Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

ХРВАТСКА КОРУПЦИЈА ПО МАКЕДОНСКА ШЕМА, владата платила софтвер пет пати поскапо!

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е на удар на опозицијата и медиумите кога беше откриено дека неговата поранешна министерка Габријела Жалац се повикува на него во СМС пораки, па го споменува „АП“ кај кого ќе интервенира за да добие набавка на софтвер за нејзиното министерството платен од европски фондови.

Во меѓувреме, таа беше уапсена откако тоа го побараа европските обвинители и сега го чека судењето.

Пленковиќ најпрвин негираше дека посредувал за купување софтвер со европски пари, за што е утврдено дека е платен пет пати повеќе од реалната цена. Сега призна дека го примил директорот на фирмата препорачан од министерот Жалац, по што софтверот бил купен за околу 200.000 евра, но дека не се сеќава на деталите од таа средба.

Европските обвинители тврдат дека поранешниот министер ја наместил конкуренцијата, а софтверот е купен по нереална цена.

Опозициските партии инсистираат да се отвори истрага за целиот случај, а Пленковиќ дека тоа е неважна тема. Во оркестрираното соборување на премиерот учествуваат и некои новински куќи, но истражувањата на јавното мислење не покажуваат дека опаѓа популарноста на премиерот и на владејачката ХДЗ, која ја поддржуваат околу 30 отсто од граѓаните.

Шемата за преплатен софтвер веќе функцинира во македонската корупција, од поранешниот градоначалник Петре Шилегов кој плати 70.000 евра, дваесет пати поскапо од нормалното, за сајт на градот Скопје за што се уште се молчи и крие под тепихот на власта, па се до секретарот на владата Рашковски за кого веќе се води судски спор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ