Османи ги осуди свирежите за македонскиот јазик
Свирежите за македонскиот јазик се за осуда се за осуда, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Овој став го соопшти во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 ТВ. – Тоа сигурно е за осуда. Јас бев присутен на настанот и тоа го направи една група тинејџери. Според мене лично, реакцијата на поголемиот дел од присутните беше против реакцијата на тинејџерите, објасни Османи....
Вечер | 7 часа
Масивен хакерски напад врз естонската влада откако отстрани советски споменик
Во средата, Естонија беше изложена на „најобемниот сајбер напад од 2007 година“, објави во четврток на Твитер државниот секретар за ИТ инфраструктура Лукас Кристјан Илвес. Сепак, тој рече дека нападите биле „неефикасни“ и поминале „во голема мера незабележани“. Руската хакерска група „Killnet“, наводно, ја презеде одговорноста за нападите. „Дигитална Естонија работи многу“, напиша Илвес, бидејќи земјата која така се нарекува самата себе се гледа како пионир на дигитализацијата во Европа. Граѓаните на Естонија, со население од околу 1,3 милиони луѓе, можат да ги направат речиси сите административни процедури онлајн. Во вторникот, Естонија отстрани советски тенк споменик во близина на естонско-рускиот пограничен град Нарве и го префрли во музеј. Големо руско малцинство живее во балтичката држава, пренесе Индекс.хр....
Вечер | 7 часа
ИЛИЈА: Пресвртот во Македонија, треба да почне од Тетово
Носителот на листата со кандитати за советници на ВМРО ДПМНЕ Ангел Карапетров заедно со членот на Извршен комитет Илија Димовски и останатите кандидатите за советници остварија среда со потомците на прогонетите Македонци од егејскиот дел и со стари тетовци. На средбите беа дискутирани актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните како и нивните идејни решенија преку гласот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. -Еден апел до сите тетовчани, овие избори се важни за сите граѓани на Тетово, за Македонците, за Аланците, за Турците, за Ромите, за сите кои живеат во Тетово, но се значајни од аспект на тоа дека секој треба да си го најде своето место во Тетово на секој гласот да се слуша и секој да може да овозможи на своите луѓе на своите сограѓани, на своите комшии, да се направи улица, да се направи осветлување, на младите да им се пружи можност повеќе во овој град и да нема никакво чувство на било каква дискриминација по основ на етничка состојба. Досегашната работа на советот во кој ВМРО- ДПМНЕ имаш значајна улога, покажа дека тука и Македонците може да си го најдат своето место во Општината и преку своето политичко ангажирање да обезедат подобри услови за граѓаните на Тетово за сите граѓаните. Улогата на ВМРО -ДПМНЕ и во следниот состав треба да биде клучна за да може граѓаните да добијат она што го заслужуваат, порача Илија Димовски. Тој најави дека со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува и политички пресврт во Македонија. -Политичката есен во Македонија, пресвртот, треба да почне од Тетово. Сите оние граѓаните кои се чувствуваат незадоволни од економската ситуација, од национални предавства, од корупцијата можат да дадат поддршка за оваа советничка листа предводена од Ангел Карапетров и да го почнат падот на оваа штетна власт за Македонија, порача Димовски. Фото: ФБ...
Вечер | 7 часа
Ница близу до потписот на Марсело
Француска Ница по се изгледа ќе биде новиот клуб на славниот бразилски бек, Марсело. Ница ги засилува напорите да го ангажира искусниот бразилски бек, а според добро упатени извори во Франција, управата на клубот е во преговори со агентот на 34-годишниот фудбалер кој го напушти Реал Мадрид како слободен играч по завршувањето на сезоната. Ница не е единствената која се интересира за Марсело, бидејќи за негово купување се ангажирани и управите на Олимпик Марсеј, Монца, Лацио, Лион и некои турски тимови. sportmedia.mk...
Вечер | 7 часа
СЗО апелира: Изолирајте ги домашните миленици – Прв случај на пренесување на вирусот на мајмунски сипаници од ЧОВЕК НА ЖИВОТНО
Луѓето заразени со мајмунска сипаница мора да ги изолираат своите миленици, изјави претставник на СЗО, откако извештајот го покажа првиот случај на пренесување на вирусот од човек на куче во Франција. Во извештајот на Лансет претходно оваа недела, француските истражувачи го документираа првиот случај на куче со потврдена инфекција со мајмунски сипаници што може да се пренесе на луѓето. Претходните епидемии на мајмунски сипаници во САД беа поврзани со преријски миленици, но не беше забележан пренос од човек на животно. Според д-р Розамунд Луис, технички раководител на СЗО за мајмунски сипаници, првото пренесување на вирусот од луѓе на кучиња е новост, но не е за изненадување. За време на епидемијата во САД, Луис рече дека сите луѓе се заразиле со контакт со овие нови миленичиња што ги добиле од истиот заразен. Но, во последниот случај, тим од Универзитетот Сорбона во Париз забележал случај на мајмунски сипаници кај двајца мажи од геј популацијата, чиј италијански пес, стар 4 години и без претходни медицински нарушувања, бил позитивен на вирусот. Кучето, кое спиело со мажите, имало мукокутани лезии (кои ги вклучуваат и типичната кожа и мукозните мембрани), вклучувајќи црвени, нежни грутки со бел гној на абдоменот и анален чир на кожата, 12 дена по почетокот на симптомите на мајмунските сипаници кај двајцата мажи. Во меѓувреме, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) исто така ги советува луѓето со мајмунски сипаници да избегнуваат контакт со животни, вклучувајќи ги и нивните миленици, бидејќи заразените животни можат да го пренесат вирусот на луѓето. „Можно е луѓето кои се заразени да пренесат мајмунски сипаници на животните преку близок контакт, вклучително и галење, галење, гушкање, бакнување, лижење, споделување места за спиење и споделување храна“, забележуваат претставници на ЦДЦ. Домашните миленици кои имале близок контакт со некој со симптоми на мајмунски сипаници треба да се чуваат дома и подалеку од други животни и луѓе 21 ден по последниот контакт, велат од ЦДЦ, како што е соопштено од Business Standard....
Вечер | 7 часа
Вашингтон пост: САД ги предупредија сојузниците за планот на Путин уште во октомври 2021
Можеше ли да се избегне војната? Во октомври 2021 година, Џо Бајден одржува итен состанок во Овалната соба на Белата куќа со неговите воени и дипломатски советници. Шест месеци пред почетокот на руската инвазија на Украина, американските разузнавачи се сигурни дека Владимир Путин подготвува офанзива од големи размери во Украина, наведува Вашингтон пост. Според весникот Бајден ги предупредил најблиските сојузници на Вашингтон, Франција, Обединетото Кралство и Германија, на крајот на октомври во Рим, за време на самитот на Г-20. Неколку недели подоцна, директорката на американското разузнавање, Аврил Хејнс, ја претставува оваа тема пред неколку земји-членки на НАТО. Но, според Вашингтон пост, реакциите биле скептични. Француските и германските власти не разбраа зошто Путин ќе се обиде да изврши инвазија и окупација на голема земја со само 80.000 до 90.000 војници, пишува американскиот весник. Сателитските снимки, исто така, покажаа дека војниците се движат напред-назад од границата. Само балтичките земји и Британците ги поддржуваат САД во тој момент. Плашејќи се од политичка манипулација по грешките во анализата на Американците во времето на војната во Ирак и за време на падот на Авганистан, Германците и Французите одбиваат да ја потврдат верзијата на Вашингтон. Според Вашингтон пост, Емануел Макрон и Ангела Меркел не мислеле дека Путин може да направи нешто толку „ирационално“. Од ноември 2021 до февруари 2022 година, Американците ќе ги зголемат дискусиите зад сцената за да ги алармираат различните европски земји, но и да го зголемат своето присуство на Стариот континент, со пристигнувањето на многу војници во неделите пред почетокот на конфликтот. Но, и неколку дена пред почетокот на војната, многу Европејци не веруваа во можна инвазија врз Украина. Вклучувајќи ги и Емануел Макрон и неговите советници. Шефот на француската држава, кој требаше да влезе во својата изборна кампања, ги интензивираше дипломатските средби и телефонски разговори со Владимир Путин. На 20 февруари, по напната размена, тој веруваше дека добил договор од рускиот претседател за исклучителна средба со Џо Бајден. Емануел Бон, дипломатски советник на претседателот на Републиката, дури и танцуваше, според Вашингтон пост. Освен што од тоа не се случи ништо. Неколку часа откако ја спушти слушалката и му се заблагодари на Емануел Макрон на француски, Владимир Путин официјално призна две сепаратистички републики во источна Украина. Четири дена подоцна е објавена војната./МИА...
Вечер | 8 часа
Ќе има ли рестрикции на електричната енергија оваа зима? Еве што вели Бетиќи…
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот....
Вечер | 8 часа
Пешевски до Ѓоргиев: За 80.000 евра е ку*вински да ја продадеш татковината, за милион е елитен ескорт – Срам да ти е академику!!!
Откако во јавноста се појави информација дека претседателот Драги Ѓоргиев, кој на име хонорар за својата активност во Комисијата добил некаде околу 80 илјади евра, а останатите членови исто така добивале големи суми на пари, следуваа бурни реакции во јавноста. Адвокатот Драган Пешевски на Фејсбук пишува: За 80.000 евра е ку*вински да ја продадеш татковината…, исто и за 100.000 иљади, двеста, триста…, е сеа за милион ако си речеш па тука више може да се размисли пак си ку*ва ама сакаш да се претставуваш ко елитен ескорт… Срам да ти е академику!!! Околу 35 до 40 илјади евра добиле Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов....
Вечер | 8 часа
Во фотелјата на Муареми до избор на нов, сегашниот заменик Деари
Сега веке екс директорот на управата на финансовата полиија Арафат Муареми по оставката дефинитивно како што изјавил за медиумите дефинитивно заминува од финансовата полиција која ја води 4 години и моментално се пакува са замине на одмор а потоа ке одлуци кафе ке ја продолзи кариерата. До избор на нов директор функцијата според тв Телма ќе ја извршува неговиот заменик Бесим Дехари долги години вработен на високи позиции на МВР. Муареми веднаш по веста дека Републичкиот обинител Јовевски ја суспендирал Вилма Русковска и уште две обвинителки кои направија претрес во финансовата полиција . поднесе оставка но следесе и веста дека на Муареми му истекол мандатот и тоа е причината за оставката а не како што напиша тој дека се повлекува за да нема сомнеж дека од позиција на функцијата ќе се обиде да влијае на истрагата за обвинувањата на обвинителството за организиран криминал дека правел злоупотреби користејки ја функцијата. Муаареми отфрла дека со Русковска имале политички судир и вели дека ревизијата утврдила дека претресот во институцијата и во неговиот кабинет Русковска го направила незаконски без да ја коментира нејзината суспензија....
Вечер | 8 часа
Германија воведува нови давачки за гас
Надоместокот за складирање на гас од 0,59 евро центи за киловат час треба да стапи на сила на 1 октомври, објави операторот на пазарот на гас, „Trading Hub Europe (THE)“. На почетокот на неделата „THE“ веќе објави такса од 2.419 евроценти за киловат час од октомври, што треба да ги надомести увозниците на гас за повисоките трошоци за набавка по значително намалените испораки од Русија. Новите давачки ќе значат речиси 500 евра повеќе трошоци за гас за просечно четиричлено семејство во текот на една година, според проценките на дигиталните платформи за споредба и анализа на цените „Verivox“ и „Check24“. Надоместокот за разликата во цената ќе го плати и индустријата, па сметките за енергија во секторот за производство на челик ќе се зголемат за дополнителни 500 милиони евра годишно, покрај седумте милијарди евра дополнителни трошоци кои се веќе произведени од високите цени на енергијата, според челичната индустрија. „Надоместокот за гас значително го зголемува притисокот на трошоците на кој веќе е изложена челичната индустрија поради екстремните зголемувања на цените на енергетските пазари“, рече Ханс Јирген Керхоф, претседател на здружението на производители на челик. Економистите предупредија дека таксите дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата во најголемата европска економија, која веќе изнесува високи 8,5 проценти. Таксите се предвидени во новиот закон за енергетска безбедност што Германија го усвои годинава по намалените испораки на гас од Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека за да се ублажи ударот од новите трошоци што особено тешко ќе ги погодат сиромашните домаќинства, стапката на ДДВ за гасот ќе се намали од 19 на седум проценти за „да се зачува социјалната кохезија“. Намалената стапка на ДДВ ќе остане на сила до крајот на март 2024 година, кога треба да се укинат давачките....
Вечер | 8 часа
Паштета од туна, ГОТОВА ЗА 2 МИНУТИ!
Направете домашна паштета од туна, која ќе биде подобра и поздрава од онаа од продавницата Потребни состојки: една лажица посен мајонез лажица кечап една лажичка сенф две лажици маслиново масло сол, бибер лажица оцет конзерва туна на парчиња Начин на приготвување: Во сад измешајте ги мајонезот, кечапот, сенфот, додадете и масло и оцет. Матете додека не добиете еднолична маса. Зачинете со сол и бибер. Извадете ја туната од конзервата и исцедете го вишокот масло. Изгмечете ја рибата со виљушка и измешајте ја со смесата. Се убаво измешајте и оставете во фрижидер малку да се стегне. Послужете со интегрален леб и домати....
Вечер | 8 часа
Голем хендикеп за Мексико: Без Корона на СП во Катар
29-годишниот играч за врска на Севиља, Хесус Мануел Корона, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Мексико на Светското првенство во Катар. Еден од главните асови на Мексико се повреди на тренинг на Севиља. Се работи за скршеница на метатарзалната коска на левата нога, а ги оштетил и лигаментите на зглобот. Несреќата се случила практично без контакт со некој од соиграчите. Со оглед на тежината на повредата, Корона го чека пауза до почетокот на следната календарска година. sportmedia.mk...
Вечер | 8 часа
МАРС ВО БЛИЗНАЦИ НОСИ одлични можности за три хороскопски знаци
Марс е планета на акција и страст, планета која не тера да дадеме се од себе за да го постигнеме она што го сакаме, велат астролозите. Оваа година тој влегува во близнаци на 20 август 2022 година и ќе остане во овој знак цели седум месеци. Идеалното време во кое можете да добиете посебен енергетски поттик е до 30 октомври, кога тој ќе оди во ретроградна состојба. Затоа подгответе се за овој пресврт и искористете го максимумот од Марс во близнаци. Без јасна насока и дисциплина, овој транзит може да донесе многу хаотични пресврти. Затоа, бидете внимателни ако имате тенденција да ја изгубите концентрацијата, ако лесно ви е здодевно. Охрабрете ја вашата љубопитност и обидете се да ги решите проблемите на нов начин. Три хороскопски знаци ќе добијат посебен излив на енергија. Овен Марс е вашиот владетел, па неговото влијание ќе биде навистина опипливо. Обидете се секогаш да имате што да правите, инаку ќе станете раздразливи и многу немирни. Ако ги имате на листата на обврски и оние кои можат да се направат брзо и лесно, направете го тоа како ваша прва акција. На овој начин ќе заштедите сила за предизвиците кои ве очекуваат. Близнаци Ова ќе биде вашето време, вашиот момент да блеснете. Дали сте чекале некое време да донесете одлука? Ова е транзит кој ќе ви помогне да направите важен чекор и може да ве доведе до магичен успех. Не бегајте од преземањето на сосема нови проекти, особено оние кои во вас будат вистинска страст. Ако срцето ви танцува, Марс ви вели да одите таму каде што ве носи тој ритам. Водолија Додека Марс се движи низ вашиот пријателски, воздушен знак, и вие ќе доживеете наплив на огромна креативност. Време е конечно да го заработите својот талент, имагинација, интелект, тоа не се квалитети кои другите така лесно ги расфрлаат. Дозволете им на другите да знаат дека треба повеќе да ги ценат вашите нови идеи и уникатен пристап. Финансиското задоволство дополнително ќе ја зајакне вашата мотивација....
Вечер | 8 часа
САД идната недела дистрибуираат 1.8 милиони вакцини против мајмунски сипаници
Како што јави С-Ен-Ен, ова вклучува и дополнотилени 1.8 милиони дози „Јунеос“ вакцини и забрзување на нивната дистрибуција од страна на Министерството за здравство. Објавата доаѓа откако најновите податоци на Центрите за контрола и превенција на заболувањата укажуваат дека досега во САД се регистрирани повеќе од 13,500 случаи на мајмунси сипаници, а заклучно среда, повеќе од 39,000 случаи се забележани низ целиот свет. Во САД досега не се забележани смртни случаи од оваа болест. Од ЦДЦ јавуваат дека сегашната епидемија на мајмунски сипаници најмногу е поврзана со полова активност. Според водичот на ЦДЦ, овие сипанци „може да ги добие секој… преку близок контакт, најчесто кожа на кожа, или преку интимен контакт што вклучува полов однос, гушкање, масирање и бакнување“. Според најновите сознанија, во САД, најранлива група се мажите кои имаат полов однос со мажи. Тие се со највисок ризик да бидат заразени. На брифингот денеска, министерот за здравство, Kсавиар Бесера, директорката на ЦДЦ, д-р Рошел Валенски и координаторот на Белата куќа за справување со мајмунските сипаници, Боб Фентон, изјавија дека „забрзана е четвртата фаза од нашата национална стратегоја за вакцини. Од идниот понеделник, 1.8 милиони дози ќе бидат на располагање на надлежните за порачување“. Со тоа државите и окрузите ќе имаат поголема прегледност колку вакцини можат да очекуваат за дистрибуција. На почетокот на месецов САД декларираа дека мајмунските сипаници се вонредна состојба во јавното здравство. /МИА...
Вечер | 8 часа
Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. До ДКСК пристигнале информации и за низа други злоупотреби со набавки во институциите. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека не биле само двата автомобила за кои пишуваа медиумите, туку дека институциите вкупно купиле 150 нови автомобили во времето на пандемијата. Ивановска овие информации ги нарече „загрижувачки“. Сепак, Ивановска соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија. Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила – рече Ивановска. Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција. Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители....
Вечер | 8 часа
Начаев: Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како последно средство
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Нечаев изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како последно средство. „Руската воена доктрина дозволува употреба на нуклеарно оружје само како одговор на заканата од масовно уништување или кога е загрозено самото постоење на државата“, посочи Начаев. Тој додаде дека „употребата на нуклеарниот арсенал е можна само како во самоодбрана и само во кризни ситуации”....
Вечер | 8 часа
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот....
Вечер | 8 часа
Костовски: Парите од Еуростандард завршувале во фирми блиски до СДСМ
Бизнисменот Трифун Костовски во интервју за неделникот „Фокус“ открива детали од приватната истрага што ја водеше за стечајот на Еуростандард банка, која ќе ја објави во понеделник. За тоа каде завршувале парите кои биле повлекувани од банката како кредити без покритие, вели дека најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до СДСМ. На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, тој вели: Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката. За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај. Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка!? Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен. Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени. Целиот текст во новиот број на Фокус...
Вечер | 8 часа
Повторно расте цената на нафтата на светските берзи
На лондонскиот пазар цената на барелот денеска изнесуваше 94,98 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 89,10 долари. Расположението за тргување на берзите вчера беше придушено поради стравувањата од глобална рецесија во оглед слабите податоци за активностите во секторот на недвижнини во САД и забавувањето на економската активност во Кина последица на строгата политика на нулта толеранција за Ковид-19. Сепак, трговците се охрабрија од извештајот за пад на нафтените залихи на САД за 7,1 милиони барели, како и за рекордниот извоз на нафта од пет милиони барели дневно. Поддршка на денешната повисока цена на нафтата дадоа и предупредувања дека европската забрана за увоз на руска нафта и деривати би можела драматично да ја намали понудата....
Вечер | 8 часа
АЈВАРОТ годинава ќе го сонуваме – ПИПЕРКИТЕ ПРЕСКАПИ!
Дали годинава ајварот ќе ни остане само пуста желба?! Ако се суди по цените на пиперките, но и оние на останатите намирници потреби за приготвување на овој деликатес, така и ќе биде, па по се изгледа дека традицијата ќе ни остане само пуста желба и голем луксуз. Грубата пресметка вели вака – за да се добие една голема тегла ајвар, убаво пржен ајвар, се трошат околу 2 килограми пиперки, што значи дека ако едно семејство сака да произведе 20 тегли ајвар, ќе им бидат потребни минимум 40 килограми пиперки. Пржење без масло не оди, а цената и на оваа намирница е плафон. Моментално, пиперките за ајвар кои се достапни на некои пазари се продаваат по цена од 40 до 45 денари за килограм. Што значи дека за една тегла ајвар, само за пиперки, едно семејство треба да плати 80 денари. Ако на ова се додадат уште околу 150-160 денари за масло, 60 за модар патлиџан (за збогатување на вкусот и по желба)… Па сол, струја или дрва…. На крајот, излегува дека со оглед на тоа што една тегла ќе ве чини повеќе од 300 денари – не се исплати маката. За иштав поисплатливо можеби е да се купи тегла. Факт е дека вкусот не е ист, но барем цената е (или досега беше) подостапна. Најниската цена на тегла ајвар во маркетите во моментов се движи од 139 денари, до 250 и 395 денари за голема тегла. Сепак, ако не ѝ верувате на конзервната индустрија, подгответе се да издвоите повеќе пари од лани од буџетот, за да го направите ајварот според вашиот рецепт и вкус. Ако имате среќа, пиперките можеби и ќе поевтинат во екот на подготовката на ајварот, што е малку веројатно....
Вечер | 9 часа
Борел УПОРЕН ДА НАЈДЕ КОМПРОМИС меѓу Белград и Приштина
Немаме договор, но тоа не е крајот на приказната, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти, во Брисел. Кажа дека двете страни се согласија дека процесот мора да продолжи и разговорот ќе продолжи во наредните денови, бидејќи до 1 септември има уште време, тој не се откажува. До 1 септември е одложена одлуката на Приштина за пререгистрација на возила и лични документи, има уште време и тој нема да се откаже од барањето решение. Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина – Ричард Гренел потсети дека Албин Курти ја отфрлил секоја идеја предложена од Соединетите Американски Држави. „Да ве потсетам, Курти ја отфрли секоја идеја предложена на Косово од американските претседатели. И демократска и републиканска“, напиша Гренел на Твитер. Вучиќ не даде изјава по средбата....
Вечер | 9 часа
ХОРОР: Туристка од Италија свирепо убиена во Хрватска
Како што пренесува „Јутарњи лист“, истарската полиција околу 4.55 часот добила пријава од Брзата помош дека интервенирале во стан во Закиње каде пронашле тешко повредена 40-годишна жена од Италија. Таа по еден час починала затоа што повредите кои ги имала биле страшни. Според неофицијални информации, наводно се работи за кривично дело во стан во кој престојувале гости, 40-годишна жена и 30-годишен пријател, а претходните денови гласно се расправале. Наводно жената со сопругот во последните десет години редовно доаѓала на истото место на летување и се спријателила со сопствениците на куќата. Неодамна дошла со десет години помлад пријател, Италијанец, да му го покаже станот за да може и тој да си резервира сместување за следната година. „Под стрес сум и шокирана. Заспав и негде околу 2:30 часот ме разбуди бучава од станот горе. Таа викаше, но не разбрав што точно зборува бидејќи само што се разбудив. Полека тргнав по скалите бидејќи сум болна, а потоа слушнав страшни удари и кршење на стакло. Ја видов вратата скршена, стакло насекаде, Брзата помош дојде брзо. Му се јавив на нејзиниот сопруг брзо да дојде бидејќи се случи голема трагедија. Тој беше запрепастен. И замислете, може да дојде дури за три дена, како што планираше и претходно, бидејќи, како што ми кажа, во Украина е на работа“, изјавила кратко за „Јутарњи“ една од сопственичките на куќата. Од ПУ на Истра велат дека уапсиле 30-годишен италијански државјанин кој е поврзан со оваа трагедија и дека во моментов е под кривична истрага. Не е познато дали осомничениот во моментот на делото бил под дејство на алкохол или дрога....
Вечер | 9 часа
Напад во џамија во Кабул – загинаа 21 лице, десетици повредени
Во експлозија во џамија во Кабул синоќа загинаа 21 лице, а 33 се повредени, соопшти полицијата. Дури 33 луѓе се повредени за време на вечерната молитва, потврди портпаролот на полицијата, Калид Задран. Одговорност за нападите презема Исламска држава. „Експлозијата беше предизвикана од експлозив поставен во џамија во северозападниот дел на авганистанската престолнина“, изјави Задран. Бројот на напади се намали во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта пред една година....
Вечер | 9 часа
Со клевети, манипулации и исполитизирана реторика неосновано се обвинува за наводна бугаризација, посочува македонскиот тим на Историската комисија
По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања усвоени во 2018 и 2019 година во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците, се наведува во денешната реакција на македонскиот тим на Комисијата. – Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата, се наведува во реакцијата. Според членовите на Комисијата, најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем, иако при секоја можност досега е наведувано дека заедничко чествување е една, а препораките за учебниците сосема друга тема на дискусија. – Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност, посочуваат од македонскиот тим на Комисијата. Во однос на Св. Кирил и Методиј, членовите на Комисијата посочуваат дела во текстот никаде не се толкува дека тие се „бугарски словенски просветители“ и дека „словенската писменост старобугарска“. – Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.“ Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.“ Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира“ Македонците?, велат во реакцијата членовите на македонскиот тим на Историската комисија. Тие посочуваат дека во однос на Климент и Наум доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис, по што „Климент во 886 година официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…“, каде што се наоѓал Охрид. – Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица“ (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.), се додава во реакцијата, при што се посочува дека и врз основа на извори се споменува дека Наум и Климент дејствувале во рамките на бугарската држава. Според членовите на Комсијата, сето ова, вклучително и фактот што во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на царот Борис, сепак тоа не им дава бугарски предзнак ниту на духовни, ниту на материјални дела на Климент и Наум. – На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес?, прашуваат членовите на Комисијата. Тие посочуваат и дека уште поинтересно е што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование, меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“. – Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале?, се додава во реакцијата. Од Комисијата посочуваат и дека имало обвинувања оти се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. – Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ?, велат од македонскиот тим на Историската комисија. Тие додаваат дека и во однос на Цар Самоил со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале, бидејќи македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што го нотирала Комисијата. – Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината“. Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација“ објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја“. Притоа, некои од „традиционалните учени“ се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство“. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија“, се посочува во реакцијата. Членовите на македонскиот тим на Комисијата прашуваат и како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци. – По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување, се нагласува во реакцијата. Македонските историчари потенцираат дека Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. – Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство, посочуваат членовите на Историската комисијата во реакцијата. Тие при тоа им се обраќаат и на нивните колегите историчари во Бугарија, нагласувајќи дека „ликувањето“ и „славењето победа“ од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам, кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. – Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним, се посочува во пораката на историчарите до нивните бугарски колеги. Членовите на македонскиот тим на Комисијата нагласуваат и дека средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период „исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил, додавајќи дека затоа сметаат оти препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. – На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски, се наведува во реакцијата на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања....
Вечер | 10 часа
Вучиќ од Брисел: „Во следните 48 часа…“ ВИДЕО
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста со видео од Брисел на својот Инстаграм профил. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)...
Вечер | 10 часа
Премиерлигашите потрошиле повеќе од клубовите од Бундес, Ла Лига и Серија А заедно
Во досегашниот дел од преодниот рок клубовите од Премиер лигата за донесување на нови играчи потрошиле повеќе од сумата што ја потрошиле клубовите од Бундес лигата, Ла Лига и Лига 1 заедно, покажуваат статистичките податоци. Ова лето премиерлигашите потрошиле 1 милијарда и 604 милиони евра за нови фудбалери, додека бундеслигашите, шпанските и италијанските прволигаши заедно 1 милијарда и 537 милиони евра. На второто место по најмногу дадени пари за нови фудбалери се италијанските клубови со околу 635 милиони евра, потоа се Бундеслигашите со околу 474 милиони евра и шпанските клубови со околу 428 милиони евра досега. Француските клубови дале 417,5 милиони евра за нови фудбалери. Во сумите не се сметаат и платените фудбалери на позајмици, туку само чисти трансфери. До крајот на преодниот рок има уште денови, па овие суми сигурно ќе се поместат. sportmedia.mk...
Вечер | 10 часа
Влада: Сто проценти сме активно транспарентни
Владата има максимални 100 проценти активна транспарентност од можни 100 отсто, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска владината Прес-служба. – Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25 отсто транспарентност во 2016 година, денес согласно рангирањето има целосна, односно 100 отсто транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент, се наведува во соопштението. Од владината Прес-служба посочуваат дека според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто и во однос на минатата година, кога изнесувала 63 проценти, е подобрена за десет процентни поени. – Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 отсто од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85 проценти, а на општините 70 отсто. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет, се додава во соопштението. Владата посочува дека продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено објавување на информациите од јавен карактер, како еден од нејзините врвни приоритети. – Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција, се додава во соопштението...
Вечер | 10 часа
„Вечниот“ полицаец од ДУИ, Бесир Деари привремен директор на Финансиска полиција
До избор на нов директор на Управата за финансиска полиција, функцијата привремено ќе ја врши в.д.заменик директорот на финасиската полиција Бесир Деари. Деари од октомври 2020-тата е заменик директор во УФП каде владата го назначи откако си даде оставка од заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, функција на која беше од 2002-ра до 2020-та со неколку години години пауза, две во опозиција, а беше и функционер во Железници. Деари така во МВР го заработи прекарот „вечен“ бидејќи им беше заменик на директорите на БЈБ Бранко Бојчевски, Цане Чапрагоски, Љупчо Тодоровски-Радникот, Горанчо Савевски, Митко Чавков, Лазе Велковски и актуелниот Сашо Тасевски. Речиси невидливиот кандидат на ДУИ беше заменик на 7 директори, а функцијата си ја вршеше во мандати на и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на 9 министри што од СДСМ. Што од ВМРО-ДПМНЕ, што технички министри (Хари Костов, Силјан Аврамовски, Љубомир Михајловски, Гордана Јанкулоска, Митко Чавков, Оливер Андонов, Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Наќе Чулев). Во времето на протестите кои кулминираа со крвавиот четврток пролетта 2017-та, Чавков го предлагал Деари да биде началник на оперативниот штаб „Платформа“, но тој се откажал по што со него раководеше токму тогашниот директор Митко Чавков (министер привремено беше Агим Нухиу). По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија. Инаку на веб сајтот на финансиската полиција, страницата резервирана за Бесир Деари стои празна и без ниту еден податок за човекот кој ја води оваа управа за борба со финансиски и функционерски криминал и злоупотреби до избор на нов директор....
Вечер | 10 часа
Русите ќе го нападнат Киев на 24 август?
Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина се подготвува за руски ракетен напад врз Киев, кој треба да се случи на Денот на независноста кој е на 24 август. Арестович вели дека ова е акција која има за цел да убие што е можно повеќе цивили. „Во случај на напад, таму ќе им биде многу полошо“, рече Арестовиќ. Украина ниту ја потврди ниту негираше вмешаноста во серијата неодамнешни експлозии на Крим. Изминатите неколку часа во ракетните напади во Харков, загинаа најмалку 12 луѓе. При нападите повредени се најмалку 20 луѓе....
Вечер | 10 часа
Кина упатила кон Тајван 51 авион и шест брода
„Од 17 часот по локално време тајванските оружени сили забележале активност на 51 авион и шест брода во морето и во воздушниот простор во близина на Тајван“, се наведува во соопштението што го пренесуваат агенциите. Притоа се појаснува дека 25 авиони ја преминале „средишната линија“ на Тајванскиот теснец, меѓу кои 12 авиони ловци „Су-30“, шест „Ј-16“, четири „Ј-10“, еден авион за електронско војување „И-8“ и два бомбардери од типот „Х-6“. /МИА...
Вечер | 10 часа
Јовевски не открива детали за суспендирањето на Рускоска
Јавниот обвинител на РМ, Љубомир Јовески, не открива детали за основите на кои го донел Решението за оддалечување од функцијата на шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈО-ГОКК), Вилма Русковска. Од Јавното обвинителство за „360 степени“ велат основите се детално образложени во решението што ѝ е доставено на Русковска. Во соопштението на обвинителството од пред два дена (16 август ’22) пишува дека Решението е донесено врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство и дека обвинителот се оддалечува од функцијата „додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“. Со оглед на ова, „360 степени“ постави прашање до обвинителството која конкретна кривична постапка ја имал предвид јавниот обвинител на РМ кога го донел решението? Прашавме и ако станува збор за кривичната пријава понесена од Управата за финансиска полиција на 8 август 2022 г., зошто Јавниот обвинител на РМ решил да ја искористи таа пријава како основа за донесување на Решението за оддалечување од функцијата, а не постапил на ист начин во многу други ситуации во кои се поднесувани кривични пријави против јавни обвинители? Од обвинителството го добиле следниот одговор: Решението за оддалечување од функцијата е образложено и доставено до јавниот обвинител на кое се однесува. Во него се наведени основите за оддалечување и временскиот период во кој јавниот обвинител се оддалечува од функцијата. Со оглед на тоа што наведениот јавен обвинител има право на жалба на донесеното решение, Јавното обвинителство не е во можност да навлегува во деталите од донесеното решение. Сепак, истакнуваме дека образложението е поткрепено со конкретен опис на дејствијата заради кои ваквата мерка беше неопходна во конкретниот случај, особено имајќи ги предвид наодите од неодамна извршениот надзор и увид во постапувањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Мерката – времено оддалечување од функцијата е предвидена во Законот за јавното обвинителство, каде во членот 81 стои дека ‘јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на јавнообвинителската функција за време додека трае кривична постапка против него или кога е поведена дисциплинска постапка’. За примена на оваа мерка Јавниот обвинител на Република Македонија одлучува во секој случај поединечно, во зависност од специфичните околности и можноста за влијание врз постапките. Целиот текст на 360 степени...
Вечер | 10 часа
СИНОТ НА СЛАВНИОТ КОШАРКАР во златно бикини и со штикли шета по Миконос! Пари троши, ужива во луксуз и момци…
Ервин Џонсон III, попознат како Еј Џеј, синот на Меџик Џонсон, деновиве одмора на Миконос, а неговите фотографии од бикини станаа вирални. Еј Џеј сака гламур и луксузни одморалишта. Облечен во златно бикини, соодветни панталони и високи потпетици – максимално уживал на забава на луксузниот грчки остров. Познато е дека Еј Џеј е трансродова личност, а за својата сексуалност зборувал уште на 13 години. Неговите родители го прифатиле таков каков што е, а познатиот кошаркар Меџик Џонсон често може да се види во друштво на неговиот син кој каде и да излезе носи фустани и екстравагантни комбинации. View this post on Instagram A post shared by EJ Johnson (@ejjohnson_) Еј Џеј (30) имал само 13 години кога на својот татко му признал дека е геј. Познатиот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му било потребно време да го прифати овој факт. „Мое е да го сакам без разлика кој е и што прави“, рече Меџик еднаш. Вистина е дека славниот кошаркар едно кажа пред камерите, а сосема друго пред својот син дома. Тешко му беше да прифати дека неговиот син носи момче во куќата. Ова го натера Еј Џеј да се прејадува, брзо да се здебели, па пред неколку години мораше да направи операција за намалување на желудникот. View this post on Instagram A post shared by EJ Johnson (@ejjohnson_) Неколку години беше ѕвезда на реално шоу во кое камерите го следеа. Тогаш можевме да видиме колку Еј Џеј сака луксуз и млади момци. Тој правеше се за да може да се забавува најдобро што знае и умее. И денес не се знае како заработува и што точно работи Еј Џеј – но има пари. Одмора само во најпрестижните одморалишта во друштво на децата на богатите. Модата е негова опсесија, па нема модна ревија на која не присуствувал....
Вечер | 10 часа
Барса во Сосиедад ја најде замената за Бускетс
Искусниот играч за врска Серхио Бускетс ќе ја напушти Барселона, а каталонскиот клуб веќе е во потрага по негова достојна замена. Иако се очекуваше Серхио да замине уште ова лето, но тој ќе остане, меѓутоа тој веќе има 34 години, а од клубот размислуваат да му најдат замена, нов играч со слични карактеристики. Во бележникот на Чави и помошниците е 23-годишниот Мартин Зубименди кој е член на Реал Сосиедад. Тој остави добар впечаток во изминатите сезони и е незаменлива алка во тимот од Сан Себастијан. Има договор до летото 2025 година и откупна клаузула од 60 милиони евра што во моментов е нереална за Барселона која и онака има финансиски проблеми, па не може да си ја дозволи таа сума. sportmedia.mk...
Вечер | 10 часа
Руски авиони влегле во воздушниот простор на Финска
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад. Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури. Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал” во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море....
Вечер | 10 часа
Обвинител Димовски: Јас не дадов оставка, јас се евакуирав! Не сте свесни колку институциите се заробени
Воислав Димоски од јули веќе не е обвинител во обвинителството во Охрид. Сам даде оставка незадоволен од тоа што за 10 години не успеа да помогне во проектот на менување на состојбите во правосудството воопшто. Од денешен аспект можам да кажам дека ама баш ништо не сум успеал да променам, вели Димоски, кој веќе подолго време на својот фејсбук-профил сосема отворено како обвинител зборува за тие состојби. Така зборува и во интервјуто за МКД.мк. Не можете да претпоставите до која мера се заробени институциите. На пример, своевремено ми водеа постапка за прекршување на Етичкиот кодекс кое сум го сторил со објава на мојот фејсбук-профил. А бев објавил фотографии од ружите во мојата градина (црвена и жолта) со коментар: „Процветаа ружите со боите на Македонија! Ќе процвета и Македонија, само да се раатиса од вошките!“, вели тој. Димоски смета дека во обвинителството и во судовите сепак има една мала бројка вистински професионалци, луѓе што се на маргините, кои не се движат нагоре во хиерархијата бидејќи не се послушни кон политичките елити. Целото интервју на МКД.мк...
Вечер | 10 часа
Во Алжир во пожар загинаа најмалку 26 луѓе
Според алжирското Министерство за внатрешни работи најголемиот број на жртви се пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени 24 безживотни тела. Во Алжир минатата година загинаа 104 лица, меѓу кои 33 војници....
Вечер | 10 часа
Австралиската полиција заплени 748 килограми дрога метамфетамин, уапсени три лица
Дрогата што е откриена благодарение на претходна дојава, била сокриена во неколку товарни контејнери на брод од Обединетите Арапски Емирати што пред еден месец се укотвил во сиднејското пристаниште Порт Ботани. Во врска со случајот се уапсени три лица. Според локалната полиција, дрогата има улична вредност од 675 милиони австралиски долари (468 милиони американски долари). /МИА...
Вечер | 10 часа
Се купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата АМА антикорупциска НЕ МОЖЕ ДА УТВРДИ КОРУПЦИЈАво набавките
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. До ДКСК пристигнале информации и за низа други злоупотреби со набавки во институциите. Меѓутоа Антикорупциска одлучи да го запре постапувањето, со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил хаотична ситуација во целиот свет“. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека не биле само двата автомобила за кои пишуваа медиумите, туку дека институциите вкупно купиле 150 нови автомобили во времето на пандемијата. Ивановска овие информации ги нарече „загрижувачки“. Сепак, Ивановска соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија. „Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила“, рече Ивановска. Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција. Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители....
Вечер | 11 часа
„Шпигел“: Во Москва санкциите не се чувствуваат, а за војната во Украина не се зборува
Дописникот на Der Spiegel од Москва, Кристијан Еш, живеел во руската престолнина 14 години. По почетокот на руската инвазија на Украина, Еш ја напушти Москва, каде неодамна се врати. Резултатот е интересна репортажа во која овој германски новинар опишува колку негови долгогодишни познаници се претвориле во поддржувачи на агресивната политика на Владимир Путин. „Зошто толку многу луѓе овде ја поддржуваат војната? Се запрашал Еш, а одговорите што ги добива понекогаш се крајно болни. Во Москва живееше 14 години, сега не ја препознава „Да не знаете дека Русија води војна против соседна земја, тоа нема да го забележите во Москва. Буквата З, која се користи како симбол за „специјални воени операции“, едвај се гледа овде. Постои повремен портрет на војник кој виси покрај патот, но тоа е сè. Јавниот простор е ослободен од вревата на војната“, пишува Еш. Тој додава дека затоа телевизијата и радиото се полни со воена пропаганда. Медиумите кои не се на таа линија исчезнаа. Тој го наведува примерот на Радио Ехо, кое редовно го слушал додека живеел во Москва. „Иако станицата ѝ припаѓаше на подружница на Газпром, таа беше форум за либерална, опозиционерска Москва. Наместо музика, се нудеа дебати и ток-шоуа“, пишува тој. „Кога повторно го вклучив радиото „Ехо“ во Москва во јули, друга станица ја презеде фреквенцијата 91,2 – Радио Спутник, пропагандна станица на државната медиумска група „Русија денес“ (РТ). Станицата зборува за руски ракетен напад врз Виница. Младиот женски глас објаснува зошто е несоодветно прекумерното сочувство кон цивилите во Украина. „Жал ми е и за кучињата и мачките, коњите и птиците“, вели таа со флертувачки тон“, пишува Еш. Радио Ехо беше основано во 1990 година и беше принудено да се затвори во март поради наводно ширење „лажни вести“ за „специјална воена операција“ во Украина. Еш разговараше со Алексеј Венедиктов, уредник на Радио Ехо, кој вели дека знаел што доаѓа. „На 24 февруари знаев дека ќе ми ја затворат станицата. Дури и да пуштаат музика. Отидов во студио рано наутро и реков: „Ова ќе има катастрофални последици за мојата земја. Путин направи колосална грешка . Путин го сметаше тоа за предавство“, изјави Венедиктов за Der Spiegel. За Путин има само непријатели и предавници Предавството е централна категорија во размислувањето на Путин. Има непријатели и предавници, рекол Венедиктов во неколкучасовниот разговор во летото 2000 година, по првата ПР катастрофа во неговото претседателствување, потонувањето на подморницата Курск, пишува германскиот неделник. „Непријателите отворено се борат против вас, знаете што правите“, изјави тогаш Путин. Предавниците ви забиваат нож во грб. Можете да се разберете со вашите непријатели. И каде се вклопувам во оваа структура?“ „ Венедиктов го праша Путин: „Непријателот“, рече Путин низ смеа“, го раскажува Венедиктов својот разговор со рускиот претседател. Во април, Венедиктов беше лично прогласен за „странски агент“, термин кој се користи за означување на медиуми и поединци кои наводно се под странско влијание или примаат странски средства. Многу официјални лица оттогаш го прекинаа контактот со него. Шефицата на Русија денес верува во државната пропаганда На почетокот на март, кога радиото „Ехо“ веќе беше затворено, Венедиктов се сретна со Маргарита Симонјан, раководител на РТ. Тој и покажа фотографии од убиените украински деца и се повика на нејзината совест, а таа одговори: „Нацистите се бомбардираа. Ова беше наместено“. Во меѓувреме Венедиктов и Симонјан прекинаа секаков контакт. „Единаесет милиони руски семејства имаат блиски роднини во Украина. Тоа значи дека има 40 милиони луѓе кои имаат мајка, татко, брат, сестра или внуци таму. А потоа таква поддршка за војната. Како може да биде ова? Има нешто лошо што е длабоко во народот Станува збор за помладиот брат на Украина, кој се смета за предавник затоа што сака да живее подобро од вас“, смета овој либерален руски новинар. Обичните Руси најчесто мислат дека нивните војници се добри момци кои не можат да прават злосторства Опозициската политичарка и маркетинг експерт Марина Литвинович дури организираше фокус групи за да истражат што се случува во главите на Русите кои ја поддржуваат „специјалната воена операција“. Зборува за речиси религиозно верување во исправноста на војната. „Не можете да ги убедите со рационални аргументи. Тие тврдат дека ние не ја започнавме војната – затоа што сме добри момци. Ние не убиваме мирни граѓани – затоа што сме добри момци. Ние не уништуваме градови – затоа што ние сме добри момци. Кога ги прашувате луѓето за Буча и Мариупол, тие велат: Нашите војници не се способни да го направат тоа“, изјави Литвиновиќ за Der Spiegel. „Ова е директен резултат на реториката на Кремљ за светската војна. Таа ја претставува инвазијата на Украина како неопходен чекор за да се заврши победата над Хитлерова Германија. Зборува за борбата против нацизмот како да е фашистичка самата идеја на Украинската национална држава. Таа го исполнува современиот конфликт со енергии од минатото“, смета дописникот на Der Spiegel, Еш. „Луѓето не можат да ја прифатат идејата дека сме негативци. Тоа би го уништило нивниот свет, нивната земја, нивниот поглед на сè што се случило во изминатите 30 години“, вели Марина Литвиновиќ. Подготвеност да се потчини на монархиска форма на владеење Ништо не го разликува руското општество од украинското општество повеќе од подготвеноста да се потчини на квазимонархиска форма на владеење. Едноставно не научи поинаку. За три децении, Украина доживеа пет вистински промени на власта, додека Русија не видела ниту една, потсетува Der Spiegel. „Путин направи грешка од толкава фантастична големина што никогаш нема да може да ја признае. Вие повеќе би пиеле отров“, вели поранешен висок функционер кој разговарал со новинарот на Der Spiegel. Тој вели дека му биле потребни месец и половина за да се опорави од шокот од нападот на Украина: „Секое утро се будев прашувајќи се дали е воопшто вистина“. „Целиот естаблишмент стана заложник на Путин. Ова важи дури и за неговите наследници. Русија ќе биде изолирана со години“, вели овој инсајдер. „Одбранбена борба против огромниот Запад“ Според мислењето на обичните Руси, санкциите потврдуваат дека оваа војна всушност не е напад на Русија врз Украина, туку одбранбена борба против моќниот, огорчен Запад. „Според тој аргумент, Русија започна „специјална операција“ во 2022 година, но Западот започна „војна“ во 2014 година. „Како може да се мисли дека војната е добра? Војната е секогаш лоша“, вели таксистот на моето прашање. Здивнувам со олеснување. „Но, не бевме тие што ја започнавме“, додава тој, пред да ја одбрани „специјалната операција“ и да ги осуди глупавите Украинци, за кои вели дека избрале кловн за претседател. „Треба веќе еднаш да мислат со главата за кого гласаат!“, пишува Der Spiegel. „Дури и самите московјани не можат да кажат што мисли мнозинството за војната, бидејќи тие малку зборуваат за тоа меѓу себе“, додава тој. Засега санкциите не оставија голема трага во Москва Исто така, се нагласува дека влијанието на санкциите сè уште не може да се забележи во Москва. Во написот се истакнува дека некои западни компании се повлекле од рускиот пазар, но дека тоа не оставило значително влијание врз секојдневниот живот на московјаните. „Санкциите фрлија сенка на иднината на Русија, но не и на сегашноста. Сè уште може да се преправаме дека ништо не е во ред, дека животот продолжува, дека Русија не се обидува да уништи соседна земја. Нема лелекање од сирена за тревога. без татнеж на противвоздушни пиштоли – само малку променет асортиман на шопинг“, вели германскиот новинар Еш. Како критичарот на Путин се претвори во слеп следбеник Интересна е и неговата средба со Димитри Трењин, до неодамна шеф на канцеларијата на американската Фондација Карнеги во Русија, кој е воен експерт и кој претходно отворено не го поддржуваше Путин. „Трењин отсекогаш бил патриот, а некои го сметале за премногу близок со Кремљ. Но, јас ги ценев неговите трезвени анализи. Тој сметаше дека фиксирањето на Путин за проширувањето на НАТО на исток е претерано, а руската интервенција на страна на бунтовниците во Донбас во 2014 година како „најсериозна грешка на надворешната политика на Путин“. Тој тврдеше дека Русија не треба да ги окупира териториите на Украина, туку оние жители на Украина кои повеќе би сакале да живеат во Русија. Ја прочитав неговата последна книга како чисто отфрлање на идејата за нова војна во Украина“, пишува Еш. Тој потсетува дека само една недела пред инвазијата на Путин на Украина, Трењин со цврсто уверување тврдеше: „Војната никогаш не беше планирана“. „Тој веќе зборуваше во минато време, како кризата веќе да поминала. Тој го сметаше распоредувањето на војниците на Путин само за заканувачки гест“. „На Русија и треба самочистење преку војна“ Во меѓувреме се случи радикална промена. „Трењин што го сретнав во Москва пет месеци подоцна е друг човек. Тој поддржува поголеми воени напори. Трењин инсинуираше дека Западот сака „конечно да го реши руското прашање“ и дека затоа нема простор за сериозен дијалог. Русија, вели тој , има потреба од „самопрочистување“ од материјализмот и другите погрешни вредности, потребна е нова „руска идеја““, опишува Еш. Тој е згрозен што сега Трењин се залага за „самочистење“ на Русија преку војна. „Кога толку многу луѓе се испраќаат во војна – значително повеќе отколку во Чеченија – и таму ги убиваат или убиваат, тоа го поткопува култот на парите во земјата. Старите корумпирани елити може дури и да се соочат со политичка конкуренција од војниците кои сега се борат во Украина. На земјата сега ни треба руска идеологија“, му објаснува Трењин на шокиранио германски новинар. На крајот, тој додава дека на Русија и треба поинаква, управувана економија....
Вечер | 11 часа
НБ: Зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе го ублажи ценовниот раст
Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. -Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо, истакнува во интервјуто за „Пари.мк“ Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, како што посочува таа, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. -Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели Давидовска-Стојанова....
Вечер | 11 часа
НУСРЕТ НА МАКА! Гостите се жалат од оброците на славниот готвач, кои чинат колку еден добар стан
Нусрет Гокче стана многу популарен на социјалните мрежи каде ја промовира специфичната храна што ја подготвува и начинот на кој ја послужува. Многу познати личности како и луѓе кои можат да си дозволат скапа храна имаа голема желба да ја пробаат неговата храна. Тој стана познат во 2017 година, а поради неговата уникатност, брзо стана високо ценет и баран. Највпечатливиот дел од неговиот настап е начинот на кој ја посолува храната. Нусрет Гокче има цел синџир на стек-хаус ресторани во неколку турски градови, како и во Дубаи, Њујорк, Миконос, а служел ѕвезди како Антонио Бандерас, Томи Хилфигер, Ашер, Андреа Бочели, Ал Пачино, Марк Валберг, Малума и многу други… View this post on Instagram A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et) Минатата година тој отвори ресторан во Лондон, кој беше на удар на критики поради лошата услуга, невкусната храна и огромните цени. Некои гости добија сметка од 37.000 фунти, што би изнесувало нешто повеќе од 2,5 милиони денари. Еден разочаран гостин напиша: „Суво, суво, суво. Блуткаво. Очигледно штедат на сол – како и на сите други видови вкусови. Губење пари. Лажго од социјалните мрежи. Жал ми е за луѓето кои се убедени дека ова е добра храна.” View this post on Instagram A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)...
Вечер | 11 часа
Баба Тања внукот си го носи секаде со себе!
Актерката Тања Кочовска во мај стана баба, на малечкиот Јоаким. Внукот од нејзиниот син Александар и снаата Моника е новата љубов на актерката од која таа не се дели. Периодов се на семеен одмор во Елен Камен во Струга, а дека каде оди внукот со себе го води сведочи и оваа шеговита фотка што актерката ја објави на социјалните мрежи. Имено, Тања тргнала на прошетка со насмевка на лицето и внукот во чантата. Опис на фотката не ставила, ама нели се вели – Една фотографија, илјада збора!...
Вечер | 11 часа
За Османи исвиркувањето на македонскиот јазик е за осуда
Сигурно е за осуда, вели македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод Рамковниот договор. Вели дека бил таму и тоа го сторила група тинејџери. „Беше тоа група на млади лица кои се обидуваат да злоупотребат. На тоа претходеа и некои пејачи одбиваа да настапуваат“, рече Османи во интервју за Канал 5. Тој тврди дека нема ништо да изгубиме со внесување на Бугарите во Уставот. Дури вели дека некои пратеници жалат затоа што одамна тоа не е направено....
Вечер | 11 часа
ФОТО| Констатирани неправилности во правен субјект од кумановско за одгледување на канабис во медицински цели, следува кривична пријава
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово во четвртокот врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги....
Вечер | 11 часа
Речиси 60 илегални мигранти откриени во светиниколско
Во средата вечерта околу 20,30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и ОВР Свети Николе во атарот на селоо Стањевци, светиниколско, пронашле 57 лица мигранти. Станува збор главно за лица по потекло од Сирија, Пакистан и Конго, информираат од Минситерството за внатрешни работи. Лицата се пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка....
Вечер | 11 часа
Едроган на средба во Украина со Зеленски, се разговара за крај на војната
По средбата е предвиден трилатерален состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На средбата ќе бидат потврдени механизмите за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното море. Од кабинетот на Ердоган е соопштено дека тројцата соговорници ќе разговараат за ситуацијата во Украина речиси шест месеци по почетокот на руската инвазија, како и за вчерашниот напад на Харков во кој загинаа најмалку седум лица. Градоначалникот на Харков Игор Терехов потврди дека во нападот загинале седум лица, а 17 се ранети....
Вечер | 11 часа
Ар Кели ПОВТОРНО на суд, сега за ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА: Контроверзните снимки ќе се прикажат на рочиштето
Воведните изјави во судењето за детска порнографија и опструкција на Ар Кели започнаа, а обвинителите тврдат дека обесчестениот музичар и осуден сексуален престапник има „темна и скриена“ страна што јавноста никогаш не ја видела. Пејачот Роберт Силвестер Кели минатата година беше осуден на 30 години затвор, откако беше осуден за сексуална трговија и рекет. Тој сега се врати на суд поради обвиненијата за детска порнографија и опструкција и се соочува со 13 обвиненија, вклучувајќи создавање и примање детска порнографија, попречување на правдата и привлекување на малолетник за сексуална активност. Кели (55) претходно се соочи со слично судење во 2008 година кога беше обвинет дека се обидел да го намести исходот од судењето со поткуп на сведоци. Потоа беше ослободен од обвиненијата. Но, обвинителите во воведното излагање изјавија дека на судењето ќе биде прикажана една снимка која беше во фокусот на 2008 година. Анонимната жена, која се вика Џејн, ќе сведочи дека се појавила на наводната секс снимка со Кели кога таа имала 13 или 14 години, а тој 31. Во 2008 година, Кели и Џејн негираа дека тие се луѓето во предметното видео. Џејн претходно не сведочеше. Обвинителите тврдеа дека Кели снимил четири одделни видеа со Џејн и дека сегменти од видеата ќе бидат прикажани на поротата. Во својата воведна изјава, бранителот на Кели, Џенифер Бонјан, го потсети судот дека тој заслужува правично судење. “Вистина е дека г-дин Кели е несовршен. Вистина е дека, на неговиот пат од сиромаштија до слава, тој се сопна на патот. Ние нема да го негираме тоа”, рече Џенифер Бонјан. Оваа недела, судијата Хари Лајненвебер, наводно, го одбил барањето на адвокатите на Кели да ги исклучи од поротата членовите на јавноста кои гледале кој било дел од документарниот филм „Lifetime’s Surviving R Kelly“, кој за првпат се емитуваше во 2019 година. Документарната серија, која подоцна доби втора сезона, отиде зад сцената на многу наслови за врските на Кели и обвинувањата за сексуален напад со кои се соочи. Во јуни, Кели беше осуден на 30 години затвор, откако беше осуден за трговија со луѓе и рекет....
Вечер | 11 часа
Тргнал да ја силува, па останал без полов орган! „Го ФАТИВ над 14-годишната ќерка!“
Вознемирувачката приказна за една мајка која си ја спасила ќерката од силувач напаѓајќи го со кујнски нож, доаѓа од Индија. 36–годишната жена дошла дома и го фатила својот 32-годишен партнер среде злоделото. Имено, мажот се обидел да ја нападне нејзината 14-годишна ќерка. За среќа, таа пристигнала на време за да го спречи злосторството. Сè се случило вчера во градот Лакимпур Кери, во државата Утар Прадеш, 160 километри источно од Њу Делхи. Жената која го спречила силувањето на своето дете, живеела со монструмот две години откако се разделила од сопругот алкохоличар. „За среќа, се вратив дома и го фатив на дело“, рекла оваа мајка и додала дека тој дури се обидел да ја нападне додека таа си ја бранела ќерката. „Зедов нож од кујната и му ги отсеков интимните делови за да му одржам лекција. Не се каам за тоа што го направив”, додала таа. Според извештајот од полициската станица во Лакимпур, против човекот чија состојба е критична е поднесена пријава и може да биде префрлена во Лакнау на понатамошно лекување. Не е познати дали мајката ќе биде кривично гонета....
Вечер | 11 часа
ДЕМАНТ ОД СДСМ: Врховниот суд ЈА ПРЕИНАЧИЛ одлуката на Апелација со која е поништено вработување на Стојановски
Стигна демант од СДСМ за веста која ја објави Вечер.мк дека за да се вработи во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, акутелниот носител на советничка листа на СДСМ за локалните избори во Тетово, Глигорије Стојановски, во пријавата навел дека е Албанец, бидејќи во огласот било наведено дека истиот е наменет за вработување на кандидати Албанци. До редакцијата на Вечер.мк е доставена Одлука на Врховниот суд кој ја преиначи одлуката на Апелација со која се прифаќа тужбата на кандидатката која извисила и пресуди дека тужбата се усвојува со што ја поништил одлуката за вработување на тројцата кандидати меѓу кои бил и Стојановски. Со одлуката на Врховниот суд од 31.03 2021 година Пресудата на Апелациониот Суд Гостивар СЕ ПРЕИНАЧУВА и се пресудува дека жалбата на тужителката СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. Со тоа се задолжува тужителката да му надомести на тужениот трошоци за постапката во износ од 18.780 денари....
Вечер | 11 часа
На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути
На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути, а на ГП „Богородица“ околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Вечер | 11 часа
ИЗГОРЕНИ ЛЕПИЊИ – деликатес од англиските пазари! БИ ГИ ПРОБАЛЕ ЛИ?
Љубителите на овој деликатес тврдат дека вкусот ја надополнува не толку убавата надворешност. Фотографиите од изгорени лепчиња кои се продаваат на пазар во Манчестер станаа вирални на социјалните мрежи, а додека некои ги нарекуваат деликатес, други сметаат дека не се за јадење. Имено, „тврдопечените“ лепчиња се деликатес во шкотските пекарници веќе неколку децении. Тие имаат препечена, црна кора и се воздушести. Многу луѓе од овој специјалитет ги одвраќа нивната јагленисана надворешност. Сепак, според истражувањето, „акриламидот од изгорениот тост, изгорениот чипс или крцкавиот компир веројатно нема да го зголеми ризикот од рак“. Студиите на добриот квалитет не покажаа дека акриламидот од храната предизвикува рак кај луѓето. Љубителите на овој деликатес тврдат дека вкусот ја надополнува не толку убавата надворешност....
Вечер | 11 часа
Кога од Јунајтед чуле што бара мајката на Рабио, веднаш избегале…
Францускиот фудбалер Адриен Рабио нема да оди во Манчестер Јунајтед поради неговата агентка, мајка му Вероник Рабио. „Ѓаволите“ бараат засилување во средниот ред, откако не можат да го ангажираат Френки де Јонг, па се свртеле кон Рабио од Јувентус меѓутоа тоа нема да се случи. Кога двете страни седнале да разговараат за условите, од Јунајтед останале стаписани од барањата на Вероник за својот син. Според информациите од англиските медиуми, Вероник барале меѓу осум и десет милиони евра премија и провизија за посредување при трансферот, што за луѓето од Манчестер било неприфатливо. Тие заминале разочарани со што ги прекинале преговорите и можноста да го ангажираат францускиот играч. Претходно се договориле со Јувентус за трансфер вреден 20 милиони евра плус бонуси, како и плата од 10 милиони евра на годишно ниво за фудбалерот. Сепак, мајка му ги замрсни сметките на младиот фудбалер. sportmedia.mk...
Вечер | 11 часа
Средба Ковачевски – Лосон: Цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализацијата на стратешките цели и на политиките за развој
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната – како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. При тоа е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот. На средбата е истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички е констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. „Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад“, рече премиерот Ковачевски. На состанокот е разговарано и за надминувањето на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања и за регионот и за светот, предизвикани од војната во Украина и од пандемијата....
Вечер | 11 часа
Јапонија со БИЗАРНО БАРАЊЕ за младите – ПИЈТЕ ПОВЕЌЕ АЛКОХОЛ
Младите полнолетни Јапонци не се како останатие во светот. Според податоците во Јапонија, младите Јапонци пијат помалку од нивните родители. Алкохолот за младите е „најдобрата“ алатка за добро забавување, но Јапонците едноставно не гледаат ништо интересно во тоа, пишува Би-Би-Си. Така, националната даночна агенција одлучи да одржи национален натпревар за создавање идеи кои конечно ќе го променат овој тренд. Кампањата „Sake Viva!“ се надева дека ќе создаде план за да го направи пиењето алкохол попривлечно за младите. Тие ги повикаа сите луѓе на возраст од 20 до 39 години да дадат идеи за младите да почнат да пијат повеќе од традиционалниот јапонски алкохол. Според основачите на кампањата, младите пијат помалку алкохол главно поради пандемијата, кога поминале две години затворени во своите домови. Јапонските медиуми пишуваат дека реакцијата на народот е различна. Критичарите велат дека ова е обид да се промовира една нездрава навика. Натпреварувачите имаат рок до крајот на септември да ги изнесат своите идеи. Најдобрите планови потоа ќе бидат развиени со помош на експерти пред да бидат претставени конечните предлози во ноември. На веб-страницата на кампањата пишува дека пазарот на алкохол во Јапонија се намалува, а постарата демографска состојба во земјата – заедно со падот на наталитетот – е значаен фактор зад тоа....
Вечер | 12 часа
Заменик директор истепал директор на скопско училиште
Во средата околу 11,15 часот било пријавено дека во скоспкото село Буковиќ, во основно училиште по претходна расправија М.Б. на 63 годиини од Буковиќ, во својство на заменик директор во училиштето, физички го нападнал 50-годишниот Ш.Д. од селото Чајлане, кој ја извршувал позицијата директор во училиштето. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок....
Вечер | 12 часа
Базел купи напаѓач кој дал 37 гола во 40 меча минатата сезона
Швајцарски Базел се засили со напаѓачот на Борусија Дортмунд Брадли Финк кој има 18 години и има импресивни настапи во младинската германска лига. Финк е јуниорски швајцарски репрезентативец, а во Дортмунд е во претходните три години. Тој беше дел од младинските категории, а во кариерата високиот 192 сантиметри фудбалер може да се пофали со 54 гола и 17 асистенции во 71 натпревар од кои 37 гола му се од 40-те средби во минатата сезона за вториот тим на Борусија во третата германска лига. Неофицијално, Базел за него ќе плати 800.000 евра. sportmedia.mk...
Вечер | 12 часа
Подобро да УМРЕВ отколку што дочекав внукот (17) да ме силува! СТРАШНИ ДЕТАЛИ од злосторството кое ја потресе Србија
Вишото јавно обвинителство во Панчево до судијата за малолетници на Вишиот суд во Панчево поднесе барање за поведување претходна постапка против малолетник од Иланџа кај Алибунар, поради сомнение дека на 13 август под закани ја силувал својата баба (71). По сослушувањето на осомничениот, судијата за малолетници на Вишиот суд во Панчево му одреди мерка притвор поради постоење посебни околности кои укажуваат дека ќе се попречува постапката со влијание врз сведоци, како и поради тоа што се товари за сторено кривично дело за кое е пропишана затворска казна над 10 години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело предизвика метеж во јавноста, што може да го загрози непреченото и правично постапување на постапка против малолетникот. Тинејџер (17) ја силувал, а потоа ја претепал својата баба (71) од околината на Алибунар, а според мештаните тој во тој момент бил под дејство на алкохол. – Здрав разум не може да го направи тоа! Одвратно. Како е можно да го нападнете оној кој ви е старател, кој ве одгледал од килограм месо, велат селаните од околината на Алибунар. Мештаните наведуваат дека уапсениот малолетник и претходно бил проблематичен и агресивен кон својата баба, мајка на неговиот покоен татко. -Дали оваа жена е несреќна, кукавица, што дочека, велат соседите на ова семејство. – Подобро да умрев отколку што дочекав внукот да ме силува! За мене нема живот. Замислете што дочекав. Ова се зборовите на бабата која беше силувана и брутално претепана на 13 август. Постојат сомнежи дека нападот и силувањето го извршил нејзиниот внук во нивната семејна куќа во околината на Алибунар. -Спиев во собата, а тој околу 02:00 часот влезе во собата и ги затвори ролетните. Дојде до мене и ми стави перница на лицето. Се обидов да се одбранам, но тој ме претепа. Удираше по лицето, по телото, по рацете. Лицето ми беше изгребано. Го прашав кој е, молчеше, а знаев дека е внук ми, низ солзи раскажува несреќната жена и продолжува: – Ја почувствував неговата смрдеа и силен мирис, бидејќи работеше на поле и во штала. Ги почувствував неговите раце. Тоа беше тој. Мајка му се откажала од него Несреќната жена вели дека и било тешко што внуците останале без татко. – Син ми почина во октомври и јас не се опоравив од таа трагедија, но ме дочека оваа, многу полоша. Кога ќе ги затворам очите, наместо да го видам и сонувам син ми, го гледам внукот како ме силува, вели таа и додава дека мајката се откажала од синот и повторно се омажила. – Замина и остави три деца. Тој е уапсен, средниот е кај нас, а внуката е во згрижувачко семејство. Неутешната жена вели дека повеќе би сакала да умре отколку да се соочи со ваков срам. – Подобро да добиев срцев удар. И да ме претепаше, да ме нема, а не што ме силуваше. Кога ме силуваше, продолжи да ме тепа. Ме фрли на другиот кревет и продолжи да ме тепа, раскажува таа за Курир и додава дека кога успеала да се ослободи од неговите раце, ја повикала ќерка си и и рекла: – Далибор ме силувалше. Ќерката на Славица и тетката на уапсениот веднаш повикала полиција и го пријавила нападот и силувањето. Данијела Путник изјавила дека не знае како да ја опише ситуацијата што се случила во нивната куќа. – И порано беше агресивен, но никогаш не можевме да замислиме дека е подготвен да направи вакво нешто. Ужас, што доживеавме, рекла таа. На ова се надоврзува и несреќната Славица Путник и наведува дека отишла и на лекар. – Ми ги зедоа пижамите, ми ги земаа сите отпечатоци. Отидов и на гинеколог, ми земаа брисеви, се со цел да утврдат дека тоа ми го направил внукот. Кутрата јас. Сакам да ја продадам куќата и да избегам од срамот, вели таа и додава: – Го пријавив Далибор пред 15 дена, но никој не реагираше. Отидов и во Центарот за социјална работа, но ништо не се случи, а сега гледате како поминав. Некој можеше да го спречи ова, ако навреме се спречеше. – Колку ме мачеше, подобро да ме убиеше. Ова е многу тешко, рекла таа....
Вечер | 12 часа
Европа штеди- се гаснат рекламните билборди и се исклучуваат климите
Резервите на гас во ЕУ во моментов се полни 71 отсто, што е околу девет отсто помалку од целта поставена од еу претходно ова лето. Земјите-членки ветија дека ќе ја намалат побарувачката на гас за 15 проценти до март како дел од мерките. Во Германија, исклучувањето на рускиот гас тешко ќе ја погоди индустријата и ќе влијае на способноста на луѓето да ги загреат своите домови. Во Шведска и Финска, каде гасот сочинува помал дел од целокупната енергетска шема, влијанието би било помалку драстично. Голем број земји во ризик, вклучително и Германија и Франција, воведоа планови за намалување на потрошувачката на енергија. Во Франција властите имаат намера да им забранат на продавниците да ги оставаат вратите отворени додека работат клима уредите и греењето. Исто така, планирано е да се забрани функционирање на светлечките реклами во сите градови во периодот од еден до шест часот наутро. Оваа мерка е веќе воведена во градовите со помалку од 800.000 жители. Шпанија веќе донесе уредба со која ги обврзува компаниите да ја постават климата на 27 целзиусови степени во лето, а греењето на 19 степени во претстојната зима. Германија апелира до јавните и деловните згради да престанат да ги загреваат „просториите каде луѓето не го поминуваат поголемиот дел од своето време“, како што се ходниците и големите сали. Големите индустрии, но и домаќинствата се повикуваат да штедат, а тоа е одржување на минималната температура во становите. Зградите и спомениците нема да се осветлуваат ноќе, ниту пак рекламните билборди. Така, Берлин ќе ги исклучи рефлекторите кои осветлуваат 200 историски згради и споменици....
Вечер | 13 часа
Дваесетгодишен косовец претепан во Скопје
Во четвртокот, половина час по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен повреден Л.Г. на 20 години од Косово. Според пријавеното, тој со повреди се здобил во близина на скопската Железничка станица каде бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврди предмети бил. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот....
Вечер | 13 часа
Ужас на Нов Зеланд: Остатоците од две деца се пронајдени во куфери купени на аукција
Полицискиот инспектор Тофилау изјави дека телата најверојатно биле таму со години, а се работи за деца на возраст од пет до десет години. Телата биле во два куфери со идентична големина, додаде тој, нагласувајќи дека истрагата ќе биде сложена поради времето што поминало од смртта до откривањето. Семејство купило цела приколка натоварена со предмети што се продаваат на аукција во магацин, вклучително и куфери. Семејството нема никаква врска со смртта на децата, нагласи полицијата. Полицијата, која го известила и Интерпол, се потпира и на други предмети што биле во приколката за да ги идентификува жртвите....
Вечер | 13 часа
АЈДЕ ПИВОПИИИ… стигнаа специјални патики полнети со пиво!
Доминик Циамбоне го создаде првиот пар патики кои му овозможуваат на сопственикот да оди по пиво. Холандската компанија за пиво Хајнекен ги здружи силите со дизајнерот на патики Доминик Циамбоне, познат како The Shoe Surgeon, за да создадат специјални патики со ѓон полнет со пиво. За да го прослави најновиот производ на Хајнекен, Хајнекен Силвер, холандскиот производител на пиво нарачал „хирург за чевли“ да создаде патики што ќе имаат пиво во ѓонот. Таканаречените Heinekicks ги содржат иконските бои на компанијата – зелена, бела и црвена, како и логото на Heineken и отворачите за шишиња вградени во јазикот. Но, она што навистина ги издвојува од сите други патики е течноста што лебди во нивните проѕирни ѓонови, вистинското пиво Heineken Silver. Користејќи специјализиран метод на хируршко инјектирање, Доминик Циамбоне го создаде првиот пар патики кои му овозможуваат на сопственикот да оди по пиво. Се вели дека течноста што се движи во ѓонот додека одите дава единствена сензација. – Партнерството со Хајнекен за нивното ново пиво беше забавен предизвик. И двајцата споделуваме страст за иновации и поместување на границите и создадовме дизајн што го одразува ова. Чевелот не само што ја отелотворува енергијата на Heineken Silver, туку буквално ја носи. „Не можам да кажам дека некогаш сум дизајнирал патики што содржат вистинско пиво“, изјави Циамбоне. За жал, освен ако наскоро не го посетите Сингапур, мали се вашите шанси да добиете еден од само 32-та пара Heinekicks што некогаш ќе се појават на пазарот. Првите 7 пара се очекува да бидат во К4 2022 година. Цените допрва треба да бидат објавени....
Вечер | 13 часа
Нотингем го купи и Гибс-Вајт за 35 мил.фунти
Повратникот Нотингем Форест сака да биде стандарден премиерлигаш, па дури и да атакува на излез во Европа поради што во текот на летниот преоден рок ангажира многу фудбалери. Денеска го договорија 16-тиот нов фудбалер и клубот е втор најголем трошаџија ова лето! Нов фудбалер на „шумарите“ е Морган Гибс-Вајт кој доаѓа од Вулверхемптон, а за него сумата што ќе ја платат ќе достигне до 44,5 милиони фунти поточно 35 милиони фунти фиксно плус бонуси доколку бидат исполнети некои ставки од договорот. Се работи за 22-годишен офанзивен играч за врска, младински англиски репрезентативец кој изминатите две сезони играше на позајмици во Свонси и Шефилд Јунајтед. Ова лето Нотингем го засилија уште Ремо Фројлер, Авонији, Неко Вилијамс, Орел Мангала, Муса Ниакате, Жилиен Бјанконе, Омар Ричардс, Луис О’Брајан, Хари Тофоло, Агулера, Џеси Лингард, Вејн Хенеси и Дин Хендерсон. sportmedia.mk...
Вечер | 13 часа
Бугарија: Министерство за надворешни работи ЗАДОВОЛНО од работата на Комисијата за историски и образовни прашања
На брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, портпаролот и заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, изјави дека ја поздравуваат работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ја охрабруваат да продолжи уште поинтензивно во напорите за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја, јавува дописникот на МИА од Софија. Заменик министерот Коџабашев истакна дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Бугарија и на Република Северна Македонија практично ги прифатија предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничка историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, како и општите принципи и белешки за содржината на учебниците за 5 клас во Бугарија и 6 одделение во Република Северна Македонија поврзани со праисторијата и античката историја. Во согласност со Протоколот од 17 јули, пак, договорено е Бугарија и Северна Македонија да го објават Протоколот од 2019 година со сите негови анекси во рок од еден месец, потсети портпаролот на бугарското МНР. Објавувањето на предлозите за 2019 година, одобрени од владите на двете земји, посочува тој, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на Заедничката комисија. Според бугарското дипломатско одделение, ова ја создава потребната основа за да се продолжи со имплементација на уште еден важен договор од Протоколот според чл. 12 од 17 јули координација на календар на заеднички чествувања за периодот 2022 – 2023 година на петте заеднички историски личности, додава Коџабашев. „Во Протоколот од средбата на 17 јули, бугарската и македонската страна договорија механизам со конкретни рокови за објавување на сите идни резултати и препораки од активностите на Комисијата. Двете страни се обврзаа да го имплементираат овој механизам со добра волја, како и сите други одредби што се однесуваат на протоколите од 2019 и од 2022 година“, заклучи Коџабашев....
Вечер | 13 часа
Рачна бомба најдена на позната охридска плажа
Во средата рано утрото е пријавено дека во 6 часот плитките води на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Свети Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период. Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка....
Вечер | 13 часа
Пронајдена бомба во Охридското Езеро! Еве ги деталите
Во текот на вчерашниот ден во СВР Охрид е пријавено дека во 6 часот водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период. Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка....
Вечер | 13 часа
Без компромис заврши новата рунда преговори меѓу Вучиќ и Курти
Во текот на вечерва или утре во текот на денот се очекува обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ до нацијата. Вучиќ за в недела од Брисел закажа итна средба со Србите од Косово, а ќе се одржи во Белград. На средбата се поканети сите политички и институционални претставници на србите на Косово. Денеска Вучиќ за прв пат седна на заедничка маса со косовскиот претседател Албин Курти со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак. Дијалогот се одржа по пауза од повеќе од една година....
Вечер | 13 часа
Во Германија се појавија камењата на гладот
Камењата на гладот се стотици години стари бележници на карпи во реки во Германија кои кога ќе се појават алармираат дека престои суша и глад. Се работи за векови стари обележја за нивото на реките во тој дел од Европа. На еден од камењата што се појави заради годинешната на натпис кој наводно е од 1616 пишува: „Ако ме видиш мене, тогаш плачи“. Чешки тим на истражувачи во 2013 пишува труд околу овие камења, во кој објаснува дека тие предупредуваат на последиците од сушата, и дека нивните автори не се познати. „На нив се наведува дека сушата донeла лоша жетва, недостаток на храна, високи цени и глад за сиромашните,“ пишуваат чешките научници. На камењата до сега се „комеморирани“: 1417, 1616, 1707, 1746, 1790, 1800, 1811, 1830, 1842, 1868, 1892 и 1893 година. Камењата последен пат се видоа за време на сушата во 2018, меѓутоа процената е дека сегашната суша во Европа е најтешка во последните 500 години. Процента е на Андреа Торети од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, и тој проценува дека „многу високиот ризик од суви услови“ продолжува и во следните три месеца. Европската опсерваторија за суша проценува дека 47% од Европа е пред суша....
Вечер | 13 часа
Русија: Украина планира утре да ја нападне нуклеарната централа
„Киев подготвува провокација за време на посетата на генералниот секретар Антонио Гутереш. Руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на објектот ниту во околината. Има само воени единици“, соопшти руското министерство за одбрана. Министерството тврди дека украина распоредува сили во областа и планира да ја таргетира електраната утре од Никопол, што се совпаѓа со посетата на Гутереш на Одеса, а потоа да ги обвини руските сили за нападот....
Вечер | 14 часа
БиБиСи: 20.500 ЕВРЕИ ИЗБЕГАА ОД РУСИЈА за време на војната
Само од март, односно од почетокот на војната со Украина, Русија ја напуштиле повеќе од 20.000 Евреи, јавува Би-би-си. Според Еврејската агенција, која им помага на Евреите од целиот свет да се преселат во Израел, од вкупно 165.000 Евреи во Русија, 20.500 се преселиле во Израел од почетокот на инвазијата на Украина. На тоа треба да се додадат и илјадниците што заминале во други земји. Само две недели по почетокот на војната, Пинчас Голдшмит, главен рабин во Москва од 1993 година, ја напуштил Русија.Тој ја водел Московската синагога, една од главните синагоги во Русија и поранешниот Советски Сојуз. По падот на социјализмот, Голдшмит бил меѓу оние кои ги вратиле институциите на еврејската заедница во Русија. „Почнавме од нула со синагоги, училишта, градинки, социјални служби, наставници, рабини и членови на заедницата“, вели тој. Но, кога започнала војната, тој се изјаснил против неа. „Чувствував дека морам да направам нешто за да го покажам моето целосно противење на инвазијата на Украина, но би се ставил во опасност доколку го направев тоа додека престојував во Москва“, објасни рабинот. Тој во Израел пристигнал преку Унгарија. Некои му замериле што си заминал, но тој вели дека мнозинството го поддржало. „Одлуката не беше лесна – за мене и мојата сопруга, локалната еврејска заедница беше нашиот живот“, вели тој. Ана Штерншис, професорка по јидиш на Универзитетот во Торонто и експерт за еврејска историја во Русија, вели дека долго време се прашувала зошто се брзало да си замине, освен ако немало голем бран на антисемитизам. Но, тогаш таа сфатила дека, секогаш кога нешто ќе се случи во Русија, некаков пресврт или промена, Евреите се секогаш во опасност. Така беше за време на економската криза на крајот на 19 век, за време на Октомвриската револуција и Втората светска војна. „Не сите постапуваат според тоа, но секој Евреин во Русија денес размислува за тоа“, вели професорката Стерншис, која и самата е родена во Русија....
Вечер | 14 часа
Челзи денеска со официјална понуда за Обамејанг
Тимот на Челзи во текот на денешниот ден ќе исрпати официјална понуда до Барселона за откуп на репрезентативецот на Габон, Пјер Емерик Обамејанг. Иако напаѓачот најави дека сака да остане на Ноу Камп во исто време немал ништо против да се врати во Премиер лигата, и да заигра повторно за еден од топ клубовите таму. Исклучена е можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед поради лошиот статус на клубот пред се на резултатски план во моментов, па Челзи е тимот кој очигледно влегува во комбинација. Од Лондон веќе преоѓаат на дело, па информациите од Шпанија се дека првичната понуда ќе биде 14. милиони ерва, иако Барселона бара и повеќе од двојно, 30 милиони. До крајот на преодниот рок има уште доволно време двата клуба да се договорат околу конечната сума и Челзи да добие нов напаѓач. sportmedia.mk...
Вечер | 14 часа