Како Google Maps може да ви помогне за порелаксиран летен одмор?
Како Google Maps може да ви помогне за порелаксиран летен одмор? Живот А.С. / 23.06.2022 / 13:03 Ако се подготвувате за патување, а мала дигитална помош би ви била од корист, не занемарувајте ја апликацијата Google Maps. Оваа апликација, покрај лесната навигација, нуди неколку функции кои ќе ве информираат за претстојното патување, и многу ќе ви го олеснат. Се разбира, има и алатки кои ќе ви помогнат кога ќе пристигнете на вашата дестинација, а ние ги избравме најдобрите. Избегнете ги гужвите За полесно патување и помалку гужви на дестинацијата, може да се користи опција за да се предвиди каква е гужвата некаде според повеќедневна или повеќемесечна шема. Area Business може да предложи најдобро време за посета на одредено место и кога ќе поминете најмалку време во редица. Овие информации се добиваат со кликнување на локацијата на продавници, кафулиња, ресторани или било што друго што сакате да го посетите. Снајдете се на ново место со Live View Со Live View, корисниците можат да видат каде треба да одат со зголемената реалност. Функцијата користи камера за скенирање на околните згради и поставување насоки до вашата дестинација. За да ја активирате, изберете ја саканата дестинација, притиснетеNavigation, потоа малата икона со човече и потоа притиснете Live View. На екранот ќе се појават патокази и имиња на улици, кои дефинитивно би можеле да ви помогнат да се снајдете и ориентирате. Каде се паркирав? За да запомни апликацијата каде сте го паркирале автомобилот, само кликнете на вашата локација (сина точка) и изберете Save your parking. Можете да ја притиснете означената локација со прстот и да додадете детали како што се катот во гаражата или времето за паркирање, да додадете фотографија или да ја испратите локацијата до пријателите. Заштедете интернет Нема потреба да го трошите мобилниот интернет, преземете ја мапата. Кликнете на иконата на вашиот профил, изберете Offline Maps, потоа изберете ја вашата сопствена мапа и изберете го просторот што сакате да го зачувате на вашиот уред. Измерете го растојанието по воздушна линија Не секогаш сакате да ја знаете најблиската рута - понекогаш ви треба далечина по воздушна линија. За да измерите, треба да ја изберете почетната локација, да ја изберете опцијата Measure diance, а потоа да ја повлечете целта на друга локација. Планирајте го целото патување, вклучително и местата за одмор Ако планирате подолго патување, секогаш можете да внесете паузи и постојки за одмор, за да добиете попрецизна проценка на должината на патувањето. Изберете ја првата локација на која сакате да застанете, притиснете Directions, потоа трите точки во горниот десен агол на екранот и на крајот изберете Add stop. Внесете го полето каде што сакате да застанете, сè до крајната дестинација. Тагови Google Maps...
Кајгана | 8 дена
Nearby Traffic Widget наскоро доаѓа на Google Maps
Апликацијата на Google, Maps за уредите со Android наскоро ќе добие уште една корисна нова функција. Добивај вести на вибер Станува збор за нов виџет Nearby Traffic, кој корисниците на Android ќе го добијат во наредните недели. Овој виџет ќе им обезбеди на корисниците информации за состојбата во сообраќајот во нивната непосредна област и ќе биде прикажан на почетниот екран на Android. Корисниците ќе можат да го проверуваат сообраќајот околу нивната локација со едноставно допирање на виџетот без да ја стартуваат апликацијата „Google Maps“. Зумирањето ќе биде можно благодарение на специјалните копчиња. Google го покажа изгледот на виџетот кој се појавува во големина 2×2. Виџетот ќе прикаже мапа со јасно означена моментална локација како сина точка во центарот на виџетот. Засега не е познато дали виџетот може да се зголеми или не. Google претходно објави дека Google Maps ќе ја пресметува цената на патарините на дадена рута за патување. Оваа функција беше најавена во април, а сега им се дава на првите корисници во Индија, Индонезија, Јапонија и САД, а се очекува и во други земји. Корисниците ќе можат да ги дознаат цените на патарините пред почетокот на патувањето, а ќе имаат и можност да изберат рути без патарина....
USB | 9 дена
Nearby Traffic Widget наскоро доаѓа на Google Maps
Апликацијата на Google, Maps за уредите со Android наскоро ќе добие уште една корисна нова функција. Станува збор за нов виџет Nearby Traffic, кој корисниците на Android ќе го добијат во наредните недели. Овој виџет ќе им обезбеди на корисниците информации за состојбата во сообраќајот во нивната непосредна област и ќе биде прикажан на почетниот екран на Android. Корисниците ќе можат да го проверуваат сообраќајот околу нивната локација со едноставно допирање на виџетот без да ја стартуваат апликацијата „Google Maps“. Зумирањето ќе биде можно благодарение на специјалните копчиња. Google го покажа изгледот на виџетот кој се појавува во големина 2×2. Виџетот ќе прикаже мапа со јасно означена моментална локација како сина точка во центарот на виџетот. Засега не е познато дали виџетот може да се зголеми или не. Google претходно објави дека Google Maps ќе ја пресметува цената на патарините на дадена рута за патување. Оваа функција беше најавена во април, а сега им се дава на првите корисници во Индија, Индонезија, Јапонија и САД, а се очекува и во други земји. Корисниците ќе можат да ги дознаат цените на патарините пред почетокот на патувањето, а ќе имаат и можност да изберат рути без патарина. Би можело да ве интересира Оловен саркофаг откриен под Нотр Дам (ВИДЕО) Нови проблеми за Цукерберг: Веќе постои компанија што се вика Meta Galaxy Z Flip3 Lite може да биде претставен заедно со Flip3 Британската пошта тестира дронови за достава на далечни острови Google тврди дека Pixel 5a 5G стигнува до крајот на годината Иранската вакцина е ефикасна 90 проценти, покажуваат првичните резултати...
Инфо | 9 дена