ЕК на Бугарија и исплати 438,6 од бараните 653 милиони евра за закрепнување и отпорност

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕК на Бугарија и исплати 438,6 од бараните 653 милиони евра за закрепнување и отпорност

Исплатата е извршена врз основа на барањето на Бугарија од јули годинава за доделување на 653 милиони евра во рамките на РРФ, кој е главен дел на програмата за поддршка „Следна Генерација ЕУ“. Исплатите на средства за земјите членки на ЕУ во рамките на РРФ се условени со спроведување на одредени обврски и цели. 

За овозможување на исплата на средства преку овој Механизам, Бугарија треба да исполни 59 обврски и цели, меѓу кои и 28 реформи и 12 инвестициски проекти, кои вклучуваат мерки за подобрување на образованието, зајакнување на правосудството и на системите за  јавни набавки, зголемување на транспарентност, заштита на „свиркачите“, либерализација на пазарот на електрична енергија, справување со енергетската сиромаштија и развој на капацитети за складирање на енергија. 

Според оценката на Комисијата, за целосна доисплата на втората транша Бугарија треба да ја спроведе реформата на Комисијата за борба против корупцијата и конфискацијата на илегално стекната имот. 

Во рамки на Механизмот за закрепнување и отпорност на ЕУ за Бугарија се предвидени 6,17 милијарди евра грантови. Досега на Софија и се исплатени 29,5 отсто од предвидените средства, а за возврат земјата спровела 38,2 проценти од предвидените обврски и цели. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата