Состојбите во обвинителството и судството се дно на државниот систем и блок во спроведување на законите, а би требало да е спротивно. Во тек е процес на консултации и подготовки за темелни реформи во тие сектори и до крајот на годинава може да се очекуваат првите конкретни чекори, смени и поставување услови за спроведување на законот. Нешто што граѓаните со нетрпение го очекуваат од новата власт.
Ако владата на СДСМ и ДУИ падна заради енормна корупција, а судството и обвинителството имаат само 3% доверба во јавноста и гледаме како Државниот јавен обвинител со 9 обвинители дојдени од СЈО врши притиоци и чистка на луѓето кои не се од кампот на СДСМ и Катица Јанева, крајно е време е да бидат потсетени дека закон, сепак, постои а дека некои токму од нив со законот и ќе се соочат.
Како очигледна вистина слични се состојбите во судството. Ккако и во обвинителскиот така и во судскиот совет, се уште владеат кланови на минатата власт со која имаат исти финансиски и клиентилистички интереси. Апелација, највидливо онаа во Скопје, е под директна контрола на заевистите и тоа на дневно ниво, а таму се крие и најголемата заштита на корупцијата од СДСМ и ДУИ.
Нема создавање правна држава без одговорност на соодветните обвинители и судии за состојбите во кои правосудството и општетсвото се наоѓа. Одговорност од врвот, па надоле. Секое одлагање или замижување граѓанинот и државата скапо го плаќаат.
За почеток, промените се отпочнати во полицијата.
Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски на денешната седница на Комисијата за финансии и буџет, одбивајќи го амандманот на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, за повеќе пари во буџетот.
– Колега, како што слушнавте овој амандман се одбива, оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, а во центарот за обука зголемување од 61% во однос на 2024 година. Конкретно, за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано – изјави Мицевски.
Тој истакна дека Спасовски додека бил на функцијата министер за внатрешни работи не направил ништо добро за државата, туку токму во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.
Мицевски додаде дека е апсурдно сега Спасовски да кажува како треба да биде во иднина, а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.
– <b>Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира?</b>
Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер. Најмногу криминални пресметки и убиства и нерешени случаи во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен, ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци, кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи – рече Мицевски.