Извршниот директор на „Twitter“, Илон Маск потврди дека наредниот месец ограничувањата на бројот на карактери ќе биде сменето од 280 на 4.000.
Прв пат предложена во декември, промената е само дел од поголемиот „ремонт на социјалната платформа“ кој милијардерот сака да го изведе претстојните месеци.
Зголемувањето на должината на твитовите е втор пат да се промени ограничувањето на бројот на карактери. Претходниот пат, 2017-та година, е зголемено од 140 на 280 карактери.
Маск објаснил дека подолгите твитови ќе добијат ист простор како и сите останати, но дека на нив ќе има опција „прикажи повеќе“.
Општото преуредување на интерфејсот ќе вклучува и можност за „букмарк“.
„Исто така кон крајот на тримесечјето ќе додадеме и едноставни опции за форматирање, како здебелување и подвлекување на букви и големина на фонт“, рекол Маск.