Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Малолетниот убиец од Белград убивал по книгата „Кога ѓаволите ќе полетаат“!? Се огласи авторот: „Ние сме роднини“ (Видео)

31 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Писателот Владимир Кецмановиќ се најде на мета на напади на социјалните мрежи, откако се појавија шпекулации дека момчето К.К., обвинето за убиство на 10 лица во основното училиште „Владислав Рибникар“, убивал според неговата книга „Кога ѓаволите ќе полетаат“.

Тој во интервју за ТВ Прва изјавил дека тоа се „тотални будалаштини“.

„Не одговорив на глупостите на Интернет од почит кон жртвите“, рече тој.

Кецмановиќ во разговорот рекол дека е во роднинска врска со членовите на тоа семејство.

„Ние сме далечни роднини. Го познавам таткото, не можам да кажам ништо лошо за него… Ангажирав адвокат за да дознаам кој ги шири овие приказни… Многу е поимбецилен нападот на мојата книга. .. За ова е потребно правно постапување…“, изјави тој и истакна дека многумина не го ни прочитале неговото дело.

„Добивам неограничени барања за следење и пријателства на социјалните мрежи од луѓе кои се обожаватели на К.К. Најмладиот масовен убиец во светот станува ѕвезда“, додаде тој.

Погледнете повеќе во видео прилогот.

 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ