Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Се зголеми бројот на жртви во ураганот „Хелена“ што ја пустоши Флорида, над 20 загинати (ВИДЕО)

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ураганот од четврта категорија синоќа го погоди регионот Биг Бенд на Флорида, а денеска ќе ослаби над Џорџија, јавува ABC News.

Ураганот сега падна на категоријата 1, со максимални ветрови од 120 километри на час, но властите рекоа дека условите се уште се опасни по живот и ги повикаа луѓето да останат во засолништа, соопшти денеска Националниот центар за урагани, а пренесе Би-би-си.

Бурата се движела на север од Флорида кон Џорџија и била на околу 160 километри од Аугуста и 65 километри од Мејкон, Џорџија и се движела со брзина од околу 48 километри на час, соопшти центарот за урагани во Мајами.

Бројни поплави се забележани низ југоисточниот дел на САД, а повеќе врнежи се очекуваат денеска додека Хелена се упатува кон Тенеси. Наредена е задолжителна евакуација на некои жители во Ешвил, во западниот дел на Северна Каролина. Покрај обилните врнежи се очекуваат и опасни одрони.

Повеќе од 1,2 милиони луѓе се без струја во Флорида, а повеќе од 800.000 корисници во Џорџија исто така се без струја. Повеќе од 500.000 жители се без струја во Јужна Каролина, а 190.000 во Северна Каролина.

Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека Хелена удрила на копно синоќа во близина на устието на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот залив. Брзината на ветрот била 225 километри на час.

Хелена ги поттикна властите да издадат предупредувања за урагани и поплави кои се проширија во северна Џорџија и западна Северна Каролина. Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба во нивните држави.

Едно лице загина на Флорида кога сообраќаен знак паднал врз нивниот автомобил, а две лица загинале во јужна Џорџија. Покрај тоа, животот го загубија уште 18 лица. До 25 сантиметри дожд наврнаа во планините во Северна Каролина.

Обилните дождови почнаа да паѓаат и ветровите се засилија претходно во градот Валдоста, Џорџија, во близина на границата со Флорида.

Метеорологот Дилан Луск изјави дека Националната метеоролошка служба издала предупредување за торнадо синоќа во округот Вилер, Џорџија. Тој рече дека тоа е едно од 12-те предупредувања за торнадо за само неколку часа.

„Ова е една од најголемите бури што некогаш сме ги имале“, изјави гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп.

Беа издадени наредби за евакуација долж брегот на Заливот во ниските области околу Талахаси, Гејнсвил, Седар Ки, Лејк Сити, Тампа и Сарасота, Флорида.

Хелена во средата предизвика поплави во делови на полуостровот Јукатан во Мексико. На западот на Куба, ураганот остави без струја повеќе од 200.000 домови и деловни објекти. Националната океанска и атмосферска администрација предвиде натпросечна сезона на урагани во Атлантикот поради рекордно високите температури на океаните.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ