Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) располага со 101 од вкупно 1.761 засолниште колку што има во Македонија во случај на потреба од засолнување од евентаулни последици, по дозволата што ја даде американскиот претседател во заминување, Џо Бајден американско оружје да се употребува на руска територија што ја зголемува опасноста од можна нуклеарна војна.
Од ДЗС за мкд.мк велат дека <b>на цела тетиторија на Македонија има 185.465 засолнишни места, доволни да се засолни 18 отсто од населението.</b> Во случај на потреба од засолнување на целото население потребни се вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Македонија. <b>Западните земји веќе на големо се подготвуваат во случај на заострување на војната помеѓу Русија и Унгарија која може да ги надмине границите на овие две држави.</b>
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) велат дека пред 10 години Дирекцијата направила реконструкција и реновирање на дел од засолништата што ги поседува и дека е во комуникација со Владата за да се обезбедат пари во буџетот за ревитализација на останатите засолништа.
Како што објаснуваат од ДЗС, засолнувањето опфаќа планирање, изградба, одржување и користење на засолништата и други заштитни објекти и засолнување на населението, материјалните добра и заштитените древни, културни добра на државата.
„Инаку низ цела држава засолништата се делат на јавни тунелски и јавни блоковски засолништа. Додека според степенот на заштита се делат на основна заштита, дополнителна заштита, со дополнителна зајакната плоча и засолни кои даваат заштита од авио бомбардирање, артилериско гранатирање и гранатирање со ракети. Согласно Планот за заштита и спасување има определена мерка за спроведување на заштита и спасување од засолнување.
Согласно Уредбата за спроведување на засолнувањето вкупниот број на цела тетиторија изнесува 185.465 засолнишни места кои задоволуваат само 18 отсто од население.
<b>На подрачјето на Македонија се потребни вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Републиката. Во сопственост на Дирекција за заштита и спасување Владата доделила 101 засолниште, од вкупно 1.761 засолниште. Во Скопје, во сопственост на ДЗС се 16 засолништа“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.</b>
<b>Што се однесува до другите градови најмногу засолништа има во Кочани -13, Велес -12, Битола – 10, Неготино – 9, седум има во Пробиштип, по пет во Струга и Штип, по три засолништа има во Струмица и Тетово, по две во Берово, Гостивар, Охрид и Свети Николе и по едно засолниште има во Дебар, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Македонски Брод, Прилеп и Радовиш.</b>
„Во другите градови не се евидентирани или затоа што таму нема засолништа или затоа што се во сопственост на друга институција“, велат од ДЗС.
За тоа колку луѓе можат да се засолнат и на колку време може да бидат засолнети во засолништата, од ДЗС објаснуваат дека тоа зависи од големината на засолништето и видот на загрозувањето.
„Тоа зависи од големината на засолништето, а времетраењето на престојот зависи од видот на загрозување, дали е во случај вонредна, воена или друг вид состојба или пак зависи од степенот на загрозување кој може да биде максимален или висок степен, долготајни борбени дејства и последниот степен, индирекно загрозени простори). Престојот може да биде и краткотраен или сѐ додека не помине опасноста. Засолништата располагат со основна опрема согласно Уредбата за спроведување на засолнувањето. Планирањето за спроведување на оваа мерка за заштита и спасување детално се разработува со улогите на сите задолжени субјекти“, објаснуваат од ДЗС.