Попладнево во Алма Ата, во првиот меч од денешната програма во Лигата на Нации, репрезентацијата на Словенија со 0:1 успеа да слави над домашната селекција на Казахстан. Стрелец на решавачкиот гол беше Млакар во 55.минута. Ова беше втората победа на избраниците на селекторот Матјаж Кек во нивниот четврти настап во Б Лигата на Нации во групата 4.
Сега со овие три бода Словенците имаат седум и се на делба на првото место во групата заедно со Норвешка која има меч помалку.
Селекцијата на Казахстан пак го забележа третиот пораз и со само еден бод убедливо е последен на табелата.
Вечерва од оваа група во 20:45 часот се среќаваат Австрија – Норвешка.