Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Се огласи Зеленски по средбата со Трамп: неопходно е да се изврши притисок врз Путин

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На Украина ѝ треба праведен мир и смета на поддршката и раководството на Соединетите Американски Држави да извршат притисок врз рускиот претседател Владимир Путин на сите можни начини и да го принудат да ја прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, пренесува Укринформ.

„Исклучително е важно да се постигне праведен мир за луѓето, особено за семејствата кои изгубиле деца. Ова е голема трагедија“, рече украинскиот лидер.

Одговарајќи на прашањето што треба да значи праведен мир, Зеленски посочи дека, пред сѐ, оваа војна не требало ни да започне.

Тој потсети дека Путин убива луѓе, па, како што наведе, „треба да се направи сѐ за да се изврши притисок врз него да ја прекине оваа војна“.

Претседателот на Украина нагласи дека руските војници сѐ уште се на украинска територија.

Затоа, продолжи тој, неопходно е да се изврши притисок врз Путин на сите можни начини.

„Како да се запре војната? Мораме да вршиме притисок врз него колку што можеме“, нагласи претседателот на Украина.

Зеленски, исто така, посочи дека САД се лидер на меѓународната поддршка за Украина.

„Ја цениме поддршката на САД, благодарни сме на Соединетите Американски Држави, на американскиот народ. И, се разбира, разбираме дека САД можат да бидат лидер во сите преговори“, рече претседателот на Украина.

Тој потсети и дека Украина го организира вториот мировен самит и смета на неговиот успех.

Средбата на Зеленски со претседателскиот кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп се одржа денеска во Њујорк, во зградата Трамп Тауер.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ