Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на
должници 10/2024, за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до крајот на
септември по основ на даноци, односно ДДВ, данок на добивка, персонален данок
на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се најдоа 1976 должници правни лица, и 3786
физички лица. Вкупниот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089
денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински
давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната
листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете <a href="http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/670">ТУКА.</a>