Нова блокада за Русите, повеќе не можат да преземаат Windows 10 и Windows 11
Корисниците во Русија повеќе не можат да преземаат Windows 10 и Windows 11, како и алатки за инсталирање на најпопуларниот оперативен систем. Корисниците беа збунети, а компанијата не одговори на барањата на медиумите за коментар. Руската новинска агенција ТАСС беше првата што извести за проблемот во текот на викендот, а веста брзо се прошири на Твитер. Користејќи VPN, BleepingComputer потврди дека руските корисници добиваат грешка при обидот да преземат Windows 10 или Windows 11: „404 – Датотеката не е пронајдена“ или „Директориумот не е пронајден“. Алатката за создавање медиуми, алатка за инсталирање оперативен систем, може да се преземе, но не работи. Грешката 0x80072F8F-0x20000 се појавува при стартување на програмата со пораката „Оваа алатка не може да се изврши на вашиот компјутер од непознати причини“. Сè уште не е јасно дали се работи за техничка грешка или Microsoft намерно ги блокира преземањата. Компанијата официјално не се огласи по тоа прашање. Поради руската инвазија на Украина, Мајкрософт ја прекина продажбата во земјата во март, а се повлекоа и голем број услуги. Покрај тоа, компанијата спречи руски сајбер напади врз Украина со конфискување на домени. Претседателот на Мајкрософт на својот блог напиша дека компанијата „тесно се координира со одлуките на владите на Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Обединетото Кралство“ и дека поради тоа ќе запре многу аспекти од својот бизнис во Русија. Во април, GitHub во сопственост на Мајкрософт, почна да ги суспендира програмерските сметки поврзани со санкционирани руски компании, дури и ако корисниците повеќе не работат за компании (на пр., Github сметка на Sberbbank, Alfa Bank, итн.). Мајкрософт неодамна објави дека отпушта 400 вработени во Русија бидејќи почнале да ги намалуваат операциите во земјата. Сепак, покрај сето тоа, компанијата најави дека ќе продолжи со договорните обврски со руските корисници, со што блокирањето на инсталационите датотеки на Windows е неочекувано. Не сите корисници кои се физички во Русија можат да преземаат Windows, меѓутоа, според тестовите, ограничувањата може да се заобиколат со VPN. Иако Русија делумно ја ограничува употребата на VPN во земјата, Роскомсвобода – организацијата на земјата за заштита на дигиталните права – објави дека, иако владата се противи на употребата на VPN, нема да ги казни оние што ги користат. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Нетпрес | 9 дена
Корисни опции во Windows 11 за кои можеби не сте знаеле
Корисни опции во Windows 11 за кои можеби не сте знаеле Софтвер А.С. / 23.06.2022 / 11:06 Иако Windows 11 полека се приближува кон своето прво големо ажурирање Sun Valley 2, сепак нуди некои функции за кои можеби воопшто не сте знаеле, а кои можат да ви помогнат во секојдневната работа со оперативниот систем. Некои од основните работи и функции на Windows 11 се на едноставно место, но некои се навистина тешко да се најдат. Еве седум работи за кои можеби не сте знаеле дека постојат на Windows 11. Voice Typing Диктирањето на Windows е значително подобрено во последниве години, а Windows 11 го прави уште полесно и попристапно. Без разлика каде сте, притискањето на Win + H истовремено ќе ви овозможи да кажете порака, како на пр. команда за отворање на одредена апликација. Пребарувач на емотикони и гифови Ако сакате брзо да додадете емотикони или GIF на документ или порака, притиснете Win + . истовремено, по што ќе се појави прозорец кој ви овозможува да пребарувате и избирате емотикони или GIF-ови. Скриено Start мени Со десен клик на иконата од менито Start ќе се отвори прозорец со избор на корисни апликации што можеби ќе ви бидат потребни. Скриено Context мени Windows 11 донесе промена во Context менито, кога ќе кликнете со десното копче на одредена апликација или папка. Но, и ова може да се смени, бидејќи само во тој случај се оди на последната опција „Прикажи повеќе опции“ и се притиска Shift + F10, по што ќе се појави оригиналното Context мени. Snap Layouts Одете во Start Menu> Settings> System> Multitasking и исклучете ги сите layout-и за да имате повеќе функции за време на распоредувањето на апликациите и слично. Прилагодуивање на јачината на звукот само за апликации Ова е корисна, но тешко достапна функција во Windows 11. Ви овозможува да ја прилагодите јачината на звукот само во една апликација, додека во другите останува непроменета. Одете во Settings > System > Sound > Volume Mixer и ќе можете да ја прилагодите јачината на звукот за секоја апликација што е активна. Hidden Clipboard Windows 11 го подобри начинот на кој можете да копирате и залепите текст со иста брзина како притискање на CTRL + C и CTRL + V. Притиснете Win + V и ќе се појави прозорец со претходно копиран текст што можете да го залепите. Тагови Windows 11...
Кајгана | 8 дена
Windows 11 и Windows 10 повеќе не може да се преземаат во Русија
На почетокот на овој месец, Microsoft објави дека го намалува обемот на својот бизнис во Русија. Претходно компанијата најави прекин на продажбата на своите нови производи во таа земја, како протест поради руската воена интервенција во Украина. Добивај вести на вибер Руската новинска агенција ТАСС неодамна објави дека корисниците во Русија повеќе не можат да преземаат и инсталираат Windows 11, од официјалната веб-страница на Microsoft во таа земја. TASS is reporting that Russians can't download Windows 10 and Windows 11 anymore from Microsoft servers. Can someone confirm? 🤔 pic.twitter.com/ZBp18KDOfk — Catalin Cimpanu (@campuscodi) June 19, 2022 Според извештајот, обидот за преземање на Windows 11 или 10 доведува до грешка „404 file not found“ или „directory not found“, иако се истакнува дека преземањето работи без проблеми кога локацијата се менува преку VPN. Интересно е што алатката Media Creation може да се преземе без никакви проблеми, по што сепак ја пријавува грешката „0x80072F8F-0x20000“ и дополнителна порака. Засега не е познато дали ова е дел од планот на Microsoft полека да ги повлече сите свои производи и услуги од Русија или се работи за технички проблем. Според Министерството за дигитален развој од Русија, постојат големи шанси користењето на VPN, за надминување на разни ограничувања и санкции, да не биде казнето....
USB | 8 дена
Windows 11 и Windows 10 повеќе не може да се преземаат во Русија
На почетокот на овој месец, Microsoft објави дека го намалува обемот на својот бизнис во Русија. Претходно компанијата најави прекин на продажбата на своите нови производи во таа земја, како протест поради руската воена интервенција во Украина. Руската новинска агенција ТАСС неодамна објави дека корисниците во Русија повеќе не можат да преземаат и инсталираат Windows 11, од официјалната веб-страница на Microsoft во таа земја. TASS is reporting that Russians can’t download Windows 10 and Windows 11 anymore from Microsoft servers. Can someone confirm? 🤔 pic.twitter.com/ZBp18KDOfk — Catalin Cimpanu (@campuscodi) June 19, 2022 Според извештајот, обидот за преземање на Windows 11 или 10 доведува до грешка „404 file not found“ или „directory not found“, иако се истакнува дека преземањето работи без проблеми кога локацијата се менува преку VPN. Интересно е што алатката Media Creation може да се преземе без никакви проблеми, по што сепак ја пријавува грешката „0x80072F8F-0x20000“ и дополнителна порака. Засега не е познато дали ова е дел од планот на Microsoft полека да ги повлече сите свои производи и услуги од Русија или се работи за технички проблем. Според Министерството за дигитален развој од Русија, постојат големи шанси користењето на VPN, за надминување на разни ограничувања и санкции, да не биде казнето. Би можело да ве интересира Instagram ја укинува IGTV како засебна апликација ФИТР со ефективна поддршка за компаниите, заклучок од импакт евалуацијата на „Фајнанс Тинк“ Windows 10 ќе може да се инсталира на MacBook со M1 чип Нов Windows 10 апдејт го решава проблемот со падот на системот MacBook Pro од 16 инчи може да имплементира Apple M1X процесор Wizz Air најавува специјални летови од Скопје за Европското Фудбалско Првенство 2020...
Инфо | 8 дена