Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Од оваа положба на спиење секогаш ќе ве боли грбот

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ако наутро се будите со болки во грбот, променете ја положбата во која спиете.

Постојаната болка во грбот кога ќе се разбудите може да се должи на вашата положба на спиење. Обично луѓето кои седат многу додека работат и не се движат, доживуваат болки во грбот. Но, сте се запрашале ли дали и нешто друго може да биде причина за тоа? Всушност, утринската вкочанетост може да биде резултат на положбата на спиење која го напрега 'рбетот.

Без разлика дали сакате да се склопчите или да се раширите како ѕвезда во креветот, одредени стилови на спиење може да направат да се чувствувате ненаспано. За среќа, постои лесно решение на вашиот ‘рбет да му го дадете потребниот одмор. Тајната за мирна ноќ без болки во грбот може да биде во неколку добро поставени перници. Една корисничка на Тикток по име Стејс, ги сподели своите совети за удобен сон, кои овозможуваат вратот, рамената и долниот дел на грбот да се одморат од напрегање. Тоа е едноставен трик – потребни се само три перници на вистинските места, пренесува Експрес.

- Денеска научив еден одличен трик за правилно спиење, а имам 32 години. Дури денес научив како спиењето може оптимално да допринесе за моето држење и грбот. Ќе ви покажам, и ве молам, известете ме ако не сум единствената што не го знаела ова - вели таа.

Ако се борите со болки во долниот дел на грбот, оваа корисничка на Токток сподели необичен, но важен совет за спиење што може да биде спас. Стејс, која често споделува совети на оваа социјална мрежа, ја открива својата стратегија со три перници за добар ноќен сон без болки. Таа предлага да користите една перница под главата како вообичаено, а потоа да прегрнете уште една преклопена перница за да спречите преголемо свиткување на рамената нанапред доколку спиете бочно. Но, она што ја менува играта е третата перница, која треба да биде ставена помеѓу колената за да го држи ‘рбетот исправен и да го спречи прекумерното грбавење  додека дремете.

Стејс признава дека оваа поставка за спиење е „навистина удобна“, но изгледа малку смешно, па на Тикток ги прашува своите придружници кој спие вака. Нејзините следбеници се огласија, сугерирајќи дека потпорната перница - позната и како перница за бременост - може да биде поедноставно решение. Таа долга, цилиндрична перница истовремено ги поддржува главата, рамената и колената, и е особено погодна за трудниците со цел да избегнат превртување на стомак додека спијат.

- Ова помага да се намали оптоварувањето на долниот дел на грбот и колковите, подобрувајќи го целокупното здравје на 'рбетот. Ако спиете на страна, ставањето потпора помеѓу нозете може да помогне да ги одржите правилно порамнети 'рбетот, колковите и колената, обезбедувајќи удобност и поддршка во текот на ноќта, велат истражувачите, а пишува Mirror.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ