Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Синот на норвешката принцеза е обвинет за уште едно силување, само неколку дена по апсењето

23 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По рочиштето за притвор во Окружниот суд во Осло во средата за првото наводно кривично дело, полицискиот обвинител Андреас Крушевски рече дека Полицискиот округ во Осло побарал Мариус Борг да биде притворен две недели по откривањето на второто наводно силување.

„Причината за ова барање е што во текот на ноќта и утринава откривме уште еден случај на силување. Ова беше идентификувано во истражниот материјал“, изјавија од полицијата во Осло.

Полицијата соопшти дека темелно го истражува вториот наводен инцидент.

„Случајот вклучува сексуална активност, а не однос, со жена која не можела да се спротивстави на чинот. Тоа значи дека сега истражуваме два случаи на силување во кои е вклучен Мариус Борг Хојби“, додаде полицијата.

За сексуален напад од овој тип е предвидена максимална затворска казна од 10 години, според норвешкиот кривичен закон.

Неговиот адвокат изјави за Си-Ен-Ен во четвртокот дека неговиот клиент се изјаснил за виновен само по една точка за напад на неговата последна девојка, кривично дело оштетување на нејзиниот стан и закани.

„За други околности тој не признава кривична вина“, додаде адвокатот.

Хоиби првпат беше уапсен во понеделникот вечерта под сомнение дека го прекршил законот во врска со „сексуален однос со некој кој е во несвест или на друг начин не може да му се спротистави на чинот“, соопшти полицијата во вторникот.

Првата наводна жртва е 20-годишна жена која не го познавала Хоиби пред да се сретне со него на денот на наводниот инцидент, изјави нејзиниот адвокат Хеге Саломон за Си-Ен-Ен. Таа не била во врска со Хоиби.

Хојби е роден пред неговата мајка Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот и да стане принцеза во 2001 година. Тој е надвор од норвешката линија на наследување на кралството.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ