Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Еколошки активисти фрлија супа врз ремек дело на Ван Гог (ВИДЕО)

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тројца демонстранти истурија супа врз сликите на изложбата „Поети и љубовници“ во Националната галерија во центарот на Лондон. Тие се уапсени, пренесе Би-Би-Си.

Претходно, Фиби Пламер (23) беше осудена на две години затвор, додека Ана Холанд (22) доби 20 месеци за фрлање супа на Sunflowers на Ван Гог 1888 во октомври 2022 година. Двете ја оштетиле рамката на сликата, а штетата е проценета на 10.000 фунти.

Тоа уметничко дело е една од двете мети на последниот протест.

Додека последните активисти, две жени и еден маж, ги полеаа двете слики со супа, можеше да се слушне како гледачите извикуваа „не“ и „не го правете тоа“.

„Бидете на вистинската страна на историјата“, извикуваше една од демонстрантките додека стоеше пред сликата, облечена во маица „ Just Stop Oil “.

„Полицијата беше повикана во 14.40 часот во петокот на 27 септември во Националната галерија, откако група демонстранти „ Just Stop Oil “, наводно го полиле уметничкото дело со супа“, рече портпаролот на Метрополитен полицијата.

„Три лица се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело оштетување и се приведени. Истрагата продолжува“, додава полицијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ