Поранешниот српски министер обвинет за трагедијата во Нови Сад претрпе втора итна операција

18.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот српски министер обвинет за трагедијата во Нови Сад претрпе втора итна операција

-Поради постоперативни компликации, здравствената состојба на мојот брат Горан ненадејно се влоши, поради што синоќа беше извршена итна втора операција. Тој моментално е во стабилна состојба и е на интензивна нега. Сите информации за неговата здравствена состојба ќе ги даде само неговото семејство, изјави Зоран Весиќ за весникот „Блиц“.

Весиќ неодамна беше опериран откако беше итно примен во болница поради силни болки во стомакот, треска и повраќање, малаксаност и дехидрација.

Тој беше уапсен по втор пат истиот ден како дел од судската постапка поврзана со уривањето на настрешницата на железничката станица во северниот српски град Нови Сад, по што му беше изречена мерка притвор до 30 дена.

Судот подоцна ја промени мерката и го ослободи во домашен притвор.

За време на првото притворање на Весиќ поради инцидентот во Нови Сад, во кој загинаа 16 лица, тој во притвор штрајкуваше со глад и жед.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата