа, дека од утре ноќите ќе станат студени и дека следниот ден го најавува претстојното доаѓање на есента. Како што се верува, од утре дефинитивно не треба да пливате во отворени води, реки и море. На Преображение никогаш не треба да спиете преку ден, бидејќи кој спие тој ден ќе се преобрази, и ќе биде поспан и поспан цела година. Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е добро луѓето да го поминат цел ден во кафеана – да не стане навика и да се изгубат и да се налутат. Но, она што мора да го направите утре е да пробате грозје за прв пат! Некои семејства го слават Преображение. Празникот Преображение на Исток се празнува уште од седмиот век. Западната црква ја внела во својот календар дури во 1457 година, во чест на победата на христијанската војска над Турците кај Белград. Имено, Јанош Хуњади, кај нас познат како Јанко од Сибиња, унгарски магнат, заедно со фрањевецот Иван Капистрано ги спречиле Турците со војска да продрат на север. И двајцата починаа набргу по победата, првиот во Земун, вториот во Илок....
Курир | 7 часа
Вучиќ по состанокот со Курти: „Се бориме за нашата земја“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на своот Инстаграм профил по состанокот во Брисел со косовскиот премиер Курти. – Се бориме за нашата земја и ја продолжуваме таа борба, објавено е на профилот на Вучиќ. За потсетување, Вучиќ денеска попладне во Брисел ги продолжи договорите со претставникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак и со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Бидејќи во текот на денешната рунда од дијалогот Белград-Приштина на највисоко ниво, не е постигнат договор, како што потврди шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, разговорите се продолжени и по официјалниот дел од преговорите, со цел да се надмине актуелната ситуација...
Курир | 7 часа
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ДА КАЖЕТЕ ДА: Три хороскопски знаци до крајот на август ќе ги изговорат судбоносните зборови
Една од најприродните работи кои следуваат по врската е бракот. Само треба и за тоа да се избере најдоброто време. Стрелец Кон крајот на август ќе бидете во можност да ја остварите својата најголема желба во љубовта. Вашиот љубовен живот цвета и ќе добиете прекрасен прстен со предлог. Август ќе биде најдобриот месец од годината за вас. Овен Август ќе ви ја даде дополнителна енергијата што првенствено ќе ја внесете во врската. Ќе се трудите се да биде во ред, и ќе го облеете вашиот партнер со љубов. Таа ќе дејствува на него, па ќе добие нагон да го стори она што одамна го посакувате и двајцата. Дали планирате да одите на патување? Веројатно ќе ве праша таму. Девица Девиците дефинитивно ќе се изненадат на понудата за брак. Сепак секако ќе биде подготвена, со средени нокти( специјален маникир), како што и личи на перфекционист. Партнерот најверојатно ќе клекне пред вас, на крајот на овој месец....
Курир | 7 часа
Ја запали сцената на Евровизијата во соседна Србија – во меѓувреме гркинката се омажи и роди три деца, денес не личи на себе (ФОТО)
Во 2008-та година Евровизија се одржуваше недалеку од нас и тоа во соседна Србија, откако една година претходно Марија Шерифовиќ им ја донесе првата победа на Србите. На сцената во Белград се појави и тогашната претставничка на Грција, Каломира Сарантис која буквално го привлече целото свое внимание и пред почетокот на шоуто во мај. View this post on Instagram A post shared by @itskalomira View this post on Instagram A post shared by @itskalomira Таа со месеци наназад беше топ тема во регионот, па буквално фановите едвај чекаа да го видат нејзиниот настап на сцената. View this post on Instagram A post shared by @itskalomira Таа е родена во Њујорк, а нејзините родители таму имаат грчки традиционален ресторан, во меѓувреме на пејачката и се случија и неколку убави работи и животни промени. View this post on Instagram A post shared by George Boosalis (@georgeboosalis) Во 2010 година се омажи за Џорџ Боусалис со кого има три деца, близнаци и ќерка која на свет ја донесе во 2016-та година. View this post on Instagram A post shared by @itskalomira...
Курир | 7 часа
ТЕМПЕРАТУРИТЕ УТРЕ ДО 42 СТЕПЕНИ: Македонија во портокалова фаза, не излегувајте од дома доколку немате потреба
Утре ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат, велат од УХМР....
Курир | 7 часа
Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон. Но, според тамошната „ТВ3“, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид. По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса. Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период....
Курир | 7 часа
Данска инвестира 5,4 милијарди евра во поморската флота
Данска ќе инвестира 40 милијарди дански круни (5,4 милијарди евра) во својата поморска флота поради руската војна врз Украина и „новата безбедносна ситуација во Европа“, изјави денеска министерот за одбрана Мортен Бодсков. – Со рускиот напад врз Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани. Безбедноста на снабдувањето игра одлучувачка улога овде, посочи Бодсков. Данската премиерка Мете Фредериксен минатата недела објави дека Данска ќе даде уште 110 милиони евра финансиска помош за Украина за „оружје, опрема и обука“....
Курир | 8 часа
Османи ги осуди свирежите за македонскиот јазик
Свирежите за македонскиот јазик се за осуда се за осуда, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Овој став го соопшти во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 ТВ. – Тоа сигурно е за осуда. Јас бев присутен на настанот и тоа го направи една група тинејџери. Според мене лично, реакцијата на поголемиот дел од присутните беше против реакцијата на тинејџерите, објасни Османи....
Курир | 8 часа
Карлеуша вчера го славеше роденденот во креација на македонскиот дизајнер – еве за кого станува збор (ФОТО)
Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 44 роденден во златна комбинација. Поп-ѕвездата вчера објави и видео на Инстаграм како позира покрај џиновска торта додека носи прекраток фустан со златни реси, а фустанот е од македонскиот дизајнер Златко Јовановски. View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar) Згодната пејачка изгледот го зачини со ремен кој ѝ ја истакнуваше половината, а градите ѝ беа раскошно средени во корсет. На стапалата имаше високи потпетици кои ја истакнуваа нејзината витка и суперзгодна фигура. View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)...
Курир | 8 часа
Пејачката ги „мами“ машките воздишки: Сара Jо никогаш не била попровокативна на плажа – бујните гради во преден план (ФОТО)
Пејачката Сара Јо важи за една од најатрактивните на балканската музичка сцена, и привлекува големо внимание каде и да се појави. Таа моментално ужива на море со своето момче, од каде што објави неколку стории. Луѓето особено го забележаа видеото на кое во преден план се бујните гради на Сара. Имено, таа позираше на плажа во црно бикини, а на оваа глетка сигурно не останаа имуни многу мажи....
Курир | 9 часа
Битиќи откри дали ќе има рестрикции оваа зима
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот....
Курир | 9 часа
Во Битола пронајдено одземено патничко возило
На 18.08.2021 на ул.„Девејани“ во Битола, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички полиција – Отсек за општ криминал пронајдено е одземено патничко возило “фолксваген голф”, со битолски регистарски ознаки, кое неколку часа претходно беше пријавено за одземено од ул.”Цане Василев” во Битола. Возилото е вратено на сопственикот С.Ж. (56) од Битола....
Курир | 9 часа
Љоренте ја отфрли понудата на Челзи од 60 милиони евра
Челзи понуди 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Маркос Љоренте. Самиот играч ја одбил понудата, објави на Твитер новинарот, Матео Морето. Дваесет и седумгодишниот Шпанец за мадридскиот клуб настапува од 2019 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година. Како дел од Атлетико, играчот од средниот ред стана шампион на Шпанија во сезоната 2020/21, а играше и во финалето на Европското младинско првенство 2017 година. Минатата сезона Љоренте запиша 40 настапи за клубот, креираше три асистенции. Според „Трансфермаркт“, играчот вреди 45 милиони евра....
Курир | 9 часа
Бугарија испраќа свои војници во мисијата Алтеа во БиХ
Сто и десет бугарски војници ќе се приклучат на операцијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Тие се дел од механизирана чета на меѓурегионалната резерва на операцијата на ЕУ во БиХ, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според соопштението, задачите што бугарската војска ќе ги извршува во рамките на операцијата Алтеа се патролирање, чување на базата и акции на формациите за брза реакција. Бугарскиот воен контингент беше одобрен за учество во привремената регионална резерва за воената операција на ЕУ во Босна и Херцеговина Алтеа во јуни. Бугарските војници прво ќе биде распоредени во привремената резерва на меѓународните сили, по што во јуни 2023 година ќе ги преземе задачите на своите бугарски колеги, кои во март беа прераспоредени во меѓународната база Бутмир во Сараево. (МИА)...
Курир | 9 часа
СВР Битола: 33 санкционирани возачи на мотоцикли
Денеска (18.08.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територија на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи. Од нив, 22 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта....
Курир | 9 часа
Овие три растенија секоја куќа мора да ги има: Со нивна помош ќе ја снема негативната енергија и ќе се прочисти воздухот
Растенијата го облагородуваат секој простор, разубавуваат, се прекрасна декорација, а воедно и го прочистуваат воздухот. Некои се опасни за домашните миленици, но оние што ги одбравме за вас се сосема безопасни. Не само што се совршен украс за домот и градината, туку ја трошат негативната енергија и позитивно влијаат на расположението на домаќинството. Босилек Ова растение е совршен додаток на секое јадење, а и прекрасно мириса и го украсува просторот. Пролетта е вистинско време за засадување на ова растение, а многумина веруваат дека тоа ги брка злите духови. Древните верувања велат дека ако запалите гранче босилек во вашиот дом, тој мириса прекрасно и ја брка негативната енергија. Босилекот е повеќенаменско растение и треба што поскоро да го набавите во вашиот дом. Рузмарин Ова растение не би било лошо да го имате доколку сте започнале нов бизнис или сте запознале нова љубов. Старите верувања велат дека го олеснува почетокот, привлекува љубов и страст, а пред сè, промовира добро расположение. Се препорачува да се одгледува рузмарин како домашно растение, кое има прекрасно стебло и прекрасен мирис. Лаванда Едно од најубавите растенија досега е лавандата. Плени со својот волшебен мирис, а воедно го зголемува и расположението. Поволно делува и против несоница, многумина го користат во борбата против депресијата и нервозата. Можете да го имате како домашно растение во текот на зимата, а во лето можете да го ставите надвор. Брзо се шири, па можете да го засадите и во земја....
Курир | 10 часа
Лидс нуди пет милиони евра за најмладиот голгетер во италијанската репрезентација
Лидс е во преговори за ангажирање на напаѓачот на Цирих, Вилфрид Гнонто. Според новинарот Николо Шира, англискиот клуб понуди пет милиони евра за 18-годишниот Италијанец и ги договори условите на личниот договор со играчот. „Transfermarkt.com“ го процени Гнонто на 10 милиони евра. Во јуни, Гнонто дебитираше за италијанската репрезентација. Тој на 14 јуни постигна гол во натпреварот од Лигата на нации со Германија (2:5) и стана најмладиот голгетер во историјата на националниот тим. (МИА)...
Курир | 10 часа
Социјалистите со законски измени се обидуваат да ги остават надвор од Парламентот Бериша и Мета
Албанските владејачки социјалисти ги подготвија измените на законот за декриминализација, кои, како што претходно најавија ќе бидат на дневен ред на Парламентот на почеток на следниот месец. Станува збор за законот „За гарантирање на интегритетот на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции“. Со овие измени социјалистите бараат во законот за декриминализација да се додаде член за забрана за кандидирање на лица прогласени за „нон грата“ од САД, Обединетото Кралство или други западни земји, како и оние што резултираат како соработници во досиејата на поранешната тајна служба ШИК. – Целта повеќе од очигледна е дека сакаат вон Собранието да ги остават поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша, кој непожелен е прогласен од САД И Обединетото кралство и доскорешниот шеф на државата и лидер на Партијата на слободата Илир Мета, кој наводно во досиеја се споменува како соработник на ШИК, јави АБЦ њуз. Според социјалистите, целта на овој закон е да се гарантира довербата на јавноста во функционирањето на избраните државни органи, независните институции и оние кои се основани со закон, на јавната администрација, преку спречување на нивниот избор или именување. Исто така се предлага отстранување од јавна функција на лица кои се осудени или против кои се преземени мерки на безбедност или со неправосилна одлука за сторени кривични дела, според овој закон, како и лица за кои е утврдено дека се соработници поранешна државна безбедност. По завршување на петгодишниот мандат како претседател, Мета се врати во политиката со остра реторика и тешки обвинувања кон премиерот Еди Рама, што во континуитет го прави Бериша. Двајцата најавија коалиција и апсолутна победа на локалните избори до година а Мета побара техничка влада и предвремени парламентарни избори. (МИА)...
Курир | 10 часа
ФОТО+ВИДЕО: Констатирани неправилности во правен субјект од кумановско за одгледување на канабис во медицински цели, следува кривична пријава
На 18.08.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги....
Курир | 11 часа
Финска соопшти дека руски авиони влегле во нејзин воздушен простор
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад. Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури. Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал“ во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море. (МИА)...
Курир | 11 часа
Луна Џогани и Анабела скршени од болка: Те сакаме и ти благодариме за љубовта, се гледаме – пејачките се простија од најверниот пријател (ФОТО)
Пејачката Луна Џогани и нејзината мајка, Анабела Атијас поминуваат низ тешки мигови откако нивното домашно милениче почина. Станува збор за кучето кое беше дел од нивното семејство со години наназад. „Ти благодарам што секогаш не чуваше…Поздрави ја Буби“, напиша Луна која е скршена од болка. Додека нејзината мајка пак, Анабела напиша: „Куче само еднаш го изневерува својот газда, кога ќе умре. Те сакаме Сврчко наш, ти благодарам за љубовта. Се гледаме друже мали“, напишаа таа....
Курир | 11 часа
Во Албанија трговскиот дефицит за седум месеци над 1,9 милијарди евра
Во изминатите седум месеци од годинава Албанија забележала трговски дефицит во износ од 235 милијарди лека или над 1,9 милијарди евра, што е зголемување за 8,3 отсто споредено со истиот период минатата година. – Во периодот од јануари до јули извозот на стоки достигнал вредност од 293 милијарди лека и бележи раст од 40,1 отсто, додека увозот достигнал вредност од 528 милијарди лека и бележи раст од 23,9 отсто во однос на истиот период лани, објави државниот завод за статистика, ИНСТАТ. Според истиот извор во месец јули трговскиот дефицит изнесува 42 милијарди лека и е зголемен за 6,9 отсто во однос на јули 2021 година и за 20,3 проценти во однос на јуни 2022 година. Во јули, извозот на стоки достигна вредност од 39 милијарди лека со зголемување од 23 отсто, во однос на истиот период од пред една година и намалување за 14,3 проценти во однос на јуни годинава. Во меѓувреме, увозот на стоки достигнал вредност од 82 милијарди лека со раст од 14,1 отсто во однос на една година и за 0,6 проценти во однос на јуни 2022 година....
Курир | 11 часа
Кривична пријава против двајца стружани за вршење јавен превоз без лиценца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца стружани за вршење јавен превоз без лиценца, соопшти Министерството за внатрешни работи. – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Струга и И.Ј.(51) од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 12.06.2022 година кај селото Подмолје, полициските службеници го затекнале првопријавениот при управување такси возило, сопственост на второпријавениот, без соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници издадена од надлежен државен орган, посочуваат од МВР. (МИА)...
Курир | 11 часа
ТРИК ЗА ЧИСТИ ПЛОЧКИ НА ТЕРАСАТА: Длабинско чистење со само една состојка од вашата кујна – ќе блескаат и нема да задржуваат прашина!
Времето е убаво, а сега е време да ја исчистите терасата за да блесне, особено ако пиете кафе или на неа пружате алишта. Отворените тераси ќе акумулираат многу нечистотија во текот на зимата поради врнежите, ветерот и прашината, а експертите за чистење советуваат да се чистат длабоко кога времето ќе стане убаво. Се што ви треба е една работа од кујната! Плочките обично се чистат со детергент, т.е. средство за миење плочки и можете да го истурите во кофа и одвреме-навреме да ги исчистите плочките. Но, длабокото чистење се прави поинаку! Земете една кофа, наполнете ја со околу 5-6 литри вода, додадете 60 милилитри бел оцет и со тој раствор добро истријте ги плочките со помош на џогер. Потоа истурете ја водата и исплакнете ја кофата, потоа наполнете ја со чиста вода и уште еднаш поминете преку плочките. Доколку е потребно, можете да ги исушите и со сува крпа....
Курир | 11 часа
Во ракетните напади врз Харков загинаа најмалку 12 луѓе
Изминатите неколку часа интензивирани се ракетните напади врз Харков, а вкупно од синоќа загинаа најмалку 12 луѓе. При нападите повредени се најмалку 20 луѓе. Во денешните напади погоден е и станбен блок. (МИА)...
Курир | 11 часа
Во Грција потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници
Во Грција се потврдени вкупно 50 случаи на мајмунски сипаници, два повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдените случаи се мажи од 19 до 59 години, односно просечната возраст е 36 години, а 16 од заразените (32 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Исто така се додава дека во Европа, до 16 август 2022 година, регистрирани се 18.960 случаи на мајмунски сипаници во 43 земји. Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни. Како што вчера објави МИА, министерот за здравство на Грција Танос Плеврис соопшти дека во вторникот во земјата пристигнале околу 2.300 дози од вакцината против мајмунски сипаници, а следната седмица Комисијата за имунизација ќе одржи состанок за начинот и условите за вакцинација. Паралелно освен вакцините, Грција е во координација со Европската комисија за набавка на 100 терапии....
Курир | 11 часа
Македонската пејачка стана мајка по втор пат – бременоста ја криеше во голема тајност, еве го полот на бебето (ФОТО)
Поп-пејачката и докторка Симона Поповска вчера се породи со своето второ дете. Убавата Симона роди син, а среќната вест, преку честитки од нејзините блиски, ја сподели на својата инстаграм-приказна. View this post on Instagram A post shared by 𝓓𝓻. 𝓢𝓲𝓶𝓸𝓷𝓪 𝓟𝓸𝓹𝓸𝓿𝓼𝓴𝓪🧿 (@simonapopovskaofficial) Симона и втората бременост, како и првата, ја држеше во „тајност“. Пејачката и доктор дерматолог во 2018 се омажи за претприемачот Крис Поповски, со кого лани во април го добија првиот син, Никола....
Курир | 11 часа
Депај пред преселба во Јувентус
Мемфис Депај е се поблиску до преселба во Јувентус од Барселона. Дваесет и осумгодишниот напаѓач на репрезентацијата на Холандија ќе го раскине договорот со Каталонците и како слободен играч ќе се пресели во Италија. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марцио, Јуве ќе се откаже од дел од бонусите кои ги должат Каталонците за настапите на играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ во составот на Барса. Депај и Јувентус се уште не постигнале целосен договор за договорот, иако претходно се пишуваше за двегодишен договор и плата од шетс милиони евра годишно....
Курир | 12 часа
Во Алжир во пожар загинаа најмалку 26 луѓе
Најмалку 26 луѓе загинаа во шумскиот пожар во источниот дел на Алжир. Според алжирското Министерство за внатрешни работи најголемиот број на жртви се пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени 24 безживотни тела. Во Алжир минатата година загинаа 104 лица, меѓу кои 33 војници. (МИА)...
Курир | 12 часа
„Адидас“ ги претстави новите сончеви блутут-слушалки
Компанијата „Адидас“ ги претстави новите блутут-слушалки „РПТ-02 СОЛ“, коишто користат сончева енергија за полнење на батеријата. Сончевите уреди не се новост. Многу компании имаат такви производи, но сончевите слушалки сѐ уште се реткост. Блутут-слушалките на „Адидас“ се поврзуваат со други уреди преку блутут и имаат вградени „Пауерфојл“ ќелии за сончева енеригија. Уредот е водоотпорен, има микрофон, како и „УСБ-Ц“ приклучок за дополнително полнење. Самите слушалки се направени од рециклирана пластика. А, нудат и 80 часа „резервна“ енерегија во батеријата дури и во темна просторија каде што воопшто не би биле изложени на сончева светлина. Цената на слушалките е 230 долари. На пазарот има и други слични производи коишто користат иста технологија. Меѓу нив се „Урбаниста Лос Анџелес“, како и слушалките „Блу тајгер“ чија цена е 220 долари....
Курир | 12 часа
Приведен жител на тетовско откако одзел повеќе грла добиток поради долг
Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 11.00 часот го лишиле од слобода 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток. Одземениот добиток е пронајдeн и вратен му е на сопственикот, а по документирање на случајот на И.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок....
Курир | 12 часа
Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. – ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски. Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница. На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори....
Курир | 12 часа
НБ: Зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе го ублажи ценовниот раст
Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо, истакнува во интервјуто за „Пари.мк“ Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, како што посочува таа, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. -Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели Давидовска-Стојанова....
Курир | 12 часа
Пронајдени скоро 60 мигранти кај Свети Николе
На 17.08.2022 во 20.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и ОВР Свети Николе во атарот на с. Стањевци, Светиниколско, пронашле 57 лица мигранти од Сирија, Пакистан и Конго, информираат од МВР. Лицата се пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка....
Курир | 12 часа
На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути
На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути, а на ГП „Богородица“ околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Курир | 12 часа
Вселенското излегување на космонаутот Олег Артемиев прекинато поради проблем со костимот
Излегувањето во вселенското пространство на рускиот космонаут Олег Артемиев беше прекинато поради проблеми со неговиот вселенски костим. Контролата на мисијата на Артемиев му наредила да се врати во Меѓународната вселенска станица откако проблемот бил забележан. Подробности сѐ уште не се соопштуваат, но според американската вселенска агенција НАСА, забележана е „мала флуктуација“ во батеријата на оделото. Космонаутот потоа безбедно се вратил во МВС, приклучен на напојувањето на Станицата и продолжил со операциите. НАСА соопшти дека Артемиев „не е во опасност“ и покрај непредвидената појава. Тој и неговиот колега Денис Матвеев работеа на опремување на роботската рака на Европската вселенска агенција (ЕСА) со камери и друга опрема. Иако се чини дека станува збор за помал инцидент, сепак сѐ тоа враќа непријатни спомени… Италијанскиот астронаут Лука Пармитано доживеа проблем со костум за време на две вселенски излегувања во јули 2013 година, а првото вклучуваше „протекување“ кое мина незабележано. Поради сѐ ова, НАСА тогаш привремено ги суспендираше сите неитни излегувања во вселенското пространство. (МИА)...
Курир | 12 часа
МАРС ВО БЛИЗНАЦИ НОСИ ШАНСИ ЗА ЖИВОТ: 3 хороскопски знаци ги очекува богатство и магичен успех
Марс е планета на акција и страст, планета која не тера да дадеме се од себе за да го постигнеме она што го сакаме, велат астролозите. Оваа година тој влегува во Близнаци на 20 август 2022 година и ќе остане во овој знак цели седум месеци. Идеалното време во кое можете да добиете посебен енергетски поттик е до 30 октомври, кога тој ќе оди во ретроградна состојба. Затоа подгответе се за овој пресврт и искористете го максимумот од Марс во Близнаци. Без јасна насока и дисциплина, овој транзит може да донесе многу хаотични пресврти. Затоа, бидете внимателни ако имате тенденција да ја изгубите концентрацијата, ако лесно ви е здодевно. Охрабрете ја вашата љубопитност и обидете се да ги решите проблемите на нов начин. Три хороскопски знаци ќе добијат посебен излив на енергија. Овен Марс е вашиот владетел, па неговото влијание ќе биде навистина опипливо. Обидете се секогаш да имате што да правите, инаку ќе станете раздразливи и многу немирни. Ако ги имате на листата на обврски и оние кои можат да се направат брзо и лесно, направете го тоа како ваша прва акција. На овој начин ќе заштедите сила за предизвиците кои ве очекуваат. Близнаци Ова ќе биде вашето време, вашиот момент да блеснете. Дали сте чекале некое време да донесете одлука? Ова е транзит кој ќе ви помогне да направите важен чекор и може да ве доведе до магичен успех. Не бегајте од преземањето на сосема нови проекти, особено оние кои во вас будат вистинска страст. Ако срцето ви танцува, Марс ви вели да одите таму каде што ве носи тој ритам. Водолија Додека Марс се движи низ вашиот пријателски, воздушен знак, и вие ќе доживеете наплив на огромна креативност. Време е конечно да го заработите својот талент, имагинација, интелект, тоа не се квалитети кои другите така лесно ги расфрлаат. Дозволете им на другите да знаат дека треба повеќе да ги ценат вашите нови идеи и уникатен пристап. Финансиското задоволство дополнително ќе ја зајакне вашата мотивација....
Курир | 13 часа
Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(30) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 ст.3 од Кривичниот законик. При извршена контрола од страна на полициски службеници од Единицата, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини на подрачјето на Општина Шуто Оризари, пријавениот бил затекнат како неовластено тргува со отпад, без соодветна регистрација како правно лице во Централниот регистар и без да поседува дозвола за вршење на дејност за управување, собирање, складирање, преработка, рециклирање или транспортирање на отпад, соопшти полицијата....
Курир | 13 часа
Истепал вработен во Одделението за управни работи, полицијата го уапсила
На 17.08.2022 околу 16.20 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ф.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што околу 15.30 часот физички нападнал вработен во Одделението за управни работи Скопје на подрачјето на Центар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок....
Курир | 13 часа
20 годишен Косовец примен во Систина со повреди, бил претепан од неколку лица
На 18.08.2022 во 00.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен повреден Л.Г.(20) од Косово. Според пријавеното, тој со повреди се здобил во близина на Железничката станица каде бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврди предмети бил. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот....
Курир | 13 часа
Често го јадеме за ручек, а нутриционистите тврдат дека не е здрав – ова е “тајната“ на белиот ориз
Многу нутриционисти ги демонизираа сите „бели“ намирници: белиот ориз, компирот, тестенините, белиот леб… но реалниот проблем со нив е тоа што најчесто ги преливаме со солени, масни, зашеќерени, калорични преливи, кои ги прават многу нездрави. Кога станува збор за оризот, многумина сметаат дека кафениот ориз е поздрав затоа што е побогат со влакна (има три грама влакна, за разлика од белиот кој содржи 0,5 грама во една шолја варен ориз) и така подолго време ве држи сити. Меѓутоа, бидејќи оризот главно е само една од компонентите во оброкот, личноста која јаде да кажеме, вариво од леќа и зеленчук со ориз, може да го одбере било кој ориз и да не забележи разлика во ситоста по јадењето. Освен тоа, кафениот ориз содржи одредени состојки во својата мембрана кои не се добри за консумација и со кои билката се брани од штетниците, а тоа бидејќи го нема во белиот ориз, го прави полесен за варење од кафениот....
Курир | 13 часа
Рачна бомба рано утрово пронајдена на познатата охридска плажа
На 17.08.2022 во СВР Охрид е пријавено дека во 06.00 часот водите на Охридско езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период. Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка....
Курир | 13 часа
Заменик директор истепал директор на скопско училиште – еве ги деталите
На 17.082022 во 11.15 часот било пријавено дека во с.Буковиќ, скопско, во основно училиште по претходна расправија М.Б.(63) од с.Буковиќ (заменик директор во училиштето) физички го нападнал Ш.Д.(50) од с.Чајлане (директор во училиштето). По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок....
Курир | 13 часа
Судот ја потврди задолжителната вакцинација против морбили за деца во Германија
Германскиот уставен суд денеска ја потврди одлуката за задолжителна вакцинација против морбили за деца, пресудувајќи против тужба поднесена од родители. Во својата конечна одлука на таа тема, германскиот Сојузен уставен суд во Карлсруе тврди дека, иако оваа обврска навлегува во правата на децата и на нивните родители, таа е оправдана поради високиот ризик од инфекција од морбили и потенцијал за сериозна болест. Со цел подобра заштита од високо заразните морбили, од почетокот на март 2020 година, вакцинирањето е задолжително за деца во градинки и училишта во државата. Пред да ги запишат, родителите мора да достават потврда за имунизација, а исклучок се само оние деца, кои од медицински причини не може да бидат вакцинирани. (МИА)...
Курир | 14 часа
Минијатурна танга и глетка која препотува: Беквалац на настап се појави во комбинација која треба да имате храброст да ја носите особено пред мажите
Пејачката Наташа Беквалац вчера имаше свој настап на еден од сплавовите во Белград каде се појави во издание кое буквално ги препоти фановите. Имено таа на себе имаше комбинација која уште долго ќе се зборува, особено бидејќи беше креирано од нејзината сестра Кристина Беквалац. Таа блесна во црн комбинезон истакнувајќи ги атрибутите во прв план, а додека градите речиси и да не и се гледаа, тангата и тоа како и го исцртуваше нејзиниот задник во кој се ѕвереа речиси сите. Беквалац инаку е позната по сексапилните комбинации кои ги носи на своите настапи, а често тие се изработени и дизајнирани од нејзината сестра. Foto: Kobra...
Курир | 14 часа
Близу 500 заболeни, 3 лица го загубија животот: Ова е најновата Ковид статистика, преку Мој Термин пријавени за починати уште петмина
Над 800 заболени, 6 лица го загубија животот: Ова е најновата Ковид статистика, преку Мој Термин пријавини за починати уште 4 лица Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година. Направени се 1.108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2.140.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а бројот на активни случаи изнесува 3.483 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 158588, Активни 1422 Куманово 17920, Активни 150 Битола 17495, Активни 253 Прилеп 15225, Активни 150 Тетово 14344, Активни 118 Кавадарци 11819, Активни 134 Велес 10632, Активни 111 Гостивар 10198, Активни 84 Охрид 10034, Активни 208 Струмица 8684, Активни 85 Штип 8634, Активни 78 Кичево 6006, Активни 48 Кочани 5434, Активни 62 Струга 5122, Активни 64 Гевгелија 4756, Активни 61 Неготино 4085, Активни 80 Ресен 2980, Активни 24 Радовиш 2789, Активни 55 Свети Николе 2763, Активни 14 Крива Паланка 2595, Активни 32 Делчево 2108, Активни 69 Берово 1802, Активни 28 Дебар 1794, Активни 20 Валандово 1583, Активни 8 Виница 1459, Активни 27 Пробиштип 1296, Активни 4 Богданци 1085, Активни 22 Кратово 1081, Активни 14 Крушево 1008, Активни 21 Демир Хисар 911, Активни 11 Македонски Брод 784, Активни 9 Демир Капија 623, Активни 7 Македонска Каменица 533, Активни 3 Пехчево 505, Активни 7 Дојран 365, Активни 0...
Курир | 14 часа
ВИДЕО: Премиерката на Финска била на луда забава, опозицијата бара да прави тест за дрога
Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром. На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми. Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно. „Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер. На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико. This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool… maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8 — Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022...
Курир | 14 часа
Ова е најпопуларната диета на светот
Најпопуларната диета препорачана од многу ѕвезди од шоу бизнисот е диета чија главна состојка е компирот. Оваа диета исто така вклучува јогурт со ниска содржина на маснотии и ако ги следите упатствата, можете да изгубите до пет килограми за три дена. Скробот кој го содржи компирот, покрај млечната киселина од јогуртот, му дава на телото доволно дневно внесување на калории, а скроб во комбинација со вода дава чувство на ситост. Прв ден Појадок: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт. Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт. Вечера: Две чаши јогурт. Втор ден Појадок: Една чаша јогурт. Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт. Вечера: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт. Трет ден Појадок: Еден варен компир без сол. Ручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт. Вечера: Една чаша јогурт. Многу важна работа е тоа што не смеете да ги замените варениот со пржен компир. Готвениот компир содржи многу витамини и минерали, како и влакна кои го забрзуваат варењето, додека јогуртот го регулира дигестивниот систем, ги отстранува вишоците на вода и токсини од телото....
Курир | 14 часа
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси. Тие по тој повод објавија и статус на Фејсбук: -Горјан Тозија беше филмски работник кој рушеше сѐ, само за да биде видлив. Беше видлив кога го уништи Вардар филм. Беше видлив кога го рушеше законот за филмска дејност, беше видлив и кога најавуваше бројач пред порта Македонија. Филмот и културата жестоко се цензурираат во континуитет и се урива дигнитетот на филмската дејност. Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси. Наместо „Големата ѕвезда на македонскиот филм”да се даде на вистинските филмски творци и еминентни професионалци во македонската кинематографија, Здружението во чија надлежност е доделувањето на ова признание, одлучи тоа да се додели на оној кој ги урна сите надежи на филмската дејност во Македонија. ДФРМ го одбра кафанскиот човек кој само умееше да плете површни кафански приказни, користеше уцени, закани задкулисни мрачни методи. Дали тој заслужува да го добие аплаузот од ИФКК Браќа Манаки? Македонија стана пазар, па и македонскиот филм стана заробеник на политички исфрустрираните луѓе кои генерациски владеат со фелата. Да живее Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“! Да живее Битола! Да живее филмот! Но, животот што го ветуваа не доаѓа со вакви нејасни потези, одлуки и пазари. Не доаѓа за сите!!!, стои во нивниот статус до јавноста....
Курир | 14 часа
„Владата и МОН ги укинаа стипендиите на македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа“
Владата им наштети на младите македонски интелектуалци, укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. -Министерството за образование и наука предводено од кадар на ДУИ одлучи да ги укине стипендиите за македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на додипломски, магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа. Мерка која беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ уште пред повеќе од 10 години и која беше одлична можност за стекнување знаења и искуства од најдобрите професори во светот и нивно пренесување во сопствената земја. Отсега таа можност, за жал, новите генерации нема да ја имаат, а причината за нејзино укинување, не е објаснета. Дали тоа е поради колапсот на државниот буџет како резултат на неговото лошо менаџирање? Дали е желба на Ковачевски и дружината кои и онака го урнисуваат образовниот систем во сите негови сегменти водејќи се по логиката колку понеедуциран народ, толку полесно се владее со државата? Што со оние студенти кои токму поради објавените конкурси за доделување на овие стипендии на почетокот на годината, аплицирале на некој од најдобрите универзитети во светот каде и се примени и за тоа очекувале поддршка од државата? Дали сте свесни како тие се чувствуваат и како им е на нивните родители? Има пари за нови автомобили за функционерите, за ресторани, бифтеци, за златни лажици и виљушки и што ли уште не, а нема пари за поддршка на младината која успева да се пробие во светот на академското знаење и науката. Одамна вашите чувства кон народот и кон обичниот граѓанин се изгубени. Затоа и водите политика која ги полни само вашите џебови, ги остварува вашите желби и потреби, а не го јакне стандардот на граѓаните. Но, затоа и рејтингот ви е нула и затоа брзо ќе бидете сменети. Нова народна Влада ќе го врати тоа што вие им го одземавте на граѓаните, а најпрво достоинството!, стои во нивниот пост на Фејсбук....
Курир | 14 часа
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Доаѓаат грмежи и пороен дожд
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат....
Курир | 14 часа
Верен борец против анемијата: Овој чај многу ќе им помогне на лицата кои имаат лоша крвна слика
Лековитиот чај од коприва е популарен ширум светот бидејќи изобилува со големо количество на витамини, минерали и хлорофил кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во лекувањето на разни болести, настинка и воспаленија. Ако сте подложни на чести настинки и воспаленија, копривата може да ви помoгне дa го зајакнете имунитетот, бидејќи е богата со бакар, витамин Ц, магнезиум, манган и цинк. Копривата содржи доста железо, поради што се смета за верен борец против анемијата. Таа болест често ги погодува децата, адолесцентите, трудниците и старите лица, а железото е многу тешко да се надомести преку храна. За да не консумирате различни таблети, најдобро е да пиете чај од коприва, или пак, семе од коприва да помешате со половина тегла мед и секојдневно по два пати на ден да консумирате од смесата. Лицата кои се борат со вишок килограми, можат да ја користат копривата која создава чувство на ситост и поволно влијае на регулирањето на телесната тежина. Помага при брзо исфрлање на урина, поради што се смета за природен чистач на организмот. Мажите можат да имаат голема корист од копривата, бидејќи таа со години се користи за лекување на простатата на природен начин, бидејќи спречува појава на малигни тумори на таа жлезда. Чајот од коприва е одличен и за лицата кои имаат проблеми со полесната грозница која предизвикува неконролирано чешање, иритација, црвенило на очите и кивавица....
Курир | 14 часа
Реакција на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања
На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата. Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до Владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност. Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство: 1. Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители“, а словенската писменост како „старобугарска“. 2. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа. 3. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид. 4. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект. 5. Самоил е бугарски цар. 6. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад. Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување? Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.“ Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.“ Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира“ Македонците? Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…“, каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица“ (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.). На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец“, во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес? Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“ (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале? Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ? Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината“ (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација“ објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја“. Притоа, некои од „традиционалните учени“ се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство“. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија“ (Стојко Стојков, цит. труд, 119). Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување. Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство. Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски....
Курир | 14 часа
Зидан позирал со 4-те сина и сопругата, сите ги покажале своите извајани тела и совршените стомачни мускули
Поранешниот фудбалски тренер Зинедин Зидан објавил фотографија на својот Инстаграм профил на која позира во опуштено издание со своето семејство. Зидан и неговата сопруга Вероник се фотографирале заедно со 4-те сина Енцо, Елијаз, Лука и Тео и со своите две домашни миленичиња. Вероник носела сино бикини, а нивните синови позирале без маици. View this post on Instagram A post shared by zidane (@zidane) Многумина забележале дека целото семејство изгледа одлично. „Сите сте многу фит“, „Одлично изгледате“, „На оваа фотографија само кучињата немаат стомачни мускули“, „Прекрасно семејство“, се нижеле коментарите под фотографијата која добила над 600.000 лајкови. За потсетување, Вероник и Зидан се запознале кога тој имал само 17 години и додека играл во Кан. Пет години подоцна парот се венчал, а заедно имаат 4 синови. Приватниот живот на Зидан како и неговиот брак никогаш не ги одбележаа афери и скандали, а парот е познат и како еден од најхармоничните парови во спортскиот свет....
Курир | 14 часа
Вака денес изгледа пејачот на хитот „Васко жабата“: По 9 години на забава ја изведе познатата песна, сите во транс (ФОТО+ВИДЕО)
Веќе со недели бугарската песна „Васко жабата“ е хит на социјалните мрежи во Македонија. Песната е лесна за слушање, привлечна, а многумина велат дека со денови не можат да ја извадат од глава. Оваа песна е објавена во 2013 година, но благодарение на Македонија дури сега стана хит. И не само кај нас. Очигледно е дека и Бугарите сфатија какво богатство поседуваат, па овој хит се повеќе се бара на настапите на оркестарот Камчија, кој исто така го изведува. Сите се прашуваат како изгледаат членовите на овој бенд денес, а особено пејачот. На социјалните мрежи сега кружи снимка од забава на која свири оркестар, а во преден план е изведувачот. Во споредба со видеото старо девет години, тој е многу променет и избледен. Кога ја отпеа „Васка забата“ настана хаос и публиката скандираше и играше. @pavlovic_aleksa Ceca Mecata GLOW Up #vaskozabata #cecamecata #cecamecata🐻😅 #fyp #fypシ #kombainavarshachka ♬ Комбайна-вършачка – Оркестър Камчия...
Курир | 14 часа
(ДОКУМЕНТИ) Носителот на СДСМ за Тетово СЕ ПИШАЛ АЛБАНЕЦ ЗА ДА СЕ ВРАБОТИ
За да се вработи во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, акутелниот носител на советничка листа на СДСМ за локалните избори во Тетово, Глигорије Стојановски, во пријавата навел дека е Албанец, бидејќи во огласот било наведено дека истиот е наменет за вработување на кандидати Албанци, дознава Вечер.мк. Со тоа Стојановски бил вработен со одлука на директорот на ЈУ МЦСР Тетово, земајќи го местото на други кандидати, слика која последниве неколку години откако СДСМ е на власт е се почесто, како Македонци за да се вработат по партиска линија, на огласи се пишуваат како Албанци, Роми или Турци. Ова било причина кандидатка која извисила и била рангирана подолу на листата, бидејќи Поповски и го зел местото со изјавата дека е Албанец, да поднсе тужба против ЈУ МЦСР Тетово. Од документите до кои дојде Вечер.мк Апелациониот суд во Тетово ја прифатил тужбата и пресудил дека тужбата на кандидатката која извисила се усвојува и ја поништил одлуката за вработување на тројцата кандидати меѓу кои бил и Стојановски. Понатаму судот го задолжил директорот на ЈУ МЦСР Тетово да распише нов оглас, но и да ги плати трошоците од 63.040 денари. Судот утврдил дека Глигорије Стојановски, и покрај тоа што навел дека е Албанец за да се вработи на овој оглас, не успеал да ја докаже националноста како Албанец, односно не дал никаков доказ за тоа. Ова било причината судот да ја укине одлуката на директорот на ЈУ МЦСР Тетово. Со тоа оваа одлука на Стојановски носителот на листа на СДСМ не само што навел дека Албанец, туку оштетен е и буџетот на инситинституцијата. Целиот текст прочитајте го ТУКА...
Курир | 15 часа
Ситуацијата во најголемата нуклеарна централа во Европа е „надвор од контрола“: Дали сме блиску до нова катастрофа во Украина?
Украинската разузнавачка агенција предупреди на можни проблеми во окупираната нуклеарна централа Запорожје во јужна Украина, додека градоначалникот потврди дека имало нови напади. Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави дека ситуацијата во најголемата европска нуклеарна централа е надвор од контрола. – Насилството за време на војната во Украина со себе носи многу реален ризик од нуклеарна катастрофа – се наведува во извештајот на мониторинг комитетот на Обединетите нации. Додека Русија и Украина се обвинуваа меѓусебно, обвинувајќи ја другата за „нуклеарен тероризам“, Гроси повика на „најголема воздржаност“ во врска со локацијата. Експертите, пак, предупредуваат дека електраната вклучена во конфликтот може да доведе до нуклеарна несреќа слична на онаа во Фукушима, Јапонија во 2011 година. Што се случи во саботата? Протераниот градоначалник на Енерходар, Дмитро Орлов, рече дека цивилите му кажале за новото наводно руско гранатирање во правец на градската индустриска зона и фабрика во Запорожје. Не е јасно дали гранатите го погодиле подот на фабриката. Локалниот функционер Владимир Рогов напиша на Телеграм дека украинските сили наводно ја гранатирале фабриката. – Според изјавите на сведоците, во градот повторно се слушаат експлозии – изјави тогаш Рогов и додаде дека гранати паднале во близина на електраната, без да прецизира дали ја погодиле територијата на електраната. Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека Русија подготвува нови „провокации“ во централата, велејќи дека руските војници поставиле самоодна хаубица „Пион“ надвор од блискиот град и поставиле украинско знаме на неа. Пред една недела, гранатирање во близина на Енерходар погоди високонапонски далновод што се напојува од блиската нуклеарна централа, објави Ројтерс. Иако официјалните лица потврдија дека тоа не резултирало со истекување на радиоактивен отпад, операторите исклучија еден од реакторите на локацијата од безбедносни причини. Следниот ден, украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом рече дека руските проектили оштетиле три монитори за радијација во складиште за потрошено нуклеарно гориво. Еден работник наводно бил повреден. Руската новинска агенција Интерфакс објави дека украинските сили испукале гранати и дека погодиле само една од административните згради. Судбината на нуклеарната централа од почетокот на конфликтот во Украина Имаше неколку извештаи за напади врз електраната од почетокот на конфликтот во Украина. Во раните утрински часови на 4 март, наводно, проектил погодил зграда за обука и ја запалила. Украинската државна служба за вонредни состојби набрзо извести дека операторите исклучиле еден од нуклеарните реактори како мерка на претпазливост, но нивото на радијација е нормално и ниту една клучна инфраструктура не е оштетена. Во Запорожје има шест нуклеарни реактори, што ја прави најголемата нуклеарна централа во Европа. Има капацитет од шест гигавати, што е доволно енергија за напојување на четири милиони домови, а се наоѓа во близина на реката Днепар во југозападна Украина. Експертите веруваат дека само три реактори биле во употреба од почетокот на конфликтот, а украинскиот персонал сè уште работи таму, но под принуда. Реакторот е срцето на секоја нуклеарна централа. Овде, контролираните нуклеарни реакции создаваат доволно топлина за да ја претворат водата во пареа, која потоа се користи за создавање енергија. Постојат два вида реактори, оние со врела вода и оние со вода под притисок. Во Запорожје има вода под притисок, кои се многу побезбедни од оние што се користат во Чернобил, каде што катастрофата во 1986 година доведе до големо истекување на радијација, најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото. Професорката Клер Коркил од Универзитетот Шефилд, изјави за Sky news дека по катастрофата во Чернобил, светот не научи многу лекции. – Една од главните лекции што треба да ги научиме е дека реакторите треба да бидат сместени во огромни армирано-бетонски контејнери. Во тој случај, дури и да се урне авион врз нив, реакторите нема да се оштетат, рече таа. Реакторите имаат и вградена заштита од пожар и доколку прекине напојувањето, имаат резервни дизел генератори кои можат да траат околу три дена. Секој удар ја отстранува виталната безбедносна одбрана Кога гранатирањето го погоди далноводот до електраната во петокот, реакторот беше исклучен како безбедносна мерка. – Колку повеќе проектили истрелате во правец на нуклеарната централа, толку е поголем ризикот од нуклеарна несреќа. Ако напојувањето е оштетено, но дизел генераторите работат, тоа дава доволно време да се стави реакторот во ладна состојба. Во основа исклучете го реакторот и направете го безбеден пред да дојде до топење. Но, ако се оштетат напојувањето и резервните генератори, тогаш веројатноста за несреќа е многу голема – вели професорот. Таа додава дека несреќата во Фукушима раширила радиоактивен материјал на стотици километри, па истото може да се случи и во Запорожје. Во зависност од големината на истекувањето, тоа може да доведе до евакуација на голем број луѓе, а нивното здравје би било сериозно загрозено. – Ако треба да се запрат сите нуклеарни реактори во електраната, милиони луѓе кои веќе се мачат би останале без струја, смета професорката....
Курир | 15 часа
Мислите дека сте во одлична форма? Тогаш овие напорни вежби сигурно можете да ги направите без проблем (ВИДЕО)
Вистински тест за вашата физичка подготвеност Доколку не сте сигурни дали сте во добра форма како што мислите, имаме предлог за вас. Сет домашни вежби за стомачни мускули во траење од 10 минути ќе бидат одличен тест. Ако ги правите сите вежби без проблем, имате причина да бидете задоволни. Погледнете го планот за тренинг: ...
Курир | 15 часа
Најдобра и најлоша храна за целулит
Со оглед на тоа дека генетиката игра главна улога во целулитот, за него навистина нема совршен лек. Сепак, губењето на тежина и намалување на внесот на нездрави масти, шеќери и сол може драстично да го намали целулитот. Прво, најлошто Обработено месо (саламите) и кашкавал Стандардна порција на обработено месо (салами) содржи околу 790 милиграми на натриум – една третина од препорачаната дневна доза. Сеа на тоа додајте го фактот дека парчето леб на луѓето не им останува само со едно парче салама на него, туку такви какви што сме, ставаме повеќе парчиња салама.. многу повеќе од доволно. А и обработените кашкавали не се многу подобри – на пример фета содржи 400 милиграми сол во една четвртина кафе шоља. Каква врска има ова со целулитот? Деликатесната храна со висока содржина на натриум, како обработеното месо, саламите, шунката, сланината, чајната, куленот, кашкавалите предизвикуваат задржување на водата. Солени се едноставно, свесни сте и сами, а солта ви е најголемиот непријател доколку се обидувате да се ослободите од целулитот – објаснува Карлучи и додава – “не само што ќе ве направи подуени туку и го прави целулитот екстра-видлив”. Конзервирана супа (или купечка) Конзервирана супа или супа во кесичка може да ви звучи како едноставно решение за лајт вечера кога ви се јаде нешто, но тие се само една голема коцка сол и вегета истурена во вода – односно токму тоа од што е направен и целулитот – врзана вода во сол и масти. Направете си супа самите! Сварете морков, брокула, карфиол, пашканат и исцедете еден цел лимон. Ова нека биде вашата супа барем додека сте на рестрикција за отстранување на целулит. Газирани и засладени пијалаци Дали вашиот целулит станува се поизразен со секој изминат роденден? Тоа е најверојатно бидејќи вашето тело произведува помалку колаген – протеин кој ја прави кожата мазна и без дупчиња. За жал, бидејќи ова е природен дел од стареењето не постои начин да се спречат негативните ефекти од намалувањето на колаген. Како и да е, ако ги исечете шеќерите од вашата исхрана (шеќерите го забрзуваат падот на колаген) може многу да си помогнете. Иако шеќерите се речиси насекаде – од лебот и житните култури, до свежите, 100% природни сокови – да не зборуваме за обработените сокови спакувани во тетрапак или енергетските пијалаци – како да сте изеле кеса шеќер. Намалете го внесот на овие работи – ако веќе не можете целосно да ги исечете барем на две недели. Сосови – особено скара сосот! Кога врз вашето парче пилешко посипувате скара сос, најверојатно сте свесни дека додавате сол во вашата чинија. Но дали сте свесни дека со самото ова вие конзумирате и шеќер двапати повеќе од препорачаната дневна доза исто така? Да, сосевите се полни со сол и шеќер. Две супени лажици сос = 15 слатки колачиња. Што е уште полошо, шеќерите во сосевите доаѓаат од високо фруктозен пченкарен сируп, адитив кој покажа зголемување на апетитот. А ова не само што премногу ќе ви го подигне нивото на шеќер, телесната тежина, целулитот! – исто така го бранува шеќерот во крвта, предизвикувајќи му на телото да го испушти хормонот кој е задолжен за складирање на маснотии во телото. Сирење Која е поврзаноста помеѓу сирењето кое ќе го купите во продавница и изгледот на целулитот на вашите бутови? Натриумот. Дури иако појадокот со сирење нема баш солен вкус, едно подебелко парче сирење може да има 700 милиграми натриум повеќе отколку што би требало да внесете во текот на целиот ден. Не сакате едно парче сирење да ви го одлговлекува облекувањето шорцеви? Издржете барем една недела до две. Замена за сирење? Чашка нискомаслен јогурт. Можете да истурите една и во вашата шопска салата. Пица Надвор од генетиката, има огромен број на нешта кои можат да предизвикаат целулит. Една од најчестите? Лоша циркулација на крв. “Исхраната која е богата со нездрави масти, сол и шеќери може значително да ја забави циркулацијата на крвта и протокот на кислород. Како резултат на тоа, сврзното ткиво слабее, оставајќи ја вашата кожа порастресита.” За да ја одржувате нормалната циркулација на крвта избегнувајте храна богата со заситени масти кои ќе ви ја згрутчат крвта – како пицата. Според Школата за јавно здравство на Харвард – пицата и сирењето се најголемите извори на заситени масти во исхраната. Маргарин и путер (и слични намази) Пред неколку децении, научниците откриле дека ако инјектираат раситетлно масло со водород, тоа ќе се претвори во цврста супстанца и ќе остане такво и на собна температура. Ова откритие поттикна создавање на транс масти кои имаат тенденција да се заглават во вашето тело, да ги заглавуваат артериите – што ѝ отежнува на циркулацијата на крв и кислород. Не само што се опасни за вашето срце тоа исто така предизвикикува ткивата на кожата да ослабнат со што кожата се повеќе и повеќе се шири. Опасните вештачки масти (креирани од човекот) демнеат и во нискокалоричните маргарини и путери, како и “намази”. Соја сос Дали некогаш сте забележале дека вашиот стомак е малку поиспакнат после солен оброк со голема количина на соја сос? Ова се случува бидејќи вашето тело задржува вода откако ќе му истурите оброк спакуван со натриум. Покрај тоа што ќе ви ги направи фармерките потесни тоа исто така може да го намали протокот на крв и целулитот поизразен. Бел леб За да се ослободите од целулитот не е мала работа. Не е шала и треба многу сериозно да се нафатите за неговото отстранување. Личниот тренер и диететичар, Кристин Реисингер, сугерира да се откажете целосно од храната направена од бело брашно, како белиот леб и општо белите пецива. Зошто? Вие можеби не го сметате лебот за “слатко задоволство” но телото го смета. Телото ви го претвора белото пециво, рафинираните јаглехидрати во шеќери, а потоа и во гликоза, состојка која му штети на колагенот па целулитот изгледа многу полошо отколку што реално е. Чипс Иако секој од секоја тежина може да има целулит, доколку сте со прекумерена тежина, губењето килограми и целокупна телесна маст ќе ви ја намали и појавата на целулит, вели Лаура Бурак, исто познат диететичар. За да го забрзате губењето на тежината, Бурак препорачува да ги избегнувате обработените закуски, грицки – особено оние за кои е невозможно да ги јадете во “умерени количини” – како чипсот. Најдобрите намирници кои ќе ви помогнат во ослободувањето од целулитот Kоријандер Оваа билка ќе направи многу повеќе покрај тоа што ќе ви даде добар вкус на храната. Свежата билка промовира детоксикација помагајќи му на телото да ги отстрани тешките метали од телото кои имаат тенденција да се кријат во масните клетки. Овие тешки метали можат да ја нарушат нормалната функција на ткивото и како резултат на тоа да го спречат вашето тело да ги заздравува раните со иста брзина и да функционира правилно. Со намалувањето на вкупната содржина на токсини во вашето тело му помагате и да се ослободи од вишокот на складирани маснотии – а со тоа и од целулитот. Магдонос На оваа неверојатно моќна билка луѓето често ѝ го вртат грбот одбегнувајќи ја но таа ќе направи многу повеќе за вас отколку само да ви ја украси чинијата. Го ослободува телото од токсини, делува како диуретик, помага да се исчистат вашите бубрези, спречува надуеност и задржување на вода. Да не зборуваме дека магданосот е богат извор на витамините А, Ц и Е, хранливи материи важни за здрава кожа и одличен борец против целулит. Хељда Ова помалку познато жито ѝ дава немири на киноата бидејќи е поевтино, а исто толку здраво. Хељдата е лесно сварлива житна култура и целосен протеин. Богата е со Б витамини и растителни влакна. Таа има хранливи материи кои се неверојатно важни во борбата против целулитот бидејќи ги чисти токсините од масните ткива. Ако ви се потребни уште причини за да почнете да ја конзумирате – хељдата има високи количини на лизин – аминокиселина која помага при попраква на телесните ткива и колагенот – го измазнува целулитот, со други зборови. Јаткасти плодови Знаеме дека веќе ги јадете поради тоа што се богати со есенцијални масни киселини, но јаткастите плодови се уште една намирница која помага да се намали појавата на целулит. Омега-3 масните киселини придонесуваат за здравјето на кожата и клеточната мембрана како двоен заштитник на вашето тело: Не само што ги блокира штетните соединенија како токсичните хемикалии, тие исто така ги задржуваат здравите елементи правејќи вашата кожа да изгледа помека и позатегната. Есенцијалните масни киселини исто така можат да ви помогнат да го одложите стареењето на кожата со намалување на природното производство на воспалителни состојки во телото. Цитрон Ова веќе го знаете, но еве ќе повториме. Ова цитрусно овошје ја прави вашата кожа помазна благодарение на нивната содржина на витамин Ц. Исто така помага да се изгради и да се задржи колагенот во кожата – есенцијална компонента во борбата против целулитот. Конзумацијата на ова овошје ќе ве одржи хидрирани па вашата кожа ќе изгледа поздраво. Некои истражувања открија и дека редовната конзумација на грејпфрут, може да помогне во зајакнување на метаболизмот. Вода и лимон Ако капнете неколку капки лимон (исцедете половина лимон) во чаша вода вие му помагате на вашето тело да го избрка целулитот на три начини: преку хидрирање, преку отстранување на токсините и преку внесот на витамин Ц. Вашата цел е да избегнете дехидрирана кожа која изгледа сува и е сува на допир, трнлива, растресите, а соодветно хидрирана кожа изгледа еластично, затегнато и мазно....
Курир | 15 часа
Агенцијата за млади и спорт ќе го организира Охридскиот пливачки маратон
Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Како што соопштија од Агенцијата, нема да се дозволи овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине, па затоа ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. „И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“, соопштија од Агенцијата за спорт и млади. Повеќе детали директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре во просториите на општина Охрид....
Курир | 15 часа
Во Кавадарци 10 општински јавни установи добиваат струја од сонцето
Во Кавадарци 10 општински јавни установи добиваат струја од сонцето, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Локалната самоуправа Кавадарци во потполност ја заврши првата фаза од проектот за инсталација на фото-напонски панели поставени на 10 јавни установи. Станува збор за мошне важен проект. Инвестираните финансиски средства во овој значаен проект ќе бидат вратени за една година, а јавните установи ќе користат електрична енергија од сонцето и ќе имаат заштеди, затоа што електрична енергија набавуваат на слободен пазар а таа е со многу високи цени, соопшти градоначалникот. Јанчев нагласи дека панели за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија ќе се инсталираат и на други општински установи во општината Кавадарци....
Курир | 15 часа
Чави не сака да го пушти Обамејанг во друг клуб
Тренерот на Барселона, Чави не сака да го пушти Пјер-Емерик Обамејанг да замине во друг тим. Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челзи е сериозно заинтересиран за трансферот на напаѓачот. Во блиска иднина, клубот сака лично да разговара за условите на договорот со фудбалерот. Сепак, Чави смета на Африканецот и не размислува за трансфер ова лето. Обамејанг му се приклучи на шпанскиот клуб во јануари 2022 година. На 23 натпревари за клубот, тој постигна 13 гола и една асистенција. Има важечки договор до летото 2025 година....
Курир | 15 часа
Крвната група ќе ви открие какви сте во љубовниот живот
Група А Луѓето со крвна група А се вредни, сериозни, сензитивни, трпеливи и воздржани. Тие се добри љубовни партнери на кои можете да се потпрете. Секогаш ќе ви вратат одговор на вашата порака. Тие обожаваат да се дружат со пријателите во комбинација со добра вечера и од нив очекуваат емоционална поддршка секогаш кога ќе доживеат стресен период на работа. Тие се добри и кул родители, кои со нетрпение ја очекуваат новата сезона од криминалистичка ТВ серија. Овие се многу добри квалитети за луѓето со крвна група А, а негативно им е тоа што честопати се ситничави и напнати луѓе. Група Б Диви, страсни, креативни и цврсти се луѓето кои имаат крвна група Б, којашто треба да ја избегнувате доколку ги слушате Јапонците. Никој таму не сака да биде во врска со некој кој има крвна група Б, бидејќи овие луѓе според нив се многу себични и неодговорни. Изгледа многу срца биле скршени од страна на секси претставници на групата Б, со текот на годините. Група АБ Искулирани, прибрани, рационални, друштвени и прилагодливи се луѓето кои ја имаат оваа крвна група. Со нив е многу едноставно да изградите добра љубовна врска, но тие се типови луѓе кои никогаш нема да ве сакаат онолку колку што ги сакате вие. Тие едноставно не сакаат да си го губат умот во име на љубовта. Во секој случај, тие се добри партнери и умеат одлично да се забавуваат. Сепак, бидете внимателни бидејќи понекогаш тие знаат да бидат прекритички настроени, па бидете подготвени за цинизам доколку се во лошо расположение. Група 0 Пријатни, симпатични, дружељубиви и оптимистични луѓе. Тие се и топли, мили и силно ќе ви ја притиснат раката додека ве поздравуваат на улица. Луѓето со крвна група нулта умеат да прават спонтани романтични потези и да ве заведат тогаш кога најмалку ќе очекувате. Воедно, тие се и љубоморни, вообразени и арогантни кога ќе се налутат. Немојте да се изненадите и доколку ви го проверуваат мобилниот телефон за да видат на кого му се јавувате....
Курир | 15 часа
Подзнакот во хороскоп е важен, многу кажува за тоа какви сте вие како личност – дознајте што покажува вашиот
Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите. Доколку не го знаете вашиот подзнак, проверете го со помош на калкулатор, за кој ќе ви треба точното време и местото на вашето раѓање. Овен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно. Бик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено. Близнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни. Рак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно. Лав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно. Девица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно. Вага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно. Скорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно. Стрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво, и искрено. Јарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите. Водолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски. Риби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо....
Курир | 15 часа
Завршена реконструкцијата на испуст за атмосферска вода по дел од ул.Беласица
Заврши реконструкцијата на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст. Со оваа инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст во висина од 1.024.697,00 денари, се овозможија услови за непречено одводнување на атмосферската вода во овој дел од градот. На потегот од крстосницата на бул.Гоце Делчев, ул.Беласица и новоизведениот бул.АСНОМ (кај East Gate) кон реката Вардар, односно кон новиот мост кој води кон Железничка станица, постоеше атмосферски колектор со дијаметар 1200/1800мм кој завршуваше во Вардар со испуст чиј дијаметар беше 900мм . Долгогодишното искуство во одржувањето на градскиот канализационен систем покажа дека во услови на обилни врнежи токму овој испуст е со тесно грло. Со изведбата на оваа реконструкција, за што е добиена согласност од Министерството за животна средина – Сектор за води, се прошири постоечката шахта и се оформи уште еден излез од истата покрај постоечкиот. Новиот испуст е со дијаметар на цевка од 1200мм, во должина од 30м. Реализацијата на оваа реконструкција претставува реализација на уште една инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје во насока на подобрување на условите и услугите за граѓаните на град Скопје....
Курир | 15 часа
Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач
Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор. 40-годишниот Србин е возачот на автобусот кој се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија. Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни. РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: МК. студент по медицина на Харвард открил метод кој ви помага да изгубите 52 килограми за 28 дена Делото е оквалификувано по член 343 став 3 б „а“ во врска со член 342 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот. За 28 дена ќе заборавите на болки во зглобовите или ‘рбетот:гарантирани успеси со сигурни медицински тестови Акциите за увидот се во тек....
Курир | 15 часа
6 знаци дека сте во опасност од рана смрт: Ако не можете да го направите ова, дефинитивно не е добар знак!
Научниците тврдат дека овие пет критериуми одредуваат колку сте изложени на ризик од рана смрт! Бразилските научници следеле 2.000 луѓе на возраст од 50 до 75 години за да утврдат одредени критериуми за кои веруваат дека одредуваат дали лицето е изложено на ризик од рана смрт. Еве што открија. Балансирање на едната нога Една нова студија покажа дека луѓето кои не можат да балансираат стоејќи на една нога имаат поголем ризик од рана смрт. Повеќе од 1.700 учесници во студијата поминале различни фитнес тестови, вклучувајќи го и фактот дека морале да стојат на една нога 10 секунди. Положбата во која требаше да балансираат значи да се стави едната нога малку напред, додека другата да се свитка во коленото и да се одмори стапалото зад коленото на испружената нога. Рацете се до телото, а главата е во вистинската положба. Проблемот со одржувањето на рамнотежата сам по себе не е причина за рана смрт, но како што објаснува водечкиот автор на студијата, д-р Клаудио Гил Араухо, потребна е добра рамнотежа во секојдневниот живот, па губењето рамнотежа е лошо за вашето здравје. Брзина на одење Постарите луѓе кои одат побавно имаат многу поголем ризик од смрт, покажа истражувањето. Научниците утврдиле дека машката група на волонтери кои најбавно оделе надминуваат 90 метри во минута, додека оние кои најбрзо одат 110 метри во минута. Во женската група најбавни беа дамите кои минаа 81 метар во минута, а најбрзите 90 метри во минута. Анализата покажа дека ризикот од смрт кај најбавната група пешаци е за 44 отсто поголем до крајот на студијата отколку кај најбрзата група. Научниците објаснуваат дека оние кои одат побрзо главно имаат подобро кардиоваскуларно здравје. Стоење и седење Колку долго ќе живее човекот покажува и едноставна вежба на седење и станување без придржување кон ништо. Луѓето на кои им е тешко да станат без да се држат за нешто имаат пет пати поголем ризик од рана смрт, покажа истражувањето. Одење по скалите Ако можете да се искачите на четири ката без премногу труд, тоа е дефинитивно добар знак за вашето здравје! Ова го утврдиле научниците откако 12.000 луѓе трчале на ленти за трчање, а тие ја избрале брзината која ги исцрпува. За тоа време, научниците ја следеле работата на срцата на учесниците и го следеле нивното здравје во следните пет години. Се покажа дека во тој период починале само 1,2 отсто од луѓето кои имале добри резултати на тестот, наспроти 3,2 отсто од оние кои вложиле премногу труд. Научниците велат дека не ви е потребна лента за да ја проверите состојбата на срцето – добро е ако можете да се искачите три ката со голема брзина без пауза или четири ката со нормална брзина. Силата на ракувањето Се верува дека луѓето кои имаат слабо ракување имаат поголем ризик од рана смрт. Покрај тоа, една студија покажа дека луѓето со слабо ракување имаат дури 20 отсто поголем ризик од рана смрт. Јачината на стисокот на учесниците во студијата беше измерена со помош на рачен динамометар и се покажа дека на секои пет килограми помалку во силата на стисокот, постои поголем ризик од смрт од која било причина, а петтина поголем од кардиоваскуларните болести и ракот. Научниците објаснуваат дека силата на стисокот е всушност добар показател за здравјето на коските и мускулите. Склекови Луѓето на кои им е тешко да направат десет склека имаат речиси двојно поголем ризик од срцев или мозочен удар од оние кои без проблем прават 40 склекови. Научниците меѓу група волонтери откриле дека оние кои можат да направат 40 склекови имаат 96 отсто помал ризик од срцев удар или можеби мозочен удар, во споредба со оние кои прават помалку од десет склека. Тие објаснуваат дека оваа вежба е показател за мускулна сила, која штити од висок крвен притисок и разни болести....
Курир | 15 часа
Русија се закани дека ќе ја затвори централата „Запорожје“ доколку украинските сили продолжат со гранатирање
Претставник на руското Министерство за одбрана денеска објави дека нуклеарната централа Запорожје може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на областа на централата, што Киев негира дека го прави. Игор Кирилов, шефот на руските сили за заштита од радиоактивни, хемиски и биолошки напади, рече дека украинските напади ги оштетиле системите за поддршка на нуклеарната централа и дека во случај на нуклеарна несреќа, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка. Кирилов рече и дека акциите на украинските вооружени сили на територијата на нуклеарната централа може да доведат до ситуација слична на нуклеарната несреќа во Фукушима. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска објави тврдења дека Украинците утре планираат да извршат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол....
Курир | 15 часа
Проверете зошто лимон-диетата моментално е апсолутен ХИТ: Велат дека го топи целулитот!
Оваа диета е многу популарна затоа што, покрај тоа што дава резултати, не бара комплицирана подготовка на оброк Лимонот е моќен антиоксиданс кој ја поттикнува работата на дебелото црево, има антиканцерогени својства, ги намалува воспалителните состојби. Лимонската киселина, која ја има во изобилство во лимонот, помага во спречување на камења во бубрезите. Богат е со витамини Ц, Б, содржи селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо и магнезиум. Лимонската киселина исто така има способност да согорува масти и да го забрза метаболизмот. Влакната сочинуваат околу 4,5 проценти од тежината на секој лимон и го спречуваат гладот. Излегува дека, за време на оваа диета, нема да имате постојана желба за храна, а со тоа и за внесување повеќе калории. Диетата со лимон има едноставен принцип: не мора да ја подготвувате на посебен начин, туку само да исцедите сок од лимон. Диетата трае 14 дена, а и да прескокнете еден ден, нема да го расипете резултатот. Секој ден треба да пиете одредена количина лимонада. Се разбира, со балансирани оброци и тренинг. Ова е планот: Ден 1: Измешајте сок од еден лимон со чаша вода и испијте веднаш по будењето. Ден 2: Измешајте сок од два лимони со две чаши вода. Додадете малку мед и испијте веднаш наутро. Ден 3: Измешајте сок од три лимони со три чаши вода и додадете мед. Пијте половина наутро и половина пред ручек. Ден 4: Измешајте сок од четири лимони со четири чаши вода и малку мед. Пијте малку наутро, пред ручек и пред спиење. Ден 5: Измешајте сок од пет лимони со пет чаши вода и мед. Пијте исто како и претходниот ден. Ден 6: Измешајте сок од шест лимони со шест чаши вода и пијте малку пред секој оброк. Ден 7: Измешајте сок од три лимони со десет чаши вода. Пијте три пати пред јадење. Ден 8: Измешајте сок од шест лимони со шест чаши вода. Пијте три пати пред јадење. Ден 9: Измешајте сок од пет лимони со пет чаши вода. Пијте три пати пред јадење. Ден 10: Измешајте сок од четири лимони со четири чаши вода и малку мед. Пијте три пати пред јадење. Ден 11: Измешајте сок од три лимони со три чаши вода и малку мед. Пијте двапати. Ден 12: Измешајте сок од два лимони со две чаши вода. Пијте наутро пред појадок. Ден 13: Пијте сок од еден лимон измешан со чаша вода. Ден 14: Измешајте сок од три лимони со десет чаши вода. Додадете една лажичка мед и пијте неколку пати....
Курир | 15 часа
Калајџиев: Системот пука по сите шавови, тој процес почна пред две години со непочитување на одлуките на Врховен
Професорот Гордан Калајџиев во вчерашното гостување во Телма телевизија вели дека уште пред две години укажувал дека правниот систем во земјата пука. За почеток на ваквиот процес, Калајџиев го смета непочитување на донесените одлуки од страна на Врховниот суд. -Гледаме дека системот пука по сите шавови, не е тоа ни најново. Јас укажував уште пред две години дека кога настана тој расцеп помеѓу Врховниот суд од една страна и Обвинителството, а на страната на Обвинителството застанаа Кривичниот суд и Министерството за правда, а наспроти Врховен со негова дисквалификација и непочитување на неговите одлуки. Тоа значеше распад на системот и очигледно продолжува да се распукува. За жал никогаш нема да дознаеме кои биле проблемите за кои постојат сомненија внатре во Финансиската полиција, за што има разни сериозни говорења, вели професорот Калајџиев. За потсетување, Врховниот суд во 2019 година по поднесени иницијативи утврди начелно правно мислење дека СЈО по истекот на рокот од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија предвидени со Законот за кривичната постапка. Ваквата одлука на Врховиот суд не беше испочитувана од Обвинителството кое беше поддржано од Кривичниот суд и Министерството за правда во водењето нa противзаконски судски случаи....
Курир | 15 часа