Со хет-трик на Хари Кејн екипата на Баерн (М) славеше со 3:0 на домашен терен против Аугзбург во првиот меч од 11. коло во германската Бундеслига. Првите два гола Кејн ги постигна од белата точка, а во самата завршница беше прецизен и по третпат по асистенција на Горецка.
Ова беше деветта победа за минхенскиот состав, кој се уште не знае за пораз во домашното првенство и убедливо е на врвот на табелата.