Vreme.mk - Дознај на Време.

Бизнис

Бајден бара повисоки казни: „Никој не е над законот“

17 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Американскиот претседател го повика Конгресот да им даде на регулаторите на банките поголеми овластувања над секторот, што, меѓу другото, значи и поголеми казни за раководителите на пропаднатите банки.

„Никој не е над законот“, рече Бајден во соопштението од Белата куќа, додавајќи дека „зголемувањето на одговорноста“ е важно и претставува спречување на лошото владеење во иднина, пренесува Ројтерс.

Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) треба да има поголеми овластувања од Конгресот да бара компензација од шефовите на пропаднатите банки, како што се Silicon Valley Bank и Signature Bank, се додава денеска во друго соопштение од Белата куќа.

FDIC треба да им забрани на шефовите на пропаднатите банки понатамошно вклучување во банкарскиот сектор кога нивната банка ќе банкротира и да ги казни менаџерите на таквите банки, се заклучува во друго соопштение.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ