Vreme.mk - Дознај на Време.

Бизнис

Австралија ја трга кралицата Елизабета од доларите, АМА ЧАРЛС НЕМА ДА ЈА ЗАМЕНИ

2 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Австралија ќе ги замени банкнотите од 5 австралиски долари со портрет на кралицата Елизабета Втора со нова, чиј дизајн ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата.

Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс. Затоа, ликот на кралицата нема да биде заменет со нејзиниот наследник – Чарлс III.

Се додава дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот.

Австралиските власти претходно, по смртта на Елизабета Втора, соопштија дека „со сликата на кралот Чарлс Трети нема автоматски да се замени ликот на покојната британска кралица“ на банкнотата од пет долари и дека тие би можеле да бидат заменети со австралиски мотиви.

Банкнотата од пет австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата.

Од друга страна, на австралиските монети мора да стои ликот на британскиот монарх, а на новите монети ќе биде ликот на кралот Чарлс III.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ